„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

peskov-putin1

Кремљ го поздрави новиот документ на Трамп: Русија повеќе не е директна закана

Кремљ ја оценува како позитивен сигнал промената во Стратегијата за национална безбедност на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која Русија повеќе не се наведува како „директна закана“, а документот дури повикува и на можност за соработка во сферата на стратешката стабилност.„Сметаме дека ова е позитивен чекор“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за агенцијата ТАСС коментирајќи ја изменетата американска стратегија, која претставува еден од клучните документи во безбедносната политика на Вашингтон.Тој нагласи дека Москва ќе ја проучи во детали новата формулација и импликациите што може да ги има врз односите меѓу двете земји.Со промената, Вашингтон сигнализира поумерена реторика кон Москва, што би можело да отвори простор за разговори и можни договори во сферата на контрола на вооружување и нуклеарна стабилност – области кои со години се предмет на тензии и прекинати преговори.

Свет | пред 2 месеци

IMG_4160

Германска анализа: Лековите за кашлица најчесто не делуваат – медот еднакво ефикасен

Доколку развиете кашлица што ве мачи или ве држи будни преку ноќ, не мора веднаш да посегнувате по специјални сирупи или таблети е заклучокот на германска анализа. Германската организација за заштита на потрошувачите „Стифтунг Варентест“ предупредува дека поголемиот дел од лековите за кашлица немаат доволно докажана ефикасност.Во аптеките најчесто се нудат два вида препарати: едните ја разредуваат слузта за полесно искашлување, додека другите го намалуваат надразнувањето кај сувата кашлица. Но, според анализата на германските експерти, ниту природните, ниту синтетичките лекови за потиснување на кашлицата не го поминале тестирањето.„Купувачите можат да заштедат пари на лекови за кашлица“, стои во извештајот. Тие укажуваат дека ефикасноста на овие препарати не е научно потврдена, а дел од активните состојки носат и ризици. Како пример се наведува декстрометорфанот, супстанца што во ретки случаи може да предизвика зависност или халуцинации.Поуспешно поминале лековите за искашлување, кои генерално се оценети како „прикладни, но со претпазливост“. Иако нивниот ефект е утврден, тој е оценет како умерен.Стручњаците додаваат дека не е неопходно веднаш да се купуваат препарати – медот може да помогне исто толку. Чист мед или додаден во топол чај може да го смири надразнувањето. Иако научните резултати не се конечни, ефектот е споредлив со оној на испитаните лекови, чие дејство е ограничено.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarymb6j72u6vh8c3bKC6th

Моќен потрес во ретко населениот регион меѓу САД и Канада

Моќен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени вчера го погоди оддалечениот регион на границата меѓу американската сојузна држава Алјаска и канадската територија Јукон. Иако ударот бил силно почувствуван, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак се пријавени материјални штети или повредени лица, пренесува „Гардијан“.Според Американскиот геолошки завод (USGS), епицентарот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри, на приближно 370 километри северозападно од Џуно на Алјаска и 250 километри западно од Вајтхорс во Јукон. По главниот удар следеле неколку послаби афтершокови.Во Вајтхорс, Кралската канадска коњичка полиција примила два повици од граѓани кои го почувствувале потресот. „Дефинитивно беше почувствуван“, изјави наредничката Калиста Меклауд. Многумина своите реакции ги споделувале и на социјалните мрежи.Сеизмологот Алисoн Брд појасни дека најпогодениот дел од Јукон е планински и ретко населен. „Најчести пријави се за паднати предмети од полици и ѕидови“, истакна таа.Најблиската канадска населба до епицентарот е Хејнс Џанкшн, оддалечена околу 130 километри, со 1.018 жители според последните податоци од 2022 година. Земјотресот бил почувствуван и во Јакутат, на Алјаска, град со 662 жители, сместен околу 90 километри подалеку.

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Топлотен бран од југ: до 20 декември без снег и без зимски услови

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна маса од југ, која ќе донесе значително повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Метеоролошките анализи на Метеоаларм укажуваат дека дневните температури ќе бидат повисоки за околу, а на места и за повеќе од 10 степени над декемвриските просеци, при што во некои региони ќе се искачат до речиси 20 степени.Утринските часови сепак ќе бидат постудени, со минимални температури што ќе се движат околу или неколку степени под нулата.Поради стабилната атмосфера, слабиот ветер и високот воздушен притисок, во котлините ќе се создаваат поволни услови за појава на магла и ниска облачност. На одделни локации маглата ќе биде густа и ќе се задржува во текот на целиот ден, што ќе доведе до пониски дневни температури во тие подрачја.Слична состојба се очекува и во скопската котлина, каде маглата повремено ќе биде изразена, особено во утринските и вечерните часови.Според актуелните модели, барем до 20 декември нема изгледи за зимски услови ниту за појава на снег во земјата, а зимското сценарио за сега останува одложено.Во изминатите 24 часа Македонија беше зафатена од обемен влажен бран од југ кој предизвика врнежи од дожд во сите региони, а пообилни врнежи беа регистрирани во западните и јужните делови. На планините над 1700–1800 метри надморска височина дождот преминуваше во снег.Најмногу дожд за овој период, 30 литри на метар квадратен, е измерен во Маврово до утрово во 7 часот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1bp9d1kh2apmc8wk0og

(Видео) Возач во Романија прелета кружен тек и удри во возила, преживеа со тешки повреди

Возач на 55-годишна возраст во Романија со голема брзина влетал во кружен тек без воопшто да забави, по што автомобилот буквално прелетал преку централниот остров и удрил во возилата што се наоѓале во внатрешноста на раскрсницата, пренесуваат локалните медиуми.Екипите на противпожарната служба и итната помош веднаш интервенирале и успеале да го извлечат возачот од силно оштетеното возило. Тој бил пренесен во болница со полесни и средно тешки повреди.Според првичните медицински и полициски наоди, возачот не бил под дејство на алкохол или наркотични средства. Индициите упатуваат дека причината за несреќата е ненадејна дијабетична криза, поради која возачот ја изгубил контролата над возилото во моментот на влегување во кружниот тек.

Свет | пред 2 месеци

media-librarylch30j4j7qkg90xNUnD

(Видео) Пожар проголта ноќен клуб во Индија: Најмалку 25 мртви, меѓу нив и туристи

Најмалку 25 лица, меѓу кои и четворица странски туристи, загинаа во катастрофален пожар што во ноќта меѓу сабота и недела го зафати ноќен клуб во Гоа, една од најпопуларните туристички региони на западниот брег на Индија. Во трагедијата, која се случила во селото Арпора, уште седум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба. Според првичните информации, се сомнева дека пожарот избувнал поради експлозија на плинска боца, пренесува CNN.Полицијата соопшти дека меѓу загинатите најверојатно има 14 членови на персоналот на клубот. Националностите на загинатите туристи сè уште не се официјално потврдени. Повредените се пренесени во Медицинскиот факултет и Клиничката болница во Гоа, каде што една од жртвите има тешки изгореници на 60 проценти од телото. Некои лица починале од тешките изгореници, додека други се задушиле од густата чадна маса.Гоа, позната по своите плажи и португалско културно наследство, секоја година привлекува стотици илјади странски туристи, а трагедијата предизвика шок и загриженост во целата држава.„Денес е многу тежок и болен ден за сите нас во Гоа“, изјави главниот министер Прамод Савант.Министерот за здравство на Гоа, Вишваџит Ране, потврди дека повредените добиваат „најдобра можна медицинска грижа“ и дека медицинските тимови непрекинато работеле во текот на ноќта. „Во овој миг на длабока тага, стоиме цврсто покрај погодените семејства“, додаде тој.Индискиот премиер Нарендра Моди најави дека неговата канцеларија ќе обезбеди отштета до 200.000 рупии (околу 2.200 долари) за семејствата на загинатите и 50.000 рупии (околу 556 долари) за повредените.„Моите мисли се со сите кои ги загубија своите најблиски“, наведе Моди. „Да се надеваме дека повредените ќе закрепнат што е можно побрзо.“Во меѓувреме, Савант нареди итна истрага за да се утврдат причините за пожарот и дали објектот ги почитувал противпожарните стандарди и градежните прописи. Првичните извештаи сугерираат дека клубот работел без сите неопходни дозволи и дека ги прекршил безбедносните правила. Ова го потврди и директорот на противпожарната служба, Нитин Раикер, кој изјави дека пожарникарите интервенирале веднаш и го изгаснале пожарот за половина час, но дека „клубот не ги почитувал противпожарните норми“.Трагедијата ја отвори дебатата за безбедноста на туристичките објекти во Гоа и потребата од построги инспекции и регулативи, особено во региони каде што ноќниот живот привлекува голем број посетители.

Свет | пред 2 месеци

207-2072008_apple-brand-background

Големи потреси и криза во врвот на Apple

Apple се соочува со најголемите потреси во врвното раководство во последните децении, пишува Си-Ен-Ен, откако во рок од само една недела беа најавени заминувања на тројца високи функционери, клучен директор за дизајн премина во Мета, а сè погласни се и шпекулациите дека извршниот директор Тим Кук се подготвува за повлекување.Овие промени доаѓаат во критичен период, кога технолошкиот гигант — некогаш водечки во иновациите — се соочува со забелешки дека е предоцна вклучен во новата ера на вештачката интелигенција. За компанија со пазарна вредност од повеќе билиони долари, ваквите кадровски турбуленции може да значат и смена на начинот на размислување, дизајн и развој на производи кои ги користат милиони луѓе ширум светот.„Јасно е дека влегуваме во период на зголемена нестабилност за Apple“, оцени Роберт Сигел, инвеститор и професор на бизнис-школата на Универзитетот Стенфорд.И покрај тоа што акциите на Apple годинава пораснаа за околу 12 проценти, растот е значително побавен од оној лани, кој изнесуваше околу 30 проценти. Компанијата сè уште нема дадено коментар за најновите најавени промени.Кој си заминува?Само оваа недела најавени се заминувањата на три значајни фигури: Лиза Џексон, потпретседателка за екологија и општествени иницијативи; главната правничка Кејт Адамс; и Џон Џанандрија, потпретседател за машинско учење и АИ-стратегија. Во меѓувреме, Алан Дај, потпретседател за дизајн на кориснички интерфејс, преминува во Мета како главен директор за дизајн.Apple веќе ги постави и наследниците: правната директорка на Мета, Џенифер Њустед, ќе стане шефица на правниот оддел на Apple, а одделите за екологија и општествени политики ќе преминат под надлежност на оперативниот директор Сабих Кан. Новиот потпретседател за вештачка интелигенција ќе биде Амар Субраманја, кој доаѓа од Мајкрософт.Структурните промени не се својствени само за Apple — Мета ги пренасочи инвестициите од Метаверс кон АИ-наочари, Амазон отпушти 14.000 вработени во рамките на реформата за забрзување на АИ-развојот, а Гугл ги обедини хардверските и софтверските тимови за поголема интеграција на вештачката интелигенција.Но за Apple, компанија позната по тајност, дисциплина и стабилност, ваков јавен одлив на кадри е невообичаен.„Ова е спротивно на типичната култура на Apple“, вели аналитичарот Ден Ајвс. „Но мора да го ‘откинат фластерот’. Стратегијата за АИ досега беше невидлива — и токму таа ќе ја дефинира оставнината на Тим Кук.“Големите прашања пред AppleТокму кога конкурентите забрзано напредуваат, Apple се најде под притисок. Големата надградба на Siri, која требаше да ја доближи компанијата до водечките АИ-платформи како ChatGPT и Gemini, е одложена за следната година. Vision Pro, првата нова категорија на производи по повеќе од една деценија, сè уште е уред со ограничена примена.Во меѓувреме, конкурентите најавуваат драматични пробиви: Мета со Ray-Ban Display паметните наочари, Самсунг и Гугл со Geminі-погонет хедсет, а OpenAI навлезе и во интернет-пребарувањето и онлајн-трговијата.Аналитичарите предупредуваат дека Apple нема да може долго да остане надвор од „АИ трката“.iPhone и понатаму силен, но времето истекуваИ покрај турбуленциите, продажбата на новата генерација iPhone 17 е силна. Според Counterpoint Research, ова би можела да биде година во која Apple за првпат од 2011 година ќе го надмине Самсунг во вкупната продажба на смартфони.Некои експерти сметаат дека промените во раководството можат да донесат свежа перспектива и нова динамика во момент кога технолошкиот сектор се трансформира под влијание на АИ.„Не можете да ја гледате четвртата индустриска револуција низ прозорец и да останете надвор“, заклучува Ајвс. „Очигледно е дека на Apple му се потребни масивни промени во врвот.“

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryv569csl0tk2g6be9MOb

СДСМ одбива извинување: „На криминалци не се извинуваме“

СДСМ денеска реагираше на изјавата на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој побара извинување од партијата поради обвинувањата дека неговата семејна фирма добила тендери вредни 5,5 милиони евра. Од опозициската партија категорично одбија да се извинат и најавија нови информации поврзани со случајот.„Граѓаните денеска ги видоа сите докази, факти и документи што ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Семејната фирма на Томовски го чисти буџетот — 5,5 милиони евра и 161 тендер. Особено им тргнало откако ДПМНЕ дошла на власт“, стои во соопштението на СДСМ, од каде што додаваат дека деловната активност на фирмата пораснала за 306 проценти, а само во 2025 година, според нив, добила тендери во вредност од речиси половина милион евра.Од опозициската партија посочуваат и дека во фирмата се појавуваат името на таткото на Томовски и близок роднина, што, според нив, ја потврдува тезата за „фамилијарни бизниси“ блиски до власта.„Томовски бара извинување? За тоа што семејната фирма добила 161 тендер вреден 5,5 милиони евра? Нема шанси. На криминалци не се извинуваме“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека нивната борба против корупцијата продолжува, а најавуваат и нови обелоденувања.„Заканите на Томовски не нѐ плашат, туку не мотивираат. Утре на нова прес-конференција ќе објавиме дополнителни детали. Работата не е завршена“, стои во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuefdebh5okms4vVh41T

Кина лансира нова група интернет-сателити во ниска орбита

Кина денеска успешно ја лансираше ракетата-носач „Долг марш-8А“ од јужната островска провинција Хаинан, испраќајќи нова група интернет-сателити во вселената, јави „Синхуа“.Ракетата полета во 15:53 часот од комерцијалниот космодром во Хаинан, а според кинеската вселенска агенција, товарот – 14. група интернет-сателити во ниска орбита – бил прецизно поставен на претходно дефинираната траекторија.Со ова лансирање, продолжува кинеската стратегија за брза експанзија на сопствените комуникациски и интернет-констелации во орбитата.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarynbsgr5oe8ol881HSycf

Мицкоски е единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска официјално потврди дека единствениот предложен кандидат за претседател на партијата на 18-тиот Конгрес е актуелниот лидер, проф. д-р Христијан Мицкоски.„Единствен предложен кандидат е професор доктор Христијан Мицкоски“, изјави Мисајловски, потврдувајќи дека партијата влегува во изборниот процес со единствена и јасна поддршка зад досегашниот лидер.Со ова, Мицкоски се очекува да го добие својот трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, што, според партиските статути, е и последен можен согласно ограничувањата утврдени во внатрепартиските правила.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryclpjkm1be1u1dpdGBbJ

Мицкоски: Историјата не е товар, туку темел на современата македонска државност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата што се одржува во спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци, под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, се фокусираше на темата за државноста и историското наследство. Во своето обраќање, тој порача дека современата македонска држава не смее да се третира како симбол или формалност, туку како жива обврска која секоја генерација мора да ја носи со чувство на должност и одговорност.„Историското наследство на македонската државност не е сентимент или украс. Тоа е обврска,“ рече Мицкоски, поврзувајќи ја државотворната традиција од Илинден, преку АСНОМ, до независноста во 1991 година. Според него, секоја генерација има историска должност да ја штити државата институционално, безбедносно, економски и културно. „Историјата не е товар, туку темел врз кој се гради современата национална самодоверба,“ додаде тој.Мицкоски ја дефинираше „тројната обврска“ на денешната генерација: зачувување на континуитетот и достоинството на македонскиот идентитет и државност, модернизирање на институциите за да бидат отпорни на притисоци и слабости, и спречување на злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.„Наследството на борбата за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски: да се зачува достоинството на државноста, да се модернизира државата и да се воздржиме од политички злоупотреби на историјата,“ потенцираше тој.Во продолжение, Мицкоски порача дека во 21 век историското наследство мора да биде поттик, а не сопирачка: „Тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви,“ рече партискиот лидер.

Македонија | пред 2 месеци

policija-alkohol

Алармантно: Возачи со алкохол зад волан уапсени низ пет градови

Повеќе лица од Битола, Велес, Куманово, Старо Нагоричане и Неготино се лишени од слобода откако биле затекнати како управуваат возила под дејство на алкохол, а дел од случаите вклучувале и опасно возење или предизвикување сообраќајни несреќи.Најпрво, на 5 декември околу 22:44 часот, на улицата „8 Септември“ во Битола, полицијата го уапсила Л.Ѓ. (47) кој со „опел“ се движел во спротивна насока. Дополнително, алкотестот покажал присуство од 0,59 промили алкохол.Во Велес, на 6 декември во 01:15 часот, на улицата „Гоце Делчев“, полициските службеници го привеле К.С. (54) кој управувал „пежо“ со 1,74 промили алкохол во крвта.Сериозни прекршоци се утврдени и во Неготино, каде Л.Н. (65) бил затекнат со 1,85 промили алкохол, возејќи „фиат“ без регистарски таблички, без возачка дозвола и со сообраќајна дозвола со истечена важност од повеќе од шест месеци. Возилото му било одземено.Во Старо Нагоричане, на магистралниот пат кај селото Војник, полицијата го уапсила Н.К. (33) кој со „голф“ управувал под дејство на 1,67 промили алкохол.На улицата „11 Октомври“ во Куманово, полициските службеници привеле И.Ц. (49) од Скопје, кој бил инволвиран во сообраќајна несреќа и алкотестиран со 2,55 промили алкохол — една од највисоките измерени вредности во овие случаи.На регионалниот пат Куманово–Свети Николе, И.Д. (27) од Куманово бил приведен по несреќа што ја предизвикал управувајќи „туран“ со 1,61 промили алкохол.Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Апсење ноќеска во Аеродром: маж присилувал скопјанка на секс, ја снимал па уценувал

Маж од Неготино е лишен од слобода поради сомнение дека присилил жена од Скопје на полови дејствија, ја снимал за време на чинот и потоа ја уценувал со видеоматеријалот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, уапсен е 29-годишниот Р.М. од Неготино. Тој бил приведен на 6 декември околу 01:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, откако 41-годишна скопјанка пријавила дека на 2 декември, во стан во Центар, ја присилил на полови дејствија и истовремено ја снимал со мобилен телефон.По настанот, осомничениот ѝ упатувал закани и барал пари за да не го објави видеото на социјалните мрежи.МВР информира дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryaio7a80l57vdf2TAnSx

(Видео) „Да престанеме да бидеме публика во сопствената држава“, рече Мицкоски на конгресот каде бара трет мандат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од конгресот на партијата, вели дека Македонија влегува во деценијата на зрелост, а дека оваа генерација треба да постави темелна линија дека државата може, знае и ќе успее.„Нашиот порив денес е повеќе од политиката. Тоа е повикот да престанеме да бидеме публика во сопствената држава, да престанеме да дозволуваме стравот, цинизмот или навиката да го определуваат нашиот пат. Македонија не смее да живее во дефанзива, туку треба да застане со достоинство и волја која не се крши“, рече Мицкоски.Тој рече дека денеска е дом за сите, но и обврска за секого.„Слободата не е подарок, туку дисциплина, Европа не е географија туку вредност, а напредокот не доаѓа од тие што чекаат, туку од тие што тргнуваат да го создадат. Ние сме тие што мора да тргнат. Никој од надвор нема да ни ја изгради државата, ниту заштити инсторијата, ниту напише визијата“, додаде Мицкоски.Тој посочи дека во изминативе години се научило дека „Македонија не паѓа кога е тешко, туку паѓа кога се откажува“.„Денес одбиваме да се откажеме, одбиваме да ја прифатиме идејата дека малата држава мора да има мали амбиции. Одбиваме да веруваме дека нашите деца треба да заминат од овде за да успејат. Одбиваме да прифатиме дека Македонија е премногу мала. Напротив, Македонија е доволно голема, како што е голема нашата волја да ја направиме подобра“, додаде Мицкоски.Следете тука:

Настани | пред 2 месеци

ivica-tomovski

Директорот на СОЗР возвраќа: „Немам приватна фирма, клеветите се политички очај“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, остро реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека семејна фирма поврзана со него добила тендери во вредност од повеќе милиони евра. Тој ги нарече наводите „класична политичка клевета“ и побара извинување, најавувајќи тужба доколку тоа не се случи.„Очигледна е намерата по секоја цена да се обвинува, клевети и жигосува. Тоа е нивниот стил и единствената сламка за спас,“ порача Томовски, додавајќи дека обвиненијата се обид да се одвлече вниманието од, како што рече, бројните скандали од времето на владеењето на СДСМ.Тој предупреди дека токму оние кои, според него, оставиле длабоки последици врз институциите, денес пласираат „безобразни и малициозни конструкции“ за да го прикријат сопствениот неуспех.„Посочената компанија не е моја. Немам никаков удел во неа, ниту пак во моментов поседувам приватна компанија. Моето единствено ангажирање е работата како директор на СОЗР,“ нагласи Томовски.Тој додаде дека целата кариера ја градел чесно и професионално и најави дека ќе ги искористи сите правни механизми за заштита: „СДСМ ќе мора да се извини за клеветите. Во спротивно, ќе поднесам тужба.“Во своето обраќање, Томовски порача дека јавноста веќе казнила „такви политики“, алудирајќи на исходот од последните избори, и додаде дека од СДСМ не очекува извинување, „бидејќи за тоа е потребна доблест и морал“.Според него, сите институции може слободно да извршат проверки, уверувајќи дека нема што да се сокрие.

Македонија | пред 2 месеци

500-evra

Британец мора да врати 28.640 евра по 11 години: земал повисока пензија а не пријавил

Пензионираниот британски државен службеник Дерек Ричи (63) се соочува со барање да врати 28.640 евра што ги примал во изминатите 11 години поради погрешена пензиска пресметка од 2014 година, објавија надлежните служби во Обединетото Кралство.Во писмото што му било испратено во март, институциите му се извиниле „за евентуалните непријатности“ и го информирале дека сумата може да ја врати со еднократен трансфер или преку рати, пишува „Гардијан“.Ричи веднаш побарал детално објаснување за начинот на кој е утврдена преплатата, но, како што наведува, одговор сè уште не добил.

Свет | пред 2 месеци

w_55031023

Калас: САД остануваат најголем сојузник на Европа, но ни недостига самодоверба

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави денеска дека САД остануваат најголемиот и најважен сојузник на Европа, но додаде дека Европската унија мора да развие поголема самодоверба во односите со Русија. Нејзините коментари доаѓаат по објавувањето на новата Стратегија за национална безбедност на САД, во која се наведува дека на Европската унија и дека ѝ недостасува јасна и самоуверена политичка насока.Документот, објавен на веб-страницата на Белата куќа, предлага САД да ѝ помогнат на Европа да ја „исправи својата моментална траекторија“, што предизвика остра реакција во дел од европската јавност.Калас, говорејќи на панел-дискусија на Доха форумот во Катар, оцени дека дел од американските критики се оправдани.„Има многу критики, но некои се точни. Ако погледнеме кон Европа, таа често ја потценува сопствената моќ во односите со Русија. Потребно ни е повеќе самодоверба. САД и понатаму остануваат нашиот најголем сојузник“, истакна Калас.Нејзините зборови доаѓаат во чувствителен геополитички момент, во кој европските земји се соочуваат со притисок за посилна одбранбена и енергетска автономија, а истовремено се обидуваат да го одржат стратегиското партнерство со Вашингтон.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqpfomcjjfi738VD2rEM

(Фото) И Тошковски објави дека добил опомена оти возел 51 км/ч наместо 50 км/ч: Се движев со приватното возило

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Безбеден град“, додека со своето приватно возило се движел кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Како што објави, системот регистрирал движење со брзина што ја надминала дозволената за само 1 километар на час.„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без оглед кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани“, порача Тошковски.Министерот нагласи дека управувањето со возило е обврска, а не привилегија, и дека токму преку личен пример се гради доверба во институциите и безбедност на патиштата. Според него, „Безбеден град“ не е механизам за казнување, туку систем за воведување ред, дисциплина и спречување трагедии.„Со алармантниот број жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме лична одговорност. Државата ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите – вклучувајќи нè и нас, кои сме најодговорни за нивното спроведување“, истакна министерот.ОДГОВОРИ НА СИТЕ ПРАШАЊА И ЗА СИТЕ ДИЛЕМИ:

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr1vic6cuii32bG6LFyg

(Во живо) Со „Заветна“ и „Ми заплакало селото Ваташа“ започна конгресот каде ќе се бира Мицкоски за претседател

Со партиската и државната химна, „Заветна“ и „Ми заплакало селото Ваташа“ започна конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, каде се очекува Христијан Мицкоски да биде по третпат да биде избран за претседател на партијата. Ова би бил последен мандат на Мицкоски, со оглед дека статутот не дозволува повеќе од три мандати. Конгресот се одржува во Кавадарци.Мицкоски веќе истапкна дека ВМРО-ДПМНЕ првпат по долго време влегува во конгрес без долгови и стабилна финансиска состојба. Тој во 2018 година наследи тешка состојба во која партијата.Дел од политичките аналитичари, иако го гледаат конгресот како демонстрација на сила и консолидација, предупредуваат дека најголем предизвик останува исполнувањето на ветувањата од минатогодишните избори. Во спротивно, велат тие, довербата кај јавноста може да се намалува.Следете во живо:

Настани | пред 2 месеци

media-librarysvs1b5dv6vl6fjKgeGw

Масовен руски напад: Погодени железнички објекти, илјадници без струја и вода

Русија изминатата ноќ изведе еден од најмасовните напади врз Украина досега, лансирајќи 653 дрона и 51 ракета, соопшти украинската армија. Според истите извори, украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 585 дрона и 30 ракети.Во нападот бил погоден железничкиот комплекс во близина на Киев, соопшти државната железничка компанија „Укрзализниција“, која потврди дека се оштетени складишта и неколку товарни вагони во градот Фастив. Засега нема информации за загинати или повредени.Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро реагираше дека Русија „ги игнорира сите мировни напори“ и продолжува да ја уништува клучната цивилна инфраструктура. „Не смее да има одлагање во донесувањето одлуки за зајакнување на Украина и зголемување на притисокот врз Русија“, напиша тој на Икс.Нападите биле насочени кон енергетски постројки и железнички јазли во повеќе региони, меѓу кои Чернихивска, Запорижја, Лавовска и Дњепропетровска област. Министерството за енергетика соопшти дека инфраструктурата во осум региони е оштетена, што доведе до прекин на електричната енергија на голем број домаќинства.Во Одеската област, 9.500 граѓани останале без греење, а околу 34.000 без вода. Нападнати биле и делови од пристаништето, каде инфраструктурата преминала на работа со генератори.Поради воздушната закана, Полска во текот на ноќта подигна воени авиони во состојба на готовност. Иако не било забележано нарушување на полскиот воздушен простор, сирените за тревога се огласиле во градот Лубартов, во регионот Лублин.Украинските служби продолжуваат со итни поправки каде што условите го дозволуваат, а властите предупредуваат дека Русија го интензивира притисокот врз критичната инфраструктура во пресрет на зимата.

Свет | пред 2 месеци

policija-ubistvo-pishtol

Крвава зора во Јужна Африка: Масакр во хостел, десет загинати, повеќe повредени

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во пукање што утрово се случила во хостел во Аттериджвил, во близина на Преторија, соопшти јужноафриканската полиција.Инцидентот се случил околу 4 часот наутро, јавува телевизијата ЕWN. Според официјалните информации, вооружени напаѓачи отвориле оган врз луѓето сместени во хостелот, при што на местото на настанот починале најмалку десетмина.„Најмалку десет лица се убиени во Солсвил, Преторија. Повеќе од десет се повредени и пренесени во болница,“ изјави портпаролката на јужноафриканската полиција Атленда Мате.Полицијата работи на расчистување на мотивот и на идентификација на сторителите, додека засилените патроли остануваат на терен поради можноста од нови инциденти.Настанот предизвика голема вознемиреност во локалната заедница, која веќе подолго време се соочува со високо ниво на насилство и криминал.

Свет | пред 2 месеци

media-library54s9k5i951b85NfRb3s

(Видео) Одбил да префрли телефон во затворот во Шутка, добил ќотек - сведоштво за криминалот зад решеките на затвореникот Делов

Во ексклузивното гостување во „Претрес со Ландов“, затвореникот Коста Делов – осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април – детално опиша дел од насилните инциденти што, според него, се случувале во затворот „Шутка“.Делов вели дека зад решетки имал повеќе физички пресметки.„Со двајца се справив успешно, ама и двајца се справија успешно со мене,“ изјави тој, појаснувајќи дека конфликтите настанувале поради провокации во собата, а не поради лични пресметки.Според него, еден од инцидентите што ескалирал со физички напад бил директно поврзан со обид за нелегално внесување телефон во затворот.„Одбив да соучествувам во префрлање на телефон преку ѕид. Требаше јас да го одвлечам вниманието на затвореник кој разговараше со надзорникот. Кога одбив, ме нападнаа двајца наеднаш,“ изјави Делов.Тој додава дека нападот започнал со жестоки навреди, а потоа прераснал во физичка пресметка. Иако, како што тврди, немал потешки повреди, во медиумите било пласирано дека бил „во кома“ и „крвнички претепан“.„Тоа предизвика голем шок кај мајка ми,“ рече Делов.Она што особено го нагласи е и однесувањето на надзорникот кој, според него, не реагирал навреме: „Заврши тепачката, а надзорникот не пријави ништо. Дури кога другите почнаа да зборуваат, после десет минути се смилува и тивко пријави дека имало физички инцидент.“Интервјуто отвора сериозни прашања за безбедноста, надзорот и функционирањето на затворската служба во Шутка, а Делов најави дека е подготвен да открие и други детали за условите во затворот.ЦЕЛ РАЗГОВОР:

Македонија | пред 2 месеци

brod1

Патнички брод со 137 лица удри во мост во Баварија

Патнички брод со 137 лица удрил во мост на каналот Мајна–Дунав, во германската покраина Баварија, соопшти полицијата. Несреќата се случила доцна синоќа, додека пловилото се приближувало кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг.Според полицијата, кабината на кормиларот била превисока и при пловењето удрила во мостот, предизвикувајќи значителна материјална штета. И покрај силниот удар, меѓу 137-те патници и членовите на екипажот нема повредени.Проценките се дека штетата би можела да достигне и до 100.000 евра. Бродот засега нема дозвола да продолжи со пловењето додека трае истрагата и процената на безбедноста.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryak9kogt3gu5n2t6ybGG

(Видео) Бомбите на СДСМ: Семејна фирма на директорот Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот

Членот на Централниот одбор на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска излезе со нови обвинувања против ВМРО-ДПМНЕ и актуелната влада, најавувајќи „нова бомба“ и „нов скандал“ поврзан со, како што вели, милионски злоупотреби на јавни средства.Според Димитријевиќ, Акцискиот тим (АКТ) на СДСМ продолжува да објавува докази за „криминалот на власта“ токму во пресрет на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврди дека државни институции и општини под раководство на ВМРО-ДПМНЕ доделиле вкупно 161 тендер, во вредност од 5 милиони и 360 илјади евра, на фирма поврзана со Ивица Томовски – актуелен функционер во Владата, односно директор на СОЗР.Димитријевиќ тврди дека фирмата, основана со сопственик Витомир Томовски од Струга – татко на Ивица Томовски – прво била регистрирана под името „Сити логистик“, а подоцна го променила името во „Сити аутсорсинг“, задржувајќи иста адреса и единствен матичен број на субјект. Управител, според Димитријевиќ е нивни близок роднина, Слободан Кутановски.СДСМ тврди дека само во 2024 година, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, фирмата ја зголемила својата дејност за 306 проценти, а во текот на 2025 година веќе добила десет нови тендери со вредност близу половина милион евра.„Не чисти СОЗР, туку чисти семејната фирма на Томовски. Чистат пари – и тоа милионски суми,“ порача Димитријевиќ, додавајќи дека „важно е фамилијарните бизниси да течат“, додека јавноста останува без одговори.Тој најави дека ова е само почеток на новиот циклус објави од АКТ (тело на СДСМ), кои, како што кажа, ќе откријат „каде завршуваат парите и кој стои зад нив“.„Граѓаните се дел од еден тим, еден фронт. Сите сме против корупцијата,“ порача Димитријевиќ во завршницата.Власта засега нема официјален одговор на објавите.

Настани | пред 2 месеци

nuklearka-vo-ukraina

Кризa во Запорожје: нуклеарната електрана остана без струја, активирани дизел-генератори

Запорожската нуклеарна електрана повторно е приклучена на надворешно напојување по повеќечасовниот прекин кој се случи во текот на ноќта, соопшти утрово операторот на електраната. И двата надворешни далеководи биле исклучени поради активирање на автоматските заштитни системи, што привремено ја оставило електраната без директно напојување од мрежата.Во периодот без струја, за одржување на основните системи работеле резервните дизел-генератори – последната заштитна линија што спречува потенцијален нуклеарен ризик. Според операторот, електраната е повторно поврзана преку далеководот „Феросплавна-1“ со напон од 330 киловолти.Причините за прекинот на надворешните водови сè уште се испитуваат, а засега нема информации дали станува збор за технички дефект или за последица од воени дејствија во регионот. Запорожската електрана, најголемата нуклеарка во Европа, веќе повеќепати функционираше на резервно напојување од почетокот на руската инвазија, што експертите го оценуваат како сериозен безбедносен ризик.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања