Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

СОБРАНИЕ

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собраниските комисии денеска ќе расправаат за ДДВ, игрите на среќа и работниците во странство

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.Пред членовите на Комисијата за економски прашања ќе се најде Предлог-законот за изменување на Законот за упатување работници од Република Северна Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење други сезонски работи, во прво читање.Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за два значајни законски предлози – Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, исто така, во прво читање.На седницата на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе ја претстави платформата за дипломатските активности како кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО.Пред членовите на Комисијата својата програма ќе ја презентира и Светлана Гелева, кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhbl1vph2kkjo3QKDWOB

Проширувањето на ЕУ и Западен Балкан во фокус на панел-дискусијата во Собранието

Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“, на која се разговараше за предизвиците, можностите и влијанијата што го обликуваат евроинтегративниот процес на регионот.Целта на еднодневниот настан беше да се анализираат геополитичките фактори кои влијаат врз проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан, како и улогата на надворешните актери и конкурентните влијанија во регионот.На панелот учествуваа Антонијо Милошоски, Венко Филипче, Иванка Василевска, Викторија Трајков, амбасадорот на Шведска Ола Солстром, заменик-амбасадорот на Швајцарија Михал Харари, како и Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач на Хрватска со ЕУ.Во своето обраќање, Антонијо Милошоски се осврна на писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц до Европската комисија, во кое се предлага асоцијативно членство за Украина и постепено вклучување на земјите од Западен Балкан во европските институции преку повластен набљудувачки статус.Венко Филипче истакна дека актуелниот момент, во кој постои зголемена поддршка за проширување на Унијата, треба да се искористи преку заедничко дејствување и носење на уставните измени.Според Иванка Василевска, Европа не смее да дозволи политички и географски вакуум на Балканот, при што нагласи дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за проширувањето, туку дека клучни треба да останат Копенхашките критериуми.Заменик-министерката Викторија Трајков посочи дека реформите мора да донесат видливи резултати за граѓаните преку подобрување на јавните услуги и европеизација на системот.Амбасадорот Ола Солстром говореше за шведското искуство со пристапувањето во ЕУ, нагласувајќи дека економските предизвици биле клучен фактор за поддршката од граѓаните, додека Михал Харари порача дека реформите ќе бидат одлучувачки за напредокот на земјите од регионот кон Унијата.Во своето излагање, Владимир Дробњак оцени дека проширувањето на ЕУ е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на Европа, особено во услови на актуелните геополитички и безбедносни предизвици.По обраќањата следуваше отворена дискусија со учесниците и присутните на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието го усвои Законот за младински додаток: младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари

Собранието го усвои новиот Закон за младински додаток, со кој младите до 23 години вработени во производствени дејности ќе добиваат по 3.000 денари месечно.Со законот, мерката која досега се продолжуваше со временски ограничени решенија, добива трајно и посистемско законско решение.Пратениците дадоа поддршка и на измените на Законот за индустриски зелени зони, со кои се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа.Собранието донесе и одлука за испраќање припадник на Армијата на Македонија во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.Дополнително, беа усвоени заклучоци со кои се оценува дека нема потреба од автентично толкување на одредени законски одредби по барања поднесени од пратениците Оливер Спасовски, Зоранчо Јованчев и Димитар Апасиев.Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информираше дека седницата продолжува.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarye35v1ngm2bsr7Rtx5LW

Повисоки трошоци за студентите во реновираните домови

Собранието ги усвои измените на Законот за студентски стандард по скратена постапка, по предлог на група пратенички од ВМРО-ДПМНЕ.Со новите законски решенија се воведуваат измени во финансирањето на студентското сместување и распределбата на државните стипендии.Законот предвидува категоризација на студентските домови во два типа – енергетски ефикасни и реконструирани домови, како и постојни, односно нереновирани домови.Според измените, за домовите од тип 1 државата ќе покрива до 40 проценти од трошоците за сместување и исхрана, наместо досегашните 50 проценти. За домовите од тип 2, државната партиципација останува до 50 проценти.Тоа значи дека студентите сместени во реновираните домови ќе плаќаат повисоки цени, кои ќе се утврдуваат според реалните трошоци.Во јавноста веќе се појавија критики дека со ваквиот модел може да се создаде „двокласен систем“, во кој подобрите услови ќе бидат достапни за студентите со поголеми финансиски можности.Измените го менуваат и начинот на распределба на државните стипендии.Според новите правила, 40 проценти од стипендиите ќе бидат наменети за студенти од социјални категории, при што во оваа група се вклучени и студенти со ретки болести и попреченост.Дополнително, 35 проценти од стипендиите ќе бидат за студиски програми од стратешки интерес, а 25 проценти за студенти со особен успех во учењето.Со измените се укинуваат и одредбите донесени за време на ковид-кризата, со кои студентите што нема да добијат место во студентски дом имаа право на месечен надоместок до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз.Иако во образложението на законот се наведува дека нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот, дел од критиките се дека државата постепено ја намалува поддршката за студентите и го префрла товарот врз нивните семејства.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9b1g5qdrs7v4bFyofSG

(Видео) Мјаукање во Собраниe: Министрите и понатаму може да имаат двојни државјанства, власта не ги поддржа измените

Владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за Влада со кои министрите би можеле да имаат само македонско државјанство.За предлогот на СДСМ гласаа 20 опозициски пратеници, додека немаше гласови „против“ ниту „воздржани“. За време на гласањето, во собраниската сала се слушало мјаукање.СДСМ предложи измените да се носат по скратена постапка, а образложението го даде координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски.Тој рече дека предлогот е поврзан со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за пратениците да имаат само македонско државјанство.„Пратеничката група на СДСМ предложи законот да биде компатибилен со законското решение за пратеници, односно членовите на владата да имаат само едно државјанство, државјанство на Македонија“, рече Спасовски.Според него, ако се бара пратениците да имаат само македонско државјанство, тогаш истото правило треба да важи и за министрите.„Пратениците во македонското собрание можат да бидат исклучиво државјани на Република Северна Македонија, тогаш сходно на тоа, треба да имаме и едно вакво законско решение со коешто ќе ограничиме практично да може исклучиво и единствено само државјаните на Република Северна Македонија да бидат членови избрани за влада“, изјави Спасовски.Тој посочи дека во Владата има министри со повеќе државјанства и ја спомена министерката за енергетика Сања Божиновска.„Сега гледаме бугарски државјанства, чешки државјанства и така натаму, тоа е нешто што имаме официјално за членовите на владата и коишто и овде пред собранието тоа го имаат потврдено, зборувам конкретно за министерката за енергетика Сања Божиновска“, рече Спасовски.Тој изрази очекување дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи предлогот, но тоа не се случи.

Македонија | пред 2 седмици

media-library36nun2ncvovpa6eUYDo

Средношколци во Собранието отворија дебата за образованието и младинските политики

Во Собранието на Македонија, во рамки на Клубот на младински прашања и политики, се одржа средба меѓу пратеници и ученици од средните училишта, учесници во програмата „Најгласни“.Програмата ја реализираат Фондација Конрад Аденауер и ЛЕАД.На настанот се обратиле Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер и пратеничката Драгана Бојковска, претседателка на Клубот на младински прашања и политики.Во фокусот на дискусијата биле условите во образованието, средношколскиот стандард, состојбите во студентските домови, менталното здравје кај младите и потребата од создавање подобри перспективи за нивно задржување во државата.Било нагласено дека младите треба активно да бидат вклучени во процесите на креирање политики и носење одлуки, а институциите континуирано да создаваат простор за нивно учество.Средбата поминала во интерактивна атмосфера, при што учениците преку свои предлози и ставови отвориле повеќе прашања поврзани со младинските политики и иднината на младите во државата.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители – нови реформи во правосудството

Со 64 гласа „за“, 15 „против“ и без воздржани, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој е дел од Реформската агенда.Со новото законско решение се воведуваат суштински измени насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работата на Советот и на јавното обвинителство во целина.Се реформира постапката за избор на членови на Советот, при што се воведуваат јасни и транспарентни критериуми за стручност, искуство и интегритет, по пример на новиот Закон за Судскиот совет. Целта е да се обезбеди избор на најквалитетни кандидати.Законот предвидува и обврска за детално и образложено одлучување при избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите, како и доследна примена на системот на заслуги.Се зајакнува транспарентноста на Советот преку објавување на одлуки и извештаи, јавно одржување на седници, директни преноси и поголема информираност на јавноста.Дополнително се воведува двостепеност во дисциплинските постапки, при што Советот одлучува како второстепен орган, а против неговите одлуки се обезбедува судска заштита, што претставува усогласување со препораките на Европската комисија.Законот детално ја уредува и постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, со прецизни рокови и критериуми.Се зајакнува и улогата на Советот во постапките за избор и разрешување на Јавниот обвинител на државата, со можност за поднесување иницијатива до Собранието.Ова законско решение е дел од поширокиот реформски процес и е усогласено со европските стандарди, како значаен чекор во процесот на европска интеграција.

Македонија | пред 4 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ги изгласа измените: техничката влада се укинува по следните избори

Собранието ги изгласа измените на Законот за Владата со 70 гласа „за“ и 11 „против“, информира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Според усвоените измени, укинувањето на техничката влада ќе се одложи и ќе стапи во сила по следните парламентарни избори.Милошоски преку објава информираше дека со овие законски измени се предвидува промена на досегашниот модел, но со временска одредница која го остава актуелниот систем да важи до наредниот изборен циклус.

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

На дневен ред: техничката влада и условот за едно државјанство за пратениците

На денешната 98. пленарна седница на Собранието се разгледуваат законските измени за укинување на техничката влада, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага тие да имаат само едно државјанство.Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, во образложението истакна дека техничката влада била воведена како привремено решение во услови на политичка криза, со цел да се обезбеди консензус за спроведување избори. Моделот произлегол од политичките договори во 2015 година и првпат бил применет на изборите во 2016 година.Тој појасни дека предложените измени предвидуваат одложена примена, со цел да се обезбедат стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Според него, решението треба да овозможи рационално користење на јавните финансии, зајакнување на институциите и обезбедување демократски легитимитет на Владата.Предлогот предвидува техничката влада да функционира до објавување на конечните изборни резултати по првите наредни парламентарни избори по стапување во сила на законот, по што ќе се создадат услови за нејзино укинување.Јаќимоски додаде дека со измените се воспоставува постабилна и предвидлива правна рамка за спроведување на фер и транспарентни избори преку институциите утврдени со Уставот и законите.На седницата пратениците ќе расправаат и за повеќе други законски предлози, меѓу кои измени на законите за минерални суровини, концесии и јавно-приватно партнерство, јавни претпријатија и внатрешна пловидба, сите по скратена постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Собранието ја усвои првата фаза од постапката за измени на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на досегашниот модел на техничка или преодна влада што се применуваше во изборни периоди.Со 67 гласови „за“, 13 „против“ и без воздржани, пратениците донесоа одлука за утврдување на потребата од носење на законот по скратена постапка, со што предлогот ја помина првата фаза од законодавната процедура.Со предложените измени се предвидува промена во начинот на организација на изборните процеси и функционирањето на извршната власт, при што се укинува досегашната пракса на формирање технички влади.Од Владата образложуваат дека целта на законското решение е зајакнување на институционалната стабилност, поголема правна сигурност и заштита на јавниот интерес, како и обезбедување поефикасно функционирање на државните институции без, како што се наведува, привремени политички договори што во минатото го отежнувале системот.Во документот се наведува и дека новата правна рамка треба да овозможи порационално користење на јавните средства и постабилен модел на владеење, со цел гарантирање на фер и транспарентен изборен процес.

Македонија | пред 1 месец

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Собранието ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред е и предлогот за изменување на Законот за Владата, со кој се предвидува создавање услови за укинување на моделот на техничка влада.Предлагачот – Владата – во образложението наведува дека измените имаат за цел обезбедување стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес, преку заокружување на започнатите реформи. Дополнително, се посочува дека со новото законско решение ќе се воспостави „јасна и применлива правна рамка“ која ќе гарантира фер и транспарентни избори, без потреба од привремени политички решенија.Опозицискиот СДСМ, пак, обвинува дека власта се подготвува за предвремени избори преку, како што велат, „шверцерски измени“ со кои сака да ја укине техничката влада – механизмот што, според нив, обезбедува контрола во изборен период. Од партијата предупредуваат дека ваквиот чекор претставува директен удар врз демократијата и слободните избори и најавуваат дека ќе се спротивстават.Покрај оваа точка, пратениците ќе одлучуваат и за испраќање припадници на Армијата во мисијата на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, како и за стратешките и финансиските планови на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година.На дневен ред се и повеќе законски измени во второ читање и по скратена постапка, меѓу кои за здравственото осигурување, минералните суровини, концесиите и јавно-приватното партнерство, јавните претпријатија, данокот на додадена вредност и придонесите од задолжително социјално осигурување.Седницата доаѓа во услови на засилена политичка конфронтација околу изборните правила и функционирањето на институциите, со спротивставени ставови дали укинувањето на техничката влада значи реформа или ризик за изборниот процес.

Македонија | пред 1 месец

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предвидува услов пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство.Предлогот, кој е доставен по скратена постапка, предвидува дополнување на членот 2, со нови одредби според кои кандидат за пратеник мора „да е државјанин само на Република Македонија“, покрај останатите постојни услови како полнолетство, деловна способност и неосудуваност.Во документот, кој е потпишан од повеќе пратеници, меѓу кои и Антонио Милошоски, се наведува дека целта е да се уредат условите за избор на пратеници и да се прецизираат критериумите за вршење на функцијата.Предлог-законот предвидува и усогласување со Изборниот законик во рок од 30 дена по неговото евентуално стапување во сила, додека примената би започнала со објавување во „Службен весник“.Иницијативата доаѓа во период на засилени политички обвинувања околу поседување странски државјанства кај носители на јавни функции, што повторно ја отвори дебатата за лојалноста и законските ограничувања за избраните претставници.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Во Собранието денеска се одржа сесија на Комисијата за европски прашања, на која беа презентирани клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Транспортната заедница, информираат од Собранието во соопштение.Претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски, истакнал дека транспортната политика е дел од Кластер 14 и претставува значаен сегмент во евроинтегративниот процес, при што Транспортната заедница ја оценил како важен и стабилен партнер, стои во соопштението.Тој се осврнал и на напредокот на Коридорот 8, посочувајќи дека проектот е во фаза на изградба по надминување на претходните предизвици, се наведува во соопштението.Директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, ги презентирал главните наоди од извештаите, при што дал поширок преглед на состојбите во областите безбедност, дигитализација, развој на инфраструктурата и усогласување на законодавството со стандардите на Европската Унија, информираат од Собранието во соопштението.Посебен акцент бил ставен на потребата од сеопфатно унапредување на транспортниот систем, со фокус на модернизација на железничката мрежа и зајакнување на патната безбедност преку континуирани реформи и институционално јакнење, стои во соопштението.Воедно, Милошоски истакнал дека системот „Безбеден град“ веќе дава позитивни резултати и е во процес на проширување во повеќе градови и општини, при што се очекува намалување на бројот на жртви и подобрување на безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението.Сесијата ја потврдила важноста од континуирана соработка со Транспортната заедница и доследна имплементација на реформите, со цел унапредување на транспортниот сектор и побрза интеграција на земјата во европските транспортни мрежи, информираат од Собранието во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пред пратениците одлука за нафтената криза во државата

Пратениците денеска треба да одлучуваат за продолжување на кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати, која според предлогот ќе трае до 20 јули.Одлуката, предложена од Владата и усвоена на последната владина седница, е единствена точка на дневниот ред на 99. собраниска седница закажана за 12 часот. Како причина се наведува ризикот од пореметувања во снабдувањето, што може да има влијание врз енергетската и економската стабилност на државата.Доколку биде изгласана, одлуката ќе стапи во сила од 21 април, по објавувањето во „Службен весник“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqja68b1aulu92qCC0pp

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште со 61 глас „за“ – започнува од мај 2026

Со 61 глас „за“ и без ниту еден против или воздржан, Собранието синоќа го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка.Според законот, новото средно полициско училиште ќе започне со работа од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, согласно новиот закон за внатрешни работи – Полициска академија. Наставата ќе се одвива според планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во соработка со министерот за внатрешни работи, а образовниот процес ќе трае две учебни години (третата и четвртата година средно образование).Учениците кои ја завршиле првата и втората година на средно образование можат да се пријават на конкурс и, доколку ги исполнуваат условите, своето образование да го продолжат во средното полициско училиште. Со ова се продолжува традицијата на училиштето – последната, 24-та генерација, завршила во 2000 година, а сега се очекува формирање на 25-та генерација.За запишување во средното полициско училиште, кандидатите треба:да се државјани на Македонија,да не наполнат 18 години на денот на објавувањето на јавниот повик,активно да го користат македонскиот јазик,да бидат здравствено и психофизички способни,да поминат безбедносна проверка која утврдува дека не постои безбедносен ризик,да обезбедат писмена согласност од родител, старател или законски застапник.Во законот се нагласува дека целта на образованието е подготовка на кадар способен да се справува со безбедносните предизвици со кои се соочува државата и превенција на општествени девијации. Недостигот од формализирано полициско средно образование го отежнувал кариерниот развој во безбедносниот сектор и селекцијата на кадар според специфичните потреби на државата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryckfk0sgo0jp0cNc0dil

Парламентот изгласа закон: Возење мотоцикли до 125 см³ со Б категорија

Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера беше изгласан од мнозинството пратеници во Собранието.Според измените, возач со возачка дозвола од категорија „Б“ ќе може да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со моторна зафатнина до 125 см³ и сила до 11 kW, доколку ги исполнува следниве услови:да има наполнето 23 години,минимум пет години да поседува важечка возачка дозвола од категорија „Б“,да поседува потврда за завршена 4-часовна теоретска обука.Овие дозволи ќе важат само на територијата на државата. Зголемената употреба на помали моторни возила ќе помогне во намалување на сообраќајниот метеж, ќе ја зголеми проточноста на сообраќајот и ќе придонесе за заштита на животната средина преку намалување на емисиите на штетни гасови.За усогласеност со европските стандарди, се предвидува на самата возачка дозвола да се допише национален код кој ќе овозможи управување мотоцикли од категоријата А1. Слични решенија веќе се применуваат во земјите-членки на Европската Унија, вклучувајќи Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксембург, Словенија и Полска.На пример, во Италија, возачите со Б категорија можат да управуваат мотоцикли до 125 см³ без дополнителен возачки испит, доколку поседуваат возачка дозвола одреден временски период.Пратеникот Пеце Милевски истакна дека новите законски измени ќе овозможат поголема достапност до работни места, услуги и други активности, особено во урбаните средини каде најчесто се јавува појавата „еден човек – едно возило“.

Македонија | пред 1 месец

media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Спасовски: Како сопственик на хидроцентрали ќе биде независен регулатор?

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, остро реагираше на собраниската седница посветена на избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, обвинувајќи дека се врши партизација на институцијата.Спасовски посочи дека изборот не смее да помине без дебата и оцени дека актуелните кадровски решенија се спротивни на претходните ветувања за департизација и системски промени.„Јасно е дека кандидатот е партиски член, но уште посериозен проблем е што истиот се јавува како сопственик на хидроцентрали и компании од енергетскиот сектор, што отвора прашање за независноста на Регулаторната комисија“, рече Спасовски.Тој наведе дека кандидатот е поврзан со повеќе компании од енергетската област, меѓу кои „Алфа инженеринг“, „Екотера“, „Хидронерџи груп“ и „МХЦ Козја река“, како и дека поседува мали хидроцентрали.Според него, ваквата состојба создава ризик од судир на интереси, бидејќи претседателот на Регулаторната комисија одлучува за цената на електричната енергија, што директно може да влијае врз профитите на приватни енергетски субјекти.Спасовски потсети и на претходни ставови на пратеници од власта, кои во минатото барале строги критериуми за избор на членови на Регулаторната комисија, вклучително и услов кандидатите да не бидат поврзани со политички партии.„Ако тогаш тоа не било добро, денес имаме уште полош пример. Ако не гласате против, тогаш сите тие ставови може да ги фрлите“, порача Спасовски, обвинувајќи за недоследност и отсуство на интегритет.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница истакна дека горивата имаат клучна улога во економијата и не смеат да се третираат исклучиво како извор на буџетски приходи.Говорејќи за предлогот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и намалување на акцизите, Битиќи нагласи дека секое поскапување директно се пренесува врз производството, транспортот и на крајот врз работните места.„Секој денар повеќе потрошен на литар не е само трошок за возилото, тоа е трошок за машините, доставата, извозот и на крајот за работното место“, рече Битиќи.Тој потенцираше дека предложените измени предвидуваат намалување на акцизите кај бензинот и дизелот, со цел да се амортизира ценовниот шок кај енергенсите и да се создаде предвидлива економска рамка.Битиќи ја критикуваше Владата дека пристапот е „реактивен и краткорочен“, посочувајќи дека и самата признала дека акцизата е инструмент за заштита на стандардот, но дека мерките не се доволно системски.Во обраќањето тој изнесе и податоци за состојбата во индустријата, според кои производството бележи пад од 6,6 проценти во јануари 2026 година, додека преработувачката индустрија е во пад од 8 проценти. Дополнително, прометот во индустријата е намален за 9,4 проценти, а бројот на вработени континуирано опаѓа.Според него, во вакви услови акцизата треба да се користи како антиинфлаторен инструмент, бидејќи компаниите немаат простор да ги апсорбираат зголемените трошоци.„Ако не можат да го префрлат трошокот во цената, го намалуваат профитот, а ако ни тоа не е можно – кратат инвестиции, смени и работници“, предупреди Битиќи.Тој повика на поширока политичка поддршка за предложените законски измени, оценувајќи дека станува збор за мерка што директно ја штити економијата и животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-library9qvfpdft75ue3cfwNnr

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, на седницата образложи дека постојното законско решение остава „широк простор“ Владата самостојно да одлучува за учество во воени операции, без директна поврзаност со одбраната на државата.„Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Исмаил.Тој посочи дека членството во НАТО подразбира отстапување на дел од суверенитетот, особено во делот на одбраната, и отвора можност за директно или индиректно вклучување во конфликти.Според него, досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен мандат или со, како што рече, злоупотребен мандат, што резултирале со нестабилност.Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.Со предложените измени, Левица бараше секое учество на армијата во странство да биде строго врзано за меѓународно право и националниот интерес, но предлогот не беше изгласан.

Македонија | пред 1 месец

policija-2

Нов закон: Возачите со Б категорија ќе можат да возат мотоцикли до 125 кубици, само треба да имаат четиричасовна обука

Возачите кои поседуваат возачка дозвола од Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли од А1 категорија, но под строго утврдени услови, предвидува новиот предлог за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Како ќе се спроведува обуката и изгледот на потврдата, ќе ги пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена од стапување на сила на законот. Автошколите ќе мораат да издаваат потврда за посетена четиричасовна теоретска обука за сообраќајни правила и прописи и за тоа да го известуваат МВР.Предлогот, поднесен од пратеничката група на ЗНАМ, предвидува дека лицата со Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од А1 категорија, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 киловати.Според нив, правото ќе важи за лица кои имаат наполнето најмалку 23 години, поседуваат возачка дозвола од Б категорија најмалку пет години и имаат завршено задолжителна теоретска обука.Според предлагачите, целта на законските измени е да се поттикне користењето на мотоцикли како поекономично и поефикасно превозно средство во секојдневието, со што би се намалиле сообраќајниот метеж и трошоците за транспорт.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2usa516otu319IXcNE8

Денеска во Собранието седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Собранието на Република Македонија го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.За неговото именување гласаа 66 пратеници, додека 2 беа „против“, а 8 „воздржани“, од вкупно 101 присутен пратеник.Со оваа одлука, Савески ја презема функцијата прв човек на јавното обвинителство, во период кога правосудниот систем е под силен јавен и политички притисок, со очекувања за поголема ефикасност и независност во постапувањето.Неговиот избор беше проследен со жестока политичка дебата во Собранието, во која власта и опозицијата изнесоа спротивставени ставови за состојбите во правосудството и за начинот на избор на обвинителот.

Македонија | пред 2 месеци

smilkovsko-ezero-zrtvi

По 14 години, се бара по третпат да се приспитува убиството кои ги уби децата и рибарот кај Смилковско, овојпат од новиот јавен обвинител

Случајот „Монструм“ повторно ја отвори политичката дебата, откако во јавноста се појавија повици за негово преиспитување, проследени со остри реакции и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, остро реагираше на изнесените ставови, оценувајќи дека се прави злоупотреба на трагедијата и болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски.„Не можам да поверувам дека во 2026 година вие и претходниот говорник сте единствените кои верувате на тезите на зоран заев од 2015 година, а во 2021 година ги демантираше. Во 2015 година во интервјуа велеше дека овие што се во затвор не се виновни и дека други се виновни, а во 2021 година кажа дека тоа биле лични впечатоци, негови видувања, дека немал податоци, документи и разговори туку се му било врз основа на прашања од новинари, па споделувал видувања и чувства. Со што добри шест години стави во катастрофална состојба членови на семејства кои изгубија деца. Да злоупотребувате судбина на семејства кои ги изгубија најблиските, е срамно“, рече Николоски коментирајќи за случајот „Монструм“ кој беше споменат како еден од слчаите кои треба да се реотвори во 2026 година оти според Халил Снопче бил монтиран.Од друга страна, пратеникот Халил Снопче возврати дека е недозволиво политичарите да се мешаат во правни процеси, но истовремено повика институциите да постапат доколку постојат сомнежи.„Безобразлук е да излезеш и да се мешаш во правни консеквенци како политичар. Тоа што кажал како Заев, не знам. Вие требаше да кажете дека ако има импликации за монтирани процеси, Савески да излезе и да преиспита. Абе истражете го случајот“, рече Снопче.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5671oo59c22e9ItTT2O

Ленче Ристоска беше оттурната и покрај кредбилитетот, рече Зајкова која упати порака до идниот државен обвинител Савески

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, во обраќање до јавноста оцени дека изборот на нов јавен обвинител не е само кадровско прашање, туку клучен тест за тоа дали државата конечно ќе обезбеди вистинска правда или ќе продолжи практиката на селективност.Таа посочи дека со години се води иста дебата за правосудството, без суштински промени, и ја критикуваше постапката во која прво се избира обвинител, а потоа се менуваат законските решенија.„Ова е избор кој значи тест за институциите и за тоа дали конечно ќе имаме вистинска правда или ќе продолжи селективната правда“, истакна Зајкова.Според неа, иако формално процедурите биле испочитувани, суштинскиот впечаток е дека Владата ја има клучната улога во изборот.„Повторно се создаде впечаток дека политиката има последен збор таму каде што треба да владее правото“, рече Зајкова.Таа го посочи и случајот со обвинителката Ленче Ристоска, за која оцени дека била оттурната и покрај нејзиниот кредибилитет.„Кога се оттурнуваат професионалци, а се туркаат погодни решенија, довербата кај граѓаните ќе продолжи да паѓа“, додаде таа.Зајкова нагласи дека проблемот не е во поединечни имиња, туку во системот на избор кој, според неа, секогаш остава простор за сомнеж за политичко влијание.Во своето обраќање таа упати порака и до новиот јавен обвинител, Ненад Савески, оценувајќи дека пред него стои голема одговорност.„Не е доволно да сте добар правник, потребна е храброст – да се оттурне политиката од обвинителството, да се отворат предмети што со години стоеле затворени и да се покаже дека законот важи за сите“, истакна Зајкова.Таа порача дека граѓаните не бараат совршен обвинител, туку праведен и независен.„Имате шанса да ја вратите довербата и да покажете дека правдата не е мртва. Или ќе ја ослободите правдата, или ќе останете соучесник“, рече Зајкова.Воедно, таа упати порака и до власта да не се меша во правосудството.„Правдата не е ваша алатка. Институциите не се партиски продолжетоци и секое вмешување ќе биде препознаено и осудено“, нагласи таа.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarys91catcl83t22eps8wT

Насилниците нема да носат електронска нараквица, жртвите нема да бидат предупредувани - не поминаа измените на законот

Предлог-законот за дополнување на Законот за спречување на насилство врз жени, кој предвидува воведување електронски нараквици за следење на сторителите, не се најде на дневниот ред на Собранието, откако не доби поддршка од мнозинството пратеници.Од вкупно 94 присутни пратеници, само 27 гласаа „за“, додека немаше ниту еден глас „против“ или „воздржан“.Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, една од предлагачите, изјави дека станува збор за идентичен законски текст кој бил предложен и пред една година, но тогаш бил одбиен без образложение.„Овој закон предвидува воведување електронска нараквица за сторителите на насилство, која ќе ја предупредува жртвата доколку сторителот се приближи до нејзината локација. Можеби ако беше усвоен пред една година, ќе значеше едно женско име помалку во црната статистика“, рече Зајкова.Таа нагласи дека предлогот е поднесен по скратена постапка и има превентивна цел, како одговор на зголемените случаи на насилство врз жени во изминатиот период.Според неа, законот нема финансиски импликации, бидејќи вакви уреди веќе постојат во рамки на системот за пробација при Министерството за правда и можат да се стават во функција.„Да ја исправиме грешката од пред една година. Во спротивно, ќе бидеме соучесници, бидејќи не сме превенирале и не сме направиле ништо“, додаде Зајкова.Собранискиот спикер Африм Гаши констатираше дека предлогот не е усвоен.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања