„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
najcevska

Најчевска: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека ДУИ е продожение на најкорумпираните, најнедемократските и најзаостанатите активности со кои се соочивме во текот на 11 годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.„ДУИ е продолжение на најкорумпираните, најнедемократските, најнасилните, најзаостанатите, најнеправните активности со кои се соочивме во текот на 11 годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.Или ќе најдете начин да ги спастрите или ќе станете потполно еднаков двоец само со име ДУИ-СДСМ.Уште еднаш повторувам: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава во која власта е под контрола на граѓаните и работи во корист на граѓаните, а не ги искористува граѓаните и не ги дели граѓаните со цел зацврстување на партиско-мафијашките структури.Ве молам, ослободете ја администрацијата од партиите и од етничките пранги.Мерит систем со предност за кандидатот од одреденаетничка заедница кога кандидатите се на приближно ниво или приближно на еднаков начин ги исполнуваат условите не е исто со распределба на функционерски и директоски места по процент.Дајте бре запрете да не враќате се поназад и поназад.Впрочем мислам дека ДУИ не смее да биде на власт исто како што не смее во моментов да биде на власт ВМРО-ДПМНЕ.Не сме го срушиле режимот доколку една половина од тој режим ми седи во власта, а другата ги има пипците во сите структури.И дајте бре Албанци не се палете на секој будала кој ќе одбие да ве игра. Па во секое општетсво има будали, а вие наседнувате како кленови на најмала провокација и веднаш тоа повредената гордост, па знамињата, па историјата па кубурите.Дај бре заедно да влеземе во 21 век, макар и 20 години подоцна од останатите“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Со законот за амнестија простувате, ослободувате, но тоа не значи дека заборавате

Министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Независен изјави дека последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001 и од овој сега – простувате, ослободувате од казна, но тоа не значи дека заборавате.– Секогаш досега, законите за амнестија содржеле исклучување на одредени дела. Сепак факт е дека исклучувањето во последниот закон е направено на еден поспецифичен начин. Носење на Законот за амнестија не е лесен процес, особено што него го гласаа директните жртви на насилствата од 27 април. Не мислам дека е правен да ги опфати само пратениците. Инаку последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001 и од овој сега – простувате, ослободувате од казна, но тоа не значи дека заборавате. И со тие последици е поважно да се соочиме и да се бориме, со чувството на неправда, со гневот, со грижата за пораката која ја праќате – вели Дескоска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
23032638_10213539424347515_1319346324870886347_n

Богдановиќ: Поради високите кирии дел од читалните ќе се преместат на нови локации

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги демантираше информациите дека ќе се затворат дел од читалните во општината и вели дека поради високите кирии истите ќе бидат преместени на нови локации.„Би сакал да ги демантирам написите во одредени медиуми дека читалните кои се наоѓаат на територија на Општина Центар ќе бидат затворени.Имено, поради високите кирии кои општината ги плаќа за читалните, станува збор за преместување на дел од читалните на други локации, а дел ќе останат на истите локации каде што се наоѓаат и денес.Општина Центар ја поддржува кулутурата, културниот развиток и читањето книги како основни општествени елементи на една личност и со својата поддршка и понатаму ќе продолжи со истата динамика на стимулирање на културен и научен развој“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-budapest-libertas1-768x475

(ФОТО) Груевски повторно уловен во Унгарија

Поранешниот премиер, Никола Груевски е фотографиран во лобито на луксузниот хотел „Four Seasons“ кој се наоѓа во центарот на Будимпешта. Фотографијата е направена од Либертас и на истата може да се забележи како тој сурфа на интернет.

Македонија | пред 7 години

7 год.
100_9009

Додека Владанка си го спасува синот, има ли некој кој ќе ги спаси мештаните од Црвена Вода

Жителите на селото Црвена Вода се изреволтирани бидејќи како што велат издвоиле средства за изградба на патот од Ново Село до Црвена Вода, а сега истиот е уништен, неупотреблив и опасен. Исто така тие велат дека доколку не се реши овој проблем ќе го блокираат патот.„Претходно, се обративме и замоливме, Министерството за економија, кое ги издава концесиите за ископ на минерални суровини, најитно да преземе акција, да формира посебна комисија која на самото место ќе ја согледа состојбата и ќе предложи мерки за надминување на крајно неповолната и по живот загрозувачка состојба со која се соочуваат постојаните жители во селото Црвена Вода, како и сите други кои имаат свои куќи и викендици, а на кои им е загрозена безбедноста во најбуквална смисла.Пред повеќе од 3 децении, проектиран, пробиен и пошлунчен е патот, на иницијатива на жителите и Месната заедница од село Црвена Вода. Средствата за зафатот ги обезбедија самите селани, преку самопридонес. Подоцна, во 1996 година, патот беше и асфалтиран.За наша несреќа, на средината на патот, излезе квалитетен мајдан со чист шљунак, кој со децении се користи при изградбата на станови и други објекти во Охрид и Струга, а во овој момент и при изградбата на автопатот Кичево – Охрид.Министерството за економија, преку Секторот за минерални суровини, им има издадено концесии за ископ на фирмите “Гранит” и “Бетон” од Скопје, како и “Побдеа” од Ботун, село во општина Дебрца.Во неколку прилики на просторот затекнавме и други лица, неовластени фирми – без лиценца, како со камиони и ровокопач подигаат материјал. Самоиницијативно ги блокиравме со возила, повикавме полиција, направен е записник, но ништо не е превземено.Ако годишно, според пресметките на самите фирми, се ископуваат од 30 до 50.000 тони, односно просторни кубици материјал, може слободно да се пресмета колкава количина материјал е превезена по патот, до кој степен е тој уништен, а да не зборуваме за последиците по животната средина.Ве информираме дека Месната заедница од Црвена Вода, со општина Дебрца и фирмата “Гранит”, има склучено – потпишано договор, со клаузули околу одржување на патот, но досега не е ништо преземено. Mолeвме, по истиот принцип, да продолжи потпишувањето на таков трипартитен договор и со другите фирми кои го експлоатираат мајданот, односно уништуваат патот, до денеска такво нешто не е направено.  Назад за патот не вратен ниту еден денар. Ние, за патот, без надоместок, дадовме и делови од свои земјишни парцели, односно куќни дворови.Ние не располагаме со податок колку вкупно средства се уплатени досега во Буџетот на општина Дебрца, односно Министерството за економија. Во секој случај, тие мора да се во висина на денарска противредност од десетици илјади евра. Но колку и да се, тие средства, цениме дека е хумано и законски, најголемиот дел да одат во посебен фонд за поправка на патишта и првенствено за поправка на патот кој се уништува, токму од зафатите на фирмите кои уплаќаат средства на име на концесија. Месната заедница и мештаните за тоа немаат никаква информација и отчет.Нам, на селаните од Црвена Вода, одземено ни е и уништено, најосновното - сообраќајницата од 4 километри која се издвојува од магистралниот пат Скопје - Охрид, токму она што самите сме си ја направиле и врз основа на нашите маки, сега некој дебело се богати, а никој не не заштитува, ниту ни помага.Од тие причини, уште еднаш укажуваме,последен пат на овој начин, а ако никој повторно не не слуша во општината и државата, ќе не слушне кога, со протест, ќе го затвориме патот. На тоа имаме целосно право, затоа што не само што сме го изградиле патот.Ние не знаеме, за кои парцели се издадени концесии, дали концесионерите ги почитуваат клаузулите од договорите на концесијата, со оглед на фактот што, покрај самиот пат, се отворени неколку бази за ископ, се копа речиси по целата должина, надвор од локацијата за која е издадена концесијата.За несреќата по нас, а биде уште поголема, се врши ископ по самата должинска линија патот, со што се отворени кратери, на неколку места, на само метар од патот, што, во зимски услови, претставува опасност за трагедија – од прв степен!“, велат жителите на Црвена Вода.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cento_policija

Престрелка во Кондово, повредени неколку лица

Вчера се случила престрелка во Кондово во која учествувало возило во движење марка ПМВ Пасат. Настанот бил во близина на пругата, и во истиот има неколку повредени кои се пренесени во Ургентен центар, пишува Инфомакс. Се претпоставува дека возилото ПМВ Пасат е едно од возилата инволвирано во пpecтстрелката во Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakjajka_hrom2

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Хром, се судриле три возила

Teшка сообраќајна несреќа се случи вчера во скопската населба Хром, кога моторно возило преминало во спротивната коловозна лента и се судрило со друго возило, а потоа во нив удрило и трето возило, пишува Инфомакс.Возачите се здобиле со телесни повреди и истите биле префрлени во Ургентен центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

“Македонија-Блокира„ денес на блокади во 40 општини низ Македoнија

„„Македонија-Блокира“ согласно утврдените активности за блокади и протести и во внатрешноста на земјата, денес, сабота, ќе блокира и протестира против уставните измени во 40 општини низ Македонија во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Блокадите се уредно најавени во МВР.„Македонија- Блокира„ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид - Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука - или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на „Македонија Блокира“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodenski-1

Македонското „Чудо од дете“ со поддршка за Стоилов: Јас сум со тебе и мене ќе ми викаат дека сум нестабилен!

Кристијан Воденски, е македонскиот млад и талентиран 12-годишен борач кој живее во Франкфурт, Германија беше номиниран за наградата „Чудо од дете“ во боречките спортови во земјата, објави јавно.мк.Имено Воденски (роден 27. Септември 2005 год.), поседува неверојатен талент за боречки вештини, а има добиено повеќе награди во различни боречки категории.Тој сега даде поддршка за својот колега спортиста Стојанче Стоилов кој демонстративно го напушти доделувањето настанот на кој се избира спортист на годината, бидејќи за прв пат настанот беше двојазичен.-Јас сум со тебе, напиша Кристијан Воденски од својот Фејсбук профил.Во друг свој пост пак Воденски имајќи ја во предвид изјавата на советникот за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен,иронично напиша:-И мене ќе ми викаат дека сум нестабилен.Воденски Теквондо тренира од својата петта година, а сега тренира и кик-бокс, бразилско џиу џицу и борење. Кристијан живее и тренира во Германија, а неговото потекло е од Македонија, неговиот татко Ванчо Воденски е од беровско Русиново, а мајка му од Струмица.Иако многу германски тренери се заинтересирани за талентираниот Кристијан, сепак најголемата поддршка ја добива од својот татко кој што е каратист а воедно и негов личен тренер.Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Како што пренесува на својата официјална Фејсбук страница, Кристијан одлучи сите негови настапи во класично борење да бидат под знамето на нашата земја, Македонија.„Германската Кикбокс федерација ми понуди да се борам за нив, јас и мојот татко одлучивме дека нема да се борам за Германија, наместо тоа ќе чекам да наполнам 10 години и ќе чекам да настапувам само за Македонија. Исто така решивме дека моите национални настапи во класично борење (слободен стил и грчко римски стил) и бразилско џиу џицу ќе бидат под знамето на Република Македонија“ – Поздрав Кристијан Воденски.извор: Јавно.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
gege_ubstv2-1024x639

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Грозоморно убиство во Ѓорче Петров

Вчера во Ѓорче Петров било пронајдено лице кое не давало знаци на живот. Според информациите настанот се случил на улица „Шарпланинска“ околу 21 и 40, пишува Инфомакс.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/625980011168327/Засега нема детали за идентитетот на починатиот.Од МВР изјавија дека возилото „Пасат“ е сопственост на Д.Н. (65) од Скопје.  

Скопје | пред 7 години

7 год.
crven-krst-1

Купи новогодишен украс, а не петарди

И овие последни денови од оваа година, под мотото „КУПЕТЕ НОВОГОДИШЕН УКРАС, А НЕ ПЕТАРДИ!!!“,продолжува хуманитарната новогодишна акција на Црвен крст Охрид при која се продаваат уникатниновогодишни креации, рачно изработени од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид од сите возрасти.Новогодишните украси ќе бидат изложени и достапни на сите наши сограѓани и гости денес 29.12.2018 г.(сабота) и утре 30.12.2018 (недела) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски од 12:00-14:00 ч., а можностда ја искажат својата хуманост со купувањето на новогодишните креации на Црвен крст Охрид ќе имаат ипосетителите на музичкиот концерт на групата Камелеон во сабота, во 19 ч. во Центарот за култура ГригорПрличев. Декември е месец на дарување.Бидете хумани и дарувајте. Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и од Програмата на грижа за стари лица ве очекуваат. Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишнипакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Vasko-Paskali

Паскали: Изненаден сум од дел од вработените во НУ „Галичица“ кои сметаат дека откако ме поставија за директор -колата ќе тргне надолу?

Почитувани, Долго размислував дали и како да ја објаснам ситуацијата во која без вина испаднав виновен? Но сфатив дека е потребно да се огласам и да кажам дека ако се’ остане како штоодлучи Владата со сиот свој човечки дигнитет и професионалност како дипломиран правник ќе се залагам задачата што ми е доверена да ја извршувам совесно и одговорно, вели новоназначениот директор на НУ „Галичица“ .Одделни медиуми при споделувањето на информацијата за тоа дека владата на РМ со одлука ме назначила за директор на ЈУНП „Галичица“ напишаа дека сум партиски активист, координатор на СДСМ за Петтата изборна единица и важам за некомпромитиран млад политичар.Тоа во целост е точно и нема што да се негира додава и одзема. Секаде каде што досега сум бил ангажиран сум работел чесно и одговорно, водејќи сметка за проектите и предизвиците кои биле пред мене. И не би требало да постои сомнеж во стилот дека сега ќе биде поинаку. Изненаден сум од дел од вработените во институцијата кои во понеделникот го изразија својот револт од сознанието дека јас ќе седнам на директорското место, на местото досегашниот вршител на должноста директор Андон Бојаџи и дека со тоа во НУ „Галичица“ колата ќе тргне надолу. Само ќе го парафразирам владиниот портпарол Миле Бошњакоски кој на прес со новинарите рече:- Владата смета дека не го прекршила законот.Постапката за назначување е запазена во целост. Се работи за в.д. директор кој претходно беше поставен, што значи вршител на должност. Одлуката е донесена на минатата владина седница во вторникот Бојаџи е разрешен и за директор е поставен Васко Паскали.Сакам да ги уверам вработените а и граѓанските организации кои се големи поборници на заштита на природата и НП „Галичица“ децении на ред дека со ништо нема да ја нарушам патеката на развој на Паркот трасирана од претходникот Бојаџи и дека и натаму сум подготвен да соработувам со него и тој да ги продолжи проектите кои се во интерес на сите во Јавната установа, вклучувајќи го и него. Не треба да потсетувам, верувам мнозина знаат дека мојата политичка опција СДСМ која сега ја има локалната и централната власт во Македонија претходно грчевито се бореше против идејата за градба на експресен пат среде Галичица и за редица преземања кои ни оддалеку не беа приоритет на институцијата.Среќни сме што тие проекти за градби под плаштот на Субрата Рој не се остварија. Не држи тезата дека дипломиран правник не може да биде директор на националниот парк „Галичица“ туку мора да е само стручно лице. Повторувам дека сиот кадровски потенцијал на установата ќе биде вклучен и натаму во одржливоста и финансирањето на паркот.Ја сметам за недолична и тезата што се прошири во јавноста: -Ете партиските кадри на СДСМ намирисале пари во ЈУ НП „Галичица“ и им се намерачиле да ги потрошат. И мојот претходник – в.д. директор Бојаџи признава дека Јавната установа е на самофинансирање и дека проектите се добредојдени и дека многуте пари кои се споменуваат а треба да дојдат од странски донатори се’ уште не се знае дека ќе ги добиеме и реализираме. Затоа апелирам до сите вработени и мои нови колеги да се обединиме да го искористиме моментот, да поминат проектите кои ќе ни овозможат колку – толку сигурно функционирање на установата.Да се фокусираме на нови проекти и заеднички да си обезбедиме помирна иднина, вели Паскали.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Изменет возен ред на ЈСП за време на празниците

Од ЈСП Скопје информираат дека по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот.„На 31. декември (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред.На 1. јануари (вторник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.Од 2. јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред.Но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 2. јануари ќе биде редуциран.На 7. јануари (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.Ноќните линии на 31. декември (понеделник према вторник) ќе работат по возен ред како во сабота према недела.Жичницата на Водно нема да работи на 31. декември (понеделник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот.На 1. јануари (вторник), жичницата ќе почне со работа од 11 часот“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
94-_45244979442_o

Влада: Усвоен пакетот социјални програми за нивно непречено остварување од 1 јануари

Владата на Република Македонија на својата редовна 113-та седница, ја усвои Програмата за остварување на социјалната заштита за 2019, како и одредбата Програмата да отпочне да се применува од 1 јануари 2019 година.На оваа седница Владата ја донесе и Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица, за 2019 година.Во пакетот социјални програми на Министерството за труд и социјална политика, Владата вечерва ги усвои и Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2019 година; Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2019 година, како и Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година.Овие програми се усвоени на оваа седница бидејќи на нив им претходеше неопходното усвојување на Буџетот на Република Македонија за 2019 година, за да можат да се реализираат веднаш со првиот ден од новата година.На оваа седница Владата на РМ донесе одлука да го повлече од Собранието на РМ Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси и низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, да добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисијата за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение.На седницата на Владата на РМ е усвоена и Одлуката за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање на субвенциониран станбен кредит во 2019 година, со што на граѓаните ќе им се овозможат по поволни услови да дојдат до сопствен дом.Владата на РМ односно, Министерството за образование и наука, со пренамена на средства преку Програмата за приватно-јавни непрофитни високообразовни установи донесе одлука да пренамени 8 милиони денари. Православниот Богословски факултет "Св. Климент Охридски" добива 3 милиони денари, Универзитетот на Југоисточна Европа добива 3.1 милиони денари, а Факултетот за Исламски Науки добива 1.9 милиони денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта ги покачи на Шекеринска, Анѓушев, Спасовски и Османи

СДСМ вчера ги зацрни граѓаните. Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Нема 100.000 денари плата за лекарите, но има заменици на директорите во сите јавни претпријатија во државата, кои само за плати ќе ја чинат државата над 2 милиони евра годишно.Нема поврат на 15% ДДВ кај граѓаните, но затоа има повисоки даноци за ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка и други.Нема нов Клинички центар, но има поскап паркинг за лекарите.Власта им ја честита Новата година на граѓаните со голем број на нови давачки, со стагнација на економијата и системот во глобала.Црнилата кои ги предизвика власта во изминатиот период не смеат да продолжат и во иднина. СДСМ мора да си замине. За Македонија мора да изгрее зората“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево време со мала облачност, утре се очекуваат врнежи од снег

Денес  времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Утринските температруи ќе се движат од -5 до 0 степени, а дневните од 4 до 11.Во Скопје слично време со температура од -3 до 7 степени.Утре не очекува умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bojkot-protest

Утре голем протест пред Влада против уставните измени и амнестија за 2/3!

На социјалните мрежи се шири повик за голем протест пред Владата. Организатор на истиот е извесна група наречена „Бојкотирам-Апсаана“.„Протест во сабота 29.12.2018 пред Влада во 14:00 часот. Сите против уставните измени, против амнестија за глас за северна, против травестијата на правосудството, против пропаднатите политики на сите политички чинители, против исмевањето на Македонецот, против изживувањето на неспособните со народот...против оваа лакрдија!!!#Апсаана за апашите!#Оставка за неспособните!#Бојкотирам северна!#НароденБунт зошто имаме #ПравоНаСамоодбрана“, стои во повикот кој се објавува на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/bojkotiram/photos/gm.783609411993629/2274361689460626/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, загина 52 годишен маж

Вечерва на автопатот Гостивар-Тетово, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загуби 52 годишен маж.Несреќата се случила во близина на гостиварската патарина.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на несреќата.Според првичните информации, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски таблички удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stole-1

Комитите со поддршка за Стоилов: Си играте со оган...За него ќе ве одереме! , напишаа на ФБ

Капитенот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов сеуште топ тема откако тој демонстративно ја напушти прославата за прогласување на најдобрите во спортот во Македонија за 2018 година.Социјалните мрежи вријат од коментрари, од кои во најголемиот дел му дават поддршка на Стоилов. Поплднево се огласи и навивачката група на Вардар.Си играте со оган...За него ќе ве одереме! , напишаа тие на социјалната мрежа фејсбук.За потсетување најдобриот спортист на Македонија за минатата година, ракометарот Стојанче Стоилов демонстративно го напушти изборот на Спортисти на годината во организација на Агенцијата за млади и спорт, реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал…„Се чувствувам засрамено и понижено“ – им напишал нешто подоцна искусниот ракометар во вибер-групата на соиграчите од репрезентацијата.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Донесен буџетот на Општинa Охрид за 2019 год. истиот тежи 1.040.577.521

Денес Советот на Општина Охрид ја одржа дваесет и првата седница, последна за оваа година, на која беше донесен буџетот за 2019 година, кој е во висина од 1.040.577.521 денари. Од овие средства 495.277.521 се обезбедени од Владата на РМ, наменети за подмирување на доспеани обврски. Ова е досега најголем основен буџет на Општина Охрид, од кој голем дел, во висина од 52.000.000 денари ќе биде искористен за капитални инвестиции во образованието.– Во вкупниот буџет 495.277.521 денари се пари од интервенција на Влада во однос на раздолжување на општините. Остатокот од буџетот е расподелен според реалните приходи кои ги има општината. Интенцијата на покојниот градоначалник беше буџетот да е насочен кон образованието и затоа тука се предвидени капитални инвестиции во висина од 46 милиони денари. Средствата кои ќе останат неискористени со следни ребаланси ќе ги насочиме во други области каде ќе има недостаток на средства, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиевски.Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков потенцираше дека нема измени на предлог програмите во однос на нацрт-верзијата, и дека не се внесени нивните забелешки, па затоа гласале воздржано.– Ги разбираме тие работи. Тоа се однесува на вонредните околности во кои се најдовме како општина. Ќе инсистираме врз основа на некој ребаланс забелешките да бидат вметнати во тие програми. На Охрид му е потребен развоен буџет во кој ќе има вметнато суштински работи за напредокот на градот, рече Пецаков.На седницата беа усвоени и предлог – програмите од сите сектори на локалната самоуправа, јавните претпријатија и службите основани од општината, за работа во 2019 година.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања