„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

WhatsApp-Image-2024-01-05-at-21.23.48

Обвинителите „се судрија“, Незири ќари слобода - на судиите не им било јасно образложнието па го пуштиле од куќен притвор

Обвинителот од скопското Обвинителство кој го гони Беким Незири од ДУИ за упадот во М-НАВ бил дециден дека осомничениот требало да остане во куќен притвор, истовремено, виш обвинител посочил дека треба да биде пуштен да се брани од слобода. Според обвинителот кој ја води истрагата против Незири, постои страв осомничениот да уништи траги, да влијае врз сведоци, а не е извршено ниту вештачењето на мобилниот, се прибираат докази. Сето ова за нивните колеги од повисокото Обвинителство не се факти за да Незири остане во куќен притвор.Судиите Тања Милев, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау од Апелација не разбрале зошто се бара Незири да биде во притвор оти образложението и фактите од списите не биле исти.„...Меѓутоа, по оцена на овој суд имајќи ги предвид жалбените наводи истакнати во жалбата на Основното јавно обвинителство С. против решението на Судијата на претходната постапка како и списите на предметот КПП.бр.9/24, утврди дека причините за донесување на обжаленото решение наведени во образложението на истото по однос на основите за определување на мерка куќен притвор, се нејасни и не кореспондираат со фактите кои произлегуваат од списите во предметот, во која насока е и дадениот предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје“, стои во решението на Апелација.Па така, Вишото обвинителство, се согласило со Апелација дека нема реални факти Незири да избега.„Воедно, видно од содржината на предлогот за определување на мерката притвор не произлегува дека во истиот се приложени докази или се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничениот, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучениците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Во таа насока, ниту во обжаленото решение со кое кривичниот совет при првостепениот суд определил мерка куќен притвор не се наведени образложени причини релевантни за донесување на одлуката за преиначување на решението на судијата на претходна постапка и определување на мерка куќен притвор“, стои во решението од Апелација.Тројцата судии одлуката да го ослободат Незири го гледа како човек кој нема да избега туку ќе докажува невиност.„Дотолку повеќе што се работи за семеен човек, татко на три деца, живее и престојува на позната адреса истиот е вработен, како и фактот дека не е доставен доказ по однос на осудуваноста на осомничениот, а воедно ниту во наредбата не се наведени ниту оштетените или одговорните лица и кои материјални докази треба да бидат преземени во текот на истражната постапка“, се додава во решението.Незири е осомничен дека го овозможил влезот на тепачите во кругот на М-НАВ, со што бил загрозен воздушниот сообраќај, бидејќи упадот бил во зградата каде е контролата на летање. Еден контролор беше и физички нападнат, другите добија закани.Ова дојде по прес-конференцијата на Синдикатот на котролори на летање, кои најавија повлекување од работните позиции бидејќи преку оглас имало обид за вработување на некомпетентни партиски кадри.Претходно:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Нино Васев: Тој што напиша дека се давала физиолошка терапија наместо лек треба да понесе одговорност, ако не се докаже

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев, побара одговорност од новинарката која напишала дека пациенти наместо лек, добивале само физиолошка терапија. Тој кажа дека доколку тоа не се докаже, ќе треба да се понесе одговорност. Одговараше околу еден час на прашања од пратениците дел од Анкетната комисија.„За да се даде физиолошка терапија наместо лек, тој што тоа го напиша треба да го докаже и да понесе одговорност ако не е така“Тој пријавил две кражби извршени од медицинска сестра, која самиот тој по првата ја вратил на работа. Кажува дека било наложено, а случаите немале судска разрешница.„Пријавив два случаи, едниот јас, другиот со економскиот директор. Првиот беше кражба во дневната болница, ја пријавија три сестри со главната сестра. Викнавме служби, беше фатена со три кеси лекови по завршеток на смена. Случајот по шест месеци, кој не влезе во процедура, со адвокат таа (сестрата) беше вратена на работа, но не е ставена во дневна болница, туку на одделение да работи без можност да дојде во контакт со лекови. Истата особа, оваа година, го повтори делото со новото раководство и е отстранета од работа“, кажа Васев.Тој кажа дека ги почитувал сите министри кои раководеле со здравството.

Македонија | пред 1 година

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Беким од ДУИ не е во притвор оти не може да влијае на тепаниот, а никој не вршел притисок врз обвинителот, велат од Вишо обвинителство

Беким Незири не може да влијае врз тепаниот контролор од М-НАВ, па затоа виш обвинител од Скопје му предложил на судот да го пушти од куќен притвор. Ова е оправдувањето кое го дава скопското Вишо обвинителство за „Скопје1“ по однос на мислењето Незири да остане само без пасош. Прашавме и како се сигурни дека Незири нема да го повтори делото, а со оглед дека тој се врати на работа во М-НАВ, на што скопскиот виш обвинител посочи дека Незири нема да го стори тоа оти во спротивно ќе оди во притвор.„Оштетениот дал исказ пред јавниот обвинител со што се отстранува секаква можност за да се влијае врз него по однос на неговиот исказ“, велат од Вишото обвинителство за „Скопје1“.Со оглед дека Незири е висок партиски човек на ДУИ, прашавме дали некој влијаел да се добие позитивно мислење со кое Апелација ќе го ослободи осомничениот.„Никој не вршел притисок врз јавните обвинители од Вишото јавно обвинителство Скопје по однос на нивното мислење доставено до Апелациониот суд. Обвинителите, пред да ги донесат своите одлуки, реферираа за нив пред Вишиот јавен обвинител, кој е запознаен и согласен со одлуките“, велат од Вишото обвинителство за „Скопје1“.Пред четири дена, Незири беше пуштен од притвор со одлука на Апелација.„Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети како и наводите во изјавената жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат“, велат од Апелација.Незири е осомничен дека го овозможил влезот на тепачите во кругот на М-НАВ, со што бил загрозен воздушниот сообраќај, бидејќи упадот бил во зградата каде е контролата на летање. Еден контролор беше и физички нападнат, другите добија закани.Ова дојде по прес-конференцијата на Синдикатот на котролори на летање, кои најавија повлекување од работните позиции бидејќи преку оглас имало обид за вработување на некомпетентни партиски кадри.

Македонија | пред 1 година

klisarova

Пациентите на уапсениот Нино Васев ќе добијат терапии, уверува директорката на Онкологија и тврди дека болницата функционира нормално

Клиниката за онкологија функционира нормално, терапии се даваат, уверува директорката и доктор, Виолета Клисаровска за „Скопје1“, а откако ексдиректорот и доктор кој води пациенти, Нино Васев беше уапсен. Таа уведува дека нема потреба од паника, бидејќи сите терапии ќе бидат дадени согласно термините кои пациентите ги има.„Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално, во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите“, вели Клисаровска за „Скопје1“.Таа нема коментар за апсењата кои се случија на нејзината клиника.„Што се однесува до истрагите кои се водат и информациите од утрово, ве молиме да се обратите до надлежните институциите“, додава Клисаровска за „Скопје1“.Претходно, објавивме дека Нино Васев со лисици е изнесен од болницата. Тој е во полициска станица, а е осомничен во предметот кој го води скопското Обвинителство за кражба и злоупотреба на цитостатици. Тој ќе биде задржан во станица 24 часа, дознава „Скопје1“. Потоа, ќе се одлучува дали ќе се бара мерка за обезбедување присуство како што е приворот, куќниот притвор, одземање на патни исправи, јавување во суд.Истовремено, три лица опфатени со истрагата во моментов се недостапни за органите на прогнот и по нив се трага.

Македонија | пред 1 година

korge

(Фото) Нино Васев е уапсен на Онкологија, со лисици однесен во полициска станица

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев е приведен на почетокот од работното време во просториите на болницата, дознава „Скопје1“. Приведувањето е по налог на обвинител, а во склоп на истрагата за кражбата на цитостатици и нивна злоупотреба. Васев има статус на осомничен во овој предмет.Според информации на „Скопје1“ тој ќе биде задржан во полициска станица 24 часа, време во кое ќе треба да даде исказ пред полицијата и обвинител. „Скопје1“ се обиде да исконтактира со Васев, но иако телефонот и натаму ѕвони, никој не одговара.Од Обвинителството само кратко потврдуваат дека акцијата е во тек, а информации најавуваат по нејзино завршување.Претходно објавивме дека има и лица кои се во бегство.

Македонија | пред 1 година

ubijci-vanja-2

Осомничени за убиството на Вања се жалеле на здравјето во Шутка, биле носени и на прегледи во клиники

Дел од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се жалат на здравствени проблеми и се носат на контроли во болница, открива директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов за „Скопје1“. Тој посочува дека состојбата им ја следи домскиот лекар. „Скопје1“ дознава дека на Клиника е носен и осомничен за кој МВР и Обвинителстовто кажаа дека признал вина во случајот и раскажал како се одвивале киднапирањата и убиствата.„Изолирани се во посебни ќелии, здравствената состојба ја следи домскиот лекар и по негово укажување се препраќаат и носат на посебни прегледи на соодветни клиники, за сите претворени лица во овој случај безбедноста е на високо ниво и се со посебен режим, достава на храна, прошетка на чист воздух“, посочува Андов за „Скопје1“.Истрагата за двете убиства и натаму е во тек. Обвинителстовото ги доби двата обдукциски наоди за убиствата, но не сподели ништо со јавноста. Се молчи и за фактот дали е најдено оружјето со кое се убиени Вања и Панче, а истовремено, обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска презема и други истражни дејствија.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

gjorge-david-1

Судот му го вратил пасошот на рокерот Ѓорѓе Давид кој усмрти жена, за да замине во Србија, без да побара став од обвинителот

Рокерот Ѓорѓе Давид (Николиќ) замина за Белград каде ќе одржи прес-конференција, откако судот во Куманово му го вратил пасошот. Судијата не побарал мислење од обвинителот за замена на мерките, туку само донел одлука. Сега, рокерот кој прегази жена близу границата „Табановце“ треба само еднаш месечно да се јавува во кумановскиот суд.„Судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово донел одлука за замена на мерките на претпазливост, при што одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од Основното јавно обвинителство Куманово не беше побарано мислење по однос на замената на мерките“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Несреќата се случи пред седум дена. 49-годишна кумановка го загуби животот, додека три други лица се здобиле со повреди. Се уште не е готово ниту вештачењето кое треба да утврди дали кај рокерот има вина.

Македонија | пред 1 година

tose

(Видео) Филмот „Једини“ за Тоше премиерно во Крушево - како сиромашното момче стана ѕвезда која блеска и денеска

Документарецот „Једини“ (Единствен) посветен на Тоше Проески, зад кој се потпишува Катерина Миловановиќ од српската „Прва Телевизија“, беше премиерно промовиран во Крушево, ден по неговиот роденден. Ладната сала во Младинскиот културен центар за момент стана сала на солзи. Како што најблиските пријатели на Тоше ги раскажуваа приватните моменти, а соработниците раскажуваа како настанувале големите хитови, така се нижеа емотивни нагони. Во документарецот, се зборува за детските денови на Тоше, моментите со пријателите, неговата желба за живот без слава, хуманоста, но и тешките моменти со семејството кое било на прагот на сиромаштијата. Миловановиќ со нејзиниот тим специјално дојде во Крушево за промоцијата. Беше придружувана со единствениот медиум во салата, покрај „Скопје1“. Се заблагодари на сите.„Кажавте многу. Морам да се заблагодарам на сите кои сте овде. Гледам многу лица кои учествуваа во изработката на филмот и многу ми е драго за тоа. Фала што ги споделивте вашите спомени и чувствата кои долго ги чувавте, што дозволивте да ги видиме снимките и сликите прикажани во филмот за првпат. Беше задоволство да се работи овој филм. Верувам дека на најдобар начин успеавме да го прикажеме балканскиот ангел“, рече Милановиќ.Моментите со Тоше и неговата приватност ја сподели Јован Шапе, другар на нашата музичка легенда, со кого ги поминал деновите во училишните клупи. Меѓу другото, раскажа и за организацијата на концертот со минимални финансии, но без откажување. Цитати од Дора Проеска, сестра на Тоше, во кои таа раскажува како тој имал проблеми со очите, а тие имале пари само за автобуски билет кога го носеле на доктор во Прилеп – донесе емоционална бура кај сите присутни.„Еден ден пред да одиме на вежби за видот, со мајка ми влеговме во продавница. Пред нас, човек купуваше кикирики во вакуум. Тоше ја праша мајка ми: ‘Дали еден ден кога ќе имаме пари, ќе ми купиш вакви кикирики?’. Никогаш не бараше многу беше свесен дека семејството ни е многу сиромашно. Нема – нема..“, стои во цитатот од сестрата на Тоше.Најпознатото место во Крушево каде Тоше поминувал многу моменти е „Планет“. Имало дупка на кровот, која тој ја поправал, а до неа, негов потпис. Пријателите токму во истото кафуле, ги споделија снимките и фотографиите направени со Тоше. Во филмот зборува и вујкото на нашата ѕвезда, Тоше.Жељко Самарџиќ споделува како се запознале со Тоше и ја покажа првата касета која ја добил од него. Андријана Јаневска за моментите кога настанала несреќата и неверувањето дека Тоше го нема. Александар Митевски за моментите во неговото студио каде се снимаше и „Македонија навива за нас“. Глигор Копров за настанувањето на песната „Усни на усни“. Текстописецот Огнен Неделковски меѓудругото посочува: „Македонската музика не може да се опорави“. Новинарката Соња Алексовска, која напиша и книга за Тоше, исто така раскажа многу за него.Од првиот настап до последниот концерт, сите снимки се дел од овој документарен филм. За наградата „Златна бубамара“, во него зборува и Ранко.Документарниот филм е преведен на македонски јазик. Засега нема најава за емитување во Македонија. Но затоа, своја телевизиска премиера ќе има на српска „Прва“, утре (недела), во 18:50.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Уште две лица кои упаднаа во М-НАВ завршија зад решетки

Уште двајца од осум осомничени лица добија притвор за упадот во М-НАВ, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка од Кривичниот суд оцени дека можат да влијаат на сведоци, но и да избегаат, па им изрече ефективен притвор. Според наши извори, станува збор за Суат Шабани и Омер Абдулаху, вмешани во упадот.На двајцата им е одреден притвор од времетраење од 30-дена. Тие ќе бидат спроведени во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.На истражните органи им требаа две недели за да ги најдат и уапсат сите вмешани во упадот, кој резултираше и со тепање на контролор. Сите осум лица се сомничат за кривично дело загрозување на воздушниот сообраќај.Претходно, притвор им беше одреден на уште две лица, од кои едниот, уапсен на граница со Косово во обид да излезе од Македонија. За сите се бараше притвор, но Кривичен одреди останатите, меѓу кои челникот на ДУИ, Беким Незири, добија куќен притвор.Упадот се случи на 4 јануари, по прес-конференцијата на Синдикатот на котролата на летање кој најави оставки од раководните функции на повеќе лица поради оглас преку кој планот бил да се вработат партиски кадри.Владата пак, предложи, а надзорниот одбор го смени раководството. На функцијата остана само економскиот директор . Надзорниот одбор на М-НАВ ги именуваше Хекуран Асани и Милан Кораќ на местата на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

„Викаа 'држете го крадецот', а тоа биле тие“ - лица од МВР, министерства, агенции помагале на групата формирана да убива

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откри дека лица од институциите оддавале информации на криминалци и членувале во нив. Ова го кажа откако кажа дека 16 лица се уапсени, а биле дел од група формирана за убива и да транспортира дрога.„Утврдивме лица од институциите кои биле соработници во криминалните активности. Ќе бидете сведоци на наредниот период на нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секој еден“, вели Спасовски.„Има инволвирани од многу институции – МВР, министерства, агенции. Реков, можеби ќе се зачудите во наредниот период, но тоа мора да се покаже. Тие во еден момент викаа ‘држете го крадецот’, а всушност тие биле дел од истите“, додава Спасовски.МВР, Обвинителството и Европол, кои ја спроведувале оваа акција, обезбедиле комуникации помеѓу членовите на групата, а водени на апликацијата „Скај“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Група убивала низ Македонија, членови биле 16 лица: Организаторите ги правеле плановите, а ги спроведувале и преку посредници

Група убивала и продавала дрога низ Македонија. Имале планови и дејствувале. Осомничени се 16 лица. Претреси имало на 20 локации, шестмина се уапсени, повеќе лица се надвор од Македонија, а едно лице е уапсено во Шпанија. Деталите ги сподели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.„Бирото за јавна безбедност под раководство на ОЈО-ГОКК, со поддршка на Европол, презеде активности за лишување од слобода на лица за кои постои сомневање дека биле дел од меѓународна група, вршеле продажба на дрога и учествувале во убиства. Ова е резултат на повеќемесечната истрага во рамки на која беа обезбедени доволен број на докази, дека од декември 2019 до март 2021 година, пријавениот Ш.М. заедно со уште две лица О.Б. (Орхан Бахрами) и Ј.К. формирале група. Таа била формирана за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече Спасовски.Набавувале и дрога од Колумбија и други земји, а пренесувана била во ЕУ. Над 430 килограми кокаин се транспортирала по воден пат, а друга пак, преку Ротердам требала да стигне во Македонија.„Оваа криминална група договорите ги правела преку непосредни контакти или преку апликацијата ‘Скај’, преку енкриптирана комуникација. Имала две набавки и транспорт на кокаин од латино-американските држави“, додаде Спасовски.Дрога во Македонија се внесувала и од Албанија, како и Белгија.„Во двата случаи имало внесувања четири килограми кокаин“, додаде Спасовски.Според министерот, припадниците на групата која функционирала на меѓународно ниво, со парите купувале куќи, граделе куќи, купувале возила.„Тие се предмет на конфискација“, рече министерот.Како што објави „Скопје1“, оваа група се сомничи за убиствата од 2018 година на Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ќе биде ли „ранлив“ предметот за убиството на Панче и Вања - две обвинителства, различни толкувања

Трансферирањето на предметот за убиството на Панче Жежовски од Обвинителството во Велес и спојувањето со предметот за убиството на Вања Ѓорчевска во Обвинителството во Скопје го отвори прашањето дали е запазена законската процедура. Различни толкувања за исто прашање има од Републичкото и Вишото обвинителство, додека скопското Обвинителство молчи. Ова прашање е важно бидејќи иако станува за процедура, таа може да биде проблем за предметот при евентуално судење. Како е воспоставена надлежност над предметот, испитување побара адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на Вања кој пак е осомничен за помагање. Евентуалното незапазување на законската процедура го прави предметот ранлив и комплициран, а отвора простор за одолговлекување на постапката.Постои законска процедура како се воспоставува надлежност над предмет. Според Туфегџиќ, тоа е членот 40 од Законот за кривична постапка, каде стои дека Вишо обвинителство треба да решава кој ќе го води предметот. „Скопје1“ постави прашање до скопското Обвинителство и обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска, која го води предметот за убиствата, дали ваквата процедура била испочитувана. Од нив одговор не добивме, а прашањата допатувале до Републичкото обвинителство. Тие сметаат дека нема судир на надлежност, но не објаснуваат како го презеле предметот, со оглед дека увиди вршел обвинител од велешкото обвинителство.„Кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи е доставена до ОЈО Скопје кое како надлежно обвинителство започнало да постапува по неа. До поднесување на кривичната пријава, ОЈО Велес во координација со СВР Велес презело само дејствија за пронаоѓање на пријавено исчезнато лице. По поднесување на кривичната пријава која ги опфаќа и двете убиства, помеѓу двете обвинителства не настанал судир на надлежност, односно надлежно да постапува е ОЈО Скопје бидејќи станува збор за кривични дела помеѓу кои постои меѓусебна врска и постојат исти докази“, посочува Републичкото јавно обвинителство за „Скопје1“.[caption id="attachment_276032" align="alignnone" width="852"] „Скопје1“ прашањата ги постави и директно до шефот на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, кој е дециден дека согласност за преземање на предметот не е побарано. Дополнително за предметот нема никакви информации и тврди дека му било забрането да бара.[/caption]Прашања упативме и до Вишото обвинителство. Како и во претходниот случај, одговор преку електронска пошта не добивме. „Скопје1“ прашањата ги постави и директно до шефот на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, кој е дециден дека согласност за преземање на предметот не е побарано. Дополнително за предметот нема никакви информации и тврди дека му било забрането да бара.„Во врска со вашето прашање дали од страна на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство-Скопје побарано е било какво пренесување или согласност за да се преземе предмет од Основно јавно обвинителство-Велес, а кое се однесува за кривичниот настан случен на територијата на градот Велес, поточно убиството на Панче Жежовски, Ве информирам дека јавниот обвинител Љубомир Јовески, како републички обвинител, ден или два пред да му заврши мандатот, до мене достави известување со кое мене како шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје ми забранува да барам информации од основните јавни обвинителства за конкретни кривично правни предмети, со посебен осврт на горенаведениот настан, бидејќи според наведеното известување, јас со самото тоа што барам информација, го нарушувам принципот на самостојност во одлучувањето на јавниот обвинител од основното јавно обвинителство“, вели Хајрулахи, кој потоа упатува и критики: „Треба да се напомене дека дури и студентите од прва година на Правен факултет знаат дека барањето информација не значи влијание врз натамошниот тек на носење на одлука на јавен обвинител. Повеќе од јасно е дека Јавното обвинителство почива врз основниот постулат на ова институција, а тоа е принципот на хиерарија и субординација, кој принцип јавниот обвинител Љубомир Јовевски го наруши со донесеното известување само за да удоволи на самоволието на еден јавен обвинител“.Шефот на Вишото, Мустафа Хајрулахи, смета дека со тоа што не смее да бара информации, се врши упад во неговите надлежности. По барањето на адвокатот Туфегиќ, ќе постапува само доколку поширокиот колегиум одлучи поинаку од тоа што сега му било дадено како насока.„Се прашувам, дали кога предметите по жалба стигаат до Вишото јавно обвинителство и кога јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство постапува согласно своите законски надлежности со тоа што го укинува предметот по жалба и дава конкретни насоки во постапувањето на јавен обвинител од Основно обвинителство, дали и тогаш Вишото јавно обвинителство навлегува во самостојното одлучување на јавен обвинител. За наведеното, со писмен допис се обратив до јавното обвинителство на РСМ, а со цел да се свика проширен колегиум со цел да се провери дали донесеното известување е согласно законските одредби од Законот за јавно обвинителство или известувањето е донесено како резултат на самоволието на поединци. Од тие причини, јас како виш јавен обвинител немам никаква информација за конкретниот кривично правен настан бидејќи со наведеното известување не смеам да барам било каква информација од основните обвинителства, што на најдиректен начин се врши упад врз нормалното функционирање на јавното обвинителство во целина. Со ваквите непромислени и удоволувања на самоволија на одредени обвинители, се доведува под знак прашалник нормалното функционирање на јавното обвинителство во целина“, додава Хајрулахи.Од Републичкото обвинителство пак, велат дека известувањето од Јовески било испратено до сите основни и виши обвинителства.„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, кој согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство е надлежен да ги носи прописите за внатрешно работење на јавните обвинителства, испрати известување до сите основни и виши јавни обвинителства кое не се однесува на еден конкретен предмет, туку ја појаснува примената на подзаконските акти кои се однесуваат на начинот на реферирање на предметите и начинот на кој се бара достава на информации за предмети од интерес на јавноста“, додаваат тие.Велешанецот Панче Жежовски бил исчезнат на 22 ноември, а исчезнувањето од неговата ќерка било пријавено на 24 ноември. При пронаоѓање на неговото тело постапувал велешки обвинител. Потоа, истрагата на МВР утврдува дека настанот се поврзува со убиството на Вања Ѓорчевска со оглед дека има исти сторители. На 4 декември се одржува прес-конференција на скопското Обвинителство и МВР каде споделуваат информации за двете убиства. На 6 декември кривичната пријава на повеќе од 100 страни се испраќа до скопското Обвинителство. Од овој момент истрагата ја води токму обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска од скопското Обвинителство. До поднесувањето на кривичната пријава, велешкото обвинителство отстапува се на колешката од Скопје.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Оправдано е СДСМ да не гласа за сопствените министри, но не е ако тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ - Ковачевски за техничката Влада

Оправдано е што СДСМ во 2016 година не ги гласала сопствените министри во техничката Влада, ама не е оправдано ако тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски откако новинарите го потсетија дека СДСМ е првата партија која не гласала за сопствените предлози. Според него, тоа било од оправдани причини.„Тогаш беа други услови, тогаш знаете дека Собранието беше злоупотребувано од власта. Кога се носеше буџет, пратениците од СДСМ беа исфрлани од Собранието. Инаку денеска имаме апсолутно владеење на демократијата, вие медиумите можете да потврдите поради слободата која ја имате. Порано беа распродадени вестите, па не можеше ни спортски вести да се видат“, рече Ковачевски.Владата на Емил Димитриев во 2016 година беше избрана без пратеничката група на СДСМ, а предложените технички министри на СДСМ дадоа свечена изјава по три дена. Но и натаму, Ковачевски останува на ставот дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да го прави ова.„До недела има доволно време да се договорат сите работи и во недела да има гласање. Сите треба да бидат сериозни. Не може да се однесува некој како 13 годишно дете, да предлага и да не гласа. Никаде во свет нема предлог за министри и да бара друг да му ги гласа“, додава Ковачевски.Според него

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кој е внукот осомничен за убиството на бабата во Ново Лисиче: убиената имала и хематоми, починала поради давење

Граѓански и политички активист, твитерџија, невработен, кавгаџија на интернет, пред јавноста вели дека е хуманитарец. Вака со неколку зборa може да се опише профилот на 28-годишниот Борис С., кој се сомничи дека ја убил својата баба во Ново Лисиче. Станува збор за лице кое е познато за дел од јавноста. Имаше свои појавувања во неколку емисии, постојано активен на социјалните мрежи, но и мета на низа критики поради неговиот однос на „Твитер“ односно „Х“. За убиството на баба му, негирал вина и тврдел дека тоа ќе го докаже во постапката, а знаел за повредите кои ги имала.Сомневања како е извршено убиствотоОсомничениот Борис живеел со сега убиената баба. Во исказ пред обвинител не признал дека ја тепал баба му, ниту пак дека ја убил, дознава „Скопје1“. Според доказите со кои располагаат истражните органи, тој го направил тоа гушејќи ја и затворајќи ѝ ја устата, велат извори од истрагата за „Скопје1“. Со тоа настанало задушување. Сето ова се случувало во семејниот дом, стан во Ново Лисиче.Обдукцијата, но и полицијата утврдила дека жената имала хематоми по главата, што на истрагата ѝ укажува дека смртта била насилна.Внукот се брани28-годишниот внук, осомничен за убиство, негирал дека ја малтретирал, тепал или убил бабата. „Скопје1“ дознава дека на распит кај обвинителот тврдел дека хематомите не настанале на 18 јануари, денот кога жената била убиена. Тој бил уверен дека тоа може и да го докаже.Истовремено, осомничениот Борис точно знаел во кој предел на телото, сега убиената баба имала повреди. Тоа јасно го посочил пред истражните органи. Вината за хематомите ја префрлал на други лица.Кој е осомничениот БорисВо емисии се претставувал како хуманитарец, на „Фејсбук“ барал правда за родилката од Дебар која остана без органи, на „Твитер“ пишувал со скриено име „Арогантен666“ и го опишуваат како кавгаџија и лице кое навредувало кога нема аргументи.  Во емисија на РСЕ, снимена пред три години, тој е претставен и како човек кој се бори за промени.Интернет архивите покажуваат дека бил и оратор, каде зборува за чест, достоинство. Во 2012 година има говор на тема политика и социјална стигма.„...Општеството во кое ние денеска живееме е ужасно, затоа треба да најдете малку надеж длабоко во вас, разбудете се, борете се за својата иднина, најдете ја храброста во вас. Затоа што еден ден вие нема да бидете овде, бидејќи вашите најмили ќе бидат. Борете се за нив, во нивно име....“, вели тој дел од во ораторскиот говор од 2012 година.За него биле снимани и интернет прилози.„Имам 25 години сега, волонтирам веќе од 19 години по различни активности, во некои од нив сум бил и јас иницијатор. Основоположник сум на младинската иницијатива „Ние младите“. Дружбата, пријателствата, искреноста, во тешки моменти, во лесни моменти, во напнатост, во среќа, во радост, е максимално голема.... “, раскажува тој во прилогот снимен пред три години.Во друга емисија, тој посочува дека е портпарол во Европски независен институт за човекови права и достоинство.„Јас сум долгогодишен политички активист, ја работам мојата професија, амбиција ми е да ја спроведам правдата во нашиот Независен европски институт“, посочува во истата емисија.Најсвежото гостување му е од пред два месеци, каде коментира политика и бара финансиска помош за лице на кое му претстои тешка операција. Зборува за неправдата во државата.„Ќе има правда... Не сум политички коректен, знам да бидам безобразен...“, посочува во емисијата.МотивОбвинителството без конкретни детали - кој бил мотивот за да ја убие 73-годишната жена.„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил“, соопштија кратко од Обвинителството.Осомничениот останува во 30-дневен притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. 

Скопје | пред 1 година

krst-ohrid

(Видео) „Прв го фатив, бев раскрварен на раката и ногата“ - сведоштво на верникот во чија рака остана дел од крстот во Охрид

Со крварење завршила церемнонијата на положување на крстот во Охрид. Јавноста жестоко реагираше откако од снимките се виде дека до крстот прв не стигнал охриѓанецот Никола Јакимоски, туку Кристијан Андреев. Во изјава за „Скопје1“, Андреев раскажува што се случи на Водици, а откако на социјалните мрежи почна барање крстот да му се врати нему.„Кога крстот беше фрлен од Владиката јас и други што имавме допливано до таму тргнавме по крстот при што јас прв го фатив крстот за долниот дел. Додека го кревав крстот нагоре мојата глава беше под вода и во тој момент осетив дека некој ми го влече и одзима крстот. Јас го држев крстот цврсто и од влечењето од другиот крстот се скрши при што долниот дел со метал остана кај мене, а јас бидејќи не бев свесен дека крстот веќе е скршен и другиот дел е останат кај мене јас ја кренав раката за да се види дека јас сум го фатил. За кратко сфатив дека кај мене останал само долниот дел и видов дека другиот учесник на неколку метри од мене го држи горниот дел“, вели Андреев за „Скопје1“.По крстот, пливал сам, додека Јакимоски беше со пријатели кои го пратеа и на патот кон местото каде стоеше Владиката Тимотеј.„Јас за кратко исто излегов од вода и приметив дека сум раскрварен на раката и на ногата. Ја видов сестра ми во тој момент и заедно со неа отидовме до амбулантно возило за да го видат крварењето. Откако завршивме кај амбулантното возило се вративме назад, но владиката Тимотеј веќе го немаше. Наидовме на друг свештеник на кој му кажавме за случката и друго лице што беше до него и држеше свештено знаме, кој пак потврди дека видел дека јас прв сум го фатил крстот“, додава Андреев за „Скопје1“.Тој му честита на Никола и му посакува се најдобро, иако, не ја крие разочараноста што не е официјалниот фаќач на крстот во Охрид.„Потоа свештеникот ми рече Господ е голем, Господ гледа и ме прегрна и ми рече долниот дел од крстот да го однесам во црква. Во тој момент јас, сестра ми и татко ми си отидовме дома (имаме стан во Охрид). Откако се средив отидовме во црква Св. Ѓорѓија и од тамошниот одговорен добив дозвола и благослов делот одреден период да остане кај мене за здравје и најдоцна за 40 дена да го вратам. По ова се видовме на кратко со пријатели и тргнавме накај Скопје“, додава тој за „Скопје1“.Пораките за поддршка ги прочитале, посочува дека е благодарен на сите верници за тоа.„Јас и моето потесно семејство почнавме да добиваме пораки со поддршка на социјалните мрежи за враќање на крстот кај мене, меѓутоа мислам дека тоа е неизводливо и дека е предоцна. После ова никој од МПЦ не ме исконтактира, а јас сум благодарен на сите луѓе што сеуште ми даваат поддршка. Јас сум среќен што прв го фатив крстот и малку сум разочаран што така испадна и официјално не сум фаќачот на крстот, меѓутоа му честитам на Никола и му посакувам се најдобро“, посочува Андреев.Претходно, остри реакции имаше на социјалните мрежи има за положувањето на крстот во Охридското Езеро. Познато е дека крстот беше скршен при моментот на фаќање. Реакциите одат до таму, да има барање, крстот да му биде вратен на Андреев.

Охрид | пред 1 година

iuhiuhuihid-1

(Видео) „Десна“ на Палчо собира податоци за пререгистрација, неговиот наследник обвинува дека Спасовски и Ковачевски прават хајка против партијата

Политичката партија „Десна“ чиј претседател беше Љупчо Палевски-Палчо собира потписи за пререгистрација. Откако промени раководна структура, тие пред четири дена формираа и нов профил на „Фејсбук“, објавија соопштение и тргнаа во поход. Истовремено, Обвинителството не достави до судот барање за нејзина дерегистрација, бидејќи според законите, тоа во овој момент е невозможно. Тони Алексовски, наследниот на Палчо кој е родум од Куманово се обрати преку видео.„Тоа што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и инсталацијата премиер Димитар Ковачевски, преку јавни настапи, ја жигосаа партијата Десна и нејзиното членство, како ‘криминална и монструозна група на малоумници, која што мора да биде дерегистрирана’, сериозно укажува дека се работи за планирана и организирана хајка против ПП Десна. ПП Десна цврсто и решително продолжува по промакедонскиот курс, преку спроведување на редовните партиски активности, во прв ред борбата за зачувување на името и статусот на МПЦ - ОА, иницијативата за Референдум за раскинување на штетниот антимакедонски Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и подготовка за претседателските и парламентарните избори“, кажа Алексовски, наследниот на Палчо.Пред три дена, започната е и пререгистрација на партијата. Споделен е образец за ажурирање на членство, во кој, меѓудругото се бара внесување и на матичен број, профил од „Фејсбук“/„Инстаграм“, познавање на јазици, мотив за членство.„Браќа и сестри Македонци, почитувани членови на Политичка партија ДЕСНА Ве повикуваме на ре-евиденција и ажурирање на Вашето членување во Партијата. За сите нејасноснотии и потешкотии при пополнување на овој електронски образец, Ве молиме да не контактирате, тука, во порака, или на електронската адреса...“, стои во објавата.Вчера пак, се пожалија дека има проблеми со електронското зачленување, па продолжија по писмен пат.„Во текот на изминатите 48 часа, добивме информации и сознанија, од страна на одредени лица, дека имаат проблем со пополнување на обрасците, преку електронска пошта.За таа цел, сите овие лица, нека н'е контактираат преку порака, со цел на доставување на обрасци во хартиена форма, како и за начинот на дистрибуција до Политичка партија Десна“, стои во новата објава.Јавноста бараше дерегистраија на „Десна“ откако Палевски беше осомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, членовите Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Стефан Димковски, исто така член, беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Осомничен е Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, поради како што соопштија институциите, издавање на информации за времето кога неговата ќерка го напушта домот.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

mickoski-kovacevski

Жестока партиска пинг-понг партија, виси пржинската Влада или нејзиниот кредибилитет

Фер и демократски избори беше основната цел при долгото и мачното формирање на Пржинската Влада. За првпат на овие избори, по два изборни циклуси, ова се доведува во прашање. Позицијата и опозицијата се пресметуваат и препукуваат јавно, кој што би ќарил кај гласачите. Ценкањето почна со ВМРО-ДПМНЕ кои понудија да нема техничка Влада, а со цел, Талат Џафери да не биде избран за технички премиер. Ова беше одбиено од СДСМ и ДУИ, кои кажаа дека техничка Влада може да нема, но од следните изборни циклуси. Потоа, ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе размисли дали ќе учествува, за на крај, лидерот Христијан Мицкоски да излезе со став дека ќе влезат со свои технички министри и заменици, но Џафери нема да го гласаат.Кога веќе почнаа да се договараат за датумите и процедурите, актуелниот премиер Димитар Ковачевски, вчера излезе со сосема нов став, дека власта нема да ги гласа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, доколку опозициската партија не ја гласа техничката Влада на чело со Џафери. Мицкоски пак, возврати дека не доаѓа во предвид Џафери да биде гласан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, по никоја цена.Пинг-понг играта ја доведува во прашање примарната цел на ваква Влада – организирање на претстојните избори. Доколку ВМРО-ДПМНЕ нема кадри во ваквата Влада, ќе значи дека промената ќе биде само во делот на министрите од СДСМ и ДУИ, како и дека премиерското место ќе го земе Џафери. Враќањето на позициите пред шест години повторно ја отвора Пандорината кутија за недоверби и можни изборни кражби.Досега не се случило во ниту една Влада, партија која има свои министри да не го гласа составот на владиниот кабинет или мандаторот. ВМРО-ДПМНЕ за првпат го прави тоа бидејќи не се задоволни од работењето на Џафери во Собранието, а Ковачевски не се откажува на неговата фотелја да го седне токму првиот парламентарец, по предлог на ДУИ.Албанската опозиција се уште условува нивниот предлог Абдуш Демири да биде член во ДИК, за да ја гласаат техничката Влада. Доколку тоа не се случи, парламентарната група на Коалицијата која сочинува шест пратеници нема да гласа за изборот на Талат Џафери за премиер на техничката Влада.За една недела треба да се направи примопредавањето и почетокот на функционирањето на новата Влада, а партиите се закопани во своите ровови. Од експертите гласно се коментира дека ова може да отвори нова криза и поделби во државата и можност секој што е незадоволен да ги оспорува изборните резултати.Техничката Влада може ќе биде избрана со неопходниот минимум од 61 глас, но нема да има кредибилитет да го спроведе тоа за што е формирана. Партиските игри на три месеци профолжуваат.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Смир-смир: Беса Адеми ќе доаѓа на седници, Судски нема да ја разреши?

Беса Адеми ќе доаѓа на седници, Судски совет нема да ја разреши. Ова е очекуваниот епилог на седницата закажана за утре (среда), според извори на „Скопје1“. Извештајот е завршен и е ставен на дневен ред. Примирјето помеѓу „завојуваните“ страни е веќе извесно, ако се има во предвид дека Адеми се појави на последната седница, каде зеде и свое учество во дискусијата. Острата реторика помеѓу членот на Судски совет, Миљазим Мустафа и Адеми се смирува, а откако странскиот фактор отворено му кажа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека е неприфатливо политичко влијание врз претседателката на Врховен суд.Промените во однесувањето на Адеми дојдоа брзо. По низа пропуштени седници, таа седна во клупите на Судски совет, па дури и расправаше по дел од точките кои се однесуваа на времено прекинување на судиски функции, по барање на судии. Седеше од почетокот до крајот на седницата, а судир со нејзиниот колега Мустафа немаше.Членот на Судски, Миљазим Мустафа, во политичкиот свет се смета за кадар на ДУИ. Тој бил советник на тројца министри од редовите на оваа партија, а истиот, иницираше разрешување на Беса Адеми. Мустафа немаше забелешки за работата на Адеми како врховна судијка, ама му пречело што таа дала интервју во кое говореше за политички притисоци врз институцијата со која раководи, со цел оживување на амнестијата од Ѓорге Иванов и спас на Никола Груевски. Втора причина беше нејзиното отсуство од седници. Мустафа е член на Судски по предлог на претседателот Стево Пендаровски.На ова имаше низа реакции, како од правната фела, така и од странските амбасадори.Оценската мисија на ЕУ вели дека Беса Адеми не го крши законот со неодењето на седниците на Судскиот советШефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, во декември го претстави извештајот на Оценската мисија, каде 17 од 40 препораки беа за Судски совет. Во него, препорачано е претседателот на Врховен суд повеќе да не биде дел од ова судско тело, за да се обезбеди внатрешна независност во судството.„Треба да се напомене дека претседателот на Врховниот суд и министерот за правда не присуствуваа на состаноците на Судскиот совет, по сопствена одлука, по неодамнешните контроверзни настани во Судскиот совет и тоа не е прекршување на законот. Доколку министерот за правда и претседателот на Врховниот суд не се членови на Судскиот совет, треба да се обезбедат механизми за координација меѓу овие три институции, со цел подобро да се обезбеди комуникација и соработка. Тоа може да се направи и на неформален начин, како на пример преку месечни состаноци, на кои може да се разговара за одредени проблеми на судството или прашања од јавен интерес“, се вели во извештајот.И холандскиот амбасадор се сретна со АхметиХоландскиот амбасадор Дирк Јан Коп ,се сретна со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на кого му кажа дека за Холандија е неприфатливо да има политичко влијание врз претседателот на Врховниот суд.„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети да му пренесе порака дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е во ризик ширум политичкиот спектар. Исто така, несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседател на Врховен суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, соопштија од Холандската амбасада во Скопје за средбата.Извештајот ќе ја скрои иднината на АдемиНа 17 јануари, во Судскиот совет ќе се донесе конечната одлука – ќе биде ли Адеми разрешена или ќе остане во Врховен суд до крај на мандатот. Советот прво ќе каже дали е за запирање на постапката – за ова треба седум гласа. Доколку не ги добие, ќе се гласа за изрекување на некоја од мерките – парична казна, разрешување, укор, опомена.

Македонија | пред 1 година

Untitleuyuhud-1

Убеден сум дека таткото не е инволвиран во убиството на Вања, Вишо итно да го провери постапувањето на обвинителката, бара Туфегџиќ

Поради начинот на воспоставување надлежност, криење на докази,  игнорирање и молк, адвокатот Владимир Туфегџиќ поднесе барање до Вишото јавно обвинителство да ја провери законитоста при постапувањето на скопското Обвинителство во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Туфегџиќ, кој е бранител на Александар Ѓорчевски, татко на Вања, за „Скопје1“ посочува дека обвинителот од скопското Обвинителство има конфузна и неоснована теорија. Посочува дека поднел неколку ургенции за да ги добие доказите со кои Ѓорчевски е во притвор. Тврди дека добил само игнорантски однос од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска.„Подолго од еден месец трае молкот и игнорирањето на одбраната по однос на доказите од страна на обвинителството, со што се кршат основните елементарни права на одбрана на осомничениот. Факт е дека тајноста на истрагата е неспорна, но исто така е неспорно дека на избраниот бранител мора да му бидат доставени истите докази со кои располага бранителот по службена должност, ангажиран во почетната фаза од постапката од страна на судот и обвинителството. По завршувањето на мандатот адвокатот по службена должност нема обврска да ги предаде овие докази изведени во негово присуство на избраниот бранител.Обвинителот е должен да објасни кои се причините што овие докази кои се изведени во текот на краткотрајниот притвор не ги доставува и после четири ургенции“, вели адвокатот Туфегџиќ за „Скопје1“.Тој бара Вишото јавно обвинителство да изврши надзор во постапувањето на скопското Обвинителство и обвинителката Крстевска Јосифоска, оти се сомнева на незаконски пропусти.„Освен тоа, денеска до надлежниот Јавен обвинител е доставено барање за известување согласно која законска процедура е воспоставена надлежноста за постапување на ОЈО Скопје во овој кривичен предмет, пред сѐ од причина што трагичниот настан се случил на подрачје од надлежност на ОЈО Велес и постапувал и превземал дејствија надлежен Јавен обвинител од ОЈО Велес. Сметам дека ова е клучно и суштинско прашање пред сѐ поради законитоста во постапувањето, за кое нешто судот и обвинителството внимаваат по службена должност. Освен тоа, до Вишото Јавно обвинителство е поднесено барање за надзор над законитоста во постапувањето на ОЈО Скопје по овој кривичен предмет“, додава Туфегџиќ.Тој посочува дека е убеден дека таткото Ѓорчевски не е инволвиран во трагедијата, ниту имал мотив да учествува на било каков начин.„Сите овие дејствија за мојот клиент ги преземам пред сѐ поради тоа што сум лично силно убеден дека со ништо не е инволвиран во оваа трагедија, ниту имал било каков силен мотив да учествува на било каков начин во ваков грозоморен чин насочен против сопствената ќерка. Едноставно, теоријата на случај на обвинителството презентирана во јавноста е во целост конфузна, неоснована и без јасен мотив и логична поврзаност со лица и настани“ посочува Туфегџиќ.„Скопје1“ објави дека додека во јавност протекуваат снимки од истрагата за убиствата на Вања и Панче, Обвинителството смета дека истрагата и натаму е тајна и немаат намера да одговорат на ниту едно прашање поврзано со неа, како и на обвинувањата за нивниот непрофесионализам кои дојдоа од соседна Србија. 

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Случајот на Дрин Ахмети е при крај: повикан e на распит во Обвинителство - вечштачењето на 749 парчиња пиротехника е готово

Завршено е вештачењето на пронајдената пиротехника кај бизнисменот Дрин Ахмети, кој е внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, дознава „Скопје1“. Наодот го работеше Министерството за внатрешни работи, а што е констатирано кај 749 пиротехнички средства, не се открива. Од Обвинителството посочуваат дека го добиле вештачењето. На распит, ќе биде повикан и Ахмети.„Надлежниот јавен обвинител презема други дејствија, прибира вербални и материјални докази во поглед на набавката на пиротехнички средства. Закажан е и распит на пријавеното лице, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Дрин Ахмети, пак, е убеден во својата невиност и за „Скопје1“, на почетокот од јануари најави дека тоа ќе го докаже. Тој не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе бие правна битка.„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за „Скопје1“.„Скопје1“ ги проверуваше пресудите донесени од Кривичниот суд, а кои се однесуваат на лица кои поседувале пиротехнички средства. Од нив може да се утврди дека држењето на пиротехнички средства претставува кривично дело, односно дека Обвинителството поднесувало обвиненија. Граѓани кои биле затекнати со петарди и огномети, одговарале по членот 396 став 4 во кој стои: „Ако предмет на делото од ставот на овој член е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.Дрин Ахмети беше запрен од полиција на ул „Самуилова“ (Пластичарска) во Скопје. Возел „ренџ ровер“ со албански регистрации. Беше спроведен во станица, а таму се правеше и увид во возилото.

Македонија | пред 1 година

vanja-obvinitelstvo

Што е толку тајно во истрагата за убиството на Вања?

Додека во јавноста протекуваат снимки од истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Обвинителството смета дека истрагата и натаму е тајна, а тие немаат намера да одговорат на ниту едно прашање поврзано со неа, како и на обвинувањата за нивниот непрофесионализам. Информации од јавен интерес за убиствата, не може да добие ниту Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничен во случајот.Скоро два месеци по убиствата и десет дена од објавените видео-записи од надзорни камери, каде се гледа убиениот Жежовски и автомобилот со кој е киднапирана Вања – обвинителот нема одговор како овие докази од постапката се нашле во рацете на српскиот политичар Срѓан Ного. „Скопје1“ побара одговори и дали скопското Обвинителство има намера да провери како овие материјали завршиле дури во Србија, но дури и тој податок е таен. Истовремено, во недостиг на одговори, се шират разни теории за убиствата, кои и натаму се нерасчистени, со оглед дека има осомничени, но не и обвинети лица.„Ништо од тоа што прашуваш не може да биде споделено со јавност“, велат од Службата за односи со јавност на Обвинителството.Ваков однос на скопското Обвинителство за овој случај е нов, ако се има во предвид дека на почетокот беше одржана и прес-конференција, каде токму шефот на оваа истражна институција зборуваше за мотивите за убиствата, кој признал вина, кој негирал. Беше соопштено дури и дека првоосомничениот бил организатор и реализатор на убиствата. Беа споделувани детали и од исказите во полиција.„Ние ги знаеме мотивите, од исказите на осомничените. Однапред кога се договарале, мотивите биле парите – да се земат пари од мајката на детето. Постапката за изнуда не почнала“, кажа шефот на обвинителите Бубевски на 4 декември, па додаде и: „Досегашниот негов исказ во полиција јас кој го знам, не знам дали ќе се смени, сѐ уште таткото ги негира овие дејствија. Ние неговата инволвираност која сметаме дека е посредна, ја вадиме од контекстот на другите инволвирани во случајот, едното лице кажало дека сѐ ова го знае од контактот со таткото. Ќе се бара негово обезбедување, имаме основи на сомнение“.На прашање до скопското Обвинителство како може постапката да е тајна ако самите на прес-конференција откриваа детали од истрага, тие го сменија наративот.„Обвинителството се труди да е максимално транспарентно колку што дозволува постапката во секој предмет поединечно. На прес конференцијата точно беа посочени доказите на кои се темелат првичните сознанија“, рече раководителката Билјана Арсовска од Службата за односи со јавност на Обвинителството.На реакцијата до Обвинителството дека веќе се споделувани информации од предметот, како и дека во минатото не криеле кога се испитува одредена работа во тек на истрага, како што сега е прашањето како снимките завршиле во Србија – оттаму посочуваат дека оваа теза не е точна.Дека скопското Обвинителство открива што испитува и кои околности, говорат и нивните соопштенија. Последно во низата е соопштението објавено на 14 јануари за претреси во Скопје, каде меѓу другото, се наведува: „Во текот на постапката, против осомничениот ќе биде спроведена и финансиска истрага. Доколку се потврдат сомненијата дека пронајдената опрема, превозни средства и недвижниот имот се стекнати со финансиски средства остварени со продажба на наркотична дрога, Јавното обвинителство ќе поведе постапка за конфискација, во согласност со законските одредби“.На реакцијата од „Скопје1“ до раководителката Билјана Арсовска од Службата за односи со јавност на Обвинителството, дека имаат двојни аршини, таа ја кажа тезата која вообичаено ја има министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и одговори: „Јавното обвинителство нема да води истрага за ниту едно кривично дело во медиумите и ги објавува само оние информации кои не можат да и наштетат на постапката“.Игнорантски однос од Обвинителството за случајот со убиството имаат и адвокатите. Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничениот Александар Ѓорчевски за „Скопје1“ посочува дека до сега има поднеено три ургенции.„До овој момент како бранител имам поднесено три писмени ургенции за постапување до надлежниот Јавен обвинител како и барање за распит на осомничен и доставување на искази на осомничени дадени во предистражната постапка во време на краткотраен притвор. Јавното обвинителство во повеќе наврати излезе со соопштение за јавност кои доколку внимателно ги прочитате, се скоро идентични и во кои се тврди дека лицето има дадено исказ. Појаснувам дека мојот клиент има дадено исказ во предистражната постапка во времетраењето на краткотрајниот притвор и нема дадено исказ во истражната постапка по донесување на наредбата за истрага“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

nikolovski

(Видео) Николовски се караше со новинари оти го прашаа за чичко му и внук му вработени во М-НАВ

Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, жестоко реагираше на новинарка која праша како неговиот внук и чичко се вработени во М-НАВ. Тој наместо одговор, ја поучуваше новинарката што треба да прашува, па ѝ посочи да го промовира земјоделството и мерките на неговиот ресор. Вработувањето на чичкото го оправда така што кажа дека не станува збор за непотизам, бидејќи тој бил вработен во М-НАВ пред Николовски да биде роден. Но, за вработувањето не кажа збор.„Жалам што наместо да се интересирате за темите за земјоделие, се обидувате да ширите невистини и лаги. Жалам што во 2023 година имавме над 100 проекти, не се испромовира тоа што работеше овој тим. Чичко ми работи таму пред да бидам роден. Зарем некој што не е роден може да влијае? И тоа ви е најбитната тема, наместо да информирате она што граѓаните ги интересира?“, реагираше Николовски.Новинарката реагираше дека тоа е прашање од јавен интерес, а тој ѝ рече: „Полека!“.Откако новинарите изразија незадоволство и кажаа дека жалат што Николовски е нервозен поради прашањето, тој рече: „Воопшто не е нервоза“. На реакцијата дека токму премиерот Димитар Ковачевски кажал дека М-НАВ станала семејна фирма, Николовски се огради и кажа да се обратат таму.„Не ме интересира било кој став, за било која фирма, од било кого даден“, рече Николовски.Министерот негодуваше оти новинарите не му дошле на брифинг.„Малку повеќе треба да обратите внимание, на тоа што министерството го реализира“, додаде Николовски.Роднините на Николовски и Незири работат како помошници контролори , а во оператива работи и сестрата на Османи, останатите се во администрација“, објави „Код“.

Македонија | пред 1 година

pukanje-tetovo

Браќата од Тетово осомничени за пукањето се пуштени од притвор за 48 часа

Двете лица, браќа од Тетово, кои завршија во притвор поради пукањето пред тетовската болница каде беа повредени две лица, вчеравечер биле пуштени од затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тие зад решетки поминале 48 часа по барање на јавен обвинител, а притворот не е продолжен. Двајцата осомничени за пукањето се на слобода, додека за состојбата на жртвите засега е непозната.„Скопје1“ попладнево побара одговори од Обвинителството – дали побарале продолжување на мерката притвор, но и зошто лицата се на слобода со оглед дека претходно поради можност за бегство и влијание на сведоци добија ефективен притвор. Оттаму нема одговор. Засега не е познато ниту дали е затворена предистрагата и дали е отворена истрага за случајот.Тетовците кои завршија зад решетки се само двајца од четворицата осомничени во случајот со пукањето. Засега државните органи соопштија дека причината се нерасчистени фамилијарни односи. Пукањето беше пред Ургентниот центар на Клиничката болница. Едниот повреден беше во критична состојба.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1sda

(Видео) Не им помина шемата за кражба на државата: УЈП фати фирми кои пробаа да испумпаат пари, сопствениците ги префрлиле фирмите на странци

Три компании пробале да испумпуваат пари од УЈП со фиктивни фактури. Се регистрирале дека извршуваат дејност продажба на нафтени деривати, а немале ниту лиценци, ниту вработени. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на брифинг со новинарите кажа дека буџетот не е оштетен бидејќи не е одобрена исплата на ДДВ-то, а обидите од државата да се одземат 160.117.122 денари биле неуспешни. Кога почнале контролите од УЈП, почнале и промените на сопственичките структури на трите фирми. Како што влегувале инспекторите, така македонските државјани, фирмите ги префрлиле на хрватски и косовски државјани. Дека помеѓу сите три фирми имало поврзаност, покажува и фактот што фирма која злоупотребувала податоци од добавувач и злоупотребениот добавувач имале исто сметководствено биро.Случај 1Фирмата била со основна дејност трговија со нафтени деривати. Обидот бил да се оштети буџетот со ДДВ од 79.350.190. Оваа фирма со контролите на УЈП почнала да менува и адреса. На старата адреса каде фирмата била регистрирана имало стара семејна куќа, а на новата адреса има трговски центар.„Пријавените адреси се фиктивни“, кажа Лукаревска.Освен адреса, оваа фирма променила и сопственик.„Извршена е промената на сопственичка структура и како нов сопственик се јавува државјанка на Хрватска. Преносот била извршен без надомест со сите побарувања и обврски и салдо на залихи во милионски износи“, кажа Лукаревска.Книговодствените траги се избришани.„Сите книговодствени евиденции, во сметководственото биро, се избришани. А претходниот сопственик ги подигнал сите документи од сметководителот и избегал. На контролата не и е доставена никаква деловна документација. За обавување на дејноста, правното лице нема лиценца за обавување на дејност, нема бензинска пумпа, ниту складишен простор за чување на нафтата. Даночниот обврзник издавал и примал фиктивни фактури. Како од правни лица кои се ДДВ обврзници така и од правни лица кои не се ДДВ обврзници“, кажа Лукаревска.Проверки имало и кај добавувачите.„Издадени се фиктивни деловни фактури кон обврзник 1, издадени се фиктивни влезни фактури кон обврзник 1 и воопшто нема деловно-должнички односи. Контролата утврди дека даночниот обврзник број еден има евидентирано залихи, а нема ниту бензинска пумпа, ниту нафтени залихи“, додава таа.Случај 2И во овој случај, фирмата се пријавила дека работи со нафтени деривати, а немала ниту лиценца, ниту складиште.„Даночниот обврзник помалку пресметал ДДВ, во вредност од 26.090.205 денари. Извршена е контрола. Врз основа на договор за пренос на удел во 2023 година извршена е промена на основачката структура, а како нов сопственик е државјанин на Косово. Престанал да ја обавува својата дејност и продолжува со трговија на нафтени деривати“, кажа Лукаревска на брифингот.Таа додава дека фирмата имала сметководствени залихи на нафтени деривати, а немала ниту складиште.„Нема лиценца, нема складиште, нема бензиска пумпа, не исполнува услови за обавување на оваа дејност. Од извршената контрола кај даночниот обврзник број два, истиот во контролираниот период искажал набавка на нафта преку 80 фактури во милионски износи, од двајца добавувачи. Факторите не се книжени во сметководство кај добавувачите, ниту пак, ги покажале фактурите за ДДВ. Констатираната обврска покажува дека нема деловно-должнично доверителски односи, влезните фактури кај даночниот обврзник од добавувачите не се книжени како излезни фактури. Сметководствено тој има залихи, а нема складишен простор ниту нафтени деривати“, додаде Лукаревска.Случај 3Оваа фирма има ист сопственик како и на фирмата. Преку неа, лицето, македонски државјанин се обидел да испумпа 54.676.727 денари.„Основана е на крајот од 2022 година, во 2023 година е извршена промена на седиште, како и сопственичка структура. Како нов основач и сопственик, се јавува државјанин на Косово. Нема лиценца за трговија со нафта и нафтени деривати, нема складиште“, вели Лукаревска.Проверувани се и добавувачите, со чии фактури, имало обид да се испумпаат државни пари.„Кај добавувач е констатирано дека нема деловно-доверителски-должнички односи. Во 2023 година е извршена набавка на нафтени деривати во милионски износи. Само една фактура има кај добавувачот, која е пониска за 43 пати. Други фактури нема“, вели Лукаревска.Инспекторите укажале на добавувачите дека им биле злоупотребени податоците како што се име на фирма, лого, адреса – а тие наместо реакција, се насмеале на инспекторите.„Истите тие само ни се насмеаа“, рече Лукаревска.Сличности меѓу фирмите и случаитеЗаедничко за првиот и третиот случај е што фирмите имале ист сопственик пред промената во Централен регистар. Сопственикот кој бил од Македонија, сменил и презиме. А ова го правдал, дека го прави поради фамилијарни причини. Фирмите имале и исто сметководствено биро.„Ова лице извршило промена на презиме наводно поради фамилијарни односи. Овластен сметководител е исто правно лице“, вели Лукаревска.Таа укажува на поврзаност, а случаите од ноември месец се во рацете на Обвинителството.„Во сите случаи има меѓусебна поврзаност од различни аспекти. Упатува на тоа дека е однапред смислена шема, со цел изигрување на законот и стекнување на противправна имотна корист. Доказите се доставени до истражните органи согласно нивните надлежности. УЈП има доставено писмена пријава до ОЈО и МВР на 15.11.2023 година“, додава Лукаревска, која укажа дека пријава има и Финансиската полиција.„Од контролите се констатира дека станува вид за добро разработен систем“, кажа Лукаревска.Кај ниту еден од случаите, поврат не бил одобрен. Фирмите се од кумановско-липковскиот регион.

Македонија | пред 1 година

MILE-ZECEVIC

Зечевиќ не должи данок во УЈП, туку е во претплата - софтверска грешка го ставила на списокот

Поради софтверска грешка, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ се најде на листата должници од УЈП. Директорката Сања Лукаревска кажа дека должниците ги генерира системот.„Ние контактиравме со обврзникот. Врз основа на тоа што беше на листа на должници. Имаше техничка грешка бидејќи адвокатот Миле Зечевиќ беше во претплата. Тоа не е човечки фактор, туку системска грешка, па од таму излезе дека е на листа на должници. Тој разговараше со управникот на регионална дирекција-Скопје. Така се надмина овој проблем“, кажа Лукаревска.Зечевиќ беше објавен на листата должници на Управата за јавни приходи под реден број 1.200. Според истата, генералниот секретар на СДСМ и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Миле Зечевиќ должел 707.584 денари за данок или околу 11.500 евра, за потоа да се утврди дека данокот е уредно платен.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања