Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 нед.
media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Со остар предмет повредил полицаец и се заканувал на вработени во Центарот за социјални работи

Кривична пријава е поднесена против 40-годишен кратовчанец, кој, според пријавеното, им се заканувал на полициски службеници и вработени во Центарот за социјални работи, а потоа со остар предмет повредил полицаец.ОВР Кратово поднело кривична пријава против П.Ј. (40) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.Настанот се случил на 11 септември 2026 година, кога пријавениот упатувал

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Маж ја нападнал својата 26-годишна вонбрачна партнерка

28-годишен жител на Чашка бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 26-годишна вонбрачна партнерка.На 16 септември во 17:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го привеле Н.Д. (28), постапувајќи по претходно пријавен случај на семејно насилство.Според пријавата, нападот се случил во домот на лицето, каде што тој физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.Н.Д. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целос

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
pozar

Пожар во куќа во Центар во која долго време никој не живеел

Пожар избувнал во куќа во скопската општина Центар во која подолг период никој не живеел. Во пожарот нема повредени лица.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 08:05 часот во СВР Скопје. Куќата е во сопственост на Ѕ.М. (60).Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.На местото бил извршен увид.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Малолетник тешко повреден по напад во двор на основно училиште во Ѓорче Петров

Малолетник бил тешко повреден откако бил физички нападнат од неколку други малолетници во двор на основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 21:00 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, нападот се случил по претходна расправија, а меѓу напаѓачите бил и малолетник кого повредениот го познавал.Во нападот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
tepachka-deca

Тепачка на вчерашниот ракометен натпревар во Аеродром, приведени двајца скопјани

Двајца скопјани биле приведени откако физички се пресметувале за време на ракометен натпревар во спортска сала во општина Аеродром.На 16 септември во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.К. (24) и И.С. (30), двајцата од Скопје.Според МВР, двајцата сториле прекршок согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, односно физички се пресметувале додека траел ракометниот натпревар.По целосното документирање на случај

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

Ја зел машината за да го измие возилото, па паднал: 35-годишник починал во болница

35-годишен жител на Студеничани починал откако, според првичните информации, паднал во дворот на куќа при употреба на машина за перење под притисок, при што постои сомнение дека доживеал струен удар.Случајот бил пријавен на 16 септември околу 11:40 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, Х.Б. (35) дошол во дворот на куќата во Студеничани, сопственост на А.С. (56), и ја зел машината за да го измие возилото.При употребата тој паднал, најверојатно поради струен удар. Со возило на Итната медицинска

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryovj7lm3111t0dDvoqNn

Пари преку Вајбер со неколку чекори: Новата услуга пристигнува во регионот

Вајбер подготвува нов начин за испраќање и барање пари, со што корисниците ќе можат финансиските трансакции да ги започнуваат директно од разговор во апликацијата.Новата услуга на „Ракутен Вајбер“ најпрво ќе биде воведена во Србија, каде што се очекува да стане достапна за помалку од 30 дена. Зад развојот на сервисот стојат „Ракутен Вајбер“, Народната банка на Србија и „Пејчет“.Постапката ќе започнува во чет-ботот на Вајбер. Корисникот ќе избере лице, ќе го внесе износот и потоа ќе биде пренасоч

Технологија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarym7cc01scsqiuad2hl3b

Нова ера во средното стручно образование: Околу 10.800 ученици од прва година ќе учат СТЕМ вештини за професиите на иднината

Околу 10.800 ученици кои годинава се запишале во прва година во средните стручни училишта се првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми со СТЕМ-компетенции, вклучувајќи зелени и дигитални вештини во сите струки, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија.Реформата е поддржана со обука на 569 наставници, нови ресурси за учење и засилена соработка со приватниот сектор. Целта е младите да стекнат знаења и вештини што ќе им овозможат да применуваат одржливи практики на ид

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

65 случаи на западнонилска треска во Македонија, најмногу во Драчево

Бројот на случаи на западнонилска треска во Македонија достигна 65, а осум лица починале, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје заклучно со 15 септември. Најголемо жариште останува Скопје, каде што се регистрирани 60 случаи.Најголема концентрација има во општина Кисела Вода, особено во Драчево, како и на подрачјето на Гази Баба. Надвор од Скопје, по два случаи се регистрирани во Велес, а по еден во Куманово, Свети Николе и Кавадарци.Од вкупно 65 случаи, 60 се лабораториски потврде

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
evra

Наместо да ги достави пензиите, поштар од БиХ заминал на Тајланд

Наместо да ги достави пензиите до жителите на Вишиќи во Чапљина, поштар од Босна и Херцеговина заминал на Тајланд со службените пари, а при обидот да се врати во земјата бил уапсен.Станува збор за Стипе Јукиќ од Чапљина, кого полицијата го лишила од слобода вчера на граничниот премин Бијача. Тој на почетокот на септември исчезнал, заедно со парите наменети за исплата на пензиите.Неговото исчезнување било пријавено на 7 септември, откако неговата мајка два дена немала контакт со него. Истрагата п

Балкан | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9q24ke3t098m3eIMrzW

1.875 прекршоци во август при контролите на велосипедисти, мопедисти и мотоциклисти

Вкупно 1.875 прекршоци биле констатирани во текот на август при зајакнатите сообраќајни контроли насочени кон возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли и други лесни моторни возила.Секторот за сообраќајни работи при МВР контролите ги спровел на целата територија на државата, при што најголем број прекршоци биле евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – 503. Следуваат СВР Битола со 230, СВР Струмица со 216, СВР Охрид со 179, СВР Тетово со 178, СВР Штип со 169, Мобилната единица за безбедност на

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Марихуана пронајдена при претрес во дом во Прилеп, приведен 19-годишник

Марихуана била пронајдена при претрес во дом во Прилеп, по што полицијата лишила од слобода 19-годишно лице.На 16 септември во 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.И. (19) од Прилеп.Претресот во неговиот дом бил извршен со наредба од Основен суд Прилеп, при што била пронајдена и одземена марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryih13c1opq9qb7UhBKlJ

Уапсен 20-годишник во Ресен, управувал мопед без возачка дозвола

20-годишен жител на Ресен бил лишен од слобода откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал мопед без возачка дозвола.На 16 септември во 16:08 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го сопреле мопедот со ресенски регистарски ознаки, управуван од Т.М. (20) од Ресен.При контролата било констатирано дека тој управувал без да поседува возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе сл

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydpk6v0q98ovrbG422DH

69-годишна прилепчанка фрлала стаклени предмети од тераса и го нарушила јавниот ред и мир

Јавниот ред и мир бил нарушен на улицата „Трајко Сандански“ во Прилеп, откако 69-годишна жена фрлала стаклени предмети од тераса.Случајот бил пријавен на 16 септември во 19:00 часот во ОВР Прилеп. Станува збор за М.Ц. (69) од Прилеп.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarye620cjbb58r7ayPJyN4

(Видео) Мало кученце трчаше по дете со моторче со една желба – да се повози со него

Симпатично кученце го насмеа интернетот со својот обид да се приклучи на велосипедската прошетка на својата сопственичка.На снимката се гледа како малото кученце трча покрај велосипедот и упорно се обидува да се качи и да продолжи со возењето. Откако не успеало самото да се качи, сопственичката веднаш забележала што се случува и му помогнала да се качи.Нејзиниот гест дополнително го разнежни видеото, а гледачите не криеја дека сцената им измамила насмевка. Многумина ја пофалиле упорноста на куче

Вирално | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

Пронајден починат 55-годишен државјанин на Албанија во Карамани

Во село Карамани, битолско, на 16 септември било пријавено дека починал 55-годишен државјанин на Република Албанија.Станува збор за Д.Т. (55), чија смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Битола. При прегледот не биле забележани траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycbmt6hqm7jm63DfSn6u

ЕУ со нови правила за социјалните мрежи: Забрана за деца под 13 години и ограничувања до 18 години

Европската комисија предлага нови правила за заштита на децата на социјалните мрежи, со кои се предвидува целосна забрана за користење на социјални мрежи за деца под 13 години и постепено воведување ограничувања за малолетниците до 18-годишна возраст.Мерките се дел од новиот Закон на ЕУ за децата (EU Kids Act), кој, според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да постави јасни граници за безбедноста на децата во дигиталниот свет.Фон дер Лајен на прес-конференција во

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
apasiev

„Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија“, вели Левица

Левица преку соопштение ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за политичка одговорност во случајот со четирите таканаречени „Хашки случаи“, потсетувајќи на собраниското гласање од 2011 година со кое, според партијата, било овозможено предметите да не добијат судски епилог.Од Левица велат дека по вчерашната пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешниот врв на ОВК повторно се отвора прашањето за постапувањето на македонските институции со предметите што Хашкиот трибунал ги вратил на домашното право

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9fm15rp16ldr5VDJsGw

Поранешен директор на Здравен дом во Свети Николе пријавен за отуѓување имот вреден 75.000 денари

Кривична пријава е поднесена против 63-годишен жител на Свети Николе, кој во текот на 2025 година ја извршувал функцијата директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“.Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе пријавен е С.Б. (63) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Според пријавата, во својство на директор на здравствениот дом, тој не постапил согласно одредбите од Законот за користење

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Запалил сува трева и шут во дворот, па предизвикал пожар на ридот кај Велес

Пожар што избувнал откако 59-годишен велешанец запалил сува трева и отпаден шут во својот двор довел до негова интервенција од страна на полицијата.На 16 септември во 13:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Т. (59) од Велес, поради предизвикување пожар.Според пријавеното, огнот од дворот се проширил кон блискиот рид, каде што зафатил сува трева. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес.За случајот бил извест

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library97nbejeldv7reBtp2Qd

Осум случаи на маларија во Франкфурт од јули, двајца починати

Здравствените власти во Франкфурт предупредија на зголемено внимание по потврдата на нови случаи на маларија во градот. Од јули досега се регистрирани осум случаи, од кои два завршиле со смрт.Последните два случаи се потврдени во населбата Шванхајм, во близина на аеродромот во Франкфурт. Градската здравствена служба ја испитува можната поврзаност со аеродромот, бидејќи повеќето од неодамна заразените лица биле вработени таму.Една од претпоставките е дека заразени комарци пристигнуваат со авиони,

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfei7oki49kjq7956OwE

Енергетската транзиција забрзува: Македонија ги надмина целите за обновливи извори

Развојот на обновливите извори на енергија во Македонија ја надминал динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК), а напредокот во спроведувањето на преземените обврски позитивно е оценет од Енергетската заедница.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини навреме го доставило до Енергетската заедница Извештајот за напредокот во спроведувањето на НПЕК. Навременото известување, според Министерството, потврдува дека обврските преземени со планот се спровед

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Гостиварец приведен по распишана телеграма поради сомнение за тешка кражба

29-годишен жител на Гостивар бил лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.Од МВР информираат дека на 16 септември во 21:20 часот, на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ш. (29) од Гостивар.За него била распишана телеграма од СВР Охрид – ОВР Струга поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.М.Ш. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Му се заканувал со пиштол додека ги напасувал овците во Битуше

Жител на Велебрдо пријавил дека бил загрозуван со огнено оружје додека ги напасувал овците во селото Битуше.Од МВР информираат дека на 16 септември во 17:20 часот, во Полициското одделение Ростуше, А.А. (52) од село Велебрдо пријавил дека во Битуше лицето Д.„Н“ му се заканувало со пиштол.Според пријавата, инцидентот се случил додека 52-годишниот жител ги напасувал овците.Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
h_54384372-220098

60-годишен тетовец уапсен, кај него пронајдена кафеава прашкаста материја

Полицијата привела 60-годишен тетовец откако при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја.Од МВР информираат дека на 16 септември во 18:50 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б. (60) од Тетово.Материјата била пронајдена при извршениот преглед. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања