Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library5p69iekkr9u05zSKcSu

Германците поседуваат злато вредно неверојатни 1,4 билиони евра

Златните резерви во сопственост на германските граѓани достигнаа нов рекорд, надминувајќи вредност од еден билион евра. Сепак, од даночен аспект постои значителна разлика дали инвеститорите поседуваат златни прачки, накит, златни ETC-фондови или дури биткоин, пренесуваат германските медиуми.Германските домаќинства поседуваат злато чија вредност ги надмина сите досегашни рекорди. Според студијата „Инвестиции во злато 2026“, нарачана од „Рајзебанк“, а објавена од германските медиуми, приватните ин

Свет | пред 2 месеци

media-librarynbi67h0dr12t0ZDUAny

(Видео) Силно невреме во Крива Паланка: Концертот одложен за денеска

Силно невреме вчера ја зафати Крива Паланка, оставајќи последици поради кои организаторите одлучија да го одложат планираниот концерт.Од Општина Крива Паланка информираа дека поради последиците од невремето е потребна целосна проверка на сценската и техничката опрема, како и нејзино безбедно ставање во функција.Поради тоа, концертот наместо вчера ќе се одржи денеска, 30 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка. Времето останува непроменето, односно концертната програма ќе започне во 20:00 ч

Македонија | пред 2 месеци

media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Најмногу дожд во Крива Паланка – измерени 30 литри на метар квадратен

Најмногу врнежи во изминатите 24 часа се измерени во Крива Паланка – 30 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на УХМР.Следуваат Струмица со 18 l/m², Виница со 13, Берово со 8, Тополчани со 6, Битола со 3, додека во Радовиш, Пожар и Крушево се измерен по 1 литар на метар квадратен.Од УХМР напоменуваат дека поради локалниот карактер на временските процеси, количината на врнежи може значително да варира, па на одделни места може да паднал и многу поголем воден талог.За денеска се очекува

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Осум активни пожари во Македонија, 17 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, до 07:30 часот на 30 август, во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор.Од нив, 8 пожари се активни, 2 се под контрола, додека 17 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни пожари има во општините Ресен, Сарај, Петровец, Јегуновце, Чашка, Прилеп и Боговиње. Горат различни видови ниска и мешана шума, ниска вегетација, а во два случаи пожарите се на депонија и кај Касарната во Прилеп.Два пожари се ставени под контрола – во

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата

Поминаа седум недели. Цел еден град, Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија по болници, велат од опозциската СДСМ.„Уште во 50 населени места ширум државата беше објавено дека има небезбедна водаГостивар.Крушево.Валандово.Свети Николе.Демир Капија.Булачани.Пласница.Лешок.Преглово.Маврово.Рич.Белотино.Башино Село.Елшани.Велестово.Сушица.Зубово.Дражево.Борисово.Колешино.Ново Коњарево.Порој.Џепчиште.Речица.И во уште многу други места водата не беше безбедна за пиење.Загадување се појави во

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysq1p9eciees46rBeKrq

(Видео) Дождот не ги запре: Со големо оро заврши „Етно плоштад фестивал“ во Берово

Со големо оро под дождот заврши „Етно плоштад фестивал“ во Берово, покажува видеото што до редакцијата го испрати наша читателка.Иако времето не им беше наклонето, дел од младите кои останале до самиот крај не се откажале од забавата и се фатиле на заедничко оро.„Вечерва во Берово вака го затворивме ‘Етно плоштад фестивалот’. И покрај дождот, сите млади кои останаа се фатија на оро“, раскажува читателката.На видеото се гледа како присутните играат на плоштадот и покрај врнежите, со што фестивало

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло време денес, температурите до 36 степени

Денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21 степен, а максималната ќе достигне 36 степ

Македонија | пред 2 месеци

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп склучи голем нафтен договор со Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД постигнале договор со Венецуела со кој би добиле мнозинска контрола врз повеќе од 65 милијарди барели докажани нафтени резерви во земјата. Трамп го опиша договорот како „најголемиот нафтен договор во историјата на светот“.Според неговата објава на „Truth Social“, преговорите биле водени по негово упатство од американскиот државен секретар Марко Рубио, секретарот за одбрана Пит Хегсет и привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез,

Свет | пред 2 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

(Видео) Зеленски по трагедијата кај Киев: „Страшна неодговорност, експлозиви биле складирани до луѓето“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска остро реагираше на трагедијата во селото Мила во Киевската област, каде што во серија експлозии загинаа најмалку 37 луѓе, а 42 се повредени.„Ситуацијата во селото Мила е ужасна и станува збор за страшна небрежност на тие што складирале експлозиви во непосредна близина на луѓето“, изјави Зеленски.Експлозиите се случиле по руски напад во округот Буча, при што биле предизвикани големи материјални штети и загрозени жители од околното подрачје.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од нагло зголемување на цените во текот на зимата.„Пониските нивоа на залихи природно го зголемуваат ризикот од поголема нестабилност на цените во текот на зимата“, предупредува аналитичарот за гас Грег Молнар.Ситуацијата би можела дополнително да се влоши доколку Европа се соочи со долготрајни студени бранови или периоди со слаб ветер, бидејќи тогаш раст

Свет | пред 2 месеци

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Трагедија во Србија: Полицаец го убил зетот и 19-годишната внука, па се самоубил

Тешко семејно злосторство денеска го потресе Велико Градиште, Србија. Според информациите на српските медиуми, службеник на граничната полиција, Б.К., со пиштол ги убил својот зет и 19-годишната внука, а потоа си го одзел животот.Во пукањето биле повредени и неговата сестра и мајката на зетот. Тие се пренесени на лекување, а лекарите се борат за нивните животи.Според досегашните информации, трагедијата наводно започнала по семејна расправија околу имотни прашања. Злосторството се случило во куќа

Балкан | пред 2 месеци

uranija

Уранија Пировска: Далибор Китановиќ не смее да биде вршител на каква било функција

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, денеска упати остри критики до директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, по неговата објава за Ратко Младиќ.Во објава на Фејсбук, Пировска оцени дека Китановиќ треба да одговара согласно со членот 407-а од Кривичниот законик, кој се однесува на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства.„Нема тука простор за негово одлучување. Чо

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германија се подготвува за остри мерки против Русија по инцидентот со дронот во Лајпциг

Германија се подготвува за заострување на односите кон Русија, откако Берлин наводно планира директно да ја обвини Москва за обидот за напад со дрон во Лајпциг и да воведе „обемни“ санкции.Според неколку извори запознаени со планот, германската влада разгледува директни мерки против руски субјекти, паралелно со новиот пакет санкции што се подготвува на ниво на Европската Унија. Објавувањето на мерките се очекува на почетокот на следната недела, во пресрет на состанокот на министрите за надворешн

Свет | пред 2 месеци

media-libraryt01un804g9469k4t9ol

Турски и сомалиски специјалци ослободија киднапиран брод, убиени 14 пирати

Турски и сомалиски специјални сили го ослободиле товарниот брод „МВ Лутуф“, кој бил киднапиран во близина на сомалискиот брег. Во операцијата биле убиени 14 пирати, а ослободени се сите 10 членови на екипажот и двајца обезбедувачи.Бродот, кој е во сопственост на турска компанија и плови под знамето на Камерун, бил киднапиран на 17 август во близина на регионот Нугал. Напаѓачите го насочиле кон Пунтланд.Според сомалиското Министерство за одбрана, заедничката операција за ослободување на бродот тр

Свет | пред 2 месеци

media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Непал бара меѓународна помош по катастрофалните поплави: Над 3.000 исчезнати

Катастрофалните поплави во Непал однесоа повеќе од 670 животи, а над 3.000 луѓе и натаму се водат како исчезнати по разорното невреме што го погоди хималајскиот регион долж границата со Тибет.Спасувачките операции продолжуваат по привремениот прекин предизвикан од лошите временски услови и опасноста од ново излевање на езеро во пограничниот регион.Според последните податоци, во Непал се водат како исчезнати околу 2.426 лица, а уште 554 во тибетскиот округ Гиронг. Меѓу исчезнатите има најмалку 54

Свет | пред 2 месеци

20180510_213816

Во вторник стартува новата линија на градскиот воз во Скопје

Од вторник започнува да сообраќа новата линија на Градскиот воз меѓу Зелениково и Скопје, со вкупно осум поаѓања дневно во двата правци.Новата железничка врска треба да им овозможи на жителите на Зелениково и околните населени места побрзо и полесно патување до главниот град, особено на оние кои секојдневно патуваат поради работа, училиште или факултет.Возовите ќе сообраќаат во утринските и попладневните часови, кога се очекува најголем број патници.Со воведувањето на линијата се очекува дел од

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryjstaf690m545b6bUVp4

(Фото) Пожар кај Ресен, огнот се движи кон Претор

Попладнево избувна пожар во близина на Ресен, кој според првичните информации се движи во правец на Претор.Засега нема информации за големината на зафатената површина или дали има екипи на терен.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3v1okngkog6c9sWWKQp

До 18 часот регистрирани 18 пожари во земјава, осум сè уште активни

Во земјава до 18 часот денеска се регистрирани 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а девет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Најголем број активни пожари има во повеќе општини. Во Ресенско гори меѓу селата Бела Црква и Подмочани, каде што се зафатени борова шума и ниска вегетација.Активен е и пожарот на подрачјето на Студеничани и Зелениково, од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот кон Палиград, во правец на Преслап,

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер.Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуална материјална штета.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Најмалку 37 загинати во руски напад кај Киев: Погодено складиште со муниција во близина на цивили

Најмалку 37 лица загинаа, а 42 се повредени во руски напад со дрон врз складиште за муниција во близина на Киев, при што експлозиите предизвикале голема материјална штета и го отворија прашањето за складирањето на воен материјал во близина на населени места.Според локалните власти, меѓу повредените има и четири деца. Во нападот бил погоден објект со муниција, поставен во непосредна близина на семејни куќи и дом за стари лица и лица со попреченост. Оштетени се повеќе од 50 објекти, а 381 лице бил

Свет | пред 2 месеци

media-library01g21avtrfs9fg63bh6

Почина режисерот и драматург Кирил М. Петрески

Македонската театарска сцена загуби уште еден значаен автор. Почина режисерот и драматург Кирил М. Петрески, долгогодишен член на прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“.Веста за неговата смрт денеска ја соопшти Театарот „Војдан Чернодрински“, од каде што изразија сочувство до неговото семејство, блиските, колегите и соработниците.Петрески, кој живееше од 1971 до 2026 година, од 2013 година работеше како драматург и режисер во НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ во Прил

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Обид за палење на дуќан во Центар, оштетени фасадата и влезната врата

Запалива течност била фрлена врз деловен објект во скопската општина Центар, при што биле оштетени фасадата и влезната врата. Во инцидентот нема повредени лица.Од СВР Скопје информираат дека случајот бил пријавен на 28 август во 20:40 часот, а според пријавеното, инцидентот се случил околу 3:45 часот во текот на ноќта.Оштетени се фасадата и влезната врата на деловен објект, сопственост на 47-годишниот Г.П. од Скопје.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите

Скопје | пред 2 месеци

media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

Германија гради 99 центри за податоци: Берлин сака да ја намали зависноста од САД и Кина

Германија се подготвува за најголемиот бран на изградба на центри за податоци во својата историја, со 99 планирани нови објекти низ земјата, од кои 41 веќе се во изградба. Новата инфраструктура треба да обезбеди поголема компјутерска моќ за развојот на вештачката интелигенција, индустриската автоматизација, услугите во облак и современата јавна администрација.Според истражување на германските медиуми NDR и „Зидојче цајтунг“, засновано на податоци собрани од повеќе невладини организации, Германиј

Свет | пред 2 месеци

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: „Не може да постои добронамерен бог, тоа е апсурд“

Професорката Мирјана Најчевска со објава на социјалните мрежи изнесе став за концептот на семоќен и добронамерен бог, при што ја поврза неограничената моќ со корупцијата.„Не може да постои добронамерен бог. Тоа е апсурд“, напиша Најчевска.Таа додава дека „моќта корумпира, а бескрајната моќ бескрајно корумпира“, по што заклучува дека, доколку богот во кој веруваат луѓето е семоќен, тогаш тој би бил „најкорумпираното суштество на светот“.

Коментари | пред 2 месеци

media-library96h0l4cejpmp123VlFK

Силно невреме го погоди Кипар: Гром удри близу човек, 11 летови се пренасочени

Силното невреме што денеска го зафати Кипар предизвика низа проблеми низ островот, меѓу кои повреден човек по удар на гром, поплавени улици, прекини во снабдувањето со електрична енергија и нарушувања во воздушниот сообраќај. Најмалку 11 летови биле пренасочени поради обилните врнежи и лошите временски услови.Четириесет и петгодишен маж се здобил со полесни изгореници на рамото откако гром удрил во негова близина, додека излегувал од капела во Като Дрис. Според заменик-шефот на полицијата во Лар

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања