„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

vanja-palco

Не била задушена - Вања е убиена со истрел од огнострелно оружје, покажува извештајот на Судска медицина

Истрел од огнострелно оружје е начинот на кој е убиена Вања Ѓорчевска, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, дознава „Скопје1“. Наодот кој се работеше 17 дена, ги демантира гласините по медиумите, но и коментарите од професорката по криминалистика дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето. Ова би значело дека Вања била жива од местото каде е грабната до местото каде е пукано во неа. Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.По пукањето, Вања била закопана во атарот на селото Глуво, на место кое е мини-депонија. Според неофицијалните информации до кои дојде „Скопје1“ од Судска медицина, истрелот кон Вања бил во пределот на главата. Одговорот со какво оружје е пукано, ќе треба да го даде вештачењето на куршумот.Извештајот од Судска медицина, обвинителката која го истражува случајот го доби во петокот. Во него, се дадени одговори на низа отворени прашања поврзани со киднапирањето и убиството на Вања. Според официјалните податоци кои ги соопштија институциите врз основа на сознанијата и исказите од осомничените кои признаа вина, од киднапирањето до убивањето на девојчето, поминале два саати и 40 минути.Согласно доказите, меѓу кои е и обдукцијата на Вања Ѓорчевска, ќе се утврди натамошниот тек на истрагата. Ќе се издаваат дополнителни наредби за обезбедување на материјали, вештачења, испитувања на лица кои можеби имаат некакви сознанија. Меѓудругото, наодот може да биде и клучен за квалификацијата на кривичните дела за кои ќе се гонат сега осомничените.„Скопје1“ објави дека листинзи од телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отисоци – се само дел од работите кои дваесет дена се анализираат од истражните органи, во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Нема нови осомничени, a од телефоните, снимките и отисоците се доаѓа до одговори за убиствата на Вања и Панче

Листинзи од телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отисоци – ова се само дел од работите кои дваесет дена се анализираат од истражните органи, во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Се утврдуваат траекториите на движење на сите осомничени, како за помагањето, така и за киднапирањето и убиството на двете жртви.„Скопје1“ дознава дека снимките од надзорните камери, ги потврдиле дел од исказите на тројцата осомничени кои признаа вина - Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Базните станици кои ги ловат сигналите на телефоните, ќе треба само да бидат уште еден доказ за нивните тврдења поврзани со траекторијата на движење. Предмет на анализа се снимки од наздорни камери, кои беа одземени од страна на МВР при потрагата по Вања.Според нашите извори, се анализира и телефонот на Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој му е одземен од полицијата. Целта е да се утврди точноста на исказот кој го кажаа осомничените, дека тој му кажал на осомничениот, организатор и реализатор на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо, информација кога Вања го напушта домот.За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец. Вчера беше изготвен и обдукциониот наод, кој освен начинот и времето на настанување на смртта кај Вања и Панче, ќе покажат и дали е најдена туѓа ДНК при обдукцијата.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 2 години

kkkk

(Видео) Го има некој видено Скопје?

Македонија ја узгуби позицијата на најзагадена држава и сега е на 26. место споредено со сите држави во светот. Сепак, концетрацијата на ПМ10 честички и маглата се тука. Од цела Македонија, во Шуто Оризари е најзагадено, а потоа следува Битола, па Струмица. Па доаѓаат две скоспки општини - Ѓорче Петров и Сарај.Сепак, на надморска висина од околу 600 метри, Скопје не се гледа.Фотографиите се направени од Раштак, село во Скопска Црна Гора.Скопје е потопено под маглата.Еве како изгледа мапата на најзагадени земји.Вака изгледа Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Стигнаа обдукциските наоди за убиените Вања и Панче, кои даваат одговори на низа прашања

По 17 дена, стигнаа обдукциските наоди од обдукциите на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дознава „Скопје1“. Тие ќе треба да бидат проучени, а да ги дадат одговорите, како биле убиени двете жртви, кои претходно беа киднапирани. Веќе беше обзнането дека не станува збор за обична обдукција. Обдукциите беа работени од Институтот за судска медицина и криминалистика.Истовремено, се прават низа вештачења, проверки, во рамки на истрагата.Од шест осомничени лица за организација и реализација, но и помош при бегството на Љупчо Палевски-Палчо, само тројца признаа вина пред обвинител и полицијата, за вмешаност во убиствата на Вања и Панче. Тоа се Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои освен пријатели на осомничениот Палчо, за извршување на убстивата, му биле и сопартијци од „Десна“. Тие беа и први уапсени, а оттука започна и откривањето на грозоморните чинови.За помагање во киднапирањето, осомничен е Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, кој според Обвинителството дал информации за времето на движење на девoјчето. Статус на осомничен доби и лицето кое го возеше Палчо при неговото бегство, од Белград до Турција, Стефан Димковски.Сите осомничени се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За првоосомничениот, Љупчо Палевски-Палчо се чека да биде екстрадиран од Турција.

Македонија | пред 2 години

sonja-14141

Соња Симовска едногласно избрана за в.д. државен јавен обвинител, ќе го наследи Јовески

Советот на јавни обвинители ја избра Соња Симовска за в.д. државен јавен обвинител, како што најави „Скопје1“ утринава. Избрана е едногласно со девет гласа „за“. На изборот му претходеше предлог за нејзин избор, а потоа и низа пофални зборови за нејзината работа. Тие сметаат дека е најсоодветна да ја извршува оваа функција се додека Собранието не изгласа избор на друг кандидат.Симовска, претходно, беше избрана за заменик државен обвинител во јануари минатата година. Таа ја извршуваше и функцијата виш јавен обвинител во скопското Вишо јавно обвинителство. Во јавноста е позната како обвинителка која во време на распаѓање на СЈО, беше застапник на обвинението за „Титаник 2“, па очи в очи се судри со обвинетиот Сашо Мијалков во Кривичниот суд.Во меѓувреме, завршен е огласот за избор на државен обвинител. Но договарањето за наследник на Јовески, тешко им оди на коалициските партнери. Три имиња кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството: Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.Сепак, огласот може да пропадне и да не биде избран ниту еден од кандидатите, па да се распише нов.

Македонија | пред 2 години

simovska

Која е Симовска, наследничката на Јовески: Има искуство, менаџерка, професионалец

Успешен обвинител и менаџерка. Вака е опишана в.д. државната јавна обвинителка Соња Симовска од претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска. Таа кажа дека ги познаваат јавните обвинители и им ја следат работата, а од сите податоци кои ги има за избраната Симовска се доби впечаток кај сите членови дека успешно ќе ја извршува оваа функција со оглед на искуството. Прашана дали однапред е договорено името на Симовска за сега да биде изгласана, Димитриеска посочи: „Ние одржуваме не само јавни седници, туку и контакти меѓу себе, разменуваме мислења. Мојот предлог кој е поддржан, е овој кој се изгласа едногласно“.„Обвинителот Соња Симовска која на денешната седница е определена за вршител на функцијата до именувањето на јавен обвинител на Република Северна Македонија е обвинител кој има долгогодишно искуство, кој што е докажан во својата професија како професионалец, ги познава состојбите во јавното обвинителство. Истата поседува менаџерски способности. Како членови на Советот сметаме дека јавниот обвинител Соња Симовска успешно ќе ја извршува функцијата до именување на јавниот обвинител“, рече Душица Димитриеска.Во меѓувреме, до Советот на јавни обвинители е доставено барање да се даде позитивно или негативно мислење за кандидатите за државен обвинител пријавени на оглас. Како што е познато тоа се обвинителите Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.„Пријавени се тројца кандидати и Советот по разгледување на барањето, ќе го испочитува рокот од 15 дена и ќе даде мислење до Владата“, додаде Димитриеска.

Македонија | пред 2 години

sonja-simovska-ljubomir-joveski

Јовески оди во пензија, Соња Симовска ќе биде избрана за в.д. државен јавен обвинител

Обвинителката Соња Симовска ќе биде в.д. државен јавен обвинител, која ќе го наследи Љубомир Јовески по неговото пензионирање, дознава „Скопје1“. Одлуката за именувањето на вршител на должност ќе биде донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Според извори во ова обвинителско тело, има консензус за Симовска да биде назначена на оваа позиција, а со оглед дека Собранието не избра нов државен јавен обвинител, а е познато дека пријавени се тројца кандидати.Симовска беше избрана за заменик државен обвинител во јануари минатата година. Таа ја извршуваше и функцијата виш јавен обвинител во скопското Вишо јавно обвинителство. Во јавноста е позната како обвинителка која во време на распаѓање на СЈО, беше застапник на обвинението за „Титаник 2“, па очи в очи се судри со обвинетиот Сашо Мијалков во Кривичниот суд.Во меѓувреме, завршен е огласот за избор на државен обвинител. Но договарањето за наследник на Јовески, тешко им оди на коалициските партнери. Три имиња кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството: Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.Сепак, огласот може да пропадне и да не биде избран ниту еден од кандидатите, па да се распише нов.

Македонија | пред 2 години

skopje-zagadeno1

(Видео) Скопје останува во десетте најзагадени градови, според сервисот релевантен за Арсовска

Македонија и денеска е во листата на десетте најзагадени држави, а Скопје во десетте најзагадени градови во светот. Сервисот „waqi.info“ која ги споредува податоците од мерните станици и прави рангирање, а релевантен за градоначалничката Данела Арсовска - покажува дека од десет населени места, пет се во Скопје.Па така, утрово најголема загаденост во Скопје, има во Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Илинден. Од останатите градови, на листата се Ресен, Струмица, Тетово, Кичево и Битола.Градските власти и првиот човек Арсовска, немаат презентирано план како ќе се справуваат со енормната загаденост која влијае и врз здравјето на граѓаните. За нив, нема загаденост.„Скопје1“ сними како изгледа градот гледано од највисоката точка - Водно. Со самото качување на таа надморска височина, се осека разликата.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-39-2770PM

Лиле Стефанова избрана во Републичко обвинителство откако сведочеше против Јанева, склучуваше спогодби во важни предмети и беше наречена со погрдни зборови среде судење

Обвинителката Лиле Стефанова е избрана да биде дел од Републичкото обвинителство, односно една од десетте обвинители кои ќе го заменуваат републичкиот обвинител кој ќе го наследи Љубомир Јовески. Стефанова на јавноста и е позната како обвинителка која беше дел од СЈО и гонеше функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа сведочеше против шефицата Катица Јанева, на сред судење беше наречена „ороспија и гомнарка“.Од случаи кои Стефанова ги водеше, на јавноста и се познати „Титаник“, „Плацеви на Водно“, „Империја“. Во сите три, заедничко е што склучуваше спогодби со обвинети за тие да вратат пари во буџетот, а за возврат да добијат пониски казни. Тоа и се случи. Па така со ниски казни куртулија ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, Мартин Протуѓер кој беше шеф на кабинет на Никола Груевски.Стефанова досега беше шефица на одделот за гонење на полициски службеници во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 2 години

kovacevski

(Видео) Си чепкаше во уста, шутираше, се смешкаше - на премиерот не му беше интересен говорот на Рустеми

Двајца министри, директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми и премиерот Димитар Ковачевски одржаа прес-конференција среде автопат, со цел да промовираат рехабилитирање на 12,7 километри пат. Уште на почетокот од прес-конференцијата Ковачевски укажа дека е ладно, а потоа, додека траеа говорите на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот Рустеми, премиерот Ковачевски застана зад нив, си ги чепкаше забите и се смешкаше со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.„Денеска сме тука заедно со премиерот и со министерот за транспорт и врски, за официјално да објавиме дека е официјално завршена делницата Битола-Меџитлија. Рехабилитиравме 12,7 километри пат, со средства обезбедни од ЕБОРД, во висина од 3,27 милиони евра. Ширината на делницата е променлива, се движи од 6 до 6,5 метри“, кажа Рустеми, додека Ковачевски се смешкаше и шепкаше во позадина.Претходно, говореше и Ковачевски, а Рустеми внимателно слушаше.„Само со посветеност, прецизни планови и стратегија може да се реализираат инфраструктурни проекти....“, кажа Ковачевски, посочувајќи дека патот нуди економски перспективи.По говорот на Рустеми, Ковачевски одговараше на прашања.

Македонија | пред 2 години

ubijci-vanja-2

Сите очи вперени во истрагата за Вања: обдукциониот наод уште не е доставен во Обвинителство

Истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се води зад затворени врати, а одговори нема ниту на прашањата кои се од јавен интерес. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, укажа дека одговори треба да се бараат од Обвинителството, кое пак, не споделува никакви детали.„Скопје1“ дознава дека истражната институција се уште го нема добиено ниту обдукциониот наод за убиената Вања, а оттаму – ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација. За обдукцијата, досега кажаа само дека не станувало збор за обична обдукција – туку специфична која треба да даде бројни одговори.Министерот Спасовски пред една недела кажа и дека се најдени два пиштоли, во рамки на претресите на локации поврзани со осомничените. Одговори што покажале вештачењата – нема. Познато е само дека двете оружја се најдени во околината на Скопје. Дали со некое од нив е пукано кон Вања и Панче – за јавноста е непознато.„Сите работи околу случајот и сѐ што е потребно се доставува до Обвинителството. Во текот на истрагата, сите информации ќе ги барате од таму“, посочи Спасовски.Засега е познато само дека не е исклучено истрагата да се прошири и на други лица. Целта на ова ќе биде за да се дојде до вистината односно мотивите. Досега, Турција достави дактилоскопски податоци, папиларни линии од првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски се чека да биде екстрадиран од Турција.

Македонија | пред 2 години

geskovska-bikovski-cvetanovski

Обвинителска солидарност или други интереси, по пет и пол години казната за Гешковска, Цветановски и Биковски поради „27 април“ - во фиока

Кој намерно ја кочи и саботира седницата на Советот на јавни обвинители, на која треба конечно да расправа и донесе одлука за казната за поранешната шефица на Скопското обвинителство Гордана Гешковска, нејзиниот тогашен заменик Јован Цветановски и тогашниот шеф на обвинителството за организиран криминал Златко Биковски, за непостапување на „крвавиот четврток“ во Собранието.Петчлената дисциплинска комисија при Јавното обвинителство одлучи дека соодветна казна е тие половина година да земаат само 30% помала плата, поради тоа што биле пасивни и не ги презеле потребните истражни дејствија. Критичниот ден не бил веднаш направен увид во Собранието и не биле собрани доказите, наводно поради безбедноста на обвинителите, а не бил свикан ниту Колегиум во кој членуваат и виши обвинители.Увидот бил направен следниот ден од двајца обвинители. Дотогаш веќе биле изнесени компјутерските хард дискови со снимките од Законодавниот дом. Тројцата обвинители никогаш не добија ниту денар помалку при земањето плата, бидејќи одлуките не беа конечни. До Советот на јавни обвинители се жалеше државниот обвинител Љубомир Јовески кој побара построга казна поради непостаувањето на обвинителите.Оттогаш се одржаа многу седници на Советот, се сменија претседатели и членови, но оваа точка никако да се најде на дневен ред. За потсетување, многу побрзо се одвиваше дисциплинската постапка за Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Дали членовите на Советот демонстрираат солидарност и не сакаат да се замерат со фелата или има други интереси, никој не открива. Наводниот проблем со немање кворум е одамна надминат и не можат сега ни на ова да се правдаат со на оваа онолност. Очигледно, Советот кога сака и разрешува и казнува, но знае под разни изговори до бесконечност да бега и да се крие.Гордана Гешковска на јавноста и е позната по предметите што ги водеше како обвинител за организиран криминал, меѓу кои „Бачило“, „Пајажина“ против газдата на А1 телевизија Велија Рамковски, потоа „Монструм“, „Изгрев“, „Змиско око“. За договорите за нејзин избор чувме во прислушуваните разговори.Јован Цветановски е познат по спротивставувањето на предметниот обвинител Љубмоир Лапе кој го водеше предметот „Тортура“ и ја поддржа ослободителната во којшто беше обвинет и ослободен поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков,. Пред Апелациониот суд побара да се укине првостепена пресуда за случајот „Талир 2“ и предметот да се врати на повторно одлучување.Златко Биковски, беше разрешен од Обвинителството за организиран криминал и корупција и беше вратен како заменик во обвинителството Берово.Во меѓувреме се кандидира за разни унапредувања, а имаше интерес да биде член на Антикорупциска во претходниот состав.Случајот со тројцата обвинители трае „само“ 5 и пол години.

Македонија | пред 2 години

nesrekja-straza

(Фото) Сообраќајка после Стража: хаос од гужва и претекнувања, распрскани делови на патот

Сообраќајка со часови го блокираше сообраќајот Стража-Кичево. Според првичните информации, автомобил се излизгал при обид да закочи и се излизгал, па удрил во друго возило. Не се знае дали има повредени лица.Несреќата се случи околу 14 часот, а застој има се уште. На патот се уште се расфрлани и дел од деловите од возилата. Дел од возачите се обидуваат колоната да ја поминат со претекнување, што предизвикува уште поголема гужва.На терен има и полиција која прави увид.

Македонија | пред 2 години

IMG_9378.00_00_03_29.Still002

(Видео) Боки 13 за „Меѓународен сојуз“: Барам фер судење, милост не барам

Бојан Јовановски-Боки 13 е дециден дека во случајот „Меѓународен сојуз“ не измамил никого, дека тоа го потврдиле и лицата кои имаат статус на оштетени, а укажа и дека бил предвремено осуден од судијката Софче Гаврилова-Ефремова која сама кажала дека барала изземање поради тоа што имала формирано мислење за обвинетиот. Тој побара да му се суди одново за овој случај, но пред непристрасен суд. Укажа и: „Милост не барам“.„Причините се повеќе од јасни, не постојат елементи за сторено кривично дело. Тоа што го бараме е фер судење, за да се докаже пред првиот степен на суд, мојата невистност во случајот. Доколку овој совет смета, може да донесе мериторна ослободувачка пресуда бидејќи нема елементи за сторено кривично дело кое ми се става на товар“, потенцираше тој.Ги потенцираше исказите на бизнисмените кои во судница посочиле дека не се чувствуваат за измамени.„Самите оштетени кажаа дека не се чувствуваат за измамени на главна расправа пред Кривичен суд. Не се оштетени бидејќи немало умисла да бидат измамени или некој пак ги одржувал во заблуда. Пред се зборувам за мене, бидејќи целиот товар се става на мојот грб“, кажа Боки 13.Целата постапка, според него, водена е на нефер начин.„Барам фер судење, милост не. Самиот судија на првото рочиште за главна расправа кажа дека барала сама да биде изземена од претседателот на Кривичен суд, бидејќи имала формирано миселње, бидејќи беше втор судија во познатиот случај ‘Рекет’. Тоа е трајна повреда на начелото на фер судење и непристрасен суд, кое е загарантирано право. Затоа побаравме тоа да се цени како околност. Бев превремено осуден, бидејќи во многу наврати и на многу рочишта беше истакнато од судијката дека нејзините одлуки ќе можеме да ги обжалиме пред повисоките судови. Тоа денес се случи. Беше прејудицирана таква пресуда и се знаеше тоа од првиот момент. Се надевам дека правдата ќе биде задоволена, а пред непристрасен суд да ја докажам мојата невиност. Милост не барам“, додаде Боки 13.Случајот „Меѓународен сојуз“ е во фаза на одлучување во Апелација. Боки 13 е правосилно осуден за случајот „Рекет“.

Македонија | пред 2 години

jane-cento

Полицаец доби условна, Ченто докажа дека незаконски бил „фрлен“ во притвор - не е точно дека не го почитувал куќниот притвор

Полицаец од Прилеп доби условна казна бидејќи во 2018 година напишал белешка дека осудениот Јане Ченто не ја почитувал мерката куќен притвор, која му беше одредена поради предметот „27 април“. Апелација ваквата пресуда ја потврди и ја одби жалбата на полицаецот. Се констатира дека службеникот од МВР фалсификувал исправа, во која внел невистинити информации. Поради ова, пак, Ченто доби ефективен притвор и беше однесен во затвор. Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд дека полицаецот направил фалсификат.„Со горните дејствија обвинетиот Андреа Ѓорѓиески од Прилеп сторил кривично дело фалсификување службена исправа, па судот му изрекува условна осуда. Така што, му утврдува казна затвор од траење од една година и шест месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од три години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“, стои во пресудата.Пресудата е и образложена од судовите.„На 30.03.2018 година, обвнетиот Андреа Ѓорѓиески како службено лице – униформиран полициски службеник во ПС Прилеп, во службената исправа внел невистинити податоци и таквата исправа ја употребил во службата како да е вистинита, со што му нанел штета на оштетениот Јане Ченто, на начин што истиот ден околу 11 часот, обвинетиот согласно дневниот распоред за работа, и по насока на дежурниот полициски сменоводител со патничко возило се упатил кон куќата во која живеел оштетениот Јане Ченто во Прилеп, со насоки да достави решение за продолжување на мерката куќен притвор и да изврши проверка...“, стои во пресудата.Во април 2018 година, на Ченто му беше укината мерката куќен притвор и доби ефективен, оти полицаецот тврдеше дека не го нашол дома. Во тој период, тој имаше статус на осомничен во предметот, за кој подоцна беше осуден, па пресудата беше правосилно пресудена. Семејството на Ченто, како и самиот тој, останаа на тврдењата дека тој е невин, како и дека опслужува казна која не ја заслужил бидејќи не сторил ништо спротивно на законот.

Македонија | пред 2 години

spasovski-vanja

Многу (дез)информации, но нема да се преиспитува дали инспекторите на МВР навремено постапиле во случајот со Вања

Министерот Оливер Спасовски нема да испитува во своите редови дали инспекторите навремено постапиле, согласно протоколите за пронаоѓање на убиената 14 годишна Вања Ѓорчевска. Од МВР за секое прашање поврзано со убиството на Вања и велешанецот Панче Жежовски испраќаат шаблонски одговор, преку кои ги препраќаат новинарите на друг „шалтер“ – Основното јавно обвинителство-Скопје, кое прими кривична пријава за случајот.Сепак, само Одделението за внатрешна контрола во МВР има надлежност да утврди како течела постапката за пронаоѓање на Вања, како и дали од припадниците на МВР е постапено согласно протоколите. Но ваква обврска– нема да имаат.„Во врска со вашите прашања ве известуваме дека сите преземени мерки и активности и обезбедени докази од страна на СВР Скопје, во врска со случајот за кој прашувате, се дел од веќе поднесените кривични пријави кои се доставени до ОЈО Скопје, за што МВР ја извести јавноста. За сите понатамошни прашања упатуваме во Обвинителството, по чии насоки постапува полицијата“, посочува МВР за „Скопје1“.Од Министерството за внатрешни работи не одговорија конкретно ниту на прашањето дали е точно тврдењето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека возилото на убиениот Панче Жежовски било возено низ Скопје уште на 24 ноември. Низ јавноста има и низа други шпекулации, како што се тие дека инспектор издавал информации од истрагата.

Македонија | пред 2 години

IMG_9305

Фетаи, Раичевиќ, Коцевски или нов оглас за државен обвинител

На крајот на декември истекува 6 годишниот мандат на Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, но договарањето за негов наследник тешко им оди на коалициските партнери. Огласот распишан на 29 ноември завршува, а измените во Законот за јавно обвинителство го стесни кругот на можни претенденти.Ако на последниот избор имаше дваесетина кандидати, меѓу нив и адвокати, професори, судии, нотари, обвинители, како што дознава Скопје1, досега се познати три имиња кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството: Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски. Информацијата засега не е потврдена бидејќи детали ќе се споделат кога огласот ќе заврши.Популарната специјална обвнителка Фатиме Фетаи заедно со колегата Сашо Рајчев има две кривични пријави, едната за случајот со “Доказ” и втората за нестручно постапување. Вишата обвинителка Фетаи предложи пред еден месец реизбор на судиите и обвинителите.За реформи кои ќе бидат суштински, а не козметички се залагаше и Лидија Раичевиќ која сепак многумина ја паметат по случајот во Советот на јавни обвинители. Обвинителката Фиданка Рајевска гласала кога точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка Лидија Раичевиќ, која, пак, е обвинителка во предмет кој е индиректно поврзан со Рајевска, односно се води истрага за нејзиниот сопруг. Се работи за предметот „Банки“, во кој се вклучени неколку големи македонски банки кои креирале фиктивни шеми на должничко-доверителски односи.За човекот од заднина малку се знае. Љупчо Коцевски во Државното обвинителство дојде од Вишото јавно обвинителство во Гостивар во јануари 2022.Но, има шанси договор да нема, а и со објавување на огласот се доцнеше, па да се оди со В.Д. Јавен обвинител, а тоа според наши информации би била Соња Симовска од ЈОРМ. Функцијата ќе ја врши до изборот на нов обвинител. Доколку за пријавените нема мнозинство или не им се „допаднат“ на пратениците, да се оди со распишување на нов оглас.

Македонија | пред 2 години

palco-traektorija

Која е постапката за екстрадиција на Палчо: се собираат документи, рокот за испраќање е 40 дена

На брифинг, Министерството за правда ја објаснуваше постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие посочуваат дека се постапува по известување дека лицето е барано по потерница e најдено, што веќе го добија. По ова следува процедурата за прибирање на списи, па се изготвува барање за екстрадиција кое треба да го поптише министерот Кренар Лога.„Потоа, комплет списите се праќаат до централниот орган на државата каде што е барано лицето, најчесто тамошното Министерство за правда“, посочија оттаму.За Палевски, известување било примено денес во 9:20 минути.„Направени се контакти со Републичкото јавно обвинителство и ОЈО Скопје, за да се комплетираат за да се комплетираат списите како би можело Министерството да постапува. Имаме рок од 40 дена сметано од вчера за да го доставиме барањето за екстрадиција – нема да чекаме да измине рокот. Ќе постапиме најбрзо што може. Во координација сме со сите засегнати институции за да постпаиме веднаш. Ова е за нас приоритет“, велат од Министерството за правда на брифингот.Тие посочуваат дека јавноста треба да има во предвид дека Министерството треба да ги прими списите, да се изготви барањето, да е преведена документацијата на турски јазик, па да ја испратат по ДХЛ.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-12.24.36

Палчо за вчера планирал прослави, а доби турски зандани

На еден датум, Љупчо Палевски-Палчо планирал две прослави. Едната по повод неговиот роденден кога наполни 59 години, а втората за првиот роденден на партијата „Десна“. 12 декември е тој датум. Планот не се реализираше, бидејќи Љупчо Палевски-Палчо доби статус на осомничен за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Истовремено, тројца негови сопартијци се гонат за помагање при киднапирањето и убиството, а еден за помош при негово бегство.„’Десна к’оја се подготвува да прослави прва годишнина на 12 Декември оваа година, јасно става до знаење дека треба и мора да се преуреди законот за користење на симболи и знамиња на начин што не само местото, туку ќе ја уреди и количината на нивно користење, секако и димензиите на сите знамиња кои се употребуваат во државава“, стои во една од објавите на партијата, објавена на 29 ноември, два дена откако беше убиена Вања.Наместо прослава, Палчо, 12 декември го дочека во турски занадани. Исто како и сопартијците Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Стефан Димковски – кои се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. За сите заедно, Обвинителството тврди дека има и материјални докази кои покажуваат и докажуваат како ги киднапирале Вања и Панче за подоцна да ги убијат. За Димковски, Обвинителството е децидно дека му помогнал на Палчо при бегството.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор кој ќе му трае 40 дена, додека останатите обвинети во 30-дневен притвор.Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

Македонија | пред 2 години

apsenje

Културно наследство им донесе лисици: Сопственици на скопски локали се дел од уапсените во акцијата на Обвинителството и МВР

Сопственици на два познати скопски локали, како и лице кое имало висока функција во јавно претпријатие, се уапсени во акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која се спроведува со МВР, дознава „Скопје1“. Наводите и сомнежите се поврзани со недозволено тргување со културно наследство. Точните називи на фирми во кои е влезено, како и лица кои се уапсени, засега не се објавуваат, бидејќи претресите се во тек.Неофицијално, во предистрагата за случајот била вклучена и Управата за финансиска полиција.Еден од објектите чиј газда заврши со лисици е веќе една година под клуч. Беше актуелен во јавноста по криминален чин кој се случи во него. Заедничко за двата е што се наоѓаат во старата Скопска чаршија, извор на културно наследство и артефакти.Засега ниту институциите не излегуваат со детали. МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Сите лица на Џафери: Од дезертер во АРМ, преку ОНА до министер за одбрана, прв парламентарец и иден премиер

Прв министер за одбрана Албанец и прв премиер Албанец, одличен познавач на собранискиот Деловник, човек кој не премолчува на опозицијата и влегува во жестоки дуели, човек кој го следат контроверзи во работниот век, остар, но и отворен кон медиумите. И покрај сѐ ова, јавноста се уште за него говори како за човек од УЧК, нешто што му носи поени кај Албанците, но му е минус кај Македонците и поле за партиски препукувања. Кој е Талат Џафери кој ќе ја преземе функцијата технички премиер од 28 јануари до изборите на пролет. Функцијата техничка, но со политичка и партиски престижна тежина.Џафери е роден во гостиварско Форино на 15 април 1962 година. Завршил Воена академија на копнена војска - отсек пешадија во Белград и Сараево, постдипломски студии - Специјализација за командни и штабни должности на Воена академија “Генерал Михајло Апостолски”- Скопје. Џафери е и министер за одбрана.Офицерот во ЈНА по прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 година, стана висок офицер во новоформираната македонска армија каде, стациониран во Тетово и го дочекува воениот конфликт во 2001. Набргу дезертира од АРМ и како командант Форина се приклучува на ОНА која се бореше против македонските безбедносни сили.Политичката кариера ја започнува по завршување на конфликтот кога од листата на ДУИ во 2002 е избран за пратеник. Оттогаш е значајна фигура на политичката сцена. 2004 ја извршува функцијата заменик министер за одбрана, а потоа 5 години е повторно пратеник.Џафери сега како претседател на Собранието е главниот поборник против филибастерингот, за што и беше подносител на новиот , сега изгласан Деловник. Како парламентарец пред 11 години го блокираше донесување на законот за бранители. Со денови рецитираше поезија од Ацо Шопов, молчеше, читаше разни извештаи во матичната Комисија за труд социјална политика.Како коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и покрај силното незадоволство на јавноста, во 2013 година е избран за прв Албанец, министер за одбрана.Остана забележан скандалот кога без придружба од униформирани армиски офицери, како прв човек на одбраната во 2013 година се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане по повод 12 годишнината од Рамковниот договор. Не одговори дали доаѓа приватно или како владина делегација.Конститутивната седница на пратеничкиот состав, кој беше избран на 11 декември 2016 година, почна со работа на 30 декември истата година, а заврши дури на 27 април 2017 година, со крвавиот четврток. И покрај упадот и насилството, Џафери беше избран за претседател на Собранието, на сред собраниската сала, а неговиот избор беше експресно признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница.Иако првиот ден ВМРО-ДПМНЕ не му дозволи на Џафери да влезе во кабинетот, првата работна средба сепак ја имаше по неколку дена со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, во кабинетот на собранискиот спикер.Џафери е прв меѓу еднаквите, кој со однесувањето се однесува поинаку од преходниците, жесток е со пратениците, знае да ги искара и министрите, но и собраниските служби.„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат, сите до еден, вие што сте на плата и уште си е..те мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези“, вака реагираше на техничка грешка на службите.Законот за употреба на јазиците беше повод да стане од место опозицијата, а Никола Груевски се нафрли врз микрофонот на Џафери, му ја одзеде картичката за гласање и го испрска со вода. Обезбедувањето спречи директен дуел меѓу нив, Законот беше изгласан, но иако Ѓорге Иванов како претседател не сакаше да стави потпис, законот и без негов параф беше објавен во Службен весник. Џафери изјави дека тој има обврска да го испрати законот до Службен весник, бидејќи волјата на Собранието не може да се попречи и тоа ќе се реализира.Антикорупциска и јавноста реагираа на завршувањето на Академијата за судии и обвинители на неговиот син Барлет. На забелешките на пратеникот Игор Јанушев, Џафери жестоко изјави: „Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво, до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти, ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогиран“.Имаше бројни вакви препукувања на Џафери, особено со опозицијата. Сепак познавачите на правната материја и собраниското работење посочуваат дека често бил во право. Џафери го посочуваат како еден од претседателите кои отавија печат при работењето со законодавниот дом.Иако улогата му е формална, сепак малкумина очекуваат Талат Џафери мисијата „технички премиер“ да ја врши технички, а министрите да ги кара како да се во ученички клупи, како што тоа го правеше во собраниската училница.

Македонија | пред 2 години

mvr-soobrakajka

Нема притвор: Синот на ексградоначалникот на Гевгелија е возачот кој усмрти 48 годишен пешак

Симе Франгов, син на поранешниот гевгелиски градоначалник Иван Франгов е возачот кој смртно прегази пешак во Нов Дојран. МВР и Обвинителството не споделуваат што покажале крвните анализи кои се прават за да се утврди дали кај лицето имало присуство на алкохол или дрога. Против Франгов, се води истрага за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, дело за кое е предвидена затворска казна. Гевгелискиот обвинител, не барал притвор, како што е пракса во најголем дел од ваквите случаи кога има смртни последици.„Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 од Кривичниот законик. За осомничениот се побарани и определени мерки на претпазливост. Во тек се наредените вештачења од чии резултати ќе зависи конечната правна квалификација на делото“, велат оттаму за „Скопје1“.Се обидовме да исконтактираме и со возачот Симе Франгов, но тој не одговори на нашите повици. Остануваат неодговорени прашањата – како се случила сообраќајката, дали тој гледа вина кај себе, со колкава брзина возел, но и дали конзумирал недозволена колична алкохол или други супстаници.Претходно, МВР извести дека сообраќајката се случила во саботата (09.12.), кога со возио „шевролет“, Франгов кој има 26 години, удрил во пешакот Д.Ѓ. кој имал 48 години.„На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија“, велат од МВР.Случајот е во раце на Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче

Тим на Народниот правобранител влезе во затворот „Скопје“ во Шутка, за да провери дали им се прекршени правата на осомничените лица за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и на лицата осомничени за помагање при извршувањето и бегството на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Тимот кој влегол во затворот, се интересира за состојбата на ќелиите во кои осомничените се сместени, нивната здравствена состојба, како и во каква состојба го издржуваат притворот.„Скопје1“ побара објаснување од Народниот правобранител, Насер Зибери, зошто се решиле на надзор токму кај осомничените за двете убиства. Прашања испративме и до неговиот тим, од каде чекаме нивен став на прашањето – дали е оправдан впечатокот дека надзори вршат само кај притвореници од високопрофилни случаи, како и високопрофилни притвореници. Оттаму најавија и очекуваме одговор. [дополнување - одговори на прашањата]Проверките дали во затворот им се почитуваат правата на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски, доаѓа по само осум дена откако тие завршија во притвор. Тројца од нив, односно, Манев, Кешишев и Видевски признаа вина и што правеле при киднапирањата и убиствата. Обвинителството побара, судот одобри притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-12-at-11.37.01

„Предметот е сензитивен, казните високи“ - обвинителката не дозволила велешанецот гонет за сексуалните игри со дете да излезе од притвор

Обвинителката Милица Гаврилова која го води случајот со велешанецот обвинет за „трговија со дете“, кое било користено на т.н. сексуални забави и било силувано, смета дека нема сменети околности за првоосомничениот 26-годишник, да излезе од притвор. Потенцира дека случајот е сензитивен, а можноста обвинетиот да влијае на сведоци и да избега – постојат. Гаврилова посочува дека токму поради тоа, кога го поднела обвинението, побарала продолжување на притворот – што било направено.„Со оглед дека околностите и по завршување на истражната постапка и поднесување на Обвинителниот акт не беа променети, јавниот обвинител при поднесување на обвинителниот акт поднесе и посебен предлог за продолжување на веќе изречените мерки спрема обвинетите, при што како основи за определување на мерките беа наведени опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата. Воедно, секоја жалба на одбраната на обвинетите во врска со притворот, како и предлозите на замена на мерката притвор со гаранција од страна на обвинителството не беа прифатени, односно јавниот обвинител имајќи ја предвид сензитивноста на предметот, како и запретените високи казни за извршување на вакво кривично дело даде негативно мислење“, вели обвинителката Гаврилова за „Скопје1“.Првоосомничениот велешанец не е единствениот кој беше во притвор. Осуммина добија иста мерка, а две лица добија мерки на претпазливост.„Наводите што обвинителот тогаш ги даде беа во насока на неговата проценка дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото“, додава обвинителката Гаврилова за „Скопје1“.Прашана за оправданоста на одлуката Апелација да го ослободи од притвор првоосомничениот, Гаврилова не сакаше да коментира.„Обвинителството како странка во постапка не ги коментира судските одлуки и нивната оправданост“, посочува обвинителката Гаврилова.„Скопје1“ веќе објави дека слободата, 26-годишниот велешанец ја доби со гаранција вредна 70.000 евра. Адвокатката на жртвата алармира дека девојчето се чувствува небезбедно, а оправданост во одлуката на Апелација – не гледа. За да биде пуштен од притвор, Апелација прво донела решение во кое посочува дека велешанецот не може да влијае на сведоци. Сега, со гаранцијата носат и решение дека не може да избега.

Македонија | пред 2 години

trgovija-so-dete

Со пари до слобода: Излезе од притвор велешанецот на кого му се суди за сексуалните забави со уценето дете

На слобода излезе 26-годишниот велешанец кој беше во притвор, а му се суди за „трговија со дете“. Додека Обвинителството докажува дека тој со закана овозможил 15-годишната малолетничка да биде силувана и снимана, Апелација го пушти да излезе од притвор. Гаранција вредна 70.000 евра која велешанецот ја оставил, за Апелација е доволен доказ дека тој нема да избега. Адвокатката на жртвата алармира дека девојчето се чувствува небезбедно, а оправданост во одлуката на Апелација – не гледа. За да биде пуштен од притвор, Апелација прво донела решение во кое посочува дека велешанецот не може да влијае на сведоци. Сега, со гаранцијата носат и решение дека не може да избега.„Во врска со прашањата упатени по однос на предметот појаснуваме дека во конкретниот случај основот на мерката притвор е само поради опасност од бегство по член 165 став 1 точка 1 од ЗКП, а не и поради влијание на сведоци или повторување на делото. Инаку, спрема обвинетиот е определена мерка притвор сметано од 26.01.2023 година. Мерката гаранција е една од мерките за обезбедување присуство на обвинетиот. Во оваа фаза на главна расправа советот оцени дека понудената гаранција е доволна по основ и висина за обезбедување присуство на обвинетиот“, велат од Апелација за „Скопје1“.Ослободувањето донесе дополнителен страв кај малолетното девојче, посочува нејзината адвокатката Наташа Бошкова за „Скопје1“. Таа тврди дека пракса на укинување од притвор за вакво дело – немало. Додава дека не гледа оправдување за одлуката.„Моето претходно искуство во слични вакви случаи каде има обвинение за вакво кривично дело, немало пракса за укинување на притвор за време на постапката. Ако првостепениот суд одлучил дека може да влијае на сведоци, мислам дека сѐ уште тоа е можно, така што, не го гледам оправдувањето како баш сега, во оваа фаза на постапката не може да влијае на сведоци. Го немам видено решението и под кои услови е пуштено лицето, само знам дека е укинато. Сметам дека во оваа фаза на постапката, до која што сме, нема пресврт кој влијае на второстепениот суд да каже дека не може да има влијание врз сведоци, ако претходно, тоа бил основот за одредување мерка притвор“, посочува адвокатката Бошкова за „Скопје1“.Девојчето, кое според Обвинителството било сексуално експлоатирано, а сега ослободениот велешанец ја намамил, па со порнографски материјал ја уценувал – не е сместено во т.н. сигурни куќи. Таа е дома, а адвокатката додава дека пуштањето на првообвинетиот ќе влијае врз нејзината безбедност.„Во однос на жртвата, таа за цело време од случувањата се чувствува небезбедна. Едноставно го чека исходот од постапката. Така што, дополнително пуштање на слобода на лицето, верувам дека дополнително негативно ќе влијае на нејзината безбедност и чувство на сигурност. Таа повеќе не е заштитена, претходно беше. Живее во својот дом, функционира под околностите“, додава таа за „Скопје1“.Предметот е во фаза на судење, а имаше и признанија на вина. Па така друг велешанец (27) за силување на девојчето доби две години затвор. Обвинети се 14 велешани.Во јануари годинава oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот. Во соопштението се велеше дека првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.„Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.“, пишуваше во соопштението.Обвинение беше поднесено против 15 лица, двајцата тетовци се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Сега од 13 велешани кои седнаа на обвинителна клупа, еден призна вина и доби две години затвор. Дел од обвинетите се соочуваат со минимум 3 годишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања