„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

Нема фотографија

(Видео) Вевчанските маски пред палење, верските чувства зовриени: Пред 11 години им се налутија муслиманите, сега православните

Маските пред палење, но лошите духови остануваат. Албанците реагираат за кечето на маската со која вевчанци го претставија „новиот директор на М-НАВ“, православните верници на маската со Исус и крстовите од гајби пиво. Двете страни се револтирани од овогодинешните маски на Вевчанскиот карневал. Албанците реагираат со ставот дека „кечето е свето за нас“, а православните со „ова е сквернавење на Бог“. Реакции од верници за Вевчанскиот карневал нема за првпат, кога пред 11 години пародиите со Куранот донесоа хаос во Струга.Организаторите не се изјасниле, ниту извиниле за сатирата со крстот од пивски гајби и маските со Исус, иако на социјалните мрежи атмосферата е зовриена. Молк и од градоначалникот Спасе Кочовски. Маската пак, и натаму се коментира. Но нема реакција ниту од Македонската православна црква, иако се бараше да излезат со осуда.Повредени верски чувства имаше и кај муслиманите пред 11 години. Тогаш, маска со Куранот, беше протолкувана како исмејување на исламот, наместо како сатира. Имаше протест и редица инциденти – сѐ до смртни закани до православните. Од овој момент, беше воспоставена пракса да нема маски со кои можат да се протолкуваат како навредливи кон верските чувства.[caption id="attachment_275016" align="alignnone" width="910"] Маската на Вевчански карневал која ги разгоре верските чувства кај муслиманите / ФОТО Дојче Веле[/caption]Од каде идејата одново да се воспостави лошата пракса која буди остри негативни реакции кај верниците со ваков вид сатира, нема став од органиазторите. Јасно е само дека целта не била навредување на православието, туку сатирично отсликување на реалноста.Попладнево, околу 18 часот, во центарот на Вевчани ќе се запалат маските.

Македонија | пред 1 година

vasilica-vevcani

(Видео) Повеќе солзи од маски - Вевчани тагува по момчето кое загина во сообраќајка

Жителите насолзени, само најмладите маскирани, многу посетители. Вака за првпат изгледа Вевчани за Василица. Улиците се полнат за дефилето со маски, но во траорна атмосфера. „Скопје1“ во Вевчани затекна атмосфера каква што не се памети. Сограѓаните тагуваат по Милан, синот на Крсто Муковски кој загина во трагична сообраќајна несреќа.Низ тесните улички, но и пред општината, сите коментираат за прераната смрт на Милан Муковски, син на експратеникот Крсто Муковски. Организаторите се затекнати и се уште мислат што ќе прават, по последната трагедија. Ја нема вообичаената радост и смеа, кои ја носат василичарските маски.Угостителските објеткти кои работат, се без музика.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Обвинение за избеганиот Исмет Гури од ДУИ - ќе му се суди за даночна измама, злосторничко здружување, перење пари

Обвинителката Ивана Трајчева поднесе обвинение против Исмет Гури од ДУИ, за сторено злосторничко здружување, перење пари и даночна измама, дознава „Скопје1“. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури бил вплеткан во шема за правење даночни измами, додека бил вработен во Управата за јавни приходи. Освен тој, се гонат и други 13 физички и три правни лица.„Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведените истражни дејствија во текот на вчерашниот ден до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против тринаесет физички и три правни лица. Имено, во јули 2023 година беше отворена истражна постапка против петнаесет лица кои сториле кривични дела и тоа: 11 лица сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394, од нив деветмина се осомничени дека сториле и кривично дело Даночна измама од чл.279-а, додека третоосомничениот освен за овие две кривични дела, заедно со останатите четворица осомничени и осомничените правни лица се товарат дека сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик. Во меѓувреме за две лица постапката е запрена поради нивната недостапност. Со Обвинителниот акт, обвинителот ценејќи дека околностите врз основа на кои им беше определена мерката притвор на три лица не се изменети, поднесе и предлог за нејзино продолжување“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Гури е во бегство, а се бара со меѓународна потерница. Тој избега откако Кривичен суд го пушти во домашен притвор поради здравствената состојба, иако обвинителката Трајчева сметаше дека таквата одлука е погрешна и бараше да не се одбие барањето. Потоа, таа се жалеше пред Кривичниот совет, кој ја преиначи одлуката, но Гури беше побрз со бегството.Таа побара продолжување на притворот за тројцата обвинети, меѓу кои е Гури. Во матната шема тој е обвинет заедно со неговиот син. Парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што Гури бил раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Македонија | пред 1 година

mijalkov

Од лев во десен џеб: Како Мијалкови го изиграа законот и си ги купија становите за џ’блк

Мијалкови успеаа да го изиграат законот, па становите кои државата ги заплени од нив, да си ги вратат во своја сопственост за година и половина, по причилно ниски цени. Законот за управување со одземен имот изрично забранува осудени лица во постапката во која се прави заплената, да учествуваат во постапката за продажба. Тоа, семејството на Сашо Мијалков вешто го изиграло. Становите кои пред заплената беа сопственост на „Ексико“ фирма сопственост на сопругата Александра Мијалкова, а сега од државата ги купи „Бест веј инвесмент“ сопственост на синот Јордан Мијалков. Фирмата купувач, не беше предмет на обвинението.Трите станови и гаражата беа запленети во 2022 година, кога обвинителката Лиле Стефанова се спогоди со Сашо Мијалков во случајот „Империја“. Тој реши да ги даде недвижностите, да признае вина, а во замена да добие ниска затворска казна која ја издржуваше во отворениот затвор во Струга. Тогаш, Обвинителството излезе со детален список и кажа дека правдата е задоволена, парите се враќаат кај граѓаните.Следуваше аукција од Агенцијата за управување со недвижен имот. Тие ја спроведуваат истата според Законот за управување со недвожен имот. Таму пак, јасно стои: „Купувачи не можат да бидат вработените во Агенцијата или други лицакои службено учествуваат во постапката за продажба, како и осуденото или лицето против кое се водела судската или прекршочната постапка“.Ова е вешто изиграно, па, наместо Сашо Мијалков, фирмата на Јордан Мијалков, „Бест веј инвестмент“ е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно.Дванаесет денови пред да се случи продажбата на имотот, првиот човек на Агенцијата за конфискуван имот, Дритон Небиу јавно кажа дека вработени добиваат закани поради аукцијата на трите станови. Во однос на заканите, тој посочи дека не може да каже кој конкретно се заканувал, само рече дека за заканите веќе е известена полицијата и дека во тек е постапка.„При разгледување на становите кои се на аукција, се појавија сопственици на имотот кои на клиентите и на вработените кои го покажувале станот им посочиле дека не може да го купат ниту да го продадат станот“, изјави Небиу на 15 ноември, по што кажа дека пријавил во полиција.Веќе на 27 ноември, Агенцијата излезе со информација дека трите луксузни станови и гаражата во елитниот дел на Скопје, односно на Водно, се продадени за 332.276 евра. Доколку се пресмета по која цена од квадрат се продадени становите, излегува дека Мијалкови си ги вратиле за џ’блк.Првиот и вториот стан на Водно се продадени за 102.000 евра. Станува збор за станови по 73 квадрати. Ако ова се подели, може да се донесе заклучок дека квадрат од станот чинел 1.397 евра. Третиот стан ги чинел и поевтино за 25 евра. Па така, 78 квадрати купиле за 1371 евро или вкупно платиле 107.000 евра. Семејната фирма потрошила и 20.000 евра за гаражата.Оваа сума е невообичаено ниска, доколку се имаат во предвид продажните цени на недвижнини по квадрат кога во прашање е Водно. Станови по 1.400 евра квадрат веќе ретко се наоѓаат и на периферијата од Скопје како што е Ново село. На Водно, цените се и до 3.000 евра квадрат.Нема одговори дали притисоците за кои јавно зборуваше директорот на Агенцијата за недвижнини помогнале за ниските цени на становите, но и купувачот да биде токму фирмата на Мијалкови. Непознато е и колку заинтересирани странки имало, но и колку учесници се наддавале во лицитацијата.

Македонија | пред 1 година

naum-naumovski-boce-

(Фото) Родителите револтирани: Хаос пред градинката Н.Н.Борче во Центар, децата ни се во опасност

Цели четири месеци трае нервозата, хаосот и нерешениот проблем со изградбата на огромен објект пред градинката Наум Наумовски Борче во скопски Центар. Родителите ниту можат да ги однесат децата во градинка, ниту пак да ги земат од машинеријата која ја блокира улицата.Иако пред градинката стои натпис дека неколкуте места за паркирање се резервирани за родителите да можат непречено да си ги донесат и земат децата, без осет вработените на градилиштето ги окупираат овие места. Родителите мораат да вртат кругови и далеку од градинката да ги паркираат возилата и по едно или две деца да носат во раце или количка.[caption id="attachment_274821" align="alignnone" width="1920"] Фотографија од 10.01.2024 пред Н.Н. Борче[/caption]"Опасноста демне, не можеме да ги додржиме децата бидејќи нема простор каде да поминат а огромната дупка е веднаш до нив” се жалат родителите.Тие неколку пати реагирале кај надлежните во општината и кај градоначалникот Горан Герасимовски, но ништо не е превземено и покрај ветувањата. Нивното објаснување е дека инвеститорот добил дозвола за градба.Пред една недела правдањето беше дека МВР дале дозвола еден ден улицата да биде затворена и да се работи на неа, додаваат тие.„Оттогаш не еден ден, туку помина цела недела а улицата сеуште е затворена за родителите и за децата“, реагираат родителите.За да се најде компромисно решение, тие бараат слободна улица и можност за движење од 7:30 до 8:30 наутро кога ги носат децата и од 15:30 до 16:30 кога ги земаат.„Исто така проблем е бучавата од механизацијата која не им овозможува услови на децата да можат да спијат. Веројатно кога се работи треба да се направи компромис во кој временски период ќе паузираат“, реагираат родителите.Опасно е што родителите со децата мора да поминат под железните конструкции на камионите.„Скопје1“ реагираше до градоначалникот, но состојбата не само што е иста туку и полоша.

Скопје | пред 1 година

kovacevski-gaber

„И на сон можете да ги погодите кандидатите кои завршиле Академија за судии и обвинители“ - Ковачевски со остра критика на сметката на Габер-Дамјановска

Критики на сметка на Академијата за судии и јавни обвинители има и од премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочува дека има свое мислење за неа, па потоа ги искоментира кандидатите. Ковачевски посочува дека презимињата на лицата кои поминуваат, може да се погодат и во сон. Со Академијата веќе втор мандат раководи директорката Нашата Габер-Дамјановска.„Имам свое мислење за таа Академија. Кога ќе ги погледнете кандидатите кои обично поминуваат, презимињата можете да ги погодите и на сон во три сабајле. Така што прашања треба да се постават на сите адреси, не само на една адреса“, кажа Ковачевски.Прашан зошто Владата донела одлука која е спротивна на закон, за приемен испит да се полага писмено наместо електронски, Ковачевски кажа дека истата доколку е погрешна, ќе се промени.„Тоа е прашање кое најдобро ќе ви го одговори министерот за правда. Станува збор за правна регулатива. Доколку некоја одлука е во колизија на некој закон, тогаш сметам дека таа треба да се промени. Јас не сум имал контакт со Академијата за судии и обвинители“, додава Ковачевски.Минатата година, речиси 18 проценти од положените кандидати, кои сега веќе се судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажуваше јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Од 58 кандидати, само еден го нема положено завршниот испит. Во листата има и многу звучни имиња.Па така, од политичкиот свет Академија завршија Барлет Џафери, син на Талат Џафери – претседател на Собранието. И Билјана Иванова, снаа на Цветанка Иванова, која е собраниска генерална секретарка, котираше високо на ранг-листата. Во оваа листа го имаше и името на Симона Муцунски-Бубевска, сопруга на Тимчо Муцунски – градоначалник на Аеродром.Најмногубројни успешни слушатели на Академијата, кои ќе делат правда, се ќерките, синовите и сопругите на сегашни и поранешни обвинители. Највпечатливо е името на Албулена Абази, сопруга на Ислам Абази – новоизбраниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција, кој се повлече од Управниот одбор на Академијата за да не фрла дамка врз кариерата на сопругата. И Билјана Смаќоска, ќерка на Гордана Смаќоска – пензионирана обвинителка која гонеше организиран криминал, успешно го помина испитот. Малку послаб во знаење бил Драган Јосифовски, син на Елизабета Јосифовска – ексобвинителка во СЈО, сега во Обвинителството за гонење организиран криминал.И судиите имаат свои наследници во правосудниот систем. Па така, Кирил Георгиев, син на судијата Наќе Георгиев – судија во Врховен суд, исто така успешно завршил на Академијата. По него, се впишува и Зоран Здравев, син на Киро Здравев – експретседател на Судскиот совет, кој ќе треба да гони или суди кривични дела. Последен во низата е Илир Јакупи, зет за ќерка на Иџет Мемети – екснароден правобранител и член на Советот на јавни обвинители.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Финансискиот директор Деари не „летна“ од М-НАВ, а молчи дали ќе бара суспензија за Беким Незири од ДУИ

Од тројцата директори во М-НАВ, нечепнат остана најгласниот на социјалните мрежи, финансискиот извршен директор Хасим Деари. Тој себеси се прогласи за успешен менаџер, па порача: „Како што изгледа, успехот некому кочи“.Деари е познат на јавноста, откако заедно со разрешениот Хамиди го пријавија синдикалниот претседател на контролорите на летање, Александар Тасевски, за наводно упатени закани. Владата досега не објави образложение како го остави само него на директорската позиција и по која заслуга.„Скопје1“ се обиде да исконтактира со Деари. Него го прашавме дали ќе бара да се суспендира Беким Незири од ДУИ, вработен во М-НАВ, а откако стана осомничен дека внел тепачи во кулата за летање и помогнал при напаѓање на неговите колеги. До овој момент, одговори нема.Тој на социјалните мрежи кажа дека бил клеветен. Посочува дека платата која ја зема не е над 3.000 евра, како што тврди движењето „Беса“. Истовремено, најви тужба против нив.Функцијата ја извршува од март минатата година.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Се бара куќен притвор за таткото на Вања, а обвинителот да го викне да каже како ги добил снимките од видео надзорот и на кого ги предал

Куќен притвор за Александар Ѓорчевски, татко на киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска, а осомничен во истрагата, бара неговиот бранител Владимир Туфегџиќ од Кривичниот суд. Адвокатот за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.„Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Истовремено, барал од обвинителот да го викне на распит Ѓорчевски, кој додека трае истрагата, нема дадено свој исказ.„Доставена е ургенција за постапување со оглед дека лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица превземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во период од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан“, додава Туфегџиќ за „Скопје1“.Институционален молк има трет ден, за тврдењата на српскиот политичар Срѓан Ного, кој три дена јавно објавува снимки, теории и тврдења поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Србинот Ного ја обвини полицијата за неспособност, Обвинителството за непрофесионализам, таткото Александар Ѓорчевски го прогласи за херој кој го расчистил случајот и ги поврзал двете убиства. Никој не излезе со демант, потврда или било каков став по ваквите објавени наводи. Освен дека објавата на снимките од страна на Ного нема да ѝ штетат на истрагата, Обвинителството со тотален молк околу тоа како тој може да ги поседува.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Молк по теориите за убиството на Вања: Автентични снимки од таткото, без одговор зошто таргет било ова девојче

Институционален молк за тврдењата на српскиот политичар Срѓан Ного, кој три дена јавно објавува снимки, теории и тврдења поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Србинот Ного ја обвини полицијата за неспособност, Обвинителството за непрофесионализам, таткото Александар Ѓорчевски го прогласи за херој кој го расчистил случајот и ги поврзал двете убиства. Никој не излезе со демант, потврда или било каков став по ваквите објавени наводи. Освен дека објавата на снимките од страна на Ного нема да ѝ штетат на истрагата, Обвинителството со тотален молк околу тоа како тој може да ги поседува.Во видеото кое трае еден час, политичарот Ного изнесе и сериозни тврдења, меѓу кои и дека се подготвувала ликвидација на Ѓорчевски додека е тој во затвор. Всушност, Ѓорчевски е претставен како жртва бидејќи го открил случајот, а планот бил поинаков. Во врска со истрагата, политичарот посочува дека требало покрај Вања, да се ликвидира и нејзината сестра. Ова го носи како заклучок од тезата дека грабнувањето требало да се случи во петокот наместо кобниот понеделник (27 ноември), кога убиената Вања и сестра ѝ заедно отишле во училиште. Но главното прашање остана неодговорено: „зошто?“.Ного објави и дека првоосомничениот за двете убиства, кој е во екстрадиционен притвор, Љупчо Палевски-Палчо имал дојави од полиција. Тезата ја темели на фактот што министерот Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека автомобилот на Жежовски со кој е киднапирана Вања не бил пријавен во МВР – па оттука, политичарот Ного смета дека Палчо знаел дека полицијата не трага по возилото, по што решил да го искористи за грабнувањето. Но, оваа теза остана непоткрепена со било каков доказ во неговото видео.Снимките кои ги поседува Ного, а ги објави јавно, се од надзорните камери на повеќе објекти во Дебар маало. Сите овие снимки ги поседувал токму Александар Ѓорчевски, тврди Ного, па посочува: „Сите ги доставил до полицијата“. Прво од фризерски салон лоциран спроти зградата од каде Вања е киднапирана, потоа од кафулето „Синдикат“, па од седиштето на „Лукоил“ на Партизанска, па петта камера од објект на булеварот „Партизански одреди“. Доколку снимките се предадени на полицијата, тие се дел од доказниот материјал на Обвинителството. Ова значи дека повеќе лица имале допир до нив, но не се знае кој ги пуштил дури до Србија. Шест часа по објавеното видео, ниту МВР, ниту Обвинителството не излегоа со став дали ќе испитаат како истекуваат материјалите.Дел од снимките од надзорните камери се преснимени од екран, се забележува од видеото на српскиот политичар. А додека тие се емитуваат, се слуша гласот на таткото Александар, чија автентичност за „Скопје1“ ја потврди неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Снимките со гласот на Александар Ѓорчевски се чисти, нема шум, ниту пак задушен тон – што значи дека уредот со кој бил снимал бил поставен на површина блиску до него. На снимките, Ѓорчевски објаснува како се движи „цитроенот“ на 27 ноември, во кој била неговата ќерка Вања. Кога е снимен Ѓорчевски, исто така е непознат детал.„Како бранител на Александар можам да потврдам дека на јавно објавените аудио материјали се слуша гласот на Александар, таткото на несреќното дете, и разговорот е автентичен“, изјави вчера Туфегџиќ за „Скопје1“.Веќе во вторник адвокатот најави дека ќе бара средба со надлежниот обвинител во врска со овие тврдења, но и за целиот случај, вклучувајќи ги и причините за притворот, материјалните докази, поврзаноста.„Скопје1“ побара одговори од двете институции кои водеа истраги. Во Обвинителство прашавме дали ќе потврдат или демантираат било кое од неколкуте тврдења на српскиот политичар, дали објавените снимки се дел од предметот, дали ќе проверат како завршиле во Србија, но и, дали има било каков материјален доказ кој покажува поврзаност меѓу Ѓорчевски и Палчо, освен исказ на еден од осомничените. Оттаму очекуваме одговори.Во МВР пак, прашавме, дали снимките објавени од политичарот се материјали кои полицијата ги добила преку таткото за време на истрагата, дали е точно дека таткото им помагал за време на истрагата, како и дали снимките протекле од нивните фиоки. Со оглед дека во видеото имаше тврдење дека таргет била и сестрата на Вања, прашавме дали нејзиниот живот сега е загрозен, како и дали тие поседуваат снимка каде Ѓорчевски раскажува по кои улици се движи возилото „цитроен“, која што беше јавно објавена. И оттаму очекуваме одговор.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Гури од ДУИ побрз со бегството од судот со одлуката – полицијата тргнала да го врати зад решетки

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, избегал во моментите кога полицајците требало да го вратат во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тој осум дена беше во домашен притвор определен од судија на претходна постапка. „Скопје1“ од судски извори дознава дека вчера било донесено решение од Кривичен совет со кое Гури требало да биде одново вратен во истражниот затвор, а на него веќе му се губи секоја трага.Судијата на претходна постапка од Кривичен суд го извади Гури од истражниот затвор три дена пред Нова година. Тој беше пуштен во домашен притвор. Нему секојдневно му биле правени контроли од службеници од полициската станица Бит Пазар. Ваквата одлука била преиначена бидејќи според Кривичниот совет, Гури можел да избега и да влијае на сведоци. Но, функционерот од ДУИ, беше побрз од судиите.„Скопје1“ побара одговори од судот за овој случај, во однос на тоа кој судија ја донел одлуката за пуштање во домашен притвор, но и кога е преиначена одлуката за да му се одреди нов ефективен притвор. Оттаму очекуваме одговори.По него е распишана потерница, а полицијата од вчеравечер постапува. Таа се уште не е објавена на веб-сајтот на МВР, но е доставена телеграма до сите единици при МВР, како и до граничните премини.Гури беше во ефективен притвор по отворање на истрагата. Откако влезе во затворот „Скопје“ постојано се жалеше на здравствени проблеми, па затворската полиција го шеташе од клиника на клиника по налог на судот.Додека беше во ефективен притвор, Гури најголем дел од времето го поминуваше во болница. Затворската полиција го шеташе од клиника на клиника по налог на Кривичен суд. Гледано во денови, тој подолго време е на лекување отколку што бил во притворското одделение на затворот.„Скопје1“ објави дека додека беше во болница, кај него беше најден и телефон. Гури остварувал контакти со луѓе од надворешноста, додека предметот во кој тој е обвинет е во најсензитивна фаза на истрага.Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството пред неколку месеци. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Македонија | пред 2 години

ismet-guri

Гури од ДУИ со телефон во болничка соба, наместо во притвор во ќелија поради опасност од влијание врз сведоци

Ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури, со телефон ги поминувал притворските денови, кои наместо во ќелија во затворот „Скопје“ во Шутка, ги издржува на Клиниката за неврологија, дознава „Скопје1“. Во болничката соба бил направен претрес, поради сомневања дека поседувал недозволени предмети. Бил пронајден телефонот, а се проверува и кој му го донел, но и како затворската полиција која го обезбедува - тоа не го забележала.Гури остварувал контакти со луѓе од надворешноста, додека предметот во кој тој е обвинет е во најсензитивна фаза на истрага. Токму можноста за влијание врз сведоци, но и опасноста за бегство се причините поради што Кривичниот суд му одреди притвор. Гури успеа речиси сите притворски денови да ги помине надвор од ќелија, лекувајќи се од клиника на клиника.„Скопје1“ дојде до точни податоци. Тие покажуваат дека скоро два месеци е хоспитализиран на Клиниката за неврологија. Тој помина 79 дена од притворот, одејќи од клиника на клиника. Според нашите информации, тој прво бил на Клиниката за пулмологија каде останал шест дена, по што е вратен во затворот во Шутка. Потоа, од притворското одделение го носат на Клиниката за ендрокринологија каде хоспитализацијата му трае 24 дена. Од таму, тој не се враќа во ќелија, туку судот одобрува лекување на Клиниката за неврологија.Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Македонија | пред 2 години

DSC_5952

Исмет Гури од ДУИ e во бегство, полицијата не го нашла на адресата каде издржува домашен притвор

Од домашен притвор избега осомничениот Исмет Гури, кој беше функционер на ДУИ, дознава „Скопје1“ од полициски извори. Според неофицијалните информации до кои дојдовме, полициски службеници од полициската станица „Бит Пазар“ при контрола, не го нашле Гури на адресата каде издржува домашен притвор. За ова, треба да го известат судот односно судијата на претходна постапка. Постапката налага да се распише и потерница.„Скопје1“ побара информации од МВР за тоа кога била направена контролата, како и дали е распишана потерница. Оттаму очекуваме одговори.Гури беше во ефективен притвор по отворање на истрагата. Бараше поблага мерка, за која судот се согласи, бидејќи сметаше дека тој не може да избега доколку биде во домашен притвор.Додека беше во ефективен притвор, Гури најголем дел од времето го поминуваше во болница. Затворската полиција го шеташе од клиника на клиника по налог на Кривичен суд. Гледано во денови, тој подолго време е на лекување отколку што бил во притворското одделение на затворот.„Скопје1“ објави дека додека беше во болница, кај него беше најден и телефон. Гури остварувал контакти со луѓе од надворешноста, додека предметот во кој тој е обвинет е во најсензитивна фаза на истрага.Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Македонија | пред 2 години

tufegdzik-tatko-1

Адвокатот Туфегџиќ потврдува: Разговорот е автентичен, се слуша гласот на таткото на Вања

Автентичен е разговорот кој е објавен во јавност, а гласот е на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, потврдува Владимир Туфегџиќ, адвокат на обвинетиот за „Скопје1“. Прашан кога се водел разговорот, кој го снимил, каде се водел – Туфегџиќ кажа дека ќе се воздржи од коментари. Адвокатот најави дека ќе бара прием во скопското Јавно обвинителство веќе во вторник, кога е првиот работен ден на институцијата.„Како бранител на Александар можам да потврдам дека на јавно објавените аудио материјали се слуша гласот на Александар, таткото на несреќното дете, и разговорот е автентичен.За сите други детали поврзани со конкретниот објавен видео запис, поточно за времето и местото на случувањата, ќе се воздржам од коментар во интерес на истрагата и истите ќе ги споделам со надлежниот Јавен обвинител, за што ќе побарам прием во Јавното обвинителство во вторник“, вели Туфеџиќ за „Скопје1“.Како и од кого се искреирани овие тонски снимки, ќе треба да утврди истрагата.„Секако истражните органи ќе треба дополнително да утврдат, како и на кој начин се креирани овие аудио записи, и како истите се нашле во посед на други лица“, додава Туфегџиќ за „Скопје1“.Претходно, објавивме дека гласот во снимката од српскиот политичар Срѓан Ного е на обвинетиот Ѓорчевски. Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.

Македонија | пред 2 години

vanja-tatko

(Видео) Таткото Александар Ѓорчевски се слуша на снимката за киднапирањето и убивањето на Вања - не се знае кој е интересот за објавувањље на материјалите

Гласот на објавената снимка од српскиот политичар Срѓан Ного, е ист како на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиената Вања Ѓорчевска, тврдат извори вклучени во истрагата за „Скопје1“. Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.„Еве тука проаѓа со истите тие две коли со кои го фаќаме карши Лукоил, значи тоа е колата. Еве го, еве ги поминаа. Еве го последен е застанат од страна. Се враќа во рикверц. Он подзастануваше претходно на Лукоил. И сега се престројува во.. Може и право да иде. Еве го се престројува позади ова ‘Берлинго’ ли, што е, не знам. Ова е кај ‘Папилон’, карши Буњаковец“, вели лицето во снимката. „Скопје1“ упати низа прашања на неколку од профилите на српскиот политичар Ного, но тој не одговори на ниту еден од нив. Прашавме како ги добил снимките, дали тој се познава со осомничениот за организација и реализација на убиствата Љупчо Палевски-Палчо, како и која е целта на објавите на материјалите. Засега, молк.До овој момент, не се знае ниту каде се снимени материјалите кои сега јавно се емитуваат. Таткото Александар Ѓорчевски, во текот на истрагата, изјави давал во полициска станица, а инспектори го посетуваа и во домот каде живееше убиената Вања, односно во зградата каде таа беше киднапирана.Обвинителството излезе со информација дека споделувување на вакви снимки не преставува загрозување на истрагата. Но не одговараат, дали некој ќе проверува кој снимал и зошто, како и кој снимките ги предал кај политичарот од Србија.

Македонија | пред 2 години

thumbnail_Slika_03

Авиосообраќајот е безбеден, разрешувањето е порака дека нема компромис со безбедноста, порача Петровска

Авиосообраќајот во Македонија е безбеден, тврди министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Според неа, предлогот за разрешување на Управниот одбор и раководството на М-М-НАВ е за да се испрати пораката дека компромис со безбедноста на авиосообраќајот – нема да има.„Предлогот за разрешување е бидејќи сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено, ги повикуваме и политичките партии и политичките движења во државата да не ги користат и да не ги злоупотребуваат ниту вработувањата ниту вработените во оваа институција за остварување на своја лична агенда. Она што е најважно за граѓаните и за јавноста е дека авиосообраќајот во РС. Македонија е безбеден и се одвива согласно правилата на ‘Еуроконтрол’“, вели Петровска.Според нејзе, потфрлено е од страна на раководството во целта да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата.„Случувањата во М-НАВ особено невозможноста да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата, како и немањето на соодветен дијалог помеѓу работодавците и Синдикатот, очигледно дека предизвикаа бранувања и во јавноста, но и во институциите. Претседателот на Владата, во консултација со мене како министер за одбрана и министерот за транспорт и врски, донесе одлука дека на следната седница, т.е. седницата во вторник на Владата ќе предложи разрешување на директорите и управниот одбор на М-НАВ“, додава Петровска.Ова доаѓа откако Беким Незири, вработен во М-НАВ и седум други лица влегоа во контролата на летање и натепаа контролори.

Македонија | пред 2 години

bekim-neziri-1

Полицијата трага по Беким Незири, кој е пријавен дека пуштил тепачи во М-НАВ - не се најдени уште три инволвирани лица

Полицијата не може да го најде ексминистерот Беким Незири, вработен во М-НАВ, а кој е пријавен дека ги организирал и пропуштил лицата кои влегоа да се тепаат со контролори на летање, дознава „Скопје1“. Освен по него, се трага и по други три лица кои поминале три безбедносни проверки и влегле во зградата од каде се контролира воздушниот сообраќај. Полициски службеници имале неколку обиди да го побараат Незири, дома и на работното место.Засега е познато дека најдени се само четворица инволвирани во упадот. Подигнати се и снимки од видео надзорот на М-НАВ од кои треба да се утвди како Незири ги пропуштил лицата кои тепаа контролори на летови, но и кои безбедносни проверки не биле направени од страна на приватната фирма која го обезбедува објектот. Поради овие пропусти, но и вчерашниот инцидент, од денеска и МВР ја обезбедува зградата.„Скопје1“ го контактираше Незири на телефонскиот број кој долги години го користеше, но наместо тој, друго лице одговори на повикот. Кажа дека бројот повеќе не е на Незири, а кога побаравме да ни го даде неговиот, рече: „Барајте го од друго место“.Премиерот Димитар Ковачевски најави разрешување на тројцата директори во М-НАВ од редовите на ДУИ. Тоа разрешување ќе се случи во вторник на редовна владина аседница, доколку, тие денеска не поднесат сами оставки. Состојбите во М-НАВ ескалираа поради објавени огласи, за кои Синдикатот на контролори на летање посочи дека е наместен за кадри нестручни за тие позиции.Претходно:

Македонија | пред 2 години

agad

Српскиот политичар нема да ја компромитира истрагата со објавата на снимки од киднапирањето на Ѓорчевска, обвинителката ги има сите докази, тврди Обвинителството

Српскиот контроверзен политичар, Срѓан Ного, не може да ја компромитира истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сметка скопското Обвинителство. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека ги имаат сите потребни докази за да ја утврдат цела траекторија на движење на четворицата осомничени, за чиј предводник, истрагата покажала дека е Љупчо Палевски-Палчо.„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Ного, во две засебни објави споделил фотографии од возилото „цитроен“ сопственост на убиениот Панче Жежовски. Тој најави дека ќе ги објави и снимките кои ги поседува, но не открива кој му е изворот односно кој му ги дал, ниту пак, зошто се решил да тргне во поход да објавува снимки од убиството. Најавата доаѓа во исти ден, кога Кривичен суд го продолжи притворот за сите осомничени.„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Боре Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Ного на „Твитер“.Познато е само дека по убиствата, осомничениот за организација и реализација, Љупчо Палевски-Палчо отиде за Белград, каде помина еден ден. Потоа беше и во Ниш. Од убиството на Вања, до напуштање на Македонија од страна на Палчо поминаа четири дена.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-04-at-15.15.21

(Фото) Со месеци: Поради бетонирање на градилиште во Центар, родители не можат ни деца во градинка да си остават - рекација нема

Камиони на градилиште секојдневно блокираат влез на градинка во Центар. Граѓаните неколкупати алармирале кај градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски, кој пак им посочувал дека се преземени мерки. Но утринава, родителите кои носат деца во оваа градинка, немаат каде да ги паркираат возилата оти паркинг местата се блокирани.„Градинката Наум Наумовски Борче (ул.Борка Талески бр.50) е клон на ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје во Центар. Карши градинката, се градат две згради и секој ден кога ги носиме децата во градинка, има камиони кои ја блокираат целата улицата. Од 7:30 до 8:30 (време кое е наменето за оставање на децата во градинка) неможе да се помине со кола и мораме да наоѓаме место за паркинг во соседните улички и да носиме деца во раце. Од 15:30 до 16:30, работниците најбезобразно низ целиот паркинг ставаат конуси и не ни дозволуваат да се паркираме затоа што ќе вршеле градежни работи“, сведочи Маја Арсовска, чии деца одат во оваа градинка.Таа посочува дека ова се се случува пет месеци. Дополнително, проблем за градинката создава и бучавата која се зодава.„И ве замолуваме, кој и да е инвеститор да си постави некаква звучна изолација, секој ден се вршат градежни работи и децата неможат да спијат.И државата сериозно да подразмисли на едукација на градежните работници, бидејќи вчера двајца работници ме убедуваа дека тоа не е паркинг на градинката додека стоеја под знак за паркинг на кој пишување "Паркингот е наменет за градинката", додава Арсовска.„Скопје1“ за овој проблем алармираше кај Герасимовски кон средината на ноември, но и денеска, сликата е иста.

Скопје | пред 2 години

ahmeti-pee

(Видео) Ахмети си славеше во Министерство кај Груби, овојпат со мандолини и пеење

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак се распеа, додека вицепремиерот Артан Груби го снима во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Снимката е од минатата година, а актуелна е денеска, оти ја сподели Груби. Во салата викнале и три мандолини, кои го проследија пеењето на Ахмети. До лидерот на ДУИ, седи уште едно лице, покрај кое се гледа чад, кој можеби е од цигара. „Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè свето за албанството на плеќи, денеска полни 65 години“, напиша Груби.И ова не е првпат роденоденот на Ахмети да се слави во министерство. Истата слика, јавноста ја гледаше и пред две години. Тогаш, Ахмети ги собра сите министри на журка во Министерството, па платија казна од 10 евра.

Македонија | пред 2 години

vrata

(Видео) Нервоза и дерење: Стотина граѓани извисија на пунктот за документи без термин - им заклучија врата во 13 часот оти нема втора смена

Заклучени врати и стотина граѓани пред нив – ваква е сликата кај полициската станица „Пролет“, каде во долги колони и денеска се чекаше за да се поднесат документи за издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи. Редицата на граѓани се протега долж улицата, а вратата од пунктот е заклучена. Граѓаните биле известени од службеник на МВР дека втора смена за издавање документи – нема да има. „Не знам госпоѓо што е работата, нивниот надлежен кажа дека нема да се работи веќе. Нема да работи пунктот денеска, нема да доаѓа втора смена. Не знам како да ви помогнам“, им кажа службеник од МВР на сите кои чекаа“, кажа службеникот кој бил задолжен само да извести.Одговори побаравме и од МВР. Прашавме зошто пунктот не работи втора смена, но и зошто затвора во 13 часот. Оттаму очекуваме одговори.Пред овој пункт има граѓани кои доаѓаат и чекаат ред и по неколку денови. Претежно станува збор за возрасни граѓани, на кои од личните документи им зависи и подигнувањето на пензиите од банка, плаќањето сметки, секојдневното функционирање. Покрај нив е и младата популација, која чека ред да ги извади сите документи.„Скопје1“ веќе објави дека пасошите нема да важат после 12 февруари. Граѓаните се во трка со времето за да ги променат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи ако не се донесе поинаква одлука и тие ќе бидат неважечки.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Има 16 кандидати за огласот во Гинекологија, каде националноста беше фактор за вработување

На огласот од Клиниката за гинекологија, каде меѓу условите беше и националната припадност, се пријавиле 16 кандидати, дознава „Скопје1“. Комисијата на Клиниката утврдува дали сите пријавени ги доставиле потребните документи. Огласот не беше поништен и покрај реакциите на стручната фела дека мора да се бираат медицинари според стручност, а не националност.Се очекува огласот да резултира со шест нови вработувања. Меѓу пријавените, има доволно кандидати за секоја од професиите. Ќе се вработат двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, двајца доктори на специјализација по педијатрија, двајца доктори на специјализација по анестезија и интензивна медицина.За овој оглас имаше остри реакции. Доктор Лазаров ги праша институциите: „Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром, добро луѓе дали сте нормални???“.Министерот за здравство, Фатмир Меџити смета дека етничката припадност не треба да има предност пред професионалноста при вработувања во здравството, а со тоа се согласи и премиерот Димитар Ковачевски. Но, според двајцата, мора да се почитува законот кој предвидува правична застапеност на етничките заедници дури и во здравството.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Пиротехниката на Дрин Ахмети ја вештачи МВР, за држење петарди и огномети се поднесувани обвиненија

Министерството за внатрешни работи ги вештачи пиротехничките средства најдени кај бизнисменот Дрин Ахмети, кој е внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, дознава „Скопје1“. Тие се предадени таму по наредба на обвинител од скопското Обвинителство. Вештиот наод ќе биде пресуден за тоа дали ќе има кривична одговорност за Ахмети. „Скопје1“ побара одговор од МВР што е побарано од нив да утврдат со вештачењето, како и, дали ќе бидат брзи при изработката. Оттаму, топката ја префрлија кај Обвинителството.„МВР и за овој случај, како и за другите случаи за кои добива наредби од ОЈО, постапува и доставува соодветен службен материјал до ОЈО. Бидејќи случајот за кој прашувате е во надлежност на ОЈО, одговори за овој случај може да побарате од обвинителството“, велат од МВР.„Скопје1“ ги проверуваше пресудите донесени од Кривичниот суд, а кои се однесуваат на лица кои поседувале пиротехнички средства. Од нив може да се утврди дека држењето на пиротехнички средства претставува кривично дело, односно дека Обвинителството поднесувало обвиненија. Граѓани кои биле затекнати со петарди и огномети, одговарале по членот 396 став 4 во кој стои: „Ако предмет на делото од ставот на овој член е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.Таква е и пресудата против извесен Мукеран Мемети, кој добил условна осуда. Кај него биле најдени околу 700 парчиња на пиротехника. Поседувам огномети и разни видови петарди. Скопското обвинителство поднело обвинение, а Кривичен суд изрекол пресуда дека лицето е виновно.Вчера, Дрин Ахмети за „Скопје1“ изјави дека пиротехниката најдена во неговиот автомобил била легално купена, а не била наменета за никаква препродажба. Тој смета дека не сторил кривично дело, па затоа ќе бие правна битка.Спред МВР, тој при претресот поседувал вкупно 749 пиротехнички средства.

Македонија | пред 2 години

straus

И продале расипан лаптоп, не сакале да и вратат пари - патешествието на студентка од Скопје и ажурното постапување на Пазарна

Студентка купила лаптоп од познат трговец, но наместо исправен уред, добила проблеми и патешествие. Случајот бил пријавен и од Паазарен инспекторат, чии инспектори го следеле случајот од наложувањето да се вратат парите, па се до конечната трансакција која се случила кон крајот на декември. Случајот е јавно објавен вчера од студентката, која се пожали дека парите не и се префрлени на сметката. Сепак, според увидот кој го имаше „Скопје1“ во предметот, налог за повраток на парите и негова реализација имало уште во декември од страна на фирмата која го продала лаптопот. Во делот на реализацијата од банката кон студентката, Пазарна нема надлежност. Студентката Стефани Акимовска сведочи за тоа што поминала од купувањето на уредот, до неговото враќање.„Јас сум студент на ФИНКИ прва година. На 07.10.2023 моите родители ми купија нов лаптоп ‘Асус’ од 42.000 денари за учење без оперативен систем од ГТЦ Сетек, se od tehnika . По инсталирање на оперативен систем (Windows) веднаш почна да појавува дефекти, плав екран и замрзнат екран. Побаравме да ни биде заменет за нов затоа што лаптопот воопшто не беше употребуван. Од сервисот ни рекоа дека мора да биде сервисиран, но ние не прифативме затоа што лаптопот воопшто не е употребуван и е купен неисправен. Поради тоа побаравме поврат на паричните средства, но ни рекоа дека и парите нема да ни бидат вратени. На 03.11.2023 пријавивме во државен пазарен инспекторат каде што ни рекоа дека во тој случај парите треба да ни бидат вратени. По увид на инспекторот во ГТЦ СЕТЕК ни беше побаран лаптопот да го вратиме со кој што ни беше даден формулар за прием на сервис и на него беше наведено дека лаптопот има оштетувања, гребнатини и траги од абење. Побаравме од продавачот да ни покаже каде е оштетен лаптопот, но никаде не беше оштетен. Од тогаш поминаа 2 месеци и сеуште немаме никаква информација, ниту ни се вратени парите. Освен во Пазарна инспекција, се јавивме и во корупција, со што од таму не посочија да се јавиме во инспекциски совет за да го пријавиме инспекторот што го води случајот. Поднесовме претставка против инспекторот, но и од таму сеуште нема одговор“, напишала студентката.„Скопје1“ доби увид во целиот предмет, каде се гледа постапувањето на инспекторот. По пријавата, веднаш било побарано да се вратат средствата, имал редовна комуникација со двете странки (родителот на студентката и фирмата). Заложбите биле дотаму да таткото на студентката бил контактиран за да инспекторот се увери дека парите се вратени. Директорот Горан Трајковски за „Скопје1“ посочува дека и лично се заинтересирал за случајот. Тие по службена комуникација добиле докази дека парите за лаптопот биле уредно вратени уште минатиот месец.„Ве известуваме дека во врска со поднесената претставка за тоа дека на странката не и бил заменет производот, во случајов лап топ од трговецот СЕТЕК, од страна на пазарниот инспекторат се преземени сите законски дејства во рамки на нашите надлежности. Од наша страна е постапено во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, каде трговецот има обврска да го врати паричниот надоместок за одреден производ, кога тоа потрошувачот ќе го побара, само во случаи кога производите за кои се бара враќање на паричниот надоместок се неоштетени и со приложување на фискалната сметка која се однесува на производот. Во случај кога трговецот не сака да го врати паричниот надоместок, а Пазарниот инспекторат ќе констатира, дека трговецот треба да го врати надоместокот, тогаш пазарниот инспекторат изрекува соодветна санкција (прекршок) во денарска противвредност. Пазарниот инспекторат во овој случај имаше обврска да постапи само до моментот кога трговецот се согласи да го врати паричниот надоместок на странката за што странката е контактирана во месец декември 2023 година и известена дека целосниот паричен износ ќе и биде вратен. На 19 декември 2023 година, од страна на трговецот СЕТЕК е испратено барање до банката за враќање на паричните средства. Оттука, за застојот на паричните средства во банката, пазарниот инспекторат нема надлежност. Исто така, странките беа примени во пазарниот инспекторат најсрдечно, и им беше укажано кои се нивните права и на што треба да внимаваат во иднина“, вели Трајковски за „Скопје1“.Тој додава дека во пазарниот инспекторат на секоја странка и се посветува внимание и се постапува по секоја пријава односно претставка.„Како институција, постапуваме апсолутно без селекција, и работиме исклучиво во име на граѓаните! Замолуваме, во иднина, податоците да бидат пренесувани точно и во целост, за да нема недоразбирања!“, додава Трајковски.Денеска, студентката го ажурираше статусот и напиша дека парите и биле вратени.

Македонија | пред 2 години

viber_image_2024-01-03_15-05-16-626

Претседателот на Судски поднесе оставка, за да се спроведе одлуката на Управен за враќање на Дамева

Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, поднесе оставка откако Управниот суд донесе пресуда дека неговата претходничка, Весна Дамева, била незаконски разрешена. Заменик-претседателот на Советот, Ханиф Зендели предложи да се гласа за разрешувањето на Георгиев, па да се постапи по одлуката на Управниот суд. Оставката му беше прифатена. Георгиев посочи дал многу од себе, а советот функционирал. Смета дека неговиот избор не е нелегитимен, а Управен само поништил избор на претходната претседателка.„Доставив писмено барање за оставка. Тоа е повод за оваа седница. Во кратки црти, по разрешувањето на Дамева, на наредна седница за избор на претседател бев предложен од колегите и избран. Знаете сите дека бев во дилема дали да ја прифатам оваа функција, бидејќи тогаш, Судски совет беше во специфична ситуација со нарушени меѓучовечки односи. Тоа беше тежок период за советот. За овој период од мај до денеска, за краток период сите заедно успеавме да избереме 30 судии и академци, а потоа избравме и судии во Апелација, ја зголемивме и транспарентноста. Од лични и принципиелни причини ја донесов оваа одлука“, кажа Георгиев.Тој пред колегите кажа дека немал притисоци, а ниту некој влијаел на него.„Тоа го истакнувам најодговорно, истакнувам ии дека совесно и професионално го претставував Советот и работев за него“, додава Георгиев.Втора точка на дневниот ред е дискусија и постапување по пресудата од Управен суд за враќање на Дамева.

Македонија | пред 2 години

386627627_10231993577211575_2872631339681207009_n

Судски совет е нелегитимно тело - Ковачевски се согласи со холандскиот амбасадор

Со една реченица, повикувајќи се на изјавите од двајца амбасадори кои упатија сериозни критики, премиерот Димитар Ковачевски го искритикува Судскиот совет. Тој смета дека американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер е во право кога изразува разочараност во работата на судското тело, а холнадскиот амбасадор Дирк Јан Коп не греши кога укажува дека судското тело е нелегитимно.„Во однос на Судски совет, ги делам размислувањата со американскиот и холандскиот амбасадор“, рече Ковачевски.Судскиот совет од утринава држи работна средба, зад затворени врати и без медиуми, каде анализира како ќе ја спроведе пресудата на Управниот суд за враќање на контроверзно разрешената Весна Дамева на претседателската функција. Нема информации што се дискутира со часови, а детали се најавени по завршување на сребата.Дамева беше разрешена во април минатата година. Прво јавно пред камери, а потоа и тајно зад затворени врати. Таа поднесе тужба до Управен суд, но и кривична пријава до скопското Обвинителство. Управен досуди дека нема соодветно образложение за таа да биде разрешена, ниту пак постапката е спроведена согласно закон.Разрешувањето на Дамева дојде по писмото од американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер која изрази загриженост поради нивни донесени одлуки. Па со изговори дека Дамева го криела писмото, Судски совет тргна во оход да ја разрешува. При гласањето, за разрешување на Дамева гласаа седум члена на Судскиот совет, по што Адеми констатира дека Дамева е разрешена.Холандија пак, стави во мирување голем проект со Судски совет за зајакнување на ефикасноста и транспарентноста. Амбасадор на оваа земја во Скопје, Дирк Јан Коп, Судскиот совет го оцени како нелегитимно тело.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања