3 нед.
CaptureFEREQYT4QETY

Четири години без Александар Џамбазов – маестро чија музика живее

Денес се навршуваат четири години од смртта на Александар Џамбазов, еден од најголемите велемајстори на современата македонска музика, чиј творечки и културен печат останува длабоко врежан во националната меморија.Роден на 3 февруари 1936 година во Стапар, Александар Џамбазов изгради импресивна кариера како диригент, композитор и културен визионер. Дипломирал на Музичката академија во Белград, а целиот свој работен век го посвети на Македонската радио-телевизија, каде што беше диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар. Преку бројни снимки и концерти, во земјава и надвор од неа, тој го претставуваше автентичниот дух на македонската музика.Неговиот творечки опус е исклучително богат и разновиден. Џамбазов е автор на бројни детски песни и беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“, кој остави неизбришлива трага во музичкото детство на многу генерации. Тој компонираше сценска и филмска музика, меѓу кои и за филмот „Мементо“, како и за драмите „Мајка“ и „Двајца на нишалка“. Во областа на класичната музика се издвојуваат делата „Рапсодија за Скопје“ и „Седум танцови варијации“, како и бројни хорски и популарни композиции со трајна уметничка вредност.За својот исклучителен придонес, маестро Џамбазов доби повеќе од 40 награди и признанија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“, како и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година во Скопје, но неговото дело продолжува да живее. Четири години по неговото заминување, македонската култура и понатаму се потпира на темелите што тој ги постави, а неговата музика останува извор на инспирација и симбол на вистинска уметничка посветеност.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал

На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Четри лица приведени поради возење под дејство на алкохол

На 25.01.2026 во 01:22 часот на ул. „3 Македонска Ударна Бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.К.(39) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта.На 24.01.2026 во 21:55 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода З.Н.(62) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,74 промили алкохол во крвта.На 24.01.2026 во 22:35 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода О.П.(46) од с. Селемли, општина Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „волксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал О.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта.На 25.01.2026 во 01:43 часот на регионалниот пат 1109, Брана „Паљурци“, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода Д.Т.М.(46) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfqo7r5bp3vhecQCGouZ

(ВИДЕО) Крвава пресметка кај аеродромот во Тузла: Нападнати навивачи на Црвена ѕвезда, 23 повредени и 93 приведени

Навивачи на Црвена ѕвезда, кои по гостувањето кај Малме во Лига Европа се враќале преку Тузла, биле нападнати во близина на Меѓународниот аеродром Тузла.Според порталот Avaz.ba, инцидентот се случил на околу 500 метри од аеродромот, каде што, според неофицијални информации, била организирана заседа. Во масовната тепачка учествувале припадници на навивачката група „Делии“, поддржувачи на Црвена ѕвезда, и „Торцида“, навивачи на Хајдук од Сплит.Информацијата ја потврди и портпаролката на Управата на полицијата на МВР на Тузланскиот кантон, Аднана Спречиќ, која изјави дека настанот бил пријавен на 24 јануари 2026 година околу 21:55 часот.„Пријавено е дека пред влезот на Меѓународниот аеродром Дубраве е во тек тепачка меѓу повеќе лица. На местото беа испратени повеќе полициски патроли, единици за брза интервенција и екипи на итната медицинска помош од Живинице и Тузла. Затекнат е поголем број лица, за кои е утврдено дека се навивачи на Црвена ѕвезда од Србија и припадници на навивачката група Торцида од Хрватска. Според првичните информации, повредени се 23 лица, меѓу кои и еден полициски службеник“, изјави Спречиќ.Таа додаде дека за настанот е известено Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон, а истрагата е во тек. Во полициските простории биле задржани вкупно 93 лица кои учествувале во инцидентот, при што е утврдено дека ниту едно од нив не е од подрачјето на Тузланскиот кантон.Според достапните информации, навивачите на Црвена ѕвезда пристигнале во Тузла со авион од Малме и потоа организирано продолжиле кон следната дестинација. При излегувањето од аеродромската зона дошло до нападот, по што напаѓачите се разбегале низ околните улици.Полицијата продолжува со утврдување на сите околности на инцидентот, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.

Спорт | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ дадоа црвен картон за системот безбеден град, покажаа дека се против безбедноста на граѓаните

Пратениците на СДС и ДУИ дадоа црвен картон и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот, додека сите останати ја препознаа користа од проектот безбеден град, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС и ДУИ не го дадоа гласот за измени на Законот за прекршоци, важен дел за официјално да се применува системот безбеден град од 1 февруари.Безбеден град е проект кој го поддржаа сите политички фактори и целта на истиот е да ја зголеми безбедносната култура кај граѓаните, но коалицијата ДУИ - СДС се против систем кој означува сигурност и стабилност за граѓаните.Безбеден град е систем кој уште на првиот ден од функционирањето регистрираше околу 110 илјади сообраќајни прекршоци, а нивниот број беше намален за половина за 24 часа. Овие податоци јасно ја потврдуваат ефикасноста и оправданоста на неговата примена.Граѓаните го заслужуваат овој систем, познат како безбеден град, кој функционира во нивна корист.СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека не можат да се грижат за граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ не само што се грижи за безбедноста и животите на граѓаните, туку и продолжува да креира политики кои се во интерес на народот“, се вели во соопштението.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ најави остри прашања до министрите: Нема умор, не сте тука за себе, туку за граѓаните

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во пресрет на денешната тематска седница на Владата на Србија посветена на клучните стратешки прашања, упати критики до носителите на извршната власт, порачувајќи дека мора да работат посериозно и поодговорно.„Ќе поставувам прашања кои се едноставни, но на кои не е лесно да се дадат одговори, со цел некои да ги натерам да работат посериозно и да сфатат дека не се тука поради себе, туку поради граѓаните“, изјави Вучиќ во гостување на телевизијата Прва, пред седницата што ќе се одржи во Палатата Србија, а на која ќе присуствуваат и тој и претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.Вучиќ најави дека на седницата ќе зборува за приоритетите на Владата и за областите во кои е неопходно забрзување на активностите, нагласувајќи дека ветувањата дадени пред граѓаните мора да бидат исполнети.„Ветив мир и најдобра економска година. Кога нешто ќе се вети, тоа мора да се исполни“, рече тој, посочувајќи дека постојат сериозни предизвици поврзани со проектот Експо, како и со енергетиката.Тој оцени дека државата покажала отпорност и подготвеност во однос на снабдувањето со енергенси, но дека и натаму има бројни отворени прашања, меѓу кои и оние поврзани со декарбонизацијата, НИС и обврските кон Европската Унија.„Ќе им поставувам прашања на министрите. Нема оправдување за замор. Некои одговори постојано ги одминуваат, па ќе мора јасно да кажат дали сакаат да се борат или не“, изјави Вучиќ.Тој додаде дека седницата ќе биде динамична и исполнета со конкретни барања за отчетност и резултати.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarya1uacrht0aqp4WALTxY

Преживеана во трагедијата во Кран-Монтана: „Инстинктот за преживување ме изнесе надвор“

Елеонора Палмијери, италијанска ветеринарка од Католика, е меѓу преживеаните во катастрофалниот пожар што избувна во барот „Ле Констелацион“ во швајцарската Кран-Монтана, каде во новогодишната ноќ животот го загубија 40 лица. Со тешки изгореници, Палмијери беше пренесена на лекување во болница во Милано, каде сè уште се опоравува, јавуваат италијанските медиуми.Од болничкиот кревет, таа на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледаат изгорениците на лицето и завиените раце и шаки, упатувајќи емотивна порака со благодарност до семејството, партнерот и медицинскиот персонал. „Голема благодарност до лекарите и целиот персонал, кои се грижат за мене со голем професионализам и човечност“, напиша Палмијери.И покрај тешката состојба, таа не ги заборави жртвите од трагедијата. „Моите мисли се со сите оние кои не преживеаја“, порача таа, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.Во изјава за италијанскиот весник „Ла Република“, Палмијери се присети на драматичните моменти и начинот на кој успеала да се спаси. „Како се спасив? Не знам. Инстинктот за преживување ме изнесе надвор“, раскажа таа.Пожарот што ја потресе Кран-Монтана ја претвори новогодишната прослава во една од најсмртоносните трагедии во поновата историја на Швајцарија. Покрај 40-те загинати, повеќе од 115 лица беа повредени, а меѓу жртвите имаше и голем број млади, на возраст меѓу 14 и 21 година. Истрагата за причините за пожарот сè уште е во тек.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
tramp

Трамп го прескокнува Супербоул: „Ужасен избор“ на изведувачи за полувремето

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп откри дека нема да присуствува на овогодишниот Супербоул, кој ќе се одржи на 8 февруари во Сан Франциско, при што остро ги критикуваше изведувачите избрани за настап на полувремето – Бед Бани и бендот Грин Деј.Во ексклузивно интервју за „The Post“, Трамп изјави дека не може да ги поднесе музичарите кои ќе ја забавуваат публиката на најгледаниот НФЛ настан, оценувајќи го нивниот избор како „ужасен“. Тој посочи дека и Бед Бани и Грин Деј се познати како критичари на неговата политика.„Јас сум против нив. Сè што прават е да шират омраза. Ужасно“, изјави Трамп.Сепак, тој нагласи дека изведувачите не се главната причина поради која ќе го пропушти Супербоулот, туку локацијата. „Едноставно е предалеку. Да беше поблиску, ќе размислев да одам“, рече Трамп, додавајќи дека има добиено добри препораки за настанот.Бед Бани, кој потекнува од Порторико, претходно отворено го критикуваше Трамп, вклучително и преку песна во која, имитирајќи го неговиот глас, зборува за значењето на имигрантите во САД. Од друга страна, фронтменот на Грин Деј, Били Џо Армстронг, неодамна изрази поддршка за протестите против депортациите, јавно дистанцирајќи се од агендата на движењето MAGA.Трамп, инаку, присуствуваше на минатогодишниот Супербоул во Њу Орлеанс, каде што Филаделфија Иглс триумфираа над Канзас Сити Чифс.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
netanjahu

Нетанјаху двапати го одби Трамп

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху двапати го одбил барањето на Белата куќа да му дозволи на претседателот на Израел, Исак Херцог, да седи на бината за време на Светскиот економски форум во Давос, јавува израелскиот Канал 12, повикувајќи се на дипломатски извори.Според информациите, американската администрација побарала Херцог да присуствува на церемонијата за основање на таканаречениот „Одбор за мир“, на која бил поканет и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Сепак, Нетанјаху го одбил предлогот, нагласувајќи дека поканата за учество на церемонијата била упатена исклучиво до него.И покрај поканата, израелскиот премиер не се појави на Светскиот економски форум. Причина за тоа, според изворите, е предупредувањето од Швајцарија, која е членка на Меѓународниот кривичен суд, дека ќе постапи по евентуален налог за апсење доколку Нетанјаху слета на нејзина територија.Од кабинетот на претседателот Исак Херцог одбија да го коментираат извештајот на Канал 12.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarytcdogk8io79cfk9mYlM

Пожарникарите и натаму на терен по пожарот во Нови Пазар

Пожарот што вчера изби во магацините на компанија за производство на текстил и во деловен објект во Нови Пазар е локализиран, но пожарникарските екипи и натаму остануваат на терен сѐ додека огнот целосно не биде изгаснат.Началникот на Одделението за вонредни состојби во Нови Пазар, Дарко Белиќ, изјави дека гаснењето ќе продолжи до целосна ликвидација на пожарот, по што ќе следи увид за да се утврдат причините за неговото избувнување. Увидот, како што посочи, се очекува да биде извршен во текот на денот или најдоцна утре.Тој објасни дека во магацините се наоѓале репроматеријали и тексас, кои поради својата структура бараат подолг и посложен процес на гаснење. Пожарнкарите, нагласи Белиќ, ќе останат присутни сѐ додека не исчезне и последниот пламен и трага од чад.Во интервенцијата, покрај екипите од Нови Пазар, учествувале и пожарникари од Рашка, Тутин, Сјеница, Ивањица, Краљево, Крагуевац и Чачак, на кои им беше упатена благодарност за укажаната помош.Пожарот изби околу 1:50 часот по полноќ, во ноќта меѓу петок и сабота, на улицата „Димитрије Туцовиќ“, при што биле зафатени повеќе поврзани објекти во индустриската зона. Според неофицијални информации, огнот зафатил повеќе од 2.500 квадратни метри магацински и производствени простории.Повредени лица нема, а причините за пожарот ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

(ВИДЕО) Бура го парализира САД: Вонредна состојба и предупредувања за над 140 милиони луѓе

Снежна бура предизвика сериозен хаос низ Соединетите Американски Држави, поради што за над 140 милиони луѓе, односно повеќе од 40 проценти од населението, е издадено предупредување за опасни временски услови. Поради невремето, речиси 12.000 летови планирани за викендот се откажани, јавуваат американските медиуми.Предупредувањето се протега од Ново Мексико до Нова Англија, при што Националната метеоролошка служба најави обилни снежни врнежи и замрзнување на коловозите од источен Тексас до Северна Каролина. Во делови од југоисточна Оклахома, источен Тексас и Луизијана е регистрирано формирање мраз со дебелина до 0,6 сантиметри.Метеоролозите предупредуваат дека по завршувањето на бурата ќе следи екстремно ниска температура, поради што снегот и мразот ќе се топат многу бавно, дополнително отежнувајќи ја нормализацијата на состојбата. Во некои региони штетите од мразот би можеле да бидат споредливи со оние предизвикани од урагани.Гувернерите во повеќе од десет сојузни држави прогласија вонредна состојба или апелираа граѓаните да останат во своите домови. Во меѓувреме, околу 120.000 корисници останаа без електрична енергија, најмногу во Тексас, Луизијана и Ново Мексико.Авиосообраќајот е сериозно нарушен, при што сите летови беа откажани на некои аеродроми, вклучително и во Оклахома Сити, додека меѓу најпогодените се аеродромите во Далас, Нешвил и Шарлот.Особено загрижувачки се температурите на Средниот Запад, каде се измерени и до минус 40 степени Целзиусови, што носи ризик од смрзнатини за само неколку минути. Во Висконсин е измерена температура од минус 38 степени, најниска во последните речиси три децении.Американската администрација соопшти дека е во постојана координација со државните и локалните власти, а девет сојузни држави побараа прогласување вонредна состојба со цел активирање федерални ресурси за справување со последиците од екстремното невреме.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
meso-mesarnici

АХВ со засилени контроли: уништени над 355 илјади килограми небезбедна храна

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните биле спроведени во текот на минатата година од официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, информираат од АХВ.„Контролите не се однесуваа само на домашниот промет, туку ги опфатија и производството, дистрибуцијата, угостителските објекти, како и увозот и извозот на храна и живи животни“, соопштуваат од Агенцијата.Од АХВ нагласуваат дека акцентот бил ставен на имплементацијата и одржувањето на процедурите за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, НАССР системот за безбедност на храната, соодветното означување на производите, како и мониторингот на храната од домашно производство и од увоз.„Фреквенцијата на официјалните контроли се спроведуваше согласно ризик-категоризацијата на објектите, при што операторите со висок ризик беа предмет на почести контроли“, наведуваат од Агенцијата.Во текот на 2025 година, во рамки на внатрешниот промет биле реализирани 47.200 редовни и вонредни инспекциски контроли. Притоа, издадени биле 5.406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави и изречени 1.073 прекршочни платни налози, со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени биле и осум кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.„Во рамки на овие контроли, како небезбедна беше одземена и нештетно уништена храна во вкупна количина од 355.377 килограми“, информираат од АХВ, појаснувајќи дека станува збор за месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца, јаткасти плодови, риба, кондиторски производи, како и алкохолни и безалкохолни пијалаци.Покрај контролите во внатрешниот промет, инспекциските служби на Агенцијата спровеле и 78.016 контроли на увозни пратки и пратки во транзит со храна од животинско и неживотинско потекло, добиточна храна и живи животни.„Како небезбедни беа уништени осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник“, соопштуваат од АХВ.Дополнително, уништени биле и три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограм, додека 16 пратки биле вратени како небезбедни.Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна и квалитетна храна на пазарот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrhb9sbv0ki648OKTANs

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче се грижел за граѓаните немаше да се случат Онкологија, модуларната болница во Тетово и недостигот од вакцини

Дали СДС воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле институциите за да си остварат бизнис планови? Кај Филипче инаку може да се забележи отсуство на било каква загриженост, за случајот со ,,Жан Митрев“, и како тој се обидел да ја преземе болницата преку финансиски притисоци, уцени, спогодби преку кои тој и Заев ветувале дека ќе влијаат во судски постапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„На сопственикот на болницата, Митрев, му било кажано дека ќе биде ослободен од обвиненијата против него, во судски спор кој тогаш се водел против него, но Филипче да ја преземе болницата, на легален начин, затоа што најмногу пари од Буџетот завршувале токму во таа болница, за што можеби и Филипче си ја подготвувал како профитабилен бизнис во иднина.Филипче да беше малку загрижен за интересот на граѓаните, и за ресорот кој тој го водеше, немаше да му се случат Онкологија, модуларната болница во Тетово, немање вакцини за време на ковид пандемијата, и ред други скандали со кои е поврзан тој.А за влијанијата во судските постапки, покрај тоа што мрежата на Заев како тогашен премиер целосно се инсталираше во судството, логично е да се праша, колку вакви случаи не завршиле со пресуда според закон туку со амин на Заев, и дали тоа е причината зошто ниту еден функционер на СДС не се плаши од истраги и одговорност?За овој случај, за кој и јавно се произнесе и сопственикот на клиничката болница ,,Жан Митрев“ на национална телевизија, Филипче нема одговор, но затоа вчера на партиски Конгрес се обиде да спинува се што оваа власт сега прави за доброто на државата и да се продава како спасител, а самиот е причината за што здравството е на ова дереџе.ЈО има обврска да ги испита индициите за изнуда и сомнежите за криминал за злоупотреба на службената положба“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
3-1

Најстудено утрово на Попова Шапка – измерени минус еден степен

Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спушти до минус еден степен Целзиусов. Ниски температури се регистрирани и во Битола со нула степени, додека еден степен е измерен во Прилеп, Тетово и Маврови Анови. Во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавадарци, Крушево и Лазарополе утринската температура изнесуваше два степени.Во Скопје, на мерните места Зајчев Рид и Петровец, како и во Струмица, Охрид и Претор, измерени се три степени, додека повисоки утрински температури се регистрирани во Штип, Виница и Демир Капија со пет степени. Најтопло утрово било во Гевгелија, каде се измерени осум степени.Во изминатите 24 часа најмал воден талог е евидентиран во Пожаране, Лазарополе и Пожар, со еден литар на квадратен метар. Снежна покривка е забележана на повисоките планински предели, при што на Попова Шапка до 7 часот утрово се измерени 29 сантиметри снег, а на Маврови Анови девет сантиметри.Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во текот на ноќта, претежно во југоисточните делови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 7 до 13 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
8DFF6EB7-7CBC-4E8B-8AC8-F37BFC49B68C

Хуманоста на Тоше Проески инспирира: крводарителска акција во Домот на АРМ

Денес во Домот на АРМ ќе се одржи крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кој засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост.Оваа крводарителска акција традиционално секоја година ја организира Црвениот крст со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина. До сега преку овие крводарителски акции се собрани над 6.000 единици крв. Особено охрабрувачки е големиот број млади и првократни крводарители кои активно се вклучуваат, инспирирани од пораките што ги пренесуваше Тоше.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Нестабилно време со дожд и ветер, од понеделник пообилни врнежи

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, при што во крајните северозападни и југоисточни делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински предели се очекува слаб снег. Ќе дува умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе дува од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 3 до 7 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 8 до 12 степени Целзиусови.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови ќе има појава на магла, а попладне се очекуваат сончеви периоди со услови за повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.Во наредните денови следува период на изразена нестабилност. Во понеделник се очекуваат пообилни врнежи од дожд, со услови за ретки грмежи, а врнежите ќе продолжат и во вторник, сè до вечерните часови. Во среда претпладне времето ќе биде претежно сончево, но во попладневните часови облачноста повторно ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон четврток и во текот на четврток се најавуваат нови врнежи од дожд, а на повисоките планински предели повторно ќе има услови за снег.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
toshe-proeski

Сеќавање на Тоше Проески: Денес ќе наполнеше 45 години

Македонската легенда Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 45 свеќи на тортата.. Иако за многу фанови на Тоше Проески времето застана во 2007 година, тој сè уште живее преку неговите песни и дела. Нашиот Тоше, човекот кој умешее да ги сплоти сите. Кај него поделби немаше.Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево.Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот животен пат. Како малечок настапува на „Златно славејче“ и на „Мелфест“, пред и официјално да ја почне својата музичка кариера. „Се се должи на љубовта кон музиката. Скалите си одат една по една сами по себе и никогаш не размислуваш што ќе се случи по 10 години или по 20 години“, изјавуваше Тоше Проески.Неговиот талент го забележуваат сите, па затоа и неговите настапи уште како дете завршуваат со награди. За првпат пред македонската публика се појавува на Скопскиот фестивал со „Остани до крај“ во 1997 година. Од овој момент почнува и неговиот поход кон ѕвездите.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryp0nu7j5urc7p4yljZmF

Петровска на Конгресот на СДСМ: Ако не се смениме, ќе исчезнеме од политичката сцена

На 31. Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се отворија тешки, но неопходни прашања за иднината на партијата, оцени поранешната министерка и пратеничка Славјанка Петровска, посочувајќи дека по два сериозни изборни порази, молкот и избегнувањето на суштинска дебата повеќе не се опција.Петровска нагласи дека последниот изборен резултат е катастрофален и дека не е изолиран инцидент, туку директна последица на долгогодишно отсуство на отворени дискусии и критичка анализа на поразите од 2024 и 2021 година, како и недоволно сериозно согледување на резултатот од парламентарните избори во 2020 година. Според неа, повторувањето на истите грешки би било кобно за партијата.Таа предупреди дека социјалдемократијата како идеја е жива, но дека без вистинска промена во начинот на функционирање, СДСМ ризикува постепено да биде маргинализиран, а во крајна линија и целосно да исчезне од политичката сцена.Во таа насока, Петровска предложи конкретни демократски промени, меѓу кои и статутарна измена со која претседателите на општинските организации би се избирале непосредно од членството, наместо да бидат именувани од претседателот на партијата, како што е досегашната практика. Според неа, ваквиот чекор е неопходен за враќање на вистинската моќ на одлучување кај членовите и за обновување на довербата во внатрепартиската демократија.Особен акцент беше ставен и на значењето на критичката мисла, која, како што порача Петровска, е суштинска одлика на социјалдемократијата и не смее да биде задушена. За да се расчистат дилемите околу мотивите и намерата на критиките во партијата, таа предложи воведување политички ветинг за сите сегашни и поранешни носители на јавни и партиски функции, како и за членовите на раководството.Целта, според неа, е да се спречат јавни пресметки и непримерни објави „едни против други“, кои дополнително ја разоруваат партијата и ја оддалечуваат од граѓаните.Петровска заклучи дека со јасна стратегија, искрено соочување со реалноста и одлучно дејствување, секој проблем може да се претвори во предизвик, а секој предизвик – во можност за нова победа.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryd14gn4a0nkubfPX4YWd

Русија: Украина направи терористички напад додека траеја преговорите во Абу Даби

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека најостро го осудува, како што наведува, терористичкиот напад извршен од украинската војска врз цивили во Херсонската област, тврдејќи дека инцидентот се случил во момент кога во Абу Даби се одржувале трилатерални разговори меѓу Русија, Соединетите Американски Држави и Украина.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека нападот бил извршен со беспилотно летало и дека цел на нападот било амбулантно возило во кое се наоѓале здравствени работници. Според нејзините тврдења, во нападот загинале три лица од медицинскиот персонал.Захарова посочи дека инцидентот се случил на територијата на Херсонската област и дека времето на нападот, додека траеле меѓународни преговори во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, претставува свесна ескалација на конфликтот.„Киевските власти и нивните вооружени формации повторно извршија брутално злосторство врз цивили. Ваквите дејствија покажуваат неодговорен однос кон иницијативите насочени кон смирување на кризата и изнаоѓање политичко решение“, изјави Захарова.Таа најави дека лицата одговорни за нападот ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата, притоа повикувајќи ја меѓународната заедница јасно и недвосмислено да го осуди, како што наведе, нападот врз медицински персонал и цивилна инфраструктура.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9i5ldf3q4h4d9DhvUpi

Адвокатката на газдата Деко: Родителите си дозволија штрајк фотошопирајќи го мојот лик, го нарушуваат угледот на секој адвокат

Адвокатката Ивана Коцевска, бранител на обвинетиот Дејан Јованов-Деко и неговиот син, во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, денеска излезе со јавен став по протестот на родителите на загинатите, посочувајќи дека досега свесно се воздржувала од јавни реакции од почит кон болката и тагата на семејствата.Во своето обраќање, Коцевска наведува дека молкот бил израз на емпатија и човечко сочувство, но дека по последните настани, смета оти повеќе нема простор за воздржаност.„Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025год од одредени НН лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на РМ во заштита на нашата професионална должност пред се, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото“, посочува Коцевска во реакцијата.Според Коцевска, емпатијата кон жртвите и нивните семејства не смее да биде изговор за оправдување на незаконити дејствија или за јавни дискредитации кои ја поткопуваат правната држава.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања