Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

policija-policaec

Не застанал на знак од полицијата, а со ретровизорот удрил во еден од полицајците

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ч.(29) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 14.01.2026, полициски службеници дале знак за запирање возило кое го управувал пријавениот, но тој не застанал и со ретровизорот удрил полициски службеник и побегнал, а откако бил стигнат физички нападнал полициски службеник.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

Ѓорѓиевски се сретна со проектантите на БРТ: трасата ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски одржа средба со проектантите на новиот БРТ систем, при што беше потенцирано дека трасата ќе се движи по крајните ленти на улиците, со цел да се зачува средишното зеленило и да се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу коридорот и останатиот сообраќај.„Скопје, како главен град со повеќе од половина милион жители, конечно го прави исчекорот што одамна го заслужува кон современ, високо-капацитивен и одржлив јавен превоз. БРТ е нова визија за тоа к

Скопје | пред 5 месеци

avtobus

Автобус додека движел во рикверц удрил во ученичка: девојчето со тешки повреди пренесено во болница

На 26.03.2026 во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycpn9g3mq12ae3u5VslC

19-годишник тешко повреден, со автомобил удрил во канделабра

На 26.03.2026 во 15:35 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Кавадарци-с.Моклиште, кавадаречко, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница Кавадарци.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryq48e5bmkrpp11x6jO74

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари.Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје.„Со превентивна и система

Скопје | пред 5 месеци

zena-na-elektricen-trotinet

Скопјанец со автомобил удрил во тротинет и избегал

На 26.03.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мицубиши“ и електричен тротинет, управуван од М.Д.(37) од Скопје, по што возачот со возилото „мицубиши“ го напуштил местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

pukanje-5151

Се снимал со телефон додека пукал во воздух, па се објавил на Фејсбук да се пофали

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Пријавениот на негов профил на социјална мрежа прикачил видео запис на кој се гледа како тој во дворот од својот дом испукува куршуми во воздух.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Советот на јавни обвинители не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови за наследник на Мустафа Хајрулахи.Претседателот на Советот на јавни обвинители. Башким Селими, рече дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца, Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов, ги повлекле кандидатурите.Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите з

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Поради недоразбирање во сообраќај со „БМВ“ удрил во тротинет, па го натепал

На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „н

Скопје | пред 5 месеци

bomba-1

Работник од Велес нашол бомба на улица

На 26.03.2026 во 12:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Милан Војницалија“ во Велес, при вршење работни задачи, вработен во Јавно комунално претпријатие „Дервен“ од Велес пронашол експлозивна направа.Извршен е увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryv77jo2d1nloh5moX5YP

Градоначалникот Пецаков оствари средба со босанскиот амбасадор Јаќимовиќ

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.На средбата, градоначалникот Пецаков му додели Благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.Градоначалникот Пецаков особено ја истакна улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во

ОО | пред 5 месеци

celik

Работник во фабрика во Кисела Вода со тешки повреди заврши во болница, реагираше трудов инспектор

 На 26.03.2026 во 06:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Ѓ.(50) од Скопје.Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Кисела Вода.Извршен е увид и известен е трудов инспектор.

Скопје | пред 5 месеци

klinikimajka-tereza

Инцидент на Клинички: Пациент два пати се обидел да прегази вработена со автомобил

На 26.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница “ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.Во

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygqd786ps1fdo9TmRHjh

„По две децении го враќаме средното полициско училиште“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност - Скопје.„Често зборуваме за опрема, закони и реформи, но суштината на системот се луѓето. Ако тие не се подготвени, ниту една стратегија нема да даде целосен резултат.Полициската професија денес значи работа во динамични, непредвидливи и стресни услови, каде одлуките се

Македонија | пред 5 месеци

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче објави нова мерка на СДСМ: Скратена работа недела

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за новинари, објави нова мерка која што е вклучена во новата предлог програма на СДСМ, а се однесува на кратење на работната недела од сегашните пет работни дена на четири работни дена. Филипче порача дека со овој модел човекот се става пред профитот, а целта е достоинствен живот за работниците.„Станавме нација со најдолг работен циклус.Нација која е најпреработена, најисцрпена и соочена со масовен „burn out“. Луѓе работат преку авто

Македонија | пред 5 месеци

benziska-guzva-goriva

Ако продолжи растот на цените на горивата, ќе се намалат акцизите и трошоците за транспорт

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата на светските берзи и дека веќе се преземени мерки за нивно намалување, додека во наредниот период се можни и дополнителни интервенции доколку трендот на раст продолжи.„Треба да се затвори денеска тргувањето, така да во втората половина на денот ќе имаме повеќе информации, затоа што пресметките се прават врз основа на тргувањето од понеделник до петок. Инаку ние имаме мерка за следните две недели

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryld6n5dnbs1kq1TZI382

Филипче: Правдата е заробена, потребен е системски „имунолошки одговор“ против корупцијата

„Правдата во Македонија е заробена од корумпираните центри на моќ кои преку системска ерозија на институциите го приватизираат јавното добро. Наместо владеење на правото, на сцена имаме институционална несигурност која ги дестимулира стратешките инвестиции и создава економски амбиент со висок ризик“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите каде промовираше дел од клучните политики и мерки од новата програма на партијата.Во новата програма на партијата, пос

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-taravari-1

Мицкоски: Таравари тагува по Ѓока бизнисот којшто не му успеа, односите со него беа вовлекувачки

Арбен Таравари вчера во телевизиско гостување го обвини премиерот Христијан Мицкоски за свесно слабеење на албанскиот политички фактор, а Влен ги нарече декор во владата без реален импакт.Според Мицкоски ова се неосновани тврдења и политички маневри. Тој посочи дека Таравари„Јас сè уште не можам да се изначудам зошто господинот Таравари тагува по Ѓока, бизнисот којшто не му успеа, и во јавноста измислува работи коишто немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку јас многу пати сум ги коме

Македонија | пред 5 месеци

media-library7kpr0omvi7a2e7pvDRA

Мицкоски за интервенцијата во говорот на Меланија Трамп: Невозможно е, некои дипломати само сакаат да бидат интересни

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли како неосновани наводите во дел од грчките медиуми дека нивниот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама на САД, оценувајќи дека такво нешто е практично невозможно и претставува обид за медиумска манипулација.„Јас го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед, претпоставувам дека дипломатски е изворот. Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го каже во јавност оди на ре

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Министерството воведува построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел да се обезбеди ефикасно работење и транспарентност во здравствениот сектор. Алиу најави воведување на нов систем за регистрирање на работното време преку fingerprint и потенцираше дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.„Знаеме во секоја институција колку имаме вработени, колку тие вработ

Македонија | пред 5 месеци

media-library9djm2ng29eandFoxdyt

Пијан стружанец се обидел да подметне пожар, полицијата го уапси

На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Д.(52) од с.Калишта. тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки.При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија презема мерки поради енергетската криза: Цените на горивата значително пораснаа

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, изјави денес дека снабдувањето со гориво во Австралија е „сигурно“ и покрај растечките цени предизвикани од војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец.Албанезе истакна дека владата презема мерки за да ги заштити Австралијците од „најлошите последици од кризната ситуација“, пренесе BBC.Министерот за енергетика на Австралија, Крис Боуен, додаде дека понудата на бензин, дизел и нафта во наредните недели ќе биде иста или поголема од онаа пред почетоко

Свет | пред 5 месеци

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол и удрил во две паркирани возила

На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под

Скопје | пред 5 месеци

media-library3jo007gnkfemeKUNMZi

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал

Александар Марковски е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како дел од изборот на нови обвинители, на кој беа избрани вкупно четворица кандидати.Во постапката за избор, првично конкурирале десет кандидати, но двајца – Пеливанов и Ајро – се повлекле, по што во трката останале осум кандидати. Од нив, четворица добиле доверба и ќе бидат дел од ОЈО ГОКК.Едногласна поддршка добиле Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговс

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања