Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library1dbbc5ifq9v77E0AyJM

Кулминација на нередите во Иран: Демонстрантите палат владини згради

Масовни протести против власта се одржуваат во Техеран и во други ирански градови, а снимките од терен прикажуваат најголеми демонстрации против режимот во последните неколку години. Немирите, кои траат веќе 12 дена по ред, се поттикнати од гневот поради колапсот на националната валута и се проширија во повеќе од 100 градови низ земјата.Протестите дополнително беа поттикнати од повикот на Реза Пахлави, кој живее во Вашингтон, а чиј татко беше соборен со Исламската револуција во 1979 година. Тој

Свет | пред 10 месеци

media-library1dbbc5ifq9v77E0AyJM

Иран гори: илјадници повредени, судбината на исламскиот режим е неизвесна

Иранскиот режим преживува едни од најтешките моменти во својата 47-годишна историја. Протестите, кои започнаа на 28 декември како локален економски бунт на трговци во Техеран, за помалку од две недели прераснаа во координиран политички устанок кој го зафати целото земјиште на исламската држава, сите 31 провинции.Според податоците на агенцијата на протестанти HRANA, досега загинале најмалку 38 лица, меѓу кои шест деца, а NCR-Iran известува за повеќе од 2.200 уапсени. За разлика од претходните нем

Свет | пред 10 месеци

media-librarym53llh1mra4hf32jJYe

Кoмодита се огласи по уништувачкиот пожар во нивната фабрика

Дел од фабриката на „Комодита Хоум“ во Ѓаковица денес попладне беше зафатен од пожар. За среќа, сите работници беа евакуирани на време и никој не е повреден.На местото на настанот веднаш интервенираа полициски екипи и противпожарни единици, обидувајќи се да го локализираат пожарот. Причините за настанот сè уште не се утврдени, а штетата на имотот не може да се процени.„Комодита Хоум“ им се заблагодари на Министерството за внатрешни работи, Министерството за безбедносните сили на КБС, градоначалн

Свет | пред 10 месеци

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Хорор во Липково! 16-годишно девојче месеци злоупотребувано од група од 17 луѓе

Голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала и уценувала со интимни видеоматеријали 16-годишноо девојче од село во Општина Липково, објави „Алсат“.Според информации на телевизијата од извори во полицијата, за случајот се дознало во неформални околности, а засега е уапсен само еден од осомничените насилници, кои за пари и сексуални услуги се изживувале со девојчето.„На 2 јануари, полицијата во Куманово го уапси 31-годишникот со иницијали Н.А. од село Слупчане, Општина Липково. Сомне

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Скопјанец поради љубомора на натепал поранешната девојка удирајќи ја по глава и тело, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело телесна повреда, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничениот на 4 јануари, во испад на љубомора, најпрво вербално ја навредувал, а потоа и телесно ја нападнал својата поранешна партнерка. Тој ја удирал повеќепати по главата и телото, по што насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на

Скопје | пред 10 месеци

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Зошто идејата на Трамп за купување на Гренланд е една голема фантазија?

Кога американскиот претседател Доналд Трамп зборува за можноста САД да го купат Гренланд, многумина тоа го доживуваат како уште една провокација или политичка шега што брзо ќе биде заборавена. Но, според професорот Орелиен Колсон, во авторски текст за „Еуроњуз“, ваквиот пристап е погрешен, бидејќи иако идејата е правно, политички и стратешки неостварлива, таа открива подлабоки промени во начинот на кој денес се сфаќаат моќта, суверенитетот и глобалниот поредок.Трамп првпат ја изнесе идејата за „

Свет | пред 10 месеци

Нема фотографија

Врховниот суд утре може да ги укине царините на Трамп, илјадници чекаат поврат на пари

Претстојната одлука на Врховниот суд на САД за користењето на вонредните царински овластувања на поранешниот претседател Доналд Трамп може сериозно да ги потресе финансиските пазари, особено доколку судиите решат да ги поништат воведените царини.Одлуката, која би можела да биде објавена уште утре, ќе утврди дали Трамп имал право да се повика на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (IEEPA) за да воведе царини без одобрување од Конгресот, пренесува Reuters.Илјадници компании бараа

Свет | пред 10 месеци

media-library5puansjnjfku9GWcG2m

(Видео) Апокалиптични снимки од Кичево снимено од дрон

Катастрофална е состојбата по поплавите на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што домовите на жителите беа поплавени откако реката Зајаз, која минува покрај населбата, излезе од своето корито. Жителите со загриженост и револт ги чистат своите куќи исполнети со вода и кал, стравувајќи дека ваквите сцени може повторно да се повторат.По евакуацијата, дел од погодените граѓани беа сместени во спортската сала, каде што ги посети и градоначалникот на Кичево. Тој информираше дека на граѓаните им се об

Македонија | пред 10 месеци

media-librarym53llh1mra4hf32jJYe

(Видео) Гори фабриката „Комодита“ во Косово

Голем пожар попладнево избувна во објектот на фабриката „Комодита“ во Ѓаковица, Косово. Густиот чад и силните пламените јазици беа видливи од повеќе делови на градот, а на терен веднаш беа испратени сите служби за итни случаи.Портпаролот на Косовската полиција за регионот на Ѓаковица, Шеремет Елезај, за медиумот „Сињали“ изјави дека пријавата за пожарот била примена околу 16:40 часот. Пожарот избувнал во објект на улицата „Ѓерѓ Соколи“.„Полициските екипи и пожарникарите веднаш реагираа и работат

Свет | пред 10 месеци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против две државјанки на Република Бугарија, осомничени за повеќекратни кражби и обиди за незаконско подигнување пари од банкарски сметки.Според обвинителството, првоосомничената во пет наврати, а последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници со пари, документи и банкарски картички, по што се обидувале да повлечат дополнителни средства од банкомати.Еден од инцидентите се случил на 4 април 2025 година в

Скопје | пред 10 месеци

media-libraryi6fgq9cvg7okejUzZI2

Хартијата и картонот можат да се рециклираат до седум пати

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ потсетува дека правилната селекција на хартија и картон во домаќинствата и бизнисите овозможува нивна повторна употреба за создавање на нови производи. Хартијата треба да биде чиста и уредно спакувана за да може да се рециклира, а истата може да се обработува и до седум пати.Рециклирањето на хартијата ја намалува загаденоста, го олеснува оптеретувањето на депониите и ѓубришта, штеди енергија и природни ресурси, ги намалува емисиите и ја намалува потребат

ОО | пред 10 месеци

media-library5qhgafnpcvl3emIIScV

ЈП „Охридски Комуналец“ најавува подигнување на селектиран отпад

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека на 9 јануари 2026 година (петок) ќе се врши подигнување на селектиран отпад од пластика и хартија од кантите за селекција на корисниците од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.Според Календарот за 2026 година за подигнување отпад од пластика и хартија, претпријатието апелира граѓаните да ги почитуваат датумите за селекција, со цел правилно управување со отпадот и заштита на животната средин

ОО | пред 10 месеци

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба на повеќе локации: Поплави и евакуации по обилните врнежи, најкритично во Охрид, Кичево и Битола

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми на повеќе локации низ државата, информира Центарот за управување со кризи во вонредна информација за состојбата до 13:00 часот.Во Охрид и околината регистрирани се поплавени подрумски простории, дворови и неколку објекти во градот. Поради излевање на дел од водотеците, на терен се ангажирани локалната самоуправа и Кризниот штаб, додека екипите на јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат за отстранување на вод

Македонија | пред 10 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски до Филипче: Опозицијата е незрела, безидејна и неодговорна

Сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие, можевме и без лидерска средба, вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на одбивањето на лидерот на СДСМ да оди на лидерска средба.„Тема на лидерската средба не беше само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој и генерално опозицијата, нам не ни е потребна лидерска средба

Македонија | пред 10 месеци

ljutkov

Синдикатот за култура контра Љутков: Преседан, министерот ги пречекорува овластувањата и се поставува над судот

Синдикатот на култура, остро реагира на Упатството на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со кое како што велат, се обидува да го поништи она што судот веќе јасно и недвосмислено го утврди: дека платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата.Во писмото до Министерството, министерот и до Владата пишуваат:,,Наместо да спроведе судска пресуда, министерот

Македонија | пред 10 месеци

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Трамп нуди по еден милион долари за секој жител на Гренланд? Би потрошил вкупно 58 милијарди долари

Додека од Белата куќа пристигнуваат информации дека американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за купување на Гренланд, данските медиуми паралелно пренесуваат изјави на официјални лица дека данската територија не е на продажба, како и шпекулации за евентуалната цена на најголемиот остров во светот.Аналитичари на холандската финансиска група Рабобанк излегоа со аргументирана проценка дека САД би можеле да понудат околу 50 милијарди долари за Гренланд, односно приближно

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Во недела, 11 јануари во треба да се одржат повторените избори за градоначалник во четири општини:Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.Според податоците од Државната изборна комисија, во овие општини во првиот круг на 19 октомври 2025 година, не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.Согласно Изборниот законик на повторените избори не е потребна излезност од една третина

Македонија | пред 10 месеци

grip

Грипот коси, нови 1.725 случаи, можно одложување на почетокот на второ полугодие

Грипот се приближува до пикот.Регистрирани се 1.725 случаи заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември до 4 јануари, што е за 2,2 пати повеќе споредено со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771.Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, изјави дека има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на натамошно зголемување во наредниот период. Според неа, ова не е ништо ново со оглед на периодот со празници, прослави и собира

Македонија | пред 10 месеци

media-library6qj7eteognim9X1jADF

Филипче: Нема лидерска средба со Мицкоски, техничката влада мора да остане

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција порача дека нема да има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дека техничката влада мора да продолжи да функционира, обвинувајќи ја власта за обид за бегство од одговорност преку предвремени избори.Филипче оцени дека повиците за разговори за техничка влада се алиби за распишување предвремени парламентарни избори и дека, според него, сценариото е однапред подготвено. Тој тврди дека актуелната власт е во финансиски теснец и дека се оби

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryfls72juvp8ht3UJ4uAV

(ФОТО) ДЗС: 30 полски кревети и ќебиња за привремено згрижени лицата заради поплавите во кичевско

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево.Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортската сала „Македонија“, каде што веќе беа сместени привремено згрижени лицата погод

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryvlnl7gd19331fEgz0Z3

Обилните дождови ја доуништија запуштената инфраструктура: канализации и водотеци ги поплавија Охрид, Кичево и Тетово

Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави и материјални штети во повеќе делови од земјава, информира Центар за управување со кризи (ЦУК). Најпогодени се западните и југозападните региони, каде што локалните власти, јавните претпријатија и кризните штабови се на терен и интервенираат.Во Охрид и околината, поради интензивните дождови, поплавени се подруми, дворови и неколку објекти во градот. Дел од водотеците се излеале од коритата. Локалната самоуправа и кризниот штаб постапуваат на терен, а е

Македонија | пред 10 месеци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Пријава за физички напад од партнерка во Центар

На 08.01.2026 во 00:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријави дека на 04.01.2026 во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата 36-годишна партнерка И.В. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР

Скопје | пред 10 месеци

pariz-traktori

(Видео)Фармерите ги блокираа Ајфеловата кула Триумфалната капија

Земјоделците во Париз ги блокираа Триумфалната капија и Ајфеловата кула. Незадоволството на земјоделците, кои протестираат веќе со недели, е насочено против политиката на колење говеда погодени од болеста јазлеста кожа, ниските цени на пченицата и високите трошоци за ѓубрива.Околу стотина земјоделци се собраа во Париз, и покрај забраните, протестирајќи против договорот за слободна трговија со Меркосур и барајќи административни поедноставувања.Демонстрантите ги блокираа Триумфалната капија и Ајфе

Свет | пред 10 месеци

media-libraryh4bo0ni7vne8bFx4KOA

Сопственичката на швајцарскиот бар бегала со касата додека луѓето гореле?

Се појавија нови информации за трагичниот пожар во Кран-Монтана, каде што во новогодишната ноќ во клубот Ле Констелацион животот го загубија 40 лица, претежно млади. Како што објавува италијанскиот весник Ла Република, надзорните камери наводно ја снимиле сопственичката Џесика Морети како го напушта клубот држејќи ја касата со пари.Сведоци тврдат дека сопственичката побегнала со касата цврсто притисната во рацете додека гостите гореле. Поради тоа, полицијата ги прегледува сите достапни снимки од

Свет | пред 10 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Богородица и Меџитлија затворени 48 часа

Грчките земјоделци 48 часа ги блокираат блокада граничните премини Богородица и Меџитлија.Од 10 часот по македонско време затворен е граничниот премин Меџитлија, а од 11 часот и преминот Богородица.Два дена ќе се блокира целата национална патна мрежа, локалните патишта, автопатите, и граничните премини.Блокади нема на граничниот премин Дојран.Грчката Влада соопшти дека од 27 барања на земјоделците, седум не може да се исполнат.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања