Промени тема
Контакт

БИХ

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Последен ден од изборната кампања во БиХ, од утре изборен молк

Во Босна и Херцеговина денеска завршува изборната кампања пред општите избори што ќе се одржат в недела, 4 октомври. Со завршувањето на кампањата започнува изборниот молк, кој, според Изборниот закон на БиХ, трае до затворањето на избирачките места.На изборите во Федерацијата БиХ и Република Српска граѓаните со право на глас ќе избираат три членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерациј

Балкан | пред 1 ден

media-library9ehhqh7k71795YEWgOP

Земјотрес со јачина од 3,1 степен ја погоди БиХ

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово е регистриран на подрачјето на Босна и Херцеговина.Потресот бил регистриран во 8:34 часот, а епицентарот се наоѓал во близина на Горажде, односно кај населбата Ковачи. Според достапните податоци, епицентарот бил на координати 43,6895 северна географска ширина и 18,7915 источна географска должина.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека хипоцентарот бил на длабочина од околу 10 километри под површината на Земјата.

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryi92sq8118fk74biv0at

Дете загина во пожар во семејна куќа во БиХ

Дете го загубило животот во пожар што избувнал во семејна куќа во Козарец, кај Приедор, Босна и Херцеговина. Информацијата ја потврди Полициската управа Приедор, пренесуваат тамошните медиуми.Полицијата ја добила пријавата за пожарот во 11 часот утринава. Засега нема официјални информации за возраста на настраданото дете, ниту за околностите под кои избувнал пожарот.На местото на несреќата се врши увид, со кој раководи обвинител од Окружното јавно обвинителство во Приедор.Повеќе детали за причин

Балкан | пред 1 седмица

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Уште двајца војници отпуштени од Вооружените сили на БиХ поради величење на Младиќ

Уште двајца припадници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина се отпуштени од служба поради величење на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, со што бројот на санкционирани лица по оваа основа достигна 37.Одлуката ја донесе министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, кој порача дека во вооружените сили нема да има толеранција за глорификација на лица осудени за најтешки воени злосторства.„Додека сум министер за одбрана на Босна и Херцеговина, нема да има толеранција за глорификација на воен

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Автомобил излетал од патот и паднал во провалија, две девојки го загубија животот во БиХ

Две девојки од Сараево ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа кај Брадина во Босна и Херцеговина. Во несреќата биле повредени и возачот и уште двајца патници.Несреќата се случила околу 23:45 часот на магистралниот пат М-17 во Брадина, на подрачјето на Коњиц, на патниот правец што ги поврзува Сараево, Коњиц и Мостар.Според Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, со автомобил „голф“ управувал млад човек, роден во 2006 година, од Илиџ

Балкан | пред 1 седмица

media-library9j0pv1v9n41cajqgrDw

(Видео) Во БиХ развиен нов дрон: Објавена снимка од летот

Во Босна и Херцеговина е развиен нов беспилотен летачки апарат, CNT-17FW01, а објавена е и снимка од неговиот лет.Според податоците на сараевскиот Центар за напредни технологии, леталото има распон на крилата од 5,4 метри, мотор со моќност од 16 киловати и експериментална носивост до 30 килограми.Од Центарот наведуваат дека моменталната автономија на леталото изнесува до 12 часа.CNT-17FW01 беше претставен на првиот босанскохерцеговски саем за оружје и воена опрема „The First Balkan Shield 2026“.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryv3bd0s0ercrreW0eT0p

Тврдел дека е од Јупитер и дека е син на Супермен: државјанин на БиХ осуден на затвор по 32. пат во Франција

Државјанин на Босна и Херцеговина (41) е осуден на 10 месеци затвор во Франција поради серија кражби од продавници во центарот на Нант. Ова е дури 32. пат тој да се најде пред француски суд поради слични кривични дела, пишува „Нова.рс“.На судењето внимание привлекол со необични тврдења дека доаѓа од планетата Јупитер и дека е син на Супермен. Според медиумите, кај него повремено се појавуваат шизофрени епизоди, на што се повикувала и неговата одбрана.Сепак, судот оценил дека неговата состојба во

Свет | пред 2 седмици

61382580-pozar

Хрватска испраќа два канадера во БиХ за гаснење на пожарот кај Јабланица

Хрватска испраќа два канадера во Босна и Херцеговина за помош во гаснењето на пожарот што и понатаму се шири на планината Чврсница, во близина на Јабланица. Одлуката за испраќање на авионите ја одобри хрватската Влада на денешната телефонска седница.Во акцијата ќе учествуваат два авиона „Канадер CL-415“ на Хрватското воено воздухопловство, со две екипажи од припадници на хрватските вооружени сили. Одобрено е и нивното преминување на хрватската граница со цел обезбедување хуманитарна помош за БиХ

Балкан | пред 2 седмици

evra

Наместо да ги достави пензиите, поштар од БиХ заминал на Тајланд

Наместо да ги достави пензиите до жителите на Вишиќи во Чапљина, поштар од Босна и Херцеговина заминал на Тајланд со службените пари, а при обидот да се врати во земјата бил уапсен.Станува збор за Стипе Јукиќ од Чапљина, кого полицијата го лишила од слобода вчера на граничниот премин Бијача. Тој на почетокот на септември исчезнал, заедно со парите наменети за исплата на пензиите.Неговото исчезнување било пријавено на 7 септември, откако неговата мајка два дена немала контакт со него. Истрагата п

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес го погоди Сараево: Потресот бил краток, но силен

Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала денеска околу 14:15 часот го погоди поширокото подрачје на Сараево, а потресот го почувствувале граѓани во повеќе места во околината.Според првичните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 21 километар северозападно од Сараево.Потресот особено го почувствувале жителите на Високо, Бреза и Илијаш, но бил почувствуван и во Сараево, Хаџиќи, Кисељак и подрачјето на Илиџа.На платформата на E

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m

Балканот во пламен: Активни пожари во БиХ и Црна Гора, чад стигна до Далмација

Серија пожари избувнаа на подрачја во Босна и Херцеговина, Република Српска и Црна Гора, а густиот чад од големиот пожар во БиХ стигна и до делови од Далмација, каде што видливоста значително е намалена.Во БиХ, хеликоптери на вооружените сили се ангажирани во гаснењето пожари во подрачјата на Бихаќ, Калесија, Дрвар и Прозор-Рама. Во Бихаќ на терен учествуваат и околу 30 припадници на вооружените сили, соопшти Министерството за одбрана на БиХ.Ангажирањето на хеликоптерите го наредил министерот за

Балкан | пред 4 седмици

media-libraryq775ulkjtmv00OstXRz

Седумгодишно дете загина при превртување на четирицикл во БиХ

Трагедија се случила во местото Дражев Долац кај Горен Вакуф, каде што седумгодишно дете го загубило животот по превртување на четирицикл на приватен имот.Случајот бил пријавен во Полициската станица Горен Вакуф во петокот во 18:15 часот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Среднобосанскиот кантон, со четирициклот управувало малолетното дете од Горен Вакуф, кое при несреќата се здобило со телесни повреди.Само пет минути подоцна, во 18:20 часот, од Јавната установа Дом на

Балкан | пред 4 седмици

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Пукање во Сараево: Тешко ранет 23-годишник, напаѓачот во бегство

Пукотници одекнале синоќа во сараевската населба Ченгиќ Вила, каде што едно 23-годишно лице било тешко повредено. Напаѓачот успеал да побегне и полицијата трага по него.Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Кантон Сараево, пријавата за пукањето во улицата Паромлинска била примена во 23:55 часот.Повреден е 23-годишниот А.Ч. од Сараево, на кого првата медицинска помош му била укажана во Клиниката за итна медицинска помош при Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Пор

Балкан | пред 1 месец

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Голем пожар беснее над Сараево, евакуиран работник од врвот на Требевиќ

Голем пожар повторно се разгорел на планината Требевиќ над Сараево, а поради опасноста од огнената стихија бил евакуиран еден работник кој се наоѓал кај телевизискиот и комуникацискиот столб на врвот на планината.Припадниците на Горската спасувачка служба од Источен Стар Град биле испратени на терен откако добиле информација дека работниците ангажирани на одржување на столбот се загрозени од пожарот. Еден од нив успешно бил евакуиран од опасната зона.Од спасувачката служба предупредуваат дека по

Свет | пред 1 месец

media-library797hb82fllk4blvrevV

(Видео) Драма во БиХ: Пожарот во Бихаќ повторно се разгоре, ново жариште избило во минирано подрачје

Пожарот на влезот во Бихаќ повторно се активирал во текот на ноќта, поттикнат од силниот ветер, а ново жариште избило и во подрачје за кое постои опасност од мини.Пожарот под местото „Окреталјка“ повторно се разгорел, поради што Градот Бихаќ побарал итно ангажирање на сите расположливи сили на Шумското стопанско друштво „Унско-сански шуми“ и Кантоналната управа за цивилна заштита. Испратено е и барање за ангажирање хеликоптер на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, но леталото во моментов е

Настани | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Три земјотреси го потресоа Сараево за само два часа, најсилниот со магнитуда од 3,6 степени

Жителите на Сараево и околината во текот на ноќта почувствувале три земјотреси во период од само два часа, со магнитуди од 3,1 до 3,6 степени според Рихтеровата скала.Првиот земјотрес бил регистриран во 00:45 часот, а според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) бил со магнитуда од 3,6 степени. Епицентарот бил во близина на Фоча, на околу 32 километри од Сараево.Само 15 минути подоцна следело ново потресување на тлото. Вториот земјотрес бил со магнитуда од 3,1 степени, а епицентарот

Балкан | пред 1 месец

izbori-glasanje-fingerprint-3

Голема промена на изборите во БиХ: Биометриска идентификација и скенери за гласачките ливчиња

Општите избори во Босна и Херцеговина, закажани за 4 октомври, ќе донесат голема промена во начинот на гласање, бидејќи за првпат ќе се користи технологија за биометриска идентификација на гласачите и електронско скенирање на гласачките ливчиња.Опремата, која треба да обезбеди поголема транспарентност и сигурност на изборниот процес, веќе пристигнува во земјата, а првите тестирања се планирани за 17 и 18 август.Од Централната изборна комисија на БиХ информираат дека опремата ќе пристигнува во че

Балкан | пред 1 месец

media-library2p0cfoaigkpr5PRLlg7

(Видео) Полскиот државјанин кој го запали олтарот и ги осквернави статуите на Богородица во Меѓугорје не се кае: „Би го направил истото повторно“

Полскиот државјанин Бартломјеј Влодзимјеж Краковјак денеска пред Судот на Босна и Херцеговина призна дека ги осквернавил статуите на Богородица и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје. По неговото признание, Обвинителството побара да му биде одреден притвор.Според неговата адвокатка Даниса Гачанин, Краковјак како мотив навел дека верува оти наводните укажувања на Богородица во Меѓугорје и тврдењата на видениците се измама, а со својата постапка сакал да го привлече

Настани | пред 2 месеци

media-library5bp6q6tnfjui786f3kq

(Видео) Државјанин на Полска осомничен дека ги осквернавил статуите на Богородица и го запалил олтарот во Меѓугорје, во БиХ

Државното обвинителство на Босна и Херцеговина започна сослушување на 31-годишен државјанин на Полска, кој е осомничен за повеќе инциденти во познатото католичко светилиште Меѓугорје. По сослушувањето, обвинителството најверојатно ќе побара да му биде одреден истражен притвор.Според обвинителството, осомничениот претходно оваа седмица со црна боја ги оштетил главната статуа на Богородица на Подбрдо и уште една помала статуа, го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ и испишал навред

Настани | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 3,1 степени почувствуван во Сараево и околината

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во близина на Сараево, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Потресот бил регистриран во 4:21 часот по локално време, а неговиот епицентар се наоѓал на околу 12 километри источно од Сараево, на длабочина од шест километри.Земјотресот бил почувствуван од голем број жители на главниот град на Босна и Херцеговина и околните населени места. Според EMSC, повеќе од 490 граѓани пријавиле дека го поч

Балкан | пред 2 месеци

planinarenje

Уште тројца загинати планинари од БиХ пронајдени на Елбрус

На планината Елбрус во Русија се пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина, кои биле дел од седумчлена експедиција што побарала помош при симнување од планината, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација.Според руските власти, местоположбата на телата е утврдена, но нивната евакуација засега не е можна поради исклучително лошите временски услови.Групата од седум државјани на БиХ самостојно се искачувала на Елбрус, без професионален водич. Во саботата навечер побара

Свет | пред 2 месеци

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Со дуксер се обеси во затвор: Мажот што ја уби сопругата пред очите на ќерката во Сараево се самоуби

Тарик Прусац, кој се наоѓаше во притвор поради сомнение дека на 1 мај годинава ја убил сопругата Елма Годињак во сараевската населба Добриња, починал во Казнено-поправниот завод Игман, откако, според информациите на медиумите во БиХ, извршил самоубиство.Според весникот „Аваз“, тој си го одзел животот така што од својата дуксерка направил јамка, која ја прицврстил за дел од затворскиот кревет. Наводно, го искористил моментот кога останатите тројца притвореници во ќелијата не забележале што се слу

Балкан | пред 2 месеци

planinarenje

(Видео) Загинаа пет планинари од БиХ на Елбрус, телата останаа на планината

Петмина планинари од Босна и Херцеговина загинаа при искачување на Елбрус, највисокиот врв во Европа, јавуваат руските медиуми. Од седумчлената експедиција преживеале само двајца.Според информациите, еден од планинарите успеал самостојно да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата се хоспитализирани и се под лекарски надзор.Драмата започнала на 25 јули, кога било пријавено дека групата останала заглавена на Елбрус и не може да се спуш

Свет | пред 2 месеци

EU-1

ЕУ одобри 140,5 милиони евра неповратна помош за Босна и Херцеговина

Европската Унија одобри 140,5 милиони евра неповратна финансиска помош за Босна и Херцеговина во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за периодот од 2025 до 2027 година.Од Делегацијата на Европската Унија во Сараево соопштија дека ЕУ останува најзначаен и најдоследен партнер на Босна и Херцеговина, потсетувајќи дека претходно годинава Советот на министри и Претседателството на БиХ го ратификувале договорот со Унијата.Средствата се наменети за поддршка на реформите потребни за

Свет | пред 2 месеци

media-libraryar55ko6rekb01GgVUfY

(Видео) Два пожара во БиХ, огнот се доближува до домовите

Два пожара денеска избувнаа во околината на Требиње, БиХ, а ситуацијата е сериозна бидејќи огнот се приближува до куќите, соопштија локалните власти.Едниот пожар избувнал во селото Хум, каде што требињските пожарникари се обидуваат да ги заштитат домовите од огнената стихија. Во пожарот изгорел еден помошен објект.Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејан Кашиковиќ, изјави дека пожарот во Хум бил пријавен околу 10:30 часот, а во исто време добиле дојава и за втор пожар во селото

Настани | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања