„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

Screenshot-2024-03-21-at-23.23.57

(Видео) Црната кампања не носи гласови, СДС без „м“ е прекар одраз на нивните постапки, вели Митева

Низ годините сите кампањи за време на изборите поминуваа со објава на низа прислушувани разговори, објавување на приватни животни детали, па дури и снимки од секс-скандали. За овие зборови се очекува ова да кулминира во трката по гласови. Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ваква црна кампања не носи гласови, па тие тврди дека нема да водат.„Мислам дека црната кампања ќе влијае кон нив негативно. Таа црна кампања не носи раст на желбата на граѓаните да се вклучат во изборниот процес. Ние не одбираме да настапуваме со негативна кампања. Ќе имаме целосна позитивна кампања, ќе ги промовираме нашите афирмативни мерки кои што навистина сметаме дека треба да ги реализираме како идна Влада“, кажа Митева.Прашана дали да се очекува да се открива и долниот веш на кандидатите, рече: „Тоа од ВМРО-ДПМНЕ не треба да го очекуваат граѓаните“. На прашањето, што со останатите партии во овој дел, додаде: „Се надевам дека ќе ја надминат таа своја политичка некоректност и дека ќе имаме фер и демократски избор, дека ќе им се овозможи на граѓаните да одлучат помеѓу платформи, а не помеѓу ниски кампањи“.Околу прекарот СДС без „м“, Митева вели дека тоа не е политичка некултура, туку одраз на постапките на партијата.„Јас сметам дека политичка некултура е кога од една страна зборувате за Европа, а од друга страна ја крадете Македонија. Мислам дека политичка некултура е да направите пустош во образованието, во економијата, да немате одлично здравство како што заслужуваат граѓаните. Мислам дека тоа е најголемата некултура. Ако споменуваме прекари, би било фер да кажеме дека прекарите доаѓаат согласно постапките. Така што, СДС е одраз на тоа што тие го направија на Македонија“, рече Митева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-22-at-09.13.10

(Видео) „Колку пониско ќе одат, толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“ – интервју со Митева од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што носат изборите

Во победа се уверени, валкана кампања очекуваат од СДСМ, за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова посочуваат дека ќе е првата жена-претседател на Македонија. Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои во интервју за „Скопје1“ ги посочи Марија Митева, портпаролка на партијата. Се крои стратегијата, ќе има десетици митинзи. Не гледаат закана во помалите политички партии, а наведе и што е предноста на ВМРО-ДПМНЕ, но и зошто СДСМ ќе изгуби куп гласови.„Нема сомнеж дека ќе бидеме победници и ќе ја составиме следната Влада. ВМРО-ДПМНЕ нуди нова платформа, нов пристап во политиката. Време е за промени“, посочува Митева.Таа во интервјуто зборува и за тоа дали треба да се стравува што Силјановска-Давкова не е дел од партијата и е независен кандидат на изборите. Ги искоментира и споредбите на претседателскиот кандидат со градоначалничката на Данела Арсовска која се одметна од партијата која ја донесе на власт.„Колку пониско ќе одат (СДСМ), толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“, порача Митева.„Уште еден доказ за тоа каде се креираат лажните вести е прес центарот на СДС. Да имате кристално јасна изјава на професорката, а вие врз основа на таква изјава прво да креирате лага и таа лага да ја продлабочувате на прес-конференции е доказ за тоа колку сте политички нестабилни, колку ги потценувате граѓаните и колку сакате да направите штета на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го прави само една слаба власт во заминување“, рече Митева.Објасни и како е избрана Силјановска-Давкова и како ќе се слави победата во која се уверени дека ќе ја имаат. Посочи и од што ќе зависи коалицирањето и со кои партии е тоа можно.„Граѓаните одлучуваат, нашата желба е ДУИ да биде дел од идната опозиција“, додаде Митева.Сценаријата дека со месеци нема да има Влада – за неа не се опција. Митева, беше прашана и дали имињата на Милошоски, Ѓорчев, Димовски ќе се најдат на пратеничките листи.Погледнете го целото интервју:

Македонија | пред 1 година

AHMETI-GRUBI-DZAFERI-1

Ахмети со војната „купува“ гласови: Албанското тло е распарчено, да ги реализираме соништата на нашите предци

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, продавајќи флоскули за војната во 2001 година и споменувајќи ги „соништата на нашите предци“, без да прецизира дали тоа е т.н. „Голема Албанија“ купува гласови за Бујар Османи. Тој ги повика Албанците да се обединат. Ја искритикува одново Русија која ја посочи за закана.„Секогаш сме сонувале како Албанците се обединети во еден фронт. Зошто се навраќам во историјата – зошто тоа се моите соништа. Во тоа време (војната 2001 година) бевме маргинализирани, единствениот универзитет отворен со крв е Тетовскиот универзитет, сега имаме три универзитети. Овој сон го продолживме по војната, со цел Албанците да бидат обединети, но не успеа. Но по 23 години, ние успеавме, постепено, сите заедно“, рече Ахмети.Во говорот на албански јазик ги повика сите заедници во Македонија, но не ги спомена Македонците, да гласаат за ДУИ и Османи. Рече: „албанското тло е распарчено“.„Нештата во глобалната политика чекорат лошо. Ништо немаме против малите политички партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани кои се случуваат околу нас, во Европа и Блискиот Исток. Затоа оваа држава, ова обединување, е повеќе од потребно, за да се поддржи не само од албанската заедница, туку и од турската, ромската заедница. Овој фронт ќе им излезе во пресрет со сите интелектуални капацитети. Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети, албанското тло е распарчено, затоа од денеска па натаму да сме еден народ, едно тело, да ги реализираме соништата на нашите предци, да ги јакнеме нашите позиции, да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија, да ја држиме во живот и на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, Бујар Османи и како едно тело да продолжиме на 8 мај, да победи Европскиот фронт“, додаде Ахмети.Говорот го заврши со: „Господ нека ни е на помош, нека живее албанскиот народ“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) ГТЦ доби барака, а бараката донесе револт: „Го гушнаа, го задушија, душа му извадија…“

И покрај купот празни и затворени дуќани во Градскиот трговски центар (ГТЦ), нов објект никна на излезот кон кејот, во редот на сендвичарите. Потегот предизвика револт и низа реакции, бидејќи дел од граѓаните сметаат дека местото не му е таму. Но непознато е кој и зошто го поставил, како и која му е намената. „Скопје1“ побара одговори од менаџментот, но не доби. Реакција има и од Софија Куновска, поранешна пратеничка.„Па имате ли трошка совест, знаење или одговорност? За ова треба кривична одговорност“, напиша Куновска.Има и потсетувања дека пред десетина година, кога ГТЦ требаше да добие барокни фасади беше „гушкан“ од активисти за да се спречи акцијата.„Го гушкаа гтц да не било барок за после 10 години да го добијат ова“, коментира корисник на „Х“. И друг граѓанин смета дека на објектот, кој има и струја – не му е местото таму.„ГТЦ Скопје 2024г. Го гушнаа, го задушија, душа му извадија…“, напиша тој. Има и иронични коментари.„Елате да го гушнеме ГТЦ, не ме оставајте сам“, напиша друг корисник на „Х“. Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски не одговори на прашањата од „Скопје1“ поврзани со објектот. Го прашавме кој и зошто, но и со чија дозвола го постави, зошто имаше потреба од него и која е намената. Меѓудругото, не добивме одговор ниту што мисли за низата реакции и критики и дали по нив, објектот ќе биде отстранет. ГТЦ – Градски трговски центар – Скопје е почнат со изградба во 1973 година. Нa конкурсот, распишан 1967 година пристигнати се 23 архитектонски решенија, меѓу кои победува решението на тимот предводен од Живко Поповски. Покрај овој голем македонски архитект, во тимот учестуваат: Тихомир Арсовски,Живко Гелевски, Димитар Димитров, Благоја Колев, Радомир Лајовиќ и Лидија Маркова.Денеска, ГТЦ пропаѓа. Дел од подрумските простории мирисаат на измет и се полни со смет.

Скопје | пред 1 година

GInxr8UXQAAuoDL

(Фото) Доктор од Прилеп ги посрамоти колегите од Битола во извештај: „За срамота, при 10 хирурзи во Битола да се праќа пациентот во Прилеп за катетер!“

Пациент од Битола бил пратен во Прилеп за да му биде ставен катетер. Ваквиот чекор на битолските доктори е причина за остра реакција од страна на нивните колеги во Прилеп. Во специјалистичкиот извештај, докторот ѝ се обраќа и на директорката на Клиничката болница „Битола“ и ѝ посочува дека крајно време е да преземе мерки. За овој случај „Скопје1“ исконтактира со в.д. директорката на битолската болница, Елизабета Ивановска. Таа не беше запознаена со случајот. Ѝ го испративме извештајот.„Ставен катетер. За срамота при 10 хирурзи во Клиничката болница Битола се праќа пациент во Прилеп, за поставување на катетер на пациент со ретенција, крајно време директорот да си преземе и повеќе мерки да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола го допре дното“, стои во извештајот.Откако ја прочита препораката во која се бара да преземе мерки за нејзиниот кадар, директорката одговор ни достави преку лицето за односи со јавност во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Оттаму потврдуваат дека лицето било пратено во Прилеп, не поради катетерот, туку бидејќи требало да биде третиран.„Причината поради која пациентот кој што беше примен во Клиничка болница Битола на 03.03.2024 година од страна на доктор супспецијалист кардиолог во Оддел за интерни болести и беше препратен на доктор специјалист Уролог во општа болница Прилеп бил под специфична состојба и тоа со 24 часовна ретенција на урина. Причината поради која беше пратен при Општа болница Прилеп е да истиот биде понатаму прегледан и третиран од доктор специјалист уролог, со цел да се спречи понатамошна компликација на неговата специфична состојба, која може да биде и живото-загрозувачка“, вели Ивона Трифунов - лице за односи со јавност при ЈЗУ Клиничка болница Битола.Оваа здравствена установа е честопати споменувана во медиумите. Таму почина шестгодишната Јана Христова, случај кој ја потресе јавноста. Потоа, почина новороденче непосредно по раѓањето, откако на родилката и била дадена таблета за провокации по што била пуштена дома. По сето ова, директорот Александар Обедниковски денеска ја депонираше оставката, а Елизабета Ивановска беше назначена за в.д. директор.Во болницата влегоа и јавни обвинители со истражители. Ревизорскиот извештај покажа малверзации и неправилности, а тоа беше причина да се отвори предистрага.Последен во низата скандали беше на почеток од месецов, кога докторка од одделението за Психијатрија нападнала колешка, исто така специјалист психијатар при Клиничката болница Битола.

Македонија | пред 1 година

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо бил ослободен од притвор по предлог на обвинител, вели Судот

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска која ја води истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала Стефан Димковски да биде пуштен од притвор. Ова го тврдат од Кривичниот суд, од каде велат дека постапиле по тој предлог.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Оттаму до овој момент нема одговор.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димковски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

stefan-dimkovski

(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Скопје1“ побара став од судот на што ја темелат ваквата одлука и што ги убедило дека Димковски нема да влијае на сведоци или да се даде во бегство, особено ако се има во предвид дека претходно по овие основи го држеа зад решетки. Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Од двете места очекуваме одговори.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Ова е прв укинат притвор за овој предмет. Во притвор, остануваат осомничените за реализација на убиството и таткото Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање со тоа што дал информации за тоа кога Вања ќе ја напушти зградата.„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

417513002_10161446156892138_8456261493709764993_n

(Видео) Груби го „срцкаат“ од Виетнам, Ангола, Замбиа, тој знае кој му ги нарачува и зошто

Министерот Артан Груби од ДУИ важи за политичар кој сака да се промовира на социјалните мрежи, а на некои од објавите се гледаат илјадници лајкови во знак на поддршка. Најголемо внимание привлече фотографијата со 5.500 лајкови, од промоцијата на Бујар Османи за претседателски кандидат. Од нив, 2.200 се „срциња“, но голем дел од профилите не се од Македонија туку од Виетнам, Ангола, Замбиа. Груби за „Скопје1“ посочи дека знае чие масло е тоа. „Пред месец дена, на ТВ21 беше Касами и имаше илјадници лајкови од Азија, медиумите го провалија и сега истото се обидуваат да го прават кај мене и кај нас во ДУИ преку нарачка на платени лајкови срца итн, за да го релативизираат нивното фијаско“, вели Груби за „Скопје1“.На социјалнит емрежи постојат алатки кои овозможуваат со плаќање да добиете повеќе лајкови во знак на поддршка. Таква е страницата „order.aladinseo.com“ каде има и ценовник колку се плаќа, а колку лајкови се добиваат. Може да ги нарача било кој, за било кој профил.Груби и преку социјалните мрежи се обрати до албанската опозиција.„Глас да не ви чујам, молчете, и голема благодарност на некреативните и патетични деривати на ДУИ во опозиција за сите фанови од Русија, Кина, Индија, Бангладеш, цела Азија што ми ги донесовте на профилот со парите што сте ги украле, само продолжете Ве сакам сите, освен Русофилите од опозиција“, вели Груби во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“, која има над 800 лајкови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, бидејќи на 18 март се затвора Избирачкиот список. Ако до тој ден нема измена на законските измени, ќе биде прекршено второ човеково право - правото на глас. Се надевам дека премиер и останатите фактори во оваа држава, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за барем да не го кршиме ова право, а тоа е над 100.000 граѓани да можат да гласаат“, вели Тошковски.Според него, согласно сегашните количини, обрасци има до прва половина од мај - ако продолжи истата динамика на печатење.„Ако месечно произведуваме 75 до 80 илјади патни исправи, бројка драстично зголемена со претходните месеци кога имало 50 илјади, ако продолжиме така, до средината на мај ќе се исцрпат обрасците“, додаде Тошковски.Тој кажа дека работат во насока да се обезбедат обрасци до мај, за да не се прекине процесот на производство на пасоши.„Политичарите лажат, бројките не лажат. Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец, граѓаните можат да ги видат. Тоа значи дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред. Сега не е хаотично со јамболии пред полициска станица во 12 часот на полноќ“, додаде Тошковски кој тврди дека драстично се зголемува бројот на издавање на документи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

„Беса транс“ четири години не смее да превезува патници, газдата година и осум месеци во затвор

„Беса транс“ доби четиригодишна забрана за вршење дејност, а сопственкот на превозникот, Беким Хаџиу, доби 1 година и 8 месеци затвор. Оваа пресуда ја донесе судијата Ивица Стефановски. Според него, сопственикот и превозникот се виновни, бидејќи знаеле, а немале извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски - а границата се поминувала со лажен документ. Пресудата не е правосилна, бидејќи обвинетите имаат право на жалба до Апелација.Адвокатот Асмир Алиспахиќ најави жалба на пресудата бидејќи според него, не може да се донесе ваква пресуда бидејќи не е исполнето битието на кривичното дело. Обвинетиот е осуден за фалсификување на документ, односно документ со кој автобусите на „Беса транс“ поминувале нелегално граница.„Со оглед на образложението, ќе се жалиме на пресудата. Ова кривично дело не е поврзано со несреќата која се случи во Бугарија. Ова е кривично дело во делот на работењето на правното лице 'Беса Транс'. Ако се направи компарација со други направени вакви сличаи, сметам дека во оваа ситуација, казната е превисоко одмерена“, вели Алиспахиќ Асмир, адвокат на „Беса Транс“ и сопственикот на превозникот, Беким Хаџиу.„Сите бевте сведоци на одлуката на судот и целосно беше прифатено обвинението. Она што можам да го кажам е дека ќе чекаме писмена одлука на судот, за да видиме што ќе преземеме понатаму. Обвинителството во обвинението посочува дека Министерството за транспрот и врски нема издадено извод од лиценца, тоа значи дека автобусот покажувал пред надлежните органи извод од лиценца, а за тој автобус воопшто немало“, вели обвинителот Владимир Милошевски.Овој предмет не е за причините за сообраќајната незгода, бидејќи тој случај се водеше во Бугарија.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-azeski-2

(Видео) Ако коза лаже, рог не лаже, што кажа навистина Азески за Ковачевски

По написите во јавноста и цитирање на изјавата на Азевски, Стопанската комора на Северна Македонија известува дека претседателот на СКСМ Бранко Азески јавно ја негира информацијата која се појави во одредени медиуми.Тој, велат, никогаш не изјавил дека актуелниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски му рекол „Имам итен состанок“, а на тоа господинот Азески прокоментирал „а после го гледаш во Трибека кафеана“.„Нагласуваме дека господинот Ковачевски бил премиер кој секогаш и во секое време бил на располагање на бизнис- заедницата, обединета во СКСМ“, велат од Комората.А еве што всушност кажа Азевски со што се демантира демантот на Комората.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Инспектор Џафери „упадна“ во канцеларија во СВР Тетово: Колку луѓе работите овде?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање колкумина работат во таа просторија, доби одговор дека станува збор за седуммина. Кога праша еден од присутните што чека, тој на албански одговори дека му треба финансиска потврда.Кога Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па и одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е барањето и потребата. Каде ви е барањето на колегата му треба потврда?“, рече Џафери, а службеничката му возврати: „Не ве разбирам“.„Затоа што не ме разбирате, тој кажува дека му треба ппотврда финансиска, а не му треба. Ни ти ни тој не кажувате тоа што треба. Јас знаеш колку такви потврди сум потпишал? Он не треба да дојде овде, треба да поднесе таму кај што треба, а ти ќе го повикаш и ќе дојде“, рече Џафери алудирајќи дека го лажат.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1-2

(Видео) Најчевска за „инспектор“ Џафери: Ма будалата нема појма што треба да прави и оди наоколу и манифестира моќ на најпримитивен начин

Професорката по право, Мирјана Најчевска со низа критики за потегот на техничкиот премиер Талат Џафери, кој влета во СВР Тетово во улога на инспектор, каде караше вработена и ѝ раскажуваше како тој пола живот го има поминато во војска, а пола во Собрание. Најчевска смета дека ова не смее да се дозволи ни во најнесериозна држава.„Ох будала невидена. Тој сакал инспектор да биде а го ставиле премиер. Ма будалата нема појма што треба да прави и оди наоколу и манифестира моќ на најпримитивен начин.Ова не смее да се дозволи ни во најнесериозна држава“, напиша Најчевска.Лавина коментари од јавноста, а реакција имаше и од пратеникот Драган Ковачки кој рече дека Џафери не смее да врши самостојни посети во полициските станици, а смета и дека со потегот кој го направил лечел фрустрации врз вработените.Џафери вчера беше во СВР Тетово и во една од канцелариите влезе со камери. Таму воспоставуваше ред и бркаше луѓе од просторијата.

Коментари | пред 1 година

kocevski1

Новиот државен обвинител почасти стотина гости за изборот: пола забава платена од државна сметка, пола од џеб

Новиот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски си направил забава за добредојде во куполата на Јавното обвинителство, а ги поканил колегите, претставници на стручна фела, невладини организации и државни институции. Коцевски трошел од државната каса за да ги угости со кетеринг, а пијалаците ги платил од сопствен џеб. Есапот излегол околу 80.000 денари, тврди Обвинителството. На собирот ја повикал и Вилма Русковска, иако таа беше разрешена поради незаконско постапување од Комисијата за дисциплински повреди, чиј претседател беше токму Коцевски. А на собирот биле поканети актуелни и поранешни обвинители, меѓу кои, и неговиот претходник, Љубомир Јовески, како и други пензионирани обвинители.„Скопје1“ дознава дека забавата била минатиот четврток, а имало над 100 гости. За оваа информација побаравме потврда и од Обвинителство, кои пак велат: „Обвинителството не поседува листа на гости кои се одзвале на поканата“. Прашавме и кој ја правел листата на пожелни гости кои треба да му посакаат успешен старт на Коцевски, но и на тоа прашање нема одговор.„По состанокот беше организирана и неформална средба на јавниот обвинител и останатите јавни обвинители со претставници на стручната фела, невладини организации и на повеќе државни институции“, стои во кусиот одговор од Обвинителство на прашања за поканетите гости.Обвинителството можело да ја плати и целата сметка за забавата на Коцевски, но новиот државен обвинител решил дел да подмири сам. Доказ за уплатата на храната, Обвинителството достави до „Скопје1“. Колку чинеле пијалоците – не е познато, но од Обвинителството велат дека и тие ги донел Коцевски.„Иако Јавното обвинителство, врз основа на законски прописи и одобрен Буџет од Министерството за финансии има спроведено јавна набавка за кетеринг услуги и има предвидени средства за таа намена, од тие средства беа искористени само 39.102 денари, односно помалку од половина од сметката за храна. Останатиот дел од сметката во висина од дополнителни 40.698 денари, како и трошоците за пијалаци послужени за време на неформалната средба ги плати лично Јавниот обвинител Коцевски“, додаваат од Обвинителството за „Скопје1“.Според уплатницата која ја достави Обвинителството, Коцевски долгот кон фирмата која ги гоштевала гостите го платил денеска на пладне. Иако имало над сто гости, тој платил од својот џеп за 51 лице. За останатите, парите се издвоени од буџетот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски за однесувањето на Џафери: Најмалку што очекувам е да се извини, ниту еден вработен не заслужува да биде така третиран

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека е непрофесионален односот на техничкиот премиер Талат Џафери кон вработените во СВР Тетово и службеничката на која ѝ објаснуваше колку време тој служел војска и каде работел. Тошковски очекува извинување од Џафери, особено по големиот број на реакции од јавноста.„Во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи би сакал да го истакнам следново: Како министер за внатрешни работи, а пред се како човек сметам дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност и таа почит треба да биде изразена од страна на секого, независно дали е премиер, министер или извршува било каква друга функција. Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот за време на извршување на работни задачи, токму како припадник на министерството за внатрешни работи.“, вели Тошковски за „Скопје1“.Реакции за однесувањето на Џафери дошле до него, но и до неговиот кабинет. Посочува дека ја следи и јавноста, па додаде дека реакциите се оправдани.„Во тој контекст сметам дека најмалку што може техничкиот премиер Талат Џафери да направи во овој момент е да се извини за ваквото однесување и во иднина да се воздржи од вакви постапки кои сигурно нема да придонесат за подобрување на работата на институциите“, додава Тошковски за „Скопје1“.View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Осуди за однсувањето на Џафери дојдоа најпрво од граѓаните, потоа и од пратеникот Драган Ковачки, но и професорката Мирјана Најчевска која го нарече „будала невидена“.Џафери вчера беше во СВР Тетово и во една од канцелариите влезе со камери. Таму воспоставуваше ред и бркаше луѓе од просторијата.

Македонија | пред 1 година

949DE579-01E4-4DB3-84E9-B4A4962BD8E1

Мијалков доби слобода и во „Трезор“

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и останатите обвинети во „Трезор“, добија слобода. По четири години од првата пресуда, но и менувањето на Кривичниот законик, за случајот објавена беше нова првостепена пресуда.„За обвинетиот Сашо Мијалков, за обвинетиот Горан Грујевски, за обвинетиот Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијката Имране Селмани.Таа појаснуваше и како се работел предметот.„Одново прашањата се разјаснува од 15 февруари 2022 година. Судот постапувајќи во повторената постапка, согласно напатствијата од Апелација, закажа и одржа повеќе главни расправи. Обвинителството изврши и измена во однос на правната квалификација во однос на делата, на начин што сега, Сашо Мијалков и Горан Грујевски, сториле злоупотреба на службена положба и овластување... Наместо дејствието искористување на службената положба, се товарат за пречекорување на границите на службената положба“, додаде судијката.За Небоша Стајковиќ била стопирана постапката, оти му застарело делото.Со првата прсуда која беше укината, Мијалков доби - 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апелација во 2022 година. Пет месеци судиите ја пишувале пресудата.„Трезор“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски беа обвинети дека предизвикале штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на опрема за потребите на УБК. Според судот, обвинетите се договориле да купат опрема за потребите на МВР од британската компанија „Гама интернешнл“, а како посредник била искористена фирмата „Финзи“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Мијалков побарал да излезе порано од затвор: Кривичен го одбил, спас бара во Апелација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој призна вина во „Империја“ и доби три години затвор, барал условен отпуст, дознава „Скопје1“. Ова е можност која ја имаат сите затвореници кои ќе издржат половина од казната, а поради добро поведение, може да побараат да изезат побрзо. Кривичниот суд постапувал по неговото барање, но не му го одобрил, со што, тој треба да остане во струшкиот затвор до крај на казната.Сепак, Мијалков спас ќе бара во Апелација. Решението на Кривичниот совет од Кривичен суд го обжалил пред апелационите судии. Сега, второстепениот суд ќе може да му ја прифати жалбата и да му даде отпуст или пак да го потврди решението.Освен за случајот „Империја“ каде сам призна вина и се договори со обвинителката Лиле Стефанова да добие помала казна, Мијалков нема да понесе никаква одговорност за најголем дел од другите предмети каде беше обвинет. Застаре најголемиот предмет „Таргет-тврдина“ за прислушувањето, како и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Не се знае иднината на предметот „Трезор“ за набавката на британската опрема за следење на комуникации. Мијалков има уште една условна казна, а тоа е за предметот „Плацови на Водно“.Казната за „Империја“ ја издржуваше во струшкиот затвор. Станува збор за отворен тип на затвор, што значи, тој излегува денски, се враќа ноќе. Тами треба само да преспие, ако се следи правилникот.Последно, Мијлакови успеаа да си ги повратат и становите кои им беа конфискувани од „Империја“, и тоа за џ'блк цени.

Македонија | пред 1 година

AKCIJA-POLICIJA

Затворски полицајци од Шутка завршија во притвор во Грција: едниот на боледување, другиот со слободни денови шверцувале мигранти

Затворски полицајци од затворот „Скопје“ во Шутка се уапсени во Грција, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, тие биле запрени на контрола, кога грчката полиција во нивните возила нашла мигранти кои ги превезувале. Станува збор за лицата Кире Т. и Мурат В. кои во истражниот затвор биле чувари.Двајцата биле изведени пред истражен судија во Грција, каде им бил одреден притвор. Извори за „Скопје1“ брифираат дека едниот полицаец бил на боледување кога правел шверц со мигранти, додека другиот користел слободни денови.„Скопје1“ побара детали од истражните органи во Грција во врска со случајот, од каде очекуваме одговори.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-15-at-11.13.26

Вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе се тресе поради издавање документи без „северна“ изминатите пет години

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „северна“ – немаше одговор. Вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите пет години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што било пропишано.„Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста е за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка“, рече Коцевски во првата изјава за медиумите.За потсетување, адвокатот Владимир Туфегџиќ посочи дека за ова треба да има одговорност.„Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02.2024 сабајле во 08,00 треба да биде во Јавно обвинителство“, напиша Туфегџиќ пред три денаПо заклетвата, новиот државен обвинител посочи дека ќе постапува според Уставот и законите, па додаде дека искуството ќе му помогне да биде одговорен шеф.„Со моето долгогодишно знаење мислам дека можам да одговорам на функцијата. Во програмата која ја дадов, основните начела се транспарентноста, а тоа ќе ја поттикне ефикасноста кај јавните обвинители и ќе ја подобри довербата кај јавноста. Тоа треба да биде единствениот орган кој се бори со корупцијата. Ова што го ветувам ценам дека ќе го исполнам. Сега пред јавноста изјавувам дека Обвинителството и јас ќе бидеме отворени за јавноста, ќе бидеме во секое време отворени за информации“, додаде Коцевски.Неговата биографија не е јавно објавена. Познато е дека ако не беше избран на функцијата, за неколку месеци ќе беше пензиониран.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-13-at-21.59.54

Ако не го избраа за државен обвинител, годинава ќе одеше во пензија - Коцевски во шест страни кажа што ќе прави шест години на функцијата

Шест страници со многу сликички, од кои, на две се приоритетите, а на по една се клучните стратегии, планираните активности и заклучокот - вака изгледа програмата на новиот државен обвинител Љупчо Коцевски, кој во следните шест години треба да раководи со Републичкото обвинителство. Во старт објаснува што за него значи одговорно лидерство, па покажува дека ја знае организациската структура, по што посочува: „оваа програма ја отсликува мојата визија за приоритетите на обвинителството...“. Коцевски има 63 години, а според информации на „Скопје1“ годинава полни 64 години, што значи би заминал во пензија. Но бидејќи доби мандат од шест години, пензијата ќе почека.Во приоритети, Коцевски, за кого не се знае многу, наведува дека е решен да го разбие криминалот, да ја зголеми ефикасноста во работењето, но и транспарентноста.„Посветено ќе се залагам за бескомпромисен кривичен прогон на сите сторители на кривични дела. Приоритетите на обвинителството ќе бидат усогласени со приоритетите на ЕМПАКТ платформата (Европска мултидисциплинарнa платформa за сузбивање на криминални закани), надополнети со она што, согласно статистичките показатели во Република Северна Македонија е криминалитет, од кој граѓаните се најмногу засегнати. Централно место во овие приоритети зазема борбата против корупцијата, сузбивањето на организираниот криминал, тероризмот, компјутерскиот криминал, трговијата со луѓе, сексуалната експлоатација на деца, трговијата со мигранти, трговијата со наркотични дроги, измамите, економскиот и финансискиот криминал, еколошкиот криминал, трговијата со оружје, семејното и родово базирано насилство, насилството извршено преку интернет и слично“, стои во делот за борбата против криминалот.Приоритети ќе му бидат отчетноста и транспарентноста, финансиската самостојност, унапредување на меѓународната соработка, промовирање на култура на интегритет. Скоро сите се точки, за кои и кај неговите претходници кажувале дека им се најважни. Потоа во делот на „клучни стратегии“, наведува дека најважно е имплементирање на препораките од Европската Унија и меѓународната заедница, па споменува и куп планови кои ги има.Има и дел со планирани активности, па и тука повторува дека ќе внимава на отчетноста и транспарентноста, а ќе унапредува и меѓуинституционална соработка. Осврт става на конфискација на имот, финансиски истраги и стратешко партнерство.„Да се биде јавен обвинител на Република Северна Македонија е одговорна задача која бара познавање на состојбите и предизвиците со кои се соочува обвинителството, искуство во кривичниот прогон, раководни и комуникациски вештини, професионален авторитет и доверба кај колегите. Искрено верувам дека можам да одговорам на предизвикот да го водам Јавното обвинителство, за што имам конкретна визија и план, но и решителност тие визии и планови да ги остварам. Свесен сум дека ме очекуваат навистина големи предизвици: од успешно спроведување на дигитализацијата, преку унапредување на условите и квалитетот на работењето, па се до етаблирање на обвинителството како орган на кој граѓаните ќе му веруваат и каде ќе се обратат за заштита на нивните права. Доколку бидам избран на функцијата, посветено ќе работам со единствена цел - градење на домашниот и меѓународниот кредибилитет на јавното обвинителство како вистински партнер на институциите и на сите граѓани, заштитник на сигурноста и на јавниот интерес, ефикасен борец против сите облици на криминал“, пишува Коцевски кој стана државен обвинител.Програмата погледнете ја тука.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-03-18-at-00.24.43

Уште пред да ги изберат, се знаеше дека ќе бидат тие: Пеливанов и Сарамандова си одат во Вишо

Обвинителите Наташа Сарамандова и Трајче Пеливанов се избрани за обвинители во Вишо обвинителство, како што најави „Скопје1“ утринава пред седницата. Нивниот избор беше договорен уште пред седницата, за што брифираа извори од Советот на јавни обвинители за „Скопје1“. На седницата по кратките пофалби, двајцата обвинители го добија само мнозинството гласови.Изборот на Пеливанов во повисокото обвинителство доаѓа во период кога за него беше објавен скандл. „Алфа“ пишуваше дека додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – а пораки го открија пријателството. За него има дисциплинска постапка и пред Советот на јавни обвинители, истото тело кое денеска планира да го избере во Вишото обвинителство-Скопје. Тој е познат и како „наследникот на Русковска“, бидејќи беше в.д. шеф кога Вилма беше супсендирана поради дисциплинската постапка која се водеше против неа. Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, минатиот април, Пеливанов беше дел до тимот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинителот Пеливанов, како обвинител од СЈО во група со обвинителката Ленче Ристоска и Артан Ајро го застапуваше обвинението за масовното незаконско прислушување, но и за нелегалната набавка на британска опрема за следење за кои Сашо Мијалков.Сарамандова пак, се обиде да стане обвинтиелка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но неуспешен. Сарамандова е позната по четири предмети, од кои едниот е поврзан со гонењето на Здравко Савески поради фрлањето боја за време на шарената револуција врз државните фасади. Второто обвинение покренато од неа е против поранешниот судија кој сега е во затвор Владимир Панчевски за злоупотреба на АКМИС-системот. Последно во низата е обвинението против Емил Јакимовски за заканите против новинарки и семејно насилство, каде беше досудена дваесетмесечна затворска казна. Последниот е поврзан со гонење на десет лица од кои пет се од МВР, осомнични за шверцување на лускузнзи автомобили.Пеливанов и Сарамандова на чекор до Вишо – кои предмети ги водеа, за да сега бидат унапредени - Скопје1.мк (skopje1.mk)(Видео) Додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – пораки го открија пријателството - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-12-at-15.20.08

(Видео) Возачките да важат до крајот на годината е законското решение кое ќе го гласаат пратениците

Пратениците ќе гласаат измени на закон со кој возачките дозволи ќе важат до крајот на годината. Со 88 гласа „за“ предлогот се најде на седница, а потоа беше пратен на разгледување на комисиите. Ќе се носи по скратена постапка. За законот има консензус од сите политички партии.„Се работи за мали измени на законското решение, во одредбата каде што стои 12 февруари, се заменуваат со 31 декември 2024 година или до крајот на годината. Сметаме дека ова законско решение кое ќе помогне во надминување на проблемите со личните документи, ќе донесе намалување на напнатоста и редиците на чекање“, рече Никола Мицевски.Законското решение откако ќе биде разгледано на матичните комисии, ќе биде ставено на гласање на пленарна седница. Продолжението на пленарната седница ќе биде во 16:20 минути.

Македонија | пред 1 година

Untitleuyuhud-1

Нови детали од истрагата за Вања: Се бара реконструкција, сослушани клучни сведоци - ќе има ли нов тек на случајот

Реконструкција на киднапирањето на Вања Ѓорчевска со кое ќе се утврди релевантноста на исказите и ќе се докаже дека таткото Александар Ѓорчевски немал вина, бара адвокатот Владимир Туфегџиќ. Тој во изјава за „Скопје1“ посочува дека изминатиот период се сослушани клучни сведоци кои биле во контакт со таткото во критичниот период кога Вања беше киднапирана и убиена. Тврди дека од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска не добиле ниту еден доказ од кој може да потекнува сомнението дека таткото учествувал во чинот на киднапирање.„Со проактивниот пристап на одбраната до сега се сослушани сите клучни сведоци кои биле во комуникација со таткото на детето во критичниот период. До сега ниту на мене ниту на мојот клиент не ни е презентиран ниту еден вербален или материјален доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело кое му се става на товар“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Упатено е обвинителката да направи реконструкција на настанот, бидејќи според адвокатот, на тој начин, ќе се утврди дали исказите против таткото се релевантни.„Очекувам Јавниот обвинител да превземе дејствие реконструкција на настанот во и околу зградата на ул. Наум Наумовски Борче, бидејќи само на тој начин, со непосредно забележување и опис на дејствијата на лице место може да ја утврди и провери релевантноста на досега изнесените наводи кои се однесуваат на таткото на детето. Реконструкцијата може да биде направена компјутерски заради комплексноста на самата локација. Убеден сум дека со оваа постапка е направена уште една голема трагедија но времето е најголем сојузник до вистината“, посочува адвокатот Туфегџиќ.Тој се сомнева дека поради недостаток на докази, притворот за таткото на Вања ќе се правда со потребата да се заврши екстрадицијата на осомничениот за организација и реализација на двете убиства, Љупчо Палевски.„Во наредниот период Јавното обвинителство веројатно ќе ја правда потребата од мерката притвор поради фактот што сѐ уште не е екстрадиран Љупчо Палевски, за чија екстрадиција не сум убеден дека ќе оди со динамика како што тоа во јавноста се обидуваат да го претстават политичките чинители, особено сега во предизборниот период. По однос на ова прашање не добивме одговор од надлежните, дали Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор или во привремен затвор како што е објавено во јавноста, бидејќи екстрадиционата постапка не познава категорија привремен затвор“, додаде Туфегџиќ за „Скопје1“.Според него, прес-конференцијата на Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски, создала амбиент за линч на таткото. Туфегџиќ е дециден дека некој имал мотив таткото да го прикаже како проблематичен случај.„После онаа несреќна и непрофесионална прес конференцијата на министерот и Јавниот обвинител, на која се изнесени низа нелогичности и претпоставки и се создаде амбиент на колективен јавен линч на таткото на детето, се надевам дека во текот на постапка ќе го добиеме одговорот на клучното прашање а тоа е кој, зошто и со кои аргументи имал мотив уште од првиот ден таткото на детето да биде прикажан во јавноста како проблематичен социјален случај, иако однапред се знаело дека тоа нема врска со вистината, а неговото семејство е познато и пристојно финансиски ситуирано“, додаде адвокатот.Според него, ова е важно прашање, па потсети и дека политичари создавале простор за сатанизација на Ѓорчевски. Во тој период, фотографија од таткото објави и актуелниот пратеник од СДСМ, Мартин Костовски кој за осомничениот меѓудругото напиша: „... ти не си татко, ти си р’ѓa монструозна“.„Ова е клучно прашање на кое одговор треба да дадат и некои актуелни политичари кои со објави на своите ФБ профили имаат огромен придонес во создавањето на ваквиот амбиент на сатанизирање и јавен линч“, додава Туфегџиќ.Истрагата за двете убиства и натаму е во тек. Обвинителстовото ги доби двата обдукциски наоди за убиствата, но не сподели ништо со јавноста. Се молчи и за фактот дали е најдено оружјето со кое се убиени Вања и Панче, а истовремено, обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска презема и други истражни дејствија.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-02-at-10.48.32

Ексшефот на кабинет на Ковачевски е вдомен: „Недостасува уште координатор за координирање на националните координатори“

Експремиерот Димитар Ковачевски креирал специјално место кај националните координатори во Владата, за да го вдоми неговиот доскорешен шеф на Кабинет, Мартин Попов. На 9 јануари, шеснаесет дена пред Ковачевски да поднесе оставка, Владата донела решение со кое Попов го назначува за национален координатор за следење на реализација на програмата на Владата. Но, морал да остане до Ковачевски до 25 јануари, кога тој поднесе оставка.„Мартин Попов се именува за Национален координатор за следење на реализацијата на програмата на Владата, сметано од 25 јануари 2024 година“, пишува во решението на Владата“, стои во објавеното решение во Службен весник.Ваков национален координатор до овој момент немало. Тоа го покажува и веб-страницата на Владата. Тоа значи дека Попов е првиот кому му се дава функција да следи реализација на програма на Владата. „Скопје1“ стапи во контакт со Попов од кого побаравме став, но тој неколку дена не одговара на нашите прашања.[caption id="attachment_276873" align="alignnone" width="774"] Попов е на специјално креирано национално координаторско место, оти до сега не постоело[/caption]Националните координатори за првпат во јавноста станаа актуелни пред минатите парламентарни избори во 2019/2020 година. Тогаш, пред раководењето со Владата да го преземе техничката Влада, експремиерот Зоран Заев, национални координатори ги направи Бојан Маричиќ, Марјан Забрчанец, Роберт Поповски и Роберт Алаѓосовски кои останаа без функции. Тогаш се коментираше дека СДСМ ја уникала функцијата „министер без ресор“, но затоа креирала нови места како „национални координатори“.„‘Национален координатор’ - функција која се доделува секогаш кога за едно лице повеќе од месец дена лупаш глава и се прашуваш каде да го сместиш“, пишуваа граѓаните пред три години.Други пак коментираат: „Недостасува уште координатор за координирање на националните координатори“.

Македонија | пред 1 година

maxresdefault-7

Нови кавги и тензии во Судски: „Личните нетрпеливости оставете си ги пред врата“

Нови кавги избија во Судскиот совет. Претседателката Весна Дамева и членот Лорета Горгиева се скараа оти Дамева укажа дека треба да се постапува ажурно, а претставките од граѓаните да не чекаат по два месеци за одговор. Горгиева реагираше бурно оти претседателката и пререче, а се надоврза и членот Селим Адеми кој се обиде да ја оправда Горгиева. Прва започна Дамева која праша дали претставката која Горгиева ја презентира е нова и од кога се постапува. Потоа следуваше првата реакција.„Јас да замолам сите членови, да внимаваме за ажурноста. Оваа претставка од 19.10, имаше и други претставки, се повеќе од 2-3 месеци. Ве молам поради јавноста колеги, молба е, бидете ажурни. По 2,5 месеци, без извиди да кажуваме на странката, ќе биде на наша штета“, рече Дамева.На ова возврати Горгиева.„Бидејќи продолжувате со исти стил на работа, да ве известам дека претставката е нова. Оваа претставка беше повлечена бидејќи стручниот соработник беше на боледување и не е на работа до ден денеска, претставките беа кај него и немаше услови за реферирање. Ве молиме да си држиме до нивото, да не правиме тензии од нешто што не постои. И потоа да зборуваме дека некој го нарушува јавниот ред и мир. Уредно и достоинствено да си работиме“, рече тааПовторно возврати Дамева.„Граѓаните не ги интересира, ако имате проблем со стручните, кажете ми ќе преземам мерки. Ова се однесува на сите не е ништо лично“, кажа претседателката, на што се надворза одново Горгиева: „Ова е лично, ве замолувам на ниво. Ова ги поминува граѓаните“.Во кавгата влета и Селим Адеми, ексзаменик претседателот кој незаконски ја разреши Дамева.„Имаме претставки и по шест месеци. Ве молам“, рече Селим Адеми.Со ова се согласи и Горгиева која на Дамева ѝ рече: „Ве замолувам како претседател, дадете допринос да работиме професионално и чесно. Личните нетрпеливости оставете си ги пред врата“.По ова продолжи седницата на која се расправа по претставки од граѓани против судиите.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања