Промени тема
Контакт

ХРВАТСКА

media-librarygq99fboafmkaaYvFpuj

Силно невреме на Јадранот: спасени тројца Австријци, десетици пловила насукани

Тројца австриски државјани биле спасени рано утрово од спасувачки сплав на 12 наутички милји јужно од ’Ртот Камењак, откако нивната едрилица претрпела хаварија во силното невреме што го зафати Јадранот.Во исто време, ненадејното поминување на фронт проследено со силен ветер предизвикало насукување на десетици пловила во подрачјето на островите Уније, Сусак и Лошињ. Во инцидентите немало повредени лица, соопшти Министерството за море, сообраќај и инфраструктура на Хрватска.Националната централа з

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrfuivc4dgq0e481OCGX

Дунав на историски минимум во Хрватска: нискиот водостој откри бомби од Втората светска војна

Водостојот на Дунав кај Батина во Хрватска достигна историски најниско ниво од -101 сантиметар, што е за 17 сантиметри пониско од досегашниот рекорд измерен во 2022 година. Поради повлекувањето на водата, на површината се појавија неексплодирани бомби од Втората светска војна.Според хрватските власти, поради екстремно нискиот водостој дошло и до промена на водниот режим, а експертите предупредуваат дека тоа има сериозни последици врз екосистемот, рибниот фонд, каналите за наводнување и пловниот

Свет | пред 2 месеци

media-library1off1b09qog74itZXBl

Милиони потрошени, музејот сè уште не е отворен: Титовиот „Галеб“ повторно бара нови вложувања

Поранешниот брод на Јосип Броз Тито, „Галеб“, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради новите трошоци за неговата долготрајна реконструкција. Градот Риека распиша нов тендер вреден повеќе од половина милион евра со вклучен ДДВ за дополнителни работи што треба да се извршат пред бродот конечно да биде отворен за посетители.Пред отворањето, „Галеб“ ќе биде пренесен во бродоградилиште, каде што ќе се санира оштетувањето настанато при судир со турски брод во февруари. Воедно ќе бидат

Балкан | пред 2 месеци

media-librarybj1lv9n060f2embdUBh

(Видео) Метеоцунами на Јадранот: Морето за неколку минути се крена и се излеа, па нагло се повлече

Необична природна појава, позната како метеоцунами, е забележана на повеќе локации долж хрватското крајбрежје по силното невреме што ги зафати северниот и дел од средниот Јадран. Една од најизразените промени е регистрирана во Стари Град на островот Хвар.Според хрватските медиуми, околу 23 часот нивото на морето најпрво се зголемило за повеќе од 30 сантиметри и се излеало на кејот, а потоа нагло се повлекло за околу 60 сантиметри под вообичаеното ниво. Поради тоа, дел од чамците останале на морс

Настани | пред 2 месеци

media-librarybukc5f3r411t8QMHZfJ

Макарска воведе строга забрана: Од 21 до 6 часот нема алкохол во продавниците

Макарска стана првиот град во Хрватска што воведе забрана за продажба на алкохол во продавниците во текот на ноќта, со цел да се намалат бучавата, нарушувањето на јавниот ред и прекумерното консумирање алкохол на јавни места.Според новите правила, од 21 часот навечер до 6 часот наутро, во продавниците, киосците, продавниците за сувенири, пекарниците и слаткарниците нема да биде дозволена продажба на алкохолни пијалаци. Мерката не се однесува на угостителските објекти, каде што алкохолот ќе продо

Балкан | пред 2 месеци

media-librarykkpdq7j9tl51bTDB1vp

Државјанин на Македонија со нож нападнал Србин на брод во Хрватска, осомничен е за обид за убиство

Жупаниското државно обвинителство во Пула отвори истрага против 55-годишен државјанин на Македонија, кој е осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија при инцидент што се случил на брод во близина на Медулин.Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот на 13 јули, со намера да го лиши од живот српскиот државјанин, го нападнал со нож и повеќепати замавнувал кон неговата глава и стомак.Жртвата, обидувајќи се да ги заштити виталните делови од телото, се бра

Свет | пред 2 месеци

media-library3s295814g89uc2jfPEK

Крамариќ најверојатно ќе ги пропушти првите четири натпревари под водство на новиот селектор

Хрватскиот репрезентативец Андреј Крамариќ беше опериран по настапот на Светското првенство и речиси сигурно ќе го пропушти почетокот на новиот циклус на националниот тим.Напаѓачот подолго време имал проблеми со абдоминалниот ѕид, а по враќањето од Мундијалот се решил на оперативен зафат во Словенија.Иако за време на подготовките тврдеше дека состојбата е под контрола, на Светското првенство одигра само 70 минути на четири натпревари, додека против Гана воопшто не настапи.Според првичните прогно

Спорт | пред 2 месеци

media-library32qjngd5ot2j9vDlJQZ

Маж во Загреб извадил бомба пред полицијата, уапсен е

Вистинска драма се одвиваше денеска во Загреб, во близина на Основното училиште „Младост“, откако маж се закани на полициските службеници со бомба.Според неофицијални информации, полицајците му пришле на маж кој се движел по улицата, по што тој извадил бомба и се заканил дека ќе ја активира.Полицијата веднаш воспостави широк безбедносен периметар и го блокира сообраќајот на улицата Шишиќева, со цел да се спречи каква било опасност за граѓаните.На местото на настанот, покрај специјалните полициск

Балкан | пред 2 месеци

media-library7hfluvanadlp0wIGaWm

Продажбата на недвижности во ЕУ расте, Хрватска меѓу ретките земји со пад

Пазарот на недвижности во Европската Унија во текот на 2025 година бележи раст на продажбата во поголемиот дел од земјите-членки, додека Хрватска е меѓу ретките држави каде што бројот на реализирани трансакции е намален, покажуваат најновите податоци на Евростат.Од 18 земји опфатени со анализата, продажбата на станбени недвижности е намалена само во три – Хрватска за 4,1 проценти, Бугарија за 2,5 проценти и Полска за 1,1 процент.Најголем раст, пак, е регистриран во Словенија, каде што продажбата

Свет | пред 2 месеци

brza-pomos-hrvatska

Фудбалски гол паднал врз 19-годишна девојка во Хрватска - се бори за живот

Деветнаесетгодишна девојка се здобила со тешки и животозагрозувачки повреди откако врз неа паднала метална конструкција од фудбалски гол во местото Доњи Вукојевац, на подрачјето на Лекеник во Хрватска.Според информациите на полицијата, несреќата се случила во понеделникот околу 23 часот. Според досегашните сознанија, девојката се качила на металната конструкција од фудбалскиот гол, која во еден момент се превртела.Таа најпрво паднала на бетонската подлога, а потоа врз неа паднал и самиот гол.Пов

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryato0hjj84p2g6vM4BCF

Огнена стихија на Хвар: Зафатени вили и лозја, пожарникарите водат битка со пламените

Голем пожар избувна на островот Хвар во Хрватска, на подрачјето меѓу Јагодна и Иван Долац, по што беше покрената обемна акција за негово гаснење. На терен се распоредени бројни пожарникари, а во интервенцијата од воздух се вклучени и четири авиони „канадер“.Во гаснењето учествуваат екипи од доброволните противпожарни друштва од Хвар, Јелса и Стари Град, кои се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон населените места.Според првичните информации, пламените јазици зафатиле делови од неколку ви

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryskblbbh6jdt6a4KeeC2

Хрватските медиуми: Билиќ ќе го наследи Далиќ на клупата на репрезентацијата

Хрватската фудбалска репрезентација би можела наскоро да добие нов селектор, а според пишувањата на хрватските медиуми, главен кандидат за наследник на Златко Далиќ е Славен Билиќ.Според информациите, раководството на Хрватскиот фудбалски сојуз веќе разговарало со репрезентативците за можноста Билиќ повторно да ја преземе националната селекција, а реакциите на играчите биле позитивни.Се очекува Златко Далиќ, чиј договор истекува, својата конечна одлука за иднината да ја соопшти најдоцна до 8 јул

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryth09r0s9d3eg6be1OSQ

(Видео) Двајца туристи и куче спасени во Хрватска по силната бура

Во Хрватска, двајца странски туристи и нивното куче беа спасени во ноќна акција на крајбрежната служба, откако силната бура ги однела далеку од брегот кај Башко Поље, во близина на Макарска.Дојавата била примена околу 23:15 часот, кога било пријавено дека две лица во гумен чамец, на околу 1,5 километри од брегот, не можат да се вратат на копно поради силниот ветер и брановите.Спасувачките екипи испловиле веднаш, а потрагата се одвивала во исклучително тешки услови – во целосен мрак, со бранови в

Свет | пред 2 месеци

pijan-1

Пијани туристи лежат по улиците на Сплит, Итната помош интервенирала повеќе од 50 пати

Во текот на јуни, Заводот за итна медицинска помош на Сплитско-далматинската жупанија регистрирал повеќе од 50 повици поврзани со лица во алкохолизирана состојба, а најголемиот дел од интервенциите се однесувале на млади странски туристи.Според податоците, екипите на Итната помош затекнале 44 лица на местото на пријавата, додека осум лица не биле пронајдени по пристигнувањето. Меѓу лицата на кои им била укажана помош имало и двајца малолетници.Неофицијално, најголемиот број интервенции на јавни

Балкан | пред 3 месеци

hrvatska-nevreme-1

Невреме го погоди Сплит: Повеќе поморски инциденти, сите патници спасени

Силното невреме што синоќа го зафати сплитскиот акваториум предизвика повеќе поморски инциденти, поради што беа спроведени неколку спасувачки акции. Според хрватските власти, во сите случаи нема загинати или повредени лица.Од Министерството за море, сообраќај и инфраструктура соопштија дека дел од инцидентите биле решени со ангажман на екипажите или со комерцијална помош, додека службите на Капетанијата и покрај лошите временски услови извршиле и итен медицински превоз на пациент од островот Шол

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryato0hjj84p2g6vM4BCF

Голем пожар на хрватскиот остров Вис: изгореа повеќе од 300 хектари

Големиот пожар на отворен простор на хрватскиот остров Вис, во подрачјето Подхумље кај Комижа, е ставен под контрола, соопшти Хрватската противпожарна заедница.Пожарот избувнал во неделата доцна навечер, а според првичните проценки, огнот зафатил трева, ниска вегетација и шума на површина поголема од 300 хектари.Во текот на ноќта било организирано обезбедување и дежурство на пожариштето за да се спречи повторно активирање на огнот.Во гаснењето учествувале вкупно 105 пожарникари со 24 противпожар

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryato0hjj84p2g6vM4BCF

(Видео) Голем пожар на островот Вис: 70 пожарникари се борат со огнената стихија, вклучени и канадери

Голем шумски пожар избувна доцна синоќа на хрватскиот остров Вис, во близина на Комижа, каде што огнот зафатил борова шума и ниска медитеранска вегетација.На терен се ангажирани 70 пожарникари со 15 противпожарни возила, а во гаснењето се вклучени и канадери, како и дополнителна помош од копното.Според надлежните, пожарот сè уште е активен, а неговото локализирање го отежнуваат сувата вегетација и брзото ширење на огнот. Во текот на ноќта пламените јазици се доближиле до неколку куќи, но пожарни

Настани | пред 3 месеци

media-libraryi5jtkos6c636esnSUov

Хрватски полицајци спасија исцрпена двојка која 3 часа на суп даска плутала во море

Поморските полицајци Марио Вуксановиќ и Далибор Ѓуриќ од Хрватска, во петокот спасиле двајца исцрпени словенечки државјани кои морските струи ги однеле на отворено море. Со брза интервенција, тие ги качиле на службеното пловило и ги пренеле на безбедно, соопшти истарската полиција.Поморската полиција добила дојава за исцрпено лице во морето во петок, 26 јуни, околу 15:30 часот. Екипажот на полициското пловило П-212, командант Марио Вуксановиќ и машиновозач Далибор Ѓуриќ, пристигнале на пријавена

Свет | пред 3 месеци

media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Хрватска и Казахстан ја зајакнуваат соработката во истражување на нафта и гас

Хрватска и Казахстан ја унапредуваат соработката во областа на нафтата и гасот, по разговорите меѓу претставници на казахстанската компанија „KazMunajGas“ и Агенцијата за јаглеводороди (АЗУ) за напредокот на проектот за истражување „Шигис“, соопшти АЗУ.Станува збор за заеднички истражувачки проект кој го развиваат „KazMunajGas“ и компанијата „Геоенергија развој“, подружница на Агенцијата за јаглеводороди.На состанокот во Астана, извршниот директор на „KazMunajGas“, Ашат Хасенов, и директорот на

Свет | пред 3 месеци

noz-ubistvo-napad

Расправија за Југославија заврши со убиство: Хрват доби 12 години затвор во Австрија

Расправија за војните во поранешна Југославија завршила со смртоносен исход во Австрија, а 57-годишниот Хрват вчера беше осуден на 12 години затвор поради убиството на свој пријател, објави „Експрес“.Инцидентот се случил на 29 ноември минатата година во Виена, во стан на нивна заедничка пријателка. Сите тројца потекнуваат од поранешна Југославија.За време на дружењето консумирале пиво и „Јегермајстер“, а подоцна било утврдено дека обвинетиот имал 2,2 промили алкохол во крвта во моментот на инцид

Балкан | пред 3 месеци

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Хрватски политичар претепан до смрт во Задар

Поранешниот градски советник на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Милан Драча, почина од тешките повреди здобиени во физичка пресметка што се случила во населбата Бокањац во Задар, соопшти хрватската полиција.За случајот е уапсен 29-годишен хрватски државјанин, кој е осомничен за кривично дело убиство. Според хрватските медиуми, станува збор за Стјепе Мамиќ од Задар.Истрагата покажала дека инцидентот се случил на 23 јуни околу 23:40 часот, кога двајцата мажи, кои претходно биле заедно, од з

Балкан | пред 3 месеци

Hrvatska-policija-620x350

Маж почина по тепачка во Задар, едно лице е уапсено

51-годишен маж починал откако синоќа бил тешко повреден во тепачка што се случила во населбата Бокањац во хрватскиот град Задар.Како што соопштила полицијата, пријава за физичка пресметка меѓу две лица била примена во 23:44 часот. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници го затекнале повредениот маж како лежи на земја.На 51-годишникот му била укажана итна медицинска помош на местото на настанот, при што било утврдено дека се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил прене

Балкан | пред 3 месеци

Screenshot-2022-08-28-102929

Трагедија во Пула: 73-годишен маж починал откако паднал во море при качување на чамец

Седумдесет и тригодишен маж го загубил животот во несреќен случај што се случил во спортското пристаниште Делфин во Пула, соопшти хрватската полиција.Според информациите, полицијата вчера нешто по пладне добила пријава за починато лице на подрачјето на пристаништето, по што на местото излегле полициски службеници и надлежен јавен обвинител.Со извршениот увид било утврдено дека 73-годишникот, при качување на чамец со пулски регистарски ознаки, паднал во морето, по што починал.Од полицијата информ

Балкан | пред 3 месеци

gradeznici

Евростат: Хрватска меѓу земјите со најголем раст на трошоците за труд во ЕУ

Номиналните трошоци за работна сила по час во Европската Унија и еврозоната продолжиле да растат и во првиот квартал од годинава, а Хрватска повторно се најде меѓу земјите со најизразено зголемување, покажуваат најновите податоци на Евростат.Според европската статистичка служба, во периодот од јануари до март номиналните трошоци за труд по час во еврозоната се зголемиле за 3,2 проценти во однос на истиот период лани. Во последниот квартал од минатата година тие изнесувале 3,4 проценти.На ниво на

Свет | пред 3 месеци

media-library4eoah6a0k1a2bT4NJMk

Судот во Сплит одби да одреди притвор за припадниците на Торцида кои тргнале на Хвар да нападнат сезонски работници од Србија

Жупанискиот суд во Сплит соопшти дека на четворица хрватски државјани, осомничени за договарање извршување кривично дело поврзано со планиран напад врз сезонски работници од Србија на островот Хвар, наместо истражен притвор им се изречени мерки на претпазливост.Според информациите на Index.hr, Општинското државно обвинителство во Сплит поднело предлог за определување истражен притвор против четворицата осомничени поради основано сомнение дека се договориле за извршување кривично дело поврзано со

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања