Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
Tramp

Трамп се закани со трговски казни за цели држави: 25 отсто царина за секој што тргува со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина од 25 отсто за сите држави што имаат трговска соработка со Иран, предупредувајќи дека мерката ќе се однесува на целокупната трговија што тие земји ја остваруваат со САД.„Итно соопштение: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 отсто за сите трансакции со Соединетите Американски Држави“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.Тој нагласи дека одлуката е конечна и дека нема можност за исклучоци или жалби.Кина, Обединетите Арапски Емирати, Индија и Турција се меѓу најголемите трговски партнери на Иран, што значи дека новата најава може да има пошироки последици врз глобалната трговија и односите со Вашингтон.Заканата доаѓа во услови на зголемени тензии, откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп не ја исклучува можноста за употреба на воена сила против Иран.Според неа, воздушните напади се „една од повеќето опции на масата“, при што додаде дека американскиот претседател, како врховен командант, внимателно ги следи случувањата во Техеран.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
siluvanje-1-640x432-163518

Сексуална злоупотреба на деца во Тиквешијата: возрасни лица под истрага за допирање, наведување со пари и полови дејствија

ОЈО Кавадарци води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик.Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик.Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка. Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryk35pg0ectov9bLgZs9h

Трагично згасна животот на младиот охридски фотограф Кристијан Љушев

Во својата 28-ма година, во трагичен настан што денеска се случи во станбена зграда во изградба, животот го загуби младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.Кристијан Љушев ѝ припаѓаше на новата генерација креативци кои со својот израз и енергија оставија препознатлива трага на домашната сцена. Зад себе остави бројни аудиовизуелни проекти што допреа до широка публика, работејќи во различни формати – од рекламни кампањи и музички видеоспотови до документарни и интернационални продукции. Како автор и креативен соработник, соработуваше со низа познати музички имиња, меѓу кои Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз, групата „Марама“ и други.Особено место во неговото творештво имаа проектите инспирирани од македонската традиција, духовност и културно наследство. Со својата камера ги бележеше традиционалните настани и секојдневието во Охрид и регионот, а беше вклучен и во значајни проекти посветени на Бигорскиот манастир. Неговата работа сведочеше за искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето, и за автор со јасна визија, чиј творечки пат прерано згасна.

Охрид | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf0sbov5iolvu2vYo96Q

Американски конгресмен предлага Гренланд да стане сојузна држава на САД

Републиканскиот конгресмен на САД Ренди Фајн поднесе предлог-закон кој предвидува анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава во рамки на Соединетите Американски Држави, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.Фајн денеска го претстави Законот за анексија и државност на Гренланд, кој, според него, има за цел да ги обезбеди стратешките интереси на националната безбедност на САД на Арктикот и да се спротивстави на растечките закани од Кина и Русија.Во соопштението се наведува дека, со заострувањето на глобалната конкуренција на Арктикот, Соединетите Држави не можат да си дозволат да им остават простор на ривалските сили да стекнат влијание во еден од стратешки најважните региони во светот.„Гренланд е витален елемент на нашата национална безбедност. Кој го контролира Гренланд, ги контролира клучните арктички поморски патишта и безбедносната архитектура што ги штити Соединетите Американски Држави. Америка не може да ја остави таа иднина во рацете на режими кои ги презираат нашите вредности и сакаат да ја поткопаат нашата безбедност.“, изјави конгресменот Фајн.Како што се наведува на официјалната веб-страница на неговата канцеларија, претседателот на САД Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио јасно укажале дека Арктикот брзо се појавува како главна арена на глобалното натпреварување меѓу големите сили. Во соопштението се тврди дека Кина и Русија агресивно го шират своето присуство во регионот, додека, според Фајн, „години на слаба политика“ довеле до нарушување на стратешката позиција на Америка.Според предложениот закон, претседателот на САД би имал овластување да ги преземе сите неопходни чекори за анексија или стекнување на Гренланд како американска територија. Исто така, се предвидува поднесување детален извештај до Конгресот со измените на федералните закони потребни за Гренланд да стане официјална сојузна држава на САД.„Предолго американското раководство стоеше настрана додека нашите противници ја поткопуваа нашата геополитичка доминација. Мојот закон ќе ја заштити нашата татковина, ќе ја обезбеди нашата економска иднина и ќе гарантира дека Америка – а не Кина или Русија – ќе ги поставува правилата на Арктикот. Така изгледа американското лидерство и сила“, изјави Фајн.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library3qgfkc6e0bu56lXHfG8

Колку навистина штеди старт-стоп системот во автомобилите

Веќе извесно време речиси сите нови автомобили се опремени со автоматски старт-стоп систем, а производителите им ветуваат на купувачите намалена потрошувачка на гориво.Автоматскиот старт-стоп систем го исклучува моторот со внатрешно согорување кога возилото ќе застане, а повторно го стартува во моментот кога возачот ќе ја притисне педалата за гас.Точниот начин на работа варира од производител до производител и зависи од типот на менувачот, како и од реалните остварени заштеди, пишува Ревија ХАК.Сепак, според пресметките на ADAC, можно е заштедата на гориво да изнесува меѓу 10 и 15 проценти. Особено во градски услови, кај возилата со автоматски менувач, старт-стоп системот може значително да придонесе за пониска потрошувачка, бидејќи моторот почесто се гаси при кратки запирања.За разлика од целосното гасење на моторот, кај старт-стоп системот вградената електроника останува активна, а со тоа и функциите за удобност како греење на седиштата, мултимедија и клима-уред.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-library4ldnrfnt8dn95ixlgpy

Казниле илјадници возачи, па признаа грешка: Камерите биле погрешно наместени

Илјадници возачи во Велика Британија биле погрешно казнети за пречекорување на брзината поради проблеми со сообраќајните камери, откако на одредени делници било променето ограничувањето на брзината.Како што потврдија од Националните автопати, вкупно 2.650 возачи од 2021 година наваму биле казнети по грешка и добиле казнени поени, иако не направиле сообраќаен прекршок.Проблемот се појавил на патишта од А-категорија и на автопатите со променливи ограничувања на брзината, каде што камерите не биле навреме прилагодени по зголемувањето на дозволената брзина на одредени делници, пренесува Ревија ХАК.Од Националните автопати им се извинија на сите засегнати возачи и најавија дека ќе им биде надоместена штетата, а сите неправедно доделени казнени поени ќе бидат избришани.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycrv1g2gjjin1cs1kXkj

„Моите деца не се должни да го дишат вашиот чад“ – готвачот Виктор Настески во одбрана на законот за пушење

Готвачот Виктор Настески јавно и недвосмислено застана во одбрана на најавеното законско решение за ограничување на пушењето, нагласувајќи дека тој и неговите деца не се должни да ги трпат последиците од туѓиот избор. Во својот став, Настески реагира на, како што вели, бран реакции исполнети со себичност, во кои дел од пушачите тврдат дека им се кратат правата.Тој посочува дека пушењето не е уставно загарантирано право, туку лична навика и зависност, и дека секој има слобода да одлучи што ќе прави со сопственото здравје. Но, според него, таа слобода завршува таму каде што започнува здравјето на другите, особено на децата и непушачите.Настески прави јасна разлика меѓу приватниот и јавниот простор. Во сопствениот дом, вели тој, секој сам носи одговорност за своите постапки и никој нема право да се меша. Но, во ресторан, кафуле или друг јавен објект, никој нема право „да дува во врат“ на другиот додека тој јаде, пие кафе или поминува време со семејството.„Моите деца не се должни да го трпат вашиот избор и да ме прашуваат зошто им печат очите и зошто мириса неподносливо“, порачува Настески, нагласувајќи дека децата имаат право да дишат воздух, а не тутунски чад, кога ќе седнат во угостителски објект.Во продолжение, тој наведува дека за пушачите не претставува никаква трагедија да излезат надвор неколку минути за цигара, додавајќи дека угостителите нема да претрпат штета, туку напротив – објектите ќе се наполнат со луѓе на кои им е преку глава од чад и смрдеа. Според него, оној што сака да излезе во град, ќе го направи тоа и со закон и без закон.Настески потсетува дека сите гости ја плаќаат истата сметка, но не го добиваат истото искуство. Додека едните уживаат во својата навика, другите се гушат и гледаат што побрзо да си заминат. „Моите пари не вредат помалку од вашите за да морам да ја трпам вашата пасија за тутун“, истакнува тој.На крајот, готвачот порачува дека законот не е насочен против пушачите, туку во корист на сите граѓани, со цел јавните простори конечно да станат места каде што може слободно да се дише. Тој изразува надеж дека најавите нема да останат само на хартија, туку дека навистина ќе се стави крај на, како што ги нарекува, „гасните комори“ во угостителските објекти.

Некатегоризирани | пред 1 месец

1 мес.
media-library2cjkt6o6sn7r54KUbdC

Истрага против платформата X започнува и Велика Британија

Британскиот медиумски регулатор Офком денеска отвори формална истрага против платформата X, во сопственост на Илон Маск, со цел да утврди дали компанијата ги исполнува обврските од Законот за онлајн безбедност и дали соодветно ги штити корисниците од нелегална содржина генерирана со вештачка интелигенција (AI).Истрагата е покрената по сериозни извештаи дека AI алатката Grok, интегрирана во платформата X, била користена за креирање и споделување неовластени интимни слики, како и сексуално несоодветна содржина што вклучува деца (CSAM).Офком испитува дали X ги презел сите неопходни чекори за да спречи корисниците во Велика Британија да доаѓаат во контакт со нелегална содржина и дали таквата содржина се отстранува во најкраток можен рок.Покрај тоа, регулаторот сака да утврди какви мерки презел X за заштита на приватноста, како ги проценил ризиците за децата и на кој начин ја применил заштитата од порнографска содржина за малолетни корисници.„Извештаите дека Grok креира и споделува нелегални интимни слики и сексуално несоодветна содржина што вклучува деца се длабоко загрижувачки. Платформите мора да преземат соодветни мерки за да ги заштитат корисниците во Велика Британија, особено децата“, изјави портпарол на британскиот регулатор.Доколку Офком утврди дека X ги прекршил британските закони, може да ѝ наложи на платформата да се усогласи со прописите, да надомести штета, како и да плати казна до 18 милиони фунти или 10 проценти од глобалниот приход на компанијата.Во најтешките случаи, Офком може да побара судска забрана за работење, да блокира пристап до платформата или да им забрани на британските компании да обезбедуваат услуги за плаќање и огласување за X, се наведува на веб-страницата на регулаторот.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
insta

Инстаграм демантира хакерски напад, тврди дека корисничките профили не се загрозени

Компанијата Инстаграм соопшти дека не дошло до нарушување на безбедноста на податоците, откако изминатите денови голем број корисници се пожалија дека добиваат неочекувани имејлови со барања за ресетирање на лозинката.Загриженоста дополнително се зголеми по објави од одредени безбедносни компании, кои тврдеа дека податоци од милиони Инстаграм-профили се појавиле на продажба на дарк веб. Според тие наводи, компромитирани наводно биле кориснички имиња, имејл-адреси и телефонски броеви.Корисници ширум светот добиваа вакви имејлови од Инстаграм, што предизвика сомнежи дека станува збор за масовен хакерски напад.Сепак, од Инстаграм наведуваат дека спровеле внатрешна истрага и утврдиле дека не дошло до пробивање на системите. Како што соопшти компанијата, проблемот настанал поради техничка грешка која им овозможила на надворешни актери да иницираат испраќање имејлови за ресетирање лозинка, иако самите профили не биле компромитирани.„Го идентификувавме и го отстранивме проблемот. Нема докази дека корисничките податоци се загрозени“, соопштија од Инстаграм.Од компанијата им советуваат на корисниците да ги игнорираат имејловите за промена на лозинка доколку самите не поднеле такво барање, и се извинија за предизвиканата конфузија и непријатност.

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhji59li2ak7f9oyYdsN

(Фото) Саит Саитов ги избриша трагите од брзото возење кои ги објавувал на Инстаграм и смени име на профилот

Само 48 минути откако „Скопје1“ објави дека Саит Саитов на својот Инстаграм профил споделувал снимки од неговото опасно и брзо возење, иако нема возачка дозвола, на неговиот профил беа забележани низа промени.Саитов ги избришал сите претходно објавени и зачувани „стори“ содржини, го отстранил описот од профилот, а потоа го сменил и корисничкото име. Новото корисничко име со кое сега се појавува на социјалната мрежа гласи „1737dhxhahdhx“.Овие потези следуваат непосредно по медиумските објави во кои беше посочено дека токму преку социјалните мрежи јавно се фалел со брзо и ризично управување на возило, што дополнително отвори прашања за неговото однесување во сообраќајот и однос.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Белата куќа: Претседателот не се плаши од воени опции кон Иран

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажал дека не се плаши да прибегне кон воени опции доколку оцени дека тоа е неопходно.Во обраќање до новинарите, Ливит нагласи дека Трамп и натаму ги разгледува сите можни пристапи во односите со Иран, вклучително и потенцијални воени дејствија. Таа посочи дека воздушните напади се само една од многуте опции што се разгледуваат, но истовремено подвлече дека дипломатијата останува приоритет на американската администрација.Според неа, претседателот јасно ставил до знаење дека постои значајна разлика меѓу пораките што иранскиот режим јавно ги испраќа и комуникацијата што приватно се одвива со Вашингтон. Ливит додаде дека Трамп веќе покажал оти е подготвен да користи воени средства доколку смета дека тоа е во интерес на безбедноста и националните цели на САД.„Претседателот докажа дека не се двоуми да употреби воени опции кога ќе процени дека се неопходни, а тоа никој не го знае подобро од Иран“, порача портпаролката на Белата куќа.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryeuvn2r5e2ao52RpcUR7

Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, Арбелоа го презема првиот тим

Реал Мадрид официјално соопшти дека Чаби Алонсо повеќе не е прв тренер на „кралскиот клуб“, откако, како што наведуваат од клубот, по взаемен договор е одлучено да се прекине неговиот мандат на чело на првиот тим.Во официјалното соопштение од мадридскиот клуб се истакнува дека Алонсо ќе остане трајно поврзан со Реал Мадрид, не само како поранешен тренер, туку и како една од легендите кои секогаш ги претставувале вредностите на клубот.Од „Сантијаго Бернабеу“ нагласуваат дека клубот му изразува благодарност на Алонсо и на целиот негов стручен штаб за вложениот труд и посветеноста во изминатиот период, посакувајќи им успех во следната фаза од нивната професионална кариера.Набргу по објавата за разделбата со Алонсо, Реал Мадрид информираше и кој ќе биде неговиот наследник. Нов тренер на првиот тим е именуван Алваро Арбелоа, поранешен фудбалер на клубот и долгогодишен член на тренерскиот кадар во младинската школа.Арбелоа од јуни 2025 година беше тренер на Кастиља, а целата своја тренерска кариера ја гради во системот на Реал Мадрид од 2020 година наваму. Во тој период ги водеше тимовите Инфантил А, Кадете А и Јувенил А, со кои оствари значајни резултати, вклучувајќи и тројна круна во сезоната 2022/23 – шампионска титула, Куп на кралот и Куп на шампионите, како и уште една титула во сезоната 2024/25.Како фудбалер, Арбелоа беше дел од една од најуспешните ери во историјата на Реал Мадрид. Тој го носеше дресот на клубот од 2009 до 2016 година, одигра 238 официјални натпревари и освои осум трофеи, меѓу кои две титули во Лигата на шампионите и една титула во шпанското првенство.Арбелоа има и блескава репрезентативна кариера, како дел од златната генерација на Шпанија која го освои Светското првенство во 2010 година, како и Европските првенства во 2008 и 2012 година, при што за националниот тим забележа 56 настапи.Со оваа одлука, Реал Мадрид започнува ново поглавје на тренерската клупа, доверувајќи му ја првата екипа на човек кој, како што истакнуваат од клубот, длабоко ги познава традицијата, вредностите и системот на „кралскиот клуб“.

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryih61co04lqj148G9swE

(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената во Капиштец сам се фалел со дивеење зад воланот на социјалните мрежи

Саит Саити, осомничен дека ја усмртил 79-годишната Љуба Јаковлеска во сообраќајната несреќа во скопската населба Капиштец, на социјалните мрежи јавно се фалел со брзо и опасно возење, вклучително и со автомобил „фолксваген пасат“, какв што, според МВРуправувал и на денот на трагедијата.Иако немал возачка дозвола, на неговиот Инстаграм-профил можат да се најдат објави и „сториња“ на кои се гледа како управува возило низ градска средина. Уште поалармантна е објава од 2024 година, кога Саити имал само 17 години, на која е прикажано возење по автопат со брзина од околу 180 километри на час, а на видеото се гледаат само раце и таблата за брзина. Овие снимки оставаат впечаток дека за осомничениот управувањето автомобил без возачка дозвола и со прекумерна брзина не било изолиран инцидент.Трагичниот настан во Капиштец се случи кога Саити, управувајќи возило без дозвола и со неприспособена брзина, удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која од здобиените повреди подоцна почина. По несреќата, осомничениот не ѝ укажал помош на повредената, туку го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот.Министерството за внатрешни работи по него распиша централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истрагата утврди дека по несреќата тој со помош на други лица ја напуштил државата, по што беа приведени и осомничени лица за помагање.Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за младо лице без возачка дозвола, кое, според достапните докази од социјалните мрежи, подолг период демонстрирало опасно и неодговорно однесување во сообраќајот.

Настани | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

(Фото) Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерница

На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи е објавена централна и меѓународна потерница за лицето осомничено за сообраќајната несреќа со смртен исход што неодамна се случи во скопската населба Капиштец.Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. По него се трага по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, казниво по член 300 од Кривичниот законик.Потерницата е распишана откако осомничениот, по сообраќајната несреќа во која беше смртно прегазена жена, го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот. Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку имаат сознанија за неговото движење или престој, веднаш да ја известат полицијата.Од МВР информираат дека потрагата се води интензивно, во координација со домашни и меѓународни служби, со цел осомничениот да биде лоциран, лишен од слобода и изведен пред лицето на правдата.Детали за несреќата:

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg89lqmafknodf3i15S2

„Моите деца не се должни да го дишат вашиот чад“ – готвачот Виктор Настески во одбрана на законот за пушење

Готвачот Виктор Настески јавно и недвосмислено застана во одбрана на најавеното законско решение за ограничување на пушењето, нагласувајќи дека тој и неговите деца не се должни да ги трпат последиците од туѓиот избор. Во својот став, Настески реагира на, како што вели, бран реакции исполнети со себичност, во кои дел од пушачите тврдат дека им се кратат правата.Тој посочува дека пушењето не е уставно загарантирано право, туку лична навика и зависност, и дека секој има слобода да одлучи што ќе прави со сопственото здравје. Но, според него, таа слобода завршува таму каде што започнува здравјето на другите, особено на децата и непушачите.Настески прави јасна разлика меѓу приватниот и јавниот простор. Во сопствениот дом, вели тој, секој сам носи одговорност за своите постапки и никој нема право да се меша. Но, во ресторан, кафуле или друг јавен објект, никој нема право „да дува во врат“ на другиот додека тој јаде, пие кафе или поминува време со семејството.„Моите деца не се должни да го трпат вашиот избор и да ме прашуваат зошто им печат очите и зошто мириса неподносливо“, порачува Настески, нагласувајќи дека децата имаат право да дишат воздух, а не тутунски чад, кога ќе седнат во угостителски објект.Во продолжение, тој наведува дека за пушачите не претставува никаква трагедија да излезат надвор неколку минути за цигара, додавајќи дека угостителите нема да претрпат штета, туку напротив – објектите ќе се наполнат со луѓе на кои им е преку глава од чад и смрдеа. Според него, оној што сака да излезе во град, ќе го направи тоа и со закон и без закон.Настески потсетува дека сите гости ја плаќаат истата сметка, но не го добиваат истото искуство. Додека едните уживаат во својата навика, другите се гушат и гледаат што побрзо да си заминат. „Моите пари не вредат помалку од вашите за да морам да ја трпам вашата пасија за тутун“, истакнува тој.На крајот, готвачот порачува дека законот не е насочен против пушачите, туку во корист на сите граѓани, со цел јавните простори конечно да станат места каде што може слободно да се дише. Тој изразува надеж дека најавите нема да останат само на хартија, туку дека навистина ќе се стави крај на, како што ги нарекува, „гасните комори“ во угостителските објекти.

Коментари | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2021-12-11-at-09.41.21

Миа Костова со иронија за законот за пушење: „Ајде тогаш да го забраниме и алкохолот“

Инфлуенсерката Миа Костова реагираше со ироничен и саркастичен статус по повод најавениот закон за рестрикции за пушење, посочувајќи дека, следејќи ја истата логика, можеби треба целосно да се забрани и алкохолот.„Ја мислам дека и алкохол треба да се забрани сегде, затоа што реално е далеку поопасен по живот и за здравје и за последиците што ги носи по другите. Замислете само дискотеки и барови у кои луѓето мирисаат на ванила и лижат сладолед или пијат кокос во 2:45 сабајле. Па нема ни нервоза кон конобари : ʼдечко две ванила ти нарачав пред 15минʼ … па дечко праќа овошна салата за девојките со витамински маски на второ сепаре. Сите играат на подиум и коњопој се резервира со 2 литра цеден сок од портокал. И после сите дома си одат кој со точак кој со ролери кој со тапкање баскет накај дома у 4:20 на фајрон“; напиша Костова.Со завршната забелешка „Сѐ ли мене да ми текнува?“, Костова јасно дава до знаење дека нејзиниот статус е иронија насочена кон јавната дебата за рестрикциите, отворајќи прашање за тоа каде е границата меѓу заштитата на здравјето и апсурдот на целосните забрани.

Коментари | пред 1 месец

1 мес.
media-library83lkert1v73neqXRUSk

Расте бројот на жртви во Иран: потврдени најмалку 572 загинати

Бројот на загинати за време на масовните протести во Иран продолжува да расте, а според најновите податоци состојбата добива размери на сериозна хуманитарна криза. Американската организација Human Rights Activists News Agency соопшти дека досега се потврдени најмалку 572 смртни случаи, со напомена дека реалната бројка најверојатно е значително поголема.Организацијата, чии податоци и во минатото се покажале како точни и доверливи, се потпира на широка мрежа соработници на терен во Иран кои ги проверуваат и вкрстуваат информациите. Според нивната евиденција, меѓу загинатите има 503 демонстранти и 69 припадници на безбедносните сили.Истовремено, повеќе од 10.600 лица се приведени од почетокот на немирите, а протестите влегоа во третата недела. Според извештајот, регистрирани се речиси 600 протести низ сите 31 иранска покраина, што укажува на масовност и географска распространетост на незадоволството.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, настапувајќи пред голем собир во главниот град, одговорот на властите го опиша како „борба против терористи“. Тој изјави дека Иран води „војна на четири фронта“, наведувајќи економска, психолошка и воена конфронтација со САД и Израел, додавајќи дека, како што рече, „денес станува збор за војна против тероризмот“.Галибаф порача дека „големиот ирански народ никогаш нема да му дозволи на непријателот да ги оствари своите цели“, додека присутните на собирот извикуваа слогани против Израел и Соединетите Американски Држави. Тој се закани дека иранските вооружени сили ќе му одржат, како што рече, „незаборавна лекција“ на американскиот претседател Доналд Трамп во случај на нов напад, предупредувајќи дека американските постројки во регионот би биле цел на одмазда.Во своето обраќање, Галибаф упати и лична порака до Трамп, повикувајќи го да не им верува, како што ги нарече, „лагите што му се пласираат“, во контекст на случувањата во Иран.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

„Лајка“ ги заловува кучињата во Карпош кои наводно биле донесени од Албанија

Јавното претпријатие „Лајка“ информира дека викендов биле добиени повеќе пријави од граѓани за појава на поголема глутница кучиња без ушни маркици на територијата на Општина Карпош. Од утринските часови, екипите на претпријатието се на терен на посочената локација, каде што се спроведува безбедно и хумано заловување на животните, во согласност со законските процедури и стандардите за благосостојба.Од „Лајка“ посочуваат дека само во изминатите два месеци од истата локација биле заловени вкупно 19 кучиња. И покрај тоа, повторната и континуирана појава на нови животни на истото подрачје, според претпријатието, отвора сериозен сомнеж дека одредени лица или субјекти организирано вршат дислокација на бездомни кучиња во Скопје, наместо да применат законски и хумани решенија во општините од кои потекнуваат.Ваквата практика, како што нагласуваат од ЈП „Лајка“, е недозволива, нехумана и потенцијално опасна. Кучињата се изложуваат на дополнителен стрес, глад и ризик од повреди, а истовремено се зголемува и заканата по јавната безбедност. Дополнително, ваквото постапување директно го нарушува системот за контрола на популацијата на бездомни животни и ги обезвреднува напорите за стерилизација, вакцинација и одговорно управување.Од претпријатието упатуваат апел до надлежните институции за засилен надзор и соодветно санкционирање на ваквите појави, а до граѓаните – навремено да пријавуваат секој сомнителен транспорт или напуштање на кучиња. Само преку заедничка одговорност и доследно почитување на законот, потенцираат од „Лајка“, може да се обезбеди хуман, одржлив и системски пристап кон решавање на проблемот со бездомните кучиња.Претходно, Анима Мунди посочија дека се сомневаат дека кучињата се донесени од Албанија.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library4s83ii19s4ni5A8aajh

Син си ја убил мајката во Богданци, со повеќе убоди во пределот на главата

Маж од Богданци е лишен од слобода поради сомнение дека со остар предмет ја усмртил својата мајка, а по извршувањето на делото самиот се пријавил во полиција.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 јануари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го уапсиле П.С. (39) од Богданци. Според првичните сознанија, претходната вечер околу 21 часот, во станот каде што живееле, избувнала расправија меѓу него и неговата мајка М.С. (58), која ескалирала во физичка пресметка. Во текот на конфликтот, осомничениот со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани во пределот на главата.Жената починала од здобиените повреди, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Гевгелија.Од МВР дополнуваат дека утрото, во 07:05 часот, осомничениот сам се пријавил во Полициската канцеларија во Богданци и го признал настанот.Увид на местото на злосторството извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција, а против осомничениот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело убиство.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-38-6720PM

Пушењето се забранува пред болници, училишта, градинки и јавни институции: Министерот Алиу со детали за законот за пушење

Законот за заштита од пушењето нема да доведе до затворање на угостителските објекти, бидејќи со него не се воведува целосна забрана за пушење цигари, туку јасно се дефинира каде тоа е дозволено, порача министерот за здравство Азир Алиу.„Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Значи кафичите и локалите можат да креираат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот“, изјави Алиу.Тој нагласи дека од економски аспект не се очекуваат негативни последици, потсетувајќи дека државата и понатаму субвенционира тутун и има извоз на тутунски производи.„Од економска гледна точка не гледаме дека ќе има некаков тип загуби. Здравството и здравствените политики се поврзуваат со здравјето, а здравјето никогаш нема цена. Од другата страна со нездраво население вие дефинитивно одмагате на бизнисот многу повеќе отколку со вакви политики против пушење на цигари во затворени простории. Направена е и таква анализа. Луѓе кои се зависници од таков тип на производи се помалку активни во секојдневната работа во државните и во приватните институции“, истакна министерот.Алиу најави дека пушењето нема да биде дозволено во близина на јавни институции, здравствени установи, училишта, градинки и министерства, без разлика дали станува збор за Клиничкиот центар или други објекти низ државата.„Пред институции, не само во Клиничкиот центар, секаде низ целата држава, пред јавни здравствени установи, но и други јавни институции, училишта, градинки, министерства, нема да биде дозволено да се пуши“, рече тој.Во однос на угостителските објекти во рамки на Клиничкиот центар, министерот посочи дека и таму може да се најдат решенија во согласност со законот.„Клиничкиот центар дефинитивно е голем, има многу институции, но исто така знаете дека има инфраструктура внатре за пиење кафе, таму најверојатно тие бизниси ќе креираат инфраструктура и за пушење на цигари, или ќе направат тераса што ќе биде отворена од трите страни. Впрочем и на крај на денот, ние како надлежна институција, сакаме да направиме закон што ќе ги штитиме сите, ќе го штитиме населението. Верувајте дека имаме многу заболувања кои директно или индиректно се поврзуваат со пушењето“, нагласи Алиу.Тој информираше дека од утре ќе започнат состаноци со сите инспекторати, со цел тие навреме да се подготват за спроведување на законот.„Јас сум свесен дека законот има добро дефинирани постапки кај може да се пуши кај не смее да се пуши. Но, исто така ќе имаме добро дефинирани правилници што ќе бидат јавно достапни, ќе знаат сите заинтересирани страни кои треба да бидат информирани или имаат дел од бизнисот што е опфатено со овој закон, за да може да се прилагодат или инфраструктурно или внатрешни правилници ако им треба“, изјави министерот.Според него, од 1 март се очекува законот да стапи во сила и да донесе суштинска промена во јавниот простор.„Сигурен сум дека од 1 март се очекува законот да биде во сила, дека ќе имаме друг тип на инфраструктура надвор од нашиот дом, а тоа значи дека во јавен транспорт, во простории што се заеднички ќе имаме чист воздух и нема да дишеме никотин. Ве уверувам дека нема да дозволам надвор од тие европски политики да креираме некој хибриден закон, бидејќи тогаш од првиот ден законот нема да биде функционален“, додаде Алиу.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања