Промени тема
Контакт

МВР

media-library7a6roubrk0m85rUd2PP

Поради реконструкција на ГП „Делчево“ возилата ќе минуваат по една лента во секој правец, можно е подолго задржување

Поради градежните активности што се одвиваат во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, од 10 септември е воведен времен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.Во периодот додека траат работите, моторниот сообраќај при влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец. Поради намалениот капацитет на граничниот премин, од МВР предупредуваат дека се можни подолги задржувања.Граѓаните кои имаат можност се повикуваат д

Македонија | пред 2 седмици

media-library1t41dhskauv96tipxic

Десет возачи уапсени за безобѕирно управување возило

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полициските службеници ги лишиле од слобода возачите на различни локации низ државата, при што деветмина управувале возило без положен возачки испит.Станува збор за Б.Б. (26), А.Д.Ј.К. (19), Х.И. (20) и Б.Д. (21) од Скопје, Х.С. (49) и Ј.А. (49) од Тетово, У.М. (35) од Виница, И.Т. (48) од Кочани и Д.А. (29) од

Македонија | пред 2 седмици

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Марихуана, амфетамин и кокаин запленети во полициски акции на три локации

Три лица се соочуваат со пријави во одделни случаи поврзани со поседување и сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, соопшти Министерството за внатрешни работи.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против 32-годишната Ј.А. од Скопје и 39-годишниот Р.Т. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

185 прекршоци кај возачи на мотоцикли, велосипеди и електрични возила

Дури 185 прекршоци се констатирани при засилените сообраќајни контроли спроведени низ целата држава за возачите на лесни електрични возила, велосипеди, мопеди, мотоцикли и други лесни превозни средства.Контролите биле спроведени вчера, 10 септември, од 17 до 21 часот од страна на Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, со цел санкционирање на прекршоците и зголемување на безбедноста во сообраќајот.Кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мот

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Маж бил нападнат од сопругата, а претходно телефонски му се заканувал сопругот на неговата љубовница

Полицијата во Велес лишила од слобода две лица по пријави за физички напад и телефонски закани.На 10 септември, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода 54-годишната К.Т. и 51-годишниот Д.С., двајцата од Велес.Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека во својот дом бил физички нападнат од сопругата К.Т. Воедно, тој пријавил и дека на 2 септември сопругот на неговата вонбрачна партнерка, Д.С., телефонски му се заканувал.За случаите биле известени јавен обвинител и Центарот за со

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Насилно влегол во дом на 50-годишен маж и се обидел да краде: Приведен 28-годишник

Полицијата во Неготино лишила од слобода 28-годишен жител на градот, кој се сомничи дека со сила провалил во дом на 50-годишен неготинец и се обидел да одземе предмети.И.Д. (28) бил лишен од слобода на 10 септември во 17:30 часот од полициски службеници од ОВР Неготино.Според сомненијата, тој со употреба на сила ја отворил влезната врата од домот на 50-годишниот маж, по што се обидел да одземе различни предмети.И.Д. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. П

Македонија | пред 2 седмици

media-library3pkgnj9dhmu91UTHyX2

Жена го нападнала сопругот во семејниот дом

Во СВР Скопје е пријавен случај на физички напад во семеен дом на подрачјето на Општина Центар.Четириесет и четиригодишен маж пријавил дека на 6 септември, во својот дом, бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга А.Б.Случајот бил пријавен на 10 септември во 11:30 часот во СВР Скопје. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

pretepa

Татко го нападнал синот и му нанел повреди

Полицијата во Прилеп лишила од слобода 39-годишен маж, откако било пријавено дека физички го нападнал својот син и му нанел повреди.Од МВР информираат дека А.Т. (39) од Прилеп бил лишен од слобода на 11 септември во 01:30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп.По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybutgja7oe8mt3GfmGE9

Жена ги нападнала сопругот и синот

Во ОВР Берово е пријавен случај на семејно насилство, откако 45-годишен маж од беровско пријавил дека тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати во семејниот дом.Според пријавеното, на 6 септември околу 19 часот, по претходна расправија, мажот и неговиот малолетен син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга, исто така од беровско.Случајот бил пријавен на 10 септември во 08:30 часот во ОВР Берово. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соо

Македонија | пред 2 седмици

media-library5oep8ieapb7s0iMliQB

Мајка го нападнала своето четригодишно дете

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 38-годишна жена од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според пријавеното, на 9 јуни 2026 година во Тетово, К.О. физички го нападнала своето четиригодишно дете.За случајот СВР Тетово поднело кривична пријава против жената до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Почина 47-годишен кумановец откако со автомобил излетал од патот Велес-Штип

Тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Велес–Штип, во близина на клучката за село Дорфулија во Општина Лозово, при што животот го загубил 47-годишен жител на Куманово.Несреќата била пријавена на 10 септември во 14:05 часот во ОВР Свети Николе. Според пријавеното, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С. (47) од Куманово, излетало од патот.Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констати

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Кривична за две лица за пукањето на Пластичарска, во кое загина 26-годишник

МВР поднесе кривична пријава против две лица во врска со убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје, кој беше застрелан во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по преземените мерки и активности, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С. поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.Случајот се однесува на на

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Марихуана и грендери пронајдени при претрес во стан во Охрид, уапсен 28-годишник

Полициски службеници во Охрид лишиле од слобода 28-годишен прилепчанец, откако при претрес во станот во кој престојувал била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од дрога.Од МВР информираат дека на 10 септември во 23:25 часот, на улицата „Бекир Али Риза“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода П.П. (28) од Прилеп.При претресот, извршен со судска наредба во станот во кој престојувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марих

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryedka1475q9h8ePYkYsX

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден спроведува координирана акција со претреси на дваесетина локации, неофицијално дознава „Скопје1“.Според информациите до кои дојдовме, акцијата е поврзана со сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.Полициските активности се спроведуваат на повеќе локации, а целта е расчистување на случаите и обезбедување материјални докази кои би биле користени во понатамошната постапка.Засега нема официјални

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Татко го нападнал синот и му нанел повреди

На 11 септември 2026 година во 01:30 часот, на улицата „Јонче Крстечанец“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Т. (39) од Прилеп.Како што информира МВР, тој физички го нападнал својот син, при што му нанел повреди.По целосното расчистување и документирање на настанот, против А.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9d1221373vnl9jipQTa

Расправија за паркинг прераснала во физички напад во автоперална

24-годишен жител на тетовското село Раковец пријавил дека бил физички нападнат во автоперална во село Пирок, по претходна расправија за паркинг место.Од МВР информираат дека на 11 септември во 00:20 часот во Полициското одделение Камењане, Е.Ј. (24) пријавил дека околу 00:10 часот во автоперална на регионалниот пат во Пирок бил нападнат од М.И. (20) од село Сенокос, гостиварско.Според пријавеното, на физичкиот напад му претходела расправија за паркинг место.Полицијата презема мерки за расчистува

Македонија | пред 2 седмици

media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

49-годишен тетовец приведен за управување мотоцикл без возачка дозвола

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 49-годишен тетовец кој управувал мотоцикл без возачка дозвола.Од МВР информираат дека на 10 септември во 18:40 часот, на булеварот „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници при сообраќајна контрола сопреле мотоцикл „Сузуки“ со тетовски регистарски ознаки.Со мотоциклот управувал Ј.А. (49) од Тетово, при што било утврдено дека немал возачка дозвола.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

Пожар кај воениот комплекс Еребино: Горела сува трева, зафатена и површина во комплексот

Пожар избувнал на регионалниот пат Желино–Шемшево, во близина на воениот комплекс Еребино, при што горела сува трева, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 10 септември во 12:35 часот во СВР Тетово. Во пожарот делумно била зафатена и тревна површина во внатрешноста на воениот комплекс.Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово.На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Гостиварец повреден при пад од мотоцикл

Гостиварец се здобил со повреди откако паднал од мотоцикл во близина на црквата „Св. Петка“ во Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.На 10 септември во 12:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено од Медицинскиот центар Гостивар дека кај нив за укажување лекарска помош се јавил Х.С. (49).Според пријавеното, тој се повредил при пад од мотоцикл „Јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. По извршените проверки било утврдено дека Х.С. го управувал мотоциклот без положен возачки испит

Македонија | пред 2 седмици

media-library63gjhdsgjcdndTxauMx

Опожарени излог и дел од фасада на деловен објект на патот Боговиње–Тетово

На регионалниот пат Боговиње–Тетово во текот на ноќта бил опожарен излог и дел од фасадата на деловен објект, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот во Полициското одделение Камењане го пријавил И.И. (49) од село Камењане, тетовско, на 10 септември во 08:00 часот. Според пријавеното, пожарот избувнал околу 02:00 часот.Пожарот бил изгаснат, а во настанот нема повредени лица. Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9arv75si7tlgbUtP0Ec

Мажот кој фрлаше отпад во Радика е пронајден и казнет

Сторителот кој беше снимен како фрла вреќи со отпад и кутии во реката Радика е идентификуван и санкциониран, информираат од Општина Дебар.Случајот привлече внимание откако спортското риболовно друштво „Трофта“ објави видео на социјалните мрежи. На снимката се гледа маж со возило како застанува на мост над реката и фрла отпад во водата.По објавувањето на снимката, на терен излегле екипи од општинскиот инспекторат, во координација со други надлежни институции. По преземените активности, лицето бил

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykkg2h18ac9dh1KYVu9c

53-годишен кумановец уапсен, полицијата пронашла хероин во неговиот дом

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 53-годишен жител на Куманово, откако при претрес во неговиот дом бил пронајден и одземен хероин.Од МВР информираат дека на 10 септември 2026 година, во 13:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.И. (53) од Куманово. Претресот во неговиот дом бил извршен по судска наредба.Лицето било приведено во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

12 возачи завршија во полиција: 11 возеле без положен возачки испит

Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, 11 управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за С.И. (24), Ф.Б. (24), Б.М. (21), Д.С. (20) и С.Р. (36) од Скопје, С.Ф. (30) од Зелениково, Џ.У. (34) од село во општина Чашка, О.Ф. (41) од Крушевско, како и Ф.В. (24) и Д.М. (31) од Куманово и Кумановско.Одделно, С.А. (34) од Кичевско бил лишен од

Македонија | пред 3 седмици

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Уапсен прилепчанец: Кај него пронајдена прашкаста материја

Полицијата во Прилеп лишила од слобода 36-годишен прилепчанец кај кого при преземени мерки била пронајдена прашкаста материја.М.И. бил лишен од слобода на 9 септември околу 18 часот на улицата „Кеј 9 Септември“ во Прилеп од полициски службеници од ОВР Прилеп.Пронајдената материја била одземена, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Возел без возачка дозвола, па завршил во полиција – приведен 41-годишник

Полицијата во Кривогаштани лишила од слобода 41-годишен жител на Пресил, Крушевско, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без да поседува возачка дозвола.О.Ф. бил приведен на 10 септември околу 00:45 часот во Кривогаштани, Општина Кривогаштани. Полициски службеници од ОВР Прилеп при контрола запреле автомобил „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 41-годишникот.При проверката било констатирано дека возачот не поседува возачка дозвола.По целосното до

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања