Притвор за 50-годишник: Осомничен дека повеќепати извршил полови дејствија врз 20-годишна девојка
Триесетдневен притвор му е одреден на 50-годишен маж од село во близина на Македонски Брод, осомничен дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20-годишна девојка од истото село, која е лице со здравствени проблеми.Како што соопшти МВР, осомничениот бил лишен од слобода на 31 јули.Судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.
Македонија | пред 2 месеци