„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

ubistvo-noz

Обид за убиство во кумановски хотел: Маж нападнал жена со нож

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 84-годишен маж осомничен за обид да изврши кривично дело „убиство“, сторено од ниски побуди, со умисла, според член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 4 декември, во хотел во Куманово. Според обвинителството, осомничениот утрото искористил момент кога друг гостин ја отворил влезната врата и незабележано влегол во објектот. Потоа се упатил кон собата каде престојувала оштетената заедно со својот неподвижен сопруг.Кога жената го забележала пред собата и тргнала да ја затвори вратата за да го спречи да влезе, осомничениот извадил нож и ја удрил во пределот на главата. Во моментот кога ножот му паднал од рака, оштетената успеала да се повлече и почнала гласно да бара помош.На нејзините крици реагирал нејзиниот син, кој престојувал во соседната соба и успеал да го спречи напаѓачот да продолжи со нападот.По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Куманово му одредил мерка притвор на осомничениот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1afg7ejsjicj51zPDHr

(Видео) Детали: Гостиварец со пиштол ја убил исчезнатата жена, телото пронајдено закопано по признание на неговата сопруга

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека е поднесена кривична пријава против С.М. (53) од гостиварското село Неготино – Врапчиште, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.Случајот се развивал од 9 декември, кога Ј.М. (34) од гостиварско пријавил дека неговата мајка, 53-годишната Х.А. од село Равен, се оддалечила од домот и не одговара на телефон. Пријавителот доставил и видео-снимки на кои се гледа дека на 7 декември таа влегува во патничко возило „фиат“, по што ѝ се губи трага.Дополнително, на камерите забележал и дека во ноќта меѓу 6 и 7 декември С.М. нелегално влегол во неговиот дом, пребарувал низ просториите и одзел пари.На 11 декември, во 02:15 часот, полицијата го лишила од слобода С.М. поради сомнение дека ја принудил исчезнатата Х.А. да го напушти домот и да замине со него.По понатамошни мерки и анализа на видео-материјал, било утврдено дека осомничениот дал лажен исказ во полициската станица. Од листингот на телефонски повици било потврдено дека Х.А. последен пат стапила во контакт со него токму на 7 декември.Со судска наредба бил извршен претрес во домот на С.М., по што од слобода била лишена и неговата сопруга Ѓ.В. (48).Во службен разговор со полицијата, Ѓ.В. ја признала вистината: нејзиниот сопруг со пиштол ја убил Х.А. и таа го посочила местото каде ја закопале.Полицијата, во присуство на јавен обвинител, веднаш извршила увид во атарот на село Неготино, каде било лоцирано и пронајдено телото на убиената жена. По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција.

Настани | пред 2 месеци

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски

Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во Централниот регистар стануваат минато. Централниот регистар со само еден клик ги добива овие податоци од Царинската управа електронски во реално време, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено на овој начин овозможуваме безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци со што делуваме во насока на сузбивање на можни измами. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на заедничка прес-конференција со директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, на којашто беше промовирана ваквата новина во работењето.На годишно ниво се издаваа во просек од седум до девет илјади хартиени потврди за царински долг. Ова значеше пет до десет дена за обработка на секое барање, што за фирмите и граѓаните низ цела држава претставуваше административен товар. Сега, граѓаните нема да мораат веќе да доаѓаат лично до централната управа во Скопје или да ангажираат адвокати кои ќе им ги вршат овие услуги во нивно име и за нивна сметка.„Со овој чекор, јасно ги покажуваме нашите заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата, како едно од клучните ветувања пред бизнис заедницата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни и јасно ги демонстрираме нашите напори кон создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемената ефикасност и доверба во системот“, потенцира Николовски.Директорката на Централен регистар, Анита Стамнова вели дека успешно е завршена првата фаза од проектот за надградба на Едношалтерскиот систем со обезбедување на доказ за платени царински давачки по службена должност во постапките за упис на промена - пренос на удел.„Централниот регистар и Царинската управа остануваат посветени на трансформација на услугите со фокус на корисниците и нивните потреби, користејќи модерни дигитални технологии за овозможување на поедноставни и поефикасни услуги. Во оваа насока продолжуваме да ги развиваме нашите услуги и ги охрабруваме сите чинители во давањето на јавни услуги за бизнисите и граѓаните на меѓусебна соработка со цел имплементација на поефикасни електронски услуги, односно градење на функционален систем на јавни услуги како основа за враќање на довербата во институциите на нашата држава“, истакна директорката на Централен регистар, Анита Стамнова.

Македонија | пред 2 месеци

media-library78l6eg5c2gb51aoQLmj

(Видео) Нов предлог како да се плаќаат казните од „Сејф сити“: треба да се внимава на позиционираноста на камерите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во „Претрес“ говореше за примената на системот „Сејф сити“ и потребата од негово континуирано подобрување. Тој истакна дека првите денови од имплементацијата покажале дека постојат бројни коментари од јавноста, по што е неопходно да се направи детална техничка ревизија.„Треба да се подобрува системот. Имаше доста коментари. Од технички аспект сметам дека треба да се внимава дали камерите се позиционирани како што треба, дали ги снимаат вистинските прекршоците, дали има проблеми со софтверот, како и безбедноста на тој софтвер – дали некој може да упадне во него“, изјави Андоновски.Според него, прецизноста на камерите и софтверската стабилност се клучни за да се избегнат неправилно изречени опомени или евентуални злоупотреби.Андоновски даде и конкретен предлог за начинот на плаќање на казните, со кој би се спречиле можни спам-напади или автоматизирани обиди за злоупотреба на системот.„Ние го користиме националниот портал услуги.гов.мк и сметам дека плаќањето на казните треба да биде преку тој портал. Гарантира кое е лицето, го гарантира начинот на плаќање, поврзани сме со банкарскиот систем на картички, така што не може да има злоупотреби. Тоа е мој совет“, посочи тој.Со оваа препорака, министерот укажува дека централизираното и дигитално плаќање е најсигурниот начин за контрола, транспарентност и спречување лажни трансакции.За многу работи нѐ засегаат, погледнете го разговорот тука:

Македонија | пред 2 месеци

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски откри дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преименува мигрантите во „економски работници“ за да ги сокрие договорите, вели СДСМ

СДСМ со остро соопштение реагираше на вчерашните изјави на Антонио Милошоски, тврдејќи дека со неговите зборови е „разоткриен“ планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија под изменет статус и ново име – „економски работници“. Според владејачката партија, тоа е дел од поширок проект, кој го споредуваат со моделот на претседателот Вучиќ во Србија.„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен“, се наведува во соопштението. Од СДСМ сметаат дека најавите од британските медиуми се само првиот сигнал, а дека вистинската потврда дошла лично од Милошоски, кој во интервју објаснил дека странските работници „немаат врска со мигранти и азиланти“.Според СДСМ, ова е суштината на планот:– мигранти ќе се внесат, но под нов статус,– ќе се третираат како „економски работници“,– ќе им биде овозможена работа, сместување и долгорочен престој.„Мицкоски зборува за ‘нелегални мигранти’, затоа што оние кои ги договараат ќе бидат ‘легални’. На тој начин ќе се претстават мигрантите за кои веќе се договориле“, наведуваат од СДСМ.СДСМ тврди дека во проектот се вклучени и финансиски интереси, посочувајќи дека планот содржи и „договор за кредит“, кој би бил компензиран преку прифаќање мигранти. Според нив, државата е во тешка финансиска состојба и со дупка од еден милијарда евра, а ВМРО-ДПМНЕ подготвува аранжман за мигранти после изборите во јуни.СДСМ тврди дека опозицијата одбива да ја потпише резолуцијата за недозволување мигранти во Македонија бидејќи веќе подготвува „редефиниција“ на терминот и план како тие лица да се внесат под друго име.„ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти“, се вели во реакцијата.Сите овие наводи, според СДСМ, претставуваат доказ дека ВМРО-ДПМНЕ има скриена агенда која ќе се активира по изборите. Владечката партија најавува жестока политичка битка:„Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“

Македонија | пред 2 месеци

media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови, остри обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека тој свесно го одложувал затворањето на станица за технички преглед во Сарај и на тој начин им овозможил на нејзините сопственици да стекнат противправна имотна корист од околу 90.000 евра.Според опозицијата, Спасовски три месеци го држел во фиока решението за затворање на станицата – истата станица каде технички преглед поминал и автобусот на „Беса Транс“, во кој загинаа 45 патници во тешката несреќа во Бугарија.„Зошто Спасовски три месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата? Дали зад заштитата стои нешто друго?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека поранешниот министер го ставил својот потпис на решението дури три дена по трагедијата со „Беса Транс“.Според нивните пресметки, во периодот додека решението било стопирано, станицата заработила над 5,5 милиони денари, односно околу 90.000 евра.Опозицијата дополнително прашува колку потенцијално небезбедни возила ја поминале контролата во тој период и дали на тој начин била загрозена безбедноста на илјадници возачи низ државата.„Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи во државата. Јавното обвинителство треба веднаш да постапи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Партијата обвинува дека СДСМ, наместо да се огради од ваквите постапки, „ги штити криминалците во своите редови“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Пронајдено тело закопано во атарот на гостиварско Неготино, постои сомнеж дека станува збор за жена која е пријавена за исчезната

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека во текот на ноќта јавен обвинител извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде било пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Според првичните информации, постојат сомненија дека се работи за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции дека можела да биде противправно лишена од слобода.Обвинителот наредил итна обдукција и идентификација на починатото лице, како и прибирање траги и материјални докази од лице место. Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија, меѓу кои и обезбедување лица за кои постоеле сомневања дека се во врска со настанот.За едно лице е определена мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбедат докази и да се спречи можност за влијание врз текот на истрагата. Уште едно лице е задржано, а за него во моментов се вршат дополнителни проверки.По наредба на јавниот обвинител, истрагата продолжува со преземање активности за целосно расветлување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со смртта на починатото лице.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Политички пресметки во Сарај: ВЛЕН тврди дека ДУИ оставила хаос, долгови и злоупотреби

Политичката платформа ВЛЕН објави остра реакција во која тврди дека Општина Сарај е доведена во финансиски колапс поради, како што наведуваат, долготрајни и неконтролирани трошоци на ДУИ. Според нив, по еден месец работа, новиот градоначалник Мухамед Елмази затекнал речиси четири милиони евра долгови, сомнителни договори и сериозен институционален неред.„Ова не е изолиран случај, туку модел на лошо владеење на ДУИ со години, секаде каде што имало власт без контрола и без отчетност. Сарај е најчистиот пример за начинот на кој ДУИ управувала со општините – без ред, без одговорност и со логика дека институциите се третираат како лични феуди“, соопшти ВЛЕН.Од платформата посочуваат дека општината практично започнува „од нула“ и дека новата администрација работи со фокус на финансиски ред, транспарентност и услуга за граѓаните. ВЛЕН најавува поддршка за секој чекор на градоначалникот Елмази насочен кон документирање на сите злоупотреби и нивно проследување до надлежните органи.„Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена“, се наведува во реакцијата.Од ВЛЕН уверуваат дека граѓаните ќе ја почувствуваат разликата меѓу „хаосот и долговите што ги оставила ДУИ“ и она што тие го нарекуваат нов почеток – ред, одговорност и јавна служба.

Скопје | пред 2 месеци

media-library7lp0vduj5so29wiVItL

(Фото) Над 20 казни на „пластичарска“ каде елки се продаваат на тротоар, а улиците се паркинзи - постапки и за „Зимзоленд“

Град Скопје денеска реализираше обемна, координирана инспекциска акција со цел воспоставување ред, контрола и почитување на законските прописи на јавните простори низ градот. Во активностите учествуваа Градскиот инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи, а дел од мерките беа насочени кон двата проблематични пункта – улицата „Пластичарска“ и просторот на Зимзоленд.Од Градот информираат дека биле преземени конкретни мерки, изречени прекршочни казни и констатирани низа неправилности, со единствена цел да се заштити јавниот простор и да се обезбеди уредна и безбедна околина за сите граѓани.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи наведе дека се изречени повеќе од 20 казни на локацијата „Пластичарска“, каде екипите на ЈП „Градски паркинг“ отстрануваа неправилно паркирани возила кои го попречувале движењето и го нарушувале јавниот ред.„Нема отстапки, нема компромиси со хаосот“, порача градоначалникот, додавајќи дека сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани ќе бидат отстранети.По добиени пријави од граѓани, инспекторатските служби постапиле и на просторот на Зимзоленд. На лице место било утврдено дека Град Скопје нема издадено дозвола таму да се врши дејност, а забележани се и повеќе неправилности, особено вршење дејност надвор од објектот.Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, градските служби наложиле градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.Градоначалникот истакна дека Град Скопје ќе продолжи бескомпромисно да се бори против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор.„Овој град заслужува ред, а скопјани заслужуваат достоинствено, безбедно и уредено место за живеење. Редот е обврска. И ние ја исполнуваме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-library1fauttldgpqs3R34WIw

СДСМ: Нападот врз „Инфомакс“ е по српско сценарио

Со жестоко соопштение, СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад нападот врз редакцијата на „Инфомакс“, тврдејќи дека партијата лажно го осудува инцидентот, а истовремено не го демантира членството на напаѓачот во нејзините редови.Според СДСМ, изјавата на МВР дека станува збор за лице со „здравствени проблеми“ и со претходни престои во Психијатриска болница, претставува само обид да се релативизира одговорноста и да се повтори веќе видено сценарио.„Еве го српското сценарио на ДПМНЕ, копи-пејст од Србија, кое што почна денеска. Напад на ‘Ќациленд’ по кој српските служби рекоа дека наводно човекот што го извршил нападот бил луд. А во суштина работел за безбедносните служби со години“, се наведува во реакцијата на социјалдемократите.СДСМ оценува дека лажното осудување од страна на ДПМНЕ е идентично со, како што наведуваат, „нивните лажни тврдења“ во други актуелни дебати – мигрантите, српското сценарио, како и односот кон медиумите.„Како сами себе да се осудуваат, бидејќи се директни или индиректни нарачатели на нападот врз медиумите“, порача партијата, додавајќи дека ДПМНЕ не понудила ниту еден конкретен доказ дека нема поврзаност со напаѓачот.СДСМ смета дека нападот врз медиум треба да биде аларм за јавноста и институциите, бидејќи, според нив, претставува сериозен обид за заплашување и контролирање на критичките гласови.Партијата најави дека ќе инсистира на целосно расчистување на случајот и на утврдување одговорност „без селективност и политички манипулации“.

Македонија | пред 2 месеци

filipce

„Човекот забега, му посакуваме побрзо оздравување“, жестока реакција кон Венко Филипче од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со остро партиско соопштение реагираше на денешната прес-конференција на Венко Филипче од СДСМ, обвинувајќи го дека „живее во паралелен универзум“ и дека во јавноста пласира теми кои, како што велат, не постојат во реалноста. Од партијата наведуваат дека се „навистина загрижени“ за неговото здравје.Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче зборувал за случај во соседна држава, со кој Македонија, како држава и како политички субјект, нема никаква врска. Партијата тврди дека со тоа докажал дека „забегал со своите ставови“ и отвора прашања кои не кореспондираат со фактите.Клучната точка во соопштението е повторената теза дека во Македонија нема да има мигранти. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека на ова прашање веќе одговориле повеќепати – и премиерот Христијан Мицкоски, и партијата преку дневни прес-конференции – но дека Филипче и натаму инсистира да поставува исти прашања.„Се чудиме дали воопшто стигнува до него нашиот одговор, ама еве пак да му кажеме – мигранти нема да има“, се вели во реакцијата.Партијата дополнително го обвини Филипче дека бара потпишување резолуција што не постои. „Прво, таква резолуција немате подготвено ниту доставено. Второ, треба да видиме што пишува внатре – можеби ќе пишува изградба на мигрантски камп како во 2018, кога токму Филипче гласал за ваков камп“, се додава во текстот.Во однос на синоќешниот напад во редакцијата на „Инфомакс“, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека инцидентот веднаш е осуден и дека партијата „отфрла било каква поврзаност“ со случајот.Соопштението завршува со најострата порака:„Му посакуваме на Филипче побрзо да се смири и да оздрави. Ваквите размислувања кои ги пласира – лажни и невистинити – му штетат на здравјето. Нека си поднесе оставка и нека се оттргне криминалот од СДС, со тоа што луѓе како него, Спасовски, Николовски, Бисера, ќе си одат од партијата.“

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb9uhirphgpfudiSNZOP

(Видео) „Ако имало јавашлук 13 години, обвинителот требало да седне на обвинителна клупа“, остро реагираше Шилегов на судењето за „Пулс“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, адвокатот Петре Шилегов – бранител на обвинетиот службеник од Министерството за економија, Шефкет Хазари – остро ја нападна теоријата на случај што ја застапува обвинителството, оценувајќи дека доколку се прифатат нивните аргументи, тогаш одговорност треба да понесе и самиот обвинител.Според Шилегов, обвинителството во обвинителниот акт тврди дека во изминатите 13 години имало системски пропусти и „јавашлук“, кои, како што навел обвинителот, довеле до услови за трагедијата во март 2025 година во кочанската дискотека „Пулс“, кога загинаа 62 млади лица.„Обвинителе, ако ни тврдевте на нас дека постоел тој јавашлук, што правевте вие 13 години во Кочани? Што правевте? Ако ја прифатиме вашата теорија, тогаш обвинителот требаше да го слуша, а не да го чита обвинителниот акт!“, изјави Шилегов, алудирајќи дека обвинителството со години не реагирало на наводните пропусти.Обвинителот побарал одговори, но судијката го прекинала со образложение дека објаснувањата ќе може да се дадат на крајот од рочиштето.Шилегов истакна дека темелно размислувал дали да ги чита делата што му се ставаат на товар на Хазари, но, како што рече, морал да го стори тоа за да покаже дека обвинителниот акт нема правна суштина.„Долго размислував дали да одам со читање на кривичните дела и дека тоа мора да го сторам, затоа што, како што велам, правно поаналфабетски памфлет немам видено, бидејќи ова не заслужува да носи име обвинителен акт“, рече адвокатот.Со ова, одбраната продолжи да ја оспорува правната валидност на обвинението, тврдејќи дека обвинителството изградува случај врз претпоставки, а не врз реални докази.

Настани | пред 2 месеци

media-librarymt0cc7f1q95o2UWpZKA

Обвинение за таткото и двете ќерки: Спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка со закани

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица – татко и неговите две ќерки – поради сериозен инцидент што се случил на 2 декември во местото викано „Самоков“, во близина на селото Луке. Тие се товарат дека спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.Според обвинението, таткото се заканувал на четири присутни лица, ветувајќи напад врз нивниот живот и тело, со намера да ги заплаши и да го спречи спроведувањето на службеното дејствие. Поради тоа, покрај делото „Спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ од член 382 став 1 од Кривичниот законик, тој е обвинет и за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144.Една од ќерките дополнително се соочува со обвинение за „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383, затоа што физички повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата. Според наодите, таа го влечела и го гребела полицаецот по лицето, нанесувајќи му телесна повреда.Како резултат на однесувањето на тројцата обвинети, службените лица од АХВ биле спречени да постапат по решението и да го одземат добитокот.Во фазата на обезбедување докази сите три лица биле лишени од слобода и сместени во притвор. Со поднесувањето на обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил барање притворот да биде продолжен за таткото и за едната ќерка, водејќи сметка за околностите што влијаат врз текот на постапката и опасноста од повторување на делото.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh2hjdlraf6tg2GbH8T7

И ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Партијата го осудува упадот во „Инфомакс“ и бара целосно расчистување на случајот

По насилниот упад во студиото на „Инфомакс“, кој се случи во средата доцна вечерта за време на емитување програма во живо, со реакција излезе и ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата соопштија дека го осудуваат инцидентот и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници, нагласувајќи дека ваквите напади се закана за темелните демократски вредности.„Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат“, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија. ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се принципи за кои партијата, како што велат, доследно се залагала.Од партијата оценуваат дека без разлика на разликите во ставовите и уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување.ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави и брзата реакција на полицијата, која веднаш по пријавата го лиши од слобода лицето Г.С.(43) од Скопје, за кое подоцна беше утврдено дека има здравствени проблеми и претходно било третирано во Психијатриската болница Бардовци. Партијата очекува сите институции „целосно и доследно да ја истераат постапката“.„Ќе продолжиме да се залагаме за заштита на слободата на изразување и за создавање амбиент во кој јавната дебата може да се одвива без страв и притисок“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Детали: Приведен напаѓачот што упадна во студиото на „Инфомакс“, станува збор за пациент од Бардовци

Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврди дека лицето кое синоќа насилно влезе во студиото на „Инфомакс“ е лишено од слобода веднаш по добиената пријава.Според информациите од МВР, полициските службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле Г.С. (43) од Скопје, по пријава поднесена на 10 декември 2025 година во 23:45 часот од А.М., водител на емисија на порталот. Во пријавата било наведено дека додека траела програмата во живо, непознато машко лице насилно навлегло во редакцијата на улицата „Востаничка“, оштетувајќи две врати и директно попречувајќи го емитувањето на емисијата, во која гостувал поранешниот градоначалник С.Ј., а присутни биле и водителот М.Н. и камерман.Полицијата дополнително утврдила дека лицето има здравствени проблеми и дека претходно било спроведувано во Психијатриската болница „Бардовци“.МВР информира дека по целосно документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Од Министерството додаваат дека и во иднина ќе постапуваат брзо, неселективно и решително во сите случаи на напади врз новинари или нарушување на јавниот ред и мир, при што сторителите ќе се соочат со соодветни санкции.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh2hjdlraf6tg2GbH8T7

Непознат напаѓач насилно упаднал во „Инфомакс“, загрозени биле новинарите за време на програма во живо

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што синоќа се случил во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, кога непознато лице насилно се обидело да влезе во студиото, сериозно загрозувајќи ја безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на другите вработени.Според информациите од редакцијата, напаѓачот пристигнал со такси во текот на емисијата, по што агресивно удирал и тропал на главната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на медиумот. За време на паузата од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол да провери што се случува, но напаѓачот продолжил кон другиот дел од објектот, каде принудно искршил уште една врата во обид да стигне до студиото.Сведочењата на новинарите укажуваат дека лицето упатувало тешки навреди и закани по живот, а неговото насилно упаѓање довело и до насилен прекин на програмата, што претставува директно спречување на новинарите да ја извршуваат својата професионална должност и да ја информираат јавноста.Ваквото однесување, потенцираат од ЗНМ, може да се опфати со член 382 од Кривичниот законик – „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за што е предвидена казна затвор до три години, имајќи го предвид насилниот упад, уништувањето на инвентарот и попречувањето на работата на новинарите.Инцидентот претставува сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и фронтален напад врз слободата на изразување. ЗНМ потсетува дека е неопходно институциите да обезбедат сигурна и заштитена средина во која медиумите ќе можат да работат непречено.Здружението бара најстрога санкција за сторителот, со цел да се спречат идни напади и да се испрати порака за нулта толеранција кон насилство врз новинари.Очекуваат сите надлежни органи – полицијата, обвинителството и другите институции – да постапат професионално, брзо и без одлагање, за случајот целосно да се расчисти во најкус можен рок.ЗНМ најавува дека ќе продолжи внимателно да го следи случајот и секогаш ќе реагира кога ќе биде загрозена безбедноста на новинарите и медиумските работници.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhqpkd1vl91ca42EYNKZ

Масовни протести во Бугарија: Стотици илјади граѓани бараат оставка од владата

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во среда навечер во Софија и во десетици други градови низ Бугарија и во странство, барајќи оставка од владата. Демонстрациите, кои се оценуваат како едни од најмасовните во последните години, опфатија широк сегмент од населението – од студенти до пензионери.Во главниот град Софија, демонстрантите го исполнија просторот од булеварот Витоша до Ректоратот на Софискиот универзитет. Студентите од неколку универзитети официјално се приклучија на протестот, кој потоа се спои со големиот собир на Плоштадот на независноста. По повеќе од три часа, протестот заврши мирно, но демонстрантите најавија дека ќе продолжат со притисок доколку нивните барања не бидат исполнети.Полицијата постави 19 контролни пунктови и спроведе засилени безбедносни мерки. Според софиската полиција, приведени се над 40 лица. Кај дел од нив биле пронајдени бомби, ножеви и други опасни предмети, а едно лице е приведено врз основа на распишана потерница. По завршувањето на протестот, краток инцидент беше забележан кај споменикот на Васил Левски, кога групи облечени во црно запалиле канти за отпадоци, но ситуацијата брзо била ставена под контрола.Настаните во Софија беа следени од голем број меѓународни медиуми, меѓу кои и Ројтерс и Агенцијата Франс Прес.Антивладините демонстрации се одржаа и во повеќе од 20 градови низ земјата. Во Благоевград студенти и жители протестираа против, како што велат, нелегитимната влада и ниските приходи. Во Варна илјадници маршираа по централните булевари, а протестот заврши на Плоштадот на независноста, без инциденти, но под силно полициско присуство.Во Бургас, централниот плоштад и околните улици беа преполни со демонстранти кои скандираа „Оставка!“ и „Мафијата надвор!“. Поради инциденти со фрлање експлозивни направи, уапсени се 10 лица. Организаторите ги идентификуваа провокаторите и ги пријавија на полицијата.Мирни, но масовни протести се одржаа и во Велика Трново, Видин, Враца, Габрово, Гоце Делчев, Добрич, Казанлак, Крџали, Ќустендил, Ловеч, Монтана, Пазарџик, Петрич, Плевен и други градови. На повеќето места протестите прераснаа во маршеви кои накратко го блокираа сообраќајот.Еден од најмасовните собири се одржа во Пловдив, каде според организаторите над 50.000 луѓе излегоа на улиците. Од плоштадот Саединение колоната се движеше по главните булевари, минувајќи го мостот над Марица и стигнувајќи до Меѓународниот саем. Илјадниците демонстранти бараа оставка од владата, крај на корупцијата, предвремени избори и системски реформи.„Сите ние сме презаситени од корупцијата. Не само младите – сите граѓани“, изјави еден демонстрант во Пловдив. Друга учесничка додаде: „Во 1997 година бевме тука со нашите деца. Сега сме со нашите внуци. Промените ги нема.“Протестите, кои засега минуваат без масовна ескалација, најавуваат долготрајна политичка криза и засилен притисок врз актуелната влада.

Свет | пред 2 месеци

media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

(Видео) Со документи: „Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци“, тврди Андоновски

Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци.Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци.Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното население во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде што граѓаните јасно се спротивставиле на изградбата на ваков камп.„Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти со кој се соочи државата и ја бранеше Европа од Европа“, нагласи Андоновски.Според него, скандалозно е што „човекот кој три дена држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ И ДЕТАЛИТЕ, НО И СУДИРОТ СО АРГУМЕНТИ ТУКА:

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Администрацијата на Трамп во отворен судир со ЕУ: казната за X ја разгоре политичката битка

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп влезе во отворен конфликт со Европската унија, претворајќи ги долгогодишните тензии околу слободата на изразување, Украина и миграциите во официјална политика на Вашингтон, пишува „Аксис“.Ескалацијата следува по казната од 140 милиони долари што Унијата ѝ ја изрече на платформата X на Илон Маск, откако европските регулатори утврдиле дека ја довела јавноста во заблуда, прикривала информации за огласувањето и го ограничувала пристапот на истражувачите до јавни податоци.Маск жестоко возврати, обвинувајќи ја ЕУ за „бирокатска тиранија“ и задушување на слободата на говор, при што под хаштагот #UkiniteEU се собраа десничарски политичари и милиони негови следбеници. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски порача: „Оди на Марс. Таму нема цензура на нацистички поздрави.“Американски високи функционери се ставија во одбрана на Маск. Државниот секретар Марко Рубио ја нарече казната „напад врз американските технолошки платформи“, потпретседателот Џ. Д. Ванс го оцени како „смешна пресуда“, а сенаторот Тед Круз повика Трамп да воведе санкции кон ЕУ „додека оваа срамота не биде поништена“.Во најновата американска Стратегија за национална безбедност, Европа е опишана како геополитички ривал. Документот ја обвинува Унијата за „регулаторно задушување“ и „поткопување на демократските процеси“, посочувајќи ги масовните миграции како главна спорна точка.Според Белата куќа, европските власти создале „демографски промени“ со отворање на границите, а истовремено ги замолчуваат критичарите. Илон Маск и Ванс на Минхенската безбедносна конференција отворено дадоа поддршка на европски крајнодесничарски партии, меѓу кои и германската АфД.„Ова е политичка објава на војна“, изјави поранешниот висок претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. „Трамп сака бела Европа поделена на држави, зависна од неговите политички потреби. Престанете да се преправате дека не е наш противник.“Европските лидери предупредуваат и на вмешување во внатрешните политички процеси. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека „вмешувањето во европскиот демократски живот е неприфатливо“.Позицијата на ЕУ беше дополнително заострена со колумната на комесарот за одбрана Андриус Кубилиус, кој оцени дека стратегијата на Вашингтон покажува „јасен антагонизам кон Унијата“ и дека зад говорот за „цивилизациски закани“ стојат исклучиво американски геополитички интереси.Трамп, во големо интервју за „Политико“, ги нарече европските лидери „слаби“ и додаде дека „Европа пропаѓа“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrbgq93mopm971EQyQOA

Дански донор со опасна мутација поврзан со раѓање на 197 деца во 14 европски земји – меѓу нив и Македонија, пишува Би-би-си

Најмалку 197 деца ширум Европа се родиле од сперма на дански донор кој, без да знае, носел опасна мутација на генот TP53 – ген што е клучен за спречување на ракот, пишува Би-би-си.Меѓу жените и децата кои се засегнати е и Македонија, се вели во сторијата.Истражувањето на четиринаесет јавни сервиси во рамките на Европската радиодифузна унија ја открило оваа тивка трагедија, покажувајќи како една човечка клетка со генетска грешка можела да остави трага низ четиринаесет земји и речиси две стотини семејства.Мутацијата предизвикува Ли-Фраумени синдромот (LFS), редок наследен облик на рак што носи до 90% ризик од појава на малигни болести во текот на животот. Некои од децата веќе заболеле, а неколку починале. Донорот, студент кога започнал со донации во 2005 година, останал здрав бидејќи мутацијата не е присутна во сите негови клетки, но до 20% од неговите сперматозоиди ја носеле грешката во ДНК.Спермата била продадена преку Европска банка за сперма во Данска и користена во 67 клиники низ континентот. Банката признала дека „во некои земји бројот на деца родени од истиот донор ја надминал дозволената граница“ и дека донорот е „веднаш блокиран“ по откритието.Во Белгија, на пример, едно лице може да стане родител на максимум 6 семејства, но овој донор бил користен за 38 жени, кои родиле 53 деца.Мајка од Франција, чија ќерка го наследила генот, изјавила дека „не чувствува омраза кон донорот“, но дека „неприфатливо е да се даде сперма што не била безбедна“.Иако Велика Британија има ограничување од 10 семејства по донор, не постои меѓународен закон што би спречил продажба на истата сперма во различни земји. Половина од сперматозоидите во британските клиники се увезени.Професорот Алан Пејси од Универзитетот во Манчестер предупредил:„Не може да се тестира за сè. Ако критериумите станат построги, едноставно нема да имаме донори“.Според она што го објави Би-Би-Си, спермата со генетска мутација била користена во:Србија, Ирска, Исланд, Шпанија, Грузија, Грција, Германија, Македонија, Албанија и Унгарија.Во мај оваа година беше објавен сличен случај, кога беше откриено дека 67 деца се зачнати со истиот донор на сперма, а дека 10 од нив развиле рак.Донаторот бил носител на ретка мутација во генот „TP53“, која подоцна била поврзана со синдромот Ли-Фраумени – една од најтешките наследни форми на предиспозиција за рак, објави Гардијан.Во времето на донацијата во 2008 година, не се знаело дека мутацијата е канцерогена и не можела да се открие со стандардно тестирање.Откритието се случило кога две семејства, чии деца развиле рак, независно контактирале со клиниките за ин витро оплодување.Подоцнежните анализи покажале дека вкупно 23 деца ја наследиле мутацијата, вклучувајќи случаи на леукемија и Хоџкинова болест.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Новите црвени таблички тестирани преку „Сејф сити“, откриен проблем со казните

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, во телевизиско гостување на откри дека новите црвени регистарски таблички за службените возила биле претходно тестирани преку системот за видео-надзор „Сејф сити“. По успешната тест-фаза, започнала и нивната изработка.Томовски објасни дека тестирањето открило значителен проблем: прекршочните пораки од системот „Безбеден град“ пристигнуваат директно до лизинг-компаниите од кои Владата ги набавила возилата. Поради тоа, дел од казните најпрво се слеваат кај нив, а потоа се пренасочуваат до СОЗР.„Сметам дека треба да плаќа оној што го направил прекршокот, а не компанијата“, рече Томовски, најавувајќи дека Владата разгледува можни законски измени за да се отстрани ваквиот практичен проблем.Во врска со идејата службените возила да добијат и ГПС-уреди за сателитско следење, тој посочи дека конечната одлука ќе зависи од анализата на резултатите од „Сејф сити“ и реалните потреби на институциите. „Ќе почекаме да видиме дали тоа навистина ќе биде неопходно“, додаде Томовски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeq85pr9higp630VixfR

(🔴 ВО ЖИВО) Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски

Вечерва во „Претрес“ отвораме фронт со еден од најекспонираните министри во Владата на Христијан Мицкоски. Ќе зборуваме за сè она што досега остана премолчено.Ќе зборуваме и за политичката реалност: ќе го враќаат ли Груевски како „слободен човек“, дали мигрантите се новиот адут во преговори со Британија и дали навистина сите странски медиуми лажат, а само Владата ја зборува вистината.И доаѓаме до најнезгодниот дел. Андоновски ќе треба да објасни како е да се биде „млад кадар“ кога партијата ти е патот на врвот во државата: татко советник на премиерот, брат во тајна служба, самиот министер со стипендија во време на ВМРО-ДПМНЕ. Непотизам или случајни поклопувања?На маса ги ставаме и тендерите доделени на родители и сопружници на вработени, договорите што тој лично ги потпишал и ветувањата за нула корупција кои веќе звучат како иронија.Колку „фала“ должи на партијата што го подигна? Дали знае нешто повеќе од да притисне „Enter“? И најважно – дали е задоволен од себе како министер во држава што се уште чека дигитална трансформација… на хартија?ВО ЖИВО:

Студио | пред 2 месеци

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Ужас во Скопје: Брат го претепал брат си и го оставил во локва крв, сторил обид за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје, по завршената истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „Убиство“ во обид, согласно член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Обвинетиот, 37-годишен жител на Марино, за време на семејно насилство во семејниот дом со умисла се обидел да го лиши од живот својот брат, удирајќи го со дрвена ногарка во пределот на главата.Иако оштетениот бил тешко повреден и паднал во бесознание, обвинетиот не се обидел да му помогне. Напротив, легнал да спие. Следното утро, кога забележал дека брат му и понатаму лежи на подот во локва крв, повторно го оставил без никаква интервенција и го пријавил настанот дури по неколку часа. На повредениот му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди кои го довеле во животно-загрозувачка состојба.Јавниот обвинител до судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор.

Македонија | пред 2 месеци

oruzje-aracinovo-1

Разбиена криминална група: Оружје од Косово, складишта во Сингелиќ и Брест

По повеќемесечна предистражна постапка, рано утрово под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, полициски екипи од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал извршија координирана акција на повеќе локации во селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Ченто и Чаир.Во операцијата беа уапсени 12 лица осомничени за „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се товари и за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.По поднесената кривична пријава, јавниот обвинител отвори истражна постапка против сите 12 осомничени. Според обвинителството, групата делувала од април до декември 2025 година и била организирана со јасна структура и распределени улоги, со цел незаконска трговија со оружје – кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години.Првоосомничениот, како што се наведува, од засега непознати лица од Косово нелегално набавувал огнено оружје и муниција, кои потоа ги пренесувал во Македонија. Нелегалниот арсенал бил складиран на локации во Сингелиќ и Брест. Тој давал инструкции за пронаоѓање купувачи и за посредување во продажбата, а останатите членови на групата биле задолжени за набавка на муниција, логистика и координација на испораките. Еден од приведените се сомничи и за продажба на кокаин.Обвинителството соопшти дека се исполнети законските услови за определување притвор и најави дека до судијата на претходна постапка ќе поднесе предлог сите осомничени да бидат задржани во притвор.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-filipce

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски му порача на Венко Филипче, Фрчкоски и Жерновски дека е спремен да се повлече од политиката доколку најдат еден мигрант во Македонија, во спротивно како што рече тој да се извинат јавно.„Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигрантите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно они да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата“, рече Мицкоски и додаде: „Додека тие зборуваат за милијарди кои недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите пет дена од декември влегоа во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на Буџетот одат паралелно. Тие што следат економија и економистите знаат за што зборувам. За да ви фалат во буџетот и да треба вие тој буџетски дефицит да го покриете потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа, се случува сето ова кое што јас денес го зборувам. И приходите и расходите се пратат едни со други и на крај кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит, тие горе доле ќе бидат исти. Што значи дека ние нема да се задолжиме да го зголемиме долгот. Напротив, до крајот на годината тој долг ќе биде помал, од оној кој што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам, следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа, и за Стабри и за марихуаните и за ред други скандали кои што ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат, отколку овој октруираниот којшто конечно заминува односно ќе замине од таму каде што е сега.“ Мицкоски посочи граѓаните да не се грижат, бидејќи нема да има мигранти. „На крај да заклучам да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција. Македонија е позади Данска, која што има 3,9, заедно со Кипар со 3,8 проценти раст на БДП, инфлацијата е за 0,5 проценти помала на годишно ниво споредбено со минатата година и очекувам таа консолидација односно смирување да продолжи и во периодот кој што следи“, истакна Мицкоски.

Настани | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања