Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

polska-dron

Полската одбрана со часови не забележала дека руски воен дрон лета над нивната земја

Рускиот борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитари“, специјализиран за воени теми.Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска.Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/

Свет | пред 1 година

maja-meteo-hr

(Фото) Бура се приближува од морето кон Умаг, Маја Краљик, направи неверојатни фотографии

Маја Краљик, метеограф и ловец на бури вчера направи зачудувачки фотографии од облаци од бура кои се приближуваат кон Умаг од морето.Во средата наутро, 20 август 2025 година, Умаг и поширокиот регион Истра беа погодени од силна бура, придружена со обилни дождови, грмотевици и силни налети на ветер. Метеоролозите еден ден претходно издадоа црвено предупредување за можност од опасни временски услови. Граѓаните беа повикани да бидат внимателни, а локалните служби ја следеа ситуацијата на терен. Бур

Балкан | пред 1 година

klikni-jadi

„КликниЈади“ прекинува со работа на неопределено време

Од денеска македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ го прекинува своето работење на неопределено време. Вчеравечер на официјалната веб-страница на компанијата беше објавена кратка порака:„Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето.“„КликниЈади“ започна со работа во 2015 година како семеен бизнис и во изминатите речиси десет години успеа да се етаблира како еде

Македонија | пред 1 година

bujar-osmani

Османи гледа бетонска џунгла во Чаир, општина во која ДУИ победува на избори повеќе од деценија

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи од ДУИ, денеска го претстави системот „Градежна стража“ како дел од својата програма против урбаниот хаос и нелегалното градење. Иако зборува за „бетонска џунгла“ и политичка заштита на дивоградби, критичарите потсетуваат дека токму ДУИ повеќе од една деценија ја контролира општината, па одговорноста за хаосот кој денес Османи го осудува е во голема мера нивна.„Во Чаир одамна е изгубено чувството за ред и поредок во градењето. Се гради без дозвол

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-08-16-at-00.47.03

(Видео) Политички прогон во Србија – пратеник и активистка во притвор

Српската јавност е вознемирена откако властите изрекоа казни за двајца претставници на Движењето на слободни граѓани (ПСГ). Пратеникот Радивој Јововиќ доби 30 дена затвор во Клиса, додека неговата сопартијка и активистка Исидора Челекетиќ е испратена во домашен притвор со можност да остане таму и до три месеци.Јововиќ беше приведен на 19 август за време на блокадата на Основниот суд во Нови Сад, кога се обидел да влезе од страничниот влез. Само неколку часа подоцна беше уапсена и неговата девојк

Свет | пред 1 година

policija-policaec-35-450x270-1

Обвинение за шест полицајци и две лица поради злоупотреби со странци: го кршеле законот за да земат 950 евра мито

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против шест полициски службеници и уште две лица.Од доказите произлегло дека првообвинетиот заедно со две лица, за кои постапката е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Со искористување на своето претпоставено влијание врз двајца полицајци, тие влиј

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-21-at-09.43.32

(Видео) Мицкоски на гробишта во Кочани, родители се пожалија на притисоци и заплашување

Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи на градските гробишта. Тие му ги кажале проблемите со кои се соочуваат, се пожалиле на притисоци. Имале забелешки и на постапувањето на институциите.„Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и сето тоа ни е дополнителен стрес“, рече мајка на загинато дете, а Мицкоски возврати

Македонија | пред 1 година

272362688_2229821540501382_809533397131494080_n-1

Лажната бомба на скопскиот аеродром која напраи хаос ја пријавил 26-годишник од Кисела Вода

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против С.А. (26) од Скопје, кој се сомничи за кривично дело „тероризам“.Како што соопштија од Министерството, на 16 август годинава, во 02:41 часот, тој преку телефонската линија 192 лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требало да полета кон Турција.Веднаш биле активирани антитерористички протоколи и аеродромот бил затворен за сообраќај неколку часа. Сите планир

Македонија | пред 1 година

gaza-palestina-zname

Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата

Израелските одбранбени сили потврдија дека започнале со првични операции кои се дел од долгорочно планираната копнена офанзива за преземање на градот Газа. Според официјалните информации, израелските војници веќе воспоставиле контрола врз делови од периферијата на градот, вклучувајќи ги областите Зејтун и Џабалија.Портпаролот на армијата изјави дека акциите претставуваат подготвителна фаза за целосно освојување на градот, план кој вчера го одобри министерот за одбрана Израел Кац, а оваа недела т

Свет | пред 1 година

Sasko-Kedev-i-Ganka-Cvetanova-1-bg-na

Иако не ја посочи, „Систина“ најави тужба против Кедев, Министерството со вонредни надзори

Остри реакции ја потресоа здравствената сфера откако Клиничката болница „Аџибадем Систина“ најави тужба против кардиологот Сашко Кедев. Повод се неговите тврдења дека во приватни болници се изведуваат непотребни интервенции заради профит.„Најголем дел од мојата консултативна работа е да ги одвратам луѓето од непотребни интервенции. Се соочуваме со непотребни постапки во приватни установи, кои се профитно ориентирани. Имаме докази дека одредени центри би требало да се затворат од медицински аспек

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-21-at-09.11.52

Јелена Карлеуша побара државно одликување: „Јас сум мајката на ЛГБТ правата на Балканот“

Пејачката Јелена Карлеуша со обемен статус на социјалните мрежи изјави дека никој друг на Балканот не направил толку за ЛГБТ заедницата колку што направила таа.„Цели генерации беа под мојот чадор и од мене црпеа сила да ја кренат главата и да се борат за своите права. Моја децениска борба им даде видливост и храброст. Јас сум мајката на човековите права за ЛГБТ заедницата“, напиша Карлеуша.Таа додаде дека нејзиниот придонес заслужува многу повеќе од симболична титула „кума на Парада на гордоста“

Магазин | пред 1 година

skopski-aerodrom

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

Основното јавно обвинителство ГОКК отвори истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, откако на 16 август преку бројот за итни повици 192 упатило лажна закана за поставена бомба во авион на релација Скопје–Анталија.По добиената дојава, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи и извршена повеќечасовна проверка, со која било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Инцидентот предизвикал чувство на страв кај патниците и сериозно го нарушил воздушниот сообраќај.За обви

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2025-08-20-at-21.43.58_a1700c48

Мајката на Ивона Антова: „Немаме душа за вашата злоба, ја носиме најголемата болка“

Мајката на загинатата Ивона Антова, една од младите жртви во трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, јавно реагираше на социјалните мрежи по коментарите и шпекулациите што кружат во јавноста. Стојка Иванова Антова упати потресна порака во која зборува за семејната болка и за односот на дел од јавноста кон нивната трагедија.„Да, вистина е – ја изгубивме нашата единствена ќерка, нашата Ивонче. Тоа е најтешкото нешто што може да му се случи на човек. Болка што не се кажува со зборови, живо

Македонија | пред 1 година

zelenski-putin

CNN: Кремљ ја отфрли можноста за средба Путин–Зеленски

И покрај сигналите од Вашингтон за можен директен состанок меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега го отфрла тоа сценарио. Според CNN, рускиот претседател не е подготвен – а можеби никогаш и нема да биде – да седне на иста маса со својот украински колега.По најавите од Белата куќа за идеја за билатерален состанок, Кремљ веднаш ги спушти очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека било разговарано за можност за „подигнување на нивото“ на руската и украинската делега

Свет | пред 1 година

siena-pariz

Франција: Во Сена пронајдени четири тела, уапсен осомничен за убиство

Француската полиција уапси маж кој се сомничи за убиство, откако во реката Сена кај Париз беа пронајдени четири тела, пренесува BBC.Првото тело било забележано на 13 август од страна на минувач кај мостот во предградието Choisy-le-Roi, југоисточно од Париз. Истата вечер, полицијата при претрес на подрачјето пронашла уште три тела во водата. Според обвинителството, една од жртвите била задавена, а кај друга биле утврдени траги од насилство.Првата идентификувана жртва е локален маж на 40-годишна в

Свет | пред 1 година

53a9663d-c7d7-49b5-9fd6-b556f774a5e5

(Видео) Телескопот Џејмс Веб откри нова месечина околу Уран

NASA соопшти дека е откриен нов, мал сателит кој орбитира околу Уран. Месечината, со дијаметар од околу десет километри – големина еквивалентна на 90 фудбалски терени – за првпат била забележана на 2 февруари преку вселенскиот телескоп James Webb. Со ова откритие, бројот на познати месечини на седмиот планета од Сонцето се зголеми на 29.„Ниту една друга планета нема толку многу мали месечини како Уран“, вели Метју Тискaрено, виш истражувач во Институтот SETI и член на научниот тим. Тој додава де

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Макрон: Израелската офанзива врз Газа може да доведе до вистинска катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека планираната израелска воена офанзива врз Газа може да предизвика „вистинска катастрофа“ – и за Израелците и за Палестинците – со ризик целиот регион да биде втурнат во „постојана војна“.Макрон изјави дека разговарал со јорданскиот крал Абдула II и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, истакнувајќи дека тројцата лидери делат убедување оти единствено политички и хуманитарен пат може да стави крај на конфликтот.„Веруваме дека сам

Свет | пред 1 година

filip-andov

Му судат на ексдиректорот на затворот во Шутка, тој вика: Не сум прекршил закон, полицајците правилно си работеле

Се одложи судењето за случајот против поранешниот директор на Затворот „Скопје“ Филип Андов и против повеќе полициски службеници, обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување.Обвинителството ги товари дека во 2024 година дозволувале осуденици да бидат спроведувани до нивните домови и други локации за приватни потреби.Рочиштето беше одложено по барање на одбраната, за да изврши увид во доказите. На следното судење обвинетите ќе треба да се изјаснат дали се чувствуваат виновни.Андов п

Скопје | пред 1 година

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ, кој починал по 12 дена поминати во кома, јавно апелира за правда и обвинува дека институциите молчат.„Кажете кој е тој што го усмрти мојот син единец, Ален Чириковиќ. Никој не пишува, ниту се обраќа. Јас сум мајка. Ако нема правда, јас ќе пресудам,“ порача таа.Хаџибулиќ вели дека трагедијата се случила на 9 мај, кога нејзиниот син паднал во кома. По 12 дена, на 21 мај, семејството го погребало, но, според неа, случајот не добил никакво внима

Скопје | пред 1 година

karpos-skopje

Прекин на струја во „Карпош 4“ – градежни работи оштетиле кабел!

Жителите на скопската населба „Карпош 4“ денеска се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија.Од ЕВН Македонија за „Скопје1“ објаснија дека дефектот е предизвикан од искинат среднонапонски кабел. Кабелот бил оштетен од страна на друг субјект кој изведувал градежни работи за свои потреби.„Екипите на Електродистрибуција се веќе упатени на терен за санација на дефектот“, велат од компанијата.

Скопје | пред 1 година

policiska-lenta

Двајца мажи пронајдени мртви во Скопје и околината, телата дадени на обдукција

Во магацин на фирма во село Чојлија и во дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени починати двајца мажи на возраст од 39 и 50 години. Во двата случаи лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција.На 19.08.2025 во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. Лекар од Итна медицинска помош

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Децата од ВП Дом Тетово учеа за љубов кон животните преку работилница со Војо Иванов

Децата од Воспитно-поправниот дом Тетово имаа несекојдневна дружба со животни преку работилница на едукаторот Војо Иванов. Активноста им овозможи да научат повеќе за односот кон животните и природата, но и да развијат емпатија, доверба и позитивни искуства кои се дел од нивната ресоцијализација.Во рамки на проектот "Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции", финансиран од Европската Унија, Хелшинскиот комитет организираше посета на ВП Д

Македонија | пред 1 година

crtez

Алексеј заврши во руски затвор поради антивоен цртеж на ќерка му, Германија му ја одби визата

Алексеј Москалјев и неговата ќерка Маша, кои избегаа од Русија откако тој беше затворен поради нејзиниот антивоен цртеж, се соочуваат со нова неизвесност. Германија, земјата каде што се надеваа дека ќе најдат безбедно засолниште, го отфрли нивното барање за хуманитарна виза, суспендирајќи ја програмата за руски дисиденти. Нивната судбина, како и онаа на стотици други противници на режимот на Путин, сега е под знак прашалник, објавува Euronews.Приказната започна со цртеж од тогашната шестоодделен

Свет | пред 1 година

Mickoski-Carina

Мицкоски: Македонија заштеди 115 милиони евра, нема отворање на рудникот „Казандол“

Македонија извојува победа во арбитражната постапка за раскинатата концесија за рудникот „Казандол“, со што државата избегна оштетно побарување од 115 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека добиената арбитража значи и потврда дека рудникот нема да се отвори.„Ова е втора арбитража што ја добива оваа влада и очекуваме уште најмалку две во периодот што следи“, изјави Мицкоски, додавајќи дека државата мора да истражи зошто во минатото сите арбитражи се губеле, а сега се добиваат.Тој

Македонија | пред 1 година

orce-kiselavoda-4

Орце Ѓорѓиевски отвори платформа – граѓаните ќе предлагаат проекти за иднината на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце, најави дека изборната програма ќе се креира преку отворена платформа со идеи и предлози од граѓаните. Тој порача дека секој предлог е важен и дека токму преку заедничко учество може да се изгради европска метропола во која младите ќе гледаат иднина, семејствата сигурност, а возрасните достоинствен живот.Биди гласот на Скопје – твојата идеја за европска метропола!Почитувани сограѓани, Скопје отсекогаш бил град на надежта, град

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања