Промени тема
Контакт

МИЦКОСКИ

media-librarylb9udu4aqkb53Zp6508

Мицкоски по средбата со Макрон: Градиме пријателства и отвораме нови можности

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која биле разменети мислења за актуелните состојби во регионот, европските перспективи на земјата и прашањата важни за иднината на граѓаните.Мицкоски средбата ја оцени како пријателска и срдечна, истакнувајќи дека Франција, како една од највлијателните држави во Европа, има значајна улога во процесите поврзани со европската интеграција на земјите од Западен Балкан.„Разговаравме за регионот, за прашањата важ

Македонија | пред 5 месеци

media-library15nssob6efpib4aBZdn

Мицкоски се сретна со Мерц во Тиват: Европската интеграција во фокусот на разговорите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват оствари средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан.На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за европските перспективи на регионот, актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и значењето на продлабочувањето на регионалната соработка и европската интеграција.Мицкоски истакна дека ваквите средби претставуваат важна можност за зајакнување на партнерствата и градење посилни врс

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryuadhpmgnnufp2w16gha

Мицкоски за Богоев: Истрагата ќе се проширува, следуваат акции и во други институции

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека е во тек истрага поврзана со поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, при што најави дека истрагата би можела да се прошири и на други институции.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека предметот се однесува на работењето во институција со која раководел Богоев во минатото.„Истрага е во тек. Точно е тоа за коешто вие прашувате. Станува збор за лице кое е поранешен градоначалник на општина

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf1l9ovfg4c6ebuW2gkz

Премиерот: Не очекувам Софија да го смени ставот, но Македонија ќе победи со аргументи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да прифати нови чекори во евроинтегративниот процес без јасен, прецизно дефиниран план и извесен крај, нагласувајќи дека Македонија нема намера повторно да влегува во процес на отстапки без гаранции.Одговарајќи на новинарско прашање за ставовите на европските лидери и позицијата на Бугарија, Мицкоски рече дека не очекува промена на ставот од Софија.„Јас не очекувам од Софија променет став. Посебно сега кога таму новата влада е во политички ме

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryn690ca6rddis9kwaXZa

(Видео) Мицкоски по пораките од Кошта: Нема цена што ќе нѐ натера да влеземе во авантура без гаранции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ставот на Владата останува непроменет и покрај пораките од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека уставните измени остануваат услов за продолжување на евроинтегративниот процес.Мицкоски рече дека Македонија нема да влезе во процес чиј крај е неизвесен и нагласи дека нема цена што би го натерала да прифати таков пристап.„Нашиот став е јасен и непроменет. Еве да го повторам, нема цена со која ќе нѐ натераат да влеземе во авантура без да знае

Македонија | пред 5 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Кошта јасно кажа - уставните измени се единствениот пат, Мицкоски ги лажеше граѓаните

СДСМ оцени дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, потврдила дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.Од партијата соопштија дека пораката од Кошта била јасна и директна, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека со месеци ја доведувал јавноста во заблуда околу евроинтегративниот процес.„ЕУ нема никакви дополнителни услови, ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – уставни

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybh8os6hnkvcnaf3EEo8

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при што главни теми на разговор биле европската интеграција на земјава, реформските процеси, економскиот развој и состојбите во регионот.На заедничката прес-конференција, Мицкоски истакна дека Македонија останува цврсто определена кон европскиот пат, но нагласи дека земјата очекува принципиелен, кредибилен и предвидлив процес на пристапување.„Не бараме привилегии, не бараме олеснети правила и

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrm06cs09jqef0fWAITh

(Видео) Кошта до Мицкоски: Уставните измени се единствениот начин за формално отворање на преговорите со ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.Во своето обраќање, Кошта најпрво го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, како и целосното усогласување на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryp1itoolue35acTNdNDS

По оставката на Фетаи, Мицкоски најави разговори за идната структура на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во втората половина на јуни ќе се одржат разговори со коалициските партнери, на кои ќе се разгледуваат идните чекори во функционирањето на Владата и можните кадровски решенија.Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и евентуалната реконструкција на Владата, Мицкоски рече дека конечните разговори ќе следуваат по завршувањето на тековните внатрепартиски процеси.„Во втората половина на јуни ќе се

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryp1itoolue35acTNdNDS

„Подготвени сме за разговори, но не и за нови отстапки без гаранции“, вели Мицкоски пред средбата со Кошта

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема намера да го менува својот став во однос на уставните измени без јасни гаранции дека Македонија во иднина нема да се соочи со нови условувања на патот кон Европската Унија.Во пресрет на денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мицкоски нагласи дека позицијата на Владата останува непроменета и дека нема да поддржи, како што рече, „авантура без извесен крај“.„Многу пати сме дале став по тоа прашање и нашиот став е н

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryug2l0n0vehivebXrYF2

Мицкоски за антикорупцискиот закон на СДСМ: „Помислив дека е за рубриката „Верувале или не““

Премиерот Христијан Мицкоски остро ја критикуваше најавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за подготовка на нов закон за борба против корупцијата, оценувајќи ја иницијативата како несериозна и контрадикторна.Мицкоски изјави дека кога првпат слушнал за оваа идеја, мислел дека станува збор за нешто што би можело да се најде во рубриката „Верувале или не“, поради што одлучил извесен период да не ја коментира.„Гледам дека тие продолжуваат да ја туркаат оваа работа и навистина веруваат во тоа што

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Добрососедството е двонасочна улица, порача Мицкоски: Македонија нема да отстапи ниту милиметар без исполнување на обврските од Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија ќе остане на своите позиции во однос на спорните прашања со Бугарија сè додека не бидат исполнети обврските од другата страна, нагласувајќи дека добрососедските односи се процес што бара ангажман од двете држави.„Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер“, изјави Мицкоски, додавајќи дека и покрај одредената загриженост околу почетокот на мандатот на новата бугарска влад

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryna5858cteun6cpsMecN

Мицкоски најави поевтинување на дизелот за до 6,5 денари по литар

Премиерот Христијан Мицкоски најави можно поевтинување на дизел-горивото за шест до шест и пол денари по литар, додека цените на бензините би останале речиси непроменети или би се зголемиле за најмногу половина денар.Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски информираше дека утре ќе се одржи онлајн владина седница на која ќе се разгледуваат мерките поврзани со цените на горивата. Според владините анализи, базирани на движењата на светските берзи во втората половина на мај и во текот на изминат

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytdhn2kfuhbpr2E74Nvo

„Законот за пушење е подготвен по консултации со сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е изготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и повластени.На средба во Владата со претставници на здруженија, организации и стопански субјекти, Мицкоски истакна дека законското решение не е донесено еднострано, туку е резултат на разговори со производители, дистрибутери, угостители, хотелиери и друг

Македонија | пред 5 месеци

media-library4r2ei7icocg038e47y2

Мицкоски: Љубопитни сме да ги слушнеме новите идеи за проширувањето на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите идеи за проширување на Европската Унија, но оцени дека е рано за коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.Одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за забрзување на евроинтеграциите на земјите кандидатки, Мицкоски рече дека повеќе детали очекува да бидат презентирани на Самитот на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 4 и 5 јуни во Тиват.„Тие размислувања и

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf35vrh4r4fcl6GmMEkz

Мицкоски: Започна со работа првиот модерен трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на нов шопинг-центар во Гевгелија, оценувајќи дека инвестицијата претставува значајна додадена вредност за локалната економија и за развојот на регионот.Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека објектот има потенцијал да стане атрактивна дестинација за домашните и странските патници кои транзитираат низ земјава по Коридорот 10.„Очекувам ова место да прерасне во точка што ќе ја посетуваат сите оние кои минуваат низ Македонија. Содр

Македонија | пред 5 месеци

media-library69q48b557u3aeb3wjTm

Левица: Економскиот „раст“ на Мицкоски е статистичка илузија

Од политичката партија Левица ги отфрлија тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за економските успеси на Владата, оценувајќи дека станува збор за статистички показатели кои, според нив, не ја отсликуваат реалната состојба со која се соочуваат граѓаните.Од партијата наведуваат дека растот на бруто-домашниот производ не може да се смета за вистински економски успех во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога јавната потрошувачка е значително зголемена.„Реалната економија пока

Македонија | пред 5 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Уште 2 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски, нема реформи, нема Груевски - има Стоилковиќ и Кина

Остануваат уште два дена до 1 јуни, датумот до кој премиерот Христијан Мицкоски јавно вети дека ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските поврзани со продолжувањето на европскиот пат на државата, соопшти СДСМ.Од партијата оценуваат дека станува збор за уште едно неисполнето ветување на премиерот, посочувајќи дека реформите не се реализирани, а меѓу нерешените прашања ги наведуваат и обврските од евроинтегративниот процес.Според СДСМ, Владата за две години целосно завршила само д

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryu2ivd9ct0t055vxvUnF

„За период од само 2 години сме оствариле додадена вредност поголема од таа на СДСМ и ДУИ за 6 години, а долгот е за речиси 2 и пол пати помал“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, актуелната Влада за две години создала поголема додадена вредност во економијата отколку што, според него, направиле СДСМ и ДУИ за шест години владеење, при значително помало задолжување.Говорејќи на седницата за пратенички прашања, Мицкоски нагласи дека во јуни нема да има ново задолжување, спротивно на тврдењата на опозицијата, и направи споредба меѓу јавниот долг и растот на бруто

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryr1fltg5tqp69e5IAsmN

„Правда мора да има, дополнителни буџети без резултати нема да дозволиме“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања изјави дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе остане пред земјите што се сметаат за фронтранери, но порача дека Владата нема да дозволи дополнителни буџетски средства и зголемувања на примањата во правосудството без конкретни резултати во испораката на правдата.Мицкоски оцени дека граѓаните со право се незадоволни од бавната правда и истакна дека очекува побрза и поефикасна работа од судов

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

„Секој има право да го користи својот мајчин јазик. Но, некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека во новиот Закон за правична застапеност нема да бидат пресудни процентите, туку квалитетот на кадарот, додавајќи дека очекува поддршка од сите пратеници.Одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи, премиерот истакна дека секој граѓанин има право да го користи својот мајчин јазик, но оцени дека дел од политичарите се обидуваат да создадат етнички конфликт каде што, според него, не постои.„Секој има право да го кори

Македонија | пред 5 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

Од СДСМ обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски со своите изјави признал дека не сака членство на државата во Европската Унија.„По изјавата дека за ЕУ ‘ќе чекаме децении’, денеска Мицкоски им порача на граѓаните дека треба ‘да ја платиме цената’ што нема да станеме членка на Унијата. Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ“, соопштија од партијата.Од СДСМ велат дека граѓаните се „заложници на криминалот и корупцијата“ и на, како што наведуваат, стравот на Мицкоски

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykb93ho6ei2oa06MaIyH

Стратешко партнерство меѓу Скопје и Загреб: Фокус на енергетика, безбедност и економија

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка определба за продлабочување на односите меѓу двете држави.Во обраќањето по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Охрид, Мицкоски истакна дека посетата има особено значење бидејќи претставува потврда на долгогодишното пријателство и соработка меѓу двете земји.Тој нагласи дека Македонија и Хрватска делат заеднички интереси,

Македонија | пред 5 месеци

media-library411sg2dlqoeg4pbvuaB

Мицкоски и Пленковиќ разговарале за соработката и европската перспектива

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека остварил тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ.Според објавата на Мицкоски, на средбата, која се одржала во пријатна и конструктивна атмосфера, се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете држави, регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици.Средбата се одржа во рамки на официјалната посета на хрватската владина делегација на Македонија.

Македонија | пред 5 месеци

hristijan-768x511

Мицкоски во Охрид го пречекува хрватскиот премиер Пленковиќ, во фокусот е енергетиката и стратешката соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија.Според владината агенда, делегацијата ќе биде пречекана на аеродромот „Св. Апостол Павле“, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, како и билатерална владина средба.Во рамки на посетата е предвидено потпишување договори за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, како и меморандум за соработка во областа на енергетиката.По оф

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања