Промени тема
Контакт

МВР

ohridskoezeromart

Tурист од Грузија го загуби животот во водите на Охридското Езеро

46-годишен турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро, во близина на Пештани, информираат од СВР Охрид.Случајот бил пријавен во 14:32 часот, кога од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт.Од СВР Охрид информираат дека на телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за 46-годишниот Б.Д.,

Македонија | пред 1 месец

media-librarylduj9b1pg7er4HyvRIE

Пронајдена 15-годишната Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната

Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која беше пријавено исчезнување.Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, по преземени мерки и активности.Во содејство со Центарот за социјални работи, девојката била предадена на нејзините родители.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi0t7ksgtll654xJwQPF

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици

Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претрес во дом на 46-годишен прилепчанец, поради сомнение дека сторил кривично дело „убивање или уништување на заштитени видови на дива флора и фауна“.Претресот бил извршен на 12 август во 13:35 часот, со наредба од Основниот суд Прилеп.При претресот биле пронајдени и одземени 10 птици од видот Carduelis carduelis, како и кафез.По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Со 2,38 промили алкохол во крвта зад воланот: Полицијата приведе 27-годишник во Прилеп

Полициски службеници во Прилеп лишиле од слобода 27-годишен жител на село Десово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол.Случајот се случил на 13 август во 02:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Полицајците од ОВР Прилеп го запреле автомобилот „Сеат“ со прилепски регистарски ознаки, кој го управувал Ш.С.При контролата било измерено присуство од 2,38 промили алкохол во крвта, по што 27-годишникот бил лишен од слобода.По целосното доку

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Пожар во Теарце зафатил нива со ореви, изгореа четири декари

Пожар избувнал во атарот на тетовското село Теарце, при што огнот зафатил и нива со насади од ореви.Според МВР, на 12 август во 15:00 часот во Полициското одделение Теарце, 58-годишниот Е.И. пријавил дека пожарот избувнал на местото викано „Леске“.Огнот најпрво зафатил сува трева и грмушки, по што се проширил на неговата нива со насади од ореви, на површина од околу четири декари.Пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Тетово и полициски екипи. Увид на место

Македонија | пред 1 месец

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Пожар во импровизирана штала во Ломница, изгореа 50 тони храна и 2.000 бали сено

Голем пожар избувнал во импровизирана штала во тетовското село Ломница, при што е причинета значителна материјална штета.Како што информира МВР, пожарот бил пријавен на 12 август во 11:15 часот во СВР Тетово. Шталата била сопственост на 51-годишниот В.С.Во пожарот изгореле околу 50 тони храна за стока, како и околу 2.000 бали сено и слама.Нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Гостивар.Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

26-годишно девојче било нападното од поранешното момче

Дваесет и шестгодишна девојка од Гостивар пријавила дека била физички нападната и добивала закани од нејзиното поранешно момче.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 2:35 часот во Полициското одделение Галате. Девојката пријавила дека околу полноќ, во гостиварско село, била нападната од нејзиниот поранешен партнер У.З., кој е од истото село.Таа, исто така, пријавила дека тој ѝ упатувал закани.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjvp0sn2l2kh51cAGool

Тројца скопјани приведени кај Тетово, во автомобилот пронајдени предмети од тешки кражби

Тројца млади од Скопје, меѓу кои и 16-годишна малолетничка, биле лишени од слобода во текот на ноќта кај Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.Од МВР информираат дека на 13 август во 1:30 часот, на паркинг пред бензинска пумпа на излезот од Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 19-годишните А.А. и А.М., како и 16-годишната малолетничка, сите од Скопје.При контролата на патничко возило „ауди А6“ со скопски регистарски таблички, во кое се прев

Македонија | пред 1 месец

media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

Мајка и ќерка приведени по закани и обид за напад врз вработени во Центарот за социјални работи

Мајка и ќерка од Тетово биле лишени од слобода откако, според пријавеното, се заканувале и се обиделе физички да нападнат две вработени во Центарот за социјални работи во Тетово.Од МВР информираат дека на 12 август во 11:45 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 63-годишната М.Н. и 32-годишната С.Н., двете од Тетово.Според пријавеното, С.Н. била повикана во Центарот за социјални работи во врска со претходно пријавен случај на семејно насилство. Таа во Центарот пристигнала

Македонија | пред 1 месец

media-library53vipbsbvjguaM3KcrB

Скопјанец пронајден мртов во својот дом во Центар

41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во општина Центар.На местото пристигнале полициски екипи и Итната медицинска помош, чии екипи констатирале смрт. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што треба да бидат утврдени причините за смртта.Полицијата презема активности за утврдување на околностите под кои настанал случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Фрлиле дрога од автомобил при полициска контрола: приведени две лица од Кичево

На подрачјето на Кичево полицијата пронашла пакување со бела прашкаста материја, а во врска со случајот се лишени од слобода две лица.Како што информира МВР, на 11 август во 21:30 часот во селото Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода И.Б. (43) и А.Л. (29), двајцата од Кичево.Претходно, полицајците дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., додека А.Л. бил сопатник. Во моментот кога возилото било запр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf133ofh79mc4d49kAbq

По паниката со наводна бактерија во водата: МВР ги повикува лицата во станица, едно од нив не одговара кои се “сигурните извори” кои и ја кажале информацијата

МВР презема мерки против профилите од кои се ширеа непоткрепени информации дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли и дека на Инфективната клиника веќе имало два случаи поврзани со наводната контаминација.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдија дека постапува Секторот за компјутерски криминал, дека се утврдуваат профилите на лицата кои ги објавувале ваквите информации и дека тие се повикуваат на информативен разговор.„Во врска со вашите прашања ве известуваме дека

Македонија | пред 1 месец

pozar

Пожар избувнал во куќа во Битола

Пожар избувнал во куќа на улицата „Индустриска“ во Битола, при што, според информациите од МВР, нема повредени лица.Случајот бил пријавен во СВР Битола на 12 август во 3 часот по полноќ. Припадници на Територијалната противпожарна единица Битола интервенирале на местото и го локализирале пожарот.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfr753o7pd8q4b9MJmtF

Физички нападнале жена, па ѝ го оштетиле и автомобилот – двајца приведени

Двајца прилепчани биле лишени од слобода по пријава дека физички нападнале 29-годишна жена и го оштетиле нејзиното возило.Од МВР информираат дека на 12 август во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле Ѓ.Х. (32) и Ѓ.Х. (25).Според пријавеното, инцидентот се случил на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, каде двајцата физички ја нападнале А.А. (29), а притоа го оштетиле и нејзиниот автомобил.По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодвет

Македонија | пред 1 месец

ubistvo

68-годишен маж пронајден мртов со прострелна рана во нива кај Беровци, пронајдена и ловечка пушка

Тело на 68-годишен маж било пронајдено во нива во атарот на прилепското село Беровци, соопшти МВР.Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола од страна на А.В. од истото село, кој го пронашол својот татко С.В. со прострелна рана во пределот на градниот кош.Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт. Во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката.На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде п

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Зел 15.000 евра од две лица со ветување дека ќе им „среди“ стаж за пензија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишен тетовец поради сомнение дека со измама од две лица зел вкупно 15.000 евра.Според информациите од МВР, Л.Е. во текот на 2025 година лажно им прикажувал факти на двете лица од тетовско, убедувајќи ги дека може да им го среди работниот стаж во странска земја.Целта, како што им ветувал, била преку средувањето на стажот да им овозможи да ги исполнат условите за добивање пензија.Откако ги убедил во своите тврдења, од двете лица зел вкупно 15.000 ев

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

31-годишен маж ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет

Полицијата во Битола лишила од слобода 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.Од СВР Битола информираат дека И.М. бил приведен на 11 август во 08:00 часот, откако во семејниот дом ја нападнал 29-годишната сопруга.Лицето е лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryaeegdtj3kfledFMsoR9

Со остар предмет ја оштетувал покуќнината и му се заканувал на татко му, упасен скопјанец

Скопската полиција лишила од слобода 43-годишен маж по пријава дека во својот дом се однесувал агресивно, оштетувал дел од покуќнината и му упатувал закани на неговиот 79-годишен татко.Од СВР Скопје информираат дека Б.Н. бил приведен на 11 август во 06:40 часот од полициски службеници од Полициската станица Центар.Според пријавата, тој со остар предмет оштетил дел од покуќнината во домот и упатувал закани кон својот татко.По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува со

Македонија | пред 1 месец

bitolska-bolnica-960x534-1

Му се слошило додека пешачел и паднак покрај реката Треска кај Матка, 73-годишник пренесен во болница

На 11 август, 73-годишен скопјанец се здобил со повреди откако му се слошило и паднал додека се движел пеш по кејот на реката Треска, во близина на Матка.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во 12:50 часот во СВР Скопје. На Б.К. му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymsnrshskv3ga8d8PGWr

15-годишник објавил експлицитни фотографии од малолетничка на социјалните мрежи

Петнаесетгодишен малолетник е пријавен во полиција откако објавил фотографии со експлицитна содржина од малолетна девојка на социјалните мрежи.Според Министерството за внатрешни работи, на 11 август 2026 година во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека малолетникот, кој претходно ја познавал нејзината малолетна ќерка, објавил фотографии со експлицитна содржина од неа на социјалните мрежи.Со 15-годишникот бил извршен службен разговор во полициска станица, во присуство на неговиот родител и ад

Македонија | пред 1 месец

Galicica-Prespansko

Пронајдено телото на скопјанецот кој исчезна во Преспанското езеро откако скокна од чамец по веслата

Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје е пронајдено и извлечено од Преспанското Езеро, неколку дена откако беше пријавено неговото исчезнување.Според МВР, на 12 август во 13:15 часот, специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го извлекла телото кај туристичката населба Претор.Скопјанецот бил пријавен за исчезнат на 8 август, откако околу 12:20 часот скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, Ресенско, по веслата кои му паднале во водата.На местото бил извршен увид од екипа на СВР Битола

Македонија | пред 1 месец

media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

Управувал нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола, приведен 25-годишник во Тетово

При сообраќајна контрола во Тетово бил приведен 25-годишен мотоциклист кој управувал без положен возачки испит, а возилото не било регистрирано повеќе од шест месеци.Од МВР информираат дека на 12 август во 2:40 часот, на улицата „Борис Кидрич“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.А. (25) од Тетово.При контролата било утврдено дека тој управувал мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, без да има положено возачки испит. Дополнително, било констатирано дека мотоциклот не бил

Македонија | пред 1 месец

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Татко и син од Гостивар се обиделе да силуваат жена во угостителски објект, објави МВР

Двајца жители на Гостивар се лишени од слобода по пријава за физички напад и обид за сексуален напад врз 33-годишна жена во угостителски објект во селото Леуново, гостиварско.Според МВР, на 11 август во 13:30 часот полициски службеници ги привеле П.А. (86) и Б.А. (60), двајцата од Гостивар. Претходно, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека сопственикот на објектот Б.А. и неговиот татко П.А. физички ја нападнале и се обиделе да извршат сексуален напад врз неа.Двајцата се задржани во полициска с

Македонија | пред 1 месец

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Пријавено семејно насилство во тетовско, 35-годишен маж приведен

Полицијата привела 35-годишен маж од тетовско село по пријава дека физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга во нивниот семеен дом.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 август во 16:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода У.С. (35), постапувајќи по претходно поднесена пријава од неговата сопруга.Лицето било задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен

Македонија | пред 1 месец

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Исчезна 19-годишник од Тетово

19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека се оддалечил од домот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово. З.А. пријавила дека нејзиниот внук С.А. (19) го напуштил домот на 10 август и оттогаш не е пронајден.Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања