Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryfbq946fqnmec5SkHMtl

Кривична пријава за тројца поради организирање и овозможување борба со кучиња во Черкези

СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица поради сомнение за сторено кривично дело „убивање и мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Пријавени се С.Р. (35) од село Камењане, Општина Боговиње, А.М. (28) од село Челопек, Општина Брвеница и С.А. (41) од село Черкези, кумановско.Според МВР, на 23 март 2026 година, во објект на поранешен угостителски објект во село Черкези, тројцата организирале и овозможиле борба со кучиња.По целосното документирање на случајот, надл

Македонија | пред 1 месец

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца малолетници приведени по кражба од деловен објект во Куманово

Двајца малолетници од Куманово се лишени од слобода поради сомнение дека извршиле кражба во деловен објект, информира Министерството за внатрешни работи.На 24 септември околу 17 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле малолетниците, кои се сомничат дека на 21 септември со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Маршал Тито“ во Куманово.Според пријавеното, од објектот биле одземени пари.Малолетниците биле задржани во полициска станица, а од МВР информираат дека по цел

Македонија | пред 1 месец

media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

Тешко е повреден 68-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Герман“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 12 часот во СВР Скопје. Во неа учествувале возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишен маж од Охрид со живеалиште во Скопје, и велосипед управуван од 68-годишен скопјанец.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телес

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

25-годишен штипјанец тешко повреден откако паднал со мопед

25-годишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.Според МВР, несреќата се случила на 24 септември околу 20:30 часот на улицата „Радански пат“ во Штип. О.Ј. од Штип, управувајќи мопед, изгубил контрола над возилото, по што паднал на коловозот.Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.При извршениот увид било утврдено дека 25-годишникот го управувал мопедот без да поседув

Македонија | пред 1 месец

media-library3pkgnj9dhmu91UTHyX2

46-годишна жена ги нападнала родителите

46-годишна жена од Струмица е лишена од слобода по пријава дека физички ги нападнала своите родители во семејниот дом, информира Министерството за внатрешни работи.На 24 септември во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица ја привеле В.Т. (46) од Струмица, постапувајќи по претходно пријавен случај.Таа е задржана во Полициската станица Струмица. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynm3johoqrvpsb3kk1wg

(Видео) МВР го расчистува случајот во Капиштец каде малолетно лице со петарда предизвика пожар

На 24 септември околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк во скопската населба Капиштец малолетно лице фрлило пиротехничко средство, по што избувнал пожар.Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

traktor-1

Тешко повреден 68-годишник откако се превртел со тракторот

На 24 септември во 09:23 часот во ОВР Делчево било пријавено дека е потребна медицинска помош за 68-годишен жител на селото Стамер, кој бил повреден во несреќа со трактор.Според пријавеното, Љ.В. управувал трактор со делчевски регистарски ознаки во близина на местото „Брана Петрашевец“, во атарот на селото Чифлик, кога изгубил контрола над возилото. Тракторот се превртел, при што тој се здобил со тешки телесни повреди.Повредите биле констатирани во болницата во Кочани. За случајот бил известен ј

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

По расправија за паркинг, со автомобил тргнал кон две лица и им турнал метална порта врз нив

На 24 септември во 18:20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.Д.(28) од Свети Николе поради инцидент што следел по претходна расправија околу паркинг.Според пријавеното, Д.Д. со патничко возило „форд“ со светиниколски регистарски ознаки тргнал кон Р.Б. и Ј.Б., двајцата од Свети Николе. Притоа, со возилото турнал метална порта од дворното место на двајцата, која паднала врз нив и им нанела повреди.За настанот бил известен јавен обвинител, а по цел

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

14-годишник нападнат од соученик со остар предмет во училишен тоалет на Бит Пазар

На 24 септември во 13:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот 14-годишен син бил нападнат од соученик во тоалетот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар.Според пријавеното, инцидентот се случил околу 09:00 часот, при што соученикот го нападнал малолетникот со остар предмет и му нанел расекотина на раката.Од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

car-fire

Опожарено возило „мазда“ во Драчево

На 25 септември во 02:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево избувнал пожар во патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 23-годишен скопјанец.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Во настанот нема повредени лица.Од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-library5oep8ieapb7s0iMliQB

Група малолетници соблекле и снимале шест годишно дете во училишна соблекувална во Кочани

На 24 септември во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен жител на Кочани пријавил дека неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато во соблекувална на спортска сала во основно училиште во градот.Според пријавеното, детето било соблечено и снимано со паметен часовник од неколку други малолетни деца, кои биле постари од него.За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа. Од ОВР Кочани преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 месец

klinikimajka-tereza

35-годишен скопјанец починал откако бил донесен во бессознание на клиника

На 24 септември во 16:54 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив бил донесен 35-годишен скопјанец во бессознание.Ф.Р. набргу починал, а лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 1 месец

ambulanta

Кобен удар од гранка кај Ораовица, почина 77-годишен маж

Трагичен настан се случил во атарот на радовишкото село Ораовица, каде 77-годишен жител на Радовиш го загубил животот откако бил погоден од гранка од топола.Според МВР, на 24 септември околу 10:30 часот, Т.Б. (73) од Радовиш со моторна пила сечел топола на нива во атарот на селото. Откако дрвото паднало, гранка го погодила Н.Т. (77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. бил на нивата.Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Рад

Македонија | пред 1 месец

media-library82ephu5g7een0mJxwQD

Татко му го тепал кога бил дете, па завршил во дом, а денес е ѓакон и ја чува чудотворната икона на Пресвета Богородица на Хаваите

Животниот пат на ѓакон Серафим започнал во околината на Кочани, каде што како дете се соочил со тешки семејни околности. Неговото родено име е Стојанче, а по разводот на неговите родители бил испратен да живее кај татко му.Според неговата животна приказна, детството во домот било исполнето со насилство и малтретирање. Поради тоа, Стојанче често не сакал да се враќа дома и утеха барал во верата и во Бога.По повеќегодишни обиди преку социјалните служби во Кочани, конечно бил упатен во дом за деца

Македонија | пред 1 месец

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Охрид, Струга, Кичево и Дебар од 12 октомври под надзор на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за безбедносната состојба, тековните активности и приоритетите во работењето.Во СВР Охрид, главна тема биле подготовките за ставање во функција на командниот центар потребен за примената на системот „Безбеден град“. Според Тошковски, активностите се во завршна фаза, а системот се очекува да започне со работа од 12 октомври на

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Во Скопје в недела, 27 септември, ќе се одржи протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на ОВК.Маршот ќе започне во 14 часот на плоштадот „Скендербег“, а е најавен од Организацискиот совет. Феџри Асипи упати повик до граѓаните и албанските политички партии да се приклучат на протестот.Според најавата, на маршот се поканети и семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и

Скопје | пред 1 месец

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Подметнат пожар во радовишко Калаузлија, приведен 68-годишник

Жител на радовишкото село Калаузлија е лишен од слобода под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 24 септември околу 12:30 часот, на местото викано „Голема река“, пожарот зафатил нискостеблеста шума и сува трева. По интервенцијата на Територијалната противпожарна единица Радовиш, огнот бил изгаснат, а во пожарот нема повредени лица.Неколку часа подоцна, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А. (68) од

Македонија | пред 1 месец

1-5

Бугарија порача дека е отворена за дијалог откако Муцунски побара посредување од ЕУ во разговорите

Бугарија изразува подготвеност за конструктивен дијалог со Македонија и оценува дека прашањето за нејзиното пристапување кон Европската Унија треба да се разгледува во рамките на европските институции.Ова е наведено во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи, објавен по изјавите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека Македонија сака во идните разговори со Софија да биде вклучен и претставник на Европската Унија.Од бугарското Министерство посочуваат дека ја поддржув

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq0u8ia2ua07h6R36hwk

Викендов нè очекува „Жетвената Месечина“ – најсветла ќе биде во сабота

На ноќното небо овој викенд ќе може да се види една од најпознатите полни месечини во годината – „Жетвената Месечина“. Во 2026 година таа ќе достигне максимална осветленост во сабота, 26 септември, а доколку временските услови бидат поволни, ќе изгледа полна и светла неколку ноќи по ред.Називот „Жетвена Месечина“ се користи за полната Месечина која се појавува најблиску до есенската рамноденица. Бидејќи годинава рамноденицата беше на 22 септември, септемвриската полна Месечина го добива ова име.

Македонија | пред 1 месец

media-library1sluq7l0ulcofuyVD1u

GPS-тракер, детектор за прислушување и илјадници евра пронајдени во багажот на двајца странски државјани на аеродром во Црна Гора

Проверката на багажот на двајца странски државјани на аеродром во Црна Гора резултирала со нивно апсење, откако полицијата пронашла специјализирана опрема која може да се користи за надзор и откривање уреди за прислушување.Уапсените, 31-годишниот руски државјанин Александар Михаиловиќ Кругљански и 42-годишната израелска државјанка Александра Кругљанска, се обидувале да се качат на лет за Тел Авив. Со себе носеле вкупно 19 куфери и торби.При деталниот преглед, во повеќе од половина од багажот бил

Балкан | пред 1 месец

media-libraryh0vfsulng1pe9grhCn7

Вајц ја истакна природната убавина на Македонија како значаен потенцијал за економиски развој

На климатските промени веќе не треба да се гледа само како на иднина, туку како на реалност на која општествата мора да се приспособат, порача европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, на Втората работна сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Македонија, посветена на животната средина.Вајц посочи дека последиците од глобалното затоплување се сè поизразени, особено во земјоделството. Како пример ги наведе топлотните бранови, сушите и шумските

Македонија | пред 1 месец

media-librarya11porck5roq5y7qqpk

Крстовден во Рајчица: Вечерна богослужба во сабота, архиерејска литургија во недела

Во Манастирот Рајчица, посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, викендов со свечени богослужби ќе биде одбележан големиот христијански празник Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов – Крстовден.Од манастирот информираат дека празнувањето ќе започне во сабота, 26 септември, во 18 часот, со свечена празнична вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј.На крајот од вечерната богослужба, про

Македонија | пред 1 месец

media-library0lsa8174fise0DsiBco

(Видео) Кузеска: Кој плаќа лоби за Мицкоски - трговец со оружје кому казната му ја платил човек од кокаинскиот канал

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, отвори прашања околу ангажманот на скопската компанија „АТС Груп“ со американската лобистичка фирма „Mercury Public Affairs“ и нивната поврзаност со теми што Владата ги претставува како стратешки државни интереси.Кузеска се повика на американскиот регистар FARA, каде што под број 6170 е наведено дека „Mercury Public Affairs“ е ангажирана од „ATS Group DOOEL Skopje“. Според податоците што ги изнесе, месечни

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfpq1ud7mj7ivaf0QRzn

Утре посебен режим на сообраќај околу арената „Тодор Проески“ во Скопје

На 26 септември 2026 година, со почеток во 20:45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра фудбалски натпревар од Лигата на нации меѓу репрезентациите на Македонија и Швајцарија.Поради одржувањето на натпреварот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќајот.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryu050mh9qdaho850Ux34

„Најдоброто од Тоше Проески“ доби ново издание на двојна винилна плоча со 16 песни

Споменот за Тоше Проески добива ново музичко издание. Дискографската куќа „Хит рекордс“ во чест на македонскиот пејач ја објави двојната винилна плоча „Најдоброто од Тоше Проески“, која содржи 16 песни.Изданието е особено значајно за композиторот Мирослав Рус, главен уредник на „Хит рекордс“, кој со Тоше имал блиско пријателство, но и авторска соработка.Рус посочува дека работата на вакво издание за него претставува и чест и обврска, со оглед на односот што го имал со Тоше и значењето на неговот

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања