Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

bolnica-bitola

Тешко повредена Албанка во сообраќајка кај Меџитлија, уште три се со полесни повреди!

Четири лица од Албанија, меѓу кои и малолетничка, се повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Меџитлија, при што 47-годишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди.На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни по

Македонија | пред 1 година

pozar-3

Голем пожар кај Октиси, во опасност имотот на жителите – побарана итна воздушна интервенција

Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението. Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција.-Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според процен

Македонија | пред 1 година

ustaven

Уставниот суд ја разгледува иницијативата за оспорување на Протоколот со Бугарија од 2022 година

Уставниот суд соопшти дека е оформен предметот УЗ.44/2025, по иницијатива на Лилјана Поповска, со кој се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија. Во тек е претходна постапка за прибирање на потребните податоци и известувања пред донесување на одлука.Од наводите во иницијативата:Подносителката на иницијативата наведува дека со оспорениот Протокол е прекршен член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот и тврди

Македонија | пред 1 година

dksk_0_0

Изборот на нов претседател на ДКСК замрзнат! Ќе биде назначен по локалните избори

Процесот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе биде замрзнат до завршување на локалните избори на 3 ноември. Одлуката е донесена откако ДКСК соопшти дека нема надлежност да се произнесе дали изборот е итен по оставката на Татјана Димитровска и отворањето истрага против неа.Комисијата за прашања на изборите и именувањата денес ја формираше комисијата за селекција на кандидатите, но најави дека таа ќе продолжи со работа дури по изборите. Претседателот на

Македонија | пред 1 година

132768234

Два инцидента со параглајдеристи во Крушево - еден во безсознание е итно пренесен во Скопје, другиот бил заглавен на дрво

Два одделни инцидента со параглајдеристи денеска кај Мечкин Камен во Крушево го активираа Центарот за управување со кризи и итните медицински служби – едниот спортист заврши заглавен на дрво, а другиот со тешки повреди и бесознание беше итно евакуиран кон Скопје.-Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случија два одделни инцидента со параглајдеристи.Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не може безбед

Македонија | пред 1 година

bujar-osmani

„Бујар Османи е 20 години на функции без проекти за Чаир“ - Вреди порачува, „Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава“

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“.„Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите на општината во изминатите 20 години. Секогаш бил присутен само кога имал личен политички интерес,“ стои во соопштението.Во него се додава дека Османи не придонел

Скопје | пред 1 година

pozarnikari-oglas

Изгаснати пожарите во Сарај, екипите остануваат во готовност

Пожарите во општина Сарај, кои зафатија ниска вегетација кај Горно Свилари и од Радуша кон селото Дворце, се целосно изгаснати во раните утрински часови, а на терен останува надзор за спречување повторно разгорување.-Пожарите во општина Сарај, едниот кон Горно Свилари (ниска вегетација) и вториот од Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација), се изгаснати во раните утрински часови од страна на БППЗ на Град Скопје.На терен интервенираа 5 екипи со 5 противпожарни возила, како и 2 специјализирани вози

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Пијан возач со мерцедес прегазил девојче во Македонска Каменица и избегал, приведен е по два часа потрага

Возач во алкохолизирана состојба со „мерцедес“ синоќа прегазил 13-годишно девојче во Македонска Каменица и побегнал од местото на несреќата. Полицијата го лоцирла и привела за помалку од два часа, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 12 август, околу 23 часот, на улицата Каменичка, кога автомобил со италијански регистарски таблички удрил во малолетничката. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип.По кратка потрага, воз

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Нова наредба на Трамп: Националната гарда распоредена во Вашингтон, ќе го контролира „криминалот“!

По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, во Вашингтон се распоредени припадници на Националната гарда, како дел од неговиот план за справување со, како што оцени, „целосно неконтролираниот“ криминал во главниот град на САД. Војниците се позиционирани кај споменикот на Вашингтон и во областа на Националниот мол, со задача да обезбедуваат логистичка, транспортна и административна поддршка на локалната полиција, потврди портпаролот на американската армија, полковник Дејв Батлер.Федерал

Свет | пред 1 година

pozar-crna-gora1

(Видео) Пожарите ја пеплосаа и Црна Гора, загина војник кој гаснел!

Војник на Армијата на Црна Гора загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во регионот Куча, соопшти Министерството за одбрана. Станува збор за помладиот водник Дејан Божовиќ (42) од Даниловград, кој загинал во несреќен случај, и водникот Марко Иковиќ (43), кој е повреден. Несреќата се случила во услови на намалена видливост поради густ чад. Владата го прогласи 14 август за Ден на жалост во чест на загинатиот војник.Пожарите во Црна Гора и понатаму предизвикуваат големи проблеми. Иако жар

Свет | пред 1 година

putin-dimitrov

Пратеник на Путин: За мир во светот мора да се исправат грешките на Бајден

Кирил Дмитриев, економски пратеник на рускиот претседател Владимир Путин и клучна фигура во преговорите за Украина, изјави дека одлуките на поранешниот американски претседател Џо Бајден мора да се исправат за да се постигне мир во светот, пренесува RT.Дмитриев, кој е и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), на социјалната мрежа X коментираше објава на Белата куќа во која Доналд Трамп се нарекува „Претседател на МИРОТ“. Во истата објава се наведуваат и неколку светски лидери кои

Свет | пред 1 година

srbija-haos-n1

(Видео) Ескалација во Србија: повредени демонстранти, полицајци и новинари

Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени во вторник навечер во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести, откако групи приврзаници на Српската напредна странка (СНС) фрлаа пиротехника, камења, столчиња и шишиња кон насобраните, а во нив бил испукуван и огномет.Бранoт студентски и граѓански протести во Србија трае веќе девет месеци, поттикнати од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Протестите се одржуваат со барање за одговорност на власта поради

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-7300PM

УЈП со засилени контроли во градежниот сектор – на удар продажбата на станови, фиктивни цени и непријавени вработувања

Управата за јавни приходи најави интензивирање на даночните контроли во градежниот сектор, со цел откривање на „ризични состојби“ во работењето на дел од компаниите.На мета на инспекциите ќе бидат продажбата на станови по истекот на пет години од изградбата, договори со нереално ниски продажни цени, непријавени вработени и ангажмани, големи разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи, издавање фактури без прибелешки во јавните книги, како и неправилна примена на механизмот за пр

Македонија | пред 1 година

979b64c7-8fee-4ae0-8bff-3e201d1722a0

(Видео) Израел: Ослободените заложници во Газа поминале низ тортура, глад и нехумани услови

Израелското Министерство за здравство достави до Меѓународниот Црвен крст и други здравствени организации извештај за 12-те заложници кои во почетокот на 2025 година беа ослободени од Хамас. Во документот се опишуваат психолошко понижување, сексуално вознемирување, лишување од медицинска нега и живот во крајно нехумани услови – што министерството ги квалификува како мачење и сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право.Извештајот е објавен само неколку дена по објавувањето на видео-сн

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-28-at-21.19.48

(Видео) Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово. Тој посочи дека засега немаат решение, бидејќи нема ќелиски систем, а затворениците престојуваат во една просторија.Прашан како ќе го реши проблемот, рече: „Како...она што е интересно со тие ликови, тие во најголем дел од нив се исклучително примерни затвореници. Меѓутоа повторно доаѓаме до оној проблем – ти немаш начин како да ги изо

Македонија | пред 1 година

tramp-putin

Историски преседан: Путин за првпат во американска воена база, на средба со Трамп

Американските и руските лидери, Доналд Трамп и Владимир Путин, во петок ќе одржат прв билатерален состанок по повеќе од четири години, а местото на средбата е преседан – активна американска воена база на Алјаска.Како што објави CNN, изминатиот викенд американските организатори биле во трка со времето да најдат локација што ги исполнува безбедносните и техничките услови за ваков високоризичен самит. Поради туристичката сезона, изборот бил ограничен, па конечната одлука паднала на базата Joint Bas

Свет | пред 1 година

zaev-filipce-1

Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското море, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Луксузирањето, скапите јахти, скапите гоштевања и чаламот е секојдневието на Филипче и Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Додека од една страна СДС преку прес-конференции и соопштенија вели дека во Македонија тешко се живее и стандардот на граѓаните опаѓал, гледаме дека Филипче го докажува сосема спротивното. Со лекарска плата тој заедно со неговиот ментор Заев пловат на Егејското море, најверојатно со сидрото кое ги влече.Секако, не е проблем некој да оди на одмор, туку проблемот е во лицем

Македонија | пред 1 година

208629925_2853807214947928_6912460377458792794_n

Чаир не смее да се врати во рацете на човекот кој за 20 години ја претвори општината во приватна фирма за лично богатење, вели ДУИ

„Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Изет Меџити и неговиот послушник Висар Ганиу“, велат од ДУИ и додаваат:Знаат дека за време на нивните мандати, општината стана синоним за криминал, корупција и целосен хаос.Знаат дека наместо да живее меѓу луѓето за кои наводно се грижи, тој удобно живее во Бутел, а Чаир го гледа само како поле за лични бизниси и брзи пари.Меџити треба да одговори колку милиони евра влегле во нивните џебови од оваа корупција со градењето на диво?И дали со тие пари Меџити план

Македонија | пред 1 година

stojance-angelov1

Густ чад и силен ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот во Јасен! „Пожарите се подметнати“

Густ чад го оневозможува гаснењето од воздух на пожарот во ловиштето „Јасен“, кој четврти ден се обидуваат да го стават под контрола екипи со хеликоптери, ер трактори и припадници на Армијата и МВР. Во текот на ноќта успеаја да изгаснат една од линиите над патот и да спречат огнот да навлезе во боровата шума.Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пламените јазици зафаќаат стрмни и тешко пристапни делови, каде што на одредени места човечкиот пристап е невозможе

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.19

Трамп и потпретседателот Венс денеска на виртуелен состанок со Зеленски и европските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс денеска ќе учествуваат на виртуелен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на главните европски држави, јави ABC News, повикувајќи се на американски функционери.Според Reuters, европските челници најпрво ќе одржат координациски состанок меѓу себе за усогласување на ставовите пред разговорот со Трамп за претстојните преговори на Белата куќа со рускиот претседател Владимир Путин. На конференцијата, кој

Свет | пред 1 година

zelenski

Киев нема да прифати руски предлог за предавање на територии во замена за примирје, бидејќи Москва би го искористила тоа како полазна точка за нова војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев нема да прифати руски предлог за предавање на територии во замена за примирје, бидејќи Москва би го искористила тоа како полазна точка за нова војна. Во интервју за The Guardian, Зеленски порача дека Донбас – територија од околу 90.000 квадратни километри што сè уште е под украинска контрола – е клучна одбрана за централните делови на земјата.„Не го напуштаме Донбас. Не можеме тоа да го направиме. За Русите, Донбас е одскочна даска за и

Свет | пред 1 година

zaharova

Москва обвинува: Киев подготвува провокација за да го саботира самитот Трамп–Путин

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина планира „криминална провокација“ со цел да го наруши претстојниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, закажан за 15 август на Алјаска.„Криминалните провокации веќе станаа заштитен знак на киевскиот режим“, изјави Захарова, коментирајќи ги наводите на руското Министерство за одбрана.Според овие тврдења, украинските вооружени сили подготвуваат напад в

Свет | пред 1 година

ramkoven

Охридскиот рамковен договор – политичкиот документ што ја запечати мирната иднина на Македонија!

Охридскиот рамковен договор, со кој во 2001 година беше прекинат вооружениот конфликт во Македонија, претставува еден од клучните политички документи во поновата историја на државата. Потпишан е точно пред 24 години на денешен ден, во претседателската резиденција на Водно од тогашниот претседател Борис Трајковски, премиерот Љубчо Георгиевски, лидерите Бранко Црвенковски, Имер Имери и Арбен Џафери, како и од специјалните претставници на Европската унија и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Пр

Македонија | пред 1 година

IMG_7454

Скопјанец фрлал камења кон полициски хеликоптер што гаснел пожар

Полицијата приведе 55-годишен скопјанец, осомничен за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според МВР, на 6 јули годинава, додека полициски хеликоптер полнел вода од Вардар за гаснење пожар кај Блаце, осомничениот И.А. влегол во плиткиот дел на реката и почнал да мавта, а потоа и да фрла камења кон леталото.Пилотите биле принудени да ја прекинат операцијата и да сменат место на полнење, бидејќи биле „ставени во крајно безбедносно загрозување“. По спроведената истрага, И.А. е прона

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-08-10_13-39-47-293

И детето пукало од автоматска пушка во Тетово - се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – за бруталното пукање на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, при кое загина едно лице, а тројца беа тешко повредени, меѓу кои и дете.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кои е осомничено дека сторило кривично дело - Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредув

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања