Промени тема
Контакт

ТЕНИС

media-libraryuneb6b9ntm7n7tZOoY8

Сабаленка: Никогаш не би го променила државјанството, не сакам да ги изневерам децата

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка не размислува за промена на државјанството, и покрај ограничувањата со кои се соочуваат спортистите од нејзината земја на меѓународната сцена поради војната во Украина. Во разговор со новинарот Пирс Морган, таа порача дека не сака да ги разочара младите во Белорусија, кои во неа гледаат пример.На прашањето дали би го променила државјанството, како што одлучиле некои руски тенисери за да настапуваат под знамето на друга земја, Сабаленка одговори дека таквата

Спорт | пред 3 дена

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

„Не беа упатени кон Елина“: Сабаленка се огласи по навредливите зборови

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка јавно се извини поради навредливите зборови што ги изговори во налет на бес за време на мечот против Украинката Елина Свитолина на завршниот турнир.Камерите ја забележаа Сабаленка во третиот сет како упатува вулгарни навреди, по што во јавноста се појавија реакции за нејзиното однесување. По мечот, кој заврши со победа на Свитолина, Белорусинката преку објава на Инстаграм потврди дека ги изговорила зборовите, но објасни дека тие не биле наменети за нејзината

Спорт | пред 4 дена

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

(Видео) По разделбата по седум години соработка, Алкарас и Фереро повторно лице в лице во Торино

По речиси една година од прекинот на нивната соработка, Карлос Алкарас и неговиот поранешен тренер Хуан Карлос Фереро повторно се сретнаа, а нивниот срдечен поздрав беше забележан од телевизиските камери.Двајцата ја прекинаа соработката во декември минатата година, по седум заеднички сезони, а нивната разделба беше проследена со различни коментари и изјави.Новата средба се случи во Торино, на завршниот мастерс-турнир. Фереро, кој сега е тренер на Американецот Бен Шелтон, пристигна на турнирот за

Спорт | пред 5 дена

media-library749cishbt0vk4CHysCV

Синер се надева на настап на Австралија опен, но нема да брза со закрепнувањето

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се надева дека ќе биде подготвен за следното издание на Австралија опен, но нагласува дека нема да го забрзува закрепнувањето од повредата на коленото. Тој најави дека, доколку здравствената состојба му дозволи, пред турнирот во Австралија би можел да настапи и на неколку други натпреварувања.Синер, кој е втор на светската ранг-листа, беше принуден предвреме да ја заврши сезоната поради повредата, откако во јули ја одбрани титулата на Вимблдон со победата над Ал

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го освои Мастерсот во Париз, Шелтон падна по голема борба

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го освои Мастерс-турнирот во Париз откако во финалето го совлада Американецот Бен Шелтон со 2:0 во сетови (7:6, 7:5) по речиси два часа игра.За Алкарас ова е прв трофеј на Мастерс-турнирот во Париз, а по победата истакна дека е особено горд на својот настап и на поддршката од тимот. Тој го пофали и Шелтон, нагласувајќи дека станува збор за одличен тенисер со кого очекува уште многу квалитетни дуели.Шелтон, и покрај поразот, му честиташе на шпанскиот тенисер и нег

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Алкарас го победи Руд и се пласираше во финалето на мастерсот во Париз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласираше во финалето на мастерс-турнирот во Париз, откако во полуфиналето го совлада Каспер Руд со 6:4, 6:4 за околу час и половина игра.Алкарас одигра сигурен натпревар и не му дозволи на Норвежанецот ниту една можност за брејк, додека трипати го освојуваше неговиот сервис. Ова беше нивна осма меѓусебна средба, а Шпанецот ја забележа седмата победа.За титулата на последниот мастерс-турнир од серијата 1.000 во сезоната, Алкарас ќе игра против Бен Шелтон, кој

Спорт | пред 1 седмица

media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

Ѓоковиќ испрати порака за промените во Србија: „Јас го претставував народот, а не власта“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, пред почетокот на мастерс-турнирот во Париз, се осврна на здравствените проблеми со кои се соочувал во изминатите 12 месеци, но и на односот со властите во Србија.На прашањето на странски новинар за обидите на поединци од високите државни функции да го оспорат и дискредитираат, Ѓоковиќ порача дека се надева оти промените во земјата ќе донесат нов почеток.„Јас сум патриот, но секогаш го претставував својот народ, а не власта. Постои голема разлика меѓу нив. Среќен

Спорт | пред 2 седмици

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев запрен во полуфиналето во Виена, Де Минор против Алкарас во финалето

Австралискиот тенисер Алекс де Минор се пласираше во финалето на АТП-турнирот во Виена откако во полуфиналето го совлада Германецот Александер Зверев со 2:1 во сетови.Де Минор до победата стигна по два часа и 33 минути игра, со резултат 4:6, 6:1, 7:6. Зверев го освои првиот сет со 6:4, но Австралиецот возврати во вториот, во кој славеше убедливо со 6:1.Одлуката падна во третиот сет, во кој немаше одземање на сервисот, па победникот беше решен во тај-брејк. Де Минор поведе со 3:0, а потоа стигна

Спорт | пред 2 седмици

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерс-турнирот во Париз, кој ќе започне на 31 октомври со квалификациите, додека главниот турнир е закажан за 2 ноември.Прв противник на Ѓоковиќ ќе биде Валентен Вашеро од Монако. Доколку го совлада, во второто коло најверојатно ќе се соочи со Лучано Дардери.Во третото коло можни противници му се Алекс де Минор или Андреј Рубљов, додека во четвртфиналето би можел да игра против најдобриот тенисер во светот, Саша Зверев.Според објавениот т

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го победи Басилашвили и се пласира во четвртфиналето во Виена

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласираше во четвртфиналето на турнирот од серијата АТП 500 во Виена, откако го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили со 6:1, 7:6.Вториот носител го освои првиот сет за само 28 минути, но во продолжението Басилашвили даде многу посилен отпор. Одлуката падна во тај-брејкот, во кој Алкарас беше посигурен и го заврши мечот без потреба од трет сет.По победата над Карен Хачанов во првото коло, Алкарас ја мина и втората пречка на турнирот во Австрија.Во четвртфинале

Спорт | пред 3 седмици

medvedev1

Медведев со убедлива победа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Алмати

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на АТП-турнирот во Алмати, откако во осминафиналето убедливо го совлада Јапонецот Шо Шимабукуро со 6:2, 6:1.Мечот траеше само 52 минути. Медведев, петтиот тенисер на светската ранг-листа, во првиот сет направи два брејка, а во вториот уште три, наспроти Шимабукуро, кој е на 109. место на АТП-листата.Во четвртфиналето Медведев ќе игра против Теренс Атман, кој го совлада Матија Белучи со 2:1 во сетови.Останатите четвртфинални двојки се

Спорт | пред 4 седмици

Rafael-Nadal-celebrates-960x499-1

Надал најави враќање на тенискиот терен

Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на професионалната кариера призна дека тенисот не му недостигал премногу.По повод десетгодишнината од својата академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше егзибиционен турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини.Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на Ролан Гарос, по тој повод повторно го зеде рекетот в раце и навести дека

Спорт | пред 1 месец

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ го елиминираше Зверев и се пласираше во полуфиналето во Пекинг

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП-турнирот во Пекинг, откако во четвртфиналето го совлада првиот носител и вториот тенисер во светот, Германецот Александер Зверев, со 4:6, 6:4, 6:4.Ѓоковиќ, кој има 39 години, до победата над десет години помладиот Зверев стигна по два часа и 35 минути игра.Зверев го освои првиот сет со 6:4, но Ѓоковиќ возврати во продолжението и ги освои вториот и третиот сет со идентични 6:4.Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против шестиот тенисер во светот, Русин

Спорт | пред 1 месец

Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Рафаел Надал повторно ќе заигра тенис, речиси две години откако ја заврши професионалната кариера. Шпанскиот тениски ас во ноември ќе одигра неколку ревијални натпревари по повод десетгодишнината од основањето на неговата тениска академија.Настапите ќе се одржат во академијата на Надал во неговиот роден град Манакор, на шпанскиот остров Мајорка. Од академијата најавија дека 40-годишниот Надал ќе игра против некои од најголемите имиња во тенисот, но имињата на неговите противници ќе бидат објавен

Спорт | пред 2 месеци

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Сè поголемиот број повреди и откажувања на врвните тенисери повторно го отвораат прашањето за условите под кои денес се игра професионалниот тенис. Долгите мечеви, густиот календар, високите температури, материјалите и честото менување на топчињата се наведуваат како фактори што дополнително ги оптоваруваат играчите.Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ се осврна на проблемот по серијата повреди и повлекувања на тенисери од светскиот врв. Последен во низата е Џек Дрејпер, кој ја заврши сезона

Спорт | пред 2 месеци

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Томи Пол по поразот од Алкарас: „Разликата во нивото беше огромна, ужасно чувство“

Томи Пол не криеше дека бил целосно немоќен против Карлос Алкарас во осминафиналето на УС Опен. Американецот на „Артур Еш“ беше убедливо надигран од бранителот на титулата, а по мечот се обиде да објасни зошто не успеал посериозно да му се спротивстави на Шпанецот.„Морав многу подобро да ја погодувам бекхенд дијагоналата. Речиси по секој мој бекхенд, тој успеваше да се извлече и да нападне со форхенд. Имав чувство дека многу побрзо преминуваше во напад“, изјави Пол.Посебен проблем за Американецо

Спорт | пред 2 месеци

media-library3h6578enc2i58ezMeJ0

Лина Ѓорческа со убедлива победа го почна настапот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125 турнирот во Анталија, откако во првото коло ја совлада седмата носителка Миа Ристиќ од Србија со 2-0 во сетови, 6-1, 6-3.Ѓорческа до триумфот стигна по 86 минути игра. Во првиот сет направи два брејка и поведе со 4-0, а потоа во седмиот гем, по 16 одиграни поени, ја искористи четвртата сет-топка за 1-0.Во вториот сет македонската тенисерка направи брејк во четвртиот гем за водство од 3-1, кое го задржа до крајот за убе

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка продолжува да доминира на УС Опен: Стигна до четвртфиналето

Арина Сабаленка продолжува со одличните настапи на УС Опен, откако во осминафиналето ја совлада Американката Тејлор Таунсенд со 6:4, 6:3 и обезбеди пласман во четвртфиналето.На Сабаленка ѝ беа потребни само еден час и 15 минути за победата, со која стигна до 17. последователен триумф во Њујорк. Двократната последователна шампионка на турнирот со тоа го избори и своето 17. гренд-слем четвртфинале во кариерата, а шести пат меѓу најдобрите осум стигнува токму на УС Опен.Таунсенд, која моментално е

Спорт | пред 2 месеци

453245652_18456652396030927_7716401201356146522_n

Навоне го елиминираше Ѓоковиќ, но не стигна до осминафинале на УС Опен

Аргентинецот Маријано Навоне го заврши настапот на УС Опен во третото коло, откако неговиот сонародник Томас Мартин Ечевери го совлада со 3:0 во сетови.Навоне, кој предизвика една од најголемите сензации на годинашниот турнир со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ во првото коло, овојпат немаше одговор за одличната игра на Ечевери.Мечот траеше два часа и 25 минути, а Ечевери славеше со 6:4, 6:4, 6:3 и обезбеди место во осминафиналето, каде што ќе игра против Американецот Алекс Микелсен.Ечевери одличн

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryuneb6b9ntm7n7tZOoY8

(Видео) Сабаленка го прекина мечот на УС Опен поради мирис на марихуана од трибините

Арина Сабаленка накратко го прекина мечот од третото коло на УС Опен против Камила Рахимова поради силниот мирис на марихуана, кој се ширел на стадионот „Луис Армстронг“.При водство од 3:0, Сабаленка му се пожали на судијата дека мирисот доаѓа од трибините и ѝ пречи во текот на мечот.„Многу е силно“, порача Сабаленка, јасно ставајќи до знаење дека мирисот ѝ ја нарушува концентрацијата. Сцената е потврдена и од повеќе извештаи за мечот.Пушењето е забрането во комплексот на УС Опен, иако рекреатив

Свет | пред 2 месеци

media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

(Видео) Алкарас се насмеа на предлогот на Серена: „Татко ми би добил срцев удар“

По подолгата пауза поради повреда, Карлос Алкарас се врати на тениските терени, а на почетокот на настапите на УС Опен повторно привлече внимание и со своето расположение надвор од теренот.Шпанскиот тенисер заедно со Серена Вилијамс, со која настапуваше во мешани двојки, даде интервју за „Vogue“, а еден од интересните моменти бил разговорот за неговата фризура.Серена решила да му даде и конкретен предлог – следниот пат Алкарас да се појави со фризура позната како „мохок“.Предлогот го насмеал 22-

Спорт | пред 2 месеци

media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ

Лола Радивојевиќ елиминирана по голема драма во квалификациите за УС Опен

Српската тенисерка Лола Радивојевиќ не успеа да стигне до третото коло од квалификациите за главниот турнир на УС Опен, откако по голема борба загуби од руската тенисерка Кристина Љутова со 2:1 во сетови.Љутова славеше по два часа и 19 минути игра со 6:2, 5:7, 6:4, со што ја прекина надежта на Радивојевиќ за пласман во завршната рунда од квалификациите.Мечот донесе големи пресврти, особено во вториот и третиот сет. Радивојевиќ имаше одлична можност да направи целосен пресврт откако во вториот се

Спорт | пред 2 месеци

media-librarytll4g4pbjp8s2RAFZht

Нов тениски бисер од Шпанија: Има само 19 години, а веќе го изедначи историскиот рекорд и го надмина Ѓоковиќ

Шпанскиот тенис добива уште еден млад талент кој со своите резултати веќе привлекува големо внимание на светската сцена. Рафаел Ходар со само 19 години го очекува своето деби на УС Опен, и тоа како 11. тенисер во светот.Младиот Шпанец, во пресрет на настапот во Њујорк, покажа дека високото место на АТП-листата не е случајност. Тој неодамна стигна до финалето на турнирот во Вашингтон, потоа играше во полуфиналето на Мастерсот во Монтреал, додека во Синсинати беше елиминиран во осминафиналето од Ф

Спорт | пред 2 месеци

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Големи промени на АТП-листата: Ѓоковиќ не мрдна од петтото место, Коболи со скок во кариерата

Најновата АТП-листа донесе неколку промени во врвот, но Новак Ѓоковиќ ја задржа петтата позиција и покрај неочекувано раниот пораз на турнирот во Синсинати.Српскиот тенисер освои 10 поени и сега има 3.770, односно 60 повеќе од Италијанецот Флавио Коболи. Токму Коболи забележа најголем напредок во Топ 10, искачувајќи се за четири места и стигнувајќи до шестата позиција, што воедно е неговиот најдобар пласман во кариерата.На врвот и натаму е Јаник Синер со 12.800 поени. Карлос Алкараз, кој има 7.1

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryknv49i9masgmabZ0mNB

(Видео) „Што пие Анисимова?!“: Тенискиот свет збунет од мистериозниот напиток среде меч

Американската тенисерка Аманда Анисимова го привлече вниманието на тенискиот свет за време на мечот против Александра Еала на турнирот во Синсинати, но овојпат не поради нејзината игра. Во еден момент таа од својата торба извади чаша со напиток кој на телевизиските гледачи им заличи на пиво.Ситуацијата веднаш ги заинтригира и коментаторите. Брет Хабер ја праша Линдзи Девенпорт што пие Анисимова, на што таа претпостави дека можеби станува збор за јаболков сидер.„Никогаш не би рекол дека тенисерка

Спорт | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања