Промени тема
Контакт

МВР

media-libraryuui5mm42cv9qao0aJTk

65-годишен маж почина по тешка сообраќајка кај Штука

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Штука и Турново, струмичко, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена во СВР Струмица на 14 септември во 10:40 часот. Во неа учествувале мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од М.Д. (65) од село Штука, и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (29), исто така од Штука.Во судирот тешко бил повреден 65-годишниот возач на мопедот. Тој

Македонија | пред 2 седмици

noz-ubistvo-napad

46-годишен штипјанец нападнал сограѓанин и го избодел со остар предмет

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишен штипјанец поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријавен е Д.В. (46) од Штип. Според пријавата, на 9 август 2026 година, тој физички го нападнал А.П., при што со остар предмет му нанел две убодни рани.По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни постапки согласно законските прописи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvut6hq0duq8h8GX4mxU

Двајца уапсени поради нелегален транспорт на огревни дрва, одземени 3,7 кубни метри дабови дрва

Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода две лица осомничени за нелегален транспорт на огревни дрва, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 14 септември во 15 часот, на патот Сенокос–Долнени, биле лишени од слобода А.Б. (19) од селото Црнилиште и 17-годишен малолетник, исто така од Црнилиште.Тие се сомничат за сторено кривично дело „нелегален транспорт на зелени огревни дрва“. При постапувањето, полицијата одзела 3,70 кубни метри дабови огревни дрва, кои биле предадени на Шумс

Македонија | пред 2 седмици

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајна несреќа во Битола

Возач на мопед е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Довлеџик“ во Битола, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена во СВР Битола на 14 септември во 14:47 часот. Во неа учествувале патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В. (61) од Битола, и мопед со битолски регистарски ознаки, кој го управувал Н.Б. (45), исто така од Битола.Во несреќата тешки телесни повреди се здобил 45-годишниот возач на мопедот. По

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Марихуана пронајдена кај четири лица при полициски прегледи во Битола и Прилеп

Четири лица биле лишени од слобода во одделни случаи во Битола и Прилеп, откако полицијата кај нив пронашла марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.На 14 септември во 23 часот, на улицата „Смилево“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Т. (21) од Ресен и А.А. (19) и А.Ј. (23), двајцата од Битола. При преглед кај С.Т. била пронајдена марихуана, додека во нивна близина биле пронајдени уште три пакувања со марихуана.Истиот ден во 23 часот, на улицата „

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

Полицијата санкционираше 606 возачи на електрични тротинети, одземени 18 возила

Во текот на август, полицијата спровела засилени сообраќајни контроли низ целата држава за прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила, при што биле евидентирани 606 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.Најголем број санкции, 162, биле изречени поради неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови. Следуваат 134 прекршоци поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради неносење заштитен шлем, 45 поради превезувањ

Македонија | пред 2 седмици

1-1

Пиштол и 19 куршуми пронајдени при претрес во Прилеп, приведено едно лице

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера лишиле од слобода 49-годишен прилепчанец, откако при претрес на две локации биле пронајдени пиштол, муниција и други предмети.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14 септември во 11 часот од слобода бил лишен И.Р. (49) од Прилеп. Претресите биле извршени на две локации во градот, кои биле во негова сопственост, а по наредба на Основниот суд Прилеп.При претресите биле пронајдени и одземени пиштол, 19 куршуми од различен калибар и други п

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Со закани му барале пари и возила поради деловен договор, па му се губи трага: Полицијата трага по маж од тетовско

Маж од тетовско пријавил дека неговиот син бил изложен на притисоци и закани поврзани со договор за деловен простор во Тетово, по што од 13 септември не може да стапи во контакт со него.Од МВР информираат дека на 14 септември во 10 часот во СВР Тетово, Б.А. (56) од село Горно Палчиште пријавил дека во изминатите денови неколку лица, кои ги познава, вршеле притисок и со закани барале од неговиот син Д.А. да исплати поголема сума пари и да им предаде возила.Според пријавеното, барањата биле поврза

Македонија | пред 2 седмици

opstina-struga

Кривична за градоначалникот на Струга: незаконски разрешил директор на основно општинско училиште и назначил ново лице кое не ги исполнува целосно условите

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 66-годишен жител на селото Биџево, кој е актуелен градоначалник на Општина Струга, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.Според МВР, против М.Ќ. е поднесена пријава за кривично дело по член 353 од Кривичниот законик. Тој, како градоначалник на Општина Струга, донел одлука со која, спротивно на одредбите од Законот за основното образование, незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште.По разрешувањето, спор

Македонија | пред 2 седмици

tepachka-deca

Малолетник физички нападнат во угостителски објект од две 16-годишни лица

Мајка од тетовско пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две малолетни лица во угостителски објект во село Речица.Од МВР информираат дека на 14 септември, во 17 часот, во СВР Тетово, М.М. (40) од село Џепчиште пријавила дека нејзиниот син бил физички нападнат од две 16-годишни лица од село Ѓермо.Нападот, според пријавеното, се случил во угостителски објект во село Речица.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1t41dhskauv96tipxic

Приведен тетовец кој возел автомобил и покрај забраната за управување

Полицијата во тетовско лишила од слобода 43-годишен жител на Горно Седларце, кој бил затекнат како управува автомобил и покрај активната забрана за управување со моторно возило.Од МВР информираат дека на 14 септември во 22 часот, во село Горно Седларце, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.У. (43) од селото.При контролата било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, иако за него била активна мерка забрана за

Македонија | пред 2 седмици

policija-alkohol

Возел автомобил со 2,02 промили алкохол, приведен 33-годишен маж

Тетовската полиција лишила од слобода 33-годишен жител на Сараќино, кој бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.Од МВР информираат дека на 15 септември во 2:40 часот, на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Д. (33) од село Сараќино.При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „рено меган“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. При проверката било утврдено дека возел под дејство на алкохол, при што му

Македонија | пред 2 седмици

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Мотоциклист тешко повреден кај Тетово: Изгубил контрола и излетал од патот

46-годишен жител на Фалише се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на локалниот пат меѓу Тетово и Стримница.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 14 септември во 14:30 часот во СВР Тетово. Според пријавеното, А.Н. (46) од село Фалише управувал мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, кога изгубил контрола над возилото и излетал од патот.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.Увид на мест

Македонија | пред 2 седмици

uapsen

Приведен тетовец кој возел „мерцедес“ без возачка дозвола

Тетовската полиција лишила од слобода 36-годишен жител на Тетово кој бил затекнат како управува автомобил без да поседува возачка дозвола.Од МВР информираат дека на 14 септември во 10:50 часот, на булеварот „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода С.Д. (36) од Тетово.При сообраќајна контрола било запрено патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Д. При проверката б

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf62hleq1o90n6KAR507

Позајмил автомобил на неколку дена и го продал на друг човек

Полицијата во Гостивар го пронашла автомобилот „фолксваген голф“ кој бил даден на користење, но не бил вратен на сопственикот. Во врска со случајот, лишено е од слобода едно лице.Од МВР информираат дека на 14 септември во 16:30 часот, на улицата „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Г. (51) од Гостивар.Претходно, С.А. (41) од Тетово пријавил дека околу десет дена претходно му го отстапил своето возило „фолксваген голф“ на Е.А. од Гостивар, со до

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Маж ја нападнал сопругата, а претходно вршел физичко и психичко насилство врз нивната ќерка

65-годишен жител на тетовско е лишен од слобода по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека ја нападнал и ѝ нанел повреди.Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.А. (65) на 14 септември во 12:30 часот.Според пријавеното, неговата 62-годишна сопруга пријавила дека претходната вечер, околу 21 часот, во нивниот дом, П.А. физички ја нападнал и ѝ нанел повреди.Дополнително, таа пријавила дека во изминатиот период тој вршел физичко

Македонија | пред 2 седмици

media-library22ehvslmdm22arH0l94

27-годишник нападнал жена и двајца членови на нејзинот семејство, а потоа во нападот се приклучиле и неговата мајка и тетка

27-годишен жител на Голема Речица е лишен од слобода откако 22-годишна жена од Тетово пријавила дека ѝ се заканувал, а потоа физички ја нападнал неа и двајца членови на нејзиното семејство.Од МВР информираат дека Ф.Ш. (27) бил лишен од слобода на 14 септември во 19 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.Според пријавеното, 22-годишната Ф.А. од Тетово околу 15:50 часот била во трговски центар во Тетово, каде што Ф.Ш. ѝ се заканувал. Подоцна, таа заедно со нејзиното семејство отишла

Македонија | пред 2 седмици

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Расчистена серија кражби во пет града: Полицијата приведе двајца осомничени

Полицијата расчисти серија тешки кражби извршени во пет града, а во рамки на истрагата се лишени од слобода две лица од Кочани.Како што соопшти МВР, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишиле од слобода В.З. (26) и Д.С. (43), двајцата од Кочани, поради сомнение дека се сторители на повеќе кривични дела.Според досегашните сознанија, во текот на август и септември годинава двајцата се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Ка

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без возачка дозвола

Осумнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти МВР.Од нив, 17 возачи управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за седум лица од Скопје, како и лица од Арачиново, Батинци, Студеничани, Стајковци, тетовско, Куманово, Кичево, битолско, Пробиштип и Велес. Меѓу приведените има и 17-годишник и 15-годишник.Меѓу лишените од слобода е и 19-годишниот П.Ѓ. од Велес, кој, според МВР, п

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Во шума запалил душек врз кој ставил бакарни кабли, кривична за 43-годишен битолчанец

СВР Битола поднесе кривична пријава против 43-годишен битолчанец поради сомнение дека предизвикал општа опасност со палење предмети во шума.Како што информира МВР, К.Е. (43) се сомничи дека на 14 август 2026 година, во шума во населбата Баир во Битола, со запалка запалил душек врз кој претходно ставил бакарни кабли.Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

Македонија | пред 2 седмици

municija-1

Контрола на автопатот Скопје-Велес откри 205 парчиња муниција во багажник на автомобил

СВР Велес поднесе кривична пријава против 60-годишен жител на Велес, поради постоење основи на сомнение за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.Како што информира МВР, на 2 септември 2026 година, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди“ на автопатот Скопје-Велес, кое го управувал Л.Б. (60).При контролата, во багажниот простор на возилото биле пронајдени и одземени 205 парчиња муниција.Против Л.Б. е поднесена кривична

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Со мопед се превртел кај Лезово, тешко повреден 16-годишник

Шеснаесетгодишник од Злетово е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на патот Пробиштип–Крупиште, во близина на селото Лезово.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември во 15 часот во ОВР Пробиштип. Малолетникот управувал мопед „Априлија“ со штипски регистарски ознаки, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и се превртел.Во несреќата 16-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Нада Мих

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

Тешко повредена 56-годишна жена откако во неа удрил автомобил

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лука Геров“ во Скопје.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември во 14 часот во СВР Скопје. Патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (66) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.В., пешак, исто така од Скопје.Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Увид на местото на несреќ

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

41-годишен маж ја нападнал сопругата

Полицијата во Ранковце привела 41-годишен маж поради сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга.Како што информира МВР, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Б.М. (41) во 2:30 часот на 14 септември. Тој е од село на подрачјето на Општина Ранковце.Според пријавеното, Б.М. физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга.Мажот бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv404gi8bnm8t5CoGjfk

Тешко повреден 88-годишен велосипедист во сообраќајка во Ранковце

Осумдесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во селото Ранковце, Општина Ранковце.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември околу 18:10 часот во ОВР Крива Паланка. Во несреќата учествувале патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З. (62) од Куманово, и велосипед управуван од И.С. (88) од скопското село Трубарево.Во судирот тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во О

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања