Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ФУДБАЛ

media-librarya8pgggcp548gcrqiDQh

(Видео) ФК Скопје се враќа во Првата лига

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, упати честитки до ФК Скопје по повод обезбедениот пласман во Првата македонска фудбалска лига.Во објава на социјалните мрежи, Стефковски го поздрави големиот успех на клубот и порача дека Автокоманда и цела Гази Баба имаат причина за радост и славје.„Победа! ФК Скопје влегува во Прва лига. Нека се радува Автокоманда, нека слави Гази Баба“, напиша Стефковски.Тој упати честитки до фудбалерите, стручниот штаб и верните навивачи, истакнувајќи го нивниот придонес во остварувањето на големиот успех.Со обезбедениот пласман, ФК Скопје повторно ќе биде дел од елитното друштво во македонскиот фудбал, а успехот беше пречекан со големо задоволство меѓу навивачите и спортската јавност во општината.

Скопје | пред 4 дена

media-libraryvi9fneolop973XMpWkJ

Арсенал со рано водство во финалето, Париз Сен Жермен без одговор во првото полувреме

Првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите меѓу Париз Сен Жермен и Арсенал заврши со водство од 1:0 за англискиот тим.Единствениот погодок во првите 45 минути го постигна Каи Хаверц во 6. минута од натпреварот, кога ја искористи шансата пред голот на ПСЖ и му донесе рана предност на Арсенал.По водечкиот гол, лондонскиот клуб успешно ја контролираше играта и ја зачува предноста до заминувањето на паузата, додека ПСЖ се обидуваше да стигне до израмнување.Арсенал така на полувремето има минимална предност од 1:0 во борбата за најпрестижниот европски клупски трофеј.

Спорт | пред 5 дена

media-library750452722hd17tHzcWt

Флик го гради новиот тим на Барселона, во фокусот Гвардиол, Алварес и Гордон

Барселона подготвува амбициозна трансфер-офанзива во пресрет на новата сезона, со цел да изгради тим способен повторно да се бори за европскиот врв под водство на тренерот Ханси Флик.Според информациите од Шпанија, каталонскиот клуб е пред комплетирање на трансферот на англискиот репрезентативец Ентони Гордон од Њукасл. Зделката е проценета на 70 милиони евра, со дополнителни 10 милиони преку бонуси, а токму Флик бил еден од главните иницијатори за неговото ангажирање.Паралелно со тоа, Барселона работи и на доведување на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. Според најавите, Каталонците се подготвени да понудат околу 100 милиони евра за напаѓачот, кој се смета за долгорочно решение во нападот по заминувањето на Роберт Левандовски.На листата на желби се наоѓа и хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол. Фудбалерот на Манчестер сити е посочен како идеално засилување за одбраната, но неговиот ангажман нема да биде лесен бидејќи интерес покажуваат и Баерн Минхен и Реал Мадрид.Раководството на клубот, предводено од претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, настојува сите клучни трансфери да бидат завршени пред почетокот на Светското првенство на 17 јуни. Целта е да се избегне евентуално зголемување на цените на играчите по нивните настапи на мундијалот.Со планираните засилувања, Барселона сака да формира поконкурентен состав во кој младите сили предводени од Ламин Јамал ќе бидат комбинирани со докажани интернационалци, во обид да се врати доминацијата во шпанскиот фудбал и повторно да се нападне титулата во Лигата на шампионите.

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryka4m4e4f3d5a36LzL73

Барселона и Баерн во трка за Гвардиол, Манчестер Сити подготвува нов договор

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол би можел да биде едно од најбараните имиња во летниот преоден рок, откако шпанските и германските медиуми објавија дека и Барселона и Баерн Минхен покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Манчестер Сити.Според информациите, Барселона го гледа Гвардиол како приоритетно засилување за одбраната и веќе ги разгледува можностите за негов ангажман. Сепак, каталонскиот клуб ќе се соочи со силна конкуренција од Баерн Минхен, кој исто така работи на негово доведување.Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус потврди дека баварскиот клуб веќе се распрашува за поранешниот играч на Лајпциг.„Станува збор за поранешен фудбалер на Бундеслигата кој сега настапува за Манчестер Сити. Игра како лев бек, но може да игра и во централната одбрана. Тоа е Гвардиол“, изјави Матеус за „Скај“.Од друга страна, Манчестер Сити нема намера лесно да се откаже од хрватскиот дефанзивец. Англискиот шампион подготвува продолжување на неговиот договор, кој во моментов важи до 2028 година, со цел да ја осигури неговата иднина на „Етихад“.Гвардиол пристигна во Манчестер Сити во 2023 година, во трансфер вреден околу 90 милиони евра, и брзо се наметна како важен дел од тимот на Пеп Гвардиола.Интересот на Баерн е дополнително поттикнат од проблемите со повреди во одбраната, додека Барселона ќе мора да најде решение за својата финансиска состојба доколку сака да реализира големи засилувања во летниот преоден рок.

Спорт | пред 1 седмица

media-library32hq6fs7l4uja9wEB50

Почина фудбалерот Виктор Удох на 21-годишна возраст

Нигерискиот фудбалер Виктор Удох е пронајден мртов во Абуџа на само 21-годишна возраст, а веста предизвика шок и бројни реакции во фудбалската јавност и на социјалните мрежи.Фудбалската федерација на Нигерија соопшти дека е „длабоко потресена“ од смртта на младиот напаѓач, кој во кариерата настапуваше за Антверпен, Саутемптон и чешкиот клуб Динамо Ческе Будјовице.Директорот за комуникации на Федерацијата, Адемола Олаџире, изјави дека сите во нигерискиот фудбал се шокирани од трагедијата.„Чекаме повеќе детали, но ова е ужасно и срцепарателно“, изјави Олаџире.Според информациите, Удох бил пронајден мртов на 25 мај, откако претходната вечер бил излезен со пријатели во Абуџа. Засега не е објавена официјалната причина за смртта.Неговите поранешни клубови се простија од младиот фудбалер со емотивни пораки на социјалните мрежи.Од Саутемптон порачаа дека се „скршени од веста за трагичната смрт“ на поранешниот играч, додека Антверпен потсети на неговите настапи и голови за клубот, истакнувајќи дека Удох оставил силен впечаток уште во првата сезона.„Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и најблиските. Почивај во мир, Виктор“, соопшти белгискиот клуб.На социјалните мрежи бројни навивачи и корисници изразија жалење и сочувство, нарекувајќи ја смртта на Удох голема трагедија за нигерискиот фудбал.

Свет | пред 1 седмица

media-library1jgkscqejgmn4E5STTi

Џејми Варди сака сензационално враќање во Премиер лигата на 40 години

Легендарниот напаѓач Џејми Варди, дури и на 40-годишна возраст, планира сензационално враќање во англиската Премиер лига.Варди ќе го напушти италијанскиот Кремонезе по само една сезона, откако клубот испадна во Серија Б. Неговиот договор содржел клаузула според која ќе остане само доколку тимот обезбеди опстанок во елитата.Поранешниот англиски репрезентативец смета дека сè уште има квалитет за настап на највисоко ниво во Англија, а веќе постои почетен интерес од неколку премиерлигашки клубови.Иако играше во тим што се бореше за опстанок во една од тактички најтешките лиги во Европа, Варди минатата сезона постигна седум голови, меѓу кои и против Јувентус.Клубовите од Премиер лигата веруваат дека неговото искуство и победнички менталитет и натаму можат да бидат од голема корист, дури и во помала улога во тимот.Кариерата на Варди важи за една од најневеројатните приказни во модерниот фудбал. Откако како 16-годишник бил одбиен од Шефилд Венсдеј, настапувал за аматерски клубови пред Лестер во 2012 година да плати еден милион фунти за неговиот трансфер.До заминувањето од Лестер минатото лето одигра 500 натпревари и постигна 200 голови. Со клубот ја освои историската титула во Премиер лигата, ФА Купот, Комјунити Шилд и две титули во пониските англиски лиги, а беше прогласен и за најдобар играч во Премиер лигата.За репрезентацијата на Англија настапи 27 пати.

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryjs6niehj56hqb7UaZnL

Вардар шампион по шест години: „Црвено-црните“ ја освоија 12. титула

ФК Вардар е нов шампион на Македонија. „Црвено-црните“ ја освоија шампионската титула по пауза од шест години, крунисувајќи ја сезоната со 12. титула во клупската историја.Трката за трофејот траеше до последното коло, а вардарци успеаја да ја задржат предноста и повторно да се искачат на врвот на македонскиот фудбал.Скопје деновиве беше обоено во црвено и црно. Илјадници навивачи ја прославија титулата низ улиците на главниот град, додека Комитите со бакљи, песни и колони возила приредија голема шампионска атмосфера пред последниот натпревар.За Вардар ова е враќање на местото кое клубот со децении го има во македонскиот фудбал – симбол на традиција, трофеи и најголема навивачка поддршка.Титулата доаѓа по турбулентен период за клубот, кој во изминатите години се соочи со финансиски и организациски проблеми, но успеа повторно да се врати на врвот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytqste7af19lc1BVFG2T

„Атлетико“ тргнува по Бернардо Силва како замена за Гризман

Атлетико Мадрид сериозно работи на ангажирањето на Бернардо Силва, кој треба да ја пополни празнината по заминувањето на Антоан Гризман во МЛС.Португалецот ова лето ја завршува својата етапа во Манчестер Сити, каде што од 2017 година освои бројни трофеи, меѓу кои и шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.Тренерот Диего Симеоне во Силва гледа искусен лидер и еден од најразновидните играчи во Европа, способен да игра на повеќе позиции во нападот и во средниот ред.За Силва интерес покажуваат и Барселона, Милан, Јувентус и Челси, но Атлетико како главен адут ја нуди улогата на главна ѕвезда во тимот.Бернардо Силва, кој наскоро ќе наполни 32 години, ќе стане слободен играч, што го прави едно од најатрактивните имиња на летниот трансфер-пазар.

Спорт | пред 2 седмици

media-librarykfgau3hosvsldjs4ZNb

„Марка“: Карвахал повторно се повреди, се враќа за последен настап

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, заработи скршеница на малата коска на десното стапало и ќе паузира околу две недели, соопшти клубот. Поради повредата, десниот бек ќе пропушти неколку натпревари во првенството, меѓу кои и дербито против Барселона.Се очекува Карвахал да се врати за последното коло од сезоната, кога Реал ќе го пречека Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“. Според шпанските медиуми, токму тој натпревар би можел да биде негов последен во дресот на клубот, со оглед на тоа што неговиот договор истекува следниот месец и сè уште не е продолжен.Иднината на искусниот дефанзивец е неизвесна и поради честите повреди во последните две сезони, поради кои значително го намали бројот на настапи. Во тековната сезона тој беше стартер на само осум натпревари.Карвахал зад себе има импресивна кариера во Реал Мадрид, со 448 одиграни натпревари, 14 гола и 65 асистенции, како и 27 освоени трофеи. Со тоа останува веднаш зад клупскиот рекордер Лука Модриќ, кој има еден трофеј повеќе.

Спорт | пред 1 месец

media-library2g4khskf5bkfcr2FcXL

(Видео) Македонски шампиони во Шпанија: 10 и 13-годишници од ФК Водно први на турнир во Овиедо

Младите фудбалери на ФК Водно, на возраст од 10 и 13 години, се вратија од Шпанија со освоено прво место, освојувајќи ги титулите во своите категории на силниот и престижен турнир Oviedo Cup youth football tournament.Турнирот се одржа во Овиедо, каде македонските надежи се натпреваруваа со екипи од повеќе земји, при што доминираа во своите возрасни категории и заслужено стигнаа до трофеите.Од клубот посочуваат дека станува збор за исклучителен успех, кој ја потврдува работата со младите категории и потенцијалот што го поседуваат.Победата на турнир од ваков ранг се смета за значаен чекор во развојот на младите играчи, но и силна промоција на македонскиот младински фудбал на меѓународно ниво.

Спорт | пред 1 месец

media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе на чекор до вечниот рекорд на Франција: уште еден гол го дели од Жиру

Килијан Мбапе се доближи на само еден погодок до врвот на вечната листа на стрелци на француската репрезентација и најавува дека прашање на време е кога ќе го надмине Оливие Жиру.Напаѓачот на Реал Мадрид моментално има 56 голови во 94 настапи за „триколорите“, додека Жиру е прв со 57 погодоци во 137 натпревари. Со тоа, Мбапе не само што е блиску до рекордот по вкупен број голови, туку веќе се издвојува и по ефикасност – со просек од 0,59 гола по меч, најдобар меѓу најистакнатите француски репрезентативни голгетери.Новиот погодок за националниот тим го постигна во пријателскиот дуел со Бразил (2:1) во Масачусетс, каде со прецизен лоб-удар ја затресе мрежата на „селесао“. Мбапе дебитираше за Франција во 2017 година, а неговиот континуитет и учинок во клучни натпревари го поставуваат во позиција да ја преземе титулата „најдобар стрелец на сите времиња“ на репрезентацијата.На врвот на историјата на францускиот национален тим, зад првите двајца, се редат имиња со силна тежина во европскиот фудбал:Оливие Жиру – 57 гола / 137 натпревариКилијан Мбапе – 56 / 94Тјери Анри – 51 / 123Антоан Гризман – 44 / 137Мишел Платини – 41 / 72Карим Бензема – 37 / 97Давид Трезеге – 34 / 71Зинедин Зидан – 31 / 106Со оглед на темпото со кое погодува, се очекува Мбапе наскоро да го помести рекордот и да ја отвори новата страница во голгетерската историја на Франција.

Спорт | пред 2 месеци

ademi

Адеми од ДУИ: Се толерирал говор на омраза на натпреварот Вардар-Башкими, а специјалци се користеле да се спротистават на клубот

Арбер Адеми од ДУИ реагираше по два, како што ги оцени, сериозни инциденти во македонскиот фудбал, наведувајќи дека тие не се случајни, туку директна последица на неказнивоста и, како што рече, тивкото охрабрување на оние што ги кршат правилата и поттикнуваат омраза.„Кога на натпревар меѓу Вардар и Башкими се толерира отворен говор на омраза и дури се користат специјални единици против претставници на клубот Башкими, додека играта продолжува како ништо да не се случило, пораката е јасна – стандардите не важат еднакво за сите“, изјави Адеми.Тој посочи и на друг натпревар, меѓу Шкендија од Харачина и Преспа, каде, според него, било побарано отстранување на албанското знаме со образложение дека „има наредба од горе“, иако, како што нагласи, законот го регулира користењето на симболите.„Проблемот не е спортски, туку политички“, рече Адеми, додавајќи дека ваквите појави се повторуваат затоа што никој не сноси одговорност.Според него, лицата што постапуваат на ваков начин не само што не се санкционираат, туку, како што тврди, често се унапредуваат, сè додека се во линија со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Адеми оцени дека станува збор за прашање на достоинство и еднаквост, а не само за спортско ривалство, повикувајќи ги фудбалските институции да се дистанцираат од, како што рече, политички притисоци и да воспостават еднакви стандарди за сите.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv39caod9apsdbhZoT0L

(Видео) Вардар – Башкими заврши со скандал: Плукање кон судијата и упад на исклучено лице

Тензичен финиш и физичка пресметка го одбележаа натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига, одигран на Тренинг-центарот на ФФМ. Инцидентот се случи во 87. минута, кога страстите целосно излегоа од контрола.Сè започна по старт на Матиќ, кој првично беше санкциониран со жолт картон. Набрзо, по бурна реакција и гестикулации, директен црвен картон доби играчот на Башкими со број 3, Реџеп Мурати. Стоперот на кумановскиот тим реагираше во неверување по исклучувањето, а тензијата дополнително ескалираше кога капитенот Алими се упати кон клупата, по што дојде до судир меѓу двете клупи.Во еден момент гостинските фудбалери го напуштија теренот, но подоцна се вратија и натпреварот беше довршен. Вардар на крајот славеше со 1-0.Од Фудбалската федерација на Македонија со официјално соопштение информираа дека директниот црвен картон бил доделен поради плукање кон главниот судија. Според ФФМ, арбитерот се наоѓал на околу еден метар од настанот, јасно го забележал чинот и без двоумење го исклучил играчот. Инцидентот бил потврден и од ВАР-судиите врз основа на јасен видео-доказ.Дополнително, Федерацијата информира дека претходно исклучено службено лице од клупата на Башкими недозволено влегло на теренот и започнало конфронтација со фудбалерот на Вардар, Бобан Николов. Според ФФМ, станува збор за крајно неспортско и недозволиво однесување, особено имајќи предвид дека лицето било исклучено уште во првото полувреме и немало право да се врати на теренот.Федерацијата наведува дека причината за конфронтацијата произлегува исклучиво од плукањето кон судијата и од недозволеното влегување на исклученото лице. Николов, по инцидентот, бил дисциплински санкциониран со жолт картон.Од ФФМ соопштија и дека претставник на Башкими може во секое време да го посети ВАР-центарот, да го прегледа видео-материјалот и да ја преслуша комуникацијата меѓу судиите и исклучениот играч.Натпреварот бил продолжен за дополнителни 10 минути поради изгубеното време, а главниот судија го означил крајот по истекот на надополнетото време. Прикажаното надополнување од +18 минути на телевизиските екрани, според Федерацијата, претставувало техничка грешка на продукцијата.

Спорт | пред 3 месеци

fudbalska-reprezentacija-na-makedonija

Македонија - Данска во баражот за пласман на Светското првенство

Македонската фудбалска репрезентација го дозна ривалот во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот – жрепката во Нион ни ја донесе селекцијата на Данска.Нашиот национален тим заврши во четвртиот шешир поради поразот од Велс во последното коло, што значеше дека во баражот можевме да добиеме противници од најсилната група: Данска, Украина, Италија или Турција. Среќата – или несреќата – ја одреди Данска како наш следен предизвик.Натпреварот ќе се игра на гостински терен, со оглед на претходно утврдените правила за баражот. Ако Македонија ја победи данска, следен е победникот од дуелот Чешка – Северна Ирска.Полуфиналниот бараж е закажан за 26 март, додека финалниот натпревар ќе се игра на 31 март. Доколку Македонија се избори за финале, домакинството ќе биде одредено со дополнителна ждрепка.

Спорт | пред 6 месеци

media-libraryobc24ntegtp35uJIcbr

Фијаско на „Милениум“: Велс ја распарчи Македонија со седум гола

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Кардиф од Велс со 7:1, во последното коло од Ј групата на квалификациите за Светското првенство. Со овој резултат, Велс го обезбеди второто место и место во плејофот, додека Македонија ќе мора да бара шанса за Мундијалот преку Лигата на нации.По речиси две години без пораз во официјални натпревари, вечерва заврши една успешна низа на избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој доживеа тежок удар на „Милениум“ стадионот. Македонскиот состав одигра слаб меч, со катастрофални грешки во одбраната и без идеја во нападот. Единствено голманот Столе Димитриевски беше на ниво, спречувајќи уште потежок резултат.Почетокот на натпреварот влеваше надеж откако Бојан Миовски во 23-тата минута постигна погодок и намали на 2:1, а до крајот на првото полувреме Македонија имаше и неколку шанси преку Барди од слободен удар и серија на корнери. Сепак, вториот дел беше целосна доминација на домаќините.Во редовите на Велс блескаше Хари Вилсон со хет-трик, а по еден гол постигнаа Брукс, Џонсон, Даниел Џејмс и Бродхед.Овој пораз ќе остане запаметен како еден од најтешките за Македонија во последните години, а јавноста веќе бара одговори за тактичките промашувања и слабата подготовка на тимот.

Спорт | пред 6 месеци

media-libraryg1fh67dop6rfbiLOumk

Билал Касами се гордее со синот: Младиот фудбалер ќе игра за албанската репрезентација против Ирска

Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата Вреди, Билал Касами, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели радосна вест поврзана со неговото семејство.„На врвот на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Љавдрим, доби покана од албанската фудбалска репрезентација У19 за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами.Со ова, тој изрази гордост за успехот на својот син, кој добил шанса да го облече дресот на младинската репрезентација на Албанија.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.55.57

Побаран е притвор за насилството на младинскиот фудбалски натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против едно лице за насилство на стадионот „Бело Брдо“ за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“, при што биле нападнати и повредени две деца.-Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Кривична пријава за местење на натпревар меѓу „Кожуф“ и „Башкими“, едно лице уапсено

МВР поднесе кривична пријава против седум лица поради местење на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај 2025 во Гевгелија. Едно од пријавените лица е лишено од слобода и спроведено во ОЈО Гевгелија.Според истрагата, првопријавениот Б.Х., претседател на ФК „Башкими“, со цел клубот да избори пласман во Првата македонска лига или бараж, го намамил спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ. да ги запостави интересите на својот клуб и на ФФМ. Преку посредник – фудбалерот А.Ј. – била договорена средба на која Б.Х. на П.Ѓ. му дал 10.000 евра како „подарок“ за да влијае врз исходот на натпреварот.По примањето на парите, П.Ѓ. преку тренерот С.Г. влијаел врз тројца фудбалери на „Кожуф“ – Б.К., Ј.П. и К.С. – кои прифатиле да не се залагаат максимално за време на мечот. Натпреварот завршил со резултат 1:2 во корист на „Башкими“, што им донело три бода и пласман на третото место во Втората лига, обезбедувајќи им место во баражот за Прва лига.Сите осомничени се товарат за кривични дела „измама“, „неовластено давање или примање подароци“ и „соизвршителство“ по Кривичниот законик.

Свет | пред 9 месеци

527666873_1319549786201207_4222669433503759988_n

Хелсиншки: Повиците за „Голема Албанија“ и „Илирида“ поттикнуваат омраза и раздор

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира поради националистичките пораки што одекнуваа од трибините на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах, одигран на 5 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Комитетот ја осуди содржината на навивачките повици, оценувајќи дека тие не одразуваат спортски дух и дека поттикнуваат меѓуетнички тензии.„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.Во соопштението се посочува дека на трибините присуствувале високи функционери, меѓу кои претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија Валон Дурмиши, како и лидерите Али Ахмети и Арбен Таравари. Комитетот забележува дека никој од нив не реагирал на спорните скандирања.„Посебно дискутабилна е изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени. Осудата на говорот на омраза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, стои во реакцијата.Хелсиншкиот комитет упати апел до Министерството за внатрешни работи и до надлежните институции итно да постапат по најавените мерки за санкционирање на овие инциденти.„Селективната примена на законите, во зависност од етничката или политичката припадност на сторителите е неприфатлива и дополнително ја нарушува довербата на граѓаните во институциите. Спортските натпревари мора да бидат место на взаемно почитување, фер игра и градење на соживот. За говорот на омраза и националистичките пораки нема место ниту на трибините, ниту во јавниот дискурс“, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Македонија | пред 9 месеци

Fudbal-Mozz

Фудбалот е повеќе од игра – Караванот на Mozzart пристигнува во Свети Николе!

После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот.Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува заедници и инспирира идни шампиони.Теренот во Свети Николе со гордост ќе го носи името на легендарниот македонски фудбалер Бобан Бабунски, додавајќи му посебен дух и чест на овој простор. Претходно, фудбалската магија веќе оживеа во Охрид со теренот на Гоце Толески и во Велес со теренот посветен на Панче Ќумбев.Свеченото отворање ќе се одржи утре, на 05.08.2025, со почеток во 18:30 часот, на ул. 29 Ноември.Mozzart ве поканува да бидете дел од овој незаборавен момент – да го прославиме спортот, заедништвото и соништата.„Ве покануваме сите љубители на фудбалот – дојдете, поддржете, инспирирајте! Заедно да го заокружиме патувањето на караванот оваа година со радост, емоција и верба дека фудбалот навистина е повеќе од игра,“ порачуваат од компанијата Mozzart.*пр објава

Македонија | пред 10 месеци

SLIKA-4-VELES

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери.Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност.Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година истата се реализира и на македонско тло.Овој терен го носи името на велешката легенда Панче Ќумбев – симбол на посветеност, храброст и инспирација.„За мене ова значи голема чест и почитување,и секако обврска да продолжам со мојот ангажман во фудбалот и воопшто во спортот.Тоа што теренот го носи моето име за мене е голема работа,доказ дека сум оставил белег со својата кариера.Велес и Македонија секогаш давале големи имиња во спортот и мило ми е што Mozzart како општествено одговорна компанија со вложувањето во спортски терени тоа го препознава и поддржува. Вложувањето во спортски терени е вложување во здравјето на младите. Преку спортот можеме да градиме здрава иднина и здрави поколениjа, а основа за тоа се условите и терените. Mozzart очигледно ја знае вистинската формула за тоа и вложува во спортска инфраструктура. Продолжете со оваа благородна мисија и едно големо благодарам за се што правите”, изјави Панче Ќумбев.На отворањето присуствуваа бројни љубители на фудбалот – родители, деца и млади таленти. Сите обединети во една емоција: благодарност.Првите кои имаа чест да го тестираат теренот беа младите фудбалери од Велес. Тие одиграа хуманитарен натпревар со цел да помогнат на лицата со церебрална парализа од својот град — гест кој потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и инспирира.„Задоволството е огромно кога гледаме колку значи еден ваков проект за младите. Можеби токму тука ќе се роди новата фудбалска ѕвезда на Македонија. Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат, тренираат и го чуваат овој терен како свое светилиште,“ рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ своето патување низ Македонија го започна од бисерот Охрид, продолжи во Велес, и наскоро ќе го заокружи во Свети Николе. Секој град добива нешто повеќе од терен – добива приказна, заедница и потсетник дека спортот има моќ да менува животи.*пр објава

Македонија | пред 10 месеци

NAJAVA-VELES

Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива нов мини пич терен!

По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес.Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта.Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб„Ги покануваме сите љубители на спортот, младите, семејствата и заедницата да ни се придружат во овој радосен момент и заедно да славиме нов почеток” порачуваат од компанијата Mozzart, која повторно го докажува своето силно залагање за развојот на спортот, поддршка на младите таленти и збогатување на локалната заедница.Фудбалот има моќ да нè зближи, да нè мотивира, и да нè научи дека заедно можеме да постигнеме нешта поголеми од било каков резултат – и на теренот, и надвор од него.Ајде да аплаудираме за иднината, за тимскиот дух и за секој гол што инспирира нова генерација. Фудбалот навистина е повеќе од игра – тоа е животна лекција во движење!Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ започна минатата година во Србија, каде што досега беа отворени пет мини-пич терени посветени на легендарни фудбалери.Почетниот удар го изведе селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, а потоа свои терени добија и славниот ас на Црвена звезда Александар Катаи, репрезентативците Александар Митровиќ и Страхиња Павловиќ, како и капитенот на Нови Пазар, Адем Љајиќ.Проектот потоа се прошири и во Македонија, а првиот терен во Охрид го доби името на локалниот херој Гоце Толески.

Македонија | пред 10 месеци

Diogo-Jota

Пукнала гума на „ламборгинито“ на Жота, спидстерот целосно изгорел: Детали за трагедијата што го потресе светот!

Фудбалскиот свет беше шокиран од веста за смртта на Диого Жота (28), португалски напаѓач и еден од најважните играчи на Ливерпул, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Неговиот помлад брат Андре Филипе (26), професионален фудбалер за португалскиот клуб Пенафиел, исто така бил во возилото.Несреќата се случила околу полноќ на 65-от километар од автопатот А-52, во близина на градот Чернадиља, во покраината Замора. Според првичните информации, Ламборгинито со кое патувале излетало од патот, најверојатно поради дупната гума, и се запалило по силниот удар. Пожарот целосно го зафатил возилото и се проширил на околната вегетација, што го отежнало спасувањето.Очевидци веднаш повикале служби за итни случаи, но и покрај брзата реакција на пожарникарите, полицијата и брзата помош, патниците не можеле да бидат спасени. Телата биле пронајдени во изгорен автомобил, а поради сериозноста на штетата, не било лесно брзо да се утврди нивниот идентитет.Диого Жота се ожени со својата долгогодишна партнерка Рута Кардосо пред само десет дена. На свадбата, тој позираше со неа во друштво на нивните три деца: синовите Денис (роден 2021), Дуарте (2023) и ќерката родена во 2024 година.Жота ја започна својата кариера во Португалија и се истакна со настапите во Вулверхемптон и Атлетико Мадрид пред да се приклучи на Ливерпул во 2020 година, каде што брзо стана еден од клучните играчи на Јирген Клоп. Тој се сметаше за важен дел од тимот за претстојната сезона и требаше да патува на подготовки во наредните денови.Оваа ненадејна и голема трагедија длабоко го погоди спортскиот свет, а бројни пораки со сочувство веќе пристигнуваат од Англија, Португалија и цела Европа. Ливерпул сè уште не даде официјална изјава за оваа трагедија.

Свет | пред 11 месец

308677728_5857589610941165_4715062866437565417_n

Фудбал без публика во Македонија до крајот на 2024

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ.Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања со сквернавењето на знамиња и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.

Спорт | пред 1 година

vardar-komiti

Струга го „здроби“ Вардар на Арената

Вардар одново доживеа дебакл откако загуби од шампионот Струга со убедливи 1:4 на Националната арена во Скопје, со што за Вардар ова е голем удар откако пред шест дена загуби во Тетово од Шкендија со 4:0.Влајковиќ погоди за водство на Вардар од 0:1, а Вардар преку Босанчиќ израмни на 1:1. Пред крајот на првиот дел Кампаоре донесе водство за Струга од 1:2. Во вториот дел Кампаоре со втор гол и Кехинде ги поставија конечни 1:4.

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања