Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryn6s1u80um467ffeHYKT

Цела држава се крена за Ана: Собрани 3,1 милиони денари

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.

Македонија | пред 1 месец

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Србија е сериозно загрозена од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е сериозно загрозена од формирањето воен сојуз меѓу Хрватска, Приштина и Тирана, изразувајќи загриженост поради, како што рече, глобалната тишина околу ова прашање.Говорејќи во Минхен, каде учествува на Минхенска безбедносна конференција, Вучиќ нагласи дека формирањето на таков сојуз претставува прашање што Србија мора сериозно да го сфати. Тој најави состанок на Колегиумот на Генералштабот на Војската на Србија и Министерството за одбрана, како и дополнителни вложувања во наменската индустрија и производството на оружје и воена опрема.„Ќе мора да извезуваме оружје за да заработиме, но ќе го зголемиме уделот што оди директно за Војската на Србија, можеби и до 40 проценти од вкупното производство“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија од месец во месец ќе ги јакне своите одбранбени капацитети.Тој оцени дека не станува збор само за воена соработка, туку за сојуз со јасни политички и безбедносни импликации.„Прашањето не е кому му продавате муниција, туку со кого сте во воен сојуз, кого браните или напаѓате“, порача српскиот претседател.На маргините на конференцијата, министерот за одбрана на Хрватска, Марио Анушиќ, одржа трилатерална средба со министрите за одбрана на Албанија и Косово, Пиро Венгу и Ејуп Македонци. Тој истакна дека соработката не е насочена против ниту една соседна држава, туку има цел јакнење на стабилноста и безбедноста во југоисточна Европа.Според хрватското Министерство за одбрана, трите земји развиваат заеднички проекти во одбранбената индустрија и ја унапредуваат соработката меѓу вооружените сили во рамки на Декларацијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста, потпишана на 18 март 2025 година во Тирана.Од Министерството за одбрана на Србија претходно оценија дека ваквите активности се спротивни на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Кумановскиот договор, додека албанската страна најави прва заедничка трилатерална воена вежба во 2026 година.

Свет | пред 1 месец

Marta-Kos

Нови заштитни механизми за идните членки на ЕУ, Црна Гора прва со нов тип договор?

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија не смее да си дозволи „тројански коњ“ во процесот на проширување и дека сѐ уште нема политичка волја меѓу земјите членки за воведување гласање со квалификувано мнозинство во оваа област.Говорејќи на конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Естонија, Кос истакна дека проширувањето мора да се темели на пет клучни елементи, при што првиот е дека нема кратенки во реформите. Според неа, Унијата мора да биде заштитена од можни чекори наназад и затоа предложи новите договори за пристапување да содржат посилни заштитни механизми за почитување на фундаменталните вредности.Таа најави дека Црна Гора би можела да биде првата држава што ќе потпише ваков нов тип договор. Борбата против корупцијата и изградбата на демократските институции, нагласи Кос, остануваат темел на проширувањето и целосното членство никогаш не смее да биде на штета на тие вредности.„Потребна ни е полиса за осигурување против чекори назад. Лекцијата од 2004 година е дека мора да имаме механизми што ќе гарантираат дека новите членки ќе се придржуваат до правилата и дека интегритетот на Унијата ќе биде заштитен и по пет, десет или дваесет години“, изјави таа.Во однос на гласањето со квалификувано мнозинство, Кос посочи дека новата методологија и понатаму остава простор за вето на секој чекор. Европската комисија, како што рече, го ставила предлогот за квалификувано мнозинство на маса, но засега нема доволна политичка поддршка меѓу земјите членки за таква промена.

Свет | пред 1 месец

media-librarya96nqe280ppvefZlZ39

Опомени за непрописно паркирање на зелени површини во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефановски, информира дека инспектори на општината изрекле опомени за повеќе моторни возила кои биле непрописно паркирани на зелена и јавна површина долж улицата „Коце Металец“ во населбата Железара.Акцијата е спроведена согласно Законот за урбано зеленило и Одлуката за комунален ред на Општина Гази Баба, со цел заштита на јавните зелени површини од узурпација и оштетување.Од општината апелираат сопствениците на возилата да ги отстранат во предвидениот рок, во спротивно ќе следуваат соодветни прекршочни санкции во согласност со законските прописи.„Зелените површини се белите дробови на нашата заедница и мора да ги чуваме“, порача Стефановски, најавувајќи дека ваквите контроли ќе продолжат и во другите населени места со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните.

Скопје | пред 1 месец

media-library6vsdgfdekipr1SRnm4t

Нашата моќ во еден наслов: За шест часа обезбедени 46.000 евра за лекување на осумгодишната Ана која се бори за живот

За шест саати, собрани се над 46 илјади евра за лекување на Ана Јованчев која има осум години, а се бори со агресивен тумор на синусите со зафатена орбита. Конечната сума на кампањата која што беше објавена од Ecrowd е препопловена бидејќи и Фондот за здравство ќе учествува во лекувањето на девојчето кое ја бие најтешката битка.Фалат нешто помалку од 7.200 евра за кампањата да биде целосно завршена. Ова е еден од ретките рекорди кога во прашање е времето за кое е собрана потребната сума преку донации, но и доказ дека сплотени, повторно спасуваме живот.Според информациите на Скопје1 од тимот на ECrowd на чија платформа се собрани средствата, Фондот за здравствено осигурување ќе покрие значителен дел од сумата потреба за малата Ана.Дијагнозата и е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.Средствата се потребни за хируршката интервенција, медицинските трошоци и третманот во странство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrg0lc916kgpi1Bgkn0k

Биле многу блиску до еден од најсмртоносните терористички напади во Британија: двајца мажи добија затворски казни од 37 и 26 години

Двајца мажи во Велика Британија се осудени на долги затворски казни поради планирање убиство на стотици луѓе од еврејската заедница во Англија, инспирирани од нападите на терористичката организација Исламска држава. Обвинителството оцени дека планираниот напад можел да биде посмртоносен од масовната престрелка на плажата Бонди во Сиднеј.Според обвинението, Валид Саадауи (38) и Амар Хусеин (52) биле исламски екстремисти кои планирале да употребат автоматско огнено оружје за да убијат што е можно повеќе Евреи во напад во Манчестер.Двајцата биле прогласени за виновни нешто повеќе од една седмица по масовната престрелка за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди, каде што беа убиени 15 лица.Обвинителот Харприт Сандху изјави дека доколку Саадауи и Хусеин го реализирале својот план, нападот „би бил многу посериозен“ од нападите во Австралија, како и од нападот врз синагога во Манчестер во октомври, кога загинаа две лица.Судијата Марк Вол го осуди Саадауи на минимална казна затвор од 37 години, а Хусеин на минимална казна од 26 години. „Бевте многу блиску до спроведување на овој план“, им порача судијата на обвинетите.Тој нагласи дека станува збор за заговор кој „веројатно би бил еден од најсмртоносните терористички напади некогаш изведени на британска територија“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Во Основниот кривичен суд продолжи доказната постапка за случајот „Онкологија“, при што првообвинетиот Нино Васев вкрстено ја испрашуваше словенечката вештачка Маја Равник, ангажирана од Обвинителството за анализа на медицинската документација на 51 пациент лекуван на Клиниката за радиотерапија и онкологија.Одбраната настојуваше да покаже дека вештачењето е изработено врз нецелосна документација и без да се земат предвид националните протоколи и реалните услови во македонското здравство. Васев посочи дека кај дел од пациентите недостасуваат години од претходното лекување, како и информации за третмани во странство, операции и консултации со странски онколози.Вештакот Равник остана на ставот дека стручното мислење го темели исклучиво врз доставената медицинска документација и европските и светските онколошки протоколи, нагласувајќи дека националните препораки не можат да оправдаат употреба на лекови без соодветна индикација. Таа посочи дека во одредени случаи биле применувани терапии без претходна молекуларна анализа, давани лекови без индикација за конкретниот карцином, како и хемотерапија во крајна фаза на болеста.Во однос на достапноста на лековите, Равник изјави дека е свесна за финансиските и системските ограничувања, но дека тоа не ја оправдува употребата на несоодветна терапија. Таа подвлече дека палијативната нега значи ублажување на симптомите, а не продолжување на третман што не влијае на преживувањето и го нарушува квалитетот на живот.Обвинението ги товари Васев и уште двајца онколози за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, со наводи дека кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на состојбата. Против Васев е поднесено и посебно обвинение за злоупотреба на службената положба и проневера, со наводна штета од над 2,2 милијарди денари за државниот буџет.Судењето го води судијката Снежана Марковска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска. Во наредната фаза се очекува сослушување на вешти лица од Србија, кои исто така изработиле медицински вештачења за потребите на постапката.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Мијалков демантира дека поседува земјиште во Морани

Од адвокатската канцеларија која го застапува поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков строго демантираат дека тој некогаш поседувал земјиште во Морани.„Вистината е дека никогаш не сум го поседувал и немам никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не можело да ми биде конфискувано, еднаш веќе категорично демантираше Мијалков откако беше објавена претходната понуда“, вели тимот на Мијалков.Нашата редакција се извинува доколку со оваа објава остави погрешен впечаток кај читателите дека овој недвижен имот бил во сопственост на некогашниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydh45kn7efumgf2Q8kSL

Најитна кампања досега: Осумгодишната Ана се бори со редок и агресивен тумор, фалат 100.000 евра!

Платформата Еcrowd објави дека станува збор за најитната кампања досега – апел за спас на осумгодишната Ана Јованчева, дете кое наместо училишни обврски, игра и безгрижно детство, се соочува со тешка и животозагрозувачка дијагноза.Апелот во целост:Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози.На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex. Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор.Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.Ова е најитната кампања досега.Секој изгубен ден значи дополнителен ризик.Секое одложување ја намалува шансата за навремена реакција.Пред Ана е тешка борба – но таа не смее да ја води сама.Потребни се средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар кој ги надминува нивните можности.Да покажеме дека солидарноста е посилна од болеста.Да дадеме шанса на едно 8-годишно дете да продолжи да сонува, да расте и да живее.Сега е моментот.Итно.ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ

Македонија | пред 1 месец

media-libraryca76ho55a71k2gTVCpk

Мијалков нема плац во Морани, тврди неговиот адвокатски тим

Плацот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лоциран во селото Морани, во близина на Студеничани, кој беше одземен со конфискација во рамки на предметот „Империја“, по вторпат е ставен на продажба по пат на електронско јавно наддавање.Станува збор за земјиште со површина од 56.818 квадратни метри, заведено во Катастарската општина Морани, место викано Долно Поле, запишано во Имотен лист бр. 1580, како сопственост на Република Македонија – Агенција за управување со одземен имот.Според огласот бр. 3/2026, објавен од Агенцијата, продажбата ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, а почетната продажна цена е утврдена согласно процена на Министерството за правда – Биро за процена, во износ од 12.784.065 денари односно 207.870 евра. Јавното наддавање е закажано за 2 март 2026 година со почеток во 10 часот и ќе трае 15 минути.Претходно, овој плац беше ставен на наддавање на 12 декември, но не се продаде. Тогаш почетната сума за продавање беше 277.161 евро, а квадрат беше пет евра.Имотот беше конфискуван со правосилна судска одлука во предметот „Империја“, во кој Мијалков беше обвинет за злосторничко здружување и злоупотреби поврзани со стекнување имотна корист. Со конфискацијата, земјиштето премина во сопственост на државата, по што Агенцијата за управување со одземен имот го стави на продажба согласно законските процедури.Заинтересираните лица ќе можат да учествуваат во електронското наддавање преку системот на Агенцијата, со претходна уплата на гаранција и доставување на потребната документација, согласно условите наведени во огласот.

Скопје | пред 1 месец

media-library9vinmiu6kgq65lMBqC6

(Фото) Иселени бездомници кои узурпирале напуштени објекти во Центар, постоел ризик од пожари и загрозување на здравјето

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа интензивна акција за расчистување на два напуштени објекта на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.Интервенцијата следува по барање на жителите од околните згради, кои укажале на страв од можни пожари, кражби и загрозување на јавното здравје. На локацијата во близина на гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин, со асистенција на Министерство за внатрешни работи, биле иселени затекнатите лица, по што започнало расчистување на отпадот во и околу објектот.На втората локација, кај ТЦ „Буњаковец“, поради присуство на малолетни лица, во акцијата била вклучена и социјалната служба. По нивната интервенција, надлежните пристапиле кон целосно чистење на мини-депонијата што се формирала во и околу напуштениот објект.Од Општина Центар посочуваат дека и покрај континуираните интервенции на овие критични точки, нерешените имотно-правни односи често се користат како можност за повторно вселување и создавање нови ризици. Упатен е апел до сопствениците на објектите да покажат поголема одговорност, а до граѓаните – да продолжат со навремено пријавување на вакви појави со цел ефикасна реакција на службите.

Скопје | пред 1 месец

media-library26nscj7a0089cRfRmdQ

Жена од Тетово се водела за почината се додека не се појавила со новороденче во Центарот за социјални работи

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово пријавиле сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од СВР Тетово.Според информациите, на 12 февруари 2026 година во 13:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги, во кое се наведува дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка со иницијали А.С. (27).При постапката за регистрација на новороденчето во службените евиденции на Управата, било утврдено дека мајката се води како почината од 21 октомври 2006 година, што предизвикало сомнение и било пријавено како можен случај на фалсификување службена исправа.По преземени мерки и испратени покани, на 12 февруари 2026 година лицето А.С. се појавило во Центарот за социјални работи заедно со новороденото дете и едно машко лице. Притоа, не бил приложен ниту еден документ за лична идентификација.Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат соопштени дополнителни информации.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj3aib8i83t4o0mAit9V

Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.(ПР)

Магазин | пред 1 месец

media-libraryiteq89p8dvfv9ann7ah

Ќосето му одговори на Заев: „Иде време за наплата“

Горан Ангелов, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, со остра порака реагираше на изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев, кој претходно изјави дека никому не му се одмаздил за случувањата во парламентот.„Не сум се одмаздил на никој од 27“, рече Заев, додавајќи дека никогаш не ја злоупотребил својата политичка позиција, но дека „сега е доста“.На ова Ангелов возврати со серија обвинувања и тешки зборови, посочувајќи дека осудените за 27 април издржувале долгогодишни затворски казни и дека дел од нив се соочуваат со сериозни здравствени последици.„Не ти беше малку што лежевме по осум години? Не ти беше малку што починаа Игор и Кире? Деведесет проценти од луѓето за 27 се со хронични болести, покрај растурени и уништени семејства“, напиша Ангелов.Тој во својата објава упати и порака, наведувајќи дека „иде време за наплата“.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryrqbi8f4341gj3gNJdlI

Факултетот за физичко образование ќе добие нов објект во Скопје

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје ќе добие нов објект во дворот каде што се наоѓа постојната зграда, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Според Јаневска, станува збор за модерен простор кој ќе ги обезбеди сите неопходни услови за квалитетно изведување на наставната и научната дејност, на задоволство и на вработените и на студентите.Таа информира дека веќе е објавена постапката за изработка на проектната документација, по што ќе следува и постапка за избор на изведувач на градежните работи.За планираната инвестиција денеска се разговарало со професорите кои го сочинуваат Наставно-научниот совет на факултетот. Министерката порача дека реализацијата на овој проект е дел од заложбата за унапредување на високото образование и подобрување на условите за студирање и научноистражувачка работа.„Тоа што го ветуваме, тоа и го реализираме“, истакна Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

netanjahu

Нетанјаху: Се надевам дека Трамп создава услови за договор со Иран без воена ескалација

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп создава предуслови за постигнување договор со Иран, со кој би се избегнала воена интервенција.Нетанјаху, кој вчера разговараше со Трамп во Вашингтон, нагласи дека секој можен договор со Иран „мора да ги содржи елементите што се од витално значење за Израел“. Според него, тоа подразбира запирање на иранската нуклеарна програма, ограничување на балистичките ракети и сузбивање на дејствувањето на посредничките структури што Техеран ги поддржува во регионот.Ова беше седма средба меѓу Трамп и Нетанјаху откако американскиот претседател повторно ја презеде функцијата. Разговорот се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми. Трамп ја оцени средбата како „многу добра“, но посочи дека не биле донесени суштински одлуки.Американскиот претседател претходно се закани со можни напади врз Иран доколку не се постигне договор, додека Техеран возврати дека во таков случај ќе следи одмазда, што ги засили стравувањата од поширок регионален конфликт. Трамп во повеќе наврати ја истакна својата поддршка за безбеден Израел, долгогодишен сојузник на Соединетите Американски Држави и еден од најострите противници на Иран.„Мислам дека условите што тој ги создава, во комбинација со фактот дека тие сигурно разбираат дека минатиот пат направија грешка што не постигнаа договор, можат да создадат околности за добар договор“, изјави Нетанјаху.Тој нагласи дека со САД споделува „многу блиска и искрена врска“ и дека разговорите се фокусирале на повеќе прашања, но пред сè на преговорите со Иран. Според него, Трамп сакал директно да го слушне неговото мислење.Нетанјаху се осврна и на неодамнешниот дванаесетдневен судир меѓу Израел и Иран, кој кулминираше со американски воздушни напади врз ирански нуклеарни објекти, посочувајќи дека иранската страна веќе знае „со кого има работа“. Трамп претходно изјави дека верува оти Иран сака договор.Иранските власти соопштија дека се подготвени да разговараат за ограничувања на својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите, но ја отфрлија можноста тоа прашање да се поврзе со ракетната програма.Нетанјаху додаде дека на средбата се разговарало и за состојбата во Газа, каде што е на сила кревко примирје меѓу Израел и палестинското движење Хамас, како и за пошироките регионални прашања. „Тоа беше уште еден разговор со голем пријател на Државата Израел, каков што никогаш досега не сме имале“, изјави израелскиот премиер.

Свет | пред 1 месец

media-library2qbm5n2qmbm0aMKfCwj

Касами ќе оценува кој ќе си оди од Владата, иако Мицкоски му кажа дека тој одлучува

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, изјави дека партијата ќе направи оценка на работата на сите свои функционери во извршната власт и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе остане зад актуелните министри, меѓу кои и министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани.„Свесни сме дека премиерот е мандатар и тој одлучува кој ќе биде министер, но додека станува збор за политичка влада во која учествува Беса како дел од коалицијата Влен, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна како дел од идната Влада“, рече Касами.Тој најави дека од сите функционери ќе биде побаран извештај за сработеното во изминатиот период, по што раководството на партијата ќе оцени дали е задоволно од нивниот ангажман. „Ќе се донесе одлука дали ќе бидеме задоволни од работата на Лимани и другите функционери“, изјави Касами.Претходно, премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за можно разрешување на Лимани, изјави дека е задоволен од неговата работа и дека нема информации за негова смена.„Мислам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални работи. Јас сум носител на мандатот и јас ја формирам Владата“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека доколку некој заборавил кој го има мандатот за состав на Владата, тој потсетува дека таа одговорност е негова, алудирајќи на политичките пораки што доаѓаат од коалициските партнери.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryepes0qlc9721dvZO8KL

Првиот синдикалец со остар напад: Половина држава им се смее, другата половина ги осудува

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, со остра реакција кон носителите на извршната и законодавната власт, обвинувајќи ги дека наместо да се фокусираат на зголемување на минималната и работничките плати, ја насочуваат енергијата кон одбрана на, како што рече, „неодбранливото“.„Дозволете ми на премиерите, министрите и пратениците да им се заблагодарам на пи-ар стратегиите кои успеаја да предизвикаат половина држава да им се смее, а другата половина да ги осудува“, изјави Трендафилов, додавајќи дека мал број луѓе на врвот нанесуваат штета на многумина.Тој посочи дека изминатите денови во јавноста се создава атмосфера која, според него, потсетува на опасна реторика и обиди за поделба меѓу граѓаните, вклучително и меѓу оние што живеат со минимална плата. Според Трендафилов, наместо да се отвори суштинска дебата за подобрување на животниот стандард, вниманието се пренасочува кон дневнополитички пресметки.„Што значи еден ден доаѓање на работа пешки без патни трошоци? Што значи иницијативата функционерите да примаат минимална плата? Да беа толку жестоки за зголемување на платите, колку што се жестоки во нивната одбрана, денес ќе имавме поинаква реалност“, нагласи тој.Првиот синдикалец порача дека синдикатот нема да се повлече под притисоци и дека нападот врз синдикалното организирање, како што оцени, претставува напад врз секој работник. „Ние не се плашиме. Се бориме за зголемување на работничките плати затоа што на работниците им треба достоинствен живот“, рече Трендафилов.Тој додаде дека синдикатот нема политички амбиции, туку бара конкретни мерки за подобрување на стандардот, истакнувајќи дека доколку платите биле навремено зголемени, ниту ќе имало вакви конфронтации, ниту јавноста ќе била сведок на сегашните тензии.

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче и Заев за лиценците за канабис и запленетата марихуана

ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од поранешниот министер за здравство Венко Филипче во врска со издавањето лиценци за одгледување канабис за медицински цели и последните заплени на марихуана, тврдејќи дека во периодот на владеење на СДСМ биле поставени темелите за злоупотреби во овој сектор.Од партијата обвинија дека Филипче „жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев“, додавајќи дека Македонија во тој период, наместо да има строго контролирано производство за медицински цели, била претворена во „балкански нарко-центар“. Според нив, запленетите 40 тони марихуана водат до фирми блиски до Зоран Заев и Венко Филипче.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве потекнува од компанија во сопственост на лица поврзани со Заев, наведувајќи дека медицинската марихуана била параван за организиран криминал од големи размери.Партијата поставува прашања зошто, како што наведуваат, било дозволено одгледување канабис на отворено спротивно на закон, кои биле мотивите за таквите одлуки и дали некој профитирал од нив. Дополнително, бараат објаснување дали измените на правилникот биле донесени по насока од тогашниот премиер и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија.Во соопштението се наведува и прашањето зошто Заев, според нив, лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.ВМРО-ДПМНЕ порача дека останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата, на изградба на стабилни институции и владеење на правото, потенцирајќи дека за случајот мора да има одговорност.

Македонија | пред 1 месец

nino-vasev

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, во судскиот процес за наводно несовесно лекување пациенти.Во фокусот на расправата беше лекот „капецетабин“ и неговата примена кај пациенти со карцином на јајници. Во своето вештачење, Равник навела дека овој лек нема индикација за лекување на рак на јајници според современите онколошки протоколи. Васев, пак, посочи дека во Македонија, врз основа на национални протоколи и клиничка студија објавена во реномирано европско списание, „капецетабин“ се користи како терапија од втора и трета линија и кај гинеколошки карциноми, како и кај уште 11 други индикации.Равник изјави дека при изготвувањето на мислењето се повикувала на меѓународни и европски протоколи и дека не направила поширока анализа на домашната литература. Доколку постојат национални протоколи поткрепени со докази, рече таа, не може да ги коментира.Одбраната ја оспори и оценката на вештакот дека одредени терапии биле неиндицирани и довеле до влошување на здравствената состојба кај конкретни пациенти. Васев посочи пример со пациентка која живеела 52 месеци, иако просечниот период на преживување за таа болест изнесува 17 месеци. Равник одговори дека ја радува долгото преживување, но останува на ставот дека дел од терапиите отстапувале од протоколите, посочувајќи го и лекувањето со „цетуксимаб“ како несоодветно за карцином на јајници.Судир имаше и околу комбинираната терапија со „перзотумап“ и „херцептин“. Равник нагласи дека давање само на еден од лековите не е оправдано, дури и во услови на недостиг, бидејќи самостојно нема соодветен ефект.На прашање од одбраната, Равник потврди дека не ги анализирала македонските национални протоколи пред да го изготви вештачењето, но оцени дека тие не би требало суштински да се разликуваат од меѓународните насоки. Таа исто така изјави дека во своите наоди не навела кој конкретен лекар го спровел третманот кај одделни пациенти, бидејќи не ја утврдувала индивидуалната одговорност.Бранителот Боби Спирковски изјави дека вештачењето нема правна валидност и дека покажува непознавање на македонските протоколи, нагласувајќи дека лекарите имаат можност, со образложение, да отстапат од нив во интерес на пациентот.Во предметот, покрај Васев, обвинети се уште двајца онколози. Судењето продолжува со сослушување на дополнителни вешти лица од Словенија, а најавено е и вклучување на експерти од Србија во наредната фаза од доказната постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytgl3fk1inqk3cyGNfLi

Битолчанец имал пари само за пудинг откако Битола му исплатила обештетување за земјотресот, па се мисли да им го однесе во Општина

Поранешната советничка во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на висината на исплатените средства за штетите од земјотресот, наведувајќи дека дел од битолчани добиле симболични износи.Илиевска претходно објави дека околу 2.400 граѓани добиле во просек по 700 денари, односно во одредени случаи и по 81 денар, додека, како што тврди, за работата на комисијата за проценка на штетите биле потрошени околу еден милион денари за десет лица. Таа ја доведе во прашање логиката на распределбата на средствата и порача дека на градоначалникот не му се „100 дена“, туку четири години и сто дена на функцијата.Во нова објава, со ироничен тон, таа повика битолчани да купат плик, да ги извадат средствата што ги добиле како надомест и да ги достават на шалтер во Општината, во работно време, алудирајќи дека „очигледно таму повеќе му требаат пари“.Објавата предизвика бројни реакции. Еден жител на Битола, во шеговит тон, напиша дека со парите купил пудинг и праша дали да го однесе него. Илиевска му одговори: „Пробај се. Можеби и пудингот ќе го земат, не можеш да знаеш“.Полемиката повторно ја отвори темата за транспарентноста и критериумите при исплата на надоместоци за штети од природни непогоди, како и за односот меѓу локалната власт и граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl91ns11k38lpdTgXDcU

(Фото) На оградена дупка со балони и кратер и се слави роденден, се јави Македонец кој ги теши Бугарите

Фотографија објавена во регионалната група BalkansKnow, со опис „Meanwhile in Bulgaria“, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако на неа се гледа дупка на пат оградена со ленти, балони и импровизирана роденденска декорација.На транспарентот поставен пред оградената дупка пишува „6 месеци дупка на патот! Честит роденден!“, додека околу неа се поставени маса со торта, свеќи и украсни балони со бројката „6“, иронично означувајќи колку време не е санирана. Наместо вообичаена сигнализација, граѓаните одлучиле со сатира да укажат на долгото чекање за санација.Фотографијата брзо се прошири и предизвика коментари од повеќе балкански земји. Во дел од реакциите од Македонија, граѓани наведуваат дека состојбата со патните оштетувања кај нас е уште полоша, алудирајќи дека има дупки кои остануваат несанирани со години.Претпоставка е дека станува збор за АИ-фотографија, со оглед дека не е позната точната локација, но и изгледот на дизајнот.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryabggc52skr31dZG3uRH

(Видео) Снимен моментот кога трамвај излета во Сараево: загина 23 годишно момче, четири повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу пладне во населбата Марин Двор во Сараево, кога трамвај на јавното сообраќајно претпријатие ГРАС излета од шините, удри во трамвајска станица и заврши на главната сообраќајница.Во несреќата животот го загубил 23-годишен млад човек, додека четири лица се повредени. Една девојка е хоспитализирана во Општа болница „Прим. др. Абдулах Накаш“, каде поради сериозноста на повредите ѝ била ампутирана нога. Според информациите од медицинските служби, во тек се интензивни реанимациски мерки и терапија.Од Итната медицинска помош претходно соопштија дека во инцидентот се повредени вкупно четири лица, а дел од нив се задржани на понатамошно лекување.Увидот на местото на несреќата сè уште трае и ќе продолжи и утре, кога се очекуваат дополнителни информации за причините што довеле до излетувањето на трамвајот од шините и за евентуална одговорност.

Свет | пред 1 месец

media-libraryemtcne980lm3f4hiXdI

(Фото) Со најлони се штити архивскиот материјал во Државен архив, оти протекуваат покривите во Битола и Штип

Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2024 година открива сериозни слабости во состојбата и одржувањето на објектите на Државниот архив, со посебен акцент на условите во кои се чува архивскиот материјалСпоред ревизорските наоди, дел од архивските депоа не ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедно складирање и заштита на архивската граѓа. Констатирани се проблеми со електричните инсталации, нефункционални или недоволно ефикасни системи за климатизација, како и несоодветни услови во однос на температура и влажност, што директно влијае врз долгорочната заштита на документите.Ревизијата утврдува и дека не се преземени соодветни мерки за осигурување на објектите и имотот, што дополнително го зголемува ризикот од штети во случај на пожар, поплава или друг вид елементарна непогода. Посебно е потенцирано дека системите за рано откривање и спречување на пожар не се целосно функционални или не се во согласност со современите стандарди за заштита.Во извештајот се наведува дека ваквите состојби претставуваат потенцијална опасност за културно-историското наследство, со оглед на тоа што архивскиот материјал има трајна вредност и значење за државата. Недостатоците во инфраструктурата и одржувањето не се од вчера, туку укажуваат на подолг период на недоволни вложувања и системски пропусти.Ревизорите препорачуваат итно подобрување на условите во објектите, модернизација на системите за заштита и воспоставување поефикасен механизам за контрола и управување со ризиците, со цел да се обезбеди соодветна физичка и техничка заштита на архивската граѓа.

Македонија | пред 1 месец

bolnica

Втор смртен случај во неколку дена на лице кое оперирало крајници

Триесет и осумгодишен маж починал во ноќта меѓу 11 и 12 февруари, во постоперативен тек по хируршка интервенција на трет крајник во Општата болница во Чачак, соопшти Министерството за здравство на Србија.Според соопштението, пациентот самостојно се пријавил за хируршката интервенција поради долгогодишни проблеми со дишењето. Министерството наведе дека пациентот бил свесен за ризиците од операцијата, имајќи ги предвид и другите придружни заболувања од кои боледувал.По добиената информација за смртниот исход, Министерството испратило здравствени инспектори во Чачак. Со одлука на министерот за здравство, раководењето со Одделението за оториноларингологија во Општата болница го презеле лекари од Универзитетски клинички центар Србија и од Универзитетски клинички центар Крагуевац, сè додека не се утврдат сите околности што довеле до двата смртни исхода во краток временски период.Министерот за здравство, Златибор Лончар, наредил воведување привремени мерки во болницата, што вклучува и преземање на раководењето со установата во наредниот период.Пред неколку дена, во истата болница почина четиригодишно девојче по операција на крајници, по што вршителот на должност директор поднесе оставка. Граѓаните организираа протести и побараа транспарентно објаснување за околностите под кои починало детето.Министерството претходно информираше дека е наложен и надворешен стручен надзор, кој го спроведуваат лекари и професори од терцијарни здравствени установи, а резултатите од инспекцијата и стручниот надзор ќе бидат јавно објавени.Од Вишо јавно обвинителство Чачак соопштија дека е наредена обдукција на телото на девојчето, по што ќе биде донесена одлука за понатамошниот тек на постапката.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања