Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-librarym5f78jp7t3kg5MzpdIJ

(Видео) Закани кон македонските власти, преку хакираната страница на скопската автобуска страница

Веб-страницата на скопската меѓуградска автобуска станица (sas.com.mk) беше хакирана од поединец или група што се претставува под името „Аргонс“, а на неа е поставено видео со заканувачка порака упатена кон македонските власти.На местото на редовната содржина на страницата се појавува видео на платформата Vimeo, објавено на 13 октомври, во кое се слуша глас на англиски јазик што најавува „сајбер армагедон“.„Мислевте дека можете да не искористите за да ги уништите своите противници со нашите методи. Но никогаш не плативте. Тоа што е договорено, договорено е. Наскоро ќе видите дека не можете да се зае*авате со нас. Не плативте за она што го нарачавте со пари – сега ќе платите со болка. Судниот ден се приближува. Сајбер армагедон ќе се истури врз вас“, се наведува во пораката.Според датумот на објавата на Vimeo, видеото е поставено уште на 13 октомври, што значи дека пораката најверојатно стои на хакнатата веб-страница веќе два дена. Засега нема официјално соопштение ниту од управата на автобуската станица, ниту од надлежните државни органи.Не е познато дали групата „Аргонс“ претходно имала слични акции, ниту дали зад нападот стои политичка или криминална мотивација.Интернет-страницата и понатаму е нефункционална.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од ДУИ да престане да го брани кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари и да овозможи институционална постапка за случајот кој, според опозицијата, буди сериозни сомнежи за сексуално вознемирување и злоупотреба на службена положба во Општина Кичево.„ДУИ се обидува скандалот со Фатмир Дехари да го претвори во етничка приказна. Тоа е евтин маневар. Ова не е Албанци против Македонци. Ова е злоупотребувач против жртви. Ова е прашање на достоинство, закон и одговорност, независно од етничката и верската припадност“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека јавноста слушнала содржини што отвораат сериозни прашања за можно вознемирување и притисоци врз жени вработени во општината, а наместо институционална реакција, ДУИ – како што велат – прибегнува кон реторика за „подземје“ и „фабрикувани факти“, со што, според нив, се врши притисок врз потенцијални сведоци.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп: Длабоко сум разочаран од Путин – ако не прекине со војната, ќе им испратам ракети со долг дострел на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон.„Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно и сè уште ги имаме. Но, не знам зошто продолжува со оваа војна“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, говорејќи на заедничка прес-конференција со аргентинскиот претседател Хавиер Милеј.Трамп додаде дека Путин „требало да ја добие војната за една недела“, а сега таа влегува во четвртата година. Според него, Русија изгубила околу милион и пол војници – бројка која не се совпаѓа со проценките на западните разузнавачки служби. Тие оценуваат дека вкупниот број на убиени и ранети руски војници е блиску до еден милион, додека според истрагата на порталот Медиазона и рускиот сервис на Би-би-си, до октомври 2025 година се потврдени повеќе од 135.000 загинати.Според Фајненшл тајмс, односите меѓу Трамп и Зеленски се подобриле во текот на летото, откако американскиот лидер се разочарал од Путин и неговото одбивање да ја прекине војната. Неименувани извори тврдат дека Трамп размислува за условна поддршка:„Ако Путин не прифати мир, ќе им испратам Томахавци“, наводно изјавил американскиот претседател.Путин, од своја страна, предупреди дека испораката на такво оружје би била „сериозна ескалација“ во односите меѓу Москва и Вашингтон.

Македонија | пред 5 месеци

media-library4sk0809m0a2j5ZeuNWq

“Систина” со последна порака за Панчо: Се боревме 213 дена и верувавме до крај

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со длабока тага се прости од пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци лекување од тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета. Нема зборови за утеха за твоите два ангела – Марјан и Андреја, и за твојата Маја. Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри и болничари кои беа 24 часа со тебе. Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство, се боревме и верувавме“, стои во објавата на болницата.Неговата смрт предизвика бура од емоции и жалење низ јавноста, а бројни јавни личности и граѓани изразија сочувство до семејството и блиските.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryuujqe82jhi3gdWIKOJl

Родителите на загинатите со потресна порака за смртта на Панчо: Почивај во мир, пренеси им поздрав на нашите ангели

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев – Панчо. Бог да ви даде сила. Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – талентиран пејач, полн со енергија и музика што допираше до срцата. Замина прерано, оставајќи празнина која не може да се пополни“, стои во објавата.Од здружението потсетуваат дека Панчо е 63-та жртва на пожарот во „Пулс“, трагедија која остави длабоки последици и траума кај семејствата на настраданите.„Како родители што ја почувствувавме најголемата болка – губење на дете – ја знаеме бездната на оваа тага. Вашата болка е наша болка, вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој празен момент што го остава оваа трагедија“, напишаа од здружението.Во објавата тие испратија и порака за правда: „Ова не е број – ова е живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени? Колку уште семејства ќе страдаат? Правдата мора да се извојува – за Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен. Ние нема да молчиме!“Здружението завршува со емотивна порака: „Почивај во мир, Панчо. Нека ти е светол патот до Царството Небесно. Пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца.“

Македонија | пред 5 месеци

panco-3

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото од Панчо од ДНК

Јавното обвинителство потврди дека ќе биде издадена наредба за обдукција на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување.„Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството.Панчо изминатите месеци се лекуваше во приватната болница „Систина“ поради тешките изгореници што ги задоби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Тој беше деветтиот член на групата кој го изгуби животот, а воедно и 63-та жртва на катастрофата.Докторски тимови со месеци се бореа за животот на Панчо, а тој беше со тешки повреди и влошена психичка состојба. И покрај долготрајното лекување и интензивната медицинска грижа, тој не успеа да се избори.Против него претходно беше покрената постапка под сомнение дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката. Обвинителството ја стави постапката во мирување поради неговата хоспитализација.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8nr7cnl9uota8ZDABSu

Почина Панчо од ДНК, тој е 63 директна жртва од пожарот во „Пулс“

По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК.Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај напорите, тој не успеал да се спаси. Официјални информации за тоа како се влошила здравствената состојба засега нема.Панчо е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот. Тој е 63 жртва на страотниот пожар. Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.Последно, за него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеа дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката.

Македонија | пред 5 месеци

1942279_boki_ls

Боки 13 за пресудата: Ременски ја ослободиле по јавување од Ковачевски, имам пораки дека Заев учествуваше во Меѓународен сојуз

Бојан Јовановски – Боки 13, во својата најнова епизода од подкастот, говореше за повторната постапка и новата пресуда поврзана со случајот „Меѓународен сојуз“.„Пресудата беше укината и требаше да се суди повторно. Таа е манлива по многу основи – од погрешно утврдена фактичка состојба до суштински повреди на постапката. Сепак, повторно се враќа кај истиот судија. И тука настанува конфликтот – судијата што еднаш те осудил, поради суета, нема да се предомисли, без разлика што можеш да му докажеш сè, како што направив јас“, изјави Јовановски.Тој тврди дека во повторената постапка доставил нови докази, меѓу кои и вештачење изготвено од професорот Орце Симов. Според Боки 13, анализата на телефонот покажала комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев, за кој, како што вели, „директно учествувал во разговори и активности поврзани со Меѓународниот сојуз и проектот за старечки домови“.„Овие кои наводно се оштетени, ми ги донесе Александар Кирацовски, а и Сиљан Мицевски беше вклучен во целиот процес“, изјави Јовановски, додавајќи дека „од Заев, преку Стефан Богоев, Наташа Петровска, па сè до Горан Сугаревски – сите биле вклучени во идејата и подготовките за проектот со старечките домови“.Тој остро ја коментираше и ослободителната пресуда на поранешната пратеничка Фросина Ременски, за која рече дека „била директно вклучена“ во проектот.„Фросина Ременски која активно учествуваше во сето ова, беше ослободена по јавување на Ковачевски. Замислете – ако таа беше мој помагач и влијаеше на луѓето да влезат во проектите, а сега ја нема, тогаш кој влијаел? На крај, сè се става на мој грб – како јас да сум бил премиер, пратеник, министер и перач на пари во едно“, рече Јовановски.Тој додаде дека други обвинети кои признале вина за перење пари добиле условни казни, додека тој добил драстична затворска пресуда рамна на тоа како да убил човек.„Јас не молчев, и нема да молчам. Ова е борба против неправдата“, порача Јовановски-Боки 13 во својот подкаст.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryatdbd0v6dl8o5DJngOK

Ќе има тестови за дрога за сите лекари, ако се прифатат измените на законот предложени од Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека лично смета оти треба да се воведе законска обврска за редовни токсиколошки анализи кај сите лекари, по објавата на скандалозната снимка на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, меша бела прашкаста материја и вели дека користи „само чисто бело“. Алиу, сепак, призна дека не е сигурен дали таквата обврска може веднаш да се вметне во некој од 12 здравствени закони што моментално се менуваат.„Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира, не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече министерот Алиу.Тој потврди дека сега веќе разрешениот директор Кузмановски од март годинава работел со истечена лиценца. Во моментот, неколку комисии — меѓу кои и Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат — спроведуваат проверки за да утврдат дали и какви прегледи извршувал Кузмановски во периодот додека немал важечка лиценца.Министерот најави дека, иако не е сигурно дали може да се воведе законска обврска за токсиколошки тестови, ќе побара во системот „Мој термин“ да се вгради рокот на лиценцата на секој лекар, со автоматска забрана за логирање кога ќе истече нејзината важност.Алиу информираше и дека на местото на разрешениот Кузмановски е назначен нов вршител на должност — Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој најави формирање две интерни комисии кои ќе спроведат стручен надзор врз работата на Клиниката и активностите на Кузмановски во изминатите 12 месеци.

Македонија | пред 5 месеци

media-library9ti432us5arn1R2QeIh

(Видео) Курто Дудуш: Шутка ќе ја направиме Дубаи

Градоначалникот на Шуто Оризари, кандидат за нов мандат, Курто Дудуш, најави дека од Шутка ќе направи Дубаи. Во поткастот „Претрес со Ландов“, Дудуш рече „Дубаи се поплавува, сакаме ние да покажеме дека нашата атмосферска канализација ќе го собере тоа?“, како одговор на тоа дека граѓаните на оваа општина и натаму се поплавуваат при дождови.„Ние работиме Шуто Оризари да го направиме Дубаи, ќе видиш“, рече Дудуш.Прашан дали би го земал Зоран Заев да гради во Шутка, за да општината биде како Дубаи, а по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека екслидерот на СДСМ гради таму, рече:„Ќе дојдат овие познати македонски фирми ќе градат“, рече Дудуш.Цел поткаст погледнете го тука, се зборува за тепачките, пресудите, скандалите и прокетите на Дудуш:

Студио | пред 5 месеци

media-library5m66ccdmpqsj0eInipt

Филипче од Струмица: СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од големиот митинг во Струмица „Се бориме за нашиот дом“, ја испрати најсилната порака, дека партијата се враќа и ќе победи.„Од тука тргнаа политичари кои ја менуваа државата. Од тука тргнаа политики кои носеа развој, правда и слобода. Од тука секогаш се раѓала надежта. Затоа од овде, од овој плоштад, ќе ја испратиме најсилната порака: СДСМ се враќа! И СДСМ ќе победи!“, порача Филипче.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, исто така рече дека струмичани секогаш биле тука кога било потребно да се донесат клучните одлуки за државата.„Струмичани секогаш стоеле исправено и обединето кога било потребно. Кога Македонија имала потреба од силен и  одлучен чекор за борба против ненародната власт на ВМРО-ДПМНЕ. И сега повторно Струмица е на нивото на задачата. Струмица е симбол на отпор. Симбол на напредок и симбол на победи. Вечерва гледам очи полни одлучност. Гледам народ што знае кому да му верува. Затоа што во Струмица не поминуваат лагите и манипулациите на власта. Струмица препознава работа и визија. Препознава чесен труд затоа што е град на трудољубиви луѓе“, рече Филипче пред струмичани.

Македонија | пред 5 месеци

filipce34

За мене патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, вели Филипче

Јас верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел,  да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротиставиш на моќните, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од митигнот во Струмица.Во обраќањето пред струмичани, Филипче посочи дека институциите мора да им служат на граѓаните и дека верува оти само со правилни политики Македонија може да напредува.„Јас верувам во институции што служат на народот и затоа верувам во реформи, а не политикантство. Јас верувам во Македонија што оди напред, а не се враќа назад во реваншизам и конфликти“, рече Филипче.Тој додаде дека во неговите ставови не е сам, туку зад него стои целиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.„Партијата што ја донесе независноста. Партија што го обезбеди мирот и државноста. Партија што ја внесе Македонија во НАТО. Партија што ги отвори вратите кон Европа. Партија што, со сите маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок“, истакна Филипче.Од друга страна, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ е партија што кога е на власт, државата стагнира.„Секогаш истото сценарио, прво празни обивнувања кон противникот, па поделби, па хистерија, па хаос. Со ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема нови хоризонти и можности за граѓаните. Нема надеж, во воздухот има само гнев, апатија и немоќ. Партија која е единствено водена од патолошката потреба да се остане на власт, по секоја цена“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека затоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат никогаш исти, а оваа битка не е само политичка, туку е морална и историска.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfn4t5h0nscfv24pUFIE

(Видео) Најболната снимка од Кочани: Место каде болката се среќава со вечноста

Драги Горгиев, татко на тапанарот Ѓорѓи Горгиев сподели снимка од гробиштата во Кочани, каде почиваат најголем дел од жртвите во страотниот пожар кој избувна во „Пулс“. Преку болната снимка, тој испраќа порака која гласи:„Оние кои што вистински ве сакаат и почитуваат, знаат колку е тешко да се живее без вас, 63 наши англи“, вклучувајќи го и возачот на Брза помош кој почина од срцев удар откако работел повеќе од 24 часа превезувајќи ги повредените.И Марија Петрушова, која го изгуби синот Андреј ја сподели снимката.„Во Кочани, под тивкото небо, постои место што зборува без зборови… Место каде болката се среќава со вечноста, а љубовта никогаш не умира. Овде, во Алејата на Ангелите, почиваат 23 наши деца – млади животи што прерано заминаа. Во нивна близина, уште 9 ангели го делат истиот вечен мир. Сите тие – дел од нашите 62 ангели. 62 светлини што засекогаш ќе го осветлуваат патот на вистината и правдата. Нивните имиња не се забораваат. Нивните насмевки не избледуваат. Нивниот дух живее – во секое срце што чука за нив“, напиша таа.Неутешна е и Светлана Ристова Стојанова, мајка на Андреј Стојанов, Александар Наунов татко на загинатата Надица, Дарко Златев вујко на Надица, Васка Стојанова мајка на загинатиот Томче, Мита Тасева мајка на загинатиот диџеј Стефан Тасев, бројни други родители, роднини и пријатели на семејствата кои ја споделија снимката.

Настани | пред 5 месеци

media-library372pv9grr17hfW2OPp2

Политички кукавици се оние кои наместо да ги решаваат проблемите тие манипулираат, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Радовиш на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ на радовишани им порача дека после година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ јасна е разликата за граѓаните помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ носи функционални институции и развој, а ДПМНЕ стагнација и притисоци.„Денес после година и пол е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата на луѓето. Се докажа и дека не сме исти. Дека во суштина нашите политики се разликуваат. Кога СДСМ е на власт, има институции, дијалог, сигурност. Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, закани, партиски списоци и притисоци. Кога граѓаните зборуваат и бараат помош, ние реагираме. Преговараме, бараме решенија, а тие ги игнорираат и ги заплашуваат. Едноставно тоа се политички кукавици и политиканти кои не ги решаваат проблемите туку манипулираат. И затоа не сме и не можеме да бидеме исти“, им порача Филипче на радовишани.Претседателот Филипче рече дека денес државата е повторно ставена пред закана закана од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја туркаат во изолација, назадување, узурпација и режим за што е потребен силен СДСМ, да се спротивстави на овие закани.„Затоа, сега е време за борба, борба за нашиот дом, за нашата куќа и заедно да ја исправиме државата. Да се бориме за секое едно маало, за секој сосед и неговите проблеми, за секое дете кое живее во сиромаштија, да се бориме и за секоја улица, се бориме за чист воздух, за секој работник и работничка која чесно живеат од својата плата“, порача Филипче.Притоа тој ги повика граѓаните во Радовиш на 19 октомври да го заокружат бројот 5 кој гарантира успех и напредок. Со СДСМ, рече претседателот Филипче, Радовиш ќе ги реализира ветените проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ги задржи младите во градот и државата.

Македонија | пред 5 месеци

lukasenko-1

Украина може да исчезне како држава, вели Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба побрзо да се насочи кон преговори за да се спречи исчезнувањето на Украина како држава. Тој порача дека тоа го изнел на маргините на самитот на Заедницата на независни држави во Таџикистан.Лукашенко рече дека во последните денови добил информации кои, според него, укажуваат оти главниот проблем не е во САД, ниту во Русија или во европските лидери, туку во самото украинско раководство.„Мислам дека тој веќе почнува да го разбира тоа“, посочи Лукашенко, додавајќи дека е неопходно дејствување веднаш зашто одлагањето може да има катастрофални последици.„Потребно е да се делува сега, бидејќи Русија напредува на првите линии. Знам што кажувам, бидејќи тоа го гледам секој ден. Тоа може да доведе до исчезнување на Украина како држава“, изјави белорускиот претседател.Лукашенко предупреди и дека некои западни соседи на Украина имаат свои стратешки интереси и дека постојат сили кои, како што рече, себе си ги гледаат во западните делови на Украина. Тој оцени дека ситуацијата е многу тешка и повика на итни преговори:„Се надевам претседателот ќе ги прифати моите предлози и дека ќе сфати оти вистинските партнери на Украина ѝ се нејзините словенски соседи. Потребно е да седнеме на преговарачкиот чин и да најдеме решение.“Во врска со најавите за можни испораки на далекострелни проектили на Украина, Лукашенко повика на воздржаност и оцени дека такви потези може да доведат до значително ескалирање на конфликтот. Тој го опиша пристапот на САД како тактика која прво создава силен притисок, а потоа прави отстапки, и посочи дека не треба брзо да се верува дека констатираните наводи значат непосредна испорака на оружје.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да сe надева на ДУИ, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање, од народниот митинг одржан во Свети Николе, во рамки на изборната кампања 2025 година, која е под слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на правосудниот систем во земјата, поконкретно тоа што лидерот на опозициската СДСМ смета дека 2% доверба во правосудниот систем значи дека судиите и обвинителите се професионалци. Според Мицкоски, 2% доверба се последица на неказнет криминал, и сознание дека повеќе од 100 пријави се во фиоките на судиите и обвинителите кои пак, им служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Тој зборуваше и на темата за трката за градоначалник на Град Скопје, и истакна дека кандидатот на СДСМ, е во трка со независните кандидати, а не со кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.,,Секој од вас, длабоко во себе знае дека луѓето од опозицијата кои се нудат за алтернатива се луѓе кои Македонија со години ја упропастуваа и ја држеа силно закована на дното. Луѓе кои не изградија ништо за народот, а за себе си обезбедија привилегии, удобства, дворци, хациенди и замоци. Она што сега ги мачи е чувството и сознанието дека се ближи времето на одговорност и се стега обрачот и околу нив и околу оние кои упорно ги штитат. За тие што ги штитат, пак, претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, ќе каже дека биле големи професионалци, а тие кои што ги штитат и се нивниот последен бастион, се малкумина обвинители и судии, и поради нив денеска довербата на народот  во обвинителите  и судиите е скромни  2 проценти. Тие два проценти доверба се последица на секој неказнет криминал, на сознанието дека повеќе од 100-тина пријави држат во фиоки и ја штитат својата политичка олигархија по секоја цена. Тие малкумина се нивните лакеи и измеќари, кои што се уште и служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ “ вели Мицкоски.Мицкоски истакна дека СДСМ не се бори за Македонија, туку за нивните лични кариери. Тој се осврна и на трката за градоначалник на Град Скопје, при што истакна дека кандидатот од СДСМ не е во трка со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, туку со независните кандидати.,,Ова за СДСМ не се избори за спас на Македонија, туку избори за спас на нивните лични кариери. Тие се уплашени од одговорност и затоа ова тесна мала група која што ја има киднапирано СДСМ  ја држи цела држава Македонија во грч. И како такво, јас ова го разбирам како потценување на гласачите и директна уцена врз цела држава. Јас ја кажувам вистината во очи, без оглед на тоа дали Филипче ме мразел или презирал, како што тоа го кажа на еден од последните митинзи. И тоа што ме презира е помало гајле, поголемо е што таа негова политика на навреди, на ниски зборови, кои што не би требало човек интелектуалец да ги кажува, па колку и да чувствува гнев кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ, ја доведе СДСМ на едвај 120-130 илјади гласови, а во некои општини, оваа политичка партија е трета, во некои е и четврта опција. Во главниот град, на пример, очекувањата се дека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје нема да ја надмине бројката од 30 илјади гласови. Што во суштина, е далеку под нивниот биолошкиот минимум, и е доволна основа да биде трка не со ВМРО-ДПМНЕ и со Орце Ѓорѓиевски во Скопје, туку со некои од независните кандидати“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека СДСМ стигна да прави пактови со други опозициски партии како Левица и ДУИ, со цел да извади некаков резултат, но според него, тоа што владата на СДСМ остави 500 илјади граѓани со по 150 денари на ден, нивната двоцифрена инфлација, и празна државна каса, ќе доведе до тоа тие да изгубат на претстојните локални избори.,,До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да се надева од Али и  ДУИ, само за да извади некаков резултат. Не е важно дали мене ме презира Венко Филипче, туку негов проблем е што него, во суштина, го неќе народот  поради сите криминали и предавства што ѝ ги сервираа на Македонија и ѝ ја одземаа иднината на државата. Тоа што оставија 500 илјади наши граѓани, половина милион со по 150 денари на ден, тоа што донесоа инфлација која во нивно време беше двоцифрена, цени кои вртоглаво растат, а празна државна каса. Е затоа, господа од СДСМ,  ќе загубите убедливо, а на овие избори, уште еднаш Македонија ќе победи“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Израелскиот министер за одбрана нареди уништување на тунелите на Хамас во Газа

Израелскиот министер за одбрана изјави дека наредил уништување на тунелската мрежа на Хамас во Појасот Газа. Израел Кац рече дека, откако ќе се реализира враќањето на заложниците, „голем предизвик“ ќе биде разурнувањето на сите терористички тунели што, како што оцени, сѐ уште постојат и претставуваат закана по безбедноста.Кац најави дека операцијата ќе ја спроведат израелските одбранбени сили, но во рамките на меѓународен механизам кој треба да се формира под водство и надзор на Соединетите Американски Држави. Според него, тоа е клучен чекор за имплементација на договореното начело за демилитаризација на Газа и за неутрализирање на вооружените капацитети на Хамас.Министерот нагласи дека дал наредба на ИДФ да се подготват за спроведување на мисијата и дека целта е да се отстранат инфраструктурните елементи што би можеле повторно да го загрозат мирот и безбедноста на цивилното население. Тој додаде дека постапките ќе се усогласат со меѓународните партнери и ќе се спроведуваат под надзорот на договорените механизми.Неговото обраќање доаѓа во период кога меѓународната заедница работи на стабилизација на ситуацијата во Газа по договорот за примирје и размена на заложници, а деталите за конкретните чекори и терминот за реализација сè уште се предмет на дополнителни договори меѓу посредниците и вклучените страни.

Свет | пред 5 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израел ја услови размената – затворениците ќе бидат пуштени по потврда за премин на заложниците преку граница

Израелската влада потврди дека ќе ослободи дел од палестинските затвореници во замена за израелските заложници, но само откако ќе добие потврда дека сите заложници безбедно ја преминале границата и се на израелска територија.Според договорот, околу 250 осудени Палестинци и 1.700 лица притворени по нападите од 7 октомври 2023 година треба да бидат ослободени и вратени во Газа.Портпаролката на израелската влада, Шош Бедросијан, изјави дека ослободувањето ќе се спроведе само кога ќе биде потврдена безбедната размена.„Она што сега можеме да го кажеме е дека палестинските затвореници ќе бидат пуштени кога Израел ќе добие потврда дека сите наши заложници ја преминале границата со Израел. Очекуваме дека во тој момент затворениците веќе ќе бидат во автобуси и, веднаш штом стигне потврдата, тие автобуси ќе почнат да се движат“, изјави Бедросијан.Оваа размена е дел од широкиот договор за примирје, постигнат со посредство на САД, Египет и Катар, со цел да се стави крај на двегодишниот конфликт во Газа и да се овозможи враќање на израелските таоци кои беа киднапирани од Хамас.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Колегите од Клиниката за неврологија со јавно писмо во одбрана на д-р Игор Кузмановски

Колективот на Клиниката за неврологија денеска упати јавно писмо со поддршка за нивниот колега, проф. д-р Игор Кузмановски, како одговор на неодамна објавениот „компромитирачки материјал“ со кој, како што велат, се дискредитира неговата личност. Во писмото, тие апелираат на воздржаност во јавниот дискурс и на почит кон човековото достоинство.„Ние, неговите колеги, ја изразуваме нашата професионална и човечка поддршка за Проф. д-р Кузмановски. Во секојдневната работа со пациентите и во комуникацијата со колегите, секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност. Ниту во еден момент не е забележано однесување кое би било недолично, несовесно или спротивно на професионалните стандарди“, се вели во писмото.Колегите потсетуваат и на неговите заслуги додека бил директор на клиниката во периодот од 2012 до 2017 година, кога, како што наведуваат, објектот бил комплетно реновиран и биле воведени повеќе нови дијагностички и тераписки процедури.Во духот на медицинската етика, тие повикуваат на сочувство наместо на осуда, нагласувајќи дека секој поединец во моменти на јавна изложеност и лична ранливост заслужува поддршка, разбирање и психосоцијална помош.„Наместо осуда, неопходно е да се поттикне сочувство – не само кон професионалецот, туку и кон неговото семејство, кое невино се соочува со последиците од јавната реакција“, апелираат од Клиниката за неврологија.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryt2a3l73p7km53VNofzK

(Видео) Од аплаузи, до солзи: Слаткар и Тони Зен со три часа музика, емоции и текстови што ја трогнаа цела сала

Од најголемите аплаузи до солзи, од еуфорија до ѕвездено небо за Кочани – вака изгледаше тричасовниот концерт на Слаткаристика и Тони Зен каде беа собрани и стари и млади. Многу емоции преплетени со забава, а на сцената се појавија и нивни блиски соработници меѓу кои Калиопи, Некст тајм, Два бона. Тони Зен неколкупати повтори дека овој концерт го посветува на неговото семејство кое беше на трибините, додека Слаткаристика рече дека настапува со посебна возбуда бидејќи првпат во публиката е неговиот син Моша.Најемотивниот момент дојде со автобиографската „Да полетам“ со која пораснаа низа генерации, а за која многумина велат дека е повеќе од само неколку стихови. Истата е напишана за тешката состојба во која се наоѓало семејството на Слаткаристика. Овојпат, за првпат, тој ја изведе во придружба на Калиопи, а подоцна им се придружи и Тони Зен.Уште од самиот момент кога излегоа на сцената беа поздравени со громогласен аплауз кој доаѓаше од преполната арена „Борис Трајковски“. Аплауз кој траеше и беше проследен со врисоци. А веќе во следниот момент започна „Спушти се доле“, хит кој го паметат низа генерации.По неколку заеднички траки, Тони Зен се повлече, а „Два бона“ се качија на сцена. Следуваше „Дијаманти“ апсолутен моментален хит. Слаткар продолжи сам со „Бетмен“, „Олабави ме“, „ФМ“, „Тик-так“... но и „Дими џам“ со која публиката се потсети и на легендарниот Ферус. Не беа изоставени и баладите „Сара“, па „Магдалена“ која ја испеаја со Некст Тајм – двете со текстови базирани на вистински приказни. Целата сала ја пееше и „Океани“.А на сцената, Тони Зен порача „Овој концерт е за моето семејство. Ве поздравувам и Петковски и Јованови“, по што започна познатиот ритам на „Интелекет“ и влезе во полн ефект. Продолжи со „Во мој стил“, па прокоментира „Наше а светско а?“. Со Слаткар изброаја до 12 додека цела сала ја пееше „Жими се“.Не ги заборавија ниту повредените, ниту жртвите од кочанскиот клуб „Пулс“. Цела сала со вклучени светилки на телефоните направија ѕвездено небо во нивна чест.Концертот го организираше Прагма продукција.

Магазин | пред 5 месеци

media-library29di7962ri9nd70hpk3

(Видео) Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме, вели Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку лајв видео информира дека на само една недела пред изборите одредени партиски структури спроведуваат црна кампања со намерно оставање на смет покрај празни контејнери, со цел да се прикаже лажна слика дека општината не работи и дека општинските служби не ја одржуваат хигиената.„Ова е врв на црната кампања. Намерно се остава отпадот надвор, покрај празните контејнери, за да се создаде впечаток дека општината не чисти. Но, нашите хигиеничари се на терен, и денес, и во недела, сите изминати четири години за да не дозволиме оваа црна кампања да им пројде“, истакнува Герасимовски.Тој додаде дека општинските служби сите овие изминати години покажале континуирана посветеност кон хигиената и уредноста на Центар, и дека ваквите обиди за дискредитација нема да ја нарушат довербата на граѓаните.

Скопје | пред 5 месеци

media-library6iekelhid5ol8SqwJb8

(Видео) МВР ги бара извикувачите на навредливите и шовинистички пароли во Тетово

По завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија, кој предизвика бурни реакции во регионот, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Тетово и Гостивар немало пријавени инциденти, но потврди дека ќе се постапува по навредливите скандирања што беа снимени и споделени на социјалните мрежи.Според официјалното соопштение, на 11 и 12 октомври 2025 година, во периодот од 22:40 до 00:30 часот, по завршување на натпреварот, во Тетово и Гостивар се зголемил бројот на граѓани на градските плоштади, а со тоа и сообраќајната фрекфенција на централните улици.„Движењето на граѓаните по улиците во Тетово и Гостивар, како и движењето на возилата, заврши без проблеми, и во тој временски период во СВР Тетово не се пријавени инциденти или поплаки. Полициски службеници беа на лице место, и во врска со навредливите скандирања ќе бидат преземени соодветни мерки,“ соопштија од МВР.Потсетуваме, видеа објавени на социјалните мрежи покажаа групи навивачи во Тетово кои по натпреварот скандирале навредливи и шовинистички пораки, меѓу кои и „каурски пи**и“, „умри Србија“ и „УЧК“.Како што објави „Скопје1“, полицијата во Скопје превентивно забрани движење во центарот на градот за да се спречат можни инциденти, додека во Приштина прославата беше проследена со пукање со пиштол и еден приведен.Порталот „Скопје1“ испрати прашања до институциите и очекува одговори дали е поведена постапка во врска со говорот на омраза и јавниот ред и мир нарушен за време на прославата.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykrrcr4p7a0qa7vZnqlD

(Видео) Скандалозни пароли во Тетово по мечот Албанија–Србија: „умри Србија“, „каурски пи**и....“

Скандалозни пароли се извикуваа во Тетово по фудбалскиот натпревар Албанија-Србија, каде победи Албанија. Поединци, се снимени како скандираат „каурски пи**и“, „умри Србија“. Меѓу останатите пароли, се скандираше и „УЧК“.За да се спречат вакви инциденти во Скопје, вчеравечер, полицијата го забрани движењето во центарот на градот. Прослава имаше и во главниот град.Во соседството, односно Косово, имаше и пукање со пиштол за време на прославата.„Скопје1“ испрати прашања и чека одговори, дали е поведена постапка за овој случај.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

Шукова: Нови дневни центри, прифатилишта за жени жртви на насилство, фонд за лица во ризик и грижа за секој жител на Скопје

„Во Скопје денес има луѓе кои живеат незабележани, стари лица кои се сами, жени кои преживуваат семејно насилство, деца со попреченост кои немаат соодветна поддршка. Тоа не смее да биде градската реалност,“ порача кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, најавувајќи нов пристап во социјалните политики на градот.Шукова нагласи дека нејзината визија е Скопје да стане град кој се грижи, во кој социјалните услуги се достапни, блиски и хумани. „Имаме јасен план како да создадеме град кој се грижи. Град во кој социјалните услуги се достапни, човечки и блиски до секого,“ изјави таа.Во рамките на нејзината програма, Шукова најавува поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, како и нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помага на најранливите граѓани во нивните домови.„Со Фонд за лица во ризик ќе обезбедиме здравствена и социјална поддршка, а јавниот простор и транспорт ќе ги направиме пристапни за лицата со попреченост,“ додаде Шукова.Посебен акцент стави на грижата за постарите лица и децата со попреченост. „Градиме центри за дневна грижа за старите лица, отвораме мултисензорни соби во училиштата за децата со пречки во развојот, и воспоставуваме програми за обука и вработување на ранливите групи,“ рече таа.„Нашата цел е Скопје да стане град на еднаквост, поддршка и човечка солидарност. Имаме план, имаме решение и знаеме како да го спроведеме сето тоа, затоа што секој човек заслужува достоинствен живот во својот град,“ порача Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

soobrakajka-obikolnica-3

Автомобил „Хонда“ излета од автопатот кај Неготино – повредени три лица, меѓу нив и дете

Синоќа, околу 23:10 часот, на автопатот Демир Капија – Неготино, кај местото викано „Јела“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која патничко возило „Хонда“ со кумановски регистарски таблички излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.Возилото го управувала 32-годишната И.П. од Куманово, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзината сопатничка В.П. (58) од Куманово и малолетен сопатник од Скопје. Возачката И.П. се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и во Општата болница Кавадарци.По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Неготино, која ги истражува околностите под кои дошло до излетувањето на возилото.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања