Промени тема
Контакт

НАСИЛСТВО

media-libraryr0g5hk12eofu20H10am

Јаневска најави казни и за родителите: Ќе се воспостави систем за спречување на насилството во училиштата

Министерството за образование и наука најавува долгорочен и системски пристап во справувањето со меѓуврсничкото насилство во училиштата, со конкретни мерки, законски измени и поголема одговорност за сите што се вклучени во процесот.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, посочи дека се предвидени повеќе активности за спречување на насилството, вклучително и промени во организацијата на работата во училиштата, поголема грижа за учениците, но и санкции за родителите чии деца повторно

Македонија | пред 2 седмици

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Жена во Кичево фрлала дрва кон две деца, потоа ги бркала со остар предмет

ОВР Кичево поднело кривична пријава против 73-годишната Ф.А. од Кичево поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според пријавеното, на 29 август околу 18 часот, во двор во Кичево, таа фрлала дрва кон две деца кои си играле со топка. Потоа, како што е наведено во пријавата, ги бркала низ дворот со остар предмет и им ја оштетила топката.За случајот постапува ОВР Кичево.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybb47e8uchslf7fhZQrQ

Приведен охриѓанец по пријава дека физички ја нападнал поранешната партнерка

На 3 септември во 17:35 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 34-годишниот З.К. од Охрид.Тој бил приведен по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна партнерка.Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

semejno-nasilstvo

Жена од прилепско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Жена од прилепско село пријавила дека била физички нападната во својот дом од страна на невенчаниот сопруг и неговиот брат, информира МВР.Според полицискиот билтен, вчера во 15:15 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена пријавила дека во домот била физички нападната од Д.П., со кого живеела во вонбрачна заедница, и неговиот брат А.П.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Сопруг ја претепал сопругата, таа претходно нападнала вработена во Охрид

Охриѓанец (48) е приведен откако физички ја нападнал својата сопруга во деловно-продажен објект во Охрид.Според полицијата, жената претходно физички нападнала вработена во истиот објект.СВР Охрид презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfuo6qlp6k2kodTerCYa

Со тупаници и клоци го тепале, па со нож го сечеле по телото – детали за насилството врз малолетник во Маџари

Основното јавно обвинителство Скопје предложи мерки на претпазливост за три лица осомничени дека извршиле насилство врз малолетник во парк во скопската населба Маџари.Според првичните сознанија, инцидентот се случил на 22 јуни, кога осомничените физички го нападнале детето, родено во 2011 година. Како што соопшти Обвинителството, тие го удирале со тупаници и клоци, а му нанеле и расекотини со нож по телото.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје пред

Скопје | пред 2 месеци

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите на деца за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.Таа истакна дека во многу семејства недостига воспитната компонента и оцени дека без поголема ангажираност на родителите нема да може успешно да се спречи врсничкото насилство.„Во многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здра

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Две деца нападнати во училишен двор во Струга, поднесени кривични пријави

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Д. (39) и А.Д. (46) од струшкото село Радолишта, како и против еден малолетник од селото Франгово, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 мај годинава, околу 18 часот, во дворот на основно училиште во Струга, пријавените физички нападнале две малолетни лица.Во нападот, малолетниците се здобиле со телесни повреди.Против осомничените е поднесена кривична пријава по чл

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен маж осомничен за кривично дело „Насилство врз дете“ по инцидент што се случил во дворот на основно училиште во Илинден.Според информациите од обвинителството, на 22 мај осомничениот извршил физичко и психичко насилство врз дете родено во 2013 година.Инцидентот се случил откако синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник во училишниот двор, по што го повикал таткото. Кога пристигнал во училиштето, 49-годишникот нај

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, осомничен за кривичните дела „Телесна повреда“ и „Противправно лишување од слобода“.Според обвинителството, осомничениот на 23 мај во раните утрински часови противправно ја затворил, ја држел и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи.Девојката се враќала од матурска прослава кога осомничениот ја пресретнал со автомобил. Таа влегла во возилото, по што тој почнал да вози, ѝ го зе

Македонија | пред 3 месеци

nasilstvo-vrz-deca

Малолетник физички нападнат на час во училиште во Прилеп

Нов случај на малолетничко насилство е пријавен во училиште во Прилеп, информираат од Одделението за внатрешни работи Прилеп.Според информациите, малолетник бил физички нападнат од свои соученици за време на час по физичко образование во основно училиште во градот.Еден од напаѓачите го снимал инцидентот со мобилен телефон.Случајот во полиција го пријавил таткото на детето, 36-годишен жител на Прилеп.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Гостиварец уапсен по пријава дека ја нападнал сопругата

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера попладне лишиле од слобода 39-годишен гостиварец, осомничен за семејно насилство врз неговата сопруга.Според информациите од СВР Тетово, станува збор за А.С.(39) од Гостивар, кој се сомничи дека околу 01:00 часот, по претходна расправија во семејниот дом, физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга.„Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од СВР Тетово.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydg5sslf42ormbF8tUC3

Скопјанец уапсен во Тетово: Ја следел поранешната партнерка и ѝ се заканувал

Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне лишиле од слобода 30-годишен маж од Скопје, по пријава од неговата поранешна партнерка дека подолг период ја следел и ѝ упатувал закани.Според информациите од полицијата, станува збор за С.К.(30) од Скопје, кој бил приведен на улицата „Маршал Тито“ во Тетово околу 14:45 часот.„Постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 33-годишна партнерка дека подолг период ја следи, а околу 08:00 часот на нејзиното работно место ѝ упатил закани на

Македонија | пред 4 месеци

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Зголемен број случаи на семејно и родово базирано насилство во Скопје и Тетово

Во текот на 1 мај 2026 година, полициските билтени на СВР Скопје и СВР Тетово регистрираа повеќе случаи на физичко насилство, вознемирување и нарушување на личната безбедност. Инцидентите опфаќаат напади од поранешни партнери, како и конфликти меѓу познаници.Според пријавите, на 30 април 2026 година, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека била нападната од нејзиниот поранешен партнер во Гази Баба. Во Тетово, пак, е поднесена кривична пријава против лице за напад врз поранешна сопруга, кој с

Македонија | пред 4 месеци

media-library217rrgas8qsobSnrHbC

Кубење, шамарање па буткање на земја: Насилничките од Ѓорче Петров сликале и „селфи“ со раскрвареното девојче-жртва

Вознемирувачки се снимките кои група деца-насилници ги правеле додека малтретирале девојче, кое е ученик во основно училиште во Ѓорче Петров. Ова го направиле во два наврати, а и во двата наврати снимале. Првите снимки, кои редакцијата на „Скопје1“ ги поседува, но нема да ги објави поради можноста за двојна виктимизација на жртвата, но и затоа што жртвата е малолетничка, покажуваат брутално изживување.Сѐ се случува на една клупа, каде девојчето седи, а група девојчиња се собира околу неа. Ја куб

Скопје | пред 4 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Две лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие

На 11 април 2026 година во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Лицето било приведено во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Истиот ден во 23:30 часот во Велес, полициски службеници о

Македонија | пред 5 месеци

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко

Според информациите од МВР, во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле пријавени три случаи на семејно насилство врз жени.На 5 април 2026 година во 06:30 часот, 50-годишна жена од скопско пријавила во СВР Скопје дека околу 01:00 часот во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б. (52). Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.Претходно, на 4 април во 02:40 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г. (26

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryjg74nbu0m8ovfnJnzrF

Барал стан и кола, ѝ се заканил со убиство: приведен тетовец по закани кон партнерката

Полициски службеници од СВР Тетово на 1 април во 19:10 часот во Тетово го лишиле од слобода А.Д. (31) од тетовско, постапувајќи по пријава од неговата 36-годишна невенчана сопруга.Според пријавата, тој ѝ се заканувал и од неа барал да му купи стан и автомобил, заканувајќи ѝ се дека ќе ја убие доколку не ги исполни неговите барања.Од полицијата информираат дека лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymiteaut537i12452c55

(Видео) Тензии на изборен ден во Србија: пријавен напад врз активисти на СНС во Бор и собири во Бајина Башта

На денот на локалните избори во Србија, од Бор пристигнаа информации за инцидент пред просториите на Српската напредна партија (СНС), каде, според наводи што ги пренесуваат медиумите, група лица нападнала партиски активисти и употребила солзавец. Како што се тврди, едно лице добило повреда при која му била скршена раката.Во истата вест се наведува дека на избирачки места биле забележани лица опишани како „блокадери“, а слични собири се пријавени и во општината Бајина Башта. Според наводите, на н

Свет | пред 5 месеци

media-librarys91catcl83t22eps8wT

Насилниците нема да носат електронска нараквица, жртвите нема да бидат предупредувани - не поминаа измените на законот

Предлог-законот за дополнување на Законот за спречување на насилство врз жени, кој предвидува воведување електронски нараквици за следење на сторителите, не се најде на дневниот ред на Собранието, откако не доби поддршка од мнозинството пратеници.Од вкупно 94 присутни пратеници, само 27 гласаа „за“, додека немаше ниту еден глас „против“ или „воздржан“.Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, една од предлагачите, изјави дека станува збор за идентичен законски текст кој бил предложен и пред една годин

Македонија | пред 6 месеци

uchenici-vrsnichko-nasilstvo-tepachka

Бран насилство меѓу малолетници: напади во Скопје, Кочани и Пробиштип

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на насилство меѓу малолетници и врз деца во Скопје, Кочани и Пробиштип, а за дел од нив веќе се поднесени и кривични пријави.Во Скопје, В.Ј. (53) пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Во друг случај, В.С. (47) пријавил дека во Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две соученички, кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив го снимала настан

Македонија | пред 6 месеци

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

За две недели: 21 кривична пријава за семејно насилство, пет за родово базирано насилство и пет мерки притвор

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последните две недели поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, при што шест пријави биле поднесени по брза постапка.На подрачјето на СВР Скопје, според соопштението, поднесени се и пет кривични пријави за родово базирано насилство. Од нив, три се однесуваат на делото „загрозување на сигурноста“, а две на кривичното дело „демнење“.Во истиот период се определени пет мерки „притвор“, како и ед

Македонија | пред 6 месеци

strast

Скопјанец пријавен за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А. (25) од скопско, по претходна пријава дека во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознал, извршил обљуба и ѝ упатувал закани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).Од МВР соопштуваат дека приведувањето е извршено на 5 март 2026 година во 16:55 часот, на подрачјето на општина Гази Баба, по пријава поврзана со настан што, според тврдењата, се случил на 23 февруари 2026 година.Според приј

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryvb7a5c39bbcmcEQpsEb

Обвинителката Тополова предупредува: 798 постапки за семејно насилство запрени поради повлекување на жртвите

Семејното насилство не смее да се согледува само преку статистика, затоа што зад секоја бројка стои конкретна жртва и реална потреба од институционална заштита, истакна вршителката на должност јавна обвинителка на Република Македонија, Анита Тополова–Исајловска.Таа говореше на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“, организирана од Министерството за внатрешни работи.Според неа, насилството врз жените и семеј

Македонија | пред 6 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Девојка нападната во Центар, инцидент во Градски парк и малолетник претепан во Арачиново

Три одделни случаи на физички напади се пријавени во текот на 20 февруари во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Во 14:50 часот во СВР Скопје, М.К.(24) пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од А.Р.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Истата вечер во 20:20 часот, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во Градскиот парк бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Полицијата презема мерк

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања