„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кристијан Ландов

fasdfgasdg

Америка во извештајот со црната листа: Рашковски наводно примил поткуп за бизнисмен да има средба со премиерот Заев

Имињата на експремиерот Зоран Заев и ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, се најдоа во извештајот на Американското Министерство за финансии, со кој на црна листа се ставени компании на Камчев, неговата мајка Ратка Куноска-Камчева, како и бизнисменот Сергеј Самсоненко. Во делот за Црна Гора, каде се објаснува зошто црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ е ставен на оваа листа, пишува дека бил вмешан и во скандалот кој довел до апсење на Рашковски, кого го опишуваат како прв човек на експремиерот Заев. Притоа се споменува и средба Давидовиќ-Заев.„Миодраг „Дака“ Давидовиќ (Давидовиќ) со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора. Неговите коруптивни активности ги овозможија напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството во земјата, вклучително и нејзините напори да влијае на изборните резултати. Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен човек на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев, за да ги унапреди бизнис интересите на Давидовиќ. Од 1991 до 1992 година, Давидовиќ беше министер за трговија во владата на самопрогласениот Српски автономен регион (ДЗР) на БиХ“, пишува во известувањето за јавноста од Американското Министерство за финансии.Потоа, по објаснувањето за средбите Заев-Давидовиќ, но и Рашковски со неговото апсење, се посочува дека црногорскиот бизнисмен е соучесник и вмешан во корупција на Западен Балкан.„Давидовиќ е назначен согласно Е.О. 14033 за одговорност или соучесник во, или директно или индиректно вмешан во корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име, или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на власт во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп. Дополнително, Давидовиќ е означен како одговорен, или соучесник, или директно или индиректно вклучен во акции или политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан“, додава Американското Министерство за финансии.Со истиот извештај рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, како и Ратка Камчева, мајката на бизнисменот Орце Камчев, се најдоа на т.н. црна листа. Како резултат на означувањето, целиот имот и интереси на овие лица во САД или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани. Забранети се сите трансакции на лица од САД со овие лица или нивни имот и интереси.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-43-7130PM

Европскиот суд пресече: Јанакиески незаконски бил држен во притвор

Европскиот суд за човекови права утврдил дека на ексминистерот за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор, дознава „Скопје1“.„Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права.Европскиот суд, според извори на „Скопје1“, прифатил и дека Јанакиески претрпел штета поради незаконските притвори.Детали за пресудата ќе соопштат адвокатите на Јанакиески во текот на денот.Ексминистерот беше во притвор поради тоа што обвинителите бараа, а судовите одобруваа тој да издржува мерки на претпазливост. Притворите му беа одредувани поради можност за бегство, влијание на истрагата. Јанакиески поднесуваше низа жалби во кои укажуваше на овие околности, а кои му беа одбивани.

Македонија | пред 2 години

pretesedatel-14141

Пендаровски или Спасовски за Вила Водно? - СДСМ на неколку месеци пред избори без одлука

Терминот недоговорен, а партиските кујни плетат комбинации кој кандидат ќе истрча од Бихачка за петгодишен претседателски мандат. Дали актуелниот Стево Пендаровски има шанси со партиска поддршка од СДСМ и ДУИ да остане во Вила Водно, овојпат со многу послаба граѓанска поддршка и без поддршка од Шарената револуција? Дали Оливер Спасовски ќе ги исполни амбициите да стане татко на нацијата или ќе се задоволи со челната позиција во СДСМ доколку Ковачевски се повлече? И каде е во играта Радмила Шеќеринска, за која партиски извори велат дека може да ги помати конците приближувајќи се кон ДУИ?Многу прашалници и шпекулации за владејачка партија на неколку месеци пред законското распишување на изборите. И згора на сѐ и отворените прашања каде е тука Зоран Заев, дали само од заднина ќе ги влече конците или ќе влезе во директна претседателска трка, но и дали по неколку годишен молк и уживање во безгрижните и удобни пензионерски денови кандидатот ќе зависи и од Бранко Црвенковски?Стево Пендаровски сѐ уште нема официјаен став дали сака по трет пат да излезе на терен како претседателски кандидат без партиски дрес, но со партиска поддршка, бидејќи е свесен дека како соло играч кај нас нема теоретски шанси. Иако мандатот го измина во уверување на јавноста дека е независен, сепак независните му забележаа дека поддржа значајни владини проекти како измените на Кривичниот законик, автопатот Бехтел и Енка. Партиски информации велат дека на сондирањата на мислењата Пендаровски стои подобро од Оливер Спасовски и дека подобро минува кај граѓаните со зачестените непосредни средби и проекти кои ги тера од почетокот на мандатот. Спасовски, пак, е поомилен кај тврдото партиско членство, но и него секојдневно го гледаме во засилена ПР кампања, не само во улога на министер за внатрешни работи, туку и како заинтересиран и загрижен граѓанин.Картите не ги отвора ниту лидерот на СДСМ Ковачевски, за кого е сѐ уште рано да се говори за избор на кандитат и дека сите имаат подеднакви шанси. Настапува со познатата реченица која ја користи кога има многу дилеми во СДСМ: има посебна процедура по која ќе биде избран новиот кандидат за претседател.Од СДСМ велат дека сѐ уште немаат разговарано, но дека има време и ќе ја стават на заедничка маса и можноста за заеднички претседателски кандидат со коалициските ДУИ и Алијанса на Албанците, како дел од европскиот фронт. Шансите за нивниот кандидат се тенчат во вториот круг, кога е јасно дека здружената албанска опозиција ќе ја даде поддршката на фаворитот на ВМРО-ДПМНЕ.Во развиените демократии ногу порано се соопштува името на партиските кандидати, за да можат граѓаните да се запознаат детално со нивните програми. Кај нас за сите, па и за претседателските избори како да се чека последниот час, да завршат сите внатрепартиски превирања, па на „демократски“ начин да се избере кандидатот, но се тактизира и на варијантата да се насети кој ќе биде фаворитот во противничкиот табор.Утре на „Скопје1“ читајте: Во ВМРО-ДПМНЕ многу претенденти, анкети и желби за претседателски кандидат, но без звучно име

Македонија | пред 2 години

naslovna-ubistvo

Убиениот татко алармирал дека може да биде убиен, синот бил пуштен од психијатрија во Бардовци непосредно пред грозоморниот чин

Скопјанецот А.П. кој го уби татко му, бил со нарушено психичко здравје и лекуван во психијатриската болница „Скопје“ лоцирана во Бардовци. „Скопје1“ дознава дека убиството го извршил по шест дена откако бил пуштен дома. Таткото, стравувал дека може да биде убиен, а се жалел и на пријатели. „Скопје1“ стапи во контакт со сведок, запознаен со случајот, кој имал комуникација со сега убиениот. Според него, таткото прво одбивал да го земе син му зошто бил сигурен дека не бил во добра психичка состојба. Додава дека откако секој ден добивал повици, се предомислил. Според информации на „Скопје1“ , таткото бил убиен со убодни рани и во главата. „Скопје1“ поседува и листа од повици, за кои сведокот тврди дека се разговорите кога сега убиенот побарал помош.[caption id="attachment_259123" align="alignnone" width="1000"] Листинг од телефонските разговори со убиениот, пред убиството[/caption]„Синот се лекуваше на Психијатрија и минатата година. Неколку месеци беше добар, а во октомври, пак го сместија. Меѓутоа, во меѓувреме му се јавуваа на таткото, му кажуваа дека е добар и да дојде да го земе. Тој се сомневаше во тоа и бараше повеќе информации. Кажуваше на пријатели дека на персоналот му објаснувал дека син му не е излечен, дека треба подолг третман – но тие упорно му ѕвонеа за да го земе. Неколку дена не им креваше телефон, а на крај рече: ‘син ми е, ќе одам да го земам, па што сака нека биде, иако знам дека може да ме утепа’. Кажа дека тоа им го посочил и на докторите. Меѓутоа, од неговото кажување, некоја докторка (името е познато на редакцијата), настојувала да го земе под изговор дека е добар“, вели лицето кое имало контакт со покојниот, чиј идентитет е познат на нашата редакција.Потврда на информациите побаравме и од надлежните институции – МВР и Обвинителството. Оттаму нема одговор за лекувањето на убиецот во болницата во Бардовци. Засега, не се знае дали на одговорност ќе бидат повикани и докторите кои биле задолжени за здравствена грижа на убиецот.Сепак, „Скопје1“ од извори во психијатриската болница дознава дека убиецот бил хоспитализиран во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци од 16 октомври. Неофицијално, на 2 ноември бил пуштен дома. На 8 ноември – го извршува грозоморното убиство.Поради страв дека може да го повтори делото, но и можно бегство, скопјанецот А.П. кој има 28 години, заврши во притвор. Од Обвинителството соопштија дека предметот е во фаза на истрага, како и дека се вршат форензички испитувања и анализа на доказите.

Скопје | пред 2 години

hajrulahi-nanev

Зошто обвинителите се жалеле од судијата Лазар Нанев: додека се одлучувало за неговата кариера, се обиде да биде дел и од Судски совет

Однесувањето на судијата и судски претседател Лазар Нанев во судница и пристрасноста кон обвинети од кавадаречкото Обвинителство, се двете поплаки кои ја кренаа правосудната фела на нозе. Обвинителите од Основното јавно обвинителство-Кавадарци, со материјални докази тропнале на вратата на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. Тие ги истакнале нивните сомнежи. Тој, веднаш алармирал кај државниот обвинител, Љубомир Јовески, Судскиот совет, како и во Советот на јавни обвинители. Надлежен за санкционирање е Судскиот совет, а Хајрулахи за „Скопје1“ вели дека не знае дали тие постапиле.„Како шеф на Вишото јавно обвинителство добив поплаки од шефот на Јавното обвинителство-Кавадарци и тамошните јавни обвинители, а во врска со однесувањето во судница на судијата Лазар Нанев. Поплаките се по однос на сомнежи за пристрасност при работењето во судски постапки, сето тоа поткрепено со материјални докази за поврзаноста на судиите со обвинетите против кои се водела постапката. Обвинителите од Основното јавно обвинителство-Кавадарци тоа го документирале и го доставија до мене како непосредно претпоставен, а со цел да можам да постапувам“, посочува Хајрулахи за „Скопје1“.Оттука почнува и сагата која трае осум месеци. Хајрулахи во март побарал Судскиот совет да постапи. Јавноста ги слушна нивните внатрешни караници и драми, но не и за исходот од оваа пријава.„Наводите ги проследив до јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Судски совет, како и до Советот на јавни обвинители. Во март 2023 година, писмено до Судскиот совет побарав да се преиспитаат наводите од известувањата доставени од страна на обвинителите“, додава Хајрулахи за „Скопје1“.Четири месеци по оваа преставка, со сериозни наводи, Лазар Нанев се обиде да стане и член на Судскиот совет, кој пак, одлучува за иднината на секој судија. Преставката против него е за нестручно работење. Сепак, не беше избран од судиите кои имаа право на глас.Министерот Кренар Лога го разреши судијата Лазар Нанев од член и претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Акција „Активни млади, за живот без насилство“: Младите не го пријавуваат врсничкото насилството заради страв и недоверба

Најголем дел од учениците во три струмички училишта знаат што е врсничко насилство, некои од нив биле жртви или сведоци на малтретирање, но не веруваат дека ќе добијат помош и поддршка од наставниците и другиот стручен кадар. Ова го покажа анкетата во која учествуваа 121 ученици од Струмици, спроведена во рамки на акцијата „Активни млади, за живот без насилство“, на Организацијата на жени од Струмица. На дебатата, пак, која беше организирана на крајот од акцијата, младите струмичани заедно со претставници од граѓанскиот сектор и експерти, споделија искуства, дискутираа за состојбата со врсничкото насилство, за последиците од него, за поддршката која им е потребна на жртвите на овој вид насилство, но и за начините како тоа може и треба да се спречи и искорени.Девојчињата трпат повеќе насилство во споредба со момчињата. Од испитаниците кои одговориле дека биле жртви на врсничко насилство, 8% се девојчиња, 5% се момчиња. Момчињата најчесто се мета на исмејување поради нивниот изглед, додека девојчињата се исмевани и малтретирани, и заради нивниот изгледот, но и заради нивното однесување.[caption id="attachment_257994" align="alignnone" width="1000"] На дебатата во рамки на акцијата имаше и сведоштва за врсничко насилство[/caption]„Имам доживеано непознати личности да ми се обраќаат со вулгарен речник, со зборови кои можат да создадат траума за некои личности“, сведочи ученик, на што се надоврзува и друг: „Имам доживеано исмејување поради надворешниот изглед, ме навредуваа бидејќи сум дебел“.Груби навреди, лоши прекари, неприфатеност од соученици, имитирање и исмевање од соученици поради ненамерна грешка. Вакво искуство имаат анкетираните девојчиња кои биле мета на врсничко насилство: „Ме навредуваа бидејќи сум повлечена и сакам да учам“, изјави една од учесничките во анкетата.Едновремено, младите вклучени во анкетата се изјасниле дека немаат доверба во воспитно-образовниот кадар во струмичките училишта односно не веруваат дека ќе ја добијат потребната помош и поддршка доколку пријават насилство. Најголема доверба за да го пријават врсничкото насилство, учениците од Струмица имаат во родителите.На завршниот настан, Ивана Трајкова, ученичка од струмичкото средно медицинско училиште, сподели траума како последица од врсничкото насилство: „Уште од глава не ми излегува девојчето кое насолзено влегуваше на часовите бидејќи надвор од училиштето беше навредувана, ја кубеа за коса, ја поттурнуваа. Немаше самодоверба за да може да му каже на своето семејство, но и да пријави во училиштето. Се плашеше. Бев сведок. Сите заедно можеме да го запреме врсничкото насилство. Не е убаво да се прави тоа, а некогаш не сме ни свесни за последиците кои може да ги остави овој вид насилство“.[caption id="attachment_257995" align="alignnone" width="1000"] На дебатата се зборуваше и што е причината за врсничкото насилство[/caption]Недоволната едукација, нетолеранцијата, насилните содржини присутни во медиумите и на социјалните мрежи, отсуството на емпатија – се само дел од причините за кои младите сметаат дека се фактори за врсничкото насилство. Дел од нив наведуваат дека домашното воспитување и генерално состојбата во државата се исто така сериозни чинители за се поголемото присутво на врсничко насилство меѓу младите. На дебатата, но и во рамки на анкетата, младите не само што ги раскажаа своите искуства, туку споделија и свои препораки за тоа како да се намали врсничкото насилство во училиштата, што беше и целта на оваа акција.Со јакнење на соработката и довербата меѓу младите-родителите-образовниот кадар, но и преку формална и неоформална едукација, состојбата со врсничкото насилство може да се подобри, сметаат младите. Според нив, потребни се и почести информативно-едукативни кампањи за јакнење на свеста за препознавање на овој вид насилство, но и за штетните последици врз менталното здравје на оноие кои се жртви на овој вид насилство.Ленче Христова од Организацијата на жени од Струмица, посочи дека од младите можат да се научат многу работи и дека родителите, институциите, граѓанските организации треба да го слушнат и почитуваат нивниот глас. Таа истакна дека во соработка и со учество на младите, и во иднина ќе креираат и спроведуваат активности за борба против врсничкото насилство.„Нам ни дава надеж тоа што младите се охрабруваат и сакаат да бидат дел од вакви активности. Често знаеме вината да ја префрламе врз младите односно да мислиме дека тие се незаинтересирани и дека не сакаат да бидат активни. Напротив. Но, ние, возрасните имаме обврска да го најдеме и поттикнеме вистинскиот начин односно канал на комуникација со младите. Од досегашните активности видовме дека од децата можеме многу да научиме, но само ако внимателно ги слушаме. Мора да научиме да ги сослушаме и да им веруваме. Исто така, мора да бидеме свесни дека секое насилство оставаат големи последици и дека треба заеднички да се бориме против него“, заклучи Христова.Професорката Борка Дончева, која беше и модераторка на дебатата, потенцираше  дека треба да се работи на едукација не само на младите, туку и на родителите, и наставниот кадар: „Институциите, родителите, педагозите, наставниот кадар – сите ние сме дел од тој круг кој треба биде вклучен во решавањето на овој проблем. Треба да се работи на едукација, за родителите и наставниците да препознаат што е врсничко насилство, да ги препознаат последиците, но и да знаат што и како можат да преземат за заштита на децата, но и за спречување на насилството.“На завршниот настан на акцијата „Активни млади, за живот без насилство“ му претходеа едукативни настани за врсничкото насилство, наменети за учениците од струмичките училишта.Овој текст е подготвен со помош на Европската Унија, во рамки на проектот Здружени за активно граѓанство. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-06-at-14.25.03

Беса Адеми доби охрабрување да отиде до Судски совет за политичките влијанија: Бевме спремни за разговор

Сашко Георгиев, претседателот на Судскиот совет не го смета за правилен чекорот на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, која не дојде на работниот состанок. Смета дека членовите ќе ја заштителе. Нагласи дека биле подготвени за разговор. Проблемот ќе се решавал со дискусии и прашања.„Согласно надлежностите, утврдено е дека Советот ја гарантира независноста на судската власт. По повод изјавите на претседателката на Врховниот суд, сметавме дека нужно треба да ја поканиме на работен состанок, за да изнесе конкретни работи во однос на нејзино видивање за политичко влијание. Бевме спремни за разговор, но колешката Беса Адеми не се појави, а ни испрати писмо во кое најави дека нема да дојде“, рече Георгиев.Тој смета дека потребно е во случајов Адеми да дојде во Судскиот совет.„Во ваква состојба, Советот беше спремен и е спремен за отворени дискусии и прашања. Ја охрабрувам. Праќам порака за судството и судиите, како за Врховен така и за другите, доколку почуствуваат притисоци, Судскиот совет е на располагање за законски да оствари гаранција и заштита“, додаде тој.Додаде дека притисок врз судии е кривично дело.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-01-at-10.37.41

Јанкулоска е дома, по три години го напушти затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. По три години и еден месец, таа е на слобода, и е заедно со семејството. Од денеска, Јанкулоска затворската ќелија ќе ја замени со домашна атмосфера. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација. Нема да се врати зад решетки ако до идниот октомври не направи ново кривично дело.При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори - Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, таа ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.Гордана Јанкулоска е правосилно осудена на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за експремиерот Никола Груевски. На 27 септември, со потврдата на пресудата за „Тенк“, таа беше спроведена зад решетки. Јанкулоска издржуваше казна за сторено дело злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

Македонија | пред 2 години

stekli-pukanje

Другарот на Штекли е изваден од респираторна машина, но останува во болница - не се исклучуваат и нови операции

Се подобрува состојбата на вториот повреден, во пукањето кое се случи во скопскиот трговски центар, Д.Т. викан Колумбо, но останува во болница. Тој имаше посериозни повреди од неговиот другар Раде Трајковски-Штекли, кој е испуштен од болница. Истовремено, по повеќе од една недела, пукањето во скопскиот трговски центар нема разврска – ниту осомничен, ниту уапсени. Директорот на Клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, д-р. Љубен Арсенков, за „Скопје1“ вели дека лицето со прекар Колумбо е во добра здравствена состојба и изваден од респираторна машина.„Тој е веќе буден, не е веќе на респираторна машина. Имаше сериозни повреди, во стомакот и градниот кош, со повеќе повредени органи и направени хируршки интервенции. Сега за сега е стабилен и добар. Се надеваме на добар исход. Дали ќе се наложат и друг интервенции – ќе видиме. Меѓутоа, станува збор за млад човек, буден, контактибилен. Брзо нема да биде испуштен од болница. Не можеме да прогнозираме, но засега состојбата е таа. Ќе треба период на рехабилитација“, вели директорот на болницата, д-р. Љубен Арсенков, субспецијалист по дигестивна хирургија за „Скопје1“.Трајковски-Штекли, за кого се верува дека е таргетот на лицето кое пукаше и требаше да го ликвидира, е испуштен од Клиниката за торакална хиругија. На социјалните мрежи се споделуваше и фотографија со неговиот лик, а тој насмеан и со повеќе преврски на телото. По вторпат се пукаше во него, како и, по втор пат се спаси од смрт.Првиот пат, Штекли беше пукан во истиот трговски, на паркинг. Се спаси, влегувајќи во неговиот автомобил и бегајќи. За второто пукање, се шпекулира дека Штекли го видел лицето кое го пукаше, за што му кажал и на Колумбо – но не успеале да избегаат.На случајот работи скопското Јавно обвинителство. Детали не споделуваат, освен технички детали – дека се собираат докази.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-10-28-at-12.21.13

Бухова за „Онкологија“ Немало поплаки за недадена терапија или незадоволство од лекување, ниту најава по допрен глас за злоупотреба на лекови

Ексдиректорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, одговараше на прашања и дилеми кои ги имаше Анкетната комисија за случајот „Онкологија“.„Во тек на мојот мандат, стасани се четири претставки од пациенти, извршени се четири вонредни инспекциски надзори. На сите подносители им е одговорено. Во тек на моето директорување, Министерството за здравство нема побарано вонреден инспекциски надзор на Клиниката за онкологија. Секој надзор завршува со записник, кој го потпишува инспекторот кој го врши надзорот и лицето одговорно присутно на надзорот од Клиниката. Сите записници се потпишани од двете страни“, кажа Бухова.Објасни дека сите инспекциски надзори по барање на пациенти.„Трите се незадоволство од однесување на одредени доктори, а едниот надзор заврши со непронаоѓање на пациент кој наводно го поднел барањето за вонреден инспекциски надзор. За еден од надзорите, инициран е стручен надзор, бидејќи ДСЗИ нема законска моќ да ја цени стручната работа и лекувањето на одредени пациенти. ДСЗИ ја контролира евиденцијата, медицинската евиденција – но што докторите ќе запишат како терапија, не е во ингеренција на ДСЗИ“, додаде Бухова.Во пет години, додека Бухова раководела со инспекторатот, немало ниту една претставка, а ниту најава по допрен глас за злоупотреба на лекови или неправилно лекување на клиниката, кажа таа.„Во ДСЗИ, постои секој документ, архивиран, за секој надзор. Зошто не ви се доставени, не знам. Јас не сум таму. Можам да ви доставам јас што имам, од надзори кои сум ги барала јас. Поканата за ова мое присуство на оваа седница ја добив пред помалку од 40 часа, мора да сфатите дека не можев да обезбедам ниту тоа што мене ми е потребно, за да бидам исцрпна и да одговарам и на вашите прашања. Се што прави ДСЗИ, има сериозна архива. Секој записник и издадено решение. Решението со архивски број го има на секоја клиника“, додаде Бухова.Ексдиректорката посочи дека секое инцирање на стручен надзор завршува кај министерот за здравство, но не треба ДСЗИ да добие повратен одговор за спроведувањето на истиот.„Нема во мое надзор кој би се однесувал на дадена или недадена терапија или незадоволство од лекување. Тоа и да стасало, ќе го пренасочивме на друго место, бидејќи лекувањето не е во наши ингеренции“, кажа ексдиректорката.

Македонија | пред 2 години

IMG_4197

Со гаранција од 192 илјади евра, Рашковски добил укинување на куќниот притвор

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со над 192 илјади евра гарантира дека нема да избега, а Кривичниот совет му поверувал, прифатил и го пуштил на слобода. По два дена, од Кривичниот суд за „Скопје1“, велат дека решението е неправосилно, а обвинител може да се жали.„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“.Слободното движење на Рашковски доаѓа по скоро четири месеци поминати во домашен притвор. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Пресудата не е правосилна, а предметот се наоѓа пред Апелација.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-2590PM

Рашковски си доби слобода со пари - укинат домашниот привор, дал гаранција

Ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, пуштен од домашен притвор, дознава „Скопје1“. Одлуката на донел Кривичен совет, откако Рашковски се пожалил на мерките на претпазливост, кои му беа изречени пред скоро четири месеци. За слободата, понудил гаранција која му била прифатена од судии на Кривичниот суд.„Скопје1“ пред два дена побара став од судот, колкава гаранција дал Рашковски во замена за слободата – но не добивме одговор. Според информации на „Скопје1“ станува збор за сума со која, при негово бегство и потврда на првостепената пресуда, нема да може да се наплати штетата направена врз буџетот за која Кривичен суд го осуди на осум години затвор. Од судот не одговараат ниту дали гаранцијата е дадена како парични средства или и имот кој тој го поседува.Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска го осуди ексгенералниот секретар за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Покрај него, осудени беа и други шест лица, кои биле ангажирани во Влада, но и сопственици на фирми од кои, според пресудата, Рашковски набавувал софтвери, камери, кабини – но незаконски.Според Обвинителството, Рашковски во периодот од јуни 2017 година до февруари 2021 година, со умисла помогнат од двајца надворешни соработници, ги извршил кривичните дела. Тој не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.Случајот со набавката на софтверот од 81.000 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, беше обелоденет на почетокот на март 2021 година. Покрај овој тендер, во летото 2019 година, Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка за работи потребни за софтверот, иако во тоа време сè уште не бил склучен договор за набавката на софтверот.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања