Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Приведени лица за нарушување на јавниот ред во Тетово и Скопје

Полицијата интервенирала во повеќе случаи на нарушување на јавниот ред и мир, при што се приведени лица поради агресивно однесување и физичка пресметка.На 15 април 2026 година во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Ц.М.(38) и Б.А.(40) поради агресивно однесување на улицата „Браќа Миладинови“. При проверка било утврдено дека за Б.А. има активна централна потерница за издржување казна затвор во траење од шест месеци за кривично дело по член 235 од Кривичниот законик, по што

Македонија | пред 6 месеци

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Управата за јавни приходи на брифинг со медиумите појасни дека оданочувањето на доходот остварен во странство не претставува нова обврска, туку примена на постоечки закон кој важи со години, во обид да се расчистат дилемите по реакциите во јавноста.Според УЈП, системот во државата функционира врз принцип на самооданочување, што значи дека граѓаните сами ги пријавуваат приходите, додека институцијата обезбедува контрола, поддршка и наплата. Особено е нагласено дека обврската за пријавување важи и

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryas63jlskaus31Vlfn0c

Нови игралишта во Центар: модерна опрема и засилени патроли против вандализам

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави интензивна пролетна реконструкција на детските и спортските игралишта, при што во фокус се „Дрвен“ во Дебар Маало, игралиштето кај КАМ маркет и локацијата „Зебра“.Во гостување на Македонска радио-телевизија, Герасимовски информираше дека игралиштето „Дрвен“ е во завршна фаза на целосна обнова, со нова подлога, урбана опрема и детски реквизити, како и поставување на препознатливата црвена канделабра и модерни клупи.Паралелно, во тек е

Скопје | пред 6 месеци

media-library2lufctii90kp2bFVJ21

„Главната уредничка на МРТВ2 е винвона што се емитуваше т.н. 'голема Албанија' во програма“: директорот бара смена на Гаши

Директорот на Македонска радио-телевизија, Марјан Цветковски, бара разрешување на главната уредничка на МРТВ2, Мерита Гаши, откако во програмата беше емитуван детски фестивал со симболи на т.н. „Голема Албанија“.Цветковски за „Скопје1“ изјави дека постапката од негова страна е завршена и дека ќе биде испратено барање до уредништвото и до Програмскиот совет за утврдување одговорност, со предлог за разрешување и прераспределување на пониско работно место.Постапката е покрената по задолжение од Про

Македонија | пред 6 месеци

pozar-1

Пожар во обложувалница во Кисела Вода

Пожар избувнал во спортска обложувалница во скопската населба Кисела Вода, при што нема повредени лица.Настанот бил пријавен на 15 април 2026 година околу 00:20 часот во СВР Скопје, по што интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје и го изгаснала огнот.Извршен е увид за утврдување на причините за пожарот.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Разбојништво и тепачки во неколку скопски населби

Во Скопје се пријавени неколку одделни случаи на физички напади и разбојништва, за кои полицијата презема мерки за расчистување.Во првиот случај, Е.М. (40) од Скопје пријавила дека на 13 април 2026 година во населбата Илинден, едно лице ѝ побарало пари, по што физички ја нападнало.Во втор случај, М.Б. (46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бутел, додека се движел со возило, друго возило му го попречило патот, по што од него излегле две лица и физички го нападнале.Третиот случај се однесув

Македонија | пред 6 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

САД повторно го продолжија рокот за трансакции со Лукоил до крајот на октомври

Американското Министерство за финансии повторно го продолжи рокот за завршување на трансакциите со меѓународната мрежа на бензински станици на руската компанија Лукоил, овојпат до 29 октомври годинава. Одлуката е објавена од Канцеларија за контрола на странски средства, кој делува во рамки на Министерството.Претходно, во декември, беше издадена дозвола со која рокот за завршување на трансакциите беше поставен на 29 април, но тој повеќепати беше поместуван. Санкциите против Лукоил и Роснефт беа в

Свет | пред 6 месеци

ambulanta

Седумгодишно дете тешко повредено во сообраќајка во Кочани

Во сообраќајна несреќа што се случила на 14 април 2026 година во Кочани, тешко е повредено седумгодишно дете.Околу 17:30 часот на улицата „Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (40) од Кочани, удрило во малолетник од истиот град.Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од надлежни служби.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuh8qqhev6nui16oElbc

Полицијата во Кисела Вода лиши од слобода лице со дрога

Во раните утрински часови на 15 април 2026 година, полицијата во Скопје лишила од слобода едно лице кај кое била пронајдена дрога.На подрачјето на Кисела Вода, околу 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Б. (33) од Радовиш, откако кај него била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryrtc4ila8d5d1bvzBBUE

Младината на СДСМ: Мицкоски го предаде Груевски

Младинската организација на СДСМ – Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ), преку прес-конференција одржана од Кристијан Дојчиновски, упати серија остри обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски.Во настапот, СДММ директно го доведе во прашање политичкиот интегритет на Мицкоски, поставувајќи го прашањето: „Дали Христијан Мицкоски е новиот Ванчо Михајлов во ВМРО?“.Од младинската организација тврдат дека Мицкоски прави пресврт во ставовите, особено околу поранешниот премиер Никола Груевск

Македонија | пред 6 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

Мицкоски: „Имам чувство дека ќе има прогони на функционери од поранешната власт, но и нивни блиски од семејството“

Премиерот Христијан Мицкоски со индикативна изјава за можни постапки против поранешни функционери од претходната власт.„Имам чувство дека набргу високи функционери од претходната Влада, како и нивни блиски од семејството, ќе бидат опфатени со одредени прогони – не велам дека имам информации“, изјави Мицкоски.Со оваа изјава, премиерот не потврди конкретни истраги, но отвори простор за толкувања дека институциите би можеле да започнат постапки против поранешни носители на јавни функции.Изјавата до

Македонија | пред 6 месеци

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Тешки повреди во две сообраќајки во Скопје и Струмичко

Две одделни сообраќајни несреќи се случиле на 14 април 2026 година во Скопје и Струмичко, при што во двата случаи има лица со тешки телесни повреди.Во првиот случај, околу 15:45 часот на улицата „Скупи“ во Скопје се судриле патничко возило „шкода“ управувано од А.Р. (55) од Тетово и мотоцикл „бмв“ управуван од А.А. (30) од Скопје. Мотоциклистот се здобил со тешки повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.Во вториот случај, во 15:50 часот на магистралниот пат Струмица – грани

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: СДСМ и Филипче наместо критики, шират лаги и демагогија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски, реагираше дека СДСМ и претседателот Венко Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со изборни процеси во други држави, на кои, како што рече, нивните сестрински партии освојуваат минимална поддршка.Тој оцени дека наместо реформи, аргументирани критики и предлози, од СДСМ доаѓаат „лаги, демагогии и празни флоскули“, обвинувајќи дека партијата се фокусира на надворешни политички процеси.„СДС и Филипче наместо да бидат

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Нови, вознемирувачки докази беа презентирани пред судот во процесот против Стојанче Јовановски, со кои Обвинителството се обидува да докаже дека тој со години ја малтретирал сопругата Ивана Јовановска и ја довел до трагичниот чин во кој животот го загуби и нивната малолетна ќерка Катја Јовановска.Во судница беа презентирани видео снимки на кои, според Обвинителството, се гледа како Јовановски и удира шлаканица на Ивана во присуство на сведокот Мартин Саздов. По инцидентот, Ивана повикала полициј

Македонија | пред 6 месеци

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува натамошно намалување на цените на горивата, по веќе донесените корекции на Регулаторната комисија.Тој, одговарајќи на новинарски прашања, потсети дека претходно најавеното намалување веќе е реализирано, при што безоловните горива и дизелот се намалени за неколку денари по литар, дополнително со попустите што ги дава ОКТА.„Ние ова го најавивме, се сеќавате во саботата, на прес-конференција во Владата, дека безоловните горива 95 и 98 октани ќе се на

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Маж пронајден мртов на свињарска фарма во светиниколско село

Шеесет и четиригодишен маж е пронајден починат на свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, информираат од полицијата.Случајот бил пријавен на 14 април 2026 година во 22:57 часот во СВР Штип – ОВР Свети Николе, по што полициски екипи излегле на терен.Според информациите, починатиот К.П. (64) од Свети Николе бил вработен на фармата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција,

Македонија | пред 6 месеци

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

СДСМ: Имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

Од СДСМ реагираат на изјавата на Христијан Мицкоски во која, како што наведуваат, повторно изнесува „чувство“ за можни идни процеси против функционери на партијата.Од партијата посочуваат дека ваквите изјави претставуваат обид за политичка пресметка и создавање притисок врз институциите, особено во контекст на, како што велат, актуелни меѓународни интереси и истраги поврзани со бизнис-релации во регионот.Во реакцијата се наведува дека, откако биле поставени „свои луѓе“ во правосудниот систем, се

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: „Уставниот суд станува антиработнички инструмент на власта“

Политичките реакции околу Колективниот договор за култура продолжуваат, откако партијата Левица излезе со остра осуда и отворена поддршка за најавениот протест на културните работници.Од Левица тврдат дека постапката пред Уставен суд на Република Северна Македонија е обид за укинување на Колективниот договор, зад кој, според нив, стои власта.„Уставниот суд презеде улога на антиработнички инструмент на власта и има намера да го укине Колективниот договор“, наведуваат од партијата, оценувајќи дека

Македонија | пред 6 месеци

IMG_8162

Грејната сезона завршува: од утре важат нови правила за греење

Грејната сезона официјално завршува на 15 април 2026 година, информира Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), по што започнува т.н. преоден период кој ќе трае до 30 април.Според правилата, греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само под одредени услови. Доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура ќе биде еднаква или пониска од 12 степени, снабдувачот ќе мора да обезбеди греење.Во тие случаи, во периодот од 06:00 до 22:00

Македонија | пред 6 месеци

media-library3u07d5ac11an7KWNONA

(Видео) „Веднаш да се врати Груевски во Македонија“, Жерновски бара да се спреми документацијата за враќање на експремиерот

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, упати директен повик до Министерството за правда за итна постапка за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, повикувајќи се на најавите од новата унгарска власт.„Доаѓа време на правда и секако на одговорност. По најновата изјава на идниот премиер на Унгарија Петер Маѓар, дека Унгарија нема да биде оаза на пребегнати криминалци, сакам да упатам директна порака до Министерството за правда – без одолговлекување и веднаш да се пристап

Настани | пред 6 месеци

media-library0o7p5573q3rg3OMe0lo

(Видео) Христијан Мицкоски е Орбан Џуниор, вели Жерновски

Политичката реторика дополнително се заострува по поразот на Виктор Орбан во Унгарија, откако од СДСМ продолжија со директни обвинувања кон власта и премиерот Христијан Мицкоски.Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, изјави дека падот на Орбан има директни последици врз политичари во регионот кои, според него, биле дел од поширока мрежа под негова заштита.„Падот на авторитарниот режим на Виктор Орбан има директни последици не само на целиот регион туку и врз политичари кои беа под

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Петер Маѓар побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шјулок

Лидерот на победничката партија „Тиса“ на неодамнешните избори, Петер Маѓар, побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шјулок, оценувајќи дека тој треба да се повлече по формирањето на новата влада.Маѓар, пред средбата во претседателската резиденција, изјави дека ќе му ја пренесе „волјата на унгарскиот народ“ дека шефот на државата треба да ја напушти функцијата откако ќе дојде до промена на власта. Тој додаде дека ќе го слушне ставот на претседателот, но повтори дека Шјулок, според него, „

Свет | пред 6 месеци

media-librarygeevbgrt8vh6aJYG9GW

Истрага во Мелбурн по наводи за сексуален напад откако Руби Роуз ја пријави Кети Пери

Австралиската полиција потврди дека започнала истрага по наводите за сексуален напад што актерката Руби Роуз ги изнела против пејачката Кети Пери.Според полицијата на сојузната држава Викторија, детективи од тимот за истрага на сексуални деликти и злоупотреба на деца во Мелбурн ја истражуваат пријавата за настан кој наводно се случил во 2010 година во локал во централната деловна зона на градот. Руби Роуз соопшти дека дала исказ пред надлежните органи и дека повеќе нема да коментира јавно додека

Магазин | пред 6 месеци

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Физички напад во болницата во Прилеп – полицијата презема мерки

СВР Битола соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случај на физички напад во Прилеп.На 15 април 2026 година во 01:40 часот во ОВР Прилеп, Д.С. (34) од Прилеп пријавил дека на своето работно место во Општата болница Прилеп бил физички нападнат од лице идентификувано како О.Ѓ.По пријавата, од надлежните служби се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Лишено од слобода едно лице по закани со огнено оружје во село Лавци

СВР Битола соопшти дека е лишено од слобода едно лице поради сомнение за закана со огнено оружје во битолско.На 14 април 2026 година во 13:00 часот, полициски службеници го привеле Н.А. (30) од Битола, по претходна пријава дека во селото Лавци, поради недоразбирање, со огнено оружје упатувал закани кон И.Р. (24) од Битола.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања