Промени тема
Контакт

МВР

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Мајка ја нападнала ќерката со тврд предмет

Дваесет и шестгодишна жена пријавила дека била физички нападната од својата мајка во домот на подрачјето на Бит Пазар.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 септември во 11:30 часот во СВР Скопје. Жената пријавила дека два дена претходно, на 11 септември, во домот била нападната со тврд предмет од нејзината мајка С.З. (56).Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya5gic0s5pogq8sxtQIF

Крадел струја со премостена мерна опрема, направил штета од над 180 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против 41-годишен жител на Виница поради сомнение за кражба на електрична енергија.Според МВР, против В.М. (41) е поднесена пријава за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.Пријавениот, како што е наведено, во Виница извршил премостување на мерната опрема, со што преземал делумно или целосно нерегистрирана количина електрична енергија.Со тоа, според пријавата, н

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

19-годишник без возачка се обидел да побегне од полицијата, па удрил во две возила

Деветнаесетгодишен велешанец бил лишен од слобода откако, според МВР, се обидел да побегне од полицијата со мопед, при што удрил во две патнички возила.На 13 септември во 18:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Ѓ. (19) од Велес. Претходно, на крстосницата на улиците „Костурска“ и „Љубљанска“, тој управувал мопед со велешки регистарски ознаки и, откако ги забележал полициските службеници, се обидел да побегне.Притоа, удрил во „сеат“ со велешки регистарски ознаки, упр

Македонија | пред 2 седмици

semejno-nasilstvo

Татко ја нападнал 22-годишната ќерка со дрвен предмет

Дваесет и двегодишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од својот татко во семејниот дом.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 септември во 1 часот по полноќ во ОВР Прилеп. Жената пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот татко У.О., кој при нападот употребил и дрвен предмет.По документирањето на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

29-годишен скопјанец рекол дека ќе оди кај своите другари и веќе две недели нема никаков траг од него

Шеесетгодишен скопјанец пријавил дека повеќе од две недели нема никаков контакт со својот 29-годишен син.Според МВР, М.Ч. (60) на 13 септември околу 12 часот пријавил во Полициската станица Бит Пазар дека на 10 август неговиот син А.Ч. (29) му кажал дека ќе оди кај свои другари.Таткото навел дека со синот редовно контактирале телефонски до 1 септември, но од тој датум немале никаков контакт.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhq1jrlpfdh4f4leoDGr

Опожарен багер во Глоѓи, зафатени кабината и инсталацијата

Пожар избувнал на паркиран багер во близина на стадионот во тетовското село Глоѓи, при што била зафатена кабината и инсталацијата на работната машина.Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 13 септември во 10 часот во СВР Тетово од И.М. (44) од Глоѓи. Багерот бил сопственост на месната заедница.Пожарот бил изгаснат од пријавителот и други лица. Во инцидентот нема повредени лица.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Пет лица пресретнале 22-годишник во Тетово, едниот го нападнал и му одзел пари

Полицијата во Тетово презема мерки за расчистување на случај во кој 22-годишник пријавил дека бил пресретнат од пет лица, по што едниот физички го нападнал и му биле одземени пари.Како што информира МВР, Х.З. (22) од Тетово пријавил во СВР Тетово на 14 септември во 2:20 часот дека околу полноќ, на улицата „Благоја Тоска“, бил пресретнат од пет лица.Според пријавата, едно од лицата физички го нападнало, по што му биле одземени пари.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчис

Македонија | пред 2 седмици

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Возел без возачка дозвола, приведен 19-годишникот во Тетовско

Полицијата во Тетовско привела 19-годишник од Долно Палчиште, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без да поседува возачка дозвола.Како што информира МВР, случајот се случил на 13 септември во 22:10 часот во селото Долно Палчиште. Полициски службеници од Полициското одделение Камењане сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.А. (19).По преземените мерки било констатирано дека 19-годишникот управувал со возилото бе

Македонија | пред 2 седмици

tepa-zena

Агресивно се однесувал и физички нападнал вработена во угостителски објект: Приведен 52-годишник во Гостивар

Полицијата во Гостивар привела 52-годишен маж по пријава дека агресивно се однесувал и физички нападнал 24-годишна жена на нејзиното работно место.Како што информира МВР, случајот се случил на 13 септември околу 18:50 часот во угостителски објект во Гостивар. Жената З.И. (24) пријавила дека Д.Г. (52) од Гостивар агресивно се однесувал кон неа и физички ја нападнал.Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Г. околу 19:10 часот. При извршеното алкотестирање кај него било утврдено

Македонија | пред 2 седмици

soobrakajka-bitola

Три лица тешко повредени во сообраќајка кај Струга

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа.Според информациите од МВР, незгодата се случила на 12 септември во 7:30 часот, кога се судриле две патнички возила „Голф“, двете со струшки регистарски ознаки. Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од село Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) од селото Велешта.Во незгодата тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и Е.Б. (27) од Лабуништа, сопатн

Македонија | пред 2 седмици

media-library22ehvslmdm22arH0l94

53-годишен маж пронајден починат во дом во Аеродром

53-годишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 12 септември околу 13:25 часот во СВР Скопје. На местото, лекар констатирал смрт кај В.М. (53).Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Семејни расправии во Тетово и Скопје: Полицијата приведе тројца, еден повикан на разговор

Четири случаи на семејни и меѓусемејни конфликти се евидентирани во Тетово, Јегуновце, Неготино и Скопје, при што полицијата привела или повикала на разговор повеќе лица.На 12 септември во 21 часот, на улицата „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 43-годишен тетовец. Неговиот 67-годишен татко претходно пријавил дека околу 20:30 часот, во семејниот дом, по вербална расправија, синот агресивно се однесувал, го навредувал и му упатувал закани. При алкотестирањето к

Македонија | пред 2 седмици

semejno-nasilstvo

Приведен 48-годишник од Тетово откако ја нападнал сопругата

48-годишен тетовец е лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал сопругата во нивниот дом.Од СВР Тетово информираат дека на 12 септември во 15:30 часот, на улицата „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот маж поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.Случајот во полицијата во 14:20 часот го пријавила неговата 41-годишна сопруга. Таа пријавила дека на 4 септември околу 10 часот, во нивниот дом, по претх

Македонија | пред 2 седмици

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола

Мотоциклист од битолското село Кравари се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 септември во 12:23 часот, на крстосницата на улиците „Солунска“, „Димо Хаџи-Попов“ и „Михајло Бојаџиев“. Во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д. Ќ. од Битола, и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот Т. Л. од с

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryuvk0bpfirsha3SYLv78

Седум лица приведени во Скопје, кај нив пронајдени марихуана и прашкасти материи

Седум лица се лишени од слобода во Скопје откако полицијата кај нив пронашла и одзела различни видови материја за која постои сомнение дека е наркотична дрога.Од СВР Скопје информираат дека во текот на ноќта меѓу 12 и 13 септември, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н. (41), В.Б. (57), И.Д. (40), Х.Б. (34), Л.Ј. (47) и Б.Ц. (18), сите од Скопје, како и Ј.О. (31) од Република Турција.Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ка

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryh5l2ac64muikevdhNVC

Тешка сообраќајка кај Струга: Тројца се однесени во болница со повредени по судир на два „голфа“

Тројца се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчераутро се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа.Според СВР Охрид, незгодата била пријавена на 12 септември во 7:30 часот, а во неа учествувале два автомобили „голф“, двата со струшки регистарски ознаки.Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) од Велешта.Во судирот тешко биле повредени двајцата возачи, како и Е.Б. (27) од Лабуништа, кој бил сопатник во првото вози

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryincpvgol55u4bJM6KUf

МВР: Кај Љубаништа, „Task Force“ приведе 43-годишен прилепчанец со повеќе пакувања марихуана

Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера вечерта привеле 43-годишен прилепчанец, откако кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и една сина таблета.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 12 септември во 22:20 часот, во близина на автокампот „Љубаништа“.Во рамки на мерките за спречување недозволена трговија со дрога, полициските службеници извршиле контрола и прег

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

Три физички пресметки во Скопје во текот на ноќта, нападнати и двајца малолетници

На подрачјето на Скопје во текот на ноќта се регистрирани три случаи на физички пресметки и напади, соопшти МВР.На 11 септември околу 16:50 часот во село Кондово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу С.А. (43) и Х.А. (41). По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Два часа по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Пат за Китка“, по претходна расправија, Ф.А. и Д.А. биле физички нападнати од Е.М., Ф.М., И.М. и И

Скопје | пред 2 седмици

semejno-nasilstvo

51-годишен маж од Раковец физички нападнал жена во стан во Тетово

51-годишен маж од село Раковец е лишен од слобода по пријава дека физички нападнал жена со која бил во заеднички стан во Тетово, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (51) од село Раковец.Претходно, 46-годишната Р.А. од Филипини, која привремено престојува во Крушево, пријавила дека на 1 септември, во нивниот заеднички стан во Тетово, по кратка расправија, Ш.А. физички ја нападнал и ѝ нанел телесна пов

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

68-годишен маж од Гостивар ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал

Шеесет и осумгодишен гостиварец е лишен од слобода по пријава од неговата сопруга дека ја нападнал и ѝ се заканувал, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 18:30 часот, на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода И.П. (68) од Гостивар.Неговата 65-годишна сопруга пријавила дека истиот ден околу 15 часот, во нивниот семеен дом, тој физички ја нападнал и ѝ го оштетил мобилниот телефон. Таа пријавила и дека ѝ упатил вербални закани во моментот к

Македонија | пред 2 седмици

media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Четворица лишени од слобода во Тетово, полицијата пронашла дрога

На подрачјето на Тетово и околните населени места, во текот на ноќта биле лишени од слобода четири лица кај кои полициски службеници пронашле марихуана и различни прашкасти материи, соопшти МВР.На 11 септември во 20:45 часот, во село Боговиње, полициски службеници сопреле автомобил „голф“ управуван од 24-годишниот А.Д. од село Челопек. При прегледот кај него била пронајдена и одземена марихуана, по што бил лишен од слобода.Два часа подоцна, во 22:00 часот, во Тетово бил лишен од слобода 44-годиш

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfnhsl8qe7upnfYXDoa3

Приведен 40-годишен кратовец, со остар предмет нападнал полицаец

Во Кратово, 40-годишен маж со остар предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, соопшти МВР.Според информациите од МВР, на 11 септември во 19 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода П.Ј. (40) од Кратово поради нападот.Случајот се расчистува и се преземаат дополнителни мерки.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Малолетен син ја нападнал мајка си и ѝ се заканувал

Четириесетгодишна велешанка пријавила дека била физички нападната и дека ѝ било заканувано од страна на нејзиниот малолетен син, соопшти МВР.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 септември во 20:50 часот во СВР Велес. Жената пријавила дека нападот се случил во нејзиниот дом.За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

soobrakajka-634

Едно лице загина, три се повредени во тешка сообраќајка на патот Гостивар–Стража

Едно лице загина, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар–Стража, соопшти МВР.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 22:55 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале две патнички возила „голф“.Едниот „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, бил управуван од 34-годишниот А.И. од село Чегране, а негов сопатник бил 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Со второто возило, со тетовски регистарски ознаки, управувал 21-годишниот Д.Н.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Прилеп

Во сообраќајна несреќа што се случила вчераутро во Прилеп, тешко е повредена 51-годишна велосипедистка, соопшти МВР.Според информациите на МВР, во 08:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Мирче Ацев“ и „Трајко Тарцан“, патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот В.Т. од Прилеп, удрило во велосипедистката К.Д. (51) од Прилеп.По несреќата, велосипедистката била пренесена во Градската болница во Прилеп, каде што лекар констат

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања