Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Русија го повика Илон Маск да ја започне изградбата на тунелот „Трамп–Путин“ меѓу САД и Русија

Во Москва се појави идеја за амбициозен инфраструктурен проект што медиумите веќе го нарекуваат „проект на векот“ — изградба на подморски тунел меѓу Русија и САД, кој би ја поврзувал Алјаска со рускиот Далечен Исток.Повикот до американскиот милијардер Илон Маск го упати рускиот претставник во САД, Кирил Дмитриев, кој на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) сподели документи од 1960-тите години, објавени од американската конгресменка Ана Полина Луна. Во документите се прикажува план за „Светски мост на мирот Кенеди–Хрушчов“, предлог за инфраструктурна врска помеѓу двете суперсили.„Требаше да се изгради мост меѓу Алјаска и Русија“, се наведува во историските материјали што Дмитриев ги цитираше.Тој изјави дека, иако ваквиот проект бил незамислив во 20. век, денес, со модерната технологија, тунелот би можел да се изгради за помалку од осум милијарди долари, особено со учество на компанијата The Boring Company на Маск.„Илоне Маск, замислете поврзување на Америка и Евроазија преку тунелот ‘Путин–Трамп’ — симбол на единство. Иако трошоците би надминале 65 милијарди долари, технологијата на Boring Company би можела да ги намали на под осум милијарди. Да ја изградиме иднината заедно,“ изјави Дмитриев.Тој нагласи дека тунелот би можел да овозможи железничка и товарна врска, како и заедничко истражување на природните ресурси во Арктикот, создавајќи нови работни места и економски можности за двете земји.„Проектот ‘Путин–Трамп’ би бил симбол на соработка, а не конфронтација,“ додаде тој, нагласувајќи дека Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и Арктичкиот фонд би учествувале во финансирањето, заедно со меѓународни партнери.Според руските медиуми, ова е вторпат за неколку години што се оживува идејата за инфраструктурна врска преку Беринговиот Теснец, а овојпат иницијативата има и политичка симболика — поврзување на двете суперсили во време на нови тензии и глобални промени.

Свет | пред 5 месеци

media-librarydv7746f6vvrr1AuQ5ne

Роботско куче патролира низ улиците на Кина

Во кинескиот подокруг Ќингбо, локалните власти започнаа тестирање на роботско куче кое патролира низ улиците и врши надзор врз сообраќајот и јавниот ред. Според Global Times, сребрено-сивиот робот моментално е во пробна фаза и се користи за детекција на незаконско паркирање, блокирани патишта и други прекршоци.Заменик-раководителот на локалниот тим за спроведување на законот, Ву Веи, објасни дека роботот користи вештачка интелигенција, HD-камери и повеќе сензори за да патролира автономно, да собира докази во реално време и да емитува јавни безбедносни предупредувања до граѓаните.Уредот може да работи континуирано до четири часа, се движи на тркала за да заштеди енергија, а поседува и можност да преминува преку мали препреки и нагорнини.Очекувањата се дека роботското куче ќе влезе во целосна служба до крајот на октомври, по што ќе бидат проширени неговите патроли и функционалности. Проектот е дел од поширока иницијатива за воведување „паметни патроли“ во кинеските градови, слични на претходните тестови во Шенжен.Ву Веи оцени дека ваквите технологии ќе ја зголемат ефикасноста на инспекциските служби, ќе го растеретат човечкиот кадар, и ќе овозможат поефикасно управување со градската инфраструктура преку автоматизирани системи.

Свет | пред 5 месеци

media-librarylvb0g3qupadg6dIkIYo

(Видео) YouTube добива нов изглед и функции на сите платформи

Популарниот видео-сервис YouTube воведува нов изглед и функционалности на веб-верзијата, мобилните уреди и паметните телевизори, со цел да го направи корисничкото искуство почисто, поинтуитивно и повеќе насочено кон самите видео-содржини, наместо кон дополнителните визуелни елементи.Најзначајната промена е редизајнот на видео-плеерот, кој сега изгледа поелегантно и минималистички, со нови икони и анимации што се појавуваат при интеракција – како на пример при лајкување или додавање клипови во плејлиста. Контролите за премотување и паузирање се направени попрегледни, а прелистувањето меѓу различни делови на мобилната апликација е значително пофлуидно.Подобрена е и „Seek“ функцијата, која сега овозможува со двоен допир на екранот да се прескокне дел од видеото.Меѓу новитетите се и „thread“ коментарите, односно коментари организирани во нишки – слично како на Reddit – што им овозможува на корисниците полесно да го следат текот на разговорите под видеата.Дополнително, воведена е и опцијата за гласовни коментари, која досега беше достапна само за ограничен број креатори на содржина.Од YouTube соопштуваат дека новите опции ќе бидат достапни постепено за сите корисници ширум светот во текот на оваа недела, како дел од пошироката стратегија за модернизација и подобрување на интеракцијата со публиката.

Магазин | пред 5 месеци

ukraina-kiev-1

Ескалација на дронските судири меѓу Русија и Украина – на удар училишта и енергетски објекти

Во нов руски напад со дронови врз југоисточна Украина, ноќеска е предизвикан пожар во училиште во Запорожје, соопшти шефот на воената управа на областа, Иван Федоров. Според неговите информации објавени на „Телеграм“, нема жртви, а пожарот бил брзо ставен под контрола од страна на противпожарните екипи. Украинската новинска агенција јавува дека руските сили во текот на петокот извршиле 618 воздушни и артилериски напади врз 18 населени места во регионот на Запорожје.Паралелно со тоа, сериозен напад бил изведен и врз градот Чугуев во Харковската област, каде што речиси сите населени места останале без електрична енергија. Градоначалничката Галина Минајева изјави дека биле извршени 10 дронски напади врз градот и дека тројца жители се повредени во руските напади на Харковската област во последните 24 часа.Од руската страна, Министерството за одбрана на Русија соопшти утрово дека нивната противвоздушна одбрана (ПВО) обори 41 украински дрон над 12 руски региони и Црното Море. Според соопштението, 12 дронови биле уништени над Брјанската област, по пет над Калушката област и Републиката Башкортостан, три над Московската област, а по два над Белгородската и Орловската област. Дополнително, по еден дрон бил соборен над Волгоградската, Курската, Рјазанската, Тамбовската, Тулската и Самарската област, додека шест украински беспилотни летала биле уништени над акваторијата на Црното Море, пренесе руската агенција РИА Новости.Истовремено, руски извори тврдат дека украински дронови извршиле напад врз електроенергетската трафостаница „Вешкаима“ (500 kV) во областа Уљановск, која претставува важен енергетски јазол што ги поврзува енергетските системи на Урал и Централна Русија. Нападот предизвикал штети врз инфраструктурата, но засега не се пријавени човечки жртви.Последниот бран напади ја одразува ескалацијата на воздушните и дронски судири меѓу Русија и Украина, кои сè почесто се насочени кон критичната инфраструктура и енергетските објекти од двете страни на фронтот.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryi8lit5qnja3cbQccKNn

Обвинителството отвори предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Основното јавно обвинителство во Струга оформи предмет по повод уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, кое се случи за време на градежни активности во нејзина близина. Според официјалното соопштение, работите ги изведувало лице од струшкото село Велешта.Јавен обвинител на 16 октомври извршил увид на лице место, во присуство на вешто лице од областа на градежништвото, со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до оштетување на објектот.„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на сите релевантни околности под кои се случил настанот“, соопштија од Обвинителството.Спомен-куќата на Владо Малески – авторот на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“ – претставува значаен културно-историски објект во Струга, а нејзиното оштетување предизвика бурни реакции во јавноста.

Македонија | пред 5 месеци

netfliks-960x522-1

(Видео) Серијата „Nero the Assassin“ стана глобален хит

Историската мини-серија „Nero the Assassin“ стана вистински глобален феномен само неколку дена по премиерата на 8 октомври, откако е гледана повеќе од 31,6 милиони часа и моментално се наоѓа на четвртото место меѓу најгледаните серии во светот, според податоците на Netflix.Дејството на серијата е сместено во Франција во 16 век, и го следи Неро (Пио Мармаи) – искусен платен убиец кого го предава неговиот господар. Животот му се менува кога дознава дека има ќерка, Перла (Лили-Руз Карлије Табури), за која не знаел. Кога таа станува мета на моќни непријатели, Неро е принуден да бега со неа низ воjната разурната земја, соочувајќи се со мрачни сили, поранешни сојузници и сопствената совест.Во заплетот се појавуваат и Рошмор (Луј-До де Ленкесенг), негов поранешен заштитник, како и едноока вештерка Ла Борњ (Камиј Разат), кои ја надополнуваат атмосферата на магија, интриги и борба за опстанок.Иако на IMDb серијата има просечна оценка 6,7, голем дел од гледачите тврдат дека заслужува „чиста десетка“. Многумина ја споредуваат со култната „Игра на тронови“, опишувајќи ја како „историска фантазија со брз ритам и совршена визуелна атмосфера“.„Не се развлекува непотребно, секоја сцена има смисла. Ова е онаа серија кај што едвај чекаш следна епизода“, пишува еден гледач.Друг додава: „Сите состојки за одлична авантура се тука. За љубителите на Game of Thrones – задолжително гледање!“Сепак, некои критичари сметаат дека ликoвите можеле да бидат подобро разработени, но дури и тие ја пофалуваат камерата, сценографијата и актeрската енергија.

Магазин | пред 5 месеци

PAKISTAN-POLICIJA-690-x-355-1

Талибанците и Пакистан со нови тензии по истекот на 48-часовното примирје

Талибанската влада соопшти дека во авганистанската делегација која отпатувала на разговори во Доха се наоѓаат министерот за одбрана и шефот на националната разузнавачка агенција, јавува Associated Press.Истовремено, пакистанскиот државен сервис објави дека и пакистанска делегација денеска заминала за главниот град на Катар, без да открие дополнителни детали за составот или целта на средбата.Односите меѓу Авганистан и Пакистан остануваат крајно напнати. Двете соседни земји се обвинуваат меѓусебно за вооружени инциденти по должината на границата, тврдејќи дека нивните армии делувале како одговор на агресија од другата страна.Пакистанските власти тврдат дека Талибанците даваат засолниште на милитанти кои изведуваат напади на пакистанска територија, додека талибанската влада во Кабул ги отфрла обвинувањата и инсистира дека Исламабад ги користи тие наводи како изговор за прекугранични воени акции.Дводневното примирје од 48 часа, постигнато со цел да се прекинат непријателствата, истече во петок навечер, а само неколку часа подоцна Пакистан спроведе нов воздушен напад врз авганистанска територија, со што се прекина секоја надеж за стабилизација на состојбата.Меѓународните посредници, меѓу кои и Катар и Обединетите нации, повикуваат двете страни да се воздржат од ескалација и да ги продолжат разговорите во Доха, но засега на теренот продолжуваат вооружените разменувања и прекуграничните напади.

Свет | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

Седум кандидати постари од 90 години ќе учествуваат на локалните избори во Македонија

На претстојните локални избори во Македонија, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ќе учествуваат седум кандидати постари од 90 години, покажува Прирачникот за локалните избори 2025, издаден од Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество и Фондацијата Конрад Аденауер.Според податоците од Институтот за демократија, овие лица се кандидати на листите за советници во неколку општини низ државата.На изборите во 2025 година ќе има 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници, што претставува зголемување во однос на изборите во 2021 година, кога беа пријавени 299 кандидати за градоначалници.Најмногу кандидати за градоначалник има во Град Скопје – 16, од кои само една жена, потоа во Прилеп и Струга по девет, и во Битола осум.Од вкупниот број кандидати за градоначалници, 89,6% се мажи, а 10,3% жени, што е мало зголемување во однос на изборите во 2021 година, кога жените сочинуваа 8%. Кај советничките листи, 45% од кандидатите се жени, што покажува континуитет во рамноправната застапеност.Во старосната распределба, најмногу кандидати – 25,3% – се на возраст меѓу 36 и 45 години, додека 9,1% се постари од 66 години.Има и 409 кандидати меѓу 18 и 20 години, што претставува 3,9% од сите учесници.

Македонија | пред 5 месеци

1d4ab88b-1cdc-4d3a-b0a4-af5eadecf9bd

Нова даночна реформа во Полска: семејствата со деца ослободени од данок на доход

Полскиот претседател го потпиша новиот закон за воведување нулта стапка на данок на доход за родители со најмалку две деца, мерка што треба да ја олесни економската состојба на семејствата и да ја поттикне потрошувачката и работната активност во земјата, јавува Euronews.Законот, предложен во август од Карол Навроцки, предвидува ослободување од данок за сите родители, старатели и згрижувачи чии годишни приходи по родител не надминуваат 140.000 злоти (околу 33.000 евра).Според пресметките на претседателската администрација, просечното полско семејство ќе има околу 1000 злоти (235 евра) повеќе месечно, но реалниот ефект ќе биде видлив дури со даночната пријава за 2026 година, што ќе се поднесува во 2027.Мерката е дел од поширокиот пакет „Даночен оклоп“, кој вклучува и намалување на ДДВ-то и укинување на данокот на капитална добивка — клучни ветувања од кампањата на Навроцки.Иако претседателската канцеларија тврди дека програмата ќе се финансира преку построги контроли во даночниот систем, економските експерти предупредуваат дека реформата најмногу ќе им користи на повисоките приходи.Според даночниот советник Пјотр Јушчик од inFakt, семејствата со ниски приходи, кои и онака плаќаат мал или никаков данок, ќе имаат минимална корист.Примерите покажуваат:семејство со месечен приход од 7000 злоти (1648 евра) ќе заштеди околу 93 евра месечно,оние со 12.000 злоти (2826 евра) ќе заштедат 215 евра месечно,најсиромашните ќе почувствуваат само 17 евра разлика,а семејствата под прагот на оданочување нема да имаат никаква промена.Јавните консултации во септември, во кои учествувале 476 лица, покажале висока поддршка од 76% за новиот закон, додека само 16% биле против. Повеќе од две третини од учесниците (66%) позитивно го оцениле и финансискиот ефект од реформата.Новата даночна мерка се гледа како еден од најамбициозните обиди на Полска да го поттикне наталитетот и потрошувачката, во време кога земјата се соочува со стареење на населението и забавен економски раст.

Свет | пред 5 месеци

media-librarysos6qkdg30go81Va8uj

Зеленски вчера дозна што всушност сака Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа барајќи ново оружје за одбрана од Русија, но наиде на американски лидер кој изгледа повеќе заинтересиран за посредување во мировен договор отколку за нови испораки на ракети „Томахавк“.Иако Доналд Трамп не ја исклучи можноста Украина да ги добие американските крстосувачки ракети со долг дострел, неговиот став беше воздржан, особено во пресрет на новиот состанок со Владимир Путин во Будимпешта.По повеќе од два часа разговор со Зеленски, Трамп излезе пред новинарите со порака што изненади многумина: „Запрете ја војната сега. Двете страни треба да се повлечат, да се вратат кај своите семејства. Ова треба да заврши – веднаш на бојното поле.“Трамп наведе дека истата порака му ја упатил и на Путин. Неговата изјава се толкува како прв конкретен сигнал дека е подготвен да прифати мировен договор со замрзнување на фронтот, дури и по цена на тоа Украина да се откаже од дел од својата територија.Во разговорот за вооружувањето, Зеленски отворено побара „Томахавци“, објаснувајќи дека Украина има илјадници дронови подготвени за офанзива, но дека ѝ недостасуваат ракети со долг дострел„Немаме Томахавци, затоа ни се потребни тие проектили,“ изјави Зеленски.Трамп одговори: „Би сакал повеќе да не ви требаат Томахавци. И нам ни се потребни. Не можеме да се откажеме од нешто што е неопходно за нашата безбедност.“По состанокот, Зеленски призна дека САД не сакаат ескалација, но го оцени разговорот како „реален и конструктивен“.„Сметам дека претседателот Трамп може да изврши притисок врз Путин да го сопре овој војна,“ изјави тој.Во меѓувреме, Трамп повторно ја потврди намерата да се сретне со Путин, велејќи дека и двајцата лидери „сакаат крај на војната“, но дека „треба малку повеќе да се договорат“.Аналитичарите предупредуваат дека помирливиот тон на Трамп и подготвеноста за компромис предизвикуваат загриженост кај европските сојузници, кои стравуваат од договор што би бил поволен за Москва.Во позадина на средбата, руските сили продолжуваат со напади врз украинската енергетска инфраструктура, додека Киев инсистира дека ракетите „Томахавк“ би можеле да го израмнат соодносот на силите.Како што заклучува аналитичарот Макс Бергман, потегот на Путин да побара нова средба со Трамп „веројатно има цел да ја намали веројатноста за американска испорака на тоа оружје“.Украинскиот експерт Микола Бјелиесков додава дека „Томахавците не би ја скршиле Русија, но би создавале постојан притисок – и воено, и индустриски“.За сега, Зеленски останува со пораката дека иако САД не дадоа конкретни ветувања, Украина и понатаму ќе смета на американскиот притисок врз Москва – за мир, но не по секоја цена.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Руски РТ се потсмева на Зеленски: „Томахавк? Не е на менито – доби пилешко и салата“

Рускиот државен медиум RT објави сатирична порака во која се потсмева на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако тој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Во објавата, медиумот саркастично наведува дека на менито за вечера имало пилешко, салата и сладолед – но не и ракетите „Томахавк“ што Украина ги бара од Вашингтон.„Ракети Томахавк? Не се на денешното мени. Зеленски доби печено пилешко и салата“, објави RT, алудирајќи на исходот од средбата која, според руските медиуми, не донела конкретни ветувања за дополнителна воена помош за Киев.Зеленски и Трамп вечерта одговараа на прашања од новинарите пред состанокот зад затворени врати. Американскиот претседател изјави дека „верува оти Путин е подготвен за мир“, додека Зеленски предложи размена – украински дронови за американски „Томахавци“.Само неколку дена претходно, Трамп изјави дека САД би можеле да ја одобрат испораката на ракетите доколку Русија продолжи да го избегнува мировниот процес. Но, по најавата за нов круг директни преговори меѓу Трамп и Путин, руските медиуми тоа го претставија како американско повлекување од претходните закани.Аналитичарите предупредуваат дека ваквите објави се дел од широка пропагандна стратегија на Кремљ, со цел Западот да се прикаже како неодлучен и изморен од војната, во момент кога Москва го засилува темпото на воздушните напади низ Украина.

Свет | пред 5 месеци

maduro-696x418-1

Трамп со вулгарна порака до Мадуро: „Не сака да се игра ... со нас“

Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски заврши со изненадувачка и вулгарна изјава која не беше поврзана со Украина, туку со венецуеланскиот претседател Николас Мадуро.Откако новинарите го прашаа за најновите пораки од Каракас, каде Мадуро повика на „мир и нов почеток“ во односите со Вашингтон, Трамп одговори дека венецуеланскиот лидер „понудил сè“ за да избегне конфронтација.„Понуди сè. Да, во право сте. Знаете зошто? Затоа што не сака да се заеава со нас**“, изјави Трамп, предизвикувајќи реакции и насмевки во салата.Изјавата доаѓа откако Трамп ја овласти ЦИА да спроведува тајни операции во Венецуела, што, според медиумите, предизвика нервоза во режимот на Мадуро. Американските разузнавачки активности се насочени кон ограничување на шверцот на нафта и оружје, како и кон поткопување на влијанието на руски и ирански структури во земјата.Иако Вашингтон досега избегнуваше директна воена конфронтација со Каракас, новата политика на Трамп ја заострува реториката и сигнализира дека САД ќе применат поцврст пристап кон венецуеланскиот режим, кој веќе со години е под западни санкции.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: „Можно е Путин да се обидува да добие време – но знам како да направам договор“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно рускиот претседател Владимир Путин да „се игра со него“ и да купува време, додека двете страни разгледуваат можност за нова средба лице в лице.На новинарско прашање дали Путин го користи предлогот за средба за да го одложи договорот околу дозволата Украина да користи крстосувачки ракети „Томахавк“, Трамп одговори со карактеристична самоувереност:„Можно е. Цел живот со мене се играат најдобрите од најдобрите. Но, јас сум прилично добар во овие работи ако некој навистина сака да постигне договор.“Трамп во последните денови изјави дека би можел да ја одобри испораката на „Томахавк“ на Украина, доколку Путин продолжи да го избегнува мировниот процес, што би претставувало голема промена во американската стратегија.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија „брза да го обнови дијалогот бидејќи слуша за Томахавците“, алудирајќи дека најавата на Трамп предизвикала нервоза во Москва.Состанокот меѓу двајцата лидери, според дипломатски извори, може да ја одложи конечната одлука на САД за испорака на ракетите, но и да отвори простор за нови преговори околу можен прекин на огнот во Украина.

Свет | пред 5 месеци

raketi-vojna

Главната пречка за испорака на „Томахавк“: САД имаат малку мобилни лансери

БГМ-109 „Томахавк“ е крстосувачка ракета со голем дострел која најчесто се лансира од вертикалните лансери MK41 на воени пловила и подморници. Главната пречка за брза и ефективна испорака на овие ракети на Украина е едноставна: САД немаат голем број на располагање-ставни лансери кои би можеле веднаш да се префрлат или предадат.Украинската морнарица во моментот нема такви борбени платформи опремени со MK41 системи, што значи дека испораката на „Томахавк“ би барала или испорака на соодветни бродови/подморници, или обезбедување копнени мобилни лансери. Иако постоеле и воздушни и копнени верзии на „Томахавк“ развивани уште од 1970-тите, воздушната верзија е занемарена поради развојот на конкуренти, а копнената верзија беше отстранета од употреба поради Договорот за ракети со среден дострел (INF).Откако INF договорот престана да важи во 2019 година, САД работат на оживување на програмата за мобилни лансери. Новиот систем, наречен Typhon, стапна во употреба во 2023 година, но во арсеналот има само неколку такви лансери. Тоа значи дека, дури и ако политичката одлука за испорака биде донесена, Вашингтон би дале на Украина оружје кое е штотуку вратено во производство и за кое нема големи залихи.Покрај логистичките и техничките пречки, постојат и стратешки ризици: испораката на ракети со долг дострел би значела широко унапредување на ударните способности на Украина, но и би ги зголемила геополитичките тензии, бидејќи користењето на вакви големи системи може да биде доживеано како значителна ескалација.Во практична смисла, прашањето за „Томахавк“ не е само прашање на политичка волја — тоа е и прашање на достапност на платформите за лансирање, време за производство и испорака, и проценка на оперативните и геополитичките последици.

Свет | пред 5 месеци

putin-bozik-640x473-1

Путин: Вистината е нашето тајно, стратешко и прецизно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин им се заблагодари на вработените во Russia Today (RT), нарекувајќи ја нивната работа „одбрана на вистината“ и опишувајќи ја како „тајно, стратешко и високопрецизно оружје“.На свеченоста по повод 20 години од основањето на РТ, одржана во Болшој театар во Москва, Путин во присуство на главната уредничка Маргарита Симоњан изјави дека медиумот „прераснал во глобален тренд познат во целиот свет“.„Ви благодарам за вашата храброст, професионализам и упорност во одбраната на вистината во глобалниот информативен простор“, рече Путин, додавајќи дека „РТ докажа дека Русија ги брани традиционалните вредности“ и дека „е невозможно да се прецени неговиот придонес во борбата за поправеден светски поредок“.Путин потсети дека во раните 2000-ти западните медиуми го злоупотребувале својот доминантен положај, наметнувајќи сопствен „цивилизациски модел“, што, според него, создало простор за појава на медиуми како РТ, кои „нудат поинаков поглед на светот“.„Вашите конкуренти станаа љубоморни или уплашени од вашиот успех – тоа е доказ за вашиот професионализам“, рече рускиот лидер.Завршувајќи го обраќањето, Путин ги повика новинарите на РТ да продолжат да го користат „своето оружје – вистината“, во, како што рече, „жестоката медиумска борба“ со Западот.Телевизијата Russia Today, основана на 10 декември 2005 година, денес емитува на седум јазици и има интернет-платформи ширум светот. Во повеќе западни земји, меѓу кои САД, ЕУ, Канада и Велика Британија, РТ е забранета поради обвиненија за руска државна пропаганда и ширење дезинформации во контекст на војната во Украина.Според податоците на руското Министерство за надворешни работи, РТ и нејзините вработени се под повеќе од 110 санкции, со замрзнати средства и ограничен пристап до медиумски платформи.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Ројтерс: Украина подготви детална презентација за можната употреба на американските ракети

Според извори на агенцијата Ројтерс, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му презентира на американскиот претседател Доналд Трамп план за тоа како би се користеле ракетите со долг дострел „Томахавк“, доколку САД одобрат нивна испорака. Украинската делегација подготвила детална презентација со објаснување на стратегиската употреба на проектилите и начинот на кој тие, според Киев, би можеле „значително да го променат текот на војната“.Ракетите „Томахавк“ имаат домет од над 1.600 километри, што би ѝ овозможило на Украина да погодува цели длабоко во руската територија, вклучувајќи енергетски и воени објекти. Станува збор за оружје кое САД го имаат користено илјадници пати во Ирак, Авганистан, Јемен и други конфликтни зони.Зеленски во минатото изјави дека ударите врз цели во Русија може да се споредат со „долгорочни санкции“, особено ако се насочат кон енергетската и нафтената инфраструктура.Со ваквите ракети, Украина би можела да погодува руски воздушни бази и други објекти далеку од фронтот, наведува Ројтерс, што би претставувало ново ниво на стратешки капацитет.Сепак, не е јасно дали Трамп ќе биде убеден од украинската презентација. Иако претходно најави дека ја разгледува можноста за испорака, вчера изјави дека САД имаат ограничени залихи на „Томахавци“ и дека е „загрижен за нивното преголемо трошење“.Во меѓувреме, дипломатски извори потврдуваат дека разговорите меѓу Трамп и Путин во Будимпешта ќе бидат вториот обид да се отвори сериозен мировен дијалог, но без присуство на Украина, што предизвика критики од Берлин и Киев.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека „Украина мора да биде вклучена во секоја одлука што ја засега нејзината иднина“, додавајќи дека Европа очекува од Трамп и Путин „конечно да покажат сериозност“ во однос на мировниот процес.

Свет | пред 5 месеци

kremlj-moskva

Се закани Русија, пред средбата Трамп-Зеленски

Русија остро реагираше на најавите дека Соединетите Американски Држави би можеле да ѝ испорачаат на Украина ракети со долг дострел „Томахавк“, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да го дозволи тој потег доколку Москва продолжи да го избегнува мировниот процес.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за весникот Коммерсант предупреди дека таквата испорака би претставувала „голема ескалација на конфликтот“.„Ние не баравме состанок за да ја убедиме американската администрација дека тоа би бил исклучително опасен потег. Веруваме дека тие се доволно искусни и свесни дека таквата одлука би ја подигнала ситуацијата на фундаментално ново ниво“, изјави Лавров.Тој нагласи дека, според сите воени експерти, само персонал од земјата производител може да управува со овие проектили, што би значело директно американско воено вмешување во конфликтот.„Таквиот потег би го претворил Бајденовиот војна во Трампова војна“, додаде Лавров, оценувајќи дека тоа би довело до сериозно влошување на руско-американските односи.Рускиот министер посочи дека промената на американскиот пристап е веројатно резултат на притисок од европските партнери, кои, како што рече, „јавуваат ултимативни барања кон Трамп и неговиот тим“.„Ќе видиме како ќе се развиваат работите во Вашингтон и како администрацијата ќе реагира на дрските настапи и речиси ултиматуми што Зеленски и некои европски лидери јавно ги упатуваат“, заклучи Лавров.Москва и натаму тврди дека секоја западна испорака на оружје со долг дострел за Украина е директен напад врз нејзините национални интереси, и дека ќе следуваат „симетрични одговори“ ако САД ја преминат оваа линија.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Трамп потврди дека разговара со Путин: „Долг разговор, јавноста ќе биде известена по завршувањето“

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараат, само еден ден пред пристигнувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа. Средбата на Зеленски со Трамп, закажана за утре, има за цел да обезбеди дополнителна воена помош за Украина, во време кога Киев и Москва ги засилуваат нападите врз енергетските инфраструктури, а НАТО внимателно ги следи сè почестите руски воздушни упади во близина на границите на Алијансата.Украина побара од Вашингтон ракети со долг дострел „Томахавк“, кои би ѝ овозможиле да погодува цели длабоко на територијата на Русија, вклучително и Москва. Според најавите на американскиот претседател, САД би можеле да ја одобрат испораката на овие ракети доколку Путин одбие повторно да седне на преговарачка маса.„Многу сум разочаран од Путин. Не ми е јасно зошто продолжува со оваа војна. Тој може да ја заврши – и тоа многу брзо“, изјави Трамп во вторникот, коментирајќи ја руската инвазија врз Украина.Денеска, преку неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп потврди дека разговорот со рускиот претседател е во тек.„Во овој момент разговарам со претседателот Путин. Разговорот е долг, а за содржината ќе известам кога ќе заврши – исто како и претседателот Путин. Ви благодарам за вниманието по ова прашање“, објави Трамп.Белата куќа засега не даде дополнителни детали за темите на разговорот, но дипломатски извори проценуваат дека разговорот е поврзан со напорите за постигнување прекин на огнот, како и со засилената воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, која предизвика нова загриженост во НАТО.Состанокот на Зеленски и Трамп утре во Вашингтон се очекува да биде клучен за идниот тек на американската поддршка кон Украина и можната промена на односите меѓу САД и Русија.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ и им најави тужба, смета дека ја заплашуваат

Обвинителката Ленче Ристоска, поранешна обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, реагираше на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, со наслов „Ристоска – тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и Груби“. Таа изјави дека го доживува соопштението како обид за притисок и заплашување од страна на политичка партија против јавен обвинител, кој во моментов постапува по предмети во кои самата партија е обвинета.„Јас постапувам по два предмети со кои е засегната политичката партија ВМРО-ДПМНЕ – еден каде партијата е обвинета за перење пари и друг каде има својство на лице врз кое е пренесена имотна корист прибавена со кривично дело. Двете постапки се во фаза на судење, а со судска одлука замрзнати се партиското седиште и уште 68 недвижности опфатени со обвиненијата“, наведе Ристоска.Таа посочи дека соопштението не е само политичка критика, туку намерен обид за влијание врз нејзината работа како јавен обвинител, бидејќи содржи пораки за „крај“ и „време на вистинска правда“ кои, според неа, претставуваат обид за заплашување.„Ова е уште еден во низата напади на кои сум изложена изминатиот период“, истакна Ристоска, додавајќи дека документот објавен од партијата содржи невистинити и навредливи тврдења, меѓу кои дека нејзиното професионално делување било инструирано од политички и криминални структури, дека самата си исплаќала бонуси и користела службени картички и дека ја симболизира моралната деградација на обвинителството.„Барам политичката партија јавно да се извини во рок од седум дена или да ги докаже своите тврдења. Во спротивно, ќе поведам постапка за граѓанска одговорност за клевета и навреда против правното лице кое го објавило текстот“, порача Ристоска.Таа истакна дека како обвинител има право и обврска јавно да реагира кога се загрозува независноста на обвинителството, владеењето на правото и принципот на поделба на власта, нагласувајќи дека нејзината работа секогаш се темели на заштита на јавниот интерес, без разлика кој е сторителот на кривичното дело.„Мојата работа е борба со криминалот – и таа не зависи од тоа кој е на власт“, заврши обвинителката Ристоска.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysife146nvhir2ATzNGt

Два руски проектила го погодија украинскиот полигон за обука – има жртви

Два руски проектила утрово го погодиле украинскиот полигон за обука, при што има жртви, соопшти Јужното оперативно командување на украинската армија, пренесе Kyiv Post. Точната локација и бројот на загинати засега не се објавени.Од украинската војска соопштија дека базата се наоѓала во заден, релативно мирен дел од земјата, но и покрај преземените мерки на претпазливост, губитоци не можеле целосно да се избегнат.„Поради непријателскиот оган, и покрај воздушната тревога, преместувањето во засолништа и другите безбедносни мерки, не беше можно целосно да се избегнат загуби. Надлежните служби работат на терен, а повредените се згрижени со целата неопходна медицинска помош“, стои во соопштението на украинското командување.Вооружените сили покренаа внатрешна истрага за утврдување на сите околности на нападот, кој се случил во текот на масовен комбиниран удар врз Украина. Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта биле детектирани 37 проектили – меѓу нив 28 балистички – и 320 дронови, насочени главно кон енергетските објекти во земјата, што предизвикало прекини во снабдувањето со електрична енергија низ повеќе региони.Според украинските власти, постројките за производство на гас во Полтавската област биле затворени по нападот, а последиците врз енергетскиот систем се сериозни – руските напади во последните месеци ја преполовиле украинската гасна продукција.Според податоците на Euromaidan Press, ова е шести ваков напад од јуни досега. На 12 август, руски проектил со касетна муниција погодил друг полигон за обука, при што загинал еден, а биле ранети најмалку 23 војници. Во јули, во сличен напад загинале тројца, а биле повредени најмалку 18 припадници на армијата. На почетокот на јуни, ракетен удар усмртил најмалку 12 војници и ранил повеќе од 60, што резултирало со оставка на тогашниот командант на копнените сили Михаило Драпатиј.

Свет | пред 5 месеци

media-library366ul2cdlrhuf419AKk

МРТ: Падот на емитувањето на Дневник е поради технички проблем, можно и хакерско влијание

Сериозен технички проблем бил причината поради која Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера не ги емитувала редовните телевизиски дневници во 17:00, 19:30 и 22:30 часот, соопштија од јавниот сервис.„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечки сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија“, се наведува во официјалното соопштение од МРТ.Од телевизијата додаваат дека во истрагата и расветлувањето на настанот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции, а во меѓувреме се преземаат мерки за стабилизирање на системот и нормализирање на емитувањето.Јавниот сервис им се извини на гледачите поради прекинот во програмата и неможноста да ги следат централните информативни изданија, нагласувајќи дека МРТ ќе продолжи да известува навремено, објективно и во интерес на јавноста.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykckkdglhkuar5LoKL8b

Киев тврди: Северна Кореја испратила војници за поддршка на руските операции во Украина

Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските вооружени сили распоредиле севернокорејски војници за поддршка на операциите во северниот украински регион Суми. Според украинската новинска платформа United24 Media, овие единици дејствуваат од областа Курск во Русија и извршуваат извидувања со беспилотни летала, откриваат украински позиции и вршат корекција на артилериски оган на руските повеќецевни ракетни системи.Украинските сили, според истите извори, пресретнале комуникација помеѓу севернокорејски оператори на дронови и руско воено персонал, што претставува доказ за нивната координирана активност на фронтот. Главниот штаб наведува дека Москва продолжува да вклучува севернокорејски војници поради сериозните човечки загуби и неуспешната офанзива во регионот Суми. Киев објави дека ги документира сите случаи на учество на странски воени единици во руската инвазија и најави дека тие ќе бидат неутрализирани согласно меѓународното право.Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витаκер, изјави дека ангажирањето на севернокорејско воено персонал најверојатно нема значително да ја промени состојбата на бојното поле, но е јасен показател за слабостите со кои се соочува Русија.„Колку повеќе Северна Кореја се вклучува во војната, толку повеќе станува очигледно со какви предизвици се соочува Москва“, рече тој.Вклучувањето на севернокорејски единици, доколку се потврди, би значело нова етапа во соработката меѓу Москва и Пјонгјанг, која веќе опфаќа размена на муниција, ракети и беспилотни летала. Украина најави дека ќе ги достави сите докази за учество на севернокореј

Свет | пред 5 месеци

media-libraryd8qghrsikf6b83El2SI

🔴 „Претрес“ на Максим Димитриевски: Судири, скандали и трета шанса во Куманово

Од СДСМ до ЗНАМ – политичка трансформација или внимателно пресметано бегство?Во „Претрес“ вечерва – Максим Димитриевски, човекот кој со години беше лице на СДСМ во Куманово, а денес лидер на ново движење што ја тресе политичката сцена.Дали навистина се бореше против системот, или само го менуваше таборот за да опстане во политиката? Кој стои зад ЗНАМ – народот, поранешните сопартијци, или некои старо-нови центри на моќ? Што се крие зад патриотските пораки, кавгите со сопартијците, судските приказни и желбата за трет мандат?Димитриевски ќе се соочи со прашања кои не можат да се прескокнат – за парите, за влијанието, за амбицијата и за вистината зад движењето кое „сите го знаат“, ама секој се прашува дали тој навистина го води.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 5 месеци

media-libraryke7eun0gtjmablNi9xv

Урсула фон дер Лајен по средбата со Мицкоски: Уставните промени се последниот чекор, топката за во ЕУ е кај вас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел, порача дека Европската унија целосно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство, но и дека последниот предуслов за отворање на преговорите е усвојувањето на уставните измени.„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен – треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е кај вас. ЕУ е подготвена“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х по средбата.Претседателката на Европската комисија истакна дека, додека се чека на политичкиот исчекор од Скопје, Унијата веќе ги приближува граѓаните на Македонија кон европскиот пазар и технологии.„Во меѓувреме, го приближуваме вашиот народ кон нас. Тоа е суштината на Планот за раст! Отвораме AI Factory антена во Скопје, ја вклучуваме земјата во Европската зона за единствени плаќања, и исплаќаме **16 милиони евра благодарение на спроведените реформи“, напиша фон дер Лајен.

Македонија | пред 5 месеци

media-library7t9ajnsc2qev0wDkuo7

Судски удар и политички отпор – Уставниот суд против Левица, спорот оди кон Европскиот суд за човекови права

По денешната (15 октомври) седница, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, одржа прес-конференција на која ја образложи одлуката Судот да не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица за оценување на уставноста на Упатството на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за распределба на рекламниот простор во изборниот процес.„Одлуката беше едногласна. Судот ги ценеше трите околности: содржината на упатството, времето на одлучување и постојната уставно-судска пракса“, изјави Костадиновски.Тој објасни дека Упатството, како подзаконски акт, не претставува ништо друго освен техничка операционализација на законската одредба од член 75-ѓ на Изборниот законик, и дека АВМУ би ги пречекорила своите овластувања доколку постапела поинаку.Претседателот на Судот додаде дека иако лично смета дека самото изборно решение е проблематично, тоа прашање ќе се разгледува во посебна постапка.„Јас имам издвоено мислење од 15 страници во кое детално го објаснувам проблемот – дали е легитимно со буџетски пари да се финансира политичка кампања. Политичарите се веќе платени од јавни средства – и за време на кампањата, и по неа, и дури и по завршување на мандатот. Затоа сметам дека треба да се преиспита оправданоста на овој модел“, рече Костадиновски.Тој посочи и дека „плурализмот бара еднакви услови за сите“, нагласувајќи дека постоечкиот систем создава ситуација каде „некои партии ја почнуваат утакмицата со резултат 3:0“.Во обраќањето до медиумите, Костадиновски испрати и апел кон подносителите на иницијативи, посочувајќи дека јавните личности треба да покажат повисоко ниво на политичка, правна и академска култура.„Подносителот на иницијативата е добар правник, но понекогаш го злоупотребува знаењето за политички цели. Несоодветниот речник и навредите кон Судот не придонесуваат за дебата, туку за дискредитација на институциите“, порача тој.По одлуката, Левица остро реагираше, обвинувајќи дека Уставниот суд станал инструмент за „одржување на политичката цензура“.„Иако сме парламентарна партија, според контроверзното упатство на АВМУ, Левица нема право на ниту една секунда рекламен простор, ниту со буџетски пари, ниту со сопствени средства. Тоа е директна дискриминација и удар врз политичкиот плурализам“, соопшти партијата.Од Левица додаваат дека упатството не е објавено во Службен весник, и затоа, како општ акт, не може да има правно дејство.„Судот го разгледуваше случајот три дена пред изборите, по наша иницијатива, не по службена должност. Со ова, уставните судии покажаа дека не ја вршат својата основна функција – заштита на Уставот и демократијата. Судии, искинете си ги дипломите“, стои во реакцијата.Партијата најави дека ќе ја тужи државата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, уверена дека Македонија ќе изгуби поради повреда на основните демократски принципи.„Цензурата на еден денес, значи режим за сите утре. Ќе продолжиме со правната и институционална борба за еднаквост и слобода на политичко дејствување“, порача Левица.Со денешната одлука, Уставниот суд го затвори прашањето за законитоста на упатството на АВМУ, но го отвори поширокото прашање – дали изборниот систем навистина обезбедува фер услови за сите политички субјекти. Додека Костадиновски повикува на институционален интегритет, Левица најавува меѓународна битка. Судот, како и секогаш, останува – меѓу правото и политиката.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања