„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

eZy-Watermark_04-12-2023_02-05-37-2680AM

(Видео) Уште еден осомничен за киднапирањето и убиството на Вања спроведен во суд

Уште еден осомничен за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска е донесен во Кривичниот суд. Тој беше спроведен од повеќемина полицајци, преку подземните гаражи. Судија на претходна постапка ќе треба да одлучи дали ќе му се одреди притвор.Засега неговиот идентитет не е познат.Претходно, беше спроведен уште Велибор Манев, кој неофицијално, признал соучесништво во убиството.

Македонија | пред 2 години

20190913110803

Се трага по Љупчо Палевски – Палчо, го поврзуваат со случајот на Вања

Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска, дознава „Скопје1“. Тој во моментов е надвор од Македонија. Палчо имал контакти со останатите осомничени во групата, а тие го посочиле кога биле приведени. „Скопје1“ поседува и фотографии од останатите лица, кои во интерес на истрагата нема да ги објави во овој момент.Тој е претседател на движењето „Трета“ кое беше негово политичко здружување. Станува збор за лице кое беше јавно експонирано, а имаше и свои поткасти.Трите лица кои се уапсени се сѐ уште на распит, по што ќе бидат спроведени во Кривичен суд. Ќе се бара притвор. Неофицијално, приведени се и други лица чии поврзувања во моментов се проверуваат.Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учествувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.

Македонија | пред 2 години

majka1412-1

Во Вања било пукано, причина е изнуда - вмешан и член на потесното семејство

Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учествувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.Едно од осомничените лица кое не е достапно на органите на истрагата е познато за јавноста. По него се трага, по што, ќе биде приведен. Мотивот за убиството се пари.Станува збор за група од пет лица кои се осомничени. Тројца се спроведени во Кривичен суд. На нив ќе им биде определен притвор, кој ќе го издржуваат во затворот „Скопје“ во Шутка.Претходно, Обвинителството сподели детали.„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Вања е убиена по скоро три часа откако е киднапирана, истите лица се осомничени и за убиството на велешкиот фризер

Исти лица стојат зад убиствата на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски кој имаше 74 години, објави Обвинителството. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Според обвинителот, сите осомничени се Македонци. Вања беше исчезната од понеделникот (27 ноември), додека Панче од средата (22 ноември). Еден од осомничените е надвор од Македонија.Според тајминзите кои во јавност ги кажа мајката Зорица Ѓорчевска, девојчето излегло од дома. Полицијата посочува дека било земено од пред зградата, а било убиено во 10 часот. Извори на „Скопје1“ посочуваат дека телото на Вања е најдено во скопско село.„Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, велат од Обвинителството.Телата се на обдукција.„Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации“, велат од Обвинителството.Оттаму сооптшија и детали како течела акцијата за пронаоѓањето.„Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи“, додаваат од Обвинителството.Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Македонија | пред 2 години

spasovski-vanja

Први детали за потрагата по Вања од МВР: Земени снимки од 50 локации, има податоци од уредите кои се од корист

Снимки од преку 50 локации каде имало безбедносни камери се земени и прегледани, се проверувало во подруми и манастири, земени се компјутери и телефони од семејството – со цел да се пронајде исчезнатата Вања Ѓорчевска која петти ден ја нема. За ова информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој посочи дека детални информации не можат да се дадат, освен што се презема за нејзино пронаоѓање.„Ова е најважниот приоритет за секторот за внатрешни работи Скопје. Има посебен штаб кој е формиран, работи со семејството, соученици, пријатели. Вклучени се стотина полициски службеници кои работат на оваа проблематика. Помогнати се од началниците. Преземаме опсежни мерки, незборувајќи за детали од тоа што се вади како податок, искористување на сите можни капацитети за јавната безбедност што значат подигнување на камери – преку 50 места каде имало камери се преземени и прегледани, целосно е во функција „Безбеден град“, информациите од Телеком се важни, десетици и десетици лица се сослушани за да се добијат информации, преземени се електронски уреди од семејството и девојчето. Имаме одредени податоци од овие уреди кои можат да бидат од корист на истрагата и постапката, сме во комуникација или работиме заедно со родителите. Овој тим работи до доцна во ноќта“, вели Спасовски.Тој додаде дека се правело и пребарување.„Се пребаруваше речното корито на Вардар, се пребаруваа подрумски простории, не само во околината туку пошироко, се добиваа информации од цркви и манастири во близина на Скопје. Тука нема да се застане, интензивно работиме.За лажните вести кои се објавуваат од профили на „Фејсбук“, се детектираат.„Се викаат во полициски станица, каде ќе се утврди дека се штети на истрагата, ќе има мерки“, додаде Спасовски.Тој алармираше дека ова не е тема за забава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Додека внатре ја осудуваат Русија и праќаат пораки, Лавров надвор си одржува средби

Во тек се излагањата на 70-те делегации на Самитот на ОБСЕ. Најголем дел од министрите за надворешни работи и останатите дипломати се осврнаа на војната во Украина односно руската агресија, како и нападот на Израел. Сите упатуваат пораки до Русија.Додека трае оваа сесија, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој треба да ги чуе пораките и пренесе во Кремљ, е надвор од салата. Неговата портпаролка, Марија Захарова, објави за неколку негови средби.„Средба на министрите за надворешни работи на Русија и Ерменија во Скопје“, објави Захарова.„Руско-унгарски преговори на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ“, додава таа.Потоа извести и за друга средба.„Сергеј Лавров со шефот на австриското МНР“, напиша Захарова.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Наводен оџа од Косово лажеше дека Вања е најдена и ширеше морбидни коментари - МВР и меѓународната полиција му ја бараат локацијата!

Профил на „Фејсбук“ кој се претставува во име на „Џамија во Подујево“, а со фотографија од имамот Арбер Бериша, предизвика паника со коментари под објавата за исчезнатата Вања Ѓорчевска, објавени на профилот од нејзината мајка. Вчера во попладневните часови, од овој профил беа објавени коментари со содржина: „Јавете се“, „Девојката е кај нас“, за денеска да објави нови погрдни и морбидни коментари со пцовки. „Скопје1“ го извести МВР, кое пак, преку меѓународна соработка работи на лоцирање на сопственикот на профилот, со цел, санкционирање.[caption id="attachment_264501" align="alignnone" width="1586"] Дел од морбидните коментари објавени кај мајката (цензурирани поради паниката која ја предизвикуваат во јавноста)[/caption]„Ве известуваме дека Секторот за компјутерски криминал во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка веќе постапува по истото и за истото веќе се поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР за „Скопје1“.Во текот на вчерашниот ден, редакцијата на „Скопје1“ се обиде да стапи во контакт со сопственикот на профилот, кој одговара и на пораки – но не на сите. Речиси постојано е вклучен на интернет. Кога побаравме било каква потврда дека профилот не е лажен, но и потврда за информацијата дека Вања е кај нив – оттаму ги гледаа пораките, но не одговараа.[caption id="attachment_264487" align="alignnone" width="1726"] Дел од преписките со лажни тврдења преку лажниот профил со редакцијата на „Скопје1“[/caption]Редакцијата на „Слободен печат“, пак, стапила во контакт со повеќе џамии во косовско Подујево. Тие не ја виделе, ниту имаат информации за Вања. Контактирале и со имамот, чиј идентитет е злоупотребен.„Веќе сум запознаен со овој профил кој неколку пати го пријавував во полиција затоа што често преку него некој, или криминална група, ги злоупотреубаше верниците злоупотребувајќи го моето име. Им давал совети, а потоа им барал пари користејќи го моето име и претставувајќи се од различни локации во светот. Овој профил нема никаква врска со ниедна џамија во Подујево“, рекол Арбер Бериша чија фотографија е злоупотребена за „Слободен печат“.На социјалните мрежи, корисниците веќе се самоорганизираа за да го пријават профилот како лажен, но и коментарите како „спам“. Токму коментарите од овој профил, беа поттик за објава на вест во дел од медиумите дека Вања е најдена, што веднаш беше демантирано од Министерството за внатрешни работи.Истовремено, тече четвртиот ден како се трага по Вања. Мајката нема никакви информации за неа од понеделникот, а заедно со таткото замолуваат секој што знае било што, да го пријави во полиција. Во изјава за „Скопје1“, мајката Зорица ја опиша ќерката како дете кое никогаш не би избегало, посочи дека утрината излегла од дома насмеана, како и дека телефонот бил исклучен во 07:40 минути. Тргнала на училиште, но не стигнала, за што алармирал класниот раководител. Мајката пријавува во полиција, па помош бара преку социјалните мрежи.Поради можноста Вања да е надвор од Македонија, по неа сега трага и Интерпол. Вчера беше објавена меѓународната потерница. Во Скопје осамнаа куп фотографии од девојчето. Мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“ посочи дека се проверуваат сите траги. Шпекулациите дека се качила во бел автомобил од Дебар маало кажа дека се проверени и неточни.МВР има посебен оперативен штаб за овој случај.

Македонија | пред 2 години

ulici-sk

(Видео) Се очекуваше хаотично Скопје, добивме празно: на улиците без гужви, околу салата хеликоптер

Иако се очекуваше сообраќаен хаос, скопските булевари се празни. Од утрово, речиси и да ништо не укажува дека во Скопје се одржува Самитот на ОБСЕ, кој од светските медиуми е карактеризиран како клучен и историски, бидејќи на него ќе се одлучува за иднината на организацијата. Блокирани се дел од улиците и булеварите, а на останатите, го нема вообичаениот сообраќај. Единствен знак дека нешто се случува е надлетувањето на хеликоптерот, кој постојано кружи над салата „Борис Трајковски“. Овој настан е од висок безбедносен ризик поради 70-те делегации од цел свет кои престојуваат во Македонија. Тоа пак, повлекува невообичаено обезбедување на целиот град.„Илинденска“ е затворена на потегот од „Сити мол“ до Влада. Исто така, за сообраќај не е достапен и булеварот „8 септември“ од „Партизанска“ до „Момин поток“. На останатите сообраќајници, сообраќајот е вообичаен, без гужви.Сите кои патуваат со јавен превоз, треба да знаат дека дел од автобусите возат по изменети рути. Линиите 8 и 15А од мостот „Гоце Делчев“, наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“. Линиите 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“. Линии 18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-11-30-at-10.21.36

(Видео) Уште невлезен, Ковачевски го нападна Лавров: Ова не е победа на Русија, средба со нив нема да имам

Премиерот Димитар Ковачевски уште невлезен во салата „Борис Трајковски“, кажа дека првата порака која ќе ја упати од Самитот на ОБСЕ ќе биде за Русија. Тој додаде дека нема да има билатерална средба со руската делегација, а состанокот очекува да е успешен.„Најпрво, вчера имав средба со државниот секретар на САД кој беше тука, како и со министерот за надворешни работи на Велика Британија. Треба да бидеме свесни дека секоја земја различно испраќа порака до Русија. Некои тоа го прават со нивно неприсуство, некои со присуство и со јасно искажани ставови за неоправдоноста. Истото ќе го направам и јас на првото излагање. Едно е клучно, се надевам состанокот ќе биде успешен“, кажа Ковачевски.Пред неговото доаѓање, пристигна рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.„Ова не е дипломатска победа на Русија, туку на ОБСЕ. Бидејќи беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Нема имам средба со Лавров“, додаде Ковачевски на влезот.

Македонија | пред 2 години

lavrov-51235

(Видео) Рекакциите на делегациите кога Лавров влезе во салата каде се одржува Самитот на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, не се поздрави, ниту прозборе со било кој дипломат во салата „Борис Трајковски“ при влезот во салата каде се одвива Самитот на ОБСЕ. Тој влезе и со протоколот се упати директно на местото предвидено за преставник на Руската федерација.Тој седи до министрите од Сан Марино и Романија. Токму во моментот на седнување, сите погледи се свртеа кон него, а дипломатот од Сан Марино се ракуваше со него. Пред да влезе, Лавров не одговори на ниту едно прашање од новинарите.Лавров го има статусот на „ѕвезда“ бидејќи повеќе делегации, меѓу кои украинската, откажаа присуство на Самитот поради неговото присуство. Во последен момент кажа дека ќе лета за Македонија. Имаше и проблем со прелетот, бидеќи во авионот со него имаше делегат за кого земјите од ЕУ имаат донесено забрана.Во салата се чека делегацијата на Франција.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-29-at-19.41.10

(Видео) Остри пораки за Путин и Кремљ од Скопје: Борел му порача на Лавров да седи и слуша, па да пренесе зошто Русија е изолирана

Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, откако посочи дека често е во Македонија годинава, остро го искритикува рускиот претседател Владимир Путин. Борел кажа дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров треба да ги чуе пораките и да ги пренесе во Русија, особено за тоа, зошто таа земја е изолирана.„Русија се обидува да го поткопа постоењето на ОБСЕ и нејзиното постоење. Јас сфаќам дека некои земји не беа рамнодушни на поканата за Лавров, бидејќи Русија започна незаконска војна. А сепак, да дозволите Лавров да учествува, е во дел од нашата цел, да го одржиме мултилатеризмот жив. Лавров треба да чуе зошто ја изолираме и осудуваме Русија. Треба да чуе од учесниците зошто Русија е изолирана. Тогаш ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ“, рече Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија.Борел додаде дека Украина се бори да ги задржи интегритетот и суверенитетот.„Се бори и за стабилноста и мирот во Европа, вклучувајќи го и Западниот Балкан“, додаде Борел.Тој го поздрави предлогот Малта да биде следниот претседавач на Самитот на ОБСЕ, кој се надева дека ќе биде прифатен од сите.

Македонија | пред 2 години

Shisha-bar-ubistvo

Притворската мерка не е неопходна во моментов, вели Обвинителството за ослободениот поврзан со „Шиша бар“

Јавен обвинител предложил лицето кое се поврзува со убистрвото во „Шиша бар“, да излезе на слобода. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека притворот не бил неопходен.„Лицето за кое покажувате интерес е осомничено за дејствија на помагање при сторување на кривичното дело. Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.„Скопје1“ претхдоно објави детали за ослободениот.

Македонија | пред 2 години

shisa-bar

Пуштен на слобода осомничен за убиствата во чаршискиот „Шиша бар“

Уапсеното лице кое се поврзуваше со убиствата во кафулето „Шиша бар“ кое се наоѓа во Чаршија, е пуштен на слобода, дознава „Скопје1“. Според наши извори, донесена е судска одлука, 31-годишниот скопјанец да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка. Станува збор за лице кое беше уапсено поради увозот на автомобилот со кој се превезувале убијците.„Скопје1“ побара информации од скопското Обвинителство околу тоа, дали лицето и натаму има статус на осомничен, но оттаму – нема одговор. Прашавме и дали причината за ослободувањето е бидејќи обвинителот не собра докази за обвинение – но и по еден ден, оттаму одговор нема.Лицето кое е ослободено, се поврзувало со увезувањето на „аудито“, автомобил кој беше опожарен во Бутел кратко по двојното убиство. Од него останаа регистарските таблици. Возилото било оставено кај подвозникот, кој води кон Мирковци.Убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија го извршија повеќе лица, облечени во црна облека налик на униформа. Кога влегле, викале дека станува збор за полициска рација. Кога ги нашле таргетите, на вториот кат од локалот, почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.Досега, нема уапсени извршители на убиството. Во притвор е само едно лице, поврзано со овој случај.

Скопје | пред 2 години

Untitled-1-1

Рекла-казала е муабетот дека Вања се качила во автомобил, вели мајката Зорица и додава: „Сите траги се прегледуваат“

Неточна е информацијата која беше објавена во јавноста дека исчезнатата Вања Ѓорчевска се качила во автомобил близу „Броз кафе“. Ова за „Скопје1“ го посочува нејзината мајка, Зорица Ѓорчевска. Според неа, коментарот дека Вања влегла во бел автомобил, паркиран пред кафуле во Дебар маало - не е вистина. Истовремено, два дена се трага по 14-годишното девојче кое тргна во училиште, но таму не стигна. Како јавноста, така и семејството е во исчекување. На случајот се работи темелно, смета и мајката, која сведочи дека полициски службеници деноноќно го пребаруваат теренот.„Немаме нова информација. И јас сум во истото исчекување. Полицијата е на терен, цело време се работи, вчера пуштија и објава на републичко ниво. Во контакт сме со полицијата, сите можни траги се прегледуваат, меѓутоа, се уште немаме ништо. Немаме никаква официјална информација“, вели Ѓорчевска за „Скопје1“.За шпекулацијата во јавност, дека девојчето се качило во некаков автомобил, а за што, објавувачот тврдеше во коментари на социјалните мрежи, мајката за „Скопје1“ вели: „Не, не, не. Тоа беше прегледано. Тоа е муабет рекла-казала, начул, сакал да помогне, да пише.. Значи таа информација е шпекулација, односно пред се рекла-казала“.Мајката на исчезнатата Вања, посочува дека полицијата неуморно работи за пронаоѓање на нејзината ќерка. Смета дека на истрагата нема да влијае ниту Самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.„Полицијата е цело време на терен. Во интерес на истрагата не можат да информираат. Кога треба наша помош, тие бараат. Гледаме, разговараме, прабаруваме.. Луѓето навистина се цело време на терен. Ништо нема да ја попречи истрагата, работат луѓето“, додава Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.Пред два дена, во 7:20 минути наутро, на Вања и се губи секој траг. Тргна накај училиште, по 20 минути, класниот раководител јавува кај мајката дека Вања не е таму, по што, мајката не може да ја добие ниту на телефонот кој е исклучен. Ја алармира полицијата, а потоа, во 12 часот, и јавно бара помош.По 24 часа, МВР ја објави Вања во делот на исчезнати лица, на нивната веб-страница.„Ѓорчевска Вања, татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, пишуваат од МВР.Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-27-at-19.43.51

Нема траг од Вања, мајката сведочи: Излезе весела, не веруваме дека избегала, немаме нарушени односи

Дванаесет часа семејството Ѓорчевски трага по Вања, за која нејзината мајка акламираше дека е исчезната и јавно побара помош. Истовремено, проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со девојчето. Зорица, мајка на исчезнатото девојче, за „Скопје1“ посочува дека до сега, немаат никаква информација. Раскажа и како започнала голготата.„Таа во 7:20 минути излезе за на училиште. Наставничката ми реагираше дека ја нема на прв час, на класен час. Класната реагираше одма бидејќи бара во случај некое дете да не дојде, да ја информираме. Класната изреагира во 7:40 минути дека Вања не е на прв час“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.Таа појаснува дека Вања немала нарушени односи со семејството, како со мајката, така и со таткото. Во моментот кога „Скопје1“ контактираше со мајката на исчезнатото девојче, родителите беа заедно во исчекување на било каква информација која ќе помогне да се најде детето.„Разведени сме, но немаме нарушени односи. Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени односи. Тука е, еве го, со мене е“, вели мајката.Прашана дали има нови информации поврзани со Вања, посочува дека и таа е во исчекување. Тврди дека нејзината ќерка не е девојче која би избегала со некого.„Нема ништо, се уште нема ништо. Не знам во што да се сомневам. Имаше две-три другарки, сите се испрашани. Не веруваме дека избегала со некого, не е таков тип на девојче. Првпат се случува ова. Весела излезе сабајле да оди во училиште“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.За исчезнувањето на девојчето, алармираше мајката уште утринава. Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути, а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.

Скопје | пред 2 години

1231

Ексклузивно: Боки 13 на слобода, доби прекин на казната

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава „Скопје1“. Причината е лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот. „Скопје1“ побара потврда и од адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Боки 13. Тој посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, таа е праведна.„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ за „Скопје1“.[caption id="attachment_263838" align="alignnone" width="1000"] Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, вели Туфегџиќ за „Скопје1“[/caption]Родителите на Боки 13 уште пред девет месеци алармираа дека во затворот „Идризово“ не може да се санира состојбата на нивниот син, чие здравје е нарушено. Тој во неколку наврати беше шетан релација болница-затвор. Докторите го отпуштаа во добра општа состојба, а затворската полиција го враќаше во болничка количка.Дека услови за лекување нема во затворот, потврдуваа и повеќе екипи од Брза помош, кои беа повикувани во затворот, кога состојбата на осуденикот се влошуваше. За тоа, во јавност беа објавени десетина потврди потпишани од доктори во Брза помош.[caption id="attachment_263837" align="alignnone" width="1000"] Лекарските извештаи од Брза помош[/caption]Пред осум месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник. Хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов, јавно алармираше дека била извршена комплицирана и ризична операција, која беше и животозагрожувачка.Во „Идризово“, беше вратен во затвореното одделение на затворот, во ќелија за која Народниот правобранител констатираше дека не ги задоволува ниту минималните услови за издржување затворска казна. Особена забелешка имаше за условите за одржување на хигиена, несоодветна за неговата здравствена состојба.Боки 13 поднесе и куп кривични пријави против политичари, бизнисмени, обвинители. Тие требаше да ги процесира Обвинителството, а нивната судбина е непозната за јавноста. Осудениот, од затвор но и од болница ја критикуваше власта, упатуваше писма до Амбасадите во Македонија, за како што тврдеше, криминалите за кои има докази.

Македонија | пред 2 години

obse-1

(Видео) Хеликоптерот на МВР ја „разнесе“ оградата покрај салата „Борис Трајковски“ ставена за самитот на ОБСЕ

Полицајци распоредени околу цела сала „Борис Трајковски“, строго регулиран влез и излез само со авторизиран пристап, поставени патроли на двата влезови и ограда долж цел објект. Ваква од прилика е сликата покрај салата, каде ќе се одржи Самитот на ОБСЕ, со кој претседава Македонија. Меѓу проверките кои се прават, е и полетувањето и слетувањето на хеликоптерот, кој ќе ја гарантира безбедноста на учесниците, меѓу кои се рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.Хеликоптерот има повеќе места за слетување, а едно од нив е непосредно пред салата. При слетувањето, падна речиси цела ограда со која е оградена салата. Полициските службеници се мобилизираа за да ја вратат во првобитна состојба, а ќе се бара дополнителен начин за сигурност.Денеска ќе се завршат последните подготовки за Самитот, а од утре пристигнуваат и првите делегации. Скопје ќе биде под рестрикции, бидејќи дел од улиците и булеварите ќе бидат блокирани. Поради ова, децата нема да одат на училиште дел од деновите, а пак, јавната администрација е ослободена од работа.

Македонија | пред 2 години

406154675_7113184518744087_8501680459420270785_n

Угина Флопи, последната жирафа во скопската Зоолошка градина

Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од извори во Зоолошката, два часа траело спасувањето на жирафата Флопи. Побаравме потврда за овие информации в.д. директорот на институцијата, Зоран Попов, кој не сакаше ниту да потврди, ниту да демантира.„Не можам сега да разговарам, ќе се слушнеме покасно“, кажа кусо Попов.Ова е втора трагедија во скопската Зоолошка денеска. Жирафата Флопи угина во ист ден, кога почина нејзиниот ЗОО-негувател, Ристе Трајковски. 12 години се грижеше за трите жирафи.Флопи е трета жирафа која угинува во скопската Зоолошка градина. Во мај угина жирафата Каспер, за која Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека имала салмонела. Одговорност не понесе никој.

Скопје | пред 2 години

protesti-javna-admin

(Видео) Ечи „чик погоди шта има за вечеру, буџав лебац“ - преплавени улиците на Скопје од незадоволни вработени

Незадоволни вработени во јавниот сектор ги преплавија скопските улици. Со српската песна чиј текст гласи: „Чик погоди шта има за вечеру, буџав лебац“, поминаа и низ „Рекорд“. Си ги бараат заслужените плати кои треба да ги добиваат, а дел од нив и додатоците кои им следуваат согласно колективните договори.Ги исврикаа институциите, порачувајќи им на политичарите дека како што за нив има покачувања од 78% на платите, така и за вработените во јавниот сектор треба да има достоинствени плати.„Бараме плати за достоинствен живот“, стои на транспарентот кој го предводи протестот, додека на друг се додава:„Европски плати“ со кои се испраќа пораката дека очекуваат покачувања.Каков повик упатијаВработените во судската и обвинителската служба, во Фондот за здравство и Канцеларијата на Народниот правобранител ги повикаа пратениците од сите политички партии, кои дебатираат за буџетот за следната година, да ги поддржат во нивните барања за покачување на платите.„Вицепремиерот Битиќи ја даде најсрамната изјава за медиумите во историјата. Ги обвини вработените дека тие се виновни за незавршени предмети во судство и обвинителство. Го повикувам Фатмир Битиќи да дојде овде и да праша кој од овие вработени има 37.876 денари плата“, изјави Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.Гласно е и здравствотоПлатите да се покачат за 30% е главното барање на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) кои протестираа пред Министерството за здравство. Пред Владата ќе се појават на 2 декември доколку во меѓувреме не бидат повикани на средба во Министерството за здравство.„Се собравме тука за да се слушне гласот на здравствените работници за поголема плата од 30 отсто, за менување на Колективниот договор, за покачување на ефективниот додаток, за бенифициран стаж за вработените – радиолошки технолози, радиолози, вработени во рендген институтите, докторите и медицинските сестри“, рече националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски.Тренчевска за протестите: Да бидеме реални, платите некаде се зголемени и за 100 отстоМинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска кажа дека протести на улица може да се видат во земја каде што владее демократијата, за разлика од порано кога никој не смееше да протестира, одговарајќи на новинарско прашање за протестите на УПОЗ.„Легитимно е да се протестира, меѓутоа е легитимно и да се информира јавноста, дека е потпишан новиот општ колективен договор каде што и УПОЗ се членки во Сојузот на синдикатите. Со новиот договор платите во септември на сите вработени во јавниот сектор ги зголемивме за 10 отсто. Предвидено е и зголемување на платите во септември 2024 и од март 2025 да може да се воспостави новата методологија, со коефициенти помножени по просечна плата. Тоа е договорот кој што после 16 години го склучивме со Сојузот на синдикати и се договоривме дека тоа ќе биде методологијата за раст на платите“, вели Тренчевска.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

За чувањето на прислушувањето на Мијалков во фиока, Беџети казнет со 20% од плата следните шест месеци

Судскиот совет го казни апелациониот судија Енвер Беџети, кратејќи му шест месеци, по 20 отсто од платата, откако членовите утврдија дека девет месеци го чувал во фиока предметот за прислушувањето „Таргет-тврдина“, кој сега е застарен со измените на Кривичен законик. Иако ова е одлучено, сепак, решението не е се уште правосилно. На овој судија, јавноста не му го знае ниту ликот.„По едно барање за судија на апелационен суд изречена му е дисциплинска мерка намалување на платата од 20% од месечната плата на судија во траење од 6 месеци“, стои во одлуките на Судски совет донесени на денешната седница.Ваквата одлука доаѓа откако Судски совет утврди дека судијата Беџети неоправдано го чувал предметот во фиока, додека Апелација решавала поново дојдени предмети. Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет кој го испитуваше постапувањето на судиите, кажа дека нема оправдување што девет месеци не била донесена одлуката од страна на Апелација.Беџети пак, во ек на овој скандал, сакаше да стане и Врховен суд, но желбата остана само желба. Во портфолиото на судијата Беџети, кој е известител и за други големи предмети, стои дека Правен факултет завршил во Приштина. Работното искуство го започнал како секретар во Општина Боговиње, па бил управител на приватна фирма. Секретар бил и во Тетовскиот универзитет, па од адвокатските запловил во судските води. Првпат, судија станал во Кривичниот суд во Скопје во 2010 година. Две години подоцна бил избран за судија во скопска Апелација каде постапувал по граѓански предмети, а потоа и по кривични како што е предметот каде со негов глас беше ослободен Мијалков.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-23-at-12.49.07

Зеќири стигна до крајот, со емоционално обраќање побара и слобода: Аргументите се основа!

Судењето на ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, стигна до крајот. На рочиштето за завршни зборови, се прогласни за „ни крив, ни должен“. Тврди дека преку доказите изведени во судница, докажал дека е невин. Зеќири смета дека Обвинителството не докажало дека тој злоупотребил 154.000 евра, ниту ја пречекорил сумата планирана за физибилити студијата. Споменуваше и имиња на министри, за чии сведочења смета дека се во негова корист.Зеќири имаше и емоционално обраќање пред судечкиот совет. Им посочи дека додека трае судско-обвинителскиот процес, неговото семејство го финансираат родителите на сопругата. За неа, посочи дека е тешко болна, а дијагностиката била направена додека траело докажувањето на неговата невиност.„Аргументите се реална основа за да донесете единствено праведно решение, мое ослободување од обвинението“, порача Зеќири.Обвинителството покрена обвинение за Зеќири во јуни минатата година. Судењето неколкупати се враќаше од почеток, поради истек на 90 дена од последната расправа. Зеќири имаше и семејна трагедија по која беше нарушено неговото здравје. Издржуваше и притвор во затворот „Скопје“ во Идризово.Обвинителството за организиран криминал и корупција му поднесе обвинение за проневера на милион и четиристотини илјади евра буџетски пари. Зеќири е обвинет за продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувањата.Обвинетиот како генерален секретар на Владата, со умисла, според обвинението, извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од април 2021 до март 2022, како владин функционер спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги.Според Обвинителстото, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани (недостапни на органите на прогон), склучил договор за консултантски услуги со фирма, на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност.Пресудата ќе биде соопштена на 1 декември.

Македонија | пред 2 години

guzvi-sk

(Видео) Не возете низ Скопје ако не морате: Хаос низ булеварите донесе Столтенберг, пцовки ечат од автомобилите

Центарот на Скопје е целосно блокиран. Речиси секоја крстосница е со застој од колона автомобили. Се стои во место и по повеќе од десетина минути, а потоа, кога ќе се дозволи поминување на раскрсница, се застанува и по три до четири пати. Посебните протоколи за генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг направија хаос во градот.Долж булеварот „Партизански одреди“ на секои стотина метри има по двајца полициски службеници. На крстосниците се исклучени семафорите. Најголем застој има кај Соборниот храм, како и на раскрсницата кај Мавровка.„Хаос е мал збор“, коментираа и пцуеја возачите.Возачите револтирано свиреа на сирените, откако долго чекаа да поминат на раскрсниците.

Скопје | пред 2 години

404520353_10232594014772149_2666082772602823210_n

(Фотосторија) Што остана од собраниската сала: генералната секретарка со потези за превенција, потпретседателот не искористи обезбедување

Тензичната собраниска седница заврши, новиот Деловник е донесен, а претседателскиот пулт во пленарната сала е демолиран. Неколку монитори се откорнати и искршени, исто така и телефони кои ги користат генералниот секретар Цветанка Иванова и службенците, а хартии се расфрлани на сите страни. Иако беше фрлано кон потпретседателот Горан Мисовски, тој не е повреден.Во текот на седницата, не остана незабележано и однесувањето на генералната секретарка Иванова. Додека потпретседателот Мисовски не реагираше и гледаше кон пратеникот на Левица Борислав Крмов кој фрлаше кон него, Иванова внимаваше да ги тргне сите потешки предмети од пултот, а кои можат да бидат искористени за да бидат фрлени кон нив двајца. Па така, таа ги тргна шишињата и стаклените чаши.Иванова, кога виде дека ситуацијата ескалира, а како превенција, се обиде незабележнително да ги тргне и сите хартии кои беа пред неа.Позади Иванова и Мисовски, имаше куп хартии. Во еден момент од седницата, Мисовски искоментира дека ги тргнал очилата за да не случајно при фрлањето со хартии кон него од страна на Крмов, но и пратеникот Димитар Апасиев, тој биде повреден.По неколку часа, отфрлени беа сите амандмани на Левица, тие не беа извадени од салата и немаше реакција на обезбедувањето. Новиот Деловник беше донесен.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-20-at-15.43.50-1

(Видео) Хаос во Собранието: Крмов фрлаше по потпретседателот Мисовски, го искрши компјутерот, па му се придружи Апасиев

Пратеникот од Левица Борислав Крмов, фрлаше амандмани врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, со барање да се прекине седницата. На него му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев. Бараа да се прекине седницата бидејќи не им биле архивирани амандманите кои ги поднеле.„Мора да ја прекинете седницата, овие се оригинали, немаат ни архивски број“, кажа Крмов и почна со фрлање на амандманите.Претходно, собранискиот спикер Талат Џафери, ги „фрли“ во отпад 1.449 амандман поднесени од пратениците на Левица, а кои се однесуваат на измените на собранискиот Деловник.„Поднесени се 2.640 амандмани, 1461 амандман се од Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Од кои 12 амандмани се уредни, останатите се неуредни“, констатираше Џафери.Седницата е паузриана 30 минути.Острата реакција на пратениците е Левица е бидејќи сметаат дека со новиот Деловник, опозицијата нема да има никаква улога во Собранието бидејќи законите експресно со европско знаменце ќе можат да се носат по скратени рокови.

Македонија | пред 2 години

403717284_259759947090882_8755491955565453481_n

(Фото) Новинарите на протест пред Граѓански суд: „Не сме џубокс, ние сме новинари“

Новинарите излегоа пред Граѓанскиот суд во Скоје да го изразат револтот кон пресудата донесена од судијката Јованка Спировска-Панева, која за авторите на сторијата „Заговор против воздухот“ напиша дека не се новинари, како и дека новинарското истражување требало да си го прикажат само меѓу членовите на здружението „ИРЛ“.Плакета на која пишува „Признание за цензор на годината“ е оставено пред судот, а се доделува на судијката Спировска-Панева. Новинарите носеа и транспаренти на кои пишуваше „Ми се објавува, ми се плаче“, „Осудени за вистината“, „Не се преставувам лажно, сакам да објавам нешто важно“.Воедно, на протестот беше испратена и пораката „Не сме џубокс, ние сме новинари“, но и „Модуларно судство“ алудирајќи на Граѓанскиот суд кој во повторената постапка ја осуди екипата на ИРЛ.За скандалозната одлука, се огласи и Амбасадата на САД."Со задоволство ја пречекуваме „групата“ на новинари, уредници и персонал на ИРЛ. Ние, во U.S. Embassy North Macedonia ја препознаваме нивната напорна работа да им ги дадат на луѓето во Северна Македонија потребните информации за да ги разберат настаните и силите кои ги обликуваат нивните животи", напиша на Твитер амбасадорката Анџела Агелер на средбата со ИРЛ вчера на покана на амбасадата.Амбасадорката на САД г-ѓа Анџела Агелер изјави дека да се сугерира дека луѓето во ИРЛ не се новинари - кои и служат на својата земја и својата заедница - е бесмислено.Синдикатот на новинари и медиумски работмици посочува дека со оваа пресуда се поставува досега невиден и опасен преседан судот и државните институции да одредуваат што е медиум, кој е новинар и кој смее да се бави со новинарска дејност. ССНМ смета дека токму овие произволни и паушални толкувања на Законот за медиуми, како и на Законот за здруженија и фондации претставуваат пред сѐ залажување на јавноста од страна на судот со цел оправдување на оваа скандалозна и досега невидена одлука во македонското правосудство.ИРЛ беше осудена за клевета по тужба на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и компанијата БРАКО за емисијата „Заговор против воздухот“.Во образложението на пресудата судијката Јованка Спировска-Панева наведува дека истражувањата на ИРЛ не смееле да се публикуваат пред граѓаните, туку требало исклучиво да се користат за внатрешна едукација на вработените. Таа го отфрли исказот на уредничката на ИРЛ, Сашка Цветковска, со образложение дека таа и ИРЛ не се новинари и медиум.Од ИРЛ, по пресудата, реагираа дека тие не се осудени за клевета, туку осудени се оти постојат, а поддршка добија од голем број новинари и медиуми. Основниот граѓански суд, велат од ИРЛ, преку судијката Јованка Спировска-Панева протолкува дека непрофитните организации, кои во земјата се занимаваат со истражувачко новинарство, не претставуваат медиумски организации, па поради тоа таа ги отфрлила доказите на ИРЛ во спорот со Анѓушев.Против судијката Јованка Спировска-Панева, Здружението на новинарите поднесе претставка до Судскиот совет на 19 октомври. Бара да се утврди дисциплинска одговорност против неа бидејќи без објаснување и решение одлучи да ги исклучи новинарите од судница за да ги соочи главната уредничка на ИРЛ, Сашка Цветковска, и Анѓушев. Медиумите беа спречени да известуваат од рочиштето, а јавноста немаше шанса да биде информирана за оваа судска постапка.По пресудата, реагира и претседателот Стево Пендаровски.„Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој. Како држава, која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи“, напиша Пендаровски.Фото: Солуција

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања