Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-library5ourh9jvfv2f2ZS9RXC

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина.Претставниците на двете организации ги изнесоа своите согледувања и препораки со посебен акцент на еколошката правда, превенцијата од еколошки штети, заштитата на природните ресурси и усогласувањето со европското право.Според Сиљановска-Давкова заштитата на животната средина треба да биде клучен приоритет, а соработката меѓу институциите, граѓанските организации и стручната јавност е од суштинско значење за креирање одржливи и ефикасни политики. Таа укажа дека вклученоста на овие организации во креирањето на законските решенија треба да биде институционализирана, преку нивно учество во комисиските тела во Собранието и во Владата.Именувањето на експертот од областа на метеорологијата и климатските промени, проф. д-р Спиридонов, за член на Советот за безбедност, е важен чекор кон интегрирање на научната експертиза во стратешкото одлучување. Ова, според претседателката, би им овозможило на невладините еколошки организации, со своите идеи и предлози да придонесат во работата на ова тело.Соговорниците се согласија дека загрозувањето на животната средина е сериозен безбедносен ризик и закана за уставно загарантираното право на живот.Тие ја нагласија потребата од користење на меѓународни искуства и унапредување на регионалната соработка во справувањето со реалните предизвици.Претседателката и претставниците на МЗМП и ФЛОРОЗОН повикаа на континуирана едукација и поттикнување на младите во градењето партнерски однос со природата како неопходен предуслов за превенција на можни штети со несогледливи последици.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Главната расправа за „Пулс“ е одложена за 26 јануари на барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска: Таа од вчера е член на Судскиот совет

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ закажана за утре е одложена, а процесот продолжува на 26 јануари.Одлагањето е по барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, бранителка на еден од обвинетите, која во текот на вчерашниот ден беше избрана за членка на Судскиот совет. Поради новонастанатата функција, таа повеќе не може да ја извршува адвокатската дејност, па судот оцени дека мора да му се овозможи на обвинетиот да ангажира нов бранител и тој да добие време да се запознае со предметот.Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, се отповикува само рочиштето за утре, додека сите досега одржани расправи и изведени докази остануваат важечки, а постапката продолжува на следниот, претходно утврден термин – 26 јануари.Сузана Јошевска-Анастасовска беше избрана за членка на Судскиот совет на вчерашната седница на Собранието, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Процесот за „Пулс“ се наоѓа во доказна постапка и требаше да продолжи со сослушување на законските застапници на оштетените. Сите 35 обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата, иако дел од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите.Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев посочи дека постапката има цел да утврди и индивидуална и институционална одговорност, нагласувајќи дека трагедијата не е последица само на еден настан, туку на долгогодишни системски пропусти и недостиг на контрола. Одбраната, пак, тврди дека станува збор за институционален неуспех, а не за индивидуална вина.Пожарот избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група „ДНК“, кога во објектот имало повеќе посетители од дозволеното, биле користени пиротехнички средства без одобрение, а дискотеката со години работела без исполнети минимално-технички и противпожарни услови.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
13032025-Mickoski-1

Мицкоски ги собира лидерите: техничката влада, реформските закони и изборните правила на маса

Укинувањето на техничката влада, реформите во правосудството и изборните правила ќе бидат во фокусот на лидерската средба што утре ќе се одржи во Клубот на пратениците, на иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.На средбата се поканети лидерите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи, а покрај укинувањето на техничката влада, најавено е отворање на разговори и за Изборниот законик, изборот на народен правобранител, како и пакетот реформски закони од областа на правосудството. Дневниот ред, според најавите, може да биде дополнет и со други теми предложени од учесниците.Од опозициските партии, засега учество потврди само Левицата, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, уште на старт го одби повикот за лидерска средба, обвинувајќи дека власта бара оправдување за предвремени избори.Од владејачката коалиција, на состанокот се очекува претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претставник од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Коалицијата „Вреди“ најави дека ќе присуствува со својот лидер Касами и координаторот на пратеничката група, Беким Ќоку.ДУИ допрва треба да донесе одлука дали нејзиниот лидер Али Ахмети ќе учествува на средбата, по денешната седница на Генералниот совет на партијата, на која се разгледуваат актуелните политички состојби и внатрепартиски прашања.Левицата најави дека ќе ја поддржи идејата за укинување на техничката влада, но само доколку се воведе една изборна единица. Пратеникот Амар Мециновиќ оцени дека е време да се отвори конструктивен дијалог за клучните државни прашања.Поддршка за лидерската средба изразија и ЛДП и ДОМ. Од ЛДП порачаа дека се подготвени за разговор, но не само за техничката влада, туку и за суштинските проблеми кои директно го засегаат животот на граѓаните. ДОМ, пак, повика на поширока агенда што би опфатила една изборна единица и отворени листи без изборен праг.Премиерот Мицкоски најави дека средбата треба да се одржи пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос и порача дека уставни и системски промени, како укинувањето на техничката влада, не треба да се носат без широк политички консензус.Откако СДСМ го одби учеството, Мицкоски оцени дека очекувал поголема политичка зрелост и нагласи дека власта има доволно пратеници за укинување на техничката влада, но дека сакала процесот да биде инклузивен и да се отвори поширока дебата за клучните закони и европските реформи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryie9gigosmruh92pMbWy

Односите меѓу Копенхаген и Нук се распаѓаат: „Неслогата им оди во прилог на Американците“

Утре во Вашингтон, министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, ќе се сретнат со американскиот државен секретар Марко Рубио во обид да се најде решение за гренландската криза. Сепак, се чини дека данската и гренландската страна сè помалку настапуваат единствено во однос на американските претензии.Ниту во рамки на гренландското политичко раководство и парламентарните партии нема единство околу тоа како да се одговори на заканите на Доналд Трамп, повторно изразени во ноќта кон вторникот преку објава на Белата куќа на мрежата Икс, на која американскиот претседател е прикажан како низ прозорец гледа во карта на Гренланд.Денеска во Копенхаген пристигнува американска делегација составена од осум сенатори и членови на Претставничкиот дом на Конгресот, најмногу од редовите на Демократската партија. Тие ќе се сретнат со претставници на данската и гренландската влада, како и со бизнис-лидери.Кабинетот на демократскиот сенатор Крис Кунс во кратко соопштение наведува дека тој ќе ја предводи конгресната делегација во Копенхаген со цел да се истакнат повеќе од 200 години пријателство меѓу САД и Данска.Зошто сенаторите доаѓаат во Данска, а не на Гренланд?Претседателката на Комитетот за надворешна и безбедносна политика на гренландскиот парламент, Пипалук Линге, која очигледно не била поканета, веднаш побарала да присуствува на средбата со американските сенатори. Таа изјави дека за Гренланд не може да се разговара без присуство на негови претставници и оцени дека е чудно што сенаторите се поканети во Данска, а не на Гренланд.Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен исто така пристигнал во Копенхаген и ќе остане во главниот град на Данска цела недела, очигледно со цел да биде што поблиску до данските лидери додека се водат разговори за иднината на неговата земја.Во меѓувреме, дел од данските политичари го загубија трпението. Поранешниот лидер на националистичката и популистичка Данска народна партија, Кристијан Тулесен Дал, за весникот Јиландс-Постен изјави дека е неодржлива сегашната ситуација во која гренландските лидери можат без никаква одговорност и последици да зборуваат што сакаат за Данска.Сите гренландски партии сакаат независностТулесен Дал оцени дека можеби е време односите меѓу Данска и Гренланд да бидат целосно отворени. Тој потсети дека Гренланд повеќепати јасно ставил до знаење дека сака да се отцепи и дека тоа е само прашање на време и начин. Според него, долгорочната цел на речиси сите партии на Гренланд е независност.Тој додаде дека сега на сите мора да им биде јасно дека САД нема да прифатат независен Гренланд и постави прашање дали Гренланѓаните ја гледаат својата иднина со Данска или нивната желба за отцепување ќе ги однесе во американска прегратка. Според него, Гренланѓаните треба директно да разговараат со САД и врз таа основа да ја изберат својата иднина.Инеќи Килсен, потпретседател на левичарската партија Сиумут, исто така смета дека Гренланд треба самостојно и директно да разговара со САД и дека данскиот министер за надворешни работи нема што да бара на такви средби. Тој потсети дека данската влада повеќепати изјавила оти Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и дека сега треба да се држи до тој став.Страв од ескалација и американска интервенцијаОд друга страна, данската левичарска партија Единствената листа апелираше над палатата Кристијансборг во Копенхаген, седиштето на парламентот, владата и Врховниот суд, да се истакне гренландското знаме. Пратеникот Педер Хвелплунд изјави дека парламентот треба да дејствува во знак на солидарност и сочувство со гренландскиот народ и нивното право самостојно да одлучуваат за иднината на Гренланд.Гренландската пратеничка во данскиот парламент и поддржувачка на независноста на Гренланд, Аки-Матилда Хег-Дам, песимистички оцени дека Доналд Трамп тешко може да се одврати од намерата да го преземе Гренланд. Таа смета дека не е нужно проблематично да се склучи договор со САД доколку тоа може да им обезбеди поголема независност на Гренланѓаните.Според неа, САД и онака доаѓаат на Гренланд, па затоа треба да се обидат да извлечат нешто од тоа. Таа изјави дека изборот е меѓу тоа земјата да биде преземена со сила или преку преговори да се извлече најдоброто за гренландскиот народ, оценувајќи дека трета опција не постои.Во тој контекст, данската премиерка Мете Фредериксен пред два дена беше директно прашана што би се случило доколку САД тргнат со сила кон Гренланд. Таа одби јасно да одговори, наведувајќи дека постојат работи кои не може да ги сподели со јавноста и дека се наоѓаат во судбоносен момент.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarye7ufkpc8daig3zGgkHR

Сопствената мајка почнал да ја боде со нож, па потоа со ножици: Жител на Богданци е под истрага за свирепо убиство

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка.Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала.Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство или ќе влијае врз сведоците кои ќе бидат испитувани во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjb0rs07fbimvaDwqUEK

Македонските граѓани да го напуштат Иран во прва можна и безбедна прилика, апелира МНР

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10, велат од МНР

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Обвинителството бара притвор за 55-годишниот човек кој со камен го скрши стаклото на влезната врата на бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец.Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, се вели во соопштението на ОЈО

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2022-12-26-at-15.38.56

Алта банка ги купи конфискуваните акции на Мијалков, државата се повлече од сопственичката структура

Алта банка стана сопственик и на пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот во поранешната Стопанска банка Битола, со што практично се затвора приказната околу уделот поврзан со случајот „Империја“, објави Фактор, повикувајќи се на податоци од Македонската берза.Станува збор за акции кои Агенцијата за управување со одземен имот ги понуди на јавна берзанска аукција откако Владата ѝ даде зелено светло за нивна повторна продажба. Купувач е Алта банка, но во берзанските објави не е наведено по која цена е реализирана трансакцијата.Според официјалното соопштение, Алта банка АД Белград се стекнала со дополнителни 7.213 обични акции, со што нејзиниот удел во Алта банка Битола се искачи на 95,13 отсто од вкупниот број издадени акции.Акциите беа дел од конфискуваниот имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, и претставуваа околу 1,8 отсто од капиталот на банката. Јавната берзанска аукција траеше од 5 до 13 јануари, со почетна цена од 3.194 денари по акција, а плаќањето беше предвидено во денари, со рок од два дена по аукцијата.Алта банка од Србија веќе во октомври минатата година стана доминантен сопственик на поранешната Стопанска банка Битола, откако нејзината понуда ја прифатија над 260 акционери. Со последната трансакција, банката дополнително ја консолидира сопственичката структура, додека државата повеќе нема удел преку управуван конфискуван имот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv2ttbe822s004z3p2W9

Македонка на врвот на ОН во Азија: Владанка Андреева назначена за главен координатор на Обединетите нации во Камбоџа

Македонка застана на чело на една од клучните теренски мисии на Обединетите нации во Азија. Владанка Андреева е назначена за Резидентен координатор на ОН во Камбоџа, функција од која се управува и усогласува работата на сите агенции на ОН во земјата.Со ова именување, Андреева станува највисок претставник на системот на ОН во Камбоџа, со мандат да ги води развојните, хуманитарните и реформските процеси во соработка со локалните власти. Функцијата официјално ја презеде на 10 јануари 2026 година, по добиена согласност од владата во Пном Пен.Назначувањето доаѓа по повеќе од две децении меѓународна кариера, во која Андреева работела на сложени развојни и здравствени програми во Азија, Кавказот и Европа. Непосредно пред ова, таа ја извршуваше истата функција во Азербејџан, каде што ја координираше улогата на ОН во постконфликтното закрепнување и климатската агенда, вклучително и подготовките за COP29.Камбоџа, пак, за неа не е непознат терен. Таму претходно беше на чело на програмата на ОН за ХИВ/СИДА, а за време на пандемијата со КОВИД-19 го предводеше одговорот на целиот систем на Обединетите нации.Во нејзината професионална биографија се вбројуваат и високи позиции во UNAIDS и УНДП во Виетнам, регионот Азија–Пацифик, Европа и ЗНД, како и ангажман како советник на Резидентниот координатор на ОН во Северна Македонија. Пред да се приклучи на системот на ОН, работела во хуманитарниот сектор со „Фармацевти без граници“.Андреева е дипломиран стоматолог и магистер по јавно здравје. Нејзиното назначување се смета за редок и значаен пробив на македонски кадар на највисоко оперативно ниво во Обединетите нации.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryl4703r3knpnv65IqPiI

„Во два кубни метри со сопствените деца, тие инсистираат да пушат цигари, не можам да се изначудам“: Реакција на Илија Димовски за законот за пушење

Илија Димовски реагира дека меѓу бројните аргументи против строгата регулација за пушењето, особено загрижува фактот што има луѓе на кои им пречи забраната за пушење пред сопствените деца во автомобил.„Навистина не можам да се изначудам дека постојат лица на кои им смета забраната да пушат пред своите деца – во автомобил. Во простор од два кубни метри. Во два кубни метри со сопствените деца, тие инсистираат да пушат цигари“, наведува Димовски.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhmoiilavpn5c3prUKmK

Младиот Ерфан Солтани ќе биде обесен утре без судење: Погубувањето на 26-годишниот демонстрант ќе значи прва смртна казна поради протестите!

Иранските власти наводно планираат да го погубат 26-годишниот Ерфан Солтани, што би било првото извршување смртна казна поврзано со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата. Според организации за човекови права, Солтани, кој беше уапсен минатата недела во Караџ, треба да биде обесен утре, без спроведено судење, објави индискиот медиум НДТВ.Случајот на Ерфан СолтаниСолтани беше уапсен во саботата за време на протестите во Караџ и обвинет за „водење војна против бог“, кривично дело за кое во Иран е предвидена смртна казна. Норвешката невладина организација „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти, повикувајќи се на свои извори, дека на неговото семејство му било кажано оти е осуден на смрт и дека пресудата треба да се изврши на 14 јануари.Друга организација, Националната унија за демократија во Иран, наведе дека на Солтани му бил ускратен пристап до адвокат. „Неговиот единствен ‘злостор’ е борбата за слободата на Иран. Бидете негов глас“, порача организацијата во објава на социјалната мрежа Икс. Независна потврда за планираното погубување засега не е можна поради прекините на комуникациите во Иран, кои властите ги користат за да ги задушат протестите.Предупредувања од организациите за човекови праваОрганизацијата „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти дека потврдила смрт на 648 лица за време на протестите, меѓу кои и девет малолетници, но предупреди дека вистинскиот број веројатно е значително поголем и дека некои проценки говорат за повеќе од 6.000 жртви. Поради прекините на интернетот, исклучително е тешко независно да се проверат овие податоци, наведуваат од организацијата, додавајќи дека се уапсени околу 10.000 лица.„Убивањето цивили потсетува на злосторствата на режимот од 1980-тите, кои се препознаени како злосторства против човештвото“, изјави директорот на организацијата, Махмуд Амири-Могадам. Тој додаде дека меѓународната заедница има обврска да ги заштити цивилните демонстранти од масовни убиства од страна на Исламската Република.Реакцијата на иранскиот режимИранските власти во понеделникот организираа масовни провладини собири низ земјата, кои врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги поздрави како доказ дека протестното движење е поразено. Хамнеи, кој е на власт од 1989 година, изјави дека одзивот на провладините сили бил „предупредување“ до Соединетите Американски Држави.„Овие масовни собири, исполнети со решителност, ги осуетија плановите на странските непријатели кои требаше да ги спроведат домашни платеници“, изјави Хамнеи, а пренесе државната телевизија. Во Техеран, претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф им порача на насобраните на плоштадот Енгелаб дека Иран води „војна на четири фронта“: економска, психолошка, „воена војна“ со САД и Израел и „војна против терористите“, при што под тоа ги подразбира протестите.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Има активни пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години: Министерот Алиу соопшти алармантни податоци

- Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се применува, ќе имате само закон на хартија. Затоа можеби досега постојните закони за жал не даваа резултати. Ние прво направивме длабока анализа на постојната состојба, која покажа дека кај нас околу 50% од популацијата се зависни од цигари, и тоа пушат околу 18-22 цигари на ден, што значи во државата имаме двојно повеќе пушачи во споредба со европските стандарди. И ова е алармантно, особено што има пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години има 7.7% активни пушачи, од 15-16 години се некаде 37%, а на електронски цигари 40%, истакна министерот за здравство Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.Тој потенцираше дека законот не е против пушачите, туку идејата е законот да ги штити пушачите кои се околу 50% од населението, и да помогне тие да се откажат од пушењето.- Замислете наш граѓанин кој работи во угостителски објект каде што се пуши внатре. Тој без оглед дали сака или не, пасивно е изложен на чад од цигари осум часа на ден и на крајот од денот е пасивен пушач. Разговарав со доктори кои велат дека има многу често случаи на кардиоваскуларни заболувања кога пациентите велат дека самите не се пушачи, но дома имаат членови на семејството кои пушат во затворени простории. Тоа значи дека и пасивните пушачи се во ризик, кога активните пушачи пушат во затворени простории. Нас како држава целта ни е да ги заштитиме граѓаните, додаде министерот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarysekq3r5cadbj79w8x0U

„Напуштете го Иран веднаш“: САД со итен апел до своите државјани!

Американското претставништво за Иран упати итен апел до американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека безбедносната состојба се влошува и дека немирите во повеќе делови од Иран продолжуваат да ескалираат.Во соопштението се наведува дека граѓаните треба да заминат без да очекуваат помош од американската влада, а доколку тоа не е можно, да најдат безбедно засолниште. Се предупредува и на можни прекини на интернетот и телекомуникациите, при што како една од опциите се препорачува, доколку е безбедно, напуштање на земјата по копнен пат преку Ерменија или Турција.Американските власти дополнително нагласуваат дека двојните државјани на САД и Иран мора да патуваат со ирански пасоши, како и дека поседувањето американска патна исправа може да биде доволна причина за приведување.Предупредувањето доаѓа во услови на засилени тензии меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави воведување царина од 25 отсто за сите земји што соработуваат со Иран, како дел од поширокиот притисок врз иранските власти поради насилното задушување на антивладините протести.Иако Трамп во повеќе наврати изјави дека не сака војна со Иран, американските власти потврдија дека се разгледуваат различни сценарија, вклучително и воени опции, доколку состојбата дополнително се влоши. Во исто време, официјален Вашингтон наведува дека сè уште постои подготвеност за дипломатски разговори со иранските власти.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Членка на Европската Унија и НАТО: Повеќе нема да ѝ помагаме на Украина

Највисоките словачки државни функционери, претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши, потврдија единствен став околу клучните надворешнополитички и внатрешни прашања. По заедничкиот состанок соопштија дека Словачка повеќе нема да ѝ дава воена помош на Украина и дека ќе се залага за посуверено државно настапување, објави словачкиот портал „Актуалити“.Претседателот Пелегрини изјави дека целта на средбата била да се испрати порака дека е можно водење културна политика и цивилизиран дијалог, како и дека тројцата највисоки уставни функционери мора да најдат заеднички јазик и заеднички одлуки во интерес на Словачката Република. Тој нагласи дека разговорите биле отворени, конструктивни и прагматични.Во однос на надворешната политика, Пелегрини посочи дека тројцата се единствени во оценката дека воената кампања на САД во Венецуела претставува грубо кршење на меѓународното право. Истовремено, беше потврдена согласноста дека Словачка треба да има свој претставник на преговорите на таканаречената „коалиција на подготвените“, при што ставот на земјата останува непроменет.Тој јасно нагласи дека Словачка повеќе нема да ѝ дава воена поддршка на Украина, нема да испраќа војници и нема да учествува во гаранции за голем заем од страна на Европската комисија.Сите тројца функционери истакнаа дека Европската Унија за Словачка претставува животен простор во кој земјата сака и понатаму да биде дел. Премиерот Фицо, сепак, предупреди дека Унијата се соочува со најдлабока криза досега.Тој изјави дека не би сакал Словачка во вакви услови да настапува несигурно и да стане жртва на големи промени што може да се случат во Европа. Фицо укажа и на распаѓањето на светскиот поредок, нарушувањето на меѓународното право, како и на енергетската безбедност како сериозен предизвик.Премиерот оцени дека е клучно Словачка да настапува суверено и во Европа и на глобалната сцена. Тој ја повика целата владејачка коалиција, и покрај внатрешните несогласувања, да се обедини и да претставува храбра и суверена државна политика која ќе ги штити интересите на земјата во тешки времиња.Фицо додаде дека разликите во ставовите се нормални, но дека кога станува збор за суверенитетот, безбедноста и опстанокот на државата, сите мора да дејствуваат заедно. Тој истакна дека и опозицијата е добредојдена доколку е подготвена да учествува во таков пристап во корист на Словачка.Претседателот на парламентот Раши исто така потврди дека тројцата највисоки функционери можат да постигнат договор околу решавањето на сериозните прашања што ја засегаат Словачка, без разлика дали станува збор за надворешна или внатрешна политика. Тој наведе дека не гледа суштински проблеми и дека по многу теми постојат заеднички или слични ставови.Раши додаде дека разговарале и за функционирањето на Вишеградската група и Славковскиот формат, при што ставот на Словачка е да се бараат заеднички точки и координиран настап со партнерските земји. Како тема на разговор било и работењето на парламентот, при што тој потврди дека измените на законот за деловник мора да бидат прва точка на следната седница.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydhggrak3drt39wxw6vm

Андоновски: Граѓаните преку е-сандаче ќе добиваат навремени известувања кога им истекува личната карта

„Сега, три месеци пред истекот на вашата лична карта, ние автоматски ви испраќаме на вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата имејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и дека можете да си ја обновите, да закажете обновување на следниот линк. На овој начин сакавме да покажеме колку е ефикасен овој модел и за 300 000 граѓани тоа веќе е овозможено затоа што се корисници на националниот портал“, изјави министерот Стефан Андоновски, во гостување  на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, објаснувајќи ја функционалноста на „е-сандаче“.Со воведувањето „е-сандаче“ државата може директно електронски да комуницира со граѓаните за опомени, документи, предупредувања за истекување на одредени рокови.„Е-сандаче“, значи државен инбокс и електронска адреса на граѓаните во дигиталниот свет, а идејата е да се искористи за директна комуникација со граѓаните и тогаш кога тие немаат побарано услуга. Периодов проектот е во тест-фаза, во која системот успешно се справува со автоматско испраќање информација за истекување на личните карти на граѓаните“, рече Андоновски.Министерот дообјасни дека пораката што стигнува до граѓаните содржи линк кој го носи корисникот кон страницата на која се закажува термин за обновување лична карта. „Можностите се неограничени и ова е една од обврските на дигиталната декада, затоа што значи дека државата директно електронски комуницира со граѓаните. Каде отишле државите коишто порано го започнале овој процес? Доставата на документи да се врши целосно електронски на овој начин за оние граѓани кои го имаат електронското сандаче“, додаде министерот.Говорејќи за „е-киоск“, тој рече оти тие треба да се сфатат како машини кои ќе им овозможат на корисниците да добијат услуга директно, без да комуницираат со државниот апарат или без да го користат Националниот портал за услуги, односно луѓето што дома немаат интернет, принтер или компјутер, на кој било киоск ќе можат со неколку клика да дојдат до потребната услуга и да платат веднаш.„Сметавме дека ова ќе биде нова додадена вредност затоа што во градовите каде што немаме центри за услуги, или на местата коишто имаат голема фреквенција на граѓани, можете да ја користите брзо оваа услуга 24 часа, седум дена во неделата. Не зависите ни од работно време, ни дали некој вработен може да ве услужи и ќе ги намалиме и метежите коишто се создаваат“, заврши министерот, Стефан Андоновски.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryubpgjs6ls4ug0a214S4

Василица ја отвора годината според Јулијанскиот календар: обичаи, погача со паричка и верба во бериќет

Православните верници што се водат според Јулијанскиот календар вечерва ја одбележуваат Старата нова година, која започнува утре, на празникот Василица – 14 јануари според граѓанскиот календар.Празникот се поврзува со чествувањето на Свети Василиј Велики и се празнува меѓу верниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и во други православни заедници што ги следат црковните празници по Јулијанскиот календар.Во македонската народна традиција, Василица се смета за симбол на нов почеток, среќа и благосостојба. Во домовите се подготвува свечена трпеза, а централно место има василичарската погача или пита со паричка. Според верувањето, оној што ќе ја пронајде паричката ќе има здравје, напредок и среќа во текот на целата година.Празнувањето е проследено и со богата палета обичаи кои се разликуваат од крај до крај. Во дел од градовите и селата се организираат василичарски поворки и маскенбали, исполнети со хумор, сатира и народна креативност, додека на други места празникот се одбележува тивко, во кругот на семејството.Иако Старата нова година не е официјален државен празник, Василица и понатаму има силно место во културниот и духовниот живот во земјава, опстојувајќи како жив обичај што ги поврзува генерациите и ја одржува традицијата.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
mobilni

Трет мобилен оператор влегува на пазарот: „Оне Македонија“ доби зелено светло од АЕК

Агенцијата за електронски комуникации ја донесе конечната одлука за избор на трет мобилен оператор во земјава, при што лиценцата ја доби „Оне Македонија телекомуникации“, компанија во сопственост на унгарската групација 4iG.Со одлуката, започнува рок од 10 дена во кој избраниот оператор треба да уплати еднократен надомест од нешто повеќе од 8 милиони евра за користење на фреквенциските опсези 700, 1800 и 3.x гигахерци. По извршената уплата, компанијата ќе добие одобрение за работа и ќе може веднаш да започне со нудење услуги, користејќи ја инфраструктурата на постојните оператори, додека паралелно ја развива сопствената мрежа.Според обврските од тендерот, „Оне Македонија“ ќе треба да обезбеди 5Г-покриеност во најмалку еден град до март 2027 година, покриеност на главните сообраќајни коридори до крајот на 2028, 5Г-мрежа во сите градови до 2030 година, а до 2032 секој граѓанин да има пристап до 5Г-интернет со минимална брзина од 100 мегабити во секунда.Од АЕК посочуваат дека влезот на трет мобилен оператор треба значително да ја засили конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, да влијае врз цените и квалитетот на услугите, и да ја забрза дигиталната трансформација — препорака што подолг период ја дава и Европската комисија.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
DSC_0047

Студот попушта, нови врнежи се очекуваат по 21 јануари

Македонија и во наредните денови ќе биде под влијание на антициклон, односно поле на висок воздушен притисок, што ќе услови стабилно, суво и тивко, но и понатаму студено време, особено во ноќните и утринските часови.Иако утринските температури ќе останат под нулата, екстремниот студ постепено ќе попушта. Преку ден, температурите ќе се искачуваат од 2 до 9 степени, додека во Скопје и околината ќе достигнуваат до околу 7 степени.Поради антициклоналното влијание во зимски услови, во следните неколку денови ќе има појава на магла и ниска облачност, најизразена во котлините и по речните долини, особено во утринските и ноќните часови.За денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од западен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од -1 до 7 степени, а во Скопје до 5 степени.Минималните утрински температури се спуштија и до -12 степени во Берово, -11 во Крива Паланка и -10 степени во Демир Капија, Крушево и на Попова Шапка. Снежна покривка има најмногу на Попова Шапка со 26 сантиметри и во Крушево со 15 сантиметри.Позначителни врнежи од дожд и снег, како и формирање нова снежна покривка, засега се очекуваат околу 21 јануари.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
Tramp

Трамп се закани со трговски казни за цели држави: 25 отсто царина за секој што тргува со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина од 25 отсто за сите држави што имаат трговска соработка со Иран, предупредувајќи дека мерката ќе се однесува на целокупната трговија што тие земји ја остваруваат со САД.„Итно соопштение: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 отсто за сите трансакции со Соединетите Американски Држави“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.Тој нагласи дека одлуката е конечна и дека нема можност за исклучоци или жалби.Кина, Обединетите Арапски Емирати, Индија и Турција се меѓу најголемите трговски партнери на Иран, што значи дека новата најава може да има пошироки последици врз глобалната трговија и односите со Вашингтон.Заканата доаѓа во услови на зголемени тензии, откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп не ја исклучува можноста за употреба на воена сила против Иран.Според неа, воздушните напади се „една од повеќето опции на масата“, при што додаде дека американскиот претседател, како врховен командант, внимателно ги следи случувањата во Техеран.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
siluvanje-1-640x432-163518

Сексуална злоупотреба на деца во Тиквешијата: возрасни лица под истрага за допирање, наведување со пари и полови дејствија

ОЈО Кавадарци води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик.Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик.Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка. Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања