Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

УБИСТВО

media-librarydgfea0lfe3ol0tLjfTJ

Актерот Стјуарт Меклин пронајден мртов една недела по исчезнувањето

Канадскиот актер Стјуарт Меклин, познат по улогите во сериите „Вирџин Ривер“ и „Стрела“, е пронајден мртов една недела откако беше пријавен за исчезнат, а полицијата неговата смрт ја истражува како убиство.Интегрираниот канадски тим за истрага на убиства соопшти дека посмртните останки на 45-годишниот актер биле пронајдени во областа Лајонс Беј, во канадската провинција Британска Колумбија.Меклин последен пат бил виден на 15 мај во својот дом, а три дена подоцна бил пријавен за исчезнат во полицијата во Сквамиш.Истражителите наведуваат дека станува збор за изолиран случај и дека во моментов се анализираат докази, снимки од надзорни камери и сведоштва со цел да се утврди што се случило пред неговото исчезнување.„Ги следиме сите достапни траги за да најдеме одговори за семејството и блиските на господинот Меклин“, изјави капларот Естер Тапер од истражниот тим.Од актерската агенција Lucas Talent Inc. се простија од Меклин со емотивна порака, опишувајќи го како професионален, посветен и „бескрајно забавен човек“.Освен во „Вирџин Ривер“ и „Стрела“, Меклин глумеше и во сериите „Убиство во мал град“ и „Среќно лице“.

Свет | пред 1 седмица

media-library18pnrgdob7ctct6pqKJ

Телото било запалено и бетонирано: Србија во шок по мафијашката ликвидација

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа на РТС се осврна на бруталното убиство кое ја потресе Србија, откако кај Инѓија беше пронајдено тело во закопано буре, за кое постојат сомнежи дека е на Александар Нешовиќ Баја.Според српските медиуми, Нешовиќ бил убиен на 12 мај во ресторанот „27“ на белградски Сењак. Во случајот досега се уапсени десет лица, меѓу кои и началникот на Полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ, кој истиот ден бил разрешен од функцијата.Обвинителството се сомнева дека токму Милиќ телефонски го повикал Нешовиќ да дојде во ресторанот и му предложил да не носи обезбедување. Според истрагата, Нешовиќ првично се премислил кога ги видел возилата на осомничените, но по нов повик од Саша Вуковиќ Боске, со кого бил во конфликт, повторно се вратил и седнал на маса. Обвинителството сомничи дека Вуковиќ потоа извадил пиштол и испукал повеќе куршуми кон него.„Ова го направиле монструми. Тоа не се луѓе. Без разлика за кого станува збор, никој не смее да заврши на ваков начин“, изјави Вучиќ.Тој најави „најжестока можна борба“ против криминалот и корупцијата во полицијата.„Сите кои учествуваат во заштита на криминалци ќе мора да ја напуштат работата. Не сакаме тајкунска полиција која ќе работи приватни работи“, рече Вучиќ.Според него, осомничените се обиделе да ги доведат истражителите во заблуда, тврдејќи дека телото е фрлено во Сава, додека всушност било закопано кај Инѓија.„Специјалците пронајдоа траги од запалено дрво и материјал. Бурето било пресечено на половина, телото згрчено и запалено, а потоа сè било бетонирано во некаква гаража“, изјави Вучиќ.Тој додаде дека осомничените по злосторството се вратиле во кафуле и пиеле пијалак.„Можете да замислите со какви монструми имаме работа“, рече српскиот претседател.Вучиќ изјави и дека е незадоволен од состојбата во делови од безбедносниот систем.„97 проценти од полицајците се чесни луѓе, но поради тие три проценти валкани полицајци, кои сите ги знаат, повеќе нема да можат да ја работат таа работа“, порача тој.На крајот, Вучиќ оцени дека Србија и понатаму е една од најбезбедните земји во Европа, но призна дека проблемот често се наоѓа во раководните структури.„Сакам уредена држава во која вакви работи никогаш повеќе нема да се случуваат“, изјави Вучиќ.

Свет | пред 1 седмица

media-library8tk5mvidsqkj5B3Xtz8

Жена со прострелна рана во главата пронајдена во скопско село: сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид во скопското село Копаница, каде била пронајдена почината 37-годишната Х.Р.Ј. од Косово, со прострелна рана во главата.Според информациите од МВР, полицијата постапувала по претходна пријава, а покрај телото бил пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг Д.Ј.(42) од Копаница, кој оружјето го поседувал без дозвола.„Според исказот на Д.Ј., истиот ден околу 10:00 часот, во семејниот дом настанала расправија меѓу него и неговата сопруга Х.Р.Ј., по што, според негово кажување, таа извршила самоубиство“, велат од МВР.Од Обвинителството соопштија дека телото е дадено на обдукција, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.„По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, велат од ОЈО Скопје.За оружјето, против сопругот е поведена истражна постапка за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот“, соопштија од обвинителството.СВР Скопје и ОЈО Скопје продолжуваат со постапување за утврдување на сите околности поврзани со случајот

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysjpadu9k90asd7q8FUX

Жена во Шкотска осудена на доживотен затвор за брутално убиство на соседката

Четириесетгодишната Клер Килдаф е осудена на доживотен затвор со минимална казна од 21 година поради бруталното убиство на својата 61-годишна соседка, Ен Кол, во Рутерглен.Убиството било извршено неколку дена пред Божиќ 2023 година, а обвинетата потоа се обидела вината да ја префрли на друго лице.На судот во Глазгов било кажано дека Килдаф, која имала долгови, влегла во домот на соседката и префрлила 320 фунти од нејзината банкарска сметка на својата.Според судот, жртвата била нападната со најмалку 21 удар со чекан во главата, а потоа повеќепати избодена со нож по вратот и телото.Судијата нападот го опишал како „дивјачки и долготраен“.По убиството, Килдаф повикала итна помош и лажно тврдела дека ја пронашла соседката во локва крв.Во текот на истрагата, полицијата пронашла скриени докази во нејзиниот стан, а на мобилниот телефон биле откриени интернет-пребарувања, како „најсмртоносни убодни рани“ и „удар со чекан во глава“.Жртвата, која живеела сама со своето куче, била мајка на три деца и баба на осум внуци. Судот посочи дека таа двапати победила рак и била омилена во заедницата.

Свет | пред 1 седмица

media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Тројца убиени во напад врз исламски центар во Сан Диего

Три лица загинаа во вооружен напад врз исламски центар во Сан Диего, а полицијата случајот го третира како можно злосторство од омраза.Според информациите од локалните власти, жртвите биле застрелани пред објектот, а меѓу загинатите е и чуварот на центарот. Американските медиуми јавуваат дека другите две жртви биле вработени во установата.Началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал, изјави дека чуварот имал клучна улога во спречувањето на уште потежок исход.„Без неговата реакција, исходот можеше да биде многу полош“, изјави Вал.Полицијата подоцна во паркирано возило ги пронашла телата на двајцата осомничени напаѓачи, на возраст од 17 и 19 години. Според официјалните информации, тие по нападот извршиле самоубиство.Исламскиот центар, кој се наоѓа покрај најголемата џамија во градот, располага и со училиште. За време на полициската интервенција биле евакуирани деца од објектот.Поради тоа што нападот бил насочен кон верска институција, во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро – ФБИ.„Поради таа причина го вклучивме и ФБИ“, изјави началникот Вал.Според полицијата, околу два часа пред нападот, мајката на еден од осомничените пријавила дека нејзиниот син исчезнал и изразила стравување дека се наоѓа во суицидна состојба. Таа подоцна забележала дека недостасуваат неколку парчиња оружје и нејзиното возило.Истражителите пронашле и белешка со, како што наведуваат, „реторика исполнета со омраза“, но без конкретни закани кон исламскиот центар.За случајот реагираше и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој преку објава на X им се заблагодари на службите за итна интервенција и ги повика граѓаните да ги следат насоките на локалните власти.

Свет | пред 1 седмица

Hrvatska-policija

Продавачка од Дрниш: Убиецот прашуваше дали камерите ќе го снимат

По 28-часовна потрага, хрватската полиција го уапси осомничениот за убиството на матурантот во Дрниш.Во големата полициска акција учествувале стотици полицајци, специјалци со долги цевки, дронови, хеликоптер и термални камери, а биле подготвени и полициски преговарачи.Осомничениот бил пронајден на влезот во градот, на околу 300 метри од куќата каде што, според сомнежите, било извршено убиството.При апсењето давал отпор, поради што полицијата употребила сила. Кај него биле пронајдени огнено оружје и нож со сечило долго 20 сантиметри.Полицијата соопшти дека во акцијата биле вклучени припадници од повеќе полициски единици, а потрагата била координирана од оперативен штаб.Според сомнежите, осомничениот користел бибер за да ги збуни полициските кучиња трагачи, што укажува дека однапред се подготвувал за криење.Продавачка од Дрниш изјавила дека вечерта пред апсењето купувал паштети, конзервирана храна, бибер и пијалаци, а прашувал и дали продавницата има безбедносни камери.Жителите на Дрниш претпоставуваат дека се криел во близина на железничката пруга и еден напуштен бункер, бидејќи добро го познавал теренот.Полицијата продолжува со истрагата за целосно утврдување на околностите на случајот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqj1ahs6oq9kq2VbazTa

Осомничениот за убиството од Дрниш е донесен во полициска станица, ќе даде исказ во присуство на адвокат

Осомничениот за убиството на 19-годишниот доставувач во Дрниш, денеска околу 15:15 часот, беше донесен во Полициската станица во Шибеник.Како што пренесуваат хрватските медиуми, тој бил спроведен со две полициски комбиња и неколку полицајци.Осомничениот сè уште се наоѓа во полициската станица, каде што треба да даде исказ во присуство на адвокат кој му е доделен по службена должност.Според хрватскиот закон, полицијата има рок од 24 часа од моментот на апсењето да го задржи, а рокот може да биде продолжен за уште 24 часа доколку е потребно.По сослушувањето во полицијата, осомничениот ќе биде предаден на притворски надзорник, а потоа ќе даде официјален исказ и во Жупаниското државно обвинителство во Шибеник.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl434ii3dqpup72vjgHG

Уапсен осомничениот за убиството на 19-годишниот доставувач на храна во Дрниш

Полицијата во Шибеник-Книн објави детали за апсењето на 50-годишниот Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач на храна Лука М. во Дрниш.Според полицијата, Алексиќ бил забележан околу 2:30 часот наутро на пристапот кон Дрниш, по што полицајците брзо реагирале и го совладале со употреба на физичка сила и средства за врзување.При претресот кај него биле пронајдени огнено оружје и нож со сечило долго 20 сантиметри.По апсењето, осомничениот бил пренесен во полициска станица, каде што продолжила кривичната истрага.Во потрагата по Алексиќ учествувале голем број полицајци, службени кучиња трагачи, хеликоптер и беспилотни летала.Според хрватските медиуми, Алексиќ бил лоциран со дрон во близина на неговата куќа, а при апсењето не пружил отпор.Тој е осомничен дека во саботата вечерта на терасата од својата семејна куќа го убил 19-годишниот Лука М., кој доставувал храна.По злосторството, Дрниш бил под силни полициски мерки, а граѓаните биле повикани да не ги напуштаат своите домови.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Адвокат за убиството во Дрниш: „Системот не може да ги спречи сите вакви трагедии“

Адвокатот Љубо Павасовиќ Висковиќ изјави дека трагедијата во Дрниш, во која беше убиен млад доставувач на пица, тешко можела да биде спречена, оценувајќи дека хрватскиот правен систем нема механизми за трајно задржување на лица како осомничениот Кристијан Алексиќ.Алексиќ, кој пред повеќе од 30 години брутално убил девојка, сега е осомничен дека со нелегално оружје го убил 19-годишниот доставувач во Дрниш.„Правниот систем нема механизми со кои вакви лица трајно би се задржале во затвор ако не постојат формални законски услови за тоа“, изјави Павасовиќ Висковиќ за „Тпортал“.Тој посочи дека и во случајот од 2023 година, кога Алексиќ бил пријавен за нелегално поседување оружје, најверојатно би добил условна или делумно условна казна.Адвокатот нагласи дека, по издржувањето на казната и по истекот на одреден период, настапува рехабилитација и лицето формално повторно се смета за неосудувано.Според него, во Хрватска има илјадници лица со сличен профил и ниту еден систем не може целосно да ги спречи ваквите трагедии.Полицијата претходно потврди дека повеќепати постапувала против Алексиќ, а особено проблематичен бил случајот од 2023 година поврзан со нелегално оружје, за кој до денес не било одржано ниту првото рочиште.

Свет | пред 1 седмица

media-library1f4h28tah4j93bTLCJP

(Видео) Полицијата го транспортира убиецот од Дрниш во канцеларијата на државниот обвинител

Со врзани раце зад грб, полицијата утрово околу 10:30 часот го спроведе Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството во Дрниш, во полициско комбе, по што бил пренесен во полициската станица во Шибеник за понатамошна постапка. Во текот на денот се очекува да биде предаден на притворскиот надзорник.Од полицијата рано утринава соопштија дека осомничениот 50-годишник бил уапсен и приведен во службени простории, каде што продолжила криминалистичката истрага.Силни полициски сили од саботата навечер интензивно трагаа по Алексиќ на поширокото подрачје на Дрниш, поради сомневање дека го убил 19-годишниот доставувач на пица Лука М.Според информациите, злосторството се случило во саботата околу 23 часот на терасата од семејната куќа на осомничениот, по што градот бил под засилени полициски мерки. Во текот на потрагата биле затворени сите влезови и излези од Дрниш, а на граѓаните им било препорачано да останат во своите домови.Полицијата објави дека осомничениот бил забележан околу 2:30 часот на приодот кон градот. По брза интервенција, полициските службеници го совладале со употреба на сила и средства за врзување.При претресот кај него биле пронајдени огнено оружје и нож со сечило долго 20 сантиметри. По апсењето бил пренесен во полициската станица, каде што продолжила истрагата.Во акцијата за пронаоѓање на осомничениот бил ангажиран голем број полициски службеници, како и службени кучиња трагачи, хеликоптер и беспилотни летала.

Настани | пред 1 седмица

media-libraryl434ii3dqpup72vjgHG

(Видео) Полицијата објави детали за апсењето на убиецот од Дрниш

Шибенско-книнската полиција објави детали за ноќешното апсење на Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишниот Лука М. во Дрниш.Полициските службеници го забележале осомничениот околу 2:30 часот на приодот кон градот Дрниш, по што брзо реагирале и го совладале со употреба на физичка сила и средства за врзување.При прегледот кај 50-годишникот биле пронајдени огнено оружје и нож со сечило долго 20 сантиметри.По апсењето, бил приведен во полициска станица, каде што продолжила криминалистичката истрага.Од полицијата соопштија дека во потрагата бил ангажиран максимален број полициски службеници, а во акцијата биле вклучени и службени кучиња трагачи, хеликоптер и беспилотни летала.Потсетуваме, Алексиќ во саботата вечер го убил доставувачот на храна Лука М. во Дрниш, а потрагата по него траела околу 28 часа.Според информациите на „Далмација Данас“, осомничениот бил уапсен на околу стотина метри од неговата куќа.На местото останале траги од полициската акција, вклучувајќи полициска лента и лисици.Неофицијално, Алексиќ бил уапсен без облека, а наводно зад себе расфрлал бибер во обид да ги измами полициските кучиња трагачи и да го отежне следењето.Жители на Дрниш тврдат дека бегал преку железничката пруга во близина на неговиот дом, каде што, според нивните зборови, има и бункери во кои се обидел да се сокрие.

Настани | пред 1 седмица

Hrvatska-policija

Сосетка на убиецот од Дрниш: „Секоја вечер трчаше километри, го знае секој дел од овој крај“

Дрниш е завиен во тага и неверување по убиството на средношколец кој работел како доставувач на храна за да заработи џепарлак.19-годишното момче беше убиено во саботата навечер додека доставувало пица на 50-годишниот Кристијан Алексиќ.Според сведоштва на соседи, младиот доставувач и неговиот пријател пристигнале пред куќата на Алексиќ, кој, наместо да ги пречека надвор, ги повикал да се качат на катот.Таму, на терасата од семејната куќа, тој наводно го застрелал момчето.Сосетка која живее во близина изјавила дека во моментот на убиството слушнала истрели, но помислила дека станува збор за петарди или огномет.Жителите на Дрниш велат дека со години живееле во страв од Алексиќ, за кого тврдат дека имал психички проблеми и чудно однесување уште од детството.Тие посочуваат дека во 2023 година кај него бил пронајден пиштол од домашна изработка, а според гласини, имал и список на луѓе што сакал да ги убие.Мештаните се револтирани што, и покрај претходните пријави и проблематичното однесување, Алексиќ не бил сместен во установа.Според нив, тој бил во одлична физичка форма, добро го познавал теренот околу Дрниш и можел лесно да се крие.Трагедијата силно ја потресе локалната заедница.„Убиен е нашиот град“, изјавила инструкторка по возење која го познавала момчето, додавајќи дека никој не треба повторно да доживее ваква трагедија.Полицијата и понатаму трага по Алексиќ.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl434ii3dqpup72vjgHG

„Системот потфрли“: Расте гневот по убиството на 19-годишникот

Бруталното убиство на 19-годишниот доставувач на пица во Дрниш повторно ја отвори дебатата за функционирањето на институциите во Хрватска и односот кон повеќекратните сторители на тешки кривични дела.Во анализите и реакциите по случајот се посочува дека осомничениот 50-годишен Кристијан Алексиќ и претходно бил осудуван, а јавноста повторно се соочува со честата формулација дека сторителот бил „од порано познат на полицијата“.Алексиќ претходно отслужил 14 години затвор за убиство на млада жена во 90-тите години, која, според тогашните информации, била избодена 17 пати.Во текстовите што ги објавија хрватските медиуми се поставува прашањето како лице со такво криминално минато повторно било на слобода и без постојан надзор.Се наведува дека жителите на Дрниш со години стравувале од него и дека многумина сметале оти било „само прашање на време“ кога ќе се случи ново злосторство.Коментаторите оценуваат дека проблемот не е изолиран случај, туку поширок системски проблем во кој опасни сторители повторно се враќаат во општеството без соодветен надзор и рехабилитација.Во анализите се критикува и благиот казнен систем, како и недоволната координација меѓу полицијата, судството и здравствените институции.Според авторите, довербата во институциите дополнително се нарушува кога по сериозни инциденти повторно се слуша дека сторителите биле добро познати на полицијата и институциите, но навреме не биле преземени конкретни мерки.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Обвинителството се огласи за убиството на 19-годишникот во Дрниш

Жупаниското државно обвинителство во Шибеник се огласи по убиството на 19-годишниот Л.М. во Дрниш, за кое е осомничен 50-годишниот Кристијан Алексиќ, по кого полицијата сè уште интензивно трага.Од обвинителството соопштија дека дежурен заменик-обвинител, во соработка со полицијата, извршил увид на местото на злосторството.Според информациите, постои сомнение дека Алексиќ синоќа околу 23 часот во Дрниш испукал истрел од огнено оружје кон 19-годишниот хрватски државјанин, кој во тој момент доставувал нарачана храна.Момчето починало на местото на настанот од здобиените повреди.Обвинителството наредило обдукција на телото на убиениот, а до судијата на истрага при Жупанискиот суд во Шибеник било поднесено и барање за претрес на домот и просториите што ги користел осомничениот.Од Државното обвинителство наведуваат дека, во координација со полицијата, продолжуваат активностите за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Свет | пред 2 седмици

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Побаран краткотраен притвор за 19-годишникот, за убиството кај Сарај

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поведена постапка за убиството на 18-годишно момче од скопското село Бојане, кое беше убиено во околината на Сарај.Според обвинителството, постои основано сомнение дека кривичното дело „Убиство“ го извршил 19-годишник од истото село, кој веќе е лишен од слобода.„Постои основано сомнение дека кривичното дело - Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода“, велат од обвинителството.Јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за повеќе вештачења.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото“, соопштија од ОЈО.Од обвинителството додаваат дека доказите сè уште се прибираат, а поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, побаран е краткотраен притвор.„Јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата“, додаваат од обвинителството.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl434ii3dqpup72vjgHG

„Имаше список со луѓе за убивање“: Нови детали за убиецот од Дрниш

Во хрватскиот град Дрниш владеат шок, неверување и гнев по убиството на 19-годишен матурант, кој бил застрелан додека доставувал пица.Според хрватските медиуми, за убиството е осомничен 50-годишниот Кристијан Алексиќ, кој по злосторството избегал, а по него и натаму трае голема полициска потрага.Трагедијата се случила доцна синоќа, кога младиот доставувач пристигнал на адресата на Алексиќ заедно со колега. Осомничениот наводно ги повикал да се качат на терасата од куќата, по што пукал во 19-годишникот и го погодил во градите.По нападот, Алексиќ избегал, а неговиот колега повикал полиција.Жителите на Дрниш го обвинуваат системот дека дозволил опасен човек да се движи слободно низ градот и покрај претходните инциденти и закани.Според сведоштва на мештаните, Алексиќ со години ширел страв, а во 2023 година против него била поднесена пријава за нелегално поседување оружје. Тогаш кај него биле пронајдени импровизирано огнено оружје и муниција.Осомничениот и претходно бил осуден за убиство. Во 1994 година, како 18-годишник, убил 22-годишна девојка, по што бил осуден на затвор и задолжително психијатриско лекување.Во потрагата по него се вклучени специјална полиција, хеликоптер, дронови и кучиња трагачи, а полицијата ги предупреди граѓаните да не му се приближуваат бидејќи се смета за вооружен и опасен.

Свет | пред 2 седмици

Hrvatska-policija

Хеликоптер и специјалци го пребаруваат Дрниш, граѓаните се во страв по убиството

На подрачјето Вараош кај Дрниш продолжува интензивната потрага по осомничениот за убиството на 19-годишното момче.Над областа каде што живеат мештаните кружи полициски хеликоптер, а специјални полициски сили пребаруваат напуштени куќи и околниот терен.„Се наежив кога ги видов специјалците. Страшно е. Сè пребаруваат. Им покажавме кои куќи се напуштени. Страв ми е, сè е обраснато и може да се крие во која било грмушка“, изјавила вознемирена жителка за хрватскиот портал.Таа додала дека нема да излегува од дома додека убиецот не биде пронајден.Според информациите, полицијата во Дрниш поставила контролни пунктови на излезите од градот и врши проверки на возила, а дополнителен пункт е поставен и во местото Коњеврате.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqj1ahs6oq9kq2VbazTa

По убиството на 19-годишник во Дрниш, се бараат оставки од тројца хрватски министри

Убиството на 19-годишен доставувач на храна во хрватскиот град Дрниш отвори сериозни прашања за одговорноста на институциите, а во јавноста веќе се бараат оставки од тројца министри во владата на Андреј Пленковиќ.Во фокусот на критиките се министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, министерот за правда Дамир Хабијан и министерката за здравство Ирена Хрстиќ, поради наводни системски пропусти што, според критичарите, придонеле за трагедијата.Со убиството се поврзува 50-годишниот Кристијан Алексиќ, кој претходно бил осуден на 14 години затвор за брутално убиство на 22-годишна девојка, која ја избодел 17 пати.Иако во текот на судењето било посочено дека имал психички проблеми, тој не бил третиран како ментално болен сторител, туку му била изречена мерка задолжително психијатриско лекување.По излегувањето од затвор, според сведоштва од Дрниш, Алексиќ со години ширел страв меѓу жителите, а против него во 2023 година била покрената постапка и за поседување оружје.Во јавноста се поставуваат прашања дали полицијата, правосудниот систем и здравствените институции презеле доволно мерки за надзор над лице кое веќе било осудено за тешко убиство и имало психички проблеми.Според досегашните информации, 19-годишното момче било убиено додека доставувало храна.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvra4jccas9p93jywNJ9

Влегол додека спиела и ја убил со десетина убоди со нож - ужасни детали за трагедијата во Битола

Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 33-годишен маж осомничен за убиство при вршење семејно насилство, откако утрово со нож ја убил својата поранешна вонбрачна партнерка.Според обвинителството, станува збор за кривично дело квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.„Осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца“, соопшти обвинителството.Оттаму наведуваат дека осомничениот претходно се осигурал дека таткото на жртвата не е во домот во кој таа живеела, по што влегол во куќата додека жената спиела.„Осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и ѝ нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала“, наведува обвинителството.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола доставил предлог за определување мерка притвор.Како причина за притворот се наведува опасноста осомничениот да избега.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

Тивка прошетка низ продавницата, па пукотници: во Лас Вегас убиени мајката на неговите деца и нејзиниот нов сопруг

Маж од Невада, според сведоштва и полициски информации, мирно влегол во продавница во Лас Вегас каде што работела неговата поранешна сопруга и таму ги застрелал неа и нејзиниот нов сопруг. Очевидци велат дека напаѓачот дејствувал без видлива вознемиреност и дека по пукањето продолжил да се движи низ објектот „како ништо да не се случило“.Станува збор за 43-годишниот Алехандро Естрада, кој е обвинет за убиството на Аманда Фријас Росас и Виктор Фријас Росас, извршено во продавница во населбата „Силверадо Ранч“, во вторник. Една муштерија изјавила дека тој бил „целосно смирен“, без израз на лицето, што дополнително ги потресло присутните.Според сведокот Пола Милтон, се слушнале „серија истрели“, околу осум пукотници, по што настанала паника. Други сведоци тврдат дека осомничениот носел ранец во кој имал оружје, а полицијата потврдила дека кај него биле пронајдени „неколку различни видови оружје“.По нападот, како што соопштија надлежните, на местото пристигнале служби и затекнале најмалку три лица кои го совладувале осомничениот, откако претходно му го одзеле оружјето. Полициски претставник ја пофалил нивната реакција, нагласувајќи дека покажале „огромна храброст“.Истражните органи посочуваат дека меѓу Естрада и жртвата постоеле неодамнешни проблеми поврзани со старателството над детето. Според полицијата, трагедијата се случила во период кога семејството се подготвувало за роденденот на нивниот 12-годишен син.Еден колега од продавницата, Артуро Салазар, за локална телевизија изјавил дека жртвите во количката имале торта со натпис „Среќен роденден“, детал што, според присутните, уште повеќе ја истакнува тежината на настанот.Од објави на социјалните мрежи, Аманда претходно пишувала за тешкотиите со старателството и за потребата конфликтите меѓу поранешни партнери да не бидат посилни од љубовта кон детето. Во една објава истакнала дека повредувањето на поранешниот партнер во вакви ситуации, на крајот, му нанесува болка на детето.Според службени податоци, Аманда и Виктор стапиле во брак во февруари 2025 година, а таа и Естрада се разделиле во 2023 година. Локални медиуми пренесуваат дека постоеле и финансиски обврски за издршка на дете, како дел од судските постапки.Естрада е обвинет по две точки за тешко убиство, осум точки за испукување огнено оружје, како и по една точка за провала со поседување огнено или смртоносно оружје и тешко вознемирување со употреба смртоносно оружје.

Свет | пред 2 седмици

ubistvo

Млада битолчанка убиена во населбата Баир

Во Битола утрово се случило убиство во населбата Баир, на улицата „5-та“, при што животот го загубила жена на возраст од околу 31 година.Според првичните и неофицијални информации, трагедијата се случила околу 07:30 часот по семејна расправија, а станува збор за случај на семејно насилство во кој сопругот е осомничен дека ја убил сопругата.Осомничениот е лишен од слобода, а на местото на настанот увид вршат надлежните органи.Повеќе детали за мотивите и околностите под кои се случило убиството се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Македонија | пред 2 седмици

vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Адвокатот Владимир Туфегџиќ пред Апелациониот суд порача дека жалбата на Обвинителството против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски е неоснована и оцени дека е „опасен преседан“ тврдењето дека било логично да нема докази за комуникација меѓу обвинетиот и останатите осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Жалбата на обвинителството е неоснована, првостепениот суд донесе единствено праведна одлука во ситуација кога јавниот обвинител во завршните зборови јасно и недвосмислено кажа дека докази за Александар немаат“, рече Туфегџиќ.Тој нагласи дека и денеска обвинителството, според него, се задржало на објаснување зошто нема докази, наместо да понуди конкретни докази за вина.„Опасен преседан се наводите на обвинителството дека било логично да нема докази. Токму поради фактот што нема ниту еден доказ за било каква комуникација помеѓу Александар и другите лица ниту во првиот неуспешен обид за грабнување, ниту во вториот за жал успешен обид за грабнување на детето Вања, Апелациониот суд треба да ја потврди ослободителната пресуда“, рече адвокатот.Туфегџиќ додаде дека случајот бил предмет на оценка и пред Врховниот суд и оцени дека доколку постоел „еден промил“ доказ за вмешаност на Александар Ѓорчевски, текот на постапката и пресудата би биле поинакви.„Доколку постоеше еден промил кој укажува на учеството на Александар во овој грозоморен чин, убеден сум дека текот на оваа постапка ќе беше поинаков како и самата пресуда“, кажа Туфегџиќ.На рочиштето кратко се обрати и Александар Ѓорчевски.„Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник немам што да додадам“, рече Ѓорчевски, по што ја напушти судницата.Претходно, вишиот обвинител Дарко Јакимовски побара укинување на ослободителната пресуда, тврдејќи дека судот не направил анализа на доказите и не утврдил дали Александар Ѓорчевски бил поврзан со кривичните дела.Обвинителството тврдеше дека Александар имал „клучна улога“ во случајот и посочи на неговото однесување пред и по грабнувањето на Вања, како и на комуникацијата со семејството.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryceng4lkp9km01YFeyx6

Александар Ѓорчевски имал клучна улога во грабнувањето на Вања, тој пратил порака до девојчето кога се договарало грабнувањето, вели обвинителот

Вишиот јавен обвинител Дарко Јакимовски, на денешното рочиште во Апелациониот суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, остро ја оспори ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој беше обвинет за помагање при грабнувањето.Обвинителството смета дека првостепениот суд не направил анализа на доказите и не се произнел по клучните околности поврзани со улогата на Ѓорчевски.„Нема анализа на доказите. Судот не утврдил дали е, дали не е поврзан Александар со кривичните дела. Обвинетиот Александар има клучна улога од првото, до второто дело“, рече Јакимовски.Според обвинителот, до неделата попладне немало конечна одлука за грабнување на Вања, а токму тогаш, како што наведе, Љупчо Палевски ги повикал Велибор Манев и Боре Видевски да дојдат во Скопје.„Во моментот кога се во партијата, тогаш таткото им праќа порака на децата да се облечат небаре ќе одат на планина“, посочи обвинителот.Јакимовски се осврна и на однесувањето на Александар Ѓорчевски утредента по исчезнувањето на Вања.„Тој повторувал: ‘Детето е грабнато и убиено’, по што се упатува па накај Качанички пат, по патеката на која што е однесена Вања во гепек. Па спомнува: ‘Да не е постар човек грабнувачот’“, рече обвинителот.Тој оцени дека Судот не се впуштил во анализа на ниту еден доказ што, според обвинителството, укажува на поврзаност на Ѓорчевски со настаните.„Судот не се впуштил во коментар на доказите против Ѓорчевски и за она што му се става на товар. Пресудата нема анализа на доказите. Од неговата улога за првиот неуспешен обид за грабнување па сè до вистинското грабнување“, додаде Јакимовски.Обвинителот го спомена и фактот дека мајката и сестрата на Вања се приклучиле кон кривичниот прогон.„Да не заборавиме, семејството се приклучува на кривичниот прогон. Улогата на судот спрема семејството е да ја расчисти неговата улога“, рече Јакимовски пред Апелациониот суд.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Убиство во Белград: млад човек избоден повеќе пати со нож на автобуска постојка

Во Белград, на автобуско стојалиште во населбата Канарево брдо, млад човек е убиен откако бил повеќепати избоден со остар предмет, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.Според официјалните информации, осомничениот Михајло В. е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, под сомнение дека извршил кривично дело тешко убиство. Се наведува дека инцидентот се случил вчера попладне, кога деветнаесетгодишниот Неманја Ф. бил нападнат и здобил повеќе убодни рани, по што починал на местото на настанот.Полицијата и надлежните истражни органи извршиле увид, а на осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде предаден на обвинителството.

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryjg74nbu0m8ovfnJnzrF

Ја убил поранешната сопруга и избегал со детето, пронајден додека јадел ќебапи - трагедија во Сараево

Во Сараево се случи тешко убиство во населбата Добриња, каде маж ја лишил од живот својата поранешна сопруга, по што побегнал од местото на настанот заедно со нивната петгодишна ќерка.Според информациите од истрагата, осомничениот Тарик Прусац бил лоциран и лишен од слобода истиот ден околу 19:15 часот во областа на Стари Град. И покрај полициската блокада и пребарувањето на поширокото подрачје, тој успеал да стигне до центарот на Башчаршија, каде што бил пронајден во угостителски објект додека јадел со детето.Петгодишната ќерка е пронајдена неповредена и веднаш е згрижена од надлежните служби.Обвинителството потврди дека телото на 41-годишната жртва, која била новинарка, ќе биде предадено на обдукција.Според првичните информации, осомничениот работел како припадник на обезбедување и наводно го користел службениот пиштол за извршување на делото, иако не смеел да го носи надвор од работното време.Адвокатката на жртвата изјавила дека таа подолг период живеела во страв, пријавувала вознемирување и била под заштитни мерки со забрана за приближување, но осомничениот и натаму ја следел и демнел.Осомничениот ќе биде предаден на надлежното кантонално обвинителство во Сараево, по што ќе следува понатамошна постапка за кривично дело тешко убиство.

Балкан | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања