Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

„Кога веќе се грозиме од пороци, да видиме што е легално, а не се користи за медицински цели: цигари“

Пушењето е легален порок што не се користи за медицински цели, а остава сериозни последици по здравјето, предупредува Ина Многуфина. Таа посочува дека физичката зависност од никотин трае од 72 часа до две недели, по што останува психичката зависност, која, според неа, може да се надмине со цврста одлука.Според податоците што ги споделува, промените во организмот започнуваат речиси веднаш по прекинот на пушењето. По 20 минути се нормализираат пулсот и крвниот притисок. По 11 часа, јаглерод моноксидот во крвта се заменува со кислород, што овозможува подобра оксигенација на клетките. По 24 часа се намалува ризикот од срцев удар.По 48 часа никотинот целосно го напушта телото, а чувството за вкус и мирис почнува да се враќа. Во период до три месеци, функцијата на белите дробови може да се подобри за околу 30 проценти. По една година ризикот од срцеви заболувања се намалува за 50 проценти, по пет години ризикот од мозочен удар се изедначува со оној кај непушачите, по десет години ризикот од рак на белите дробови се преполовува, а по 15 години ризикот од срцеви болести е сличен како кај лица кои никогаш не пушеле.Многуфина укажува и на финансискиот аспект. Доколку некој пуши по половина кутија дневно, за една година троши околу 500 евра за цигари и минува приближно 23 будни дена во пушење.Последиците не ги трпат само пушачите. Лицата што живеат со пушачи имаат 25 до 30 проценти поголем ризик од срцеви заболувања, 20 до 30 проценти поголем ризик од рак на белите дробови, како и зголемен ризик од мозочен удар и хронични респираторни заболувања, како астма и бронхитис.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки најави генерален реизбор во ВМРО-ДПМНЕ: Отворен повик до членството

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, информира дека на првата седница на Извршниот комитет е донесена одлука за генерален реизбор на претседатели на 76 општински комитети, како и на претседателите на Унијата на ветерани, Унијата на жени и Унијата на млади сили.Во обраќање до членството, Ковачки посочи дека партијата е „жива структура“ која континуирано се развива и е отворена за нови идеи и енергија. Според него, реизборот претставува можност за илјадници членови и активисти кои имаат визија, знаење и желба да придонесат во развојот на организацијата и во креирањето политики.Тој повика на вклучување на лица со интегритет, кои ќе го обединуваат членството и ќе работат одговорно и посветено. На јавниот повик можат да се пријават сите членови на партијата најдоцна до 19 февруари, а повикот е објавен на официјалната интернет-страница на ВМРО-ДПМНЕ.„Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува“, порача Ковачки, повикувајќи на активно учество во организациските процеси и во донесувањето одлуки во партијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

(Видео) Судијата со договор за продажба на удел од фирма ќе докажува дека парите не се негови, кој водел евиденција колку пари има во ѕидот?

Со договор за продажба на удел во фирма, мајката на судијата Ѓоко Ристов ќе докажува дека парите најдени во нивниот дом се нејзини, а не на синот. Ова ексклузивно го обзнани адвокатот Sвонко Давидовиќ во „Претрес со Ландов“, каде го покажа договорот. Притоа се прикажани и две уплатници со вкупна вредност од 448.000 евра, но не и докази за исплати на овие средства за да парите бидат во кеш.Според адвокатот, уделот во фирмата вреди скапо бидејќи истата е сопственик на нивата од 7.000 хектари, на која можело да се градат фотоволтаици. Давидовиќ тврди дека имало и проценка на удел која досега не ја покажа во јавност.Тој во „Претрес“ беше прашан и зошто парите не биле пријавени на истражителите, но и откри кој водел писмена евиденција за парите односно што ќе покаже графолошкото вештачење на листот каде биле запишувани сумите...Како течел претресот, зошто Ристов не го пријавил вториот стан во Антикорупциска, поседува ли друг имот за кој не се знае...Цел Претрес:

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjhv6kir83kod1UiOiHU

Жерновски: Советник на премиер за уставен судија е сигнал за потчинување на институциите

Членот на Централниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, остро реагира на одлуката на премиерот Христијан Мицкоски да предложи свој советник за уставен судија, оценувајќи дека станува збор за политички сигнал, а не за административен потег.Според Жерновски, наместо јакнење на институционалните баланси, државата се соочува со обиди за нивно потчинување. Тој посочува дека Уставен суд на Република Северна Македонија има клучна улога во заштитата на уставноста и законитоста, како и во контролата на законите и одлуките на извршната и законодавната власт.„Кога премиер предлага човек од својот најтесен советнички круг за уставен судија, се отвора сериозен институционален проблем. Не станува збор за личниот квалитет на кандидатот, туку за принципот на поделба на власта“, наведува Жерновски, прашувајќи како ќе одлучува за уставноста на владините политики лице што до неодамна било дел од тимот што ги креирал.Дополнително, тој предупредува дека ваквите потези испраќаат загрижувачки сигнал кон европските партнери во момент кога внимателно се следи состојбата со владеењето на правото. Според него, наместо демонстрација на институционална зрелост и посветеност на реформите, се создава впечаток на ерозија на контролните механизми.„Кога контролорот ќе стане дел од контролираниот, демократијата престанува да биде систем – и станува фасада“, порачува Жерновски.

Коментари | пред 2 месеци

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ подготвена и за офанзивни сајбер операции: „Не е доволно само да се браниме“

Извршната потпретседателка на Европска комисија за технолошка сувереност и безбедност, Хена Виркунен, изјави дека Европската Унија мора да развие и офанзивни сајбер капацитети, а не само одбранбени.„Не е доволно што се браниме. Мора да имаме и офанзивни капацитети“, посочи Виркунен во изјава за медиуми, додавајќи дека безбедносната средина се менува и дека Европа мора да биде подготвена за нови предизвици.Досега европските престолнини беа воздржани од јавно поддржување на таканареченото „возвратно хакирање“, стравувајќи од можни одмазди и ескалација од држави како Русија и Кина. Сепак, според наводите, климата постепено се менува, а неколку земји членки, меѓу кои Германија и Летонија, веќе размислуваат за развој на офанзивни сајбер операции.Потребата од одбранбени и офанзивни сајбер капацитети беше спомната и во белата книга за одбраната на Европската комисија, објавена во декември минатата година.Виркунен нагласи дека Комисијата идентификува критични сектори во кои Европа треба да има поголема контрола врз сопствените податоци и технологии. Тоа е дел од пошироката стратегија за намалување на зависноста од странски технолошки решенија и зајакнување на европската индустриска и сајбер автономија.„Не сакаме ризични зависности во ниту една критична област. Тоа не значи дека сè ќе правиме сами. Кога немаме сопствени капацитети, подготвени сме да соработуваме со партнери со слични вредности за да изградиме отпорни синџири на снабдување“, истакна Виркунен.

Свет | пред 2 месеци

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

САД со прелиминарна одлука: Антидампинг царина од 132,83% за руски паладиум

Министерство за трговија на САД преку својата Меѓународна трговска администрација (ИТА) донесе прелиминарна одлука за воведување антидампинг царини на увозот на необработен паладиум од Русија.Според соопштението, предложената царинска стапка изнесува 132,83 проценти. Одлуката треба да стапи во сила по нејзиното објавување во Федералниот регистар, што може да се случи веќе наредната недела.ИТА најави дека конечната одлука за антидампинг истрагата се очекува кон крајот на април 2026 година, освен ако постапката не биде пролонгирана.Паралелно, Министерството за трговија спроведува и истрага за евентуални компензаторни царини и утврдување штета. Доколку се утврди основ, можно е воведување и ретроактивни царини за рускиот паладиум.Испораките на овој метал се од значително значење за американската индустрија, што дополнително ја нагласува тежината на трговската постапка и потенцијалните економски последици.

Свет | пред 2 месеци

njtrtr

Легендата за Свети Трифун и народните обичаи на неговиот ден

Според преданието, Свети Трифун поседувал исцелителни дарби и станал познат откако ја излекувал принцезата Гордијана, ќерка на римскиот цар Гордиј. Таа тешко се разболела, а ниту еден лекар не успеал да ѝ помогне. Според легендата, духот што ја мачел изјавил дека може да биде истеран само од човек по име Трифун. Царот наредил да се пронајдат сите со тоа име, но само младиот Трифун успеал да ја ослободи принцезата од болеста.Иако бил богато награден, Трифун одлучил да се врати на својот скромен живот и одгледување гуски, а даруваното богатство го разделил на сиромашните.Со доаѓањето на царот Декиј започнале нови прогони на христијаните. Трифун одбил да се откаже од својата вера и бил подложен на тешки мачења, по што бил погубен со отсекување на главата. Бил погребан во родното место Кампсада, а подоцна неговите мошти биле пренесени во Цариград, од каде што дел бил однесен во Котор, каде што се чуваат и денес.Во народната традиција, Свети Трифун се смета за заштитник на лозарите и лозјата. На неговиот празник, лозарите симболично закројуваат барем еден чокот и го полеваат со вино, со верување дека така лозјата ќе дадат побогат род. Според народните верувања, дождлив ден на Свети Трифун носи плодна година, а ведро време најавува суша.Во народната свест, празникот се поврзува и со доаѓањето на пролетта, будењето на природата и љубовта. Свети Трифун се почитува како заштитник на брачната верност, на посевите и овоштарниците, а во некои краишта се празнува како заветен ден за заштита од град и поплави.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Отсуствата на Путин повторно во фокус, Кремљ без објаснување

Не е јасно дали последното отсуство на рускиот претседател Владимир Путин е поврзано со здравствени причини или со други околности, но неговото повремено повлекување од јавноста повторно отвори шпекулации.На Минхенска безбедносна конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју изјави: „Помлад сум од Путин“, по што додаде дека рускиот лидер „нема премногу време“, без притоа да појасни на што конкретно алудира. Изјавата предизвика реакции и толкувања во јавноста.Путин ретко зема одмор, но неколкупати годишно отсуствува од јавноста без официјално објаснување, што во минатото доведе до шпекулации дека се подложува на медицински третмани. И покрај тоа, во последниот период се појавува со интензивен работен распоред. Сепак, во ноември вниманието го привлече неговата појава со видливо отечени раце, што поттикна нови, недокажани гласини за можни здравствени проблеми.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика Украина да направи отстапки во мировните преговори, тврдејќи дека Русија сака договор.Москва и натаму бара од Украина да отстапи дел од територијата во Донбас, услов што Киев го одбива пред најавените мировни преговори во Женева. Зеленски возврати дека Украина веќе направила компромиси, посочувајќи дека најголемиот е тоа што Путин не се соочува со правна одговорност за наводни воени злосторства.Новите дипломатски тензии доаѓаат во период кога војната влегува во петтата година, а мировните иницијативи и понатаму се соочуваат со длабоки политички и територијални несогласувања.

Свет | пред 2 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница, од 6 часот утринава во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива кружно и во една насока. Возилата ќе се движат по улица „Бутелска“, лево по улица „Александар Урдаревски“, лево по улица „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата. За излез, возилата ќе продолжуваат десно по улица „Боца Иванова“, до кружниот тек на „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улица „Кемал Сејфула“.Посебен режим ќе биде воведен и во близина на гробиштата во Камник, Драчево и Ѓорче Петров.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на сообраќајниците опфатени со овој режим, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryttpn5o092bgv0KmOqn8

Објавени 3,5 милиони документи: Сведоштва на жртвите на Епстајн со потресни детали

Во околу 3,5 милиони документи објавени од Министерство за правда на САД се наоѓаат и сведоштва на жртвите на Џефри Епстајн, вклучително и лични дневници, приватни пораки и записници од правни разговори. Еден од дневничките записи ја сумира содржината со зборовите: „Сѐ е ужас.“Документите содржат искази од жени чии имиња се променети. Во еден албум, наречен „Лорен“, се опишуваат средби со Епстајн од периодот околу 2007 година, со детали за патувања и лични размислувања за нивниот однос.Во полициски транскрипти од 2005 година, „Шарлот“ сведочи дека имала 17 години кога првпат отишла во резиденцијата на Епстајн во Палм Бич. Таа опишува дека била повикана да му даде масажа и дека ѝ нудел повеќе пари за да се соблече или за сексуални односи. Според исказот, одбивала такви понуди, но сепак неколкупати се враќала, по што стравот станал доминантен фактор.Друг дневник, потпишан како „Кимберли“, содржи емоционални и болни записи од периодот меѓу 2001 и 2004 година. Во нив се опишуваат патувања, притисоци и чувства на исцрпеност и загубеност. Во записите се споменуваат и наводни трауматични искуства поврзани со бремености и медицински постапки, како и страв и чувство на заробеност.Во белешки од сведочење дадено во 2019 година, „Рејчел“ опишува дека имала 13 години кога првпат ги запознала Епстајн и неговата соработничка Гислејн Максвел. Таа наведува дека била поканувана на патувања, шопинг и средби, без да биде свесна за поширокиот контекст и за постоењето на други девојки. Според нејзиниот исказ, дури по апсењето на Епстајн во 2008 година дознала дека не била единствена.Документите откриваат и детали за наводни обиди за манипулација и регрутација, како и комуникации во кои Епстајн наводно тврдел дека некои од девојките „нема да зборуваат“.

Свет | пред 2 месеци

Papa-2

Документи откриваат: Екссоветник на Трамп со Епстајн планирал кампања против папата Франциск

Новoобјавени документи на Министерство за правда на САД откриваат дека поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, во 2019 година разменувал пораки со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во кои дискутирале стратегии за спротивставување на папата Папа Франциск.Според објавените пораки, Бенон изразил намера да го „сруши“ папата, кој го сметал за пречка на својата суверенистичка и националистичка визија. Во една од пораките од јуни 2019 година, Бенон му напишал на Епстајн: „Ќе го срушам Франциск“, споменувајќи и други политички фигури и институции.Документите покажуваат дека Бенон се повикувал на книгата „Во ватиканскиот ормар“ на францускиот новинар Фредерик Мартел, која предизвика контроверзии поради тврдењата за лицемерие и тајност во Ватикан. Бенон разгледувал можност книгата да биде екранизирана, а во пораките алудирал дека Епстајн би можел да биде извршен продуцент на евентуалниот филм.Не е јасно колку сериозно бил разгледуван овој предлог, а авторот Мартел изјавил дека правата за екранизација веќе биле доделени на друга корпорација и дека не можел да прифати нов договор. Според него, Бенон сакал да ја „инструментализира“ книгата во своите обиди против папата.Документите откриваат и дека Епстајн испраќал текстови до Бенон во кои се спротивставува папата и национализмот, а во една од размените цитирал стих од „Изгубениот рај“ на Џон Милтон. Контактите меѓу двајцата се одвивале години по пресудата на Епстајн од 2008 година и непосредно пред неговото повторно апсење во 2019 година под обвиненија за трговија со малолетнички за сексуална експлоатација.Од Ватикан засега нема официјална реакција, а претставници блиски до покојниот папа оценија дека пораките укажуваат на обид за користење на религијата како политичка алатка. Од тимот на Бенон не е соопштен коментар за објавените документи.

Свет | пред 2 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

УХМР: Попладне дожд, температурата до 14 степени

Според податоците на Управа за хидрометеоролошки работи, најниската утринска температура изнесуваше -4 степени во Берово, -2 на Попова Шапка, а 0 степени во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица и Маврови Анови. Во Тетово, Прилеп, Штип и Крушево се измерени 1 степен, во Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Виница 2 степени, во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Кавадарци 3 степени, додека најтопло било во Гевгелија со 5 степени.Во изминатите 24 часа до 7 часот утринава се измерени 2 литра на квадратен метар врнежи во Охрид и Претор. Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 62 сантиметри.Денеска времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се најавуваат во северозападните делови од земјата, каде локално може да наврнат над 25 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи меѓу 11 и 16 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд во попладневните и ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија на чекор до историски трговски договор со САД

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата ја зацврстува меѓународната позиција на државата преку заедничка изјава и рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со Соединети Американски Држави.Од партијата наведуваат дека Македонија е на чекор до потпишување, како што го оценуваат, историски трговски договор со својот стратешки партнер. Посочуваат дека Белата куќа објавила заедничка изјава со која двете држави се согласиле да работат на договор што ќе ги зајакне билатералните економски односи и ќе обезбеди проширен пристап на извозниците до пазарите.Според ВМРО-ДПМНЕ, договорот ќе ги продлабочи трговските врски, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси и ќе поттикне економски раст, со тарифи кои не би биле повисоки од 15 проценти, а за одредени производи и нула проценти.Партијата оценува дека станува збор за значајна дипломатска придобивка и потврда за стратешкото партнерство со САД, што, како што наведуваат, претставува сигнал за стабилност, доверба и подобрени економски перспективи за државата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

СДСМ: Четиринаесет дена молк за 5 тони дрога запленета во Србија, кој ќе понесе одговорност?

СДСМ обвини дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што наведуваат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како пет тони дрога успеале да поминат преку македонската граница и кој ќе сноси одговорност.Од партијата посочуваат дека молкот на Владата, предводена од Христијан Мицкоски, како и на надлежните функционери, претставува, според нив, индиректна потврда дека случајот допира до највисоките владини структури.СДСМ реагира и на изјавата на Мицкоски во која спомнал заплена од 100 тони марихуана, прашувајќи како било можно толкаво количество да се произведува без институциите да реагираат. Според нив, за производство на таква количина би била потребна значителна површина и континуирана логистика, што отвора сомнежи за евентуални пропусти во контролите.Партијата поставува прашања за улогата на Министерството за внатрешни работи, инспекциските служби и безбедносните агенции, како и за функционирањето на системот „Сејф сити“, прашувајќи како е можно шлепери со дрога да минуваат покрај камери, скенери и контроли.Од СДСМ порачаа дека нема да се откажат од барањето одговорност и повикаа на целосно расчистување на случајот. Од Владата засега нема официјален став на обвинувањата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryamnv31vi0dvpf3Q0GVs

СДСМ: Владата ги намали субвенциите за 40 милиони евра, земјоделците се понижени

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ги намалила субвенциите за земјоделците од 140 на 100 милиони евра, што, според партијата, претставува директен удар врз домашното производство и егзистенцијата на земјоделските семејства.Од СДСМ тврдат дека пред изборите биле ветувани 180 милиони евра субвенции, а наместо зголемување, земјоделците добиле кратење од 40 милиони евра. Дополнително, како што наведуваат, условите за добивање субвенции се усложнети, зголемени се праговите, а укината е и авансната исплата што претходно обезбедувала финансиска сигурност.Партијата ја обвини Владата дека нема средства за субвенции и за зголемување на минималната плата, но, како што велат, има средства за луксузни трошоци и за сомнителни тендери.Во соопштението се наведува и дека поради, како што тврдат, неправилности, била суспендирана ИПАРД 3 програмата, со што, според СДСМ, се доведуваат во прашање и европските средства наменети за поддршка на земјоделството.Од Владата засега нема официјален одговор на обвинувањата на опозициската партија.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi6vkq33n9h0ucy6tYzd

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Филипче фотографиран со сопственик на фирма поврзана со запленета дрога

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче бил во блиски односи со Тони Котев, кого го посочуваат како сопственик на фирма поврзана со случајот со запленети над 30 тони дрога.Од партијата наведуваат дека Филипче претходно изјавил дека не ги познава лицата поврзани со фирмата „ЦБД Медплант“, како и дека нема никаква врска со Котев, но тврдат дека фотографии објавени во јавноста покажуваат дека тие се познавале.ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека случајот отвора сомнежи за можна политичка поврзаност со поранешниот премиер Зоран Заев и, како што велат, „кланот Заеви“. Поставуваат прашања дали во 2023 година бил променет правилникот за одгледување канабис со цел некој да оствари финансиска корист.Партијата побара од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија да ја истражи евентуалната поврзаност на Филипче и Заев со случајот на запленета дрога, нагласувајќи дека очекуваат целосно расчистување на сите сомнежи.Од СДСМ и од посочените лица засега нема реакција на обвинувањата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library18lm8v5fbjno0U8M4mD

ВМРО-ДПМНЕ: Лејла Кадриу била суспендирана за да не заврши половина влада во затвор

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешната обвинителка Лејла Кадриу била суспендирана во време на владеењето на СДСМ, со цел, како што наведуваат, да не се отвори простор за кривична одговорност на високи владини функционери во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.Од партијата тврдат дека ексминистерот за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев носеле одлуки со кои ги заобиколувале процедурите при поставувањето на модуларните болници. Според нив, објектите биле третирани како урбана опрема по итна постапка, со што биле олеснети процедурите и одобрувањето било концентрирано во Министерството за здравство.ВМРО-ДПМНЕ се повикува на наводи од Кадриу дека биле користени несоодветни материјали и дека немало соодветен елаборат за електрична инсталација, што, според неа, придонело за трагичниот исход во кој загинаа 14 лица. Дополнително, се отвораат прашања за висината и намената на средствата за изградба на модуларните болници.Партијата наведува дека клучен момент за суспензијата на Кадриу бил нејзиниот предлог за градежно вештачење, по што, според нив, била отстранета од предметот. Тврдат дека доколку истрагата продолжела без притисоци, одговорноста можела да допре до највисоките владини структури.Од ВМРО-ДПМНЕ бараат темелна, независна и непристрасна истрага, целосно расчистување на сите сомнежи и утврдување институционална одговорност за трагедијата што ја потресе државата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп до Зеленски: Дејствувајте брзо со Русија или ќе пропуштите историска можност

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да дејствува побрзо во преговорите со Русија, оценувајќи дека постои можност за постигнување договор.„Русија сака да постигне договор, а Зеленски ќе мора да дејствува – во спротивно ќе пропушти одлична можност. Мора да се покрене“, изјави Трамп пред новинарите.Русија и Украина одржаа две рунди мировни преговори со посредство на Соединетите Американски Држави во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, во јануари и претходно овој месец. Како резултат на разговорите беше договорена првата размена на воени заробеници по пауза од пет месеци.Од Кремљ денеска соопштија дека следната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева, Швајцарија.

Свет | пред 2 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп: Зеленски мора да ги забрза преговорите со Русија или ќе ја пропушти шансата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да дејствува брзо во преговорите со Русија, пренесува агенцијата Anadolu.„Русија сака да постигне договор, а Зеленски ќе мора да дејствува – во спротивно ќе ја пропушти одличната можност. Мора да се активира“, изјави Трамп пред новинарите.Двете страни веќе одржаа две рунди мировни преговори со посредство на САД во Абу Даби во јануари и неодамна овој месец, што резултираше со првата размена на воени заробеници по пет месеци.Кремљ денеска соопшти дека следната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи на 17. и 18. февруари во Женева.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn6s1u80um467ffeHYKT

Цела држава се крена за Ана: Собрани 3,1 милиони денари

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.

Македонија | пред 2 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Србија е сериозно загрозена од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е сериозно загрозена од формирањето воен сојуз меѓу Хрватска, Приштина и Тирана, изразувајќи загриженост поради, како што рече, глобалната тишина околу ова прашање.Говорејќи во Минхен, каде учествува на Минхенска безбедносна конференција, Вучиќ нагласи дека формирањето на таков сојуз претставува прашање што Србија мора сериозно да го сфати. Тој најави состанок на Колегиумот на Генералштабот на Војската на Србија и Министерството за одбрана, како и дополнителни вложувања во наменската индустрија и производството на оружје и воена опрема.„Ќе мора да извезуваме оружје за да заработиме, но ќе го зголемиме уделот што оди директно за Војската на Србија, можеби и до 40 проценти од вкупното производство“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија од месец во месец ќе ги јакне своите одбранбени капацитети.Тој оцени дека не станува збор само за воена соработка, туку за сојуз со јасни политички и безбедносни импликации.„Прашањето не е кому му продавате муниција, туку со кого сте во воен сојуз, кого браните или напаѓате“, порача српскиот претседател.На маргините на конференцијата, министерот за одбрана на Хрватска, Марио Анушиќ, одржа трилатерална средба со министрите за одбрана на Албанија и Косово, Пиро Венгу и Ејуп Македонци. Тој истакна дека соработката не е насочена против ниту една соседна држава, туку има цел јакнење на стабилноста и безбедноста во југоисточна Европа.Според хрватското Министерство за одбрана, трите земји развиваат заеднички проекти во одбранбената индустрија и ја унапредуваат соработката меѓу вооружените сили во рамки на Декларацијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста, потпишана на 18 март 2025 година во Тирана.Од Министерството за одбрана на Србија претходно оценија дека ваквите активности се спротивни на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Кумановскиот договор, додека албанската страна најави прва заедничка трилатерална воена вежба во 2026 година.

Свет | пред 2 месеци

Marta-Kos

Нови заштитни механизми за идните членки на ЕУ, Црна Гора прва со нов тип договор?

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија не смее да си дозволи „тројански коњ“ во процесот на проширување и дека сѐ уште нема политичка волја меѓу земјите членки за воведување гласање со квалификувано мнозинство во оваа област.Говорејќи на конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Естонија, Кос истакна дека проширувањето мора да се темели на пет клучни елементи, при што првиот е дека нема кратенки во реформите. Според неа, Унијата мора да биде заштитена од можни чекори наназад и затоа предложи новите договори за пристапување да содржат посилни заштитни механизми за почитување на фундаменталните вредности.Таа најави дека Црна Гора би можела да биде првата држава што ќе потпише ваков нов тип договор. Борбата против корупцијата и изградбата на демократските институции, нагласи Кос, остануваат темел на проширувањето и целосното членство никогаш не смее да биде на штета на тие вредности.„Потребна ни е полиса за осигурување против чекори назад. Лекцијата од 2004 година е дека мора да имаме механизми што ќе гарантираат дека новите членки ќе се придржуваат до правилата и дека интегритетот на Унијата ќе биде заштитен и по пет, десет или дваесет години“, изјави таа.Во однос на гласањето со квалификувано мнозинство, Кос посочи дека новата методологија и понатаму остава простор за вето на секој чекор. Европската комисија, како што рече, го ставила предлогот за квалификувано мнозинство на маса, но засега нема доволна политичка поддршка меѓу земјите членки за таква промена.

Свет | пред 2 месеци

media-librarya1d5ulkd5lsgdFLmOqC

Ѓорѓиевски: Депонијата кај гробиштата Бутел се чисти по третпат, ќе бараме повисоки казни

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека депонијата во близина на гробиштата Бутел се чисти по третпат откако тој ја извршува функцијата и најави зголемување на казните со цел да се воведе ред.Тој посочи дека просторот со години бил запуштен и дека станува збор за место кое треба да биде уредено и достоинствено, особено во пресрет на верските празници кога граѓаните ги посетуваат гробиштата. Според него, во изминатите четири дена повторно се спроведува акција за расчистување, во координација со Општина Бутел.Ѓорѓиевски нагласи дека градот повеќепати троши ресурси за истата намена, ангажирајќи вработени, камиони и механизација, наместо тие средства да се насочат кон изградба и развој. Најави дека во наредниот период ќе следува посериозно постапување против несовесните граѓани.Како претседател на ЗЕЛС, тој побара што поскоро да се донесат законските измени поврзани со комуналната полиција, во кои е предвидено и зголемување на глобите, со цел, како што рече, конечно да се воспостави ред и во овој сегмент.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarykl5vf0v5ihvo1sSUW8J

(Фото) Извлечен автомобил со тело од Дунав, лежел на дното 11 години

Автомобил кој, како што се претпоставува, лежел на дното на Дунав речиси 11 години, пред неколку дена е извлечен од реката недалеку од српската граница. Возилото, во кое било и тело, е извлечено на брегот на Дунав во градот Пакша во Унгарија, а се верува дека возилото му припаѓа на маж чиј исчезнување е пријавено во јули 2015 година.Автомобилот е откриен откако претходно на брегот на Дунав испливал браник со регистарска табличка. Откако било утврдено дека станува збор за табличка на возило на човек кој се води како исчезнат 11 години, била наредено пребарување на реката.Нуркачите на дното на Дунав го пронашле автомобилот кој бил превртен на покривот, а во него било пронајдено и тело, најверојатно на сопственикот на возилото, Ѓерѓ Б., кој исчезнал на 29 јули 2015 година.Ѓерѓ последен пат бил виден на тој фатален ден во околината на градот Пакша. Семејството прво само се обидувало да го пронајде, а потоа случајот го пријавиле во полиција, која долго време вршела пребарување низ целата држава, но без успех.Години наназад немало никакви поместувања во истрагата се додека неодамна, на брегот, не се појавил предниот браник на бараното возило.Подсетуваме, Ѓерѓ, кој имал 48 години во моментот на исчезнувањето, на 29 јули 2015 година се оддалечил од дома со автомобил. Доцна навечер разговарал телефонски со сопругата, но потоа не бил достапен.Телото е пренесено на обдукција за да се потврди дали станува збор за Ѓерѓ Б.

Свет | пред 2 месеци

media-librarya96nqe280ppvefZlZ39

Опомени за непрописно паркирање на зелени површини во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефановски, информира дека инспектори на општината изрекле опомени за повеќе моторни возила кои биле непрописно паркирани на зелена и јавна површина долж улицата „Коце Металец“ во населбата Железара.Акцијата е спроведена согласно Законот за урбано зеленило и Одлуката за комунален ред на Општина Гази Баба, со цел заштита на јавните зелени површини од узурпација и оштетување.Од општината апелираат сопствениците на возилата да ги отстранат во предвидениот рок, во спротивно ќе следуваат соодветни прекршочни санкции во согласност со законските прописи.„Зелените површини се белите дробови на нашата заедница и мора да ги чуваме“, порача Стефановски, најавувајќи дека ваквите контроли ќе продолжат и во другите населени места со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања