Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-libraryp07qmsr24f2sdhDAoBh

Паника во ресторан во Лион: Гостите седеле на тераса, а пред нив се појавила змија долга 1,5 метри

Гостите на терасата на еден ресторан во францускиот град Лион доживеале непријатно изненадување откако пред нив се појавила калифорниска кралска змија долга повеќе од 1,5 метри.Егзотичниот влекач бил забележан во вторникот во ресторанот во населбата Кроа-Рус, каде што предизвикал паника меѓу гостите. Подоцна било утврдено дека змијата побегнала од терариумот на приватен сопственик.Иако изгледала импресивно и можела да предизвика страв, станувало збор за неотровна змија.„Ова животно спаѓа меѓу по

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот го гледаат сопствениот интерес

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија. Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„Кога СДС беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар за современи технологии и високотехнолошки инвестиции, во јавноста доминираше приказната за марихуаната и о

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library11cvftrtvfdibmYesCw

YouTube ги заострува правилата: Ќе треба двојно повеќе гледаност за да заработувате

YouTube воведува построги услови за новите креатори кои сакаат да заработуваат од својата содржина, а промените особено ќе ги погодат оние кои се фокусираат на кратки видеа.Според новите правила, креаторите кои сакаат да започнат со заработка од реклами и претплати ќе треба да исполнат значително повисоки критериуми.Новиот услов ќе биде најмалку 8.000 часа гледаност во последните 12 месеци или 20 милиони прегледи на кратки видеа во последните 90 дена.Промените треба да стапат во сила на 1 февру

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ.Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со зголемено внимание.Посебна п

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски по тајните американски состаноци во Москва: „Русија мора да ја заврши војната“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев од американската страна добил информации за неодамнешните состаноци во Москва и порача дека Украина ја цени „реалистичната визија“ на Вашингтон за тоа како да заврши руската војна против Украина.„Денеска од американската страна добивме информации за состаноците во Москва што се одржаа овие денови. Таму се одржаа низа состаноци. Разговаравме пред нив, а сега повторно разговаравме со американската страна“, изјави Зеленски во синоќешното о

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

ЛДП: Владата да се огради – нема место за глорификација на осудени за геноцид

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува секоја форма на величење и глорификација на Ратко Младиќ – правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства.„Ова не е прашање на политички став, национална припадност или различно толкување на историјата. За геноцидот нема „друга страна на приказната“ кога фактите се утврдени со правосилни пресуди на меѓународните судови.Особено е недозволиво ваквата глорификација да биде по

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydddsiklda63j8R7uTHs

Исланд на референдум: Граѓаните одлучуваат за повторно отворање на преговорите со ЕУ

Исланѓаните денес излегуваат на референдум на кој ќе одлучат дали сакаат повторно да ги отворат преговорите за пристапување на земјата во Европската унија.Референдумот е најавен во март, откако актуелната проевропска влада, предводена од социјалдемократите, која победи на изборите во 2024 година, најави изјаснување на граѓаните за обновување на пристапните преговори.Исланд уште во 2009 година поднесе барање за членство во ЕУ, по глобалната финансиска криза која сериозно ја погоди земјата. Сепак,

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg8iim4gncss8ceChIqF

Денеска се слави Преподобен Јоаким Осоговски - светителот чии мошти со векови сведочат за чудотворната сила

Денеска православните верници го празнуваат Преподобен Јоаким Осоговски, еден од големите светители и духовни столбови поврзани со македонската земја.Свети Јоаким Осоговски живеел и се подвизувал во втората половина на XI век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор, каде што престојувал во една пештера.Според преданието, на тоа место подоцна црква подигнал друг подвижник, Теодор од Овче Поле, откако Свети Јоаким му се јавил во сон. Низ вековите, од моштите на преподобниот се случу

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library8i0j539r5hcjfKhbqAH

Преку сајт за запознавање договарале средба, па ги напаѓале и ограбувале: Уапсени четворица во Полска

Полицијата во полскиот град Семјановице Шлонске расветлила три разбојништва извршени во период од само неколку дена. Под сомнение дека учествувале во кривичните дела, уапсени се четири лица – тројца мажи и една жена, на возраст од 17 до 31 година.Како што било утврдено во текот на истрагата, осомничените во периодот од 18 до 20 август стапувале во контакт со жртвите преку сајт за запознавање, а потоа со нив договарале средби.Кога ќе се сретнеле на договорената локација, осомничените користеле фи

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Германија гради нов центар на воената индустрија: Рајнметал инвестира 260 милиони евра

Најголемиот германски производител на воена опрема, Рајнметал, и сојузната покраина Хесен планираат да го прошират центарот на одбранбената индустрија во западна Германија со инвестиции вредни стотици милиони евра, објави агенцијата ДПА.Премиерот на Хесен, Борис Рајн, и извршниот директор на Рајнметал, Армин Папергер, во четвртокот на аеродромот Касел-Калден потпишале меморандум за разбирање.Германскиот производител планира во наредните години да инвестира повеќе од 260 милиони евра во својот по

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryu8mfqg6u616072iISHG

(Фото) Прва жена наследничка на норвешкиот престол по 600 години: Ингрид Александра влегува во историјата

По смртта на норвешкиот крал Харалд V ќе дојде до промена во редоследот на наследување на норвешката круна. Неговиот син, престолонаследникот Хокон, ќе стане крал, а неговата сопруга Мете-Марит ќе стане кралица.Нивната ќерка, принцезата Ингрид Александра, која досега беше втора во редот за престолот, тогаш ќе стане прва во наследниот ред.Со тоа таа ќе стане првата жена наследничка на норвешкиот престол по околу 600 години. Последната жена што владеела со Норвешка била кралицата Маргарета, која п

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски договорил дата центи – само кога граѓаните би знаеле со кого?

Мицкоски изјави дека не се откажува од дата центрите, споменува 5-6 инвеститори и најавува реализација. Значи Мицкоски веќе договорил дата центри пода радарот, велат од опозициската СДСМ.„Само кога граѓаните на Македонија би знаеле со кого?На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата?Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста.Мицкоски договорил и не се откажува. Граѓаните никој не ги прашува. Ќе биде како што ќе каже Мицкоски.Земјоделците нема да имаат вода за нивите.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп основа Американска вселенска академија: Ќе се обучува нова генерација вселенски лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за основање на првата Американска вселенска академија, на која ќе се образува и обучува новата генерација вселенски лидери, соопшти НАСА.Трамп ја потпиша наредбата во вселенскиот центар на НАСА во Хјустон, каде што истакна дека САД имаат потреба од нова генерација квалификувани воени лица, инженери и цивилни оператори.„Со оглед на брзиот раст на американските вселенски сили и комерцијалната вселенска индустрија, како и проширувањето

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhug698eqn50s0nfTO3B

Со чекан ја скршиле витрината: Украдена кралска огрлица вредна 4,3 милиони долари од музеј во Виена

Двајца мажи украле дијамантска огрлица вредна 4,3 милиони долари од Музејот за применета уметност (MAK) во Виена, откако со чекан ја скршиле витрината во која била изложена, соопшти полицијата.Кражбата се случила во четвртокот попладне. Двајцата осомничени влегле во музејот како обични посетители на изложбата „Ремек-дела“, по што ја скршиле витрината и ја земале огрлицата.Според полицијата, двајцата биле немаскирани, а по кражбата избегале во непознат правец.Полицијата ја проширила потрагата во

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvf6i6m4djo252DC3f6p

Пет пожари сè уште активни, ЦУК регистрира 31 пожар на отворено

Во периодот од 28 до 29 август, до 07:30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Од нив, пет пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 25 се целосно изгаснати.Најсериозни се пожарите што во моментов се активни во повеќе делови од земјава. Во општините Студеничани и Зелениково гори мешана шума на потегот од село Моране преку Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и во правец на Преслап.Активен е и пожа

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Температури до 36 степени, попладне локално невреме со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува во поголем дел од земјава. Во текот на денот на места ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално се очекуваат поинтензивни временски процеси во форма на невреме, со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе биде од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.Во Скопје ќе биде сонч

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library3jrsu9ljcjki3RO5Hk2

Пол Њумен еднаш одбил улога за која подоцна зажалил: „Бев толку глупав“

Пол Њумен, една од најголемите холивудски филмски ѕвезди, остана запаметен по бројните незаборавни улоги, но и по животот исполнет со страст кон автомобилските трки, хуманитарната работа и други активности надвор од филмот.Роден на 26 јануари 1925 година, а починал на 26 септември 2008 година, Њумен со својот изглед и карактер со децении го носеше епитетот на вистинска филмска ѕвезда. Неговиот лик особено дојде до израз во култниот филм „Cool Hand Luke“ од 1967 година, кој со текот на годините п

Филм | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryudknr2rls65pfzF9WcM

Од шпионски сателит до вселенски телескоп: Необичната приказна на новиот „Роман“ на НАСА

НАСА наскоро треба да го лансира новиот вселенски телескоп „Ненси Грејс Роман“, кој се очекува да донесе нови сознанија за ширењето на вселената и да помогне во откривањето на планети надвор од Сончевиот систем. Телескопот ќе биде лансиран со ракетата „Фалкон хеви“ на „Спејс екс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.Иако денес е наменет за астрономски истражувања, „Роман“ има необично потекло. Неговата платформа првично била развиена во американската Национална извидничка канцеларија (NRO),

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
Penzioneri

Пензиите ќе пораснат до 3,5 отсто: Велковски најави дека конечниот процент ќе се знае во септември

Пензиите во септември би можеле да се зголемат за 3 до 3,5 проценти, а конечниот процент ќе биде познат на почетокот на септември, откако ќе бидат достапни последните податоци за август, најави министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.Тој во гостување на ТВ Сител посочи дека зголемувањето ќе биде дел од септемвриската пензија, која пензионерите ќе ја добијат на 1 октомври.„Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме параметрите и ќе излеземе со конкре

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrf6vjtd5jfce4Ftyy1H

Емир Хасановиќ: „Младиќ заминува како осуден воен злосторник, но неговите монструозни идеи сè уште живеат“

По смртта на Ратко Младиќ, на социјалните мрежи продолжуваат да пристигнуваат реакции за неговото наследство и односот кон злосторствата за кои беше осуден. Меѓу нив е и објавата на Емир Хасановиќ, кој порача дека Младиќ во историјата заминува како осуден воен злосторник и сторител на геноцид.„Ратко Младиќ почина во Хашка ќелија како осуден воен злосторник и сторител на геноцид. Тој заминува во историјата како таков“, напиша Хасановиќ.Во продолжение тој се осврна на реакциите што се појавуваат в

Коментари | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Од „нека одговара пред суд“ до „народен херој“: Голем пресврт во ставовите на Додик за Младиќ

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, со своите најнови изјави за Ратко Младиќ направи целосен пресврт во однос на ставовите што ги застапувал во минатото. По смртта на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Додик го опиша како „легенда“ и „народен херој“, иако во 1990-тите години јавно се залагал Младиќ да му се предаде на Хашкиот трибунал.Според претходните изјави што ги издвојува „Нова.рс“, Додик во март 1996 година, во интервју за „Слободна Босна“, рекол дека сите што сториле воени

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryeopvjjpk7ncuaIwvJ4F

(Видео) Лавицата им покажа кој е посилен: Двајца мажи не ѝ се рамни

Несекојдневна сцена во „Малкија парк“ во Словачка привлече внимание откако двајца мажи се обидоа да ја надвлечат лавицата во игра со јаже.Иако двајцата влечеа со целата своја сила, лавицата без поголем напор го задржа јажето само со вилиците, не дозволувајќи им да го извлечат од нејзината страна.Сцената се одвиваше зад дебелото стакло на оградениот простор, а снимката на интересен начин ја покажа огромната физичка сила на лавицата.

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин: „Русија се бори за сегашноста и иднината, силна е и ќе остане силна“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека придонесот на секој граѓанин е важен за заедничкиот успех на земјата, нагласувајќи дека Русија, според него, во моментов се бори за својата сегашност и иднина.„За успешен и самоуверен развој на земјата неопходен е придонесот на сите – волонтерите, вработените во невладините организации и социјалните служби, раководителите, инженерите, работниците и, секако, претприемачите“, рече Путин на форумот „Силни идеи за новото време“ во Нижни Новгород

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4lvr2vrm39t2bEMyPHl

(Видео) Пожар избувна на планината Жеден

Пожар избувна на планината Жеден, каде што според првичните информации е зафатена ниска вегетација. Огнот е забележан на планинскиот предел, а засега нема информации за тоа колкава површина е зафатена.Не се познати ниту причините за избувнувањето на пожарот, како и дали огнот претставува опасност за околните населени места и објекти.Состојбата на теренот се очекува да биде дополнително утврдена, а повеќе детали за пожарот се очекуваат од надлежните институции.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2ekbodfvqrv23bBKHie

Македонската таеквондистка Миљана Рељиќ освои бронза на Светското првенство за жени во Кина

Македонската таеквондистка Миљана Рељиќ освои бронзен медал на Отвореното светско првенство Г-4 во Таијуан, Кина, со што продолжи со успешните настапи на меѓународната сцена.Рељиќ настапи во категоријата до 62 килограми, во конкуренција на 43 таеквондистки, а до медалот стигна со три победи.На стартот таа убедливо со 2-0 ја совлада домашната натпреварувачка Јијао Санг. Во следната борба беше подобра од Узбекистанката Мохидил Уктамјонова со 2-1, додека пласманот на пиедесталот го обезбеди со уште

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања