„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

skopje-zagadeno

Домаќинствата најмногу го загадуваат воздухот, мерки има, но не и нивно спроведување

Скопје, Битола, Куманово, Тетово се најзагадени градови во Македонија, според анализите на Министерството за животна средина. Министерката Каја Шукова кажа дека најголемото загадување е од домаќинствата. Не знаеше која општина какви мерки спроведува, оти не била известена. Посочи дека како Mинистерство трошат пари на еколошки системи, замена на системи за затоплување, нови зелени површини.„Ние цело време ги охрабруваме општините, во рамки на финансиските можности да спроведуваат мерки. Знам дека многу често помагаат со купување на инвертери. Ова е процес почнат пред 4-5 години. Имавме и поголеми капитални проекти во големите здравствени центри каде ги менуваме системите. Ќе продолжиме“, вели Шукова.„Јас знам дека дрвата се користеле и ќе се користат. Ама да се користат на вистински начин. Да се користат суви дрва, не мокри. Да не се додаваат пластика и гуми за да имаме повеќе затоплување, а всушност го загадуваме воздухот“, додава министерката.Се прави мапирање на општините, за да се идентификуваат загадувачите.„Анализите покажуваат дека 45 отсто од загадувањето е од домаќинствата. Доаѓаат и од јавните институции кои не користат еколошки системи. Процесите не одат брзо. За вакви проекти мора да има документација и набавка“, додаде Шукова.Прашана колку од општините донеле мерки за превенција од загадување, таа кажа дека немале добиено никаква информација од ниту една локална самоуправа.„Неофицијалните информации знам дека некои општини имаат донесено краткорочни и долгорочни мерки, кои треба да ги спроведат. Знам дека сериозно ова прашање го отвораат во Советите“, рече Шукова, но не знаеше да каже колку општини го отвориле ова прашање и го решаваат преку мерки.

Македонија | пред 2 години

gasdg

[Објавена пресудата] Судски не образложил зошто ја разрешува Дамева, ниту законски ја спровел постапката

Управниот суд ја објави пресудата со која Весна Дамева се враќа на претседателската функција во Судскиот совет. Според Управен: „Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“.Тие посочуваат дека незаконски се спроведени правилата на постапката.„Видно од списите на предметот, тужениот орган со оспорената Одлука го разрешува сега тужителот од функцијата претседател на С. с. на Република С.М., со тоа што се определува дека оваа Одлука влегува во сила со денот надонесувањето на 04.05.2023 година. Во образложение на Одлуката е наведено дека Советот на 441-седница одржана на ден 04.05.2023 година расправал по прашањето за доверба на претседателот на С. с. на Република С.М. и сомнозинство на гласови на членовите со право на глас изгласал недоверба на сега тужителот, претседател на С. с. на Република С.М., a по изгласаната недоверба, по предлогот за разрешување од функцијата претседател на С. с. на Република С.М. со 9 гласа „за“ и 3 „против“ од присутните членови со право на глас била донесена одлука со која сега тужителот се разрешува од функцијата претседател на С. с. на Република С.М.. Одлуката е донесена врз основа на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М. ( Сл.весник на РСМ бр.102/19). Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“, стои во пресудата.Наоѓаат за недостаток што и образложението е нецелосно.„Во конкретниот случај, Судот најде дека образложението на оспорената Одлука е нејасно, односно тужениот орган во истата не дал никакви образложени причини поради кои го разрешува од функција сега тужителот, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на онаква Одлука како што е дадена во диспозитивот на истата. Имено, во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на С. с., по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет., се додава во пресудата.Пресудата е правосилна од утре.Повеќе:Пресудата:[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/618-23.pdf"]

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Пропадна 14. тендер за изградба на Чебрен - нема да се активира банкарската гаранција на фирмата

Пропадна 14. Тендер за изградба на Чебрен. Министерката за животна средина, Каја Шукова кажа дека нема да се активира банкарската гаранција, а истата не е ниту активна. Шукова кажа дека понудата не е повлечена за да се наплатат пари од компанијата, туку истекла банкарската гаранција и со тоа се запира склучувањето на договорот.„До 31.12. не пристигна продолжување на банкарската гаранција кој беше избран од Владата. Не е активен ниту понудувачот. Ја разгледавме тендерската документација, Министерството како надлежно ќе информира дека ќе достави одлука за поништување на постапката. Додека беше активна банкарската гаранција, понудувачот требаше да склучи договор со ЕСМ за заедничко вложување. Тоа не го направи“, вели Шукова.Министерството ја потсетило фирмата дека им истекува банкарската гаранција, 15 дена пред тоа да се случи. Компанијата пак, се жалела дека условите на Владата им го комплицирало процесот на обезбедување пари од банките.„Тие се жалеа за владината одлука, меѓудругото компанијата соопшти дека има определени услови кои не и даваат добри можности да обезбеди средства од банките за да го гради Чебрен. Тие услови не беа дел од тендерската документација. Не можеше Владата да ги прифати, во однос на другите кои подигнаа тендерска документација и се јавија“, додава Шукова.Компанијата со овие услови не може да обезбеди заеми од банките, станува збор за милијарда евра, смета Министерството за животна средина.

Македонија | пред 2 години

igor-pehcevski

Битка за лек и во Новата година: Пехчевски не е меѓу двајцата пациенти кои примија „трикафта“

Уште двајца нови пациенти кои боледуваат од цистична фиброза добија терапија со „трикафта“, а меѓу нив, ниту овој пат не е Игор Пехчевски кој повеќе години бара лек. И во Новата година, тој ја бие старата битка. Портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска за „Скопје1“ посочува дека пациентите се вклучуваат етапно, додека пак, Пехчевски посочува дека освен јавните изјави кои ги чита по медиумите – никој не му кажал кога ќе го прими лекот. Шерифовска посочува дека листата е направена според критериуми.„Пациентите се вклучуваат етапно, спрема листата на евалуирани пациенти од страна на стручната комисија. Етапно се вклучуваат пациентите, ќе биде вклучен и Игор. Пациентите ќе бидат повикани, Листата е правена согласно многу критериуми“, посочува Шерифовска за „Скопје1“.Пехчевски за „Скопје1“ вели дека сѐ уште никој му нема јавено да оди да го прими лекот.„Немам информација ни кога ќе ја добијам првата доза, последната изјава на д-р Фуштиќ беше следната недела - а тоа е сега. Ама мене никој сѐ уште ме нема побарано“, вели Пехчевски за „Скопје1“.Пред крајот на декември, директорката на ЈЗУ Клиника за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ, најави дека од следната недела, Пехчевски ќе добие „трикафта“.„Нема место за стравување, сите пациенти од приоритетната листа ќе ја добијат терапијата во зависност од тежината на клиничката слика и состојбата во која се наоѓаат. Пациентот Игор Пехчевски, ако не е на листата за оваа недела, тогаш терапијата ќе ја добие во текот на јануари, односно од следната недела. Тој е пациент на Клиниката за пулмологија, не се води на Детската клиника, но комисијата, кога ја правеше листата, ја имаше предвид неговата состојба“, кажа директорката Нацева-Фуштиќ на 25 декември.

Македонија | пред 2 години

Vesna-Dameva-2

До февруари, Судски совет ќе мора да ја врати Дамева за претседател - немаат право на жалба

Пресудата со која Управен суд ја враќа разрешената претседателка Весна Дамева на претседателското место во Судски совет, стасала до институцијата. Детали од неа не се споделуваат, освен дека рокот за спроведување е 30 дена. Што ќе се случува со сите досега донесени одлуки на Советот, меѓу нив и именувањето на судии во повеќе судови – ќе се знае во идните денови.„Стаса пресудата од Управен суд за разрешувањето на Дамева. Утре ќе се разгледа на работен состанок. Во рок од 30 дена треба да се постапи по неа. Нема право на жалба“, велат од Судски совет.За пресудата на Управен се дозна пред новогодишната ноќ. Тројца судии ја потпишале одлуката, наоѓајќи дека Дамева била разрешена на незаконски начин. Тогаш, пресудата не беше доставена до сите странки.Дамева за „Скопје1“ посочи дека пресудата не би била триумф, ама ќе биде задоволување на правдата.„Останува борбата против корупцијата од било кое место и било која позиција. Не престанувам со борбата против корупцијата, дали како член, дали како претседател. Не се бориме за триумф ова ќе значи дека правдата е задоволена“, рече Дамева за „Скопје1“.Правната фела ова го искоментираа ова како „судска игранка“ односно пршеседан кој не е запаметен. Според нив, токму поради ваквите преседани, се доведува во прашање кредибилноста на целиот Судски совет како највисоко тело во правосудната власт, па оттука, тие ќе речат: „Ни во детска градинка толку често децата не си ги менуваат улогите на претседател во нивната игра, како во највисокото судско тело“. Дел од фелата препорачува облигаторен, но комплетен реизбо

Македонија | пред 2 години

damjanovski

(Видео) Инспекторатот се прогласи за ненадлежен: Гинекологија само интерно ќе го проверува случајот на бебето со скршеница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема да постапува во случајот со родилката Анета Дамјановска, чие новороденче има скршена рака - оти нема надлежност. Директорката на инспекторатот, Рената Младеновска за „Скопје1“ посочува дека тие немаат надлежност да ја ценат стручната работа на докторите. Ова значи дека единствени кои ќе проверуваат како настанала скршеницата и дали има грешка кај персоналот е Комисијата формирана од Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија.„Во однос на случајот на Клиниката за гинекологија и акушерство, се работи за стручен дел од работата, така што, Клиниката ќе си постапи согласно Комисијата за квалитет. ДСЗИ нема надлежност да ја цени стручноста на докторите“, вели директорката Младеновска за „Скопје1“.Случајот на семејството на Дамјановски го обзнани „Скопје1“.Родилката Анета Дамјановска, не можела да си го види бебето оти докторите не и дозволувале. Ова за „Скопје1“ го раскажа нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски. Тој посочува и дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе. Според неговите кажувања, по низа инсистирања, само мајката успеала да отиде кај бебето, кога и било и кажано дека тоа има скршена рака.Повеќе:Викторија Јовановска, директорката на Клиника за гинекологија и акушерство за „Скопје1“ ги потврдува информациите кои ги сподели семејството Дамјкановски, дека бебето не било дадено на мајката да го види, како и дека има скршеница на раката. Според неа, тоа бебе било на опсервација, а додека трае посматрањето и утврдувањето што се случува, редовна процедура е да не се споделуваат информации со мајката. Јовановска најави формирање на Комисија во рамки на Гинекологија, која ќе утврдува дали има грешка при постапувањето на медицинарите.

Македонија | пред 2 години

drin-ahmeti-uapsen

(Видео) Дрин Ахмети за „Скопје1“: Пиротехниката е легално купена, подароците беа за моите внуци

Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, за „Скопје1“ вели дека пиротехниката најдена во неговиот автомобил била легално купена, а не била наменета за никаква препродажба. Тој не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе бие правна битка.„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за „Скопје1“.„Скопје1“ прв објави за апсењето на Дрин Ахмети. Полиција го застана на рутинска контрола на Пластичарската улица во Скопје, а потоа заврши во полициска станица. Објавивме и снимки, каде Ахмети, заедно со полицајците пребројуваа пиротехника во неговиот автомобил, па го однесоа во станица. Спред МВР, имаше вкупно 749 пиротехнички средства.Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, прославуваше три години во „Тхор индустрис“. Ова е фирмата која го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, купопродажба проследена со низа контроверзи и неодговорени прашања. Никогаш не се дозна колку чинело купувањето, освен дека фирмата на Ахмети треба да исплати долг од 20 милиони евра на претходниот сопственик. Не се знае ниту што правел Дрин Ахмети со цел арсенал пиротехника во неговиот џип.Каква одговорност ќе понесе бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, засега не се знае. Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, за да се види какво кривично дело сторил Ахмети.

Македонија | пред 2 години

gakk-damjanovski

Ќе се проверува како настанала скршеницата кај бебето на Гинекологија, директорката тврди дека процедура е при опсервација родителите да не го гледаат

Викторија Јовановска, директорката на Клиника за гинекологија и акушерство за „Скопје1“ ги потврдува информациите кои ги сподели семејството Дамјкановски, дека бебето не било дадено на мајката да го види, како и дека има скршеница на раката. Според неа, тоа бебе било на опсервација, а додека трае посматрањето и утврдувањето што се случува, редовна процедура е да не се споделуваат информации со мајката. Јовановска најави формирање на Комисија во рамки на Гинекологија, која ќе утврдува дали има грешка при постапувањето на медицинарите.„Комисијата треба да го разгледа целиот случај. Треба да види што ќе каже гинеколошката екипа, а што педијатриската екипа, да се утврди што и како се случувало. Случајот мора да се провери, секогаш кога родителите не се задоволни, односно кога реагираат и кога има немил настан. Секогаш на тие истории се прават проверки за да се види да не има грешка кај персоналот“, вели директорката Јовановска за „Скопје1“.Таа посочи дека утринава дознала за случајот.„Кога отидов за првото бебе, видов дека се вознемирени педијатрите затоа што бебето имаше оток на раката. Не можеле да превидат дека има фрактура на надлактица, бидејќи не може секое бебе на рендген да се носи. Ризикот од фрактура на таква положба (било попречно поставено, а претходно карлично) – јас сега им се јавив. Кога треба да се извади бебето на царски рез, ставаат (н.з.) и излегува раката. Сега не може за рака да го влечат. Секако мора да ја вратат раката назад, а родилката и претходно била со царски рез, имала повеќе можни ризици – тоа се случува. Сега, не се случува често но тоа е предивдена компликација со таква положба дека може да настане фрактура“.Сепак, медицинарите и кажале на директорката дека не било тешко враќање на раката на бебето, како процедура која е според протокол предвидено, за потоа да биде родилката породена.„Детето немало оток. Мислеле дека е пареза (нарушување на мускулни движења н.з.) на раката, а кога се појавил оток одма е направен рендген“, додава директорката Јовановска за „Скопје1“.„Не е дека детето не било дадено на родителите, туку децата кои што се под опсервација, а кои имаат некаков проблем, за да не ги вознемируваат мајките – тоа се прати и затоа не им ги носат кај мајката. Пратат дали нешто понатаму ќе има. Замислете на некоја мајка да ѝ кажете ‘ние се сомневаме дека тоа дете дека раката не се движи како што треба’. Знаете ли која е паника е?“, посочува Јовановска.На забелешката дека со криењето на информации се создава недоверба кај институцијата, директорката посочува дека Клиниката за гинекологија работи по сите протоколи.„Дека нешто некогаш се случува, тоа се случува секаде, не само кај нас. Тоа се предвидени компликации. Ниту педијатрите не знаеле што се случува, бидејќи немало оток, тој се појавил денеска. Повеќе деца не се дадени на мајките ако треба да бидат на опсервација, на посматрање. Откако ќе се утврди се информираат родителите“, додава Јовановска.„Скопје1“ објави детали за овој случај.

Македонија | пред 2 години

slika-damnjanovski

(Видео) Бебе со скршеница криено од родилката на скопска Гинекологија, обвинува семејството

Родилката Анета Дамјановска, која била породена вчера, не можела да си го види бебето до денеска оти докторите не и дозволувале. Ова за „Скопје1“ го раскажа нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски. Тој посочува и дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе. Според неговите кажувања, по низа инсистирања, само мајката успеала да отиде кај бебето, кога и било и кажано дека тоа има скршена рака. „Скопје1“ побара став и од директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска, која до моментот на објавување, не одговори на нашите прашања. Таткото на бебето, Благојче Дамјановски, раскажа што се случувало по породувањето.„Бебето го немаше видено, само на кратко на пет минути, не и го носат да го гледа. Дојдовме да прашаме зошто не даваат да го видиме бебето. Сопругата го има фотографирано со скршена рака. Дури сега, пред час и половина ни даваат информација дека бебето е со скршена рака. Од 31. декември до ден денеска, до пред час и половина, ние немавме никаква информација што и како се случува“, посочува Дамјановски.Според него, медицинарите требало задолжнително да го известат семејството, без разлика што се случило.„Бев јас да побарам информација, бев избркан од една од сестрите. И кажав дека ќе викнам телевизија, таа рече може да викнеш кого сакаш. Тоа е се“, додаде Дамјановски.Тие не знаат во каква состојба е бебето.„Само дознав дека раката е скршена“, додава тој.„Скопје1“ побара став од директорката Јовановска за тоа што се случило со бебето и зошто има скршеница, но и зошто е криено од родителите. На ова, до моментот на објавување, не добивме одговор.

Македонија | пред 2 години

drin-ahmeti

Дрин, внукот на Али Ахмети слави и молчи: на денешен ден влегол во фирмата која годинава ја купи „Соравија“

Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, а кој вчера беше уапсен со пиротехника – денеска прославува три години во „Тхор индустрис“. Ова е фирмата која го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, купопродажба проследена со низа контроверзи и неодговорени прашања. Никогаш не се дозна колку чинело купувањето, освен дека фирмата на Ахмети треба да исплати долг од 20 милиони евра на претходниот сопственик. Не се знае ниту што правел Дрин Ахмети со цел арсенал пиротехника во неговиот џип.„Скопје1“ уште вчеравечер, упати прашања до Дрин Ахмети поврзани со неговото апсење. Прашавме што правел со толку голема количина на приотехника, како и дали признава дека се огрешил пред законот. На ова нема одговор. Утрово имавме нов обид да добиеме повеќе информации, па прашавме за однесувањето на полициските службеници кон него. Иако прашањата ги добил, се одлучил да не одговара.Ова и не е невообичаена практика на Ахмети, кога во прашање е комуникацијата со јавноста. Во јуни, годинава, бизнисменот, внук на Али Ахмети, ни вети дека до септември јавно ќе ги достави сите информации поврзани со капиталот со кој тој го стави „Соравија“ под своја контрола. Ова до денеска – не се случи.Засега е познато дека влезот на Ахмети во „Соравија“ е со нула денари. Обвинителството за гонење организиран криминал отвори предмет. Требаше да ја истражува купопродажбата на овој трговски кој се наоѓа во центарот на Скопје. Најавено беше дека ќе се ангажираат и Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи. До овој момент, предметот не преминал ниту во фаза на истрага.Сомневањата во постапувањето на ова Обвинителство ги донесоа фотографиите на шефот на обвинителите Ислам Абази со братот на Али Ахмети. И тоа не станува збор за „нормална“ фотографија, туку на неа, Абази седи на под, додека Ахмети виси над него, качен на грб врз трето лице.Дрин Ахмети држеше и прес-конференција за да ја оправда купопродажбата. Па јавноста ја убедуваше дека чичко му Али, не му помогнал.„Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети и помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата“, кажа Ахмети.МВР најави дека за случајот со пиротехниката ќе достави пријава до Обвинителството. За што ќе се гони Дрин Ахмети – останува да одлучи обвинителот кој ќе го добие предметот.

Македонија | пред 2 години

drin-ahmeti

МВР за апсењето на Дрин, внукот на Ахмети: Го запреле со џипот, го провериле и нашле пиротехнички средства

Пријава до Јавното обвинителство ќе има за Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“. Ова од МВР го потврдуваат за „Скопје1“ и посочуваат дека пиротехничките средства му биле најдени при рутинска контрола. „Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства“, велат од МВР.Тие додаваат: „Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

Македонија | пред 2 години

drin-ahmeti-uapsen

(Видео) Уапсен е Дрин, внукот на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“

Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници.Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде до овој момент немаме никакви информации. Прашања упативме и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Судски подготвен да ја врати Дамева за претседател, ако тоа го наложува Управен - пресуда немаат добиено

Судскиот совет е подготвен да ја врати Весна Дамева на претседателското место, доколку така стои во пресудата од Управниот суд. Оттаму посочуваат дека се уште немаат добиено ништо на писмено, нешто што го потврди и самиот суд. Истата треба да биде испратена во текот на идната недела до сите странки во постапката.„Судскиот совет се уште не ја добил пресудата. Откако ќе ја добие, ќе ја разгледа и потоа ќе биде ставена на седница. Во зависност што ќе содржи во неа, ќе се постапи во законскиот рок“, велат од Судски совет.Против пресудата на Управен суд, нема право на жалба. Истата треба да се спроведе. „Скопје1“ исконтактира и со Дамева која посочи дека ќе ја продолжи започнатата борба, а пресудата за нејзе претставува правдина, а не триумф.„Останува борбата против корупцијата од било кое место и било која позиција. Не престанувам со борбата против корупцијата, дали како член, дали како претседател. Не се бориме за триумф ова ќе значи дека правдата е задоволена“, рече Дамева за „Скопје1“.Разрешувањето на Дамева помина контроверзно. Ги налути и странците, донесе и стопирање на холандски проект преку кој требаше Судскиот совет да се унапреди во работата. Истото беше проследено и со барање за распуштање, нешто што не беше спроведено.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Од постапката ќе се одреди иднината на судството и неговата независност“ - Беса Адеми остра на седницата каде сакаат да ја разрешат

Од оваа постапка ќе се одреди иднината на судството во Македонија. Со оваа реченица, судијката од Врховниот суд, Беса Адеми, го заврши своето обраќање кон членовите на Судски совет кои тргнаа во поход да ја разрешат. Негира дека сторила било каква злоупотреба, ги отфрли тврдењата дека со неучството на седниците на Судски совет попречила во неговата работа, но и дека со недоаѓањето на работна средба влијаела на довербата во судството кај граѓаните.„Денеска и во периодот кој следи, токму исходот од оваа постапка, ќе ја одреди иднината на судството во Република Македонија“, рече Беса Адеми.Нејзината адвокатка Павлина Зефиќ-Јакимовска, посочи дека ова не е обична расправа, туку борба на целото правосудство за негова независност.„Некој ќе рече денеска станува збор за обична расправа. За нас ова не е обична расправа. За нас ова е значаен, историски ден од причина што од исходот на оваа постапка ќе се исцртаат патоказите по кои ќе се движи правосудството во иднина. Некој ќе рече ова е борба на Беса Адеми како претседател на Врховниот суд, но ова е борба на целото правосудство за неговата независност. Тука станува збор за постапка за одговорност на претседателот на највисокиот суд на државата, па поради истото оваа постапка ги тангира сите чинители на правосудниот систем“, рече Павлина Зефиќ-Јакимовска.Таа со извадок од извештај на оценската мисија на ЕУ, посочи дека токму тие препорачуваат Адеми да не биле член на Судски совет, а нејзиното неприсуство не е злоупотреба.„Во главата која се однесува на присуството на Врховниот суд се наведува: исто така совет е претседателот на Врховниот суд повеќе да не биде дел од Судскиот совет за да се обезбеди внатрешна независност на судството“, кажа меѓудругото Зефиќ-Јакимовска.Таа кажа дека ги негираат сите наводи во барањето, дека претседателката прекршила одредена одредба од закон, а тоа да резултира со нејзино разрешување.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Судски совет е навреден оти Беса Адеми ги игнорирала, сакаат да ја разрешат оти не им одела на седници

Отсуство од седници на Судскиот совет е причината со која членовите на највисокото судско тело сака да ја разреши Беса Адеми од функцијата претседател на Врховен суд. Според нив, Адеми не ги извршувала своите обврски, не доаѓала, а немала доставено доказ дека оправдано отсуствувала.„Од 22.05.2023 година до 30.10.2023 година, Беса Адеми како претседателка на Врховен суд, член на Судски совет по функција, постапила спротивно на член 43, став 2, во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за судски совет, на начин што иако е должна да учествува на седниците и во работата на Советот, истата отсуствувала од седниците на Судскиот совет во континуитет во наведениот период. И тоа, на 442. седница одржана на ден 22.05.2023 година до 462. седница одржана на 30.10.2023 година или вкупно на 21 седница на Судскиот совет“, посочи Мијазим Мустафа, член на Судски совет.Според Комисијата која и ја крои иднината, со отсуството, Адеми попречила во работата на Судскиот совет.„Таа ги повреди законските овластувања како претседател на Врховен суд на РСМ, во смисла на член 79 став 1 алинеја 1 од Законот за судовите“, кажа Мијазим Мустафа, член на Судски совет.За зло и е земено и зошто не дошла на седница на Судскиот совет, кога се пожалила на притисоци.„Таа не дојде на работната средба, а своето отсуство го најави со писмен допис доставен до Судски совет, пред терминот на закажаната средба, и јавно е објавен на веб-страната на Врховниот суд. Со ваквото однесување и постапување, претседателот на Врховен, не само што го попречи Судскиот совет во остварување на основната цел, а тоа е да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт преку остварување на своите функции согласно Уставот, туку и покажа професионална и правна некултура во постапувањето“, додаде Мустафа.Адеми не е член на Судскиот совет со избор, туку по функција.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-28-at-11.47.12

Законски е етничката припадност да биде услов за вработување на медицинари, се правдаат Меџити и Ковачевски

Министерот за здравство, Фатмир Меџити смета дека етничката припадност не треба да има предност пред професионалноста при вработувања во здравството, а со тоа се согласи и премиерот Димитар Ковачевски. Но, според двајцата, мора да се почитува законот кој предвидува правична застапеност на етничките заедници дури и во здравството.„Пред објавување на конкурс, огласот се одобрува од Управниот одбор. Според членот 5 се планира обврска за вработување, согласно начело за праведна застапеност. Во член 20 стои прераспределба на бројот на вработувања да биде за правична застапеност. Се согласувам со вас дека искуството и знаењето е пред се“, рече Меџити.Ковачевски рече дека треба се смени законот.„Тоа е законот, огласот мора да е врз основа на закон. Јас сум кажал, етничка припадност не може да биде професија, тоа е професија само на Западен Балкан. Етничка припадност не игра улога во професионалноста“, кажа Ковачевски.За ова имаше остра реакција од докторот Ненад Лазаров.

Македонија | пред 2 години

IMG_0341

Судијката Оља Ристова, правдата за неизборот во Апелација ја бара во Врховниот суд

Судијката Оља Ристова, правдата за неизборот во Апелација ја бара во Врховниот суд. Иако прворангирана од Основниот кривичен суд, како суд со најголем обем на сложени предмети, но и добиени мнозинство гласови од Судскиот совет, не ја доби поддршката од бадентеровото мнозинство. Според нејзиниот адвокат, Владимир Туфегџиќ, жалбата која сега ја поднеле, ќе помогне и на сите идни кандидати. Смета дека одлуката на бадентеровото мнозинство, да не гласаат за Ристова, а да гласаат за полошо рангирани кандидати, треба да се образложи детално.„Според мене, ова е жалба во која се бранат основни елементарни принципи, се брани достинството на судиската професија и функција. Со оваа жалба се брани принципот на еднаквост и рамноправност, не само на жалителот, туку на сите сегашни и идни кандидати за избор на судии. Едноставно, само тоа е начинот да се воспостави еден праведен ред и од таа причина сметам дека жалбениот совет на Врховниот суд има во основа улога, со својата одлука по оваа жалба да воспостави унифициран став, правила за идно постапување на членовите на Судскиот совет, за да во иднина нема ситуација да имаме било каков сомнеж за евентуални политички или бизнис влијанија и евентуална злоупотреба на механизмот на бадентеровото мнозинство“, кажа Туфегџиќ.Тој смета дека Врховниот суд ќе мора да заземе став по однос на составот на бадентеровото мнозинство, бидејќи според Туфегџиќ, не е во духот со Уставот кој кажува дека бројот на тие членови е четири, а не пет.„Како адвокат и човек припаѓам на помалата етничка заедница, смтам дека бадентеровото мнозинство не може на ваков начин без образложение да нанесува штета на кандидат од мнозинската заедница. Се стекнува впечаток и се извлекува логичен заклучок според начинот на гласање дека целта е елиминација, а не заштита на... Овој кандидат го доби потребното мнозинство на гласови од сите членови на Судскиот човек. Останаа должни членовите на бадентеровото мнозинство, што е тоа што кај нив превагнало да не укажат доверба на овој кандидат, а укажале доверба на кандидатите кои се далеку подолу рангирани и со помали бодови. На тоа се должни да одговорат“, додаде Туфегџиќ.За постапката на избор на судии во скопска Апелација вчера реагираа и од Коалицијата „Сите за правично судење“. Тие, како и Ристова, велат дека Судскиот совет направил отстапувања од ранг-листата на кандидатите без соодветно образложение за секоја отстапка, односно засебно за секој кандидат.

Македонија | пред 2 години

IMG_0205

Обвинение за „Скопје 2014“ без Груевски, Ставревски, Канческа, Тодоровиќ

Обвинителот Љубомир Лапе поднесе обвинение за случајот „Феникс“, кој се однесува на „Скопје 2014“. Но, во него ги нема првоосомничениот Никола Груевски, второосомничениот, поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, поранешните градоначалници на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова. Со измените на Кривичен законик, на нив им застаре делото. Единствен од осомничените, кој сега е обвинет, е поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев, дознава „Скопје1“. Тој се гони за перење пари. Покрај него, одговорност се бара за уште четири физички лица и шест фирми.„Според опишаните дејствија во диспозитивот на обвинението, во временскиот период од втората половина на 2008 година до крајот на 2022 година во Скопје, првообвинетиот за да прикрие дека поседува и располага со пари што потекнуваат од казниво дело и дека со нив создава нови приноси, како организатор, создал група што се занимава со перење на пари. Членови на групата меѓу другите станале и останатите четворица обвинети. Во состав на групата делувале и обвинетите правни лица меѓусебно капитално, персонално и финансиски поврзани. Во пет од обвинетите правни лица првообвинетиот се јавува како вистински сопственик, косопственик или управител. Преку поврзано и заедничко делување на членовите на групата со други домашни и странски физички и правни лица, обвинетите правни лица и нивните управители, со намера да ги внесат во јавните финансии, платниот промет и стопанството во Република Северна Македонија и да ги помешаат со легалните приходи кои понатаму ќе создаваат нови приноси од казниви дела, групата започнала да ги прима и пушта во оптек на различни начини – еден дел директно во нашата држава, а дел преку други држави кон Република Северна Македонија. Потоа со конверзија на овие средства било прикриено нивното потекло и тие биле пуштени во оптек за прибавување на имот во државава и во странство и претворени во друг вид на имот или имотни права, a со цел да се прикрие нивната понатамошна локација, движење или сопственост, стекнување на нови користи (приноси) и трансформации на незаконски стекнатите пари и нивно помешување во легалните економски текови на финансискиот систем на Република Северна Македонија“, велат од Обвинителството.Обвинителството побарало и мерки на претпазливост.„Имајќи ги предвид специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, карактерот на истото, како и видот и висината на предвидената казна за кривичното дело што им се става на товар, на тројца обвинети им беше определена мерка куќен притвор. Досега прибавените докази укажуваат дека групата делувала преку формирање на правни лица во странство, реализирање банкарски трансакции од и кон странски држави и купување на имоти во странство, од што пак несомнено произлегува околноста дека доколку се дадат во бегство ќе имаат и материјални, финансиски и логистички можности да останат недостапни на органите на прогонот подолг временски период или целосно да ја одбегнат кривичната одговорност. Заради ваквите околности предметниот обвинител со обвинителниот акт предложи продолжување на мерката куќен притвор за три лица и мерка на претпазливост – Обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје за едно лице кое во моментот на поднесување на обвинението се брани од слобода со определена гаранција и за која обвинителството смета дека не е доволна да обезбеди негово непречено присуство во текот на кривичната постапка“, додаваат од Обвинителство.Претходно, Лапе на прес-конференција кажа дека над 16 милиони евра државни пари биле префрлени на општина Центар, која во периодот од 2007 до 2013 година склучувала договори со италијански леарници на споменици.

Македонија | пред 2 години

sobranie-dik

Тропање по маси и надвикување: Тензии на комисијата за избор на нов член на ДИК

Тензично е на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Нема договор дали ова место е резервирано за кандидат од власта или од опозицијата.Претседателот и пратеник на Алтернатива, Африм Гаши, се закани дека ќе го бојкотираат работењето на Собранието доколку до 31 декември не биде изгласан нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија, Абдуш Демири.Пратеничката од редовите на опозициските албански партии, Сафије Садики Шаини на седницата побара да не биде ставен на гласање предлогот за член на ДИК Зулфи Адили, кој е поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.Таа потенцира дека Талат Џафери се обидува да го саботира изборот. Посочи дека ова место во ДИК и припаѓа на албанската опозиција, на Алтернатива и БЕСА.Членовите на Комисијата од опозициските албански партии и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнаа да тропаат по маси и бараат процедурално да се обратат.По утврдувањето на кандидатот, тој треба да се гласа на седница на Собранието. Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство или 80 пратенички гласови.По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-47-5820PM

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува, но нема да гласа за техничката Влада - кои ќе бидат нивни кандидати ќе се знае по празниците

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува, но нема да гласа за техничката Влада. Првиот човек на партијата, Христијан Мицкоски, посочи дека не го ценат Талат Џафери, бидејќи ништо не направил како претседател на Собрание, за било што да очекуваат од него како технички премиер.„Ќе учествуваме во техничката Влада. Ние ќе се воздржиме, не поради Џафери и бидејќи е Албанец, јас го предложив Гаши претходно, но не цениме дека Џафери направи нешто како спикер во парламентот, нема да донесе квалитет. Милитантна е одлуката на Ахмети за нешто да покаже со Џафери. Нема врска со зелена агенда, граѓанско општество“, кажа Мицкоски на брифингот.Прашан кои ќе бидат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада – Мицкоски не одговори.„По празниците ќе одлучуваме за изборите“, додаде Мицкоски на брифингот.Тој посочи и дека очекува валкана кампања.

Македонија | пред 2 години

mickoski

Мицкоски даде проценки кој колку пратеници ќе освои на изборите: СДСМ ќе има историски најголем пад

Ноемвриските проекции, со 900.000 гласачи кои би излегле на гласање, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број пратеници во Собранието. Ова го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на брифинг со новинарите. При пресметките, земени се најверојатните сценарија кои би се случиле на изборите. Ова може да се промени, со почетокот на изборната кампања. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, СДСМ има историски најголем пад.„СДСМ немаат потенцијал за повеќе од 150.000 гласови, заедно со коалицијата. 51 до 54 мандати за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. СДСМ ако оди сам 26 до 29 мандати и ако оди со ДУИ и останатите, ќе дојде до 41 до 43 мандати“, кажа Мицкоски на брифингот со новинари.Левица и Максим Димитриевски, заедно може да имаат 12 пратеници.„12 мандата во моментот делат. Алијанса нема да има повеќе од три мандати, ако одат сами. Алијанса може да има 2 во шестка и еден во петка. БЕСА, Алтернатива и Изет Меџити може да имаат до 12 пратеници“, додава Мицкоски на брифингот.Според него, сѐ што е над 900.000 гласачи, опозицијата ќе дели пола-пола. Тоа значи пола ќе одат во ВМРО-ДПМНЕ и пола кај Максим Димитриевкси и Левица.„Кај албанскиот блок е интересно, поголема излезеност не им одговара на опозицијата“, посочи Мицковски на брифингот.

Македонија | пред 2 години

297060233_3226250737616668_7833351068750419392_n

Медиумските работници да бидат ослободени од придонесите - ВМРО-ДПМНЕ поднесува амандман, на чекор е власта

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави амандмани во Собрание, со кои ќе се интервенира во буџетот во корист на медиумите. Според него, за да се помогне на сите медумски работници, треба да се ослободат од придонеси – се освен плаќањето на персонален даонок.“Ќе има амандман кој што има за цел се помогне на медиумите. Амандманот ќе биде во целост следната година, сите медиумски работници да бидат ослободени од придонесите. Се освен за персоналниот данок. Тоа се околу 10 милиони на годишно ниво. Ако тоа се поддржи, барем овие пари да бидст вратени со поголеми плати кај медиумските работници”, рече Мицкоски на брифинг со новинари.Тој повика власта да го прифати амамднамнот, доколкуи тоа не се случи – кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе го имплементира во буџцетот.“Најголема е веројстноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изнроите, а голема е веројатноста да ја формира и следната Влада, па ќе го направиме тоа”, кажа Мицкоски.Според него, ако има волја, лесно ќе се заврши.“Ова ќе биде за сите медиуми, без разлика дали се критички или не, дали се портали радија или нешто друго”, посочи Мицкоски на брифингот.Импликациите според, нивните пресметки ќе бидат 10 милиони луѓе на годишно ниво.

Македонија | пред 2 години

ka

Грците атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија: ЕДС во трка да ги снабдува домаќинствата со струја, од Владата молк дали ќе ја фаворизира

По тендерот за Чебрен и Галиште, грчките компании агресивно атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија. Владата треба да го избере универзалниот снабдувач, а пак, ЕДС чиј поранешен сопственик е Кочо Анѓушев, сега во грчка сопственост, влезе во трката. Веќе се шпекулира дека Владата ја фаворизира оваа компанија, со цел од игра да го исфрли „ЕВН Хоум“. За овие наводи испративме прашања до прес-службата на Владата, но нема одговор дали овие шпекулации се основани.Доколку ЕДС биде избрана за универзален снабдувач, тоа ќе значи дека Македонија ќе го отстапи на Грците бизнисот со снабдување со струја на домаќинствата и малите потрошувачи. Аргументацијата за ваква одлука е дека ќе има зголемена конкуренција на пазарот, а цената ќе биде пониска. Но, се остава впечаток дека целта е навлегување во сите сегменти на енергетскиот сектор.Во септември грчката фирма ППЦ – Архиродон ја доби концесијата за користење на водата на Црна Река во Северна Македонија, за производство на струја со изградба на хидроелектрични централи. Грчката фирма доставила најповолна понуда, велат од Владата.„Скопје1“ постави и прашања до Владата, дали е донесена одлука кој ќе биде избран на повикот за универзален снабдувач. Но, ни на ова нема одговори до овој момент.ЕДС веќе пет години е дел од ППЦ. Таа е купена од јавното грчко претпријатие, по потпишувањето на Договорот од Преспа. За ваквиот чекор имаше бура од реакции, особено затоа што во јавноста се пишуваше за политиката зад договорот, од аспект дека ЕДС е на Анѓушев.ЕВН пак, е сопственост на ЕВН АГ од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје. Дел во сопственоста има и државата Македонија.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka-1

(Видео) Ужасна несреќа во Аеродром, едно од возилата е преполовено

Тешка несреќа се случи во Аеродром, на раскрсницата кај крстот. Неофицијално, се судриле три возила, од кои едното е преполовено од силината на ударот. Несреќата се случила околу 20 часот, а двете возила се се уште на раскрсницата.Не е познато дали и колку повредени лица има во несреќата, како и кој ја предизвикал, но и што е причината.Веќе два часа полицијата е на терен, а дел од лентите за возење се затворени. Се правеше увид, по што се очекува МВР да излезе со детални информации.

Скопје | пред 2 години

miki-todorov

Директорот на штипскиот затвор тврди дека никого не тепал, а се сомнева и во лекарскиот извештај, па најави правда пред суд

Мики Тодоров, директор на затворот во Штип, за кого стигнаа обвинувања дека претепал активист на Левица, за „Скопје1“ посочува дека станува збор за невистини. Тој признава само дека имало средба помеѓу него и штипјанецот Јован Јанев. Но, Тодоров тврди дека имало вербални провокации, но не и боксови.„Не е точно, никој не бил тепан ниту физички нападнат, ги демантирам тие невистини. Вербално само возвратив на провокации кои цело време ги прави ова лице, но не дозволив да успеат овие провокации ниту да ескалира состојбата. Основано се сомневам во било каков извештај, доколу постои таков навистина, и затоа на суд ќе се докаже целата вистина“, посочува Тодоров за „Скопје1“.Претходно, Јанев посочи дека бил натепан од Тодоров среде клуб во Штип. Објави дека бил удиран по гради и стомак. Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, објави и лекарски изшветај од кој се гледа дека Јанев имал повреди.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања