Промени тема
Контакт

ХРВАТСКА

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

(Видео) Трагедија во Хрватска: Еден загинат и над 40 повредени во пожарот кај Омиш

Бројот на жртвите во големиот шумски пожар кај хрватскиот град Омиш се зголеми на едно лице, додека повеќе од 40 луѓе се повредени. Телото било пронајдено при прегледот на опожареното подрачје, но неговиот идентитет засега не е потврден.Седуммина од повредените се во животна опасност и се приклучени на респиратори, изјави хрватската министерка за здравство, Ирена Хрстиќ. Четворица од нив се префрлени на лекување во Загреб, меѓу кои и 17-годишна девојка.Пожарот избувнал кај местото Локва Рогозниц

Свет | пред 3 месеци

media-librarydfm77j5vahnichk41qu

Прва жртва на страшниот пожар кај Омиш: Пронајдено безживотно тело

Страшниот пожар што го зафати Омиш однесе и прва човечка жртва. Полицијата во текот на денот пронашла безживотно тело на опожареното подрачје во близина на пожарот.Од Сплитско-далматинската полиција информираат дека телото било пронајдено околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје. На местото ќе биде извршен увид под раководство на надлежниот државен обвинител, со асистенција на полицијата. Идентитетот на починатото лице засега не е соопштен.Ова е првиот, засега единствен потврден см

Балкан | пред 3 месеци

media-library0s9g9d72sovv546PX0M

(Фото) Пожарот кај Омиш ги натера да бегаат во морето: Спасени околу 200 луѓе

Драматичната ноќ во Омиш и околината довела до голема спасувачка операција на море, во која биле извлечени околу 200 луѓе, меѓу кои и деца, кои поради пожарот побарале засолниште во морето и на чамци.Операцијата започнала синоќа во 23:40 часот, откако било пријавено дека голем број луѓе се наоѓаат во морето и на чамци без надзор, обидувајќи се да се заштитат од огнената стихија. Акцијата ја координирал Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека, во соработка

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryqhiro2dhipqi4jZNOY6

(Видео) Пожарите не стивнуваат во Хрватска: Ново жариште избувна над Трогир

Хрватска повторно се соочува со сериозни пожари, а ново огнено жариште избувна на подрачјето на Тролокве, над Трогир. Снимки од пожарот беа објавени и на страницата на хрватските пожарникари.Информацијата ја потврдил главниот пожарникарски командир, Славко Туцаковиќ, по што еден „ер трактор“ бил пренасочен од подрачјето на Омиш кон Трогир за да помогне во гаснењето.Во меѓувреме, состојбата кај Локва Рогозница е нешто поповолна и засега нема ширење на огнот. Активен е и пожарот кај Куна Пелешка н

Настани | пред 3 месеци

media-libraryqimunieebu3rej0thll

(Фото) Омиш се разбуди во пепел: Пожарот проголта куќи, автомобили, барови и делови од плажите

Хрватскиот град Омиш утрово осамна со тешки и потресни сцени по големиот пожар што во текот на ноќта беснееше на поширокото подрачје. Огнената стихија остави зад себе опустошени делови од градот, изгорени куќи и автомобили, како и уништени угостителски објекти и делови од плажите.Фотографиите од теренот покажуваат големи материјални штети, со цели делови од погоденото подрачје претворени во пепел. Пожарот, кој брзо се ширел под влијание на силниот ветер, предизвикал евакуација на жители и турист

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m

Огнен пекол кај Омиш во Хрватска: Пожарот стигна до куќите, 19 повредени и стотици евакуирани

Голем шумски пожар што избувна кај Локва Рогозница во Хрватска за само неколку часа се прошири кон Омиш и предизвика тешка состојба на терен. Огнот стигнал до куќите, а стотици луѓе биле евакуирани, додека повеќе лица се повредени.Според хрватските медиуми, околу 200 лица во текот на ноќта биле евакуирани, дел со автобуси кон Сплит, а дел со чамци. Евакуираните биле згрижени во спортската сала „Рибњак“ во Омиш и во салата „Грипе“ во Сплит. Дел од туристите морале да ги напуштат сместувањата без

Балкан | пред 3 месеци

voda

Трагичен пресврт на Јадранот: Пронајдено тело на еден од исчезнатите Португалци, потрагата продолжува

Потрагата на хрватскиот Јадран доби трагичен пресврт – пронајдено е телото на еден од исчезнатите Португалци, додека по уште едно лице продолжува потрагата.Според хрватските медиуми, телото било пронајдено во морето, а околностите сè уште се утврдуваат. Претходно, во средата, во морето и на брегот на островот Крк беа пронајдени двајца португалски државјани – млада жена и маж.Мажот бил пронајден околу три километри јужно од Врбник, додека 33-годишната жена била пронајдена во морето, каде што, спо

Балкан | пред 3 месеци

media-librarycsgka7l0e5pg8Fw5ksN

Четворица Португалци исчезнале во Хрватска: Двајца пронајдени живи, спасувачите бараат уште двајца

Голема спасувачка акција продолжува во Хрватска, во морето и долж брегот на островот Крк, откако четворица португалски државјани исчезнале во Велебитскиот Канал за време на силно невреме. Двајца од нив се пронајдени живи и се медицински згрижени, додека потрагата по преостанатите двајца продолжува.Една жена била пронајдена нешто пред пладне во морето кај заливот Бутињ, на источната страна на Крк. Таа била извлечена на спасувачки чамец, исцрпена, но без повреди, по што била пренесена на брегот и

Балкан | пред 3 месеци

voda

Драма на Јадранот: ги однеле бранови високи до три метри, двајца Португалци спасени, потрагата по уште двајца трае

Двајца млади португалски државјани, маж и жена, се пронајдени живи откако синоќа исчезнале во морето за време на силно невреме во близина на хрватското крајбрежје. По нив и по уште две лица се трагаше од раните утрински часови.Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека (МРЦЦ Риека), во координација со надлежните капетании, ја започнал операцијата во 4:40 часот поради исклучително лошите услови на море и бранови високи до три метри.За време на потрагата, во б

Балкан | пред 3 месеци

zelka

Желка каснала човек во Хрватска: Ова е веќе петти пријавен напад

Капачите во Каштела повторно се соочија со необична и вознемирувачка ситуација, откако голема желка во неделата нападнала млад човек во морето.Инцидентот се случил на плажата „Миљенко и Добрила“ во Каштел Лукшиќ, каде што желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот. Од повредата имало крвавење, поради што веднаш била побарана медицинска помош.Ова е веќе петти пријавен случај на каснување од 22 јули. Според сведоштвата на капачите, животното често се задр

Балкан | пред 3 месеци

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пожар го зафати Дубровник: Огнот проголта 6.000 квадратни метри шума

Жителите на дубровничката населба Горица поминаа немирна ноќ откако шумски пожар зафати површина од околу 6.000 квадратни метри.Пожарот избувнал нешто по полноќ, а пожарникарите успеале да го стават под контрола околу 3 часот наутро. Најголем проблем претставувал јужниот дел од пожариштето кон морето, каде што теренот е стрмен, карпест и тешко пристапен.„Ситуацијата е подобра, но сè уште е проблематичен делот кон морето. Сепак, изгледаше страшно“, изјавил жупанискиот пожарникарски командир Стјеп

Балкан | пред 3 месеци

media-librarynb44ogip0afq1g7dFWl

Речиси третина од Хрватите не можат да си дозволат седумдневен одмор

За значителен дел од граѓаните во Хрватска, седумдневниот годишен одмор останува недостижен поради финансиските можности, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.Според објавените податоци, 33 отсто од населението во Хрватска не може да си дозволи најмалку седумдневен одмор, со што земјата се наоѓа меѓу европските држави со највисок удел на граѓани кои не можат да издвојат средства за вакво патување.Најнеповолна е состојбата во Романија, каде што дури 61 отсто од населението не може да

Балкан | пред 3 месеци

media-librarydpk6v0q98ovrbG422DH

Се урна балкон од напуштена куќа во Риека: Двајца млади заробени под бетон

Во населбата Печине во Риека, Хрватска вчера вечер се урнал балкон од напуштена куќа во близина на хотелот „Јадран“. Во моментот на уривањето, на балконот се наоѓале двајца млади.Полицијата го добила повикот во 20:45 часот. На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари и екипи на итната медицинска помош.Пожарникарите од урнатините извлекле две лица, кои потоа им биле предадени на екипите на итната медицинска помош за понатамошно згрижување.Пожарникарот Матија Распор за „Индекс“ изјавил

Свет | пред 3 месеци

media-library6e2neu1tm6id3ZurENo

(Видео) Страшен судир на возови во Хрватска: Товарен удрил во патнички, има повредени

Товарен и патнички воз утрово се судриле кај Бјеловар во Хрватска, а според првичните информации има повредени, додека машиновозачот е потешко повреден. Пругата е затворена за сообраќај.Станува збор за товарен воз на Хрватските железници „Карго“ и патнички воз на Хрватските железници „Патнички превоз“. Несреќата се случила околу 10:05 часот на пругата меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец.Според досегашните информации, во судирот има повредени, но нема загинати. Во патничкиот воз имало околу

Свет | пред 3 месеци

media-library0kn2nrjj1gu2cICDW17

Казни од 1.000 евра за пар во Сплит: Соседите ги пријавиле за бучава и топлес на балкон

Дигитален номад и неговата сопруга се казнети во Сплит поради нарушување на јавниот ред и мир, по пријави дека правеле бучава, а жената наводно се шетала во топлес на балконот од куќата каде што престојувале.Според хрватските медиуми, станува збор за 58-годишен маж и неговата 44-годишна сопруга, кои биле пријавени и поради тоа што без знаење и дозвола од сопственичката поставиле базен на балконот од вилата.Судот му изрекол казна од 300 евра на мажот, плус 100 евра судски трошоци, додека неговата

Балкан | пред 3 месеци

Hrvatska-policija

Автомобил се преполови по удар во столб во Загреб, едно лице загина

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во населбата Ботинец во Загреб.Несреќата се случила околу 22 часот на улицата „Лује Налетилиќ“, каде што автомобилот по силниот удар во столб бил целосно уништен и практично преполовен. Делови од возилото биле расфрлани по коловозот.Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина, по што возачот изгубил контрола и директно удрил во столбот.Засега не е позната тежината на повредите на двете повредени л

Балкан | пред 3 месеци

media-library791innqblcehbE1GKoF

Во Хрватска запалено српско знаме

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од воено-полициската операција „Бура“, во Хрватска беше запалено српско знаме, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.Според порталот, снимката ја испратиле читатели, а на неа се гледа како две маскирани лица, облечени во црно, се качуваат на надвозник во близина на Оточац, поставуваат српско знаме и потоа го палат.Покрај знамето бил поставен и транспарент со натпис: „Благодарност за сè, ние сме слободни луѓе, Бура '95“.Операцијата „Бура“ започна на

Балкан | пред 3 месеци

zena-na-elektricen-trotinet

Трагедија во Хрватска: Дете почина три дена по пад од електричен тротинет

Дете почина во Клиничкиот болнички центар во Загреб три дена откако беше тешко повредено при пад од електричен тротинет во близина на Велика Горица, јавуваат хрватските медиуми.Несреќата се случила во петокот околу 22:20 часот. Според полицискиот извештај, детето управувало со електричен тротинет без заштитна кацига, а со него се возело уште едно дете, кое исто така не носело кацига.Полицијата соопшти дека детето не ја прилагодило брзината на условите на патот, поради што ја изгубило контролата

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryfh7q97rls9o79GOkunT

(Видео) Необична сцена кај Пула: Големи туни скокаа покрај капачите

Посетителите на плажите кај Верудела, во близина на Пула, беа сведоци на необична глетка откако неколку туни се појавија на само неколку метри од брегот и повеќепати излегоа над површината на морето.Несекојдневниот настан привлече големо внимание кај капачите, а видеоснимката од случувањето беше објавена на Фејсбук-страницата Medulin FM.Многумина изразија воодушевување, бидејќи ретко се случува толку големи риби да се доближат толку блиску до плажите и капачите. Истовремено, на социјалните мрежи

Настани | пред 3 месеци

media-libraryoqbpjdmcf3q82DOh1X9

Сообраќаен хаос во Хрватска: до 10 часа чекање на границата со Црна Гора

Неделното попладне донесе сериозен сообраќаен хаос низ Хрватска, со километарски колони на автопатиштата и до 10 часа чекање на граничниот премин кон Црна Гора, поради што локалните власти во Конавле го активираа кризниот штаб.Најголеми проблеми се регистрирани на автопатот А1, каде што од безбедносни причини привремено е запрен сообраќајот низ тунелот „Свети Рок“ во правец кон Дубровник. Според Хрватскиот авто-клуб (ХАК), пред тунелот се формирала колона долга околу два километри, а дополнителн

Балкан | пред 3 месеци

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Два инцидента за 15 часа на аеродромот во Сплит, дел од летовите откажани

Аеродромот „Свети Јероним“ во Сплит повторно беше привремено затворен, откако на авион на шпанската авиокомпанија „Иберија“ му пукнала гума при слетување, објави „Слободна Далмација“.Инцидентот се случил по слетувањето на летот IB0945 од Мадрид, кога на авионот „Ербас“ му пукнала гума на предниот стаен трап, поради што леталото останало на пистата.Во авионот имало 172 патници и шест членови на екипажот, а според надлежните, никој не е повреден. Сите патници безбедно биле евакуирани и пренесени в

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја потресе Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил лоциран на околу шест километри од Сисак, на длабочина од девет километри.Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.Според сведоштвата на граѓаните, објавени на страницата на EMSC, потресот бил силен и јасно почувствуван. Дел од нив наведуваат дека куќите се треселе и дека во првиот момент помислиле дека

Балкан | пред 3 месеци

dubrovnik

Тројца мажи спасени од морето во Дубровник, не можеле да стигнат до брегот поради силните бранови

Тројца мажи беа спасени од морето во близина на хотелот „Риксос“ во Дубровник, откако поради високите бранови не можеле да стигнат до брегот, соопшти дубровничката полиција.Според информациите, странски државјанин кој пливал пред хотелот не можел да излезе од морето поради лошите временски услови. Друг странски државјанин скокнал во водата за да му помогне, но и двајцата останале заглавени.Во обид да ги спаси, во морето влегол и спасувач, но ниту тој не успеал да ги извлече на брегот поради силн

Балкан | пред 3 месеци

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Експлозија во куќа во Пула: Жена тешко повредена, пренесена со хеликоптер

Седумдесет и едногодишна жена е повредена во експлозија што денеска околу 11:45 часот се случила во семејна куќа во населбата Шијана во Пула.Според информациите од полицијата, повредената со хеликоптер на итната медицинска помош е пренесена во болница, додека околностите што довеле до експлозијата сè уште се утврдуваат.Од Јавната противпожарна единица во Пула соопштија дека пријавата за експлозијата ја примиле во 11:41 часот, по што на местото на настанот биле испратени две противпожарни возила

Балкан | пред 3 месеци

brza-pomos-hrvatska

Не ја прилагодил брзината, излетал од патот и загинал 24-годишен мотоциклист на лице место во Хрватска

Дваесет и четиригодишен мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случила во местото Пешќеница, на подрачјето на Лекеник, во Хрватска.Според соопштението на сисачко-мославската полиција, несреќата се случила околу 19:20 часот. При увидот било утврдено дека младиот возач, управувајќи мотоцикл со загрепски регистарски таблички, при излегување од свиок не ја прилагодил брзината на условите на патот, поради што ја изгубил контролата над возилото.Мотоциклот излетал од колов

Балкан | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања