Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителството: Изборниот ден поминува мирно, без поголеми неправилности

Досегашниот тек на локалните избори 2025 година минува мирно и без сериозни нарушувања на изборниот процес, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Според податоците добиени од обвинителствата низ земјата, до овој момент не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.Јавен обвинител од ОЈО Струмица бил усно известен за случај на погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село, но по извршен разговор и замена на материјалот од страна на Државната изборна комисија, не се утврдени елементи на кривично дело.Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп биле евидентирани во обвинителствата во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе. За сите случаи, јавните обвинители преземаат дејствија за проверка на пријавите.Евидентирани се и неколку случаи на прекршување на изборниот молк, но станува збор за мал број настани кои засега немаат карактер на кривично дело.Привремената комисија на Јавното обвинителство и денеска го следи изборниот процес, а електронската адреса izbori@jorm.mk останува отворена за пријави на евентуални неправилности.Од обвинителството потврдуваат дека се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, кои тесно соработуваат со останатите институции надлежни за спроведување и надзор на изборите.„Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет во постапувањето“, соопштија од Јавното обвинителство.

Македонија | пред 6 месеци

ukraina-4121-odesa

Украински дронови ja погодија најголемата постројка за обработка на гас во Русија – „Оренбург“

Најголемата постројка за преработка на гас во светот, „Оренбург“, било погодено во напад со украински дронови, при што е оштетен дел од објектот, соопшти гувернерот на регионот Јевгениј Солнцев.Нападот предизвикал пожар во една од работилниците, но, според гувернерот, нема повредени меѓу вработените. Екипи на противпожарната служба веднаш интервенирале и успеале да го изгаснат пожарот.Ова е првпат постројката „Оренбург“ да биде цел на напад, а таа претставува дел од гасно-хемискиот комплекс на „Гаспром“, со годишен капацитет од 45 милијарди кубни метри гас. Во објектот се преработува гасен кондензат од полињата во Оренбург и казахстанското поле Карачаганак.Паралелно, гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, соопшти дека руската противвоздушна одбрана делувала против украински дронови, при што локалниот аеродром и мобилниот интернет биле привремено прекинати.Руското Министерство за одбрана објави дека ноќта биле соборени 45 украински дронови – меѓу нив 12 над Самарската област, 11 над Саратовската и еден над Оренбургската област.Од Украина засега нема официјална реакција, но од август таа значително ги зголеми нападите врз руските рафинерии и енергетски постројки, со цел да ја наруши снабденоста со гориво и да ѝ ја ослаби финансиската моќ на Москва.

Свет | пред 6 месеци

toskovski

Тошковски: Полицијата обезбедува мирен и безбеден изборен процес, демократијата се гради преку учество

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го искористи своето демократско право на глас, при што изјави дека демократијата се гради преку учество, доверба и почит кон волјата на граѓаните.Министерот Тошковски потенцира дека денешниот ден е ден на демократијата – кога граѓаните слободно, мирно и достоинствено ја изразуваат својата волја.„Нашата задача како институција е да обезбедиме таа волја да се реализира во безбедна и мирна атмосфера. Полицијата е на висина на задачата и професионално, непристрасно и одговорно го обезбедува изборниот ден, гарантирајќи дека целиот процес ќе тече мирно, безбедно и во духот на демократијата“, истакна министерот.Во својата изјава, Тошковски ги повика сите граѓани активно да се вклучат во изборниот процес и да го искористат своето демократско право на глас, согласно своите убедувања и совест.„Секој даден глас е израз на лична одговорност и придонес кон иднината на нашето општество. Само преку учество и мирно изразена волја ја градиме довербата во институциите и во демократијата,“ нагласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarymk4dadghoe0328f256n

(Видео) Излезност до 11:15 часот – гласале 9,38 проценти од избирачите

До 11:15 часот, според податоците од Државната изборна комисија, пристигнати се информации од 3.139 избирачки места. Од вкупно 1.645.583 запишани гласачи, на овие избирачки места гласале 154.275 граѓани, што претставува излезност од 9,38 проценти.Од ДИК информираат дека изборниот процес го следат 1.484 набљудувачи од различни организации и мисии.Највисока излезност досега е забележана во општините Берово, Богданци, Бутел, Вевчани, Виница, Гевгелија, Градско, Дебрца, Демир Капија, Зелениково, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Новаци, Пробиштип, Ранковце и Чашка.Најниска излезност, пак, е регистрирана во Сопиште, Центар Жупа, Боговиње и Врапчиште.„Од општини каде е забележана најмала излезност до сега се Сопиште, Центар Жупа, Боговиње, Врапчиште“, додадоа од ДИК.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryagcbg1mln2q92BJzG24

„Гласање ко Мет Гала, а избори за канализации и ѓубре“

Инфлуенсерката Ина Многуфина повторно предизвика реакции на социјалните мрежи со својот саркастичен коментар за начинот на кој политичарите се појавуваат на денот на изборите.„Која е потребата да се покрива гласањето ко да е Мет Гала, од доаѓањето пред изборно место ко да е ред карпет – политичарот и жена му дотерани, па малку интервју пред избирачко место, сите радосни, насмеани... па слика како го спуштаат ливчето со поглед во камера, мислиш не знам каков ивент се дешава, а тоа избори за канализации и ѓубре,“ напиша Многуфина.Објавата, со нејзиниот препознатлив ироничен тон, доби голем број реакции и коментари од граѓани кои се согласија со нејзината критика кон, како што велат, „театралноста“ на дел од политичарите во денот на гласањето.

Коментари | пред 6 месеци

abac07de-e2a2-4914-8bd7-623547817f64

„Ако не ви се допаѓа инфраструктурата – дигнете ја во воздух!“ – жестока реакција на Унгарија кон Полска

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро реагираше на одлуката на полскиот суд да го ослободи украинскиот државјанин Володимир Журављов, осомничен за вмешаност во терористичкиот напад врз гасоводот „Северен тек“, нарекувајќи ја постапката на Варшава „невиден скандал“.„Според полското мислење, ако не ви се допаѓа инфраструктурата во Европа, можете да ја дигнете во воздух. Полска не само што ослободи терорист, туку и му оддава почит – до тоа дошло европското владеење на правото,“ изјави Сијарто.Тој оцени дека одлуката на судот во Варшава претставува „прелиминарна дозвола за терористички напади во Европа“ и предупреди дека ваквиот пристап ги поткопува темелите на заедничката безбедност во рамките на Европската унија.Одлуката на судот ја поддржа полскиот премиер Доналд Туск, кој рече дека таа е „точна“ и дека „случајот е затворен“.Журављов беше уапсен во Полска на барање на германските власти под сомнение дека бил вмешан во нападот врз гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море. Окружниот суд во Варшава му одреди притвор од седум дена на 1 октомври, кој потоа беше продолжен за уште 40 дена, а во петокот судот донесе одлука да го ослободи и да ја одбие неговата екстрадиција во Германија.

Свет | пред 6 месеци

netanjahu

Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави дека повторно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните избори.Во разговор за израелскиот Канал 14, Нетанјаху истакна дека планира да се кандидира за премиер на следните избори.Тој изрази увереност дека ќе победи на парламентарните избори, кои се очекува да се одржат наесен 2026 година.Како лидер на десничарската партија Ликуд („Унија“), Нетанјаху го држи рекордот со најмногу години на чело на израелска влада – вкупно повеќе од 18 години, со прекини, од 1996 година.

Свет | пред 6 месеци

rabotnik-k-mitrovica

Пребрзо возење – причина за несреќата кај Сремска Митровица во која загинаа три лица

Полицијата се сомнева дека пребрзото возење е причина за тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот попладне на патот Сремска Митровица – Јарак, во која загинаа три лица, а околу 80 беа повредени.Потполковникот Дејан Стевиќ од Управата за сообраќајна полиција потврди дека полицијата ги утврдила сите потребни факти за понатамошниот тек на истрагата, која ја води обвинителството.„Притворот на возачот истекува денес и тој ќе биде изведен пред обвинителот. Претпоставуваме дека неговиот притвор ќе биде продолжен“, изјави Стевиќ.Полицијата на тахографот на автобусот регистрирала брзина од 120 километри на час, што, според Стевиќ, е „неверојатно за толку големо возило кое превезувало 83 патници“.„Голема неодговорност во овој момент. Сообраќајните знаци предупредуваат на двојна, опасна кривина, а физиката едноставно не можеше да го одржи возилото на патот со таа брзина“, рече тој.Стевиќ нагласи дека делницата е целосно реконструирана и отворена пред еден месец, а сигнализацијата е во целосна функција.„Асфалтот е нов, а знаците се јасно поставени. На овој дел од патот, откако повторно е пуштен во сообраќај, имаме евидентирано над 60 прекршоци за несоодветна брзина“, додаде тој.Според информациите, вoнреден технички преглед на автобусот бил извршен на 15 септември 2025 година, додека возачот последен пат бил на лекарски преглед кон крајот на 2024 година.Несреќата се случила околу 14:45 часот, кога автобусот што превезувал работници од приватна компанија излетал од патот и се превртел.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

МВР: 20 пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во Скопје и Куманово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изборниот молк, од 18 октомври до утрово во 7 часот, биле регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк низ земјата.Најмногу случаи се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – шест, по што следат четири пријави во Куманово, три во Велес, по две во Охрид, Штип и Битола, и една пријава во Струмица.„По преземените мерки, не се потврдени пријавите за 15 од пријавените настани,“ соопштија од МВР.Покрај тоа, биле регистрирани 47 објави на социјалните мрежи кои го прекршиле изборниот молк, главно со повици за гласање за одредени кандидати или со видеа и фотографии од партиски активности во штабови.Министерството информира дека гласањето на болните и изнемоштените лица, како и на лицата во затвори и притвор, поминало без инциденти, освен еден изолиран настан, кој бил навремено третиран.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryml1up3hc1l6nbyzXg2H

Рускиот дисидент предупредува: мирот на Путин може да значи нови загуби за Украина

Прогонетиот руски олигарх Михаил Ходорковски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му испратил сигнал на американскиот претседател Доналд Трамп дека е подготвен да постигне договор за Украина – но предупреди дека цената на тој договор може да биде отстапување на украинска територија на Русија, пренесе Sky News.Гостувајќи во емисијата „Sunday Morning with Trevor Phillips“, Ходорковски рече дека има впечаток оти Путин бара начин да ја затвори војната, но под свои услови.„Имам чувство дека Путин му даде до знаење на Трамп дека е подготвен за договор. Тој сака да го добие целиот Донбас, вклучувајќи ги и областите што сè уште не ги контролира“, изјави Ходорковски.Тој предупреди дека Путин можеби се обидува да обезбеди територијални добивки на истокот на Украина за да ја „дестабилизира ситуацијата“ во остатокот од земјата. Според него, рускиот лидер би можел да ја користи територијата како средство за политичка контрола и притисок врз Киев.Ходорковски, поранешен прв човек на нафтениот гигант „Јукос“, кој помина повеќе од една деценија во руски затвор и сега живее во Лондон, остро ја критикуваше и британската дипломатија, тврдејќи дека Обединетото Кралство изгубило длабоко познавање на Русија.„Она што му недостасува на Лондон денес е експертиза за Русија каква што имаше пред три децении. Британската влада мора да се поврзе со луѓето кои ја познаваат Русија и кои можат да бидат нејзини природни сојузници“, рече тој.На прашањето колку долго Путин може да остане на власт, Ходорковски одговори дека психолошкиот притисок и консолидирана опозиција можат да создадат проблеми за рускиот лидер.„Тоа е можност да се удри по најслабата точка на овој конфликт – самиот Путин“, додаде тој.Ходорковски призна дека би можел да заврши во затвор до крајот на животот ако се врати во Русија, а тврди и дека против него неодамна е покрената нова истрага која, според негови зборови, „може да заврши со насилство и надвор од Русија“.И покрај ризиците, тој останува посветен на идејата за крај на војната. „Запирањето на оваа војна е поважно од тоа колку долго Путин ќе остане на сцена“, изјави Ходорковски.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени – Управниот суд ја одби тужбата против ДИК

Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила.„Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени за оваа политичка партија ќе се сметаат за неважечки. Такви насоки се дадени на избирачките одбори во Скопје,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Случајот стана јавен вчера, откако ДИК соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од еден политички субјект, било предложено починато лице. По добиените информации, Комисијата прибавила извод од матична книга на умрени и утврдила дека лицето не може да биде кандидат бидејќи нема лична и неотповиклива изјава за прифаќање на кандидатурата, како што налага Изборниот законик.„Поради тоа, ДИК ја поништи потврдената листа и писмено го извести Јавното обвинителство, кое ќе ги провери податоците и ќе постапи согласно своите надлежности,“ додаде Кондарко.Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи имало и во минатото.„И минатата година беше поднесена листа со починато лице, која ја отфрливме, а документите беа предадени на Обвинителството, што потоа отвори кривична постапка,“ рече тој.

Скопје | пред 6 месеци

IZBORI-GLASANJE2

Најстариот гласач има 107 години, највозрасниот кандидат за градоначалник има 79, а најмладиот 23 години

На осмите локални избори се запишани вкупно 1 832 415 гласачи.Од нив, 1 717 803 гласачи се запишани во редовниот избирачки список.Општина со најмногу гласачи е Куманово со 94 041 гласачи.Општина со најмалку гласачи е Лозово со 1 905 гласачи.На овие избори е регистриран и најстариот гласач, има 107 години и е роден на 15 мај 1918 година.Најмладиот гласач станува денес полнолетен, роден е на 19 октомври 2007. Според податоците 25.603 лица првпат ќе гласаат со наполнети 18 години.Најмладиот кандидат со желба да седне во градоначалничката фотелја има 23 години и е од општина Старо Нагоричане.Највозрасниот пак кандидат има 79 години и е кандидат за градоначалник во општина Гази Баба.Податоците покажуваат дека во 90те години имало и 97-годишна кандидатка за советник.

Македонија | пред 6 месеци

izbori-glasanje-fingerprinti3112

Проблем со струја и уреди – на две избирачки места се гласа без биометриска идентификација

Државната изборна комисија соопшти дека на две избирачки места во Куманово и Штип гласањето се одвива без употреба на уреди за биометриска идентификација, поради технички пречки. На Парламентарните избори, вакви места биле шест.„Во Куманово имаме едно избирачко место каде се запишани 12 гласачи, но немаше електрична енергија. Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука да продолжи гласањето без уредот за биометриска идентификација, бидејќи од ЕВН ни беше кажано дека ќе бидат потребни најмалку еден и пол час за интервенција, а не сакавме да се губи времето“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Слична одлука е донесена и за едно избирачко место во Штип, каде се запишани 507 гласачи. „ИТ тимот направи обиди со два резервни уреди и две резервни смарт-картички, но уредите не можеа да се стартуваат“, објасни Кондарко.Тој нагласи дека гласањето без биометриска идентификација се спроведува само на овие две избирачки места од вкупно 3.474 кои се уредно и навремено отворени на територијата на целата држава.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarye58c4klmj3apa5ueFvS

Излезност до 09:15 часот – гласале околу 3% од запишаните избирачи

Според првичните податоци од Државната изборна комисија, до 09:15 часот своето право на глас го оствариле 41.890 граѓани, што претставува околу 3% од запишаните избирачи на ниво на целата држава.„До 09:15 минути, од вкупниот број на избирачкиот список, бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци е 76,71%, каде што се запишани вкупно 1.394.158 граѓани“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Според податоците по општини, излезноста се движи различно:во Битола излегле 3,38%,во Боговиње 1,28%,во Бутел 3,36%,во Врапчиште 0,70%,во Гевгелија 4,30%,во Гостивар 1,71%,а во Градско 5,61% од гласачите.Од ДИК најавија дека следниот пресек на излезност ќе биде објавен во текот на претпладнето.

Македонија | пред 6 месеци

putin-bozik-640x473-1

Путин поставил нов услов за крај на војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп побарал потполна контрола врз Донецката област како клучен услов за прекин на војната во Украина, објави The Washington Post, повикувајќи се на два извори запознаени со разговорот.Путин, кој повеќе од една деценија се обидува целосно да го освои регионот, предложил Украина да се откаже од делови од Запорожје и Херсон – две украински области кои делумно се под руска контрола – во замена за Донецк. Тоа претставува ублажена верзија на барањето што го изнел во август на самитот во Алјаска.Иако некои американски функционери го оцениле предлогот како чекор напред, европски дипломати сметаат дека тој е неприфатлив за Киев. „Тоа е како да им продавате дел од нивната земја за ништо“, изјавил еден дипломат за весникот.Трамп засега не се изјаснил јавно околу предлогот, но по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавил дека е време „да престане убивањето и да се постигне договор“. Во наредните недели тој треба повторно да се сретне со Путин, овојпат во Будимпешта, за да продолжат разговорите.Во меѓувреме, Киев се надеваше дека ќе добие далекусежни ракети „Томахок“, но американската администрација засега не ја одобрила испораката.Линиите на фронтот речиси и да не се промениле во изминатата година, а Русија во моментов контролира околу 20 проценти од украинската територија. Според западни извори, Путин и натаму се обидува со дипломатски маневри да го легализира фактичкиот статус на окупираните територии.

Свет | пред 6 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Скопје избира градоначалник и совет – над 470 илјади граѓани со право на глас

Жителите на главниот град денеска избираат нов градоначалник на Скопје и членови на Советот. На гласачките ливчиња се натпреваруваат 16 кандидати за градоначалник, меѓу кои само една жена, и 19 советнички листи со вкупно 855 кандидати за 45 советнички места.Покрај тоа, скопјани гласаат и за градоначалници и советници во општините каде што живеат. Секој гласач добива четири ливчиња – за градоначалник и совет на градот, и за градоначалник и совет на својата општина.Во Избирачкиот список за Град Скопје се запишани 474.304 избирачи.Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Скопје | пред 6 месеци

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Дронови ја надлетуваат Македонија за време на изборниот ден

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на локалните избори презема континуирани активности со цел изборниот процес да се спроведе безбедно и без нарушувања.Според МВР, полициските службеници денеска се распоредени во близина на гласачките места и на клучните сообраќајни точки за да се обезбеди јавниот ред и мир. Во соопштението се наведува дека безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку стандардни мерки, мобилни тимови, пунктови и современа технологија, вклучително и употреба на дронови за воздушна контрола и навремена реакција во случај на инциденти.„Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато од 6:00 до 19:00 часот, како и по затворањето, за време на броењето на гласовите и предавањето на изборниот материјал“, наведуваат од Министерството.МВР апелира до граѓаните и политичките субјекти да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат насоките на полицијата и да се воздржат од активности што би можеле да го нарушат изборниот процес.Полициските службеници имаат обврска да реагираат на секое нарушување на редот и, доколку е потребно, да ги отстранат неовластените лица во објектот каде што се гласа и во радиус од 100 метри околу него.Во случај на инциденти, временски непогоди или други непредвидени околности, избирачките одбори можат привремено да го прекинат гласањето, кое потоа ќе продолжи за истото време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.Покрај безбедноста на гласачите, полицијата ќе обезбедува и доверливост и сигурност на избирачкиот материјал до неговата предавање на општинските изборни комисии.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV денес ќе прогласи седум нови светци – меѓу нив и три жени

На свечена миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата Лав XIV денес ќе прогласи светци три жени и четворица мажи, меѓу кои се и првиот светец од Папуа Нова Гвинеја – лаикот Петар То Рот, надбискупот Игнатиус Чукрлах Малојан, убиен во време на ерменскиот геноцид, и венецуелскиот лекар на сиромашните, Хозе Грегорио Ернандес Сиснерос.На миса која започнува во 10:30 часот, светиците ќе бидат и три монахињи кои ги посветиле своите животи на грижа за болни и сиромашни, како и италијанскиот адвокат Бартоло Лонго, кој во младоста бил сатанистички свештеник, но подоцна се обратил во верата и го основал папското светилиште на Богородица од Розарот во Помпеја.Петар То Рот (1912–1945) бил погубен од јапонските окупаторски сили при крајот на Втората светска војна, поради тоа што ја проповедал христијанската вера и одбил да се откаже од неа. Надбискупот Малојан, пак, бил убиен во 1915 година откако ги одбил повиците на османлиските власти да премине во ислам.Меѓу новите светци е и венецуелскиот лекар Хозе Грегорио Ернандес Сиснерос (1864–1919), познат по својата филантропија и посветеност на најсиромашните. Тој студирал медицина во Каракас и Париз, и со своето знаење ја поставил основата на современата медицина во Венецуела.Папата ќе ја прогласи за света и монахињата Марија Кармен Елена Рендилес Мартинес, првата венецуелска светителка. Родена без лева рака, таа го надминала својот инвалидитет и во 1965 година ја основала конгрегацијата „Слуги на Исус“.Меѓу италијанските монахињи кои ќе бидат канонизирани се Винченца Марија Полони, основачка на Здружението на сестрите милосрдници во Верона, и Марија Тронкати (1883–1969), која повеќе од 40 години работела како медицинска мисионерка во Амазонија, посветувајќи го животот на помагање на домородните народи.Ова е втората канонизација што ја предводи папата Лав XIV откако беше избран за поглавар на Католичката црква во мај. На првата, во септември, тој ги прогласи за светци италијанските верници Карло Акутис, познат како „Божјиот компјутерски гик“, и Пјеро Џорџо Фрасати, симбол на милосрдие и вера.Канонизацијата претставува последен чекор на патот кон светоста во Католичката црква. Таа следи по беатификацијата и може да ја одобри само папата, по детална постапка во три фази – испитување на животот, потврда на чудо, и конечно прогласување за светец.

Свет | пред 6 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Изборите започнаа без проблеми – отворени сите гласачки места низ земјата

Државната изборна комисија соопшти дека денеска навремено се отворени сите избирачки места и дека гласањето се одвива без потешкотии.„Државната изборна комисија известува дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, стои во соопштението на Комисијата.Македонија денеска гласа на осмите локални избори од независноста. На вкупно 3.474 избирачки места право на глас имаат 1.832.415 граѓани, кои ќе го избираат локалното раководство во 80 општини и Градот Скопје.Гласачките места се отворени од 7:00 до 19:00 часот, а по затворањето ќе можат да гласаат само оние кои во тој момент се наоѓаат во објектот.Ден претходно, своето право на глас го остварија 2.162 лица во затвори и притвор, 8.848 болни и изнемоштени, како и 442 лица сместени во установи за вонсемејна грижа.На локалните избори не гласа дијаспората, но државјаните кои живеат или работат во странство и се наоѓаат во земјава денес, можат да го остварат своето избирачко право.Според Изборниот законик, за градоначалник во првиот круг е избран оној кандидат што ќе добие мнозинство гласови од излезените избирачи, под услов излезноста да биде најмалку една третина од вкупниот број запишани гласачи во општината. Ако излезноста биде помала, изборниот процес се повторува.Изборите за градоначалници се спроведуваат по мнозински модел, а за советнички листи – по пропорционален модел, во еден круг.ДИК најави дека првичните резултати ќе бидат објавувани сукцесивно по електронски пат, додека конечните резултати ќе бидат соопштени најдоцна во рок од 24 часа по нивната правосилност.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarys5rpceji555g93jcX9Y

(Видео) Инцидент на „Маршот за ангелите“: родителите на жртвите од „Пулс“ се соочија со обвинет, го затекнаа во кафеана

Инцидент го одбележа денешниот 27. „Марш за ангелите“ во Кочани, кога учесниците го затекнаа обвинетиот во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, поранешен градоначалник на градот Ратко Димитровски во друштво на кандидат за градоначалник Владко Грозданов, во кафеана.Настанот се случил додека колоната на родители и роднини на загинатите поминувала покрај објектот, по што дошло до кратко вербално соочување.И покрај инцидентот, маршот продолжи по веќе воспоставената рута – од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар, Управата за јавни приходи, Полициската станица и Основниот суд, за повторно да заврши таму од каде што почна.За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа испратени јасно и гласно преку транспарентите што ги носеа: „Крив е системот, не беше несреќа“, „Правда за нашите деца“, „Одговорност, не забораваме“.Десетици граѓани, и покрај дождливото време, им се приклучија во маршот, кој неколку минути го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.Со денешниот марш, родителите уште еднаш ја потврдија својата решеност да не замолчат додека не се утврди вистината и не се казнат одговорните за трагедијата во „Пулс“, во која загинаа 63 млади животи.

Македонија | пред 6 месеци

media-library3885nnvun00b0833Qig

Нова тешка сообраќајка на „Партизанска“ — повредени две лица, реакција: „Булеварот стана писта на смртта“

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:40 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Од полицијата велат дека во несреќата учествувале четири патнички возила – „Голф“, „БМВ“, „Мерцедес“ и „Цитроен“. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде им се укажува лекарска помош.Инцидентот се случил во близина на местото каде што пред неколку месеци загина младата Фросина Кулакова.Причините за судирот сè уште се утврдуваат. Полициски екипи извршиле увид, а сообраќајот на делницата бил привремено блокиран.По несреќата, нејзината сестра Росица Кулакова на социјалните мрежи објави емотивна реакција:„На истото место каде што пред нецела година ја убија сестра ми… се вози со 80, 90 километри како ништо да не се случило. Јас гледам сè тоа од прозор, секој ден поминувам од тој проклет пешачки премин каде што Фросина згасна засекогаш. Ни трагедија, ни гроб, ни свеќа не ја разбудија свеста. Полицијата е фантом, а Партизанска станува писта на смртта. Треба ли пак некој да загине за да светне ламбата? Ако не е законски да се постават лежечки полицајци – смени го законот!“Нејзиниот апел повторно ја отвори дебатата за безбедноста на булеварот „Партизански одреди“, кој во последните години стана едно од најопасните сообраќајни жаришта во Скопје.

Македонија | пред 6 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Паника, сценарија и обвинувања — политичките тензии пред изборниот ден

Една партија денеска излезе со остри обвинувања против друга партија, тврдејќи дека таа се подготвува за дебакл и дека веќе применува сценарија за зачувување на лидерски позиции. Според соопштението, активностите кои се водат во предвечерието на изборниот ден се направени „по сценарио“ и се оценуваат како обид за манипулација со јавноста.Во образложението се наведува дека последните информации за гласањето на болни и изнемоштени лица предизвикале паника во редовите на опонентот, поради што тој наводно спроведува организирани акции и контролирани реакции преку засегнати штабови и блиски медиумски и параинституционални структури.Во соопштението се нагласува и дека ќе бидат преземени активности за јавна и правна реакција, доколку е потребно, за да се обезбеди чесноста на изборниот процес.

Македонија | пред 6 месеци

izbori-glasanje-fingerprinti3112

Обвинувања за тешки прекршувања на изборниот процес: починати лица на избирачки список, закани и злоупотреби

Правната комисија на една партија денеска излезе со сериозни обвинувања за, како што наведуваат, грубо нарушување на изборниот процес од страна на една партија и нејзините коалициски партнери.„Очигледно е дека, соочени со намалена поддршка од граѓаните, партијата повторно го покажува своето вистинско лице – ја злоупотребува институционалната моќ за партиски цели. Ова го загрозува целиот изборен процес и мора веднаш да престане,“ соопштија од партијата.Според нив, ден пред изборите и во текот на изборниот молк биле забележани повеќе прекршувања на Изборниот законик.Како најтежок пример го посочуваат случајот со починато лице на избирачкиот список и на кандидатска листа за Совет на Град Скопје, кое починало уште во 2024 година. „За прочистувањето на избирачкиот список одговорноста е на надлежното министерство, кое мора да објасни како дошло до ваков пропуст и колку слични случаи има,“ наведуваат од партијата.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarypk694qq6ohcvb8cC1Cv

Лекари, пратеници, професори, адвокати, новинари, од нив само 10 проценти жени ќе учествуваат во локалната трка

Утре, 19 Октомври на осмите по ред локални избори од осамостојувањето на Македонија ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Град Скопје.Право на глас имаат 1 милион 832 илјади и 415 граѓани запишани во Единствениот избирачки список. Од ноќеска настапи изборниот молк, а гласачките места ќе бидат отворени од 7 часот наутро.Пријавени се вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299.Најголем е интересот за градоначалничката фотелја Скопје, вкупно 16, од кои само една жена.Огромна е доминацијата на кандидати-мажи.Според родовата застапеност од вкупниот број кандидати за градоначалници 89,64 проценти се мажи, а само 10,35 отсто се жени.На овие локални избори има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати, од кои 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени, исто како и на минатите.Најмногу кандидатски листи се поднесени за Град Скопје 19.Според возразната група од вкупно 10 799 кандидати за градоначалници и советници на возраст меѓу 18 и 20 години се 409 или 3,89 проценти, додека на возраст над 66 години се 985 кандидати или 9,12 проценти. Најмногу 25,36 проценти или 2 739 кандидати се на возраст меѓу 36 и 45 години.Лекари, бизнисмени, директори, новинари, административци, професори, министри, пратеници, инженери, адвокати се меѓу кандидатите за локалните избори.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Инцидент во студентски дом во Карпош: студентка забележала телефон над параваните додека се туширала, приведено едно лице

На 16.10.2025 во 20:10 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријави дека на 16.10.2025 околу 17:00 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните.Според пријавата, А.М.(22) од Богданци, ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во Полициска станица, а одземени му се лап топ и компјутер. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања