Скопје1.мк

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Москва бара предавање на целиот Донбас, Киев одбива компромис, Вашингтон притиска за мировен договор

На денот кога Украина ја одбележа 34-годишнината од независноста, од Источна Европа стигнаа две спротивставени пораки. Додека Киев славеше опстанок и волја за отпор, Москва испрати јасен сигнал дека Украина може да постои само ако се откаже од Донбас и остане неутрална.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за NBC изјави дека Русија нема да застане додека не ги оствари своите цели – елиминација на безбедносните закани од Украина, заштита на етничките Руси и рускојазичното население и гаранција дека Киев ќе остане надвор од воени сојузи. Според него, Москва формално го признава Зеленски само како „лидер на режим“, но не и како легитимен претседател за потпишување договори.Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, порача дека привремената окупација не може да ја промени вистината и дека Украинците повторно ќе бидат заедно. „Украина никогаш повеќе нема да биде принудена на срамота што Русите ја нарекуваат компромис. Потребен ни е праведен мир. Каква ќе биде иднината зависи само од нас, а светот тоа го знае и го почитува“, изјави Зеленски.Вашингтон во меѓувреме бара начин да го прекине војувањето. Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со Владимир Путин на Алјаска, изјави дека „размена на територии“ е неизбежна цена за мир. Во разговор со Зеленски, Трамп користел мапа со обележани окупирани региони, нагласувајќи дека петина од земјата е изгубена и дека Киев мора да преговара за да го спаси остатокот. За Зеленски, Донбас не е само стратегиска или економска област, туку симбол на идентитетот и историската жртва на Украина.Путин бара предавање на целиот Донбас, вклучувајќи територии под украинска контрола со повеќе од 200.000 жители. Тоа би ги исполнело територијалните цели на Кремљ, но и сериозно би го ослабело Зеленски. Украинскиот устав забранува предавање на територии, а мнозинството граѓани остро се противат на тоа.Според аналитичарите, единствениот начин украинската јавност да прифати ваков исход би бил доколку добие силни западни безбедносни гаранции, со американско и европско воено присуство – што Москва категорично го одбива. Бившиот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, вели дека токму Путин е најголемата пречка за мир: „Нема многу причини да веруваме дека би седнал со Зеленски или би прифатил компромис“.На теренот, борбите во Донбас продолжуваат со жесток интензитет. Москва тврди дека зазела две села во регионот, што би можело да отвори пат кон Костјантиновка, клучно логистичко средиште на украинската армија. Киев, пак, известува дека во контранапад повторно презел село во истата област.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Амбасадорот на Украина одбил разговор со американскиот потпретседател Ванс по инцидентот во Белата куќа

Валериј Залужни, амбасадор на Украина во Обединетото Кралство и поранешен командант на вооружените сили, одбил телефонски разговор со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, објави Guardian.Според пишувањата, Ванс се обидел да стапи во контакт со Залужни три дена по жестоката расправија што ја имал со претседателот Володимир Зеленски во Овалната сала кон крајот на февруари. Целта на обидот била да се испита теренот околу можни алтернативи за Зеленски на лидерската позиција во Украина.Залужни, кој ужива голема доверба и во армијата и меѓу граѓаните поради неговата улога во одбраната од руската агресија, по консултации со шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, одлучил да не го прифати повикот.Анкетите на агенцијата Rating покажуваат дека доколку се кандидира, Залужни би бил втор во претседателската трка со 25 проценти поддршка, веднаш зад Зеленски, додека неговата потенцијална политичка партија би освоила прво место на парламентарни избори со 22 проценти.Во меѓувреме, поранешната новинарка на Би-Би-Си, Оксана Тороп, ги демантираше шпекулациите дека Залужни во Лондон формира тим за претседателска кампања. Таа истакна дека генералниот став на Залужни останува ист: додека трае војната, приоритет мора да биде опстанокот на државата, а не изборите.Слични контакти, како што пишува Guardian, имале и лица блиски до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои во периодот по конфликтот во Белата куќа разговарале со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и со поранешната премиерка Јулија Тимошенко – двајцата најистакнати опозициски лидери во Украина.

Свет | пред 5 месеци

avstralija-1

Драма во Австралија: двајца полицајци убиени во вооружен инцидент од припадници на група која не верува во закони

Во оддалечениот регион Порепунках, на околу 300 километри североисточно од Мелбурн, Австралија, денеска се случи вооружен напад во кој, според првичните информации, загинаа двајца полицајци, а еден е повреден.Според австралиските медиуми, осомничениот напаѓач е идентификуван како припадник на движењето „суверени граѓани“, група која погрешно верува дека не е подложна на законите и властите на Австралија. Австралиската федерална полиција соопшти дека оваа група е присутна во земјата со децении и во најголем дел досега била неопасна, но во последните години бележи раст поради зголеменото недоверие кон институциите, особено за време на пандемијата.Инцидентот започнал кога полицијата извршувала налог за апсење поврзан со обвиненија за сексуално злоставување на имот во Порепунках. Таму, полициските службеници западнале во заседа и биле нападнати со огнено оружје. Според медиумите, напаѓачот го користел оружјето од еден од полицајците.На местото на настанот испратени се силни полициски единици и хеликоптери, а јавноста е повикана да го избегнува регионот. Учениците во блиското основно училиште се ставени во карантин, а затворени се и локалните јавни објекти.Австралискиот премиер Ентони Албанезе најави дека наскоро ќе даде изјава за инцидентот.Иако локалните медиуми потврдуваат смрт на двајца полицајци, британскиот Би-Би-Си јавува дека засега официјалните власти внимателно ја формулираат информацијата и сè уште не даваат целосни детали за исходот.

Свет | пред 5 месеци

kucinja-kuce

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните.Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не носат реални решенија туку дека е потребен систем, поддржан од институции, закон и одговорни граѓани.„Без заедничка одговорност нема долгорочно решение. Подготвена сум да ги прифатам и интегрирам најдобрите предлози што доаѓаат од заедницата на љубителите на животни затоа што токму тие со години се на терен и знаат каде најмногу 'шкрипи'. Ни треба државен стационар односно прифатилиште на градот, општините и владата кој ќе работи 24 часа во денот и во чии рамки ќе има комунални инспектори и казни на лице место со цел законот да се применува, а не само да постои“, рече Шукова пред активистите.Притоа таа посочи дека клучно е да се делува кај изворот на проблемот, а тоа е неконтролираното размножување, неказнетото напуштање миленици и недостигот од надзор. Шукова во својата програма најавува задолжително чипирање на милениците веднаш по нивното раѓање, регулација и надзор на одгледувачниците, како и санкции за нелегален увоз и шверц со чипови.„Решавањето на проблемот со бездомните кучиња е прашање на цивилизациска зрелост. Затоа ќе иницираме измена на Законот за благосостојба на животните, со цел системот да стане поефикасен, а институциите поодговорни“, истакна Шукова.Шукова порача дека нема да се дозволи недостиг од политичка волја која ја блокира работата на ЈП „Лајка“. Притоа на средбата Шукова ја осуди неодамнешната изјава на кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски во која тој ја спори работата на ЈП „Лајка“.“Ѓорѓиевски, со изјавата преку која ја оспорува ефикасноста на ЈП „Лајка“, не само што покажува сериозно непознавање на проблематиката со бездомните кучиња, туку и ја открива хипокризијата на еден функционер кој сам не ги исполнува обврските преземени со договор. Наместо да обезбеди континуирана финансиска поддршка, за што Општина Кисела Вода му должи над 5 милиони денари на ЈП „Лајка“, Ѓорѓиевски избира да ја дискредитира институцијата која и покрај сите пречки работи посветено, хумано и транспарентно. Ваквиот пристап не само што е нечесен, туку ја одразува и пошироката незаинтересираност на дел од локалната самоуправа за системски, меѓуинституционален одговор кон овој децениски проблем“, порача Шукова.Според Шукова, ЈП „Лајка“ треба да се зајакне преку зголемување на капацитетите, воведување ноќна служба и дежурни ветеринарни амбуланти, како и со дополнителен кадар и современа опрема. Сите овие мерки не само што ќе го решат проблемот со бездомните кучињата, туку и ќе постават темели за нова култура на одговорно сопствеништво и заштита на животните во Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

netanjahu

Израел изрази жалење за нападот врз болницата Насер во Кан Јунис

Во соопштение на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наведува дека Израел „длабоко жали“ за нападот на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз болницата Насер во Кан Јунис.„Израел жали за трагичната несреќа што се случи денеска во болницата Насер во Газа. Израел ја цени работата на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили. Воените власти спроведуваат детална истрага“, стои во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.Според претходните информации на палестинските власти, во нападот загинале 20 лица, меѓу кои и петмина новинари, што предизвика силна меѓународна осуда.Израелски воени претставници изјавија дека тенковски тим утрово гранатирал камера поставена во болницата Насер во Кан Јунис, поради сомнеж дека уредот се користи за следење на движењето на трупите.„Нашата војна е со терористите на Хамас. Нашата цел е да го поразиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома“, порача Нетанјаху.Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, побара Израел веднаш да престане со нападите врз здравствени установи во Појасот Газа. Тој на платформата Икс напиша дека „додека луѓето гладуваат, нивниот веќе ограничен пристап до здравствена заштита е дополнително осакатен со повторените напади“. СЗО добила информации дека во нападот се ранети 50 лица, меѓу нив и пациенти во тешка состојба.И генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, преку својот портпарол Стефан Дижарик, силно ги осуди нападите врз болницата во Газа, со повик за брза и непристрасна истрага.

Свет | пред 5 месеци

krst-vodno

Од ресторан до кафе-бар – што всушност ќе никне на Водно?

Инфлуенсерката Ина Многуфина реагира на новите најави за објектот на Водно – од ресторан со гастрономски специјалитети, преку вртлив ресторан, до кафе-бар без храна – додека останува отворено прашањето како ќе се оди нагоре, со кола?Има изјава од АЕК дека немало да се отвара патот и немало да има свадби. Ок, ајде сега да ги разгледаме сите изјави по однос на ресторанот. Кога започна изградбата беше најавено дека ќе биде уникатна атракција за посетителите од каде ќе се пружа величествен поглед на Скопје и место за уживање во гастрономски специјалитети (извор: Слободен печат). Пред неколку дена објавија дека ќе има ресторан кој ќе се врти, веројатно со надеж дека ќе паднеме во несвест од воодушевување, а нема да прашаме како ќе се оди до таму. Денес, малку ресторанот се модифицира па дознаваме дека тоа е ресторан каде ќе има само пијалоци, веројатно прв од ваков тип во светот бидејќи ресторан по дефиниција е место со храна и пијалоци, а тоа што они го кажаа денес е кафе бар. Значи најново е кафе бар што ќе се врти ќе има горе ама ќе го викаме ресторан. Веројатно, не знам, пошо се изгубени во пиарот не знаат што сакаат да најават. Следиме., напиша таа.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

(Видео) Снимен е моментот: Израел нападна болница во Газа, 20 мртви, од нив пет се новинари - Нетанјаху изрази жалење

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изрази жалење за нападот врз болницата Насер во градот Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, при што загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои и пет новинари.„Израел длабоко жали за трагичната несреќа што денеска се случи во болницата Насер во Газа. Израел го цени трудот на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили“, изјави Нетанјаху.Нападот предизвика лавина реакции и осуди од меѓународната заедница. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е среќен поради тоа“ и нагласи дека е неопходно „да се прекине оваа ноќна мора“. Тој додаде дека не бил претходно информиран за израелската акција.Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени нападот како „недозволив“, а германското Министерство за надворешни работи соопшти дека е „шокирано од убиството на новинари, здравствени работници и цивили“, повикувајќи на итна и темелна истрага.Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, остро го осуди нападот и побара брза и непристрасна истрага. Со осуда се приклучи и Светската здравствена организација, чиј генерален директор Тедрос Аданом Гебрејесус побара прекин на нападите врз здравствени установи и веднаш прогласување прекин на огнот.Според извештаите, во нападот биле ранети најмалку 50 лица, меѓу кои и тешко болни пациенти кои примале здравствена нега во болницата. Израелските одбранбени сили (IDF) признаа дека го гаѓале подрачјето околу болницата, изразувајќи жалење за нанесената штета врз „невклучени лица“, но нагласија дека не ја таргетираат новинарската заедница.Меѓу жртвите се пет новинари кои работеа за „Ројтерс“, „Асошиетед прес“, „Ал Џезира“ и други медиумски куќи. Овој напад повторно го отвори прашањето за безбедноста на цивилите и медиумските работници во воените зони, како и за почитувањето на меѓународното право и хуманитарните стандарди.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ од Левица најавува револуција во јавниот превоз и урбанизмот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во своја објава порача дека скопјани, кои го изградиле градот, денес не можат да обезбедат сопствени домови поради енормните цени и неконтролираната урбанизација.„Не можат да се движат низ Скопје поради колапсот на јавниот превоз, ниту да се социјализираат без плаќање поради недостаток на јавни простори. Животот во Скопје не мора да биде ваков, но политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ токму тоа го сакаат – за да креираат урбанистички планови во интерес на фирмите на нивните донатори“, истакна Мециновиќ.Тој ги обвини двете најголеми партии дека ја претвораат секоја потреба на граѓаните во профит за елитите и го уништуваат достоинството на обичниот човек.Како приоритети на својата програма ги најави:– целосен фокус на јавниот превоз, со цел автомобилите да не бидат неопходни во градот,– нов Генерален урбанистички план кој ќе овозможи достапно домување и зачувување на животната средина,– промени во градското функционирање со фокус на јавниот интерес пред корпоративниот профит.„Чистиот воздух е поважен од профитот на индустријалците“, нагласи тој. Мециновиќ најави дека наскоро ќе го претстави и концептот за социјален модел на наплата на комуналиите, со цел подобра заштита на граѓаните.

Скопје | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Обвинителство отвори истрага за криминална група: штета од над 7 милиони евра во трговија со нафта

Акцијата што утрово беше спроведена на повеќе локации низ државата е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во координација со Управата за финансиска полиција.Надлежен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица, меѓу кои четворица косовски државјани и една државјанка на Хрватска. Осомничените се товарат дека во периодот од 2014 до 2023 година организирале и учествувале во криминална група која со даночно затајување, измама и перење пари му нанела огромна штета на Буџетот на државата.Групата креирала мрежа од правни субјекти преку кои спроведувала фиктивна трговија со нафтени деривати и издавала фактури со невистинита содржина за да избегне плаќање даноци и да прибави незаконски поврат на ДДВ. Трговијата со горива како Еуросупер, Еуродизел и Екстралесно масло се одвивала без потребните лиценци, а во повеќе случаи продажбата се вршела без издавање фискални сметки. Средствата прибрани во готово не се евидентирале во сметководството.Странските државјани биле формално назначени за управители на повеќе правни субјекти, иако немале регулиран престој во земјава, што организаторите го користеле за прикривање на сопствената вмешаност. Со готовинските приходи биле вршени трансакции и преноси на средства за прикривање на нивното потекло, при што биле стекнати милионски суми со кои се сторени делата даночно затајување и перење пари.Обвинителството предложи мерка притвор за сите осомничени. Судот веќе одреди 30-дневен притвор за седум лица кои се обезбедени, додека за останатите шест – петмина странци и еден македонски државјанин – притворот ќе биде определен во отсуство.

Македонија | пред 5 месеци

f_37373183_1280

(Видео) Се појави снимка: Хаос на руските телевизии, на 116 канали емитувано видео што наводно Путин со години се обидува да го сокрие

На Денот на независноста на Украина, на дури 116 руски телевизиски канали истовремено се појави видео што прикажува криза со гориво во Русија, недостиг на вода во окупираните делови од Донецката област, украински напади врз нафтени рафинерии и воените загуби на руската армија.Во видеото, кое траело повеќе од три часа, се наведува: „Поминаа три и пол години војна, а рускиот претседател Владимир Путин не успеа целосно да освои ниту една украинска област. Украина останува независна.“Според информации на „Kyiv Independent“, локални „сајбер партизани“ го блокирале пристапот на администраторите на руските провајдери, со што им било отежнато да го прекинат емитувањето. Наводно, најмалку 50.000 гледачи во Москва и други региони ја следеле снимката, која се појавила и преку апликации на Apple Store, Google Play, паметни телевизори и кабелски мрежи.Овој инцидент е последен во низата кибер-напади што Украина ги изведува врз руските медиумски и технолошки платформи од почетокот на инвазијата во 2022 година. Во јули, украински експерти за кибер-безбедност од военото разузнавање (ГУР) изведоа голем напад врз инфраструктурата на рускиот енергетски гигант „Гаспром“, што предизвика значителни нарушувања во работењето.Настанот ја илустрира растечката употреба на кибер-операции како алатка за информациска војна и за поткопување на руската пропаганда, но и за дестабилизирање на внатрешната слика во Русија за текот на војната.

Свет | пред 5 месеци

16.12.24_f854a47a

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари работна средба со директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова, а потоа се сретна и со директорот на Клиниката за државна кардиохирургија, Дејан Димитровски.„На средбите стана збор за актуелните состојби во овие јавни здравствени установи, како и за можностите за нивно зајакнување и целокупно унапредување на условите во интерес на пациентите и на самите здравствени работници.Воедно, на средбите се разговараше за тековните предизвици со кои се соочуваат двете клиники, имајќи предвид дека секојдневно третираат исклучително комплексни и тешки случаи“, велат од Министерството за здравство

Македонија | пред 5 месеци

mecka

(Видео) Се повеќе мечки во подножјето на Шара: една се симна и во куќа по храна

Мечките сè почесто се појавуваат во подножјето на Шар Планина, а последните два случаи предизвикаа и вознемиреност кај жителите на Тетовскиот регион.Во тетовското село Беловиште е забележана мечка заедно со своите мечиња. Станува збор за редок, но истовремено и ризичен случај, бидејќи мајките-мечки знаат да бидат особено заштитнички настроени кога се со своите младенчиња.Во друг случај, мечка навлегла во една од куќите во селото Отунје, во Општина Тетово. Настанот дополнително ги вознемири локалните жители, кои апелираат на поголема заштита и превенција.Проблеми со симнувањето на мечките од планините во потрага по храна имаше и изминатите години.

Македонија | пред 5 месеци

FB-ZHG

Зелен хуман град ја откажа промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје

Прес-конференцијата што требаше да се одржи попладнево, на која Зелен хуман град планираше да ја претстави својата кандидатка за градоначалник на Скопје, е откажана поради здравствени причини.Според последната најава, кандидатката на коалицијата се повлекла од настапот, но и од самата кандидатура, поради здравствени проблеми.Од Зелен хуман град не го открија нејзиното име, туку ја опишаа како личност со искуство во борбата за јавниот интерес и со визија за град кој ќе биде дом за сите, а не место за бетон и профит на мал број алчни поединци што три децении го уништуваат Скопје.„Оваа кандидатура не е само уште едно име на ливчето. Ова е повик за отпор. Повик за надеж. Повик за град по мерка на луѓето, а не на партиските елити. Ова е продолжување на зелената и хумана трансформација на Скопје што ја започнавме пред четири години“, се наведуваше во поканата за прес-конференцијата.фото: ФБ/ЗХГ

Скопје | пред 5 месеци

izan-kavana-hotel

Повеќе од 100 туристи се заразиле со салмонела во хотел во Шпанија

Повеќе од сто гости во хотелот „Изан Кавана“ во одморалиштето Ла Манга, во Шпанија, се разболеле по појава на симптоми на салмонела. Меѓу нив има 15-месечно бебе и седум деца, од кои двајца пациенти сè уште се на болничко лекување.Дваесет лица, меѓу кои и најмладите, биле итно префрлени во болница, а потоа дел од нив пуштени. Бебе и дете со висока температура биле примени во болницата „Санта Лучија“ во Картахена.Гостите почнале да чувствуваат гадење, повраќање, дијареја и треска по ручекот во саботата, поради што во хотелот била отворена теренска болница. Дел од туристите примале инфузија во собите, а други биле згрижени на носилки во ходниците.Првичните резултати укажуваат на салмонела, а истрагата продолжува. Кујната е привремено затворена и наложено е темелно чистење и дезинфекција.Хотелот во меѓувреме објави реклама за коктели на Фејсбук, без да спомене за епидемијата, што предизвика остри реакции од гостите, меѓу кои и еден турист чија бремена сопруга се заразила.фото: ФБ

Свет | пред 5 месеци

DSC_0683

Хигиеничар повреден при работа во Поликлиника Чаир

Шеесетгодишен скопјанец завршил во болница, откако се повредил извршувајќи работни задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир. За случајот е известен трудов инспектор.На 24.8.2025 во 11:57 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ф.Б.(60) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работи задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир. За настанот бил известен трудов инспектор.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 5 месеци

c8e0cb00-7ea2-4d62-9922-01310ad7be2b

Две возила изгореа во одделни пожари, во Чаир и во Батинци, цело семејство заврши во болница поради вдишување чад

Во текот на ноќта избиле два одделни пожара – едниот на паркинг во кругот на болницата во Чаир, каде изгорело „ауди“, а другиот во Батинци, каде се запалило „бмв“ кое зафатило и дел од куќа, при што четиричлено семејство заврши во болница поради вдишување чад.Денеска (25.8.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Абрашевиќ“, на паркинг простор во кругот на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.П.(37) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од граѓани кои се затекнале на местото. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(37) од с.Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа. Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, се вели во соопштенијата од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

woman-using-smartphone-technology

Охриѓанец уапсен за испраќање недолични пораки и фотографии на малолетничка

Полицијата во Охрид уапси 51-годишен жител на градот, осомничен дека со месеци испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишно девојче преку социјална мрежа. При претрес во неговиот дом биле пронајдени мобилен телефон и ловечка пушка, а против него ќе следи кривична пријава.Н-а 24.8.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Т.(51) од Охрид. Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм.. Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Охрид | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.55.57

Побаран е притвор за насилството на младинскиот фудбалски натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против едно лице за насилство на стадионот „Бело Брдо“ за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“, при што биле нападнати и повредени две деца.-Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.

Македонија | пред 5 месеци

finansiska-policija

Нови детали за акацијата од утрово: има уапсени, се шпекулира дека продавале нафта во кеш

Во координирана акција на Управата за финансиска полиција, спроведена во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се приведени седум лица, додека вкупно 13 лица и 10 компании се опфатени со истрагата.Осомничените се товарат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари. Според информациите, тие продавале нафта за готовина, а потоа средствата ги прикажувале како дневен промет преку фиктивни фактури и притоа барале поврат на ДДВ.Според проценките, на овој начин е предизвикана штета од околу 7 милиони евра.Акцијата била реализирана на осум различни локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак.

Македонија | пред 5 месеци

mitko

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев меѓу странските функционери кои добија ордени од Зеленски

По повод Денот на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски објави список со приближно двесте странски функционери и јавни личности, на кои им додели државни одликувања во различни категории.На листата се најде и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој доби орден за заслуги од трет степен. Наградата се доделува за значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, како и за добротворна дејност и промоција на Украина во светот.Истовремено, украинскиот претседател во неделата ги одликуваше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. Пленковиќ беше награден со Орден на принцот Јарослав Мудриот од прв степен, додека Грлиќ Радман доби Орден за заслуги од втор степен, за нивниот придонес во поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина.

Македонија | пред 5 месеци

sajtovi-sajt-portal

И фантомски портали во регистарот за изборно рекламирање: 6,5 милиони евра на маса, нефункционални портали со „Account suspended“ страници во регистар

Во регистарот на медиуми за изборно рекламирање на локалните избори 2025, освен телевизии, радиостаници и печатени медиуми, се најдоа и 245 интернет портали. Меѓу нив, како што покажа проверката на „Скопје1“, најмалку десетина портали воопшто не функционираат или никогаш не биле регистрирани како домени. За овие избори, „Скопје1“ дознава дека имало и случај каде една фирма регистрирала дури 12 портали преку кои сакала да рекламира избори, а најголем дел - непостоечки.Од порталите „Мкд.мкд“, „Канал12.мк“, „Југоисток.мк“, „Инфовест.мк“, „Регион.мк“, „Мкзабава.мк“, „Сигмак.мк“, „Екобалнс.мк“, „Цуцкат.далее.мк“, „Онтаргет.мк“, „Нопресс.мк“, „Телетексти.мк“ — сите со „.мк“ домеин — се добива само порака „Сајтот не е достапен“. Националниот регистар потврдува дека тие домени не се ниту закупени, иако сопствениците ги пријавиле во Државната изборна комисија.Покрај нив, има и новорегистрирани портали во последните месеци, како „Инфотренд.мк“ (декември 2024), „Гвгливе.мк“ (јануари 2025), „Мојотштип.мк“ (февруари 2025), „Нова12“ (мај 2025), „Фактидитор.мк“ (мај 2025), кој и денес е недостапен, како и „Алопресс.мк“ (јуни 2025).Најинтересен пример е „Таргети.мк“ – пријавен во ДИК до крајниот рок на 12 август, но домеин закупен еден ден подоцна, на 13 август. И денес, наместо вести, страницата покажува само порака „Maintenance mode is on“. Исто така, „Информаторплус.мк“, иако е регистриран во февруари, сега дава порака „Account suspended“.Меѓу пријавените за рекламирање е и порталот „Грамофони.ком“, на српски јазик, кој е специјализиран за музика, грамофони и плочи, и дури има дел со продажба на нови уреди.Иако сите овие портали формално ги исполниле условите за да бидат дел од регистарот, останува на партиите да одлучат дали и кај кого ќе трошат дел од 6,5 милиони евра државни пари предвидени за изборно рекламирање.Според податоците на ДИК, барањата на 22 правни лица се одбиени како неуредни, меѓу нив две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали.

Македонија | пред 5 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Поскапуваат сите горива од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 18.8.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 75,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 77,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 5 месеци

kedev-aliu

Доктор Кедев кај министерот Алиу: раскажал сѐ за непотребните кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа средба со д-р Сашко Кедев, на која се разговараше за наводите дека во одредени приватни болници се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции врз пациенти.Алиу потсети дека Министерството ќе испрати допис до сите приватни здравствени установи со кој ќе се задолжат, почнувајќи од 15 септември, редовно да го известуваат ресорното министерство, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции.„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители и ги повикуваме сите засегнати страни кои располагаат со каква било информација за евентуални неправилности во системот, веднаш да се обратат до институцијата. Транспарентноста е еден од главните столбови во нашата работа и клучен предуслов за унапредување на процесите во здравствениот систем“, соопштија од Министерството.

Македонија | пред 5 месеци

spasen

Лесковачка роштилијада или кавадаречки гроздобер? Пејачот Сиљановски го искритикува градоначалникот Јанчев

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски упати остри критики кон градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, затоа што за „Тиквешкиот гроздобер“ наместо да покани македонски изведувачи, поканил од соседството.РОШТИЛИДАЈА - ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИВо која држава се наоѓа Кавадарци???Во која држава е градоначалник Јанчев?Во која држава зрее Грозјето?Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???......И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати..... Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало...И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен. Простете ако грешам.П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат "Кај Буки" и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот.На неговиот ФБ профил има уште една објава за патриотизмот на Хрватите, каде што вели дека за разлика од Хрватите кои имаат здрава национална свест, ние имаме дефицит на патриотизам.

Македонија | пред 5 месеци

marihuana

Во Бар откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора, биле пронајдени околу 13.100 садници канабис

Црногорската полиција соопшти дека во местото Трново, општина Бар, е запленета најголемата досега плантажа со марихуана во државата. Во акцијата со кодно име „Трново“ се приведени 40-годишниот Златко Мараш од Зета и 65-годишниот Драган Перовиќ од Бар.Според полицијата, операцијата е резултат на повеќемесечни истражни и доказни дејствија, реализирани во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, Граничната полиција и Секторот за борба против криминал. Целта била разбивање на синџирите за производство, транспорт и шверц на дрога.На осум различни парцели биле пронајдени околу 13.100 садници канабис во напредна фаза на одгледување. Плантажата имала систем за наводнување, обезбедување и современа технолошка опрема, што, како што се наведува, покажува висок степен на организација.Осомничените биле затекнати на лице место и веднаш уапсени. Властите извршиле увид, иззеле материјални докази и започнале уништување на насадите. Дополнително биле претресени куќи и возила што ги користеле, при што биле пронајдени предмети кои ќе бидат предмет на вештачење.Против двајцата е поведена постапка за кривично дело – недозволено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги.Од полицијата нагласуваат дека оваа акција е уште една потврда за континуираниот ангажман во борбата против организираниот криминал. „Со акцијата ‘Трново’ ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да ја заштитиме безбедноста, животот и здравјето на граѓаните,“ се наведува во полициското соопштение.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања