„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-librarytpqtosjedrv66yTRy72

Поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска за Адем Чучуљ: „Сите очи ќе бидат вперени во него“

По изборот на Адем Чучуљ како единствен предлог за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција, поранешната прва антикорупционерка, Билјана Ивановска, во гостување на ТВ Сител проговори за предизвиците што го чекаат.„Адем Чучуљ навистина има извонредно искуство. Работата останува понатаму на него да се избори да ја одигра улогата на претседател на ДКСК. Не е само искуството, бидејќи сите очи ќе бидат вперени во него. Тој треба да ја подобри транспарентноста, комуникациите со јавноста, треба да се избори и со останатите членови кои до сега беа малку потивки, поповлечени во работењето. Не знам дали ќе успее, а би требало да успее да наметне нов начин, нов принцип на работа кој ќе придонесе за надминување на овие слабости кои се нотирани во извештајот на Европската комисија“, рече Ивановска.Таа посочи дека новото раководство ќе мора да воведе повисоки стандарди на отчетност и поголема отвореност кон јавноста, доколку ДКСК сака да ја врати довербата и да ги надмине слабостите кои со години се повторуваат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryavdbt5hs3nh29NVb0Bj

ЕУ воведува дигитален пасош за побрзо минување граници, но физичкиот документ останува задолжителен

Земјите од Европската унија планираат да го олеснат патувањето со воведување дигитален пасош што ќе може директно да се чува на паметен телефон. Според пишувањето на германскиот „Билд“, членките на ЕУ постигнале заеднички став за ова прашање, со што започнува клучната фаза за усвојување на новата регулатива. Главната цел е побрз и полесен премин на границите.Важно е да се нагласи дека класичниот, физички пасош и понатаму ќе остане задолжителен. Секој кој патува преку надворешните граници на Европската унија ќе мора да го има со себе. Дигиталниот пасош е предвиден само како дополнителна опција, а неговата употреба ќе биде целосно доброволна.Централниот дел на проектот е апликацијата „EU-Travel“. Преку неа, граѓаните ќе можат да зачуваат дигитална, официјално заверена верзија од својот пасош. Како и кај физичкиот документ, дигиталната верзија ќе содржи биометриски податоци како фотографија и отпечатоци од прсти, кои служат за недвосмислена идентификација.Апликацијата ќе им овозможи на патниците да ги испратат своите податоци до граничните служби уште пред пристигнувањето на граничниот премин. Се очекува ова значително да ги забрза контролите и да ги намали метежите на границите. Техничката имплементација ја спроведува агенцијата на Европската унија eu-LISA, која веќе управува со големи ИТ системи, како Визниот информативен систем (VIS) и Системот за влез/излез (EES), што ги обработуваат податоците за визи и гранични премини.

Свет | пред 3 месеци

media-library02dm7p83phq21QW8Ay6

Коцевски: Предметите за легализациите во Чаир се поврзани и најверојатно ќе се спојат

Проблематичните постапки за легализации во Општина Чаир во моментов се разгледуваат низ два одвоени обвинителски предмета – едниот оформен по допрен глас во Основното јавно обвинителство Скопје, а вториот по пријава поднесена од поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во гостување на „360 степени“ на МРТ1 изјави дека двата случаи се меѓусебно поврзани и дека, според досегашната динамика на постапката, најверојатно ќе бидат споени. Тој нагласи дека обвинителствата располагаат со доволно докази и дека работата продолжува.Коцевски објасни дека иако во јавноста се појавиле шпекулации дека првиот предмет – оној по допрен глас – бил близу до затворање без покрената истрага, таква одлука никогаш не била донесена ниту официјално соопштена. Посочи дека обвинителите собираат докази до последниот момент пред носење на јавнообвинителска одлука и дека постапката се води во согласност со сите стандарди.Во однос на тоа дали веќе се потврдени фалсификати во документацијата за легализациите, Коцевски не откри детали, наведувајќи дека истрагата сè уште е во тек и дека конечната надлежност ќе биде утврдена откако ќе се обедини материјалот од двата предмета.Тој додаде дека интересот на јавноста за овој случај е разбирлив, особено поради тоа што во процесот има лица поврзани со актуелната владејачка гарнитура, но потенцира дека институциите ќе постапуваат независно и врз основа на докази.Предметите за сомнителните легализации во Чаир остануваат во активна фаза на постапување, а одлуката за нивно евентуално спојување се очекува во периодот што следува.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Продолжува мегапроцесот за трагедијата во „Пулс“: Одбраната денеска ги дава воведните зборови

Судницата во Идризово денеска треба да се одржи второто рочиште од големиот судски процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година животите ги загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. По воведниот говор на обвинителството на првото рочиште, денеска се очекува обвинетите да се произнесат за вината, по што одбраната ќе ги даде своите воведни обраќања.Рочиштето повторно ќе се одвива под силни безбедносни мерки, со присуство на роднините на загинатите, новинари и голем број правни застапници. Постапката ја води судијката Диана Груевска Илиевска, која уште на почетокот најави дека ќе има нулта толеранција за недисциплина и нема да дозволи непотребни одолговлекувања.Обвинителот Борче Јанев во своето излагање минатата недела порача дека трагедијата не може да се сведе само на моментот на активирањето на пиротехниката, туку дека станува збор за „години институционален молк, игнорирање на ризици и системски пропусти“ кои го претвориле клубот во, како што рече, „смртоносна стапица“. Според обвинението, објектот функционирал повеќе од една деценија без минимални услови за работа: без противпожарен систем, со затворени прозорци, користени лесно запаливи материјали и само еден излез за евакуација.Јанев истакна дека доказите ќе покажат оти опасностите биле видливи со години, но службените лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и други функционери – „ги наследувале и продолжувале утврдените обрасци на непостапување“. Според обвинителството, токму таквата рутина на игнорирање предупредувања довела до непрекинат причинско-последичен тек што резултирал со трагедијата.Осум месеци по пожарот, на обвинителната клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица. Меѓу обвинетите се: Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон Секјурити Солушнс“ и „Венци Проект“ ДООЕЛ Кочани.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Трамп со порака за мировните преговори: „Не верувајте во голем напредок – сè уште не“!

Американскиот претседател Доналд Трамп конечно се огласи во врска со разговорите за прекин на војната во Украина, објавувајќи необична порака на својата мрежа Truth Social.„Не верувајте дека има голем напредок меѓу Русија и Украина – барем не засега“, предупреди Трамп.Тој додаде уште една забелешка:„Дали навистина е можно да е постигнат значаен напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина? Не верувајте додека не видите, но нешто добро можеби навистина се случува. Бог да ја благослови Америка.“Станува збор за мировен план со 28 точки, кој во својата почетна верзија, според медиумските извештаи, бил повеќе наклонет кон руските позиции.Сепак, по средбата на украинската и американската делегација во Женева, документот бил изменет, а според неофицијални информации, разменети биле и остри зборови.Во меѓувреме, американскиот „Вашингтон пост“ објави дека Трамп всушност не бил запознаен со деталите од планот кој медиумите театрално го нарекоа „Трампов мировен план“. Весникот наведува дека текстот бил изготвен од неговиот специјален посредник Стив Виткоф, во координација со главниот руски преговарач Кирил Дмитриев.

Свет | пред 3 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

Се урива „Вјесник“: Загреб го губи својот препознатлив симбол по катастрофалниот пожар

Зградата на „Вјесник“ во Загреб, која минатата недела беше целосно уништена во силен пожар, најверојатно ќе биде срушена поради сериозните оштетувања на конструкцијата.Министерот за просторно уредување, градба и државен имот, Бранко Бачиќ, на денешниот состанок во Загреб изјави дека „објектот ќе мора да биде отстранет“, повикувајќи се на експертските процени што ги доставил Центарот за потресно инженерство.„Според извештаите што ги добивме, може да се заклучи дека мора да се започне со отстранување на конструкцијата на ‘Вјесник’“, рече министерот. Тој најави изработка на проект за уривање, по што ќе следува јавна набавка и почеток на самото рушење.Професорот Марио Урош детално ја објасни одлуката на експертите:„Уште утрово го предадовме извештајот. Иако беше краток рок, сакавме да бидеме целосно сигурни во нашата процена. Се надевавме дека објектот и кулата можеби ќе можат да се обноват, но анализите од последните неколку дена покажаа сериозни статички оштетувања. Поради високите температури има и физички оштетувања на носечките столбови, а восточниот дел од кулата е значително нарушен.“Тој предупреди дека голата бетонска конструкција сега е изложена на дожд и влага, што може да предизвика хемиски реакции и дополнително распаѓање на материјалот:„Доколку оваа состојба продолжи, постои реална опасност од делумно или целосно уривање на објектот.“

Свет | пред 3 месеци

media-libraryu1fji915bvq71QcjkDv

(Видео) Почина Џими Клиф — легендата на регето и авторот на безвременската „Hakuna Matata“ од „Кралот лав“

Џими Клиф, познатиот реге-музичар и актер, почина на 81-годишна возраст.Во објавата за неговата смрт беше истакнато дека семејството, блиските пријатели, колегите уметници и сите што го придружуваа низ неговата долга кариера, остануваат благодарни за неговото творештво и наследство.Клиф е најпознат по безвременските хитови „Many Rivers to Cross“ и „You Can Get It If You Really Want“, како и по официјално одобрената кавер-верзија на песната „Hakuna Matata“ од Дизниевиот филм „Кралот лав“.Многу негови песни подоцна ги преработија светски музички ѕвезди, меѓу кои Шер, UB40, Ени Ленокс и Medness.Тој стекна популарност и со своите изведби на „Wild World“ на Кет Стивенс и „I Can See Clearly Now“ на Џони Неш — втората ја сними за филмот „Cool Runnings“ од 1993 година.Клиф е добитник на две награди „Греми“ за албумите Cliff Hanger и Rebirth, а паралелно изгради успешна актерска кариера. Во 2010 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот.Роден како Џејмс Чемберс во 1944 година во округот Сомерсет во Сент Џејмс, на Јамајка, своето уметничко име „Џими Клиф“ го усвоил уште на 14 години, кога почнал да компонира во училиштето.Неговата ранa песна „Hurricane Hattie“ брзо станала хит, а во 1972 година ја одигра главната улога во филмот „The Harder They Come“, кој денес се смета за едно од највлијателните остварувања во историјата на карипската кинематографија.Зад себе ги остави сопругата и двете деца, Лилти и Акен.

Магазин | пред 3 месеци

vakcina-vakcinacija-7

Првиот пациент од Србија прима руска персонализирана вакцина против рак: Пет месеци болнички третман во Москва

Руското Министерство за здравство пред неколку дена ја одобри примена на персонализираната mRNК вакцина против рак кај пациенти, со што започна нејзината официјална клиничка употреба.Вчера стана познато дека во Москва пристигнал и првиот пациент од Србија, кој боледува од малиген меланом, што ја вброи Србија меѓу првите земји чии пациенти се упатени на оваа иновативна терапија.Како ќе изгледа неговото лекување и што претставува персонализираната вакцина, објасни професор д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки во Крагуевац, кој е и визитинг професор на Сеченов универзитетот во Москва.Професорот појаснува дека руските здравствени институции одобриле примена на mRNК вакцината за пациенти со малиген меланом, како и употреба на пептидна вакцина развиена од истражувачки тим со кој тој работи во рамките на Сеченов универзитетот — наменета за карцином на дебело црево.„Процедурата е следна: се зема примерок од малигното ткиво — вклучително и метастатски промени — потоа примерок од здраво ткиво кое соодветствува на заболениот орган и примерок од крв. Со детална анализа се утврдува мутацијата што ја предизвикала болеста,“ објаснува Јаковљевиќ за Курир ТВ.Тој додава:„Потоа со помош на алатки базирани на вештачка интелигенција се создава препарат кој развива антитела токму против тој специфичен антиген. Процесот трае околу три до четири недели. Потоа пациентот добива десет дози — една на секои две недели — што значи дека пет месеци мора да престојува во Русија за да ја прими целата терапија. По завршувањето на циклусот се очекува целосно излекување.“

Магазин | пред 3 месеци

putin-erdogan

Пресврт: Путин проговори за американскиот план — дали Ердоган го убедил?

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за конфликтот во Украина, за американските предлози за мировно решение и за билатералните прашања меѓу Москва и Анкара.„Разменети беа ставови за ситуацијата во Украина, вклучително и во контекст на американските предлози за мирно решение“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесе РИА Новости.Путин посочил дека американските предлози, како што биле разгледани од Москва, се во согласност со разговорите што тој ги имал со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска на 15 август.Тој изјавил дека „американскиот план, во принцип, би можел да претставува основа за конечно мировно решение“.Ердоган, од своја страна, ја изразил својата подготвеност да помогне во олеснување на преговорите и понудил Истанбул да биде платформа за нивно продолжување.

Свет | пред 3 месеци

ikoni-crkva

Крадел пари од манастир - фатен е на дело! На гостиварецот не му е прва кражба во верски објекти

Полицијата во Гостивар го приведе 55-годишен жител на селото Беловиште, кој бил затекнат додека се обидувал да украде пари од манастирски објект.Според информациите од МВР, вчера околу 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го забележале мажот во моментот кога вршел кражба во манастирот „Преображение Христово“ во населбата Циглана.Покрај инцидентот од вчера, Ѓ.А. се поврзува и со повеќе тешки кражби извршени во последните шест месеци во различни верски објекти на подрачјето на Гостивар. Се сомничи дека на сличен начин влегувал во храмови и цркви и одземал пари и други вредни предмети.Осомничениот е задржан во полициската станица, а по целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 3 месеци

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Поевтинуваат бензините, но дизелот поскапува за половина денар, ова се новите цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која малопродажните цени на горивата се коригираат. Бензинските деривати поевтинуваат за половина денар, додека дизелот поскапува за иста сума. Просечното намалување кај сите нафтени деривати изнесува 0,55 отсто.Според новиот ценовник, литар ЕУРОСУПЕР БС–95 ќе чини 75 денари, ЕУРОСУПЕР БС–98 се утврдува на 77 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува на 73 денари за литар. Цената на екстра-лесното масло за домаќинство останува непроменета – 69,5 денари за литар.Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,756 денари по килограм и новата цена ќе биде 34,865 денари.Од РКЕ објаснуваат дека светските цени на бензините во последната пресметка паднале за просечно 1,335 отсто, додека дизелот регистрирал пораст од 1,379 отсто. Екстра-лесното масло е поскапо за 0,51 отсто, а мазутот поевтин за 3,089 отсто. Денарот забележал минимално зајакнување кон доларот од 0,0455 отсто.

Македонија | пред 3 месеци

afrim-gashi

Анкетната комисија за случајот во Кочани привремено стопирана – Собранието бара доработка на иницијативата

На денешниот редовен состанок со координаторите на пратеничките групи, претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека иницијативата за формирање анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани, поднесена од СДСМ и Левица, е вратена на дополнителна доработка.Според Гаши, предлогот не е усогласен со собранискиот Деловник, затоа што опозициските пратенички групи побарале мнозинство во Комисијата и истовремено да го имаат и претседателското место. Тој потсети дека членот 124 од Деловникот не дозволува состав во кој една страна доминира во двата елементи – мнозинство и раководење со Комисијата.Првичната структура предложена од СДСМ и Левица предвидувала: четири членови од СДСМ, четири од ДУИ, тројца од ВМРО–ДПМНЕ, двајца од Вреди и еден од ЗНАМ, со претседател од опозициските редови.Гаши исто така информираше дека во Собранието сè уште не пристигнал предлог за промени во составот на Владата. Тој нагласи дека веднаш по доставувањето, седницата за кадровските измени може да биде свикана без одложување.Во однос на Изборниот законик, Собранието очекува од Министерството за правда официјално да го извести дали се подготвува нов текст. Дури по тоа ќе се одлучи дали да се формира пратеничка работна група која би работела на измени на изборните правила.Гаши најави дека пакетот реформски закони поврзани со правосудството ќе биде ставен на дневен ред веднаш штом стигнат во законодавниот дом. Посебно ја издвојува измената на Кривичниот законик што произлегува од неодамнешната одлука на Уставниот суд за застарување на делата „злоупотреба на службена положба“. Според него, измените би можеле да бидат усвоени до 26 декември.Кога станува збор за изборот на Народен правобранител, Гаши истакна дека процесот зависи од договорот меѓу политичките партии застапени во Собранието.

Македонија | пред 3 месеци

media-library62o1bagt5nfnajCnndA

Скопје веќе подготвува празничен изглед, почна декорацијата, а буџетот изнесува 70.000 евра

Новогодишната атмосфера полека пристигнува во главниот град, откако Град Скопје и Општина Центар деновиве стартуваа со поставување празнични украси, светилки и елки. Градските служби веќе работат на терен, иако подготовките се одвиваат под значително кратки рокови.Град Скопје објави тендер за украсување на градот за претстојните новогодишни славија, а за целата декорација предвидени се 70.000 евра од градскиот буџет. Јавната набавка се спроведува во забрзана постапка, а фирмите што сакаат да учествуваат имаат можност да ги поднесат своите понуди до 4 декември.Според условите, се бара поставување висока елка од најмалку 13 метри, светлосни инсталации од типот „ѕвездено небо“ кои ќе покриваат околу 800 квадратни метри, големи декоративни подароци, како и 3Д празнични фигури.Општина Центар паралелно поставува сопствени украси. На плоштадот „Јадран“ веќе се монтира елка со висина од околу девет метри, а украсувањето на улицата „Орце Николов“ започна уште на 23 ноември.Овие активности ја означуваат првата фаза од подготовките на општината за празничниот период.И Градот и Општина Центар се обидуваат навреме да го подготват просторот за новогодишните прослави. Краткиот рок за јавната набавка и паралелното поставување на украсите укажуваат дека празничната декорација ќе се изведува во забрзан ритам за граѓаните да добијат вистински новогодишен амбиент пред 31 декември.

Скопје | пред 3 месеци

siluvanje

Тинејџер од Охрид силувал 12-годишно девојче, друг малолетник снимал

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Охрид | пред 3 месеци

media-libraryfgvh7b599obe7jNveCs

Го реанимирале, но лекарите не успеале да го спасат бебето: Во кичевската болница било донесено во многу тешка состоја

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало.Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Македонија | пред 3 месеци

aca-lukas-2

СДСМ бара одговорност по инцидентот на концертот на Лукас: „Институциите повторно задоцнија“

СДСМ реагираше на прекинот на концертот на Аца Лукас во Кавадарци, оценувајќи дека случајот укажува на повторно потфрлање на институциите задолжени за јавната безбедност. Според партијата, во локал со дозволен капацитет од 200 лица се собрале повеќе од 700 посетители, што, како што наведуваат, претставувало сериозен безбедносен ризик.Во реакцијата се наведува дека и Министерството за внатрешни работи и Општина Кавадарци биле известени за настанот, но не презеле мерки пред отворањето на концертот. Настанот бил прекинат дури по полноќ, околу 00:10 часот, кога локацијата веќе била преполнета.Од партијата поставуваат неколку прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, меѓу кои: зошто било дозволено започнување на концертот со бројка на посетители што ја надминува дозволената, зошто МВР не реагирало порано и дали од трагедијата во Кочани се извлечени потребните поуки.СДСМ оцени дека ситуацијата, како што ја опишуваат, претставувала ризик за стотици граѓани и дека биле создадени услови кои би можеле да доведат до сериозен инцидент.Од партијата побараа итна истрага и одговорност, како за организаторите, така и за институциите што биле задолжени да обезбедат безбедни услови за спроведување на настанот.

Македонија | пред 3 месеци

189145_peskov_f

Кремљ: „Нема официјална верзија од новиот мировен предлог“

Руското раководство соопшти дека сè уште нема добиено ажуриран документ од мировниот план што американските и украинските претставници го разгледуваа за време на викендот во Женева.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утрово изјави дека Москва внимателно ги следи информациите за разговорите и дека е свесна оти во предлогот биле направени одредени измени во однос на верзијата што Русија ја добила претходно.Според Песков, официјална комуникација засега нема:„До овој момент немаме примено никаква нова, официјално доставена верзија на планот,“ нагласи тој.Тој додаде дека во текот на оваа недела не се планирани разговори меѓу руските претставници и американската делегација во врска со Украина.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Мицкоски за случајот на Јанкуловска во Стразбур: „Тоа се овие судии што тврдат дека им е мала платата“

По објавата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска дека Европскиот суд за човекови права го разгледува нејзиниот предмет за блиндираното возило, премиерот Христијан Мицкоски денеска ја искористи приликата да даде оценка за состојбата во правосудниот систем.„Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски рече дека судијата што го водеше судскиот случај „Тенк“, денеска ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите.„Видете кој го водеше овој случај „Тенк“ и видете каде се наоѓа тој судија денес. И не престанува тој судија денес ги атакува пензионерите за линеарното зголемување на пензиите, сака тоа право да им го одземе, а од друга страна бараат двојно, тројно поголеми пати. А гледате какви пресуди политички октроирани носат. За жал“, истакна Мицкоски и додаде:„За жал мораме да се срамиме и црвенееме пред Стразбур, поради ваквите малкумина судии кои за жал го контаминираат нашето судство и малкумина обвинители кои за жал го контаминираат нашето обвинителство.“Премиерот Мицкоски посочи дека во правосудството се потребни суштински реформи, а не зголемување на плата за која како што рече и така е драстично поголема од просечната плата во државата.„Јас уште еднаш ќе кажам, реформи во делот на судството и обвинителството се апсолутно потреби, но суштински реформи, а не зголемување на платите на овие судии кои што не ја заслужуваат ни оваа плата, која што е драматично поголема од просечната плата во државата. Така што, апсолутно да ја прочитав оваа информација која дојде од Стразбур и само таа е потврда за октроираното судство кое што за жал поединци внатре се заложници на претходната влада на СДСМ и ДУИ“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2evq2da6ev145rZ0TfQ

(Фото) Доктор Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“ за медицински, алпинистички и државнички придонес

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва му го врачи Орденот „8 Септември“ на доктор Сашко Кедев, признавање што го добива поради неговото учество во процесите за независноста на државата, извонредните достигнувања во интервенционата кардиологија и редок, историски подвиг во алпинизмот.Свеченоста се одржа во Македонската филхармонија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, членови на Владата, градоначалници, академска заедница и бројни јавни личности. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека Кедев е личност „чиј личен и општествен интегритет одамна ја надминува неговата професионална област и се вградува во колективната меморија на државата“.Најголемо внимание привлече неговото искачување на сите 14 највисоки врвови на планетата – подвиг кој ретко кој светски алпинист го има остварено. Кедев нагласи дека го доживува како национален успех:„Силата ми ја даваше желбата да го поставам македонското знаме и македонското име на секој од тие врвови. Овој успех им го посветувам на сите граѓани и на сите Македонци, каде и да живеат.“Притоа изрази и длабока благодарност за одликувањето, нагласувајќи дека, иако ги опфаќа различните сегменти од неговата професионална и лична биографија, го смета за награда што ја дели со своите колеги – тимот кој пред повеќе од три децении ја постави основата на интервенционата кардиологија во Македонија.Во своето обраќање, Кедев испрати и лична порака: „Најважно е да го пронајдеме она што не го правиме поради крајната цел, туку поради внатрешната мотивација.“

Македонија | пред 3 месеци

IMG_5572

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – судот во Кочани го одби барањето за построги мерки

Кривичниот совет на Основниот суд во Кочани одлучи дека двајцата даночни инспектори осомничени во случајот со дискотеката „Пулс“ ќе останат во куќен притвор. Со ова, Судот ги одби жалбите поднесени од Основното јавно обвинителство Кочани, кое бараше нивно испраќање во истражен затвор.Обвинителството тврдеше дека постои опасност осомничените да влијаат врз сведоци или да го повторат делото и затоа побара построги мерки. Но, Кривичниот совет процени дека домашниот притвор е доволна гаранција дека тие ќе бидат достапни за понатамошната постапка.Во соопштението на Судот стои дека жалбите се целосно одбиени и дека решенијата на судијата на претходна постапка остануваат во сила.Инспекторите на УЈП се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба, земале поткуп и однапред ги предупредувале сопствениците на дискотеката за претстојни контроли, со што им овозможувале да избегнат законски обврски.Со оваа судска одлука се завршува спорот околу мерките за обезбедување присуство. Истрагата продолжува додека осомничените се наоѓаат во домашен притвор под надзор.

Магазин | пред 3 месеци

Screenshot-2024-06-18-at-10.56.47

Стразбур ја прифати жалбата на Јанкулоска за „Тенк“: „Во предметот постојат сериозни индиции за можни прекршувања на правото на фер судење“

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во предметот „Тенк“, со кој таа беше осудена на четири години затвор за набавката на блиндираниот „мерцедес“ за државни потреби. Судот ќе утврдува дали во домашната постапка биле нарушени нејзините права на фер судење.Јанкулоска преку објава на социјалните мрежи ја потврди информацијата, наведувајќи дека Стразбур признал „сериозни прашања“ во врска со документарните повреди на процесните права во нејзиниот случај. Таа оцени дека ова за неа претставува „мала лична сатисфакција“ по пет години од поднесувањето на апликацијата.Според дел од медиумите, еден од клучните аспекти што ги разгледува ЕСЧП е употребата на прислушуваните разговори како доказ. Одбраната тврди дека таа немала можност да ја оспори нивната автентичност ниту пристап до целосната документација, што ја нарушило рамноправноста на странките. Дополнително, Судот ја анализира и улогата на судијката Добрила Кацарска, чија претходна комуникација и јавни изјави, според жалбата, можеле да создадат впечаток на предвремено определување.Во жалбата се наведуваат и други неправилности – од неучество на еден поротник во советувањето, до замената на двајца судии во Врховниот суд без образложение, пренесува „Дојче веле“.Јанкулоска во објавата оцени дека прашањата на Стразбур се доказ дека во постапката, како што тврди, биле вклучени „инсталации на претходната власт во правосудството“, кои ги нарече „најмоќната алатка“ за политички цели. Таа додаде дека очекува ова конечно да биде порака до „оние со 2% доверба“ дека судиите не смеат да служат на ничии интереси.Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја одлуката на ЕСЧП, рече дека отворањето на постапката претставува уште една потврда за длабоките проблеми во македонското судство.„Јасно е наведено дека имаат забелешки на процесот и отвораат предмет за да утврдат дали имало повреда на човекови права“, изјави тој. Мицкоски повтори дека подолго време говори за „малубројни судии, партиски октроирани од претходната власт“, кои, според него, донесувале политички мотивирани пресуди.Премиерот ја спомена и судијката која го водеше предметот „Тенк“, оценувајќи дека денес таа е на висока функција и „продолжува да носи политички одлуки“, меѓу кои ја спомена и актуелната иницијатива поврзана со пензискиот модел.„За жал, сите мораме да црвенееме пред Стразбур поради малкумина судии и обвинители кои го контаминираат системот“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc4bt3eodmi9b52DFsaq

Тридневниот штрајк го парализира железничкиот сообраќај во Белгија

Тридневниот штрајк на белгиските железнички работници, кој започна утрово, значително го наруши јавниот превоз низ целата земја. Белгиската национална железничка компанија SNCB соопшти дека уште од синоќа во сообраќај се пуштени помал број возови, а голем дел од поаѓањата се откажани. Редуцираното возење ќе продолжи до среда, 26 ноември, кога штрајкот формално завршува.Од SNCB апелираат патниците внимателно да ја следат состојбата и редовно да ги проверуваат најновите информации преку официјалната веб-страница или мобилната апликација, пренесува „Brussels Times“.За меѓународните линии Jurosity на релациите Брисел–Ротердам и Брисел–Амстердам, компанијата најави привремено олеснување: билетите ќе бидат важечки од денот пред до денот по првично предвидениот термин, со што патниците добиваат поголема флексибилност додека трае штрајкот. Дополнително, билетите може да се сторнираат.

Свет | пред 3 месеци

ipard-1140x401-1

СДСМ: Владата да побара одговорност од Трипуновски за суспендираните ИПАРД средства

СДСМ и денеска ја обвини владата дека го штити министерот за земјоделство Љупчо Трипуновски во контекст на, како што велат, „мега-скандалот“ со суспендирањето на ИПАРД средствата во вредност од над 130 милиони евра.Од партијата потсетуваат дека и по две недели од објавувањето на случајот, министерот не понудил одговори околу причините за блокирањето на европските пари, ниту пак доставил план како ќе се надмине ситуацијата. Како пример го наведуваат и документот што Трипуновски го испратил до собраниско тело, за кој тврдат дека е „без суштина и без конкретни информации“.Според СДСМ, суспендираните средства ја ставаат во неизвесност реализацијата на околу 3.000 потенцијални инвестиции и можноста за отворање до 10.000 работни места, а земјоделците се доведени во ризик поради вложени кредити и средства во очекување на поддршка.Оттаму прашуваат зошто владата не бара одговорност од министерот, посочувајќи дека тој „не може да остане на функција ако не чувствува одговорност“ за состојбата во секторот и „ако ја прикрива вистината“ од земјоделците.До моментот на објавување на текстот, од Министерството за земјоделство не дадоа дополнителен коментар на обвинувањата.

Македонија | пред 3 месеци

kacarska

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС“

ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше на изборот на Добрила Кацарска за уставен судија, обвинувајќи дека нејзиното именување е резултат на политичка наклонетост и блискост со СДСМ. Во соопштението, опозициската партија тврди дека Кацарска била „наградувана“ поради нејзината улога во судските процеси за 27 април.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, според нивните оценки, Кацарска донела „драконски казни“ и водела „нефер постапка“, притоа критикувајќи го, како што тврдат, нејзиното однесување за време на рочиштата. Партијата смета дека ваквите случаи придонеле за ниска доверба на јавноста во судството.Дополнително, од опозициската партија реагираат на барањето во Уставниот суд за зголемување на судиските плати, посочувајќи дека за Кацарска тоа би значело примање на значително повисок месечен доход, додека, според нив, во исто време се укинуваат покачувањата на ниските пензии. Партијата ја обвинува судијката за „двојни стандарди“.Опозицијата оцени дека ваквите ситуации го потврдуваат нивниот став дека во правосудството се потребни темелни реформи за да се подобри ефикасноста и да се зајакне довербата на граѓаните.Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ја нагласува и намерата на Владата предводена од нивната партија да продолжи со економски политики насочени кон повисоки плати, пензии и поквалитетен животен стандард.Од Уставниот суд и од СДСМ засега нема официјална реакција на обвинувањата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2hlmrmsjmurd7y2X6lE

Руски камиказа-дронови повторно го погодија Харков: убиени четири лица, меѓу тешко повредените има и две деца

Четири лица загинаа во руски напад со камиказа-дронови врз Харков, соопшти градоначалникот Игор Терехов. Телото на едно од загинатите лица било извлечено од под урнатините.Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, уште дванаесет лица се повредени, меѓу кои две деца на 11 и 12 години.Од локалните власти беше соопштено дека градот и неговата околина биле погодени со петнаесет напади во текот на денот. Харков се наоѓа само триесет километри од руската граница и од почетокот на инвазијата постојано е цел на удари насочени кон инфраструктурата и станбените објекти.Во одделен напад во Марханец, град во областа Дњепропетровск на југот на земјата, две лица загинале во руски артилериски оган, потврди гувернерот на регионот.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања