Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Jordan-Nasev-Karbinci

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари, вели СДСМ

„Ja алармираме јавноста и надлежните институции за скандалозното, коруптивно и расипничко трошење на јавните пари во општина Карбинци, под раководство на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов“, вели Јордан Насев – претседател на ОО Карбинци СДСМ и додава:Денеска го објавуваме првиот скандал, малверзации со превозот на ученици.За неполни четири години, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалнкот Паунов потрошила речиси 500.000 евра за превоз на ученици во основното образование.Скандалот е во тоа што превозот се врши по цени 20 пати повисоки од реалните.Одиме по ред. Нека види јавноста каков грабеж се случува во Карбинци.Превоз со Јавното претпријатие Стипион на релација од село Нов Караорман до село Карбинци чини 50 денари, дневен билет во двата правци. Еве го тој документ.А во тендерот за превоз на ученици распишан во учебната 2023/2024 година од општината превоз на едно дете дневно наплаќаат 1.013 денари! 20 пати поскапа од реланата цена.За одредени релации, еве на пример од Горни Габер до Радање општината наплаќа 1.878 денари или 30 евра дневно. Повторувам, за еден ученик, дневно.За 30 евра истиот превозник обезбедува превоз до Црна Гора во двата правци.Годишно, за еден ученик тоа се 332.640 денари или околу 5.000 евра. 20 пати над реалната сума.Ова е мега скандал. Ова е класичен грабеж на народот од страна на градоначалникот и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.Овие милионски суми завршуваат во фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во што жителите на Карбинци сѐ почесто препознаваат класична злоупотреба на функцијата.Прашањето е во чии џебови завршува разликата?Почитувани,Ова е слика за едно нефункционално, корумпирано, партизирано и крајно неодговорно локално владеење. Наместо чесна и одговорна власт – граѓаните добија корупција и расипништво.Жителите на Карбинци се изневерени, излажани и изманипулирани од една ненародна локална власт, која не работи за граѓаните, туку за тесен круг на блиски луѓе околу ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ бара сите надлежни институции да отворат постапки за за основа сомневање за криминал и корупција во Карбинци.Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција не смеат да молчат туку да делуваат.Граѓаните заслужуваат отчетна и домаќинска власт. Граѓаните заслужуваат почит и вистинска грижа, а не локална власт која гледа само како да ги ограби.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.29.07

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Попладнево избувна пожар на глисер во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро. Пожарот предизвика вознемиреност кај присутните туристи и граѓани, а густ црн чад се издигаше над езерото. Околу глисерот имаше и други паркирани пловни објекти.На местото интервенираа граѓани, а има присутна и полиција. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Очевидци велат дека глисерот бил закотвен кога почнал да гори.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Охрид | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.47.10

(Видео) Муртезани: Европскиот процес не е блокиран, туку билатерализиран – не се плашиме од барања, но да не станат блокади

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, порача дека интеграцијата на Македонија во ЕУ не е замрзнат процес, иако е оптоварена со билатерални пречки. Според него, бугарското вето не го стопира целосно процесот, туку само го отежнува отворањето на преговорите.„Европската интеграција е жива и се движи во повеќе сегменти. Преку Планот за раст, граѓаните на Западен Балкан веќе имаат пристап до одредени бенефиции што досега беа резервирани за земјите членки“, изјави Муртезани.Тој нагласи дека Владата е подготвена да одговори на нови барања, но предупреди дека тие не смеат да бидат билатерални и да се претворат во нови блокади: „Не се плашиме од барања, но мора да бидат европски – а не национални ултиматуми.“

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Приведена 19-годишна радовишанка: Возела пијана, предизвикала несреќа и избегала од местото

Деветнаесетгодишна девојка од Радовиш е приведена откако предизвикала сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и го напуштила местото на настанот, информира МВР.Како што соопштија од Министерството, инцидентот се случил на 29 јуни во 06:30 часот на улицата „Самоилова“ во Радовиш. По преземени мерки, било утврдено дека возачката Т.К. управувала возило со 2,23 промили алкохол во крвта.Таа е задржана во Полициската станица Радовиш. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 10 месеци

ubistvo-vanja-

(Видео) „Имало планови за ликвидации уште од 2022, не можеле без поддршка – кој ја штитеше групата?“ прашува Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчески, во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати сериозни критики до институциите и постави низа прашања поврзани со текот на истрагата, но и со безбедносниот систем во земјата.„Не добивме одговор на клучното прашање – зошто истрагата не тргна во насока на сознанијата кои постоеја уште првиот ден?“, рече Туфегџиќ во „Претрес со Ландов“, посочувајќи на сознанието од сведочењето на Велибор Манев дека групата осудени подолго време правела планови за киднапирања и убиства, а составувале и списоци со потенцијални жртви уште од септември 2022 година.Според него, постои сомнеж дека дел од фокусот на истражните органи бил намерно пренасочен.„Зошто истрагата толку упорно се обидуваше да го инволвира таткото на жртвата? Дали тоа беше направено за да се дефокусира јавноста од вистинската причина – постоење на организирана група за ликвидации?“, праша адвокатот.Туфегџиќ оцени дека Обвинителството мора да ја продолжи истрагата и да даде одговор на клучните прашања: што правеле безбедносните служби кога група со таков капацитет се движела низ државата, и дали некој од институциите обезбедувал логистичка поддршка?„Да не се лажеме, ова не може да го организира поединец, без поддршка или логистика од внатре. Оваа истрага не смее да заврши – туку треба да се прошири“, порача Туфегџиќ.?t=6884

Македонија | пред 10 месеци

latas-kostadinov

Костадинов до Латас: Осветата ќе си ја добиеш, кога ќе шеташ по улица ќе гледаш преку рамо, нема да знаеш од кај ќе дојде наплатата

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објави остар статус на својот Фејсбук профил, со кој директно му се обрати на новинарот Драган Павловиќ – Латас, ветувајќи му „освета што ќе ја носи целиот живот“. Повод за реакцијата е изјава на Латас, во која, според Костадинов, бил споменат неговиот покоен татко на навредлив начин.„Го изговори името на мојот татко со гадна уста. Сега ти нема враќање“, пишува Костадинов, додавајќи дека со ваквиот напад Латас не удрил по него, туку „по мртов човек, по мојата крв, по основата на сè што сум“.Тој вели дека не станува збор за хумор или критика, туку за отворен напад врз семејната чест, најавувајќи дека ова нема да остане неказнето.„Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.“Во постот, градоначалникот му порачува на Латас дека осветата ќе биде лична, долготрајна и ќе го следи цел живот.„Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.“

Коментари | пред 10 месеци

lavrov-951

Лавров: Се надеваме дека нема да видиме обиди за „обоена револуција“ во Србија

Москва внимателно ја следи ситуацијата со протестите во Србија и изразува надеж дека немирите ќе се смират на уставен и законски начин, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.„Го следиме развојот и заинтересирани сме овие немири да се решат, како што истакна и претседателот на Србија, Александар Вучиќ – во рамки на уставот и законите на оваа пријателска држава“, рече Лавров пред новинарите.Тој додаде дека Русија очекува западните земји да не се вмешуваат и да не ги користат протестите за свои геополитички цели.„Се надеваме дека овојпат нема да видиме обиди за т.н. обоени револуции, како што често знаат да прават западните актери во други земји“, рече шефот на руската дипломатија.Лавров потенцираше и дека е клучно демонстрантите да ги почитуваат српските закони, а ги поздрави и сигналите од српското раководство за отвореност кон дијалог.„Доколку постои волја за разговор, тоа е единствениот вистински пат за надминување на секој внатрешен конфликт“, заклучи Лавров.

Свет | пред 10 месеци

reka-devojche-makedonija-davenje-vo-italija

Трагедија во Италија: Девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди Педероба, во италијанската покраина Тревизо, јавуваат италијанските медиуми.Според информациите, девојчето Адна Ислам било на излет со своето семејство – родителите Ихмет и Наила Ислам и помалите брат и сестра – кога за време на игра со други деца, се лизнала и паднала во реката. Силната водена струја веднаш ја повлекла и таа исчезнала од површината.[caption id="attachment_341589" align="alignnone" width="651"] Screenshot[/caption]Родителите веднаш го пријавиле исчезнувањето, а на терен пристигнале дваесетина припадници на противпожарната служба од Тревизо, нуркачи, хеликоптер од одделот за летови на Венеција, како и беспилотни летала. Потрагата била отежната поради силните струи и непристапниот терен.По неколку часа интензивна потрага, нуркачките екипи го пронашле телото на девојчето заглавено меѓу карпи во дел од реката со брз тек. Докторите кои биле на теренот, за жал, само можеле да констатираат смрт.Семејството на девојчето живеело во Кавасо дел Томба. Локалните медиуми потсетуваат дека ова е втор ваков трагичен случај во реката Пјаве за само десет дена, по смртта на 21-годишно момче кое се удави при нуркање во областа Фагаре.

Свет | пред 10 месеци

7b1e3bd8-9d23-410c-9398-0aa45fdef390

(Видео) Судир на два авиона на аеродромот во Ханој – „Боинг“ му го распарал крилото на „Ербас“

На меѓународниот аеродром Нои Бај во главниот град на Виетнам, Ханој, во петокот попладне се случи необичен авиоинцидент, кога патнички авион од типот „Боинг 787“ удрил со крилото во задниот дел на авион „Ербас A321“, обајцата во сопственост на компанијата Vietnam Airlines.Според извештаите, „Боингот“ се движел кон пистата за полетување кога со десниот крај на крилото го закачил репот на „Ербасот“, кој стоел неподвижно, чекајќи дозвола за полетување. Ударот бил доволно силен за да предизвика сериозно оштетување – дел од репот на „Ербасот“ буквално бил распарен.Иако на двата авиони имало вкупно 380 патници, за среќа, никој не е повреден. Патниците биле пренасочени на други летови, додека двата оштетени авиона се приземјени и испратени на технички преглед.Авиокомпанијата Vietnam Airlines соопшти дека четворица пилоти се суспендирани и дека е отворена внатрешна истрага. Според првичните наоди, можно е „Ербасот“ да не бил правилно паркиран, што придонело за несреќата.Истрагата ќе ја води независна комисија во соработка со Виетнамската управа за цивилно воздухопловство (CAAV). Инцидентот е класифициран како сериозен безбедносен пропуст.

Свет | пред 10 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Русија откри што го кочи крајот на војната во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделното обраќање за телевизијата Belarus-1, изјави дека брзината со која би можеле да се одвиваат преговорите за прекин на војната во Украина директно зависи од ставот на Киев, ефикасноста на посредувањето на САД и од ситуацијата на боиштето.Повеќе од пет месеци по доаѓањето на Доналд Трамп на власт, не е постигнат никаков пробив за запирање на војната што Русија ја започна во февруари 2022. Иако Трамп во својата изборна кампања вети дека ќе го заврши конфликтот „во еден ден“, засега нема реален напредок.„Многу работи зависат од ставот на украинскиот режим“, рече Песков, додавајќи: „И од тоа колку посредувањето на Вашингтон ќе биде ефективно“. Според него, ни ситуацијата на теренот не може да се игнорира како клучен фактор.Русија и натаму бара територијални отстапки од Украина и прекин на западната воена поддршка – барања што Киев ги смета за целосно неприфатливи.Иако нов датум за следна рунда мировни преговори сè уште не е одреден, Песков изрази надеж дека „во блиска иднина“ ќе има поместување во таа насока. Тој потврди дека и покрај неодамнешните преговори во Истанбул во мај и јуни, на кои беа договорени размените на заробеници и телата на загинатите, суштински напредок за прекин на огнот не бил постигнат.Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека двете страни доставиле „целосно спротивставени“ меморандуми за мировен договор.Русија во меѓувреме продолжува со територијалното напредување во југоисточните региони на Украина, особено во Донецк и Дњипропетровск, како и со интензивирани воздушни напади низ целата земја.Турција, која беше домаќин на последната рунда преговори, изрази подготвеност повторно да ги прими делегациите на завојуваните страни.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-09.51.17

(Видео) Уапсен најбараниот нарко-бос на Еквадор: „Фито“ откриен во подземен бункер по 17 месеци бегство

По повеќе од една година бегство, еквадорските безбедносни сили конечно го уапсија Хозе Адолфо Масијас Виламар, познат по прекарот „Фито“ – лидерот на злогласната криминална банда Los Choneros. Апсењето е резултат на специјална операција на полицијата и војската која траела над 10 часа, а ја потврди и претседателот Даниел Нобоа на социјалната мрежа X.Фито бил пронајден во неговиот роден град Манти, скриен во подземен бункер. Според локалниот весник El Mercurio, засолништето било ненамерно разоткриено од неговата тригодишна ќерка.Масијас Виламар издржува 34-годишна затворска казна изречена во 2011 година, но во јануари 2024 успеал да побегне при обид за негов трансфер од затворот во Гвајакил. Тој бегство се совпаднало со серија крвави нереди во еквадорскиот затворски систем, кога криминалните групи презеле контрола врз неколку објекти и држеле чувари како заложници.Сега, Фито се соочува со екстрадиција во САД, каде го очекуваат обвиненија за шверц на дрога и оружје во Њујорк. Американските власти го поздравија апсењето и повторно ја потврдија својата поддршка на еквадорските напори во борбата против транснационалниот организиран криминал.Еквадор, како транзитна зона за кокаин од Колумбија, Боливија и Перу, се соочува со растечко насилство и влошена безбедносна состојба, при што судирите меѓу картелите го доведоа криминалот на историски ниво. Апсењето на Фито претставува симболичен и оперативен удар врз подземјето, но и предизвик за стабилизација на земјата.

Свет | пред 10 месеци

ukraina-hirkov

Руската офанзива тапка, но не застанува: Се водат жестоки борби кај Покровск, дроновите ја редефинираат војната

Додека вниманието на светот беше префрлено кон Блискиот Исток, во Украина продолжуваат крвавите пресметки. Москва не се откажува од територијалните амбиции – Русите распоредиле над 110.000 војници кај Покровск, целејќи кон нова фаза на војната. Иако долго најавуваната летна офанзива засега нема драматичен пробив, бројот на жртви и интензитетот на борбите се во постојан раст.Главниот украински командант, Олександер Сирски, вели дека секојдневно се водат над 50 судири само на тој дел од фронтот. Според него, обидите за напредување од руската територија почнуваат да губат интензитет. Сепак, ситуацијата е сложена – Москва напредува во некои подрачја, како кај селото Зирка, а украинската одбрана на одредени делови „се урива со алармантна брзина“, според платформата DeepState.Војната премина и на друго ниво – тактиките се редефинираат. Додека руската пешадија напаѓа села во групи од по десет луѓе, украинската страна се адаптира со мини-утврдувања и прикриени позиции. Во центарот на новата етапа се – дроновите. Двете страни војуваат и во воздух: Русија секоја ноќ испраќа стотици ирански Shahed-дронови за да ја засити украинската ПВО, додека Киев изведува дрски напади длабоко во руската територија – дури и на аеродроми и стратешки бази на Крим.Украинскиот министер за одбрана Умеров предупредува дека Русите користат и до 500 дронови за една ноќ, со цел да ја исцрпат украинската одбрана. Претседателот Зеленски апелира за повеќе „Патриот“-системи од САД, но од Вашингтон стигнува само „можеби“.Состојбата на терен покажува дека конфликтот нема брзо да заврши. Кремљ и натаму инсистира на целосна контрола врз Донецк, Запорожје и Херсон. Со вакво темпо, војната лесно може да се протега и во 2026 година.И додека светот гледа на други страни, во Украина продолжува тивка, но жестока, дронска и пешадиска војна – војна која сè помалку личи на 20 век, а сè повеќе на технолошка и психолошка битка за опстанок.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-14.08.31

Уапсени и оштетено полициско возило, во Белград полицијата ги отстрани блокадите

Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград по протестите на Видовден и во неделата.Сообраќајот сега може да се одвива нормално. Според полицијата, нивните припадници дејствувале професионално.Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.Оштетено е едно полициско возило.Студентите повикаа на граѓанска непослушност по апсењето на осум нивни колеги.Вишото јавно обвинителство обвини осум студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-23.22.39

Србија на нозе: Студентски бунт по апсења за „уривање уставен поредок“ – блокади, демонстрации, судири

Нови масовни протести избувнаа во повеќе српски градови откако властите уапсија осум студенти под сомнение за заговор против уставниот поредок. Според Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсените се товарат дека планирале напади врз државни институции, блокади на клучна инфраструктура и уривање на градилиштето за ЕКСПО 2027 – со крајна цел насилна промена на поредокот во Србија.Апсењата, кои беа спроведени во соработка со полицијата и БИА, ги активираа студентите кои веднаш повикаа на собири пред Обвинителството во Белград, поставувајќи барикади со контејнери и гуми. Наскоро се проширија и на други градови: Нови Сад, Чачак, Шабац, Зајечар, Ваљево, Суботица, Ужице, Крагуевац, Рума и Зрењанин – каде беа блокирани улици и раскрсници.Во Белград, демонстрантите поминале покрај седиштето на владејачката СНС. Според Н1, таму летале камења и било скршено стакло.Сите осомничени се во 48-часовен притвор и се очекува да бидат сослушани од обвинителството. Обвиненијата вклучуваат „Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“.Студентските организации ги демантираат наводите за насилни планови, тврдејќи дека станува збор за обид за криминализација на младинскиот отпор. Протестите продолжуваат.

Свет | пред 10 месеци

mickoski-petrovska

Мицкоски: Судот потврди дека Петровска ширела клевети – таа возвраќа: „Спорот заврши во едно рочиште“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека добил тужба за клевета против пратеничката и поранешна министерка Славјанка Петровска, откако Граѓанскиот суд во Скопје донел првостепена пресуда во негова корист. Според него, судот утврдил дека Петровска јавно ширела невистини и ѝ наложил не само извинување, туку и објавување на пресудата во медиумите.„Ова не е моја лична битка, туку битка за вистината и за достоинството на секој што не прифаќа лагите да останат неказнети“, порача Мицкоски преку објава на социјалните мрежи, додавајќи дека „вистината победува“.Петровска, пак, кратко му возврати преку коментар на неговиот пост: „Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Среќна 1949 година.“Според ТВ24, таа ќе поднесе жалба на оваа одлука на Скопскиот граѓански суд.Судската пресуда засега е првостепена и не е правосилна.Ask ChatGPT

Македонија | пред 10 месеци

kaneo-1

Јапонска туристка се повредила при пад кај Канео во Охрид

Попладнево околу 14 часот, туристка од Јапонија се повредила при пад на скалите кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео. Се работи за повозрасна жена која, при движење покрај карпите над јужниот брег на Охридското Езеро, изгубила рамнотежа и паднала, при што се здобила со полесни повреди.Според информациите од СВР Охрид, веднаш по пријавата на терен реагирале полициска патрола и екипа на Итна медицинска помош. Жената, која била во бесознание, била пренесена во Специјалната болница „Свети Еразмо“, каде што ѝ била укажана лекарска помош и ја стабилизирале состојбата.Увидот на полицијата покажал дека нема индиции за насилство, па случајот се води како несреќен пад.

Охрид | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-21.43.03

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

По цели 15 години, британската трип-хоп икона „Massive Attack“ повторно зачекори на македонска сцена, исполнувајќи го стадионот на АРМ со звук, светлина и силни политички пораки. Настапот беше дел од фестивалот „Скопје колинг“, во организација на „Авалон продукција“. Во публика од најмладо, до највозрасно.Бендот се појави на сцена извикувајќи „Добро вечер“ на македонски јазик и ја отвори вечерта со песната „Risingson“, означувајќи го стартот на 90-минутниот настап. Сетлистата вклучуваше препознатливи класици како „Inertia Creeps“, „Unfinished Sympathy“, „Safe from Harm“, „Angel“, „Group Four“, „Take It There“ и „Teardrop“, изведени со длабочина што далеку ја надминува студиската верзија.Зад нив, огромен видеоекран прикажуваше моќни визуелни пораки против војната, капитализмот и социјалната неправда – став што бендот го негува низ децении. Во публиката се вееше неколку палестински знамиња, а извици како „Слободна Палестина“ се спојуваа со звучниот ѕид од сцената, создавајќи силна симбиоза меѓу музиката и отпорот. Сцени од Газа, Украина, но и од Русија се вртеа на екранот.Ова беше трет настап на „Massive Attack“ во Македонија, по концертите во 2006 и 2010 година, но според присутните – најмоќен досега.

Магазин | пред 10 месеци

IMG-0d205aba3f3240ddd5fc7a547a9a8b71-V

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: „Партијата мора да биде гласот на граѓаните“

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија денеска го одржа Вториот Конгрес на кој 413 делегати едногласно го избраа Максим Димитриевски за претседател на партијата во наредните четири години.Во своето обраќање, Димитриевски истакна дека ЗНАМ е различна политичка опција – создадена од граѓаните и за граѓаните. „ЗНАМ не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ – туку гласот на народот. Нашата идеологија црпи сила од Крушевскиот манифест и АСНОМ. Нашата мисија е да вратиме нормалноста во Македонија“, порача тој.Во изминатите 14 месеци, ЗНАМ формирало 53 општински организации и градска организација во Скопје, што, според Димитриевски, е доказ за посветеност и инклузивност. Делегатите аплаудираа на пораки дека „нема да се дозволи бришење на историјата поради членство во ЕУ“ и дека „ние сме подеднакво Европејци како и тие во Брисел“.Димитриевски нагласи дека оваа власт треба да ја добие шансата што граѓаните ѝ ја дале, но повика на будност и активна контрола. „Македонија мора да биде правна, чесна и достоинствена држава. Да нема веќе Кочани, Тетово, Ласкарци и модуларни болници“, рече тој, повикувајќи на сочувство со сите што изгубиле блиски во трагедии предизвикани од системски пропусти.Пред крајот на говорот, упати силна порака до партиските функционери:„Функцијата е минлива. Работете според закон, посветено и чесно. Бидете безмилосни кон корумпираните и оние што сакаат да владеат од сенка – законот е вашата алатка.“Со поддршка од делегатите, на Конгресот беа избрани и новите состави на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, како и измени на Статутот. Движењето ЗНАМ најави дека ќе продолжи со градење силна граѓанска структура што ќе ја предводи Македонија кон достоинствена иднина.

Македонија | пред 10 месеци

kozuf

(Видео) „Да се тргнете од Дошница веднаш“, „сакаат да ги исечат вените на Кожуф“ - протест против мини хидроцентрала!

Со транспаренти, извици и јасни пораки за заштита на природата, денеска (29 јуни) се одржа мирен протест кај туристичката населба Смрдлива Вода, под планината Кожуф, против најавената изградба на мини хидроцентрала на реката Дошница.Протестот го организираа неколку граѓански здруженија и еколошки активисти, кои предупредија дека изградбата на хидроенергетски објекти во овој регион ќе има сериозни и трајни последици врз животната средина, водните ресурси и локалниот биодиверзитет.„Ова не е само борба за реката Дошница, туку за секој извор, поток и дрво што некој го гледа како профит, а не како живот“, порача еден од говорниците пред собраните граѓани.Организаторите обезбедија и бесплатен превоз за сите заинтересирани граѓани од Гевгелија, со поаѓање пред Градскиот театар во 9:45 часот, што резултираше со значителен одѕив.Присутните упатија апел до надлежните институции да ја преиспитаат најавената инвестиција и да ја стават заштитата на природата пред приватните интереси.Протестот помина мирно, а граѓанските здруженија најавија дека борбата за зачувување на Кожуф и неговите води ќе продолжи.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-14.11.37

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Во водите на Дебарското Езеро, во близина на пумпната станица кај градот Дебар, на 28 јуни 2025 година била пронајдена почината 27-годишна жена, соопшти СВР Охрид.Како што информира портпаролот Стефан Димоски, телото на С.А. од Дебар било лоцирано на околу два метри од брегот. По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од полициски екипи.Лекар од Општата болница во Дебар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Телото е предадено за обдукција, а надлежните институции работат на утврдување на причините за смртта.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-14.08.31

(Видео) По протестот во Белград: Приведени 29 лица поради насилство и напади врз полицијата

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, 29 лица се задржани во притвор до 48 часа поради сомнение за насилничко однесување и напади врз полицијата по завршувањето на масовниот протест што се одржа во саботата вечер во центарот на Белград.Како што се наведува во соопштението, дел од приведените се товарат за кривични дела „насилничко однесување на спортска приредба или јавен собир“ и „напад на службено лице при вршење на службена должност“. Меѓу нив се:Игор Ј. (33) – осомничен дека удрил полицаец со шише во главата,Ненад Н. (60), Живорад Ј. (37) и Зоран Л. (48) – наводно удирале, шутирале и фрлале пиротехника и шишиња врз полицијата,Милош А. (26) – се сомничи дека носел фантомка и физички се пресметувал со полицијата,Јован С. (21) – наводно шутирал припадници на жандармеријата и влечел еден за нога. Дополнително, 15 лица се приведени поради фрлање камења, шишиња, пиротехника и остри предмети врз полицијата во различни делови од градот, а меѓу нив има и лица на возраст меѓу 21 и 59 години.Според Првото основно јавно обвинителство, уште четири лица се задржани – тројца за напад на полицајци пред почетокот на собирот, а едно лице во алкохолизирана состојба се обидело да ја прескокне оградата и да нападне студенти во Пионирскиот парк.Сите приведени ќе бидат изведени на сослушување во законскиот рок, а обвинителството најави дека во соработка со МВР и БИА продолжува со идентификација на останатите учесници во нападите врз полицијата.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2022-02-27-at-09.03.51

Украина тврди: Русија регрутира „единици за спречување повлекување“

Украинската воено-разузнавачка служба (ГУР) објави пресретнат телефонски разговор меѓу руски војници, во кој се тврди дека руските команданти отворено регрутираат борци за т.н. „единици за спречување повлекување“ – формации чие постоење се смета за кршење на меѓународното хуманитарно право и потенцијален воен злостор.На снимката, еден руски војник раскажува дека нивната единица била посетена од регрутери кои барале доброволци за вакви единици, чие задолжение е со закана или смртоносна сила да спречат повлекување на сопствени војници. „Дојдоа кај нас – им рековме да се изгубат. Нашите беа во шок, сите им кажавме да одј**ат. Како може некој да ни бара да пукаме во своите?“, вели војникот.Друг учесник во разговорот ги нарекува регрутерите „комплетни говеда“ и додава: „Тие треба први да се стрелни.“ Во разговорот се споменува дека слични гласини и регрутациски обиди се шират меѓу повеќе руски единици на фронтот. „И кај нас се слуша за тоа. Сè уште никој не дошол, ама се зборува дека обиколуваат и прашуваат.“Овие таканаречени единици, според дефиницијата, се користат за да ја одржат дисциплината преку заплашување – стратегија слична на злогласната сталинистичка „Наредба 227“ („Ниту чекор назад!“), која во Втората светска војна овозможувала стрелање на советски војници кои се повлекуваат.„Се чини дека командантите изгубиле секаква контрола“, се слуша на снимката. „Пратиле луѓе да пукаат во сопствените... тие гадови треба први да ги стрељаат.“Украинското разузнавање и претходно обвинуваше дека Кремљ повторно прибегнува кон вакви брутални тактики, особено во услови на зголемени загуби и деморализација во руските редови. Руските власти досега немаат коментар за овие наводи.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

Палестински извори: Во израелски напади во Газа загинале 14 лица, меѓу нив и тројца деца

Најмалку 14 Палестинци, меѓу кои и тројца деца, загинале во најновите израелски воздушни и копнени напади ширум Појасот Газа, соопшти денеска Цивилната заштита на палестинската енклава. Според портпаролот на организацијата, Махмуд Басал, десетици други се повредени и пренесени во болници.Басал наведе дека 13 лица загинале во напади извршени со дронови и воени авиони: петмина на североистокот од градот Газа, две деца во истиот град, една жена во нејзиниот дом во Хан Јунис и уште пет лица – меѓу нив дете и две жени – во бегалски шатор во Ал-Маваси, на југот од Газа.Дополнително, 18-годишен маж бил убиен од израелска огнена сила додека чекал ред за дистрибуција на храна во секторот Ал-Алама, исто така на југот на Појасот Газа.Француската новинска агенција AFP објави дека не може независно да ги потврди овие информации.Во меѓувреме, израелската армија денеска издаде нов повик за евакуација на неколку населби на северот на Газа, каде што, според нивните тврдења, се одвиваат интензивни воени операции против борци на Хамас.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Трамп: Србија се подготвуваше за нова војна со Косово – ја спречивме со закана за стопирање на трговијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД успеале да спречат вооружен конфликт меѓу Србија и Косово, кој бил во подготовка на почетокот од оваа година. На прес-конференција во Белата куќа, Трамп рече дека неговата администрација реагирала навреме и му се заканила на Белград со прекин на трговските односи.„Имам пријател во Србија кој ми рече: ‘Повторно ќе одиме во војна’. Не сакам да кажам дека станува збор за Косово, но станува. Требаше да започне голема војна, но ја спречивме поради трговијата. Им реков – ние не тргуваме со оние што водат војна“, изјави Трамп од Овалната канцеларија.Изјавата беше дадена за време на заедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Конго и Руанда, по потпишувањето на мировен договор меѓу двете земји со посредство на САД. Трамп ја искористи можноста да се пофали со, како што рече, „неколку светски мировни успеси“ за кратко време.„Постигнавме мир меѓу Индија и Пакистан, Израел и Иран, Конго и Руанда... и уште неколку други. Србија се подготвуваше за војна со една група – нема да кажам која – но го спречивме тоа“, додаде Трамп.Изјавата доаѓа во контекст на сè понапрегнатите односи меѓу Белград и Приштина, особено по серијата инциденти и тензии во северниот дел на Косово. Белград сè уште не се огласил официјално по повод изјавите на Трамп.

Свет | пред 10 месеци

36376361

Најжестоки воздушни напади од почетокот на војната: Украина под удар од стотици дронови и ракети

Недела, 29 јуни, го означи 1.222-от ден од руската инвазија врз Украина и истовремено кулминација на досега најинтензивната воздушна офанзива од почетокот на војната. Русија утрово лансираше рекордни 41 крстосувачки ракети Kh-101, 7 балистички ракети „Искандер-М“/KN-23, 5 ракети „Калибр“, 4 хиперсонични „Кинџал“ и 3 ракети од ПВО системот С-300, како и масовни 477 беспилотни летала, од кои најмалку 250 биле камиказа дронови тип Shaheed-136.Украинската противвоздушна одбрана успеа да собори 33 ракети Kh-101, 1 „Искандер“, 4 „Калибр“ и 211 дронови, додека уште 225 биле приземјени со други средства. И покрај високата успешност на одбраната, нападот резултираше со жртви, меѓу кои и загинувањето на украинскиот пилот на F-16, Максим Устименко. Само во јуни досега, Украина регистрира над 3.700 напади со долгодометни беспилотни летала.Ескалација по кратко затишјеПо неколкудневно затишје и променлив интензитет на борбени дејства, од 27 јуни се бележи нов бран на руската агресија. Тоа вклучува и употреба на напредни верзии на Shaheed-136 (тип MS) – со вградени камери и подобрена навигација, што ја зголемува нивната прецизност и ги отежнува условите за уништување од страна на мобилни украински тимови.На 27 јуни биле лансирани 2 ракети „Кинџал“, 6 „Калибр“ (сите соборени), и 363 дронови (211 срушени, 148 приземјени). Само ден подоцна, во саботата, Русија лансира само 23 камиказа-дронови, што аналитичарите го толкуваат како прегрупирање пред новата офанзива.Украински одговор и активности зад линијата на фронтотОд украинска страна, продолжуваат нападите со беспилотни летала длабоко во руската територија. Од 19 до 24 јуни се бележат стотици украински дронови над региони како Смоленск, Волгоград, Ростов, Астрахан и Крим. Посебно внимание привлече нападот на руски воз со гориво кај Мелитопол, каде со прецизен дронски удар биле запалени четири вагони-цистерни.На 23 јуни, Русија нападнала со 11 балистички ракети „Искандер“, 5 крстосувачки „Искандер-К“ и 352 дрона – од кои дури 160 биле Shaheed-131/136. Украинските одбранбени сили успеале да соборат 146 од нив, но нападите оставиле зад себе најмалку 16 загинати и над 100 ранети – главно во Киев и Одеса.Промена на тактиката и нови ризициВо изминатата недела се забележува и тренд на користење цивилни возила и камиони за транспорт на руски единици, што го намалува ризикот од загуба на оклопни возила, но ги зголемува цивилните жртви и штети. Во исто време, прецизноста на руските ракетни системи варира, додека украинската ПВО и понатаму бележи значајни успеси.ЗаклучокРусија продолжува со тактиката на масовни воздушни напади, комбинирајќи ракети и дронови во координирани офанзиви. И покрај високата ефикасност на украинската противвоздушна одбрана, обемот на нападите и бројот на цивилни жртви го поставуваат прашањето за долгорочната издржливост на украинскиот одбранбен систем. Истовремено, интензивирањето на украинските удари длабоко во руската територија покажува дека Киев ја засилува асиметричната војна со офанзиви зад линиите на фронтот.

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања