„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

vlada-zname-nato

Владата тврди дека ништо не се прикрива околу ИПАРД: „Апсолутно го отфрлам ова тврдење“

Владата ја отфрли критиката на опозицијата дека се прикриваат информации во врска со суспензијата на средствата од ИПАРД програмата, нагласувајќи дека институциите постапуваат отворено.На прес-конференција, портпаролката Марија Митева јасно порача:„Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни.“Таа додаде дека очекува Министерството за земјоделство и останатите надлежни институции, меѓу кои и судските органи кои работат независно од извршната власт, да ги споделат своите информации за состојбите.Од опозицискиот СДСМ реагираа со обвинувања дека министерот Цветан Трипуновски избегнува да одговори на суштинските прашања по обелоденувањето на случајот. Портпаролката Богданка Кузеска изјави дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) се привремено стопирани како мерка на претпазливост, поради сомнежи во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исплатите се прекинати додека трае процесот на утврдување на евентуалните неправилности со цел заштита на европските фондови.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0r2rs3vk261b3w4i4uL

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

Синиша Каран, кандидат на владејачкиот „Сојуз на независните социјалдемократи“, обезбеди победа на предвремените претседателски избори во Република Српска, покажуваат првичните резултати на Централната изборна комисија во Сараево.Според обработени речиси 93 проценти од избирачките места, Каран освои 200.116 гласови, што претставува 50,85 проценти од поддршката. Неговиот главен ривал, универзитетскиот професор по електроника Бранко Блануша од опозициската СДС, доби 188.010 гласови (47,8 проценти).Каран важи за политичар близок до поранешниот претседател Милорад Додик, кој беше симнат од функцијата по одлука на Судот на Босна и Херцеговина поради активности оценети како сепаратистички. Токму неговото отстранување доведе до распишување на предвремените избори.Иако важи за наследник на Додик во политичка смисла, Каран освои значително потесна разлика во однос на победата што Додик ја забележа во 2022 година, кога имааше предност од речиси 27.000 гласа над тогашната кандидатка Јелена Тривиќ.Од околу 1,2 милиони регистрирани избирачи, на гласање излегле околу 35 проценти, што претставува значително помала излезност во споредба со 2022 година. Новиот претседател ќе ја извршува функцијата само една година, до редовните парламентарни и претседателски избори во 2026 година, па исходот се смета за важна најава за наредните политички процеси.Политичките аналитичари сметаат дека Каран веројатно нема да ја продолжи жестоката реторика на Додик во однос на прашањата за статусот на ентитетот, иако Додик најави дека ќе остане лидер на СНСД, и покрај забраната да извршува јавни функции.Бранко Блануша, кој ја загуби трката, го припиша поразот на „нерегуларности“ на одредени избирачки места и тврди дека без нив исходот можел да биде поинаков. СДС веќе поднесе барање за повторно гласање во три градови, но без да достави конкретни докази за наводните измами.

Свет | пред 3 месеци

media-library3u86n83vb363bKE0b0H

Зеленски на пат кон Вашингтон повторно? Со Трамп ќе разговара за најчувствителното прашање од мировниот план!

Соединетите Американски Држави и Украина изработија „дополнет и унапреден мировен план“ за окончување на војната со Русија, се наведува во заедничката изјава на двете држави по завршувањето на преговорите во Женева, на кои учествуваа и европски претставници.План приспособен на украинските барања?Двете страни, како што изгледа, го подготвиле документот врз основа на претходната американска верзија, која Киев и неговите сојузници ја сметаа премногу наклонета кон Москва, пренесе „Ројтерс“.Во заедничката изјава по разговорите во Женева, делегациите наведоа дека воделе „исклучително продуктивни“ дискусии и дека ќе продолжат да работат на планот и наредните денови. Не ги открија деталите за спорните прашања кои допрва треба да се решат, вклучително и темата за безбедносните гаранции за Киев.Белата куќа посебно соопшти дека новата верзија на мировниот план содржи посилни безбедносни гаранции и дека украинската делегација оценила оти документот „ги одразува нивните национални интереси“. Украинските функционери не објавија одвоена изјава и не биле веднаш достапни за коментар, јави „Ројтерс“.Оптимизам од ВашингтонАмериканскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги предводеше разговорите, во неделата изјави дека е „многу оптимистичен“ дека договор за Украина може да биде постигнат „многу скоро“.Според него, во преговорите е направен значаен напредок, но конечен договор мора да биде постигнат и потврден од претседателите, а неколку чувствителни прашања остануваат отворени.Рубио додаде дека делегациите и денес продолжуваат да работат на мировниот план, нагласувајќи дека преговорите траат веќе три недели, но дека во последните четири дена биле значително интензивирани.Можно е Зелeнски да патува во ВашингтонСпоред два извора запознаени со процесот, американски и украински претставници разговараат и за евентуална посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон веќе оваа недела, за да разговара со претседателот Доналд Трамп за мировниот план. Засега нема официјална потврда за датум.Еден од изворите навел дека целта е двајцата лидери да ги разгледаат најчувствителните точки од американскиот предлог – вклучително и прашањето за територијата.Американскиот план, според претходните информации, би значел фактичко предавање на целиот Донецк на Русија, додека Украина досега инсистираше примирјето да биде воспоставено според тековните линии на фронтот.Европската алтернативаВчера протече и европскиот контрапредлог на американскиот план, кој суштински се разликува од Вашингтон токму во делот на територијалните решенија. Русија индиректно ставила до знаење дека би прифатила договор доколку украинските сили се повлечат од целиот Донбас, што за Киев и европските земји е целосно неприфатливо.Во европската верзија се наведува дека НАТО се согласува трајно да не распоредува свои сили во Украина во време на мир. Украинската војска би била ограничена на најмногу 800.000 припадници, додека американскиот план предвидува максимум од 600.000.Европа бара Украина да биде финансиски обесштетена, вклучително и преку руската имотна активa која останува замрзната сè додека Русија не ја надомести штетата.Европскиот предлог содржи и точка според која Украина нема да ги враќа своите „окупирани суверени територии“ со воена сила, туку преку преговори за размена на територии, чија основа би биле линиите на контакт. Предвидено е и распишување избори во Украина што е можно побрзо по потпишувањето на мировниот договор.

Свет | пред 3 месеци

media-library1t95hoepdvfjdvFq41u

Словенците против законот за асистирано самоубиство

Словенците на референдум одржан вчера го отфрлија законот за асистирано доброволно прекинување на животот, со што ќе се поништи законот усвоен од парламентот во јули оваа година.Според неофицијалните резултати од Државната изборна комисија, по преброени 99,8 проценти од гласовите, повеќе од 368.000 гласачи гласаа против законот кој дозволуваше еураназија или 53,4 проценти од оние што гласаа. Малку повеќе од 321.000 гласачи, или 46,6 проценти, беа за законот.Отфрлениот закон предвидуваше можност за асистирано самоубиство за возрасни пациенти кои ги исполнуваат строгите медицински критериуми. Пациентот ќе мора двапати да ја изрази својата намера кај лекарот, по што барањето ќе го оцени независен лекар и психијатар, кој треба да утврди дека пациентот е во неизлечива состојба.Здравствените работници ќе го задржат правото да се повикуваат на совеста. Еутаназијата, смрт со директна помош на старател, ќе остане забранета.

Свет | пред 3 месеци

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

Обвинителството се жали на ослободителната пресуда за таткото на убиенат Вања Ѓорчевска, Туфегџиќ: Сами кажаа дека немаат докази!

Адвокатот Владимир Туфегџиќ денеска за „Скопје1“ потврди дека Јавното обвинителство, во последниот ден од жалбениот рок и непосредно пред крајот на работното време, поднело жалба со која бара укинување на ослободителната пресуда за неговиот клиент Александар Ѓорчевски.Туфегџиќ најави дека ќе поднесе одговор на жалбата и ќе побара јавна седница пред Жалбениот совет на Апелациониот суд, очекувајќи дека второстепениот суд ќе ја потврди ослободителната одлука.„Ќе барам јавна седница на жалбениот совет и очекувам судот да ја потврди ослободителната пресуда токму врз основа на наводите на застапникот на обвинението во завршниот збор, во кој кажа — цитирам — ‘ако не прашате дали имаме докази против Александар, НЕМАМЕ’“, истакна Туфегџиќ.Александар Ѓорчевски беше обвинет, а потоа и ослободен од вина во случајот за убиството на неговата ќерка Вања Ѓорчевска. Обвинението го товареше дека комуницирал со Љупчо Палевски и наводно му давал информации, но судот оцени дека нема докази кои ја поткрепуваат таа теза.Со поднесената жалба започнува второстепената постапка во која Апелациониот суд ќе ја преиспитува првостепената одлука.

Македонија | пред 3 месеци

IMG_5572

За двајца куќен притвор, за седуммина мерки на претпазливост поради поврзаност со работата на клубот „Пулс”

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани, одреди куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.Вчера ОЈО Кочани, соопшти дека двајцата даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.,,Тие се осомничени за „Примање поткуп“ од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице, син на реалниот сопственик на “Пулс” е осомничен за „Давање поткуп“ од член 358 од Кривичниот законик. За првите двајца Обвинителството до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор, додека за третиот во сила се мерки на претпазливост во првиот предмет поврзан со пожарот во “Пулс”, па се бара проширување на тие мерки со забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените”, стои во вчерашното соопштение од Јавното обвинителство.Во него се посочува и дека шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле дело„Злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 од Кривичниот законик. За нив се предложени мерки на претпазливост.,,Сопственикот на “Пулс”, кој веќе е во притвор, во другиот предмет е осомничен за „Фалсификување исправа“ според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот”, велат од Обвинителството.Според вчерашното соопштение на ОЈО-Кочани осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат која, исто така, е опфатена со претходната постапка, во која и се определени мерки на претпазливост и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело „Оддавање службена тајна“ од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

Македонија | пред 3 месеци

ustaven

Уставниот суд остро реагира на нападите за предметот„линеарно покачување на пензиите: Ова не смее да се користи како алиби за политичко влијание на Судот

Уставниот суд најостро прему соопштение ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”.,,Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот случај. Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и постапувањето на Уставниот суд.Информираме дека до Уставниот суд се поднесени 17 иницијативи од граѓани кои бараат преиспитување на членот 2 од Законските измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидско осигурување.Јавните прозивки кон судијата-известител или кој било судија во корелација со партиски интереси претставуваат обид за поткопување на авторитетот на Уставниот суд. Судот ги носи одлуките со мнозинство гласови на судиите, а не со глас на еден судија. Свесното пласирање манипулации претставува притисок врз судијата-известител и врз целата институција и е опасен преседан во случај кога некоја одлука не им одговара на политичките субјекти се прогласува за „партиска“.Јавното напаѓање на судии и шпекулативните говори претставува директен напад врз институцијата што го штити Уставот. Прашањето на пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание или вмешување во работата на Судот.Уставниот суд апелира политичарите да покажат високо ниво на уставно-правна култура, наместо да се служат со реторики на потпалување тензии и дискредитација на судиите, со што ја зголемуваат недовербата во системот и поттикнуваат институционална нестабилност.Уставниот суд повторно нагласува дека останува непоколеблив и имун на секој притисок или обид за влијание, без разлика од кого доаѓа и со какви намери се упатува”, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски не остана должен, одговори на острата реакција на кинеската амбасада

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговори на острата реакција на амбасадата на НР Кина во Македонија поради негова средба со претставници од Тајван.Ова е одговорот на Милошоски:Прво, официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета, со почитување на принципот на нивната сувереност и територијалниот интегритет на една Народна Република Кина. Уверен сум дека заедничките проекти и соработката во сите области ќе продолжат со несмален интензитет, од кои двете држави како рамноправни партнери ќе имаат взаемна корист.Второ, избраните претставници во Собранието на Р. Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, водејќи се од духот на отворена размена на мислења за релевантни меѓународни теми. Средбата со претставниците од Канцеларијата Официјален Тајпеј во Рим беше остварена како љубезна куртоазна средба, без никаков дипломатски предзнак и без никаква намера да се редефинираат односите или официјалната политика на Македонија кон НР Кина. Напротив, средбата беше во знак на благодарност за нивната поддршка на Универзитетската клиника за педијатрија и како можност за мирољубив и информативен дијалог. На средбата учество земаа пратениците Рашела Мизрахи, Фатмир Битиќи и мојата маленкост, Антонијо Милошоски.И на крајот, различните мислења и ставови се нормална и очекувана појава во секое демократско општество. Верувам дека и претставниците на НР Кина ќе ја разберат оваа средба како можност за поголема информираност и за подобро разбирање на теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjm9brbh43uk61d8Hug8

Кинеската амбасада во Македонија остро реагира за средбата на Антонијо Милошоски со претставници од Тајван

Кинеската амбасада во Македонија, преку отворено писмо, упати остра реакција до потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Во отвореното писмо се потенцира дека „овој тежок погрешен чин го крши принципот „Една Кина“, политичка обврска што Северна Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина“. Во продолжение ви го пренесуваме интегрално писмото на амбасадата до Милошоски.Отворено писмо до г-дин Антонијо Милошоски потпретседател на Собранието на Република Северна МакедонијаЗабележавме дека потпретседателот  на Собранието на Република Северна Македонија Антонијо Милошоски, заедно со двајца пратеници, вчера се состана со делегација на таканареченото „Претставништво на Тајпеј во Италија“ во зградата на Собранието. Овој тежок погрешен чин го крши принципот „Една Кина“, политичка обврска што Северна Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина и став што го потврдија претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата на Северна Македонија Мицкоски, со што ја поткопува политичката основа на нашите билатерални односи. Исто така, испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија го изразува своето силно незадоволство и категорично противење.Тајван е дел од Кина. Тоа е историја и реалност. Оваа година се одбележува 80-годишнината од враќањето на Тајван. Пред осум децении, победата на Кинеската Народна Војна на отпорот против јапонската агресија го врати Тајван под суверена јурисдикција на Кина.  Каирската декларација и Потсдамската прокламација, и двете објавени од страна на главните победнички нации во Втората светска војна, го потврдија суверенитетот на Кина над Тајван, што претставува составен дел од повоениот меѓународен поредок. Резолуцијата 2758  беше усвоена подоцна во 1971 година од страна на Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство, одлучувајќи да ги врати сите законски права на Народна Република Кина во ОН. Тоа го реши прашањето за претставувањето на Кина во целост, вклучително и Тајван, во ОН, еднаш засекогаш. Единствената референца за регионот Тајван во ОН е „Тајван, провинција на Кина“. Тајван никогаш не бил држава, ниту во минатото, ниту во никој случај ќе биде во иднина.Во 1993 година беше потпишано Заедничко коминике за воспоставување дипломатски односи меѓу Народна Република Кина и Република Македонија. Во него експлицитно е наведено дека „Владата на Република Македонија ја признава Владата на Народна Република Кина како единствена легитимна влада на Кина, а Тајван како неотуѓив дел од кинеската територија. Владата на Република Македонија потврдува дека нема да воспостави никаква форма на официјални односи со Тајван“. Во 2001 година, горенаведените обврски беа свечено потврдени во Заедничкото коминике меѓу Народна Република Кина и Република Македонија за нормализација на односите.Принципот на суверенитет претставува камен-темелник на Повелбата на ОН. Принципот „една Кина“ одамна стана универзално признат консензус на меѓународната заедница. Билатералните политички обврски и меѓународните обврски мора искрено и во целост да се почитуваат. Откако долго време беше министер за надворешни работи и претседаваше со Комисијата за надворешна политика, потпретседателот на Собранието Милошоски требаше да биде апсолутно свесен за исклучителната важност и чувствителност на прашањето за Тајван, целосно почитувајќи го суверенитетот на која било друга држава и почитувајќи го меѓународното право. Сепак, она што неодамна го видовме е несфатливо - инсистираната посета на Тајван во официјален капацитет, игнорирајќи ги постојаните силни приговори на Кина минатата година, и овој пат средбата со таканаречените претставници на  тајванските власти во зградата на Собранието, национално законодавно тело – обезбедува платформа за политичка театралност на сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Имаме доволно причини да се запрашаме во кој правец потпретседателот на Собранието има намера да ги насочи нашите билатерални односи?Господинот потпретседател често се фали дека е избран претставник, тврдејќи дека ја претставува волјата на македонскиот народ. Тогаш Ве молам внимателно слушајте го гласот на народот. Дали грубото кршење на политичките ветувања и договорните обврски е во корист во заштита на меѓународниот имиџ на Северна Македонија? Дали последиците од отвореното поткопување на основните интереси, територијалниот интегритет и националното достоинство на голема сила – додека се повредуваат чувствата на над 1,4 милијарди на пријателски кинески народ – се темелно проценети? Дали напуштањето на огромен пазар, идните можности за развој и ветувачките перспективи за соработка - овој кратковид чин на „штеди на ситно, губи на крупно“ – е навистина во согласност со фундаменталните и долгорочни интереси на македонскиот народ?Кинеската амбасада сака да повтори дека прашањето за Тајван е јадрото на фундаменталните интереси на Кина и претставува црвена линија што не може да се премине. Неодамна, националното законодавно собрание на Кина гласаше за прогласување на 25 октомври за Ден на комеморација на ослободувањето на Тајван. Тајван конечно ќе се врати во прегратката на татковината, а двете страни од Тајванскиот теснец сигурно ќе постигнат повторно обединување. Никој, ниедна сила, не треба да ја потценува решителноста, цврстата волја и силната способност на кинескиот народ да го заштити сопствениот национален суверенитет и територијален интегритет.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya07pll4q1t4lcBjJDD4

„Реформите треба да тежат повеќе од билатералните спорови“, Мицкоски со порака од самитот во Тирана

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот во Тирана посветен на Планот за раст и европската интеграција на Западен Балкан, изјави дека Северна Македонија очекува оценувањето од страна на ЕУ да се темели исклучиво на реализирани реформи, а не на билатерални блокади.На новинарско прашање за неговата порака до европските партнери дека земјата треба да се вреднува според „мерит-системот“, Мицкоски потсети дека државата е повеќе од 25 години во процесот, од кои 20 како земја-кандидат, и дека создавањето претходни исклучоци им овозможило на земји членки да поставуваат билатерални условувања.„Кога еднаш ќе се воспостави исклучок, тој станува правило. Ако билатералните прашања се критериумот, тогаш суштината на процесот се губи. Оцената треба да се темели на тоа што сме испорачале како реформи,“ рече премиерот, додавајќи дека верува оти Северна Македонија може да биде меѓу првите земји кои ќе стигнат до крајната цел доколку критериумот остане реформскиот напредок.Во однос на ставовите на европските партнери, Мицкоски оцени дека „зависи во кој дел“, нагласувајќи дека е најмногу фокусиран на обврските од развојниот план. Тој посочи дека по паузата поради локалните избори, Владата повторно почнала со интензивна работа на преостанатите чекори што треба да се исполнат.„Од 12 неисполнети чекори, очекувам до крајот на годината да реализираме најмалку осум, можеби и десет,“ изјави тој. Притоа посочи дека два чекора остануваат проблематични: субвенцијата за електричната енергија и измените на Изборниот законик.Во врска со субвенционирањето на електричната енергија, Мицкоски нагласи дека Владата нема да ја укине мерката, бидејќи тоа би значело поскапување на сметките за граѓаните за 35 до 40 отсто.Како втор предизвик го посочи Изборниот законик, каде, како што рече, во Собранието често се случуваат политички блокади и филбастеринг.„За останатите точки сметам дека се достижни до крајот на годинава или во првите недели од следната,“ додаде премиерот.Мицкоски ја повтори пораката дека Северна Македонија очекува објективен пристап на ЕУ – со нагласување дека реформите, а не билатералните спорови, треба да го определат напредокот на државите во процесот на проширување.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1rmpt9urgmh5234wbPT

(ВИДЕО) Белата куќа во одбрана на Трамп кој новинарка нарече „прасе“

Белата куќа застана во одбрана на американскиот претседател Доналд Трамп, кој новинарка нарече „прасе“.Оваа навреда тој ја упати кон новинарката додека таа го прашуваше за неодамна починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.За Белата куќа коментарите на претседателот ја одразуваат неговата искреност и транспарентност. За време на разговорот во авионот „Ер Форс 1“ минатата недела,Трамп се наведна кон репортерката, ја покажал со прст и и се обратил со зборовите:„Замолчи, прасе, замолчи“. Новинарката барала одговор за неодамна објавената е-пошта на Епстин во која њујоршкиот финансиер тврди дека Трамп знаел за девојките.Прашана за инцидентот, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американските гласачи го реизбрале Трамп поради неговата искреност и дека новинарите треба да ја ценат неговата отвореност при одговарањето на прашања.,,Тој ги посочува лажните вести кога ќе ги види, и е фрустриран од новинарите кои шират неточни информации, но тој, исто така, обезбедува невиден пристап до печатот и одговара на прашања речиси секојдневно”, истакна портпаролката.Пред три дена во Овалната соба, Трамп, во негов стил, нарече друга репортерка „ужасна личност“, откако таа го праша саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги и го праша Трамп зошто не ги објавил досиејата на Епстин.Асоцијацијата на професионални новинари го осуди понижувачкиот јазик на Трамп кон новинарите, истакнувајќи ја неговата историја на користење понижувачки јазик за дискредитирање на жените.

Свет | пред 3 месеци

strast

Гевгеличанец приведен за силување

34-годишен маж од Нов Дојран е уапсен по сомнение дека силувал девојка.На 20.11.2025 СВР Струмица- ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран. Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25- годишна девојка. И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryba12e506pgfq71Gk1pE

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Судиите бараат 160.000 денари, а претседател на суд 360.000 денари плата

Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае со години, тие со едвај 2% доверба бараат двојно зголемување на платите, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.„Иако македонските правосудни органи, судии и обвинители се едни од најплатените во регионот и Европа, на нив тоа не им е доволно, па бараат да имаат едни од најголемите плати во Европа. Кога говориме со факти и бројки, добро е јавноста да ги знае следните информации. Македонските правосудни органи добиваат од 2,3 до 3,2 просечни плати или во превод, нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или во евра од 1700 до 2360. Додека пак претседател на суд во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра.Е сега за споредба, нашите соседи од Србија земаат 2,3 просечни плати, или во превод близу 120.000 денари, или околу 2.000 евра, но со 20% доверба од граѓаните. Исто така, со 20% доверба во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ, таму нивните правосудни органи земаат близу нашите претседатели на судови, односно 3350 евра. Словенија, земја со 41% на доверба во судството, платите на судиите се движат од почеток на кариерата од 107.000 денари или околу 1740 евра, додека пак на крајот на кариерата или на врвот на кариерата, достигнуваат до нешто над 4000 евра. Секако, да не ја заборавиме и една од најразвиените држави, Германија, каде што судиите земаат околу 3300 евра плата или околу 200.000 денари, со притоа доверба од 58% од граѓаните“, рече тој.Манасиевски реагира дека со последните барања на судиите и обвинителите и нивните здруженија, тие бараат двојно зголемување на платите, со што, како што вели, еден судија би земал околу 160.000 денари плата или пак претседател на некој суд во Македонија би земал 360.000 денари плата, што е, како што рече, над сите примања кои ги добиваат судиите во Европа.„Или во превод претседател на суд во Македонија би земал 8 просечни плати, а судија или обвинител би земал околу 3,5 просечни плати. И сето ова почитувани граѓани со само 2% доверба од народот. Повикуваме на разумност и работа од страна на правосудните органи“, рече Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

grobista-2

Украдени две бисти од гробишта во Бутел

69-годишен скопјанец пријавил дека од гробно место исчезнале две бисти.На 20.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Л.Ф.(69) од Скопје пријави дека во периодот од април 2025 до 20.11.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел во Скопје, биле одземени две бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Среде концерт во КИЦ паднала вентилациска решетка од таванот, повредена е една жена

46-годишна скопјанка е повредена на концерт кога врз неа се срушила вентилациска решетка.На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryp0gc607pc6tieDY6Ddm

Чучуљ со најмногу бодови – Собранието во декември ќе решава за новиот претседател на Антикорупциската комисија

Адем Чучуљ е фаворитот што Комисијата за избори и именувања ќе го предложи пред пратениците како нов претседател на Државната комисија за спречување корупција, откако во процесот на селекција ги доби највисоките оценки.Селекциската комисија му додели 96,5 бодови – најмногу од сите пријавени – со што Чучуљ се пласираше на врвот на листата. Тој речиси две децении работи во Антикорупциската комисија и моментално ја извршува функцијата генерален секретар.Комисијата за избори и именувања едногласно го поддржа неговото именување и ќе му го препорача на Собранието како кандидат за прв човек на ДКСК. Според најавите од законодавниот дом, гласањето за оваа точка ќе се одржи на пленарна седница во првата половина на декември.Процедурата за избор на нов претседател започна уште летото, но беше паузирана поради локалните избори. Од вкупно 13 апликанти, 10 кандидати беа поканети на интервју, кои започнаа оваа недела.Антикорупциската комисија добива нов претседател по оставката на Татјана Димитровска, која беше обвинета во случајот „Адитив“ за незаконско споделување службени информации и за фалсификување на сертификат за државна тајна. Според обвинението, таа пренесувала детали за предмет воден во ДКСК и дозволила друга личност да го полага електронскиот испит во нејзино име.Собранието е задолжено да ја заокружи постапката и да го избере новиот претседател, со што ДКСК ќе добие ново раководство во период на зголемени очекувања за борба против корупцијата во државата.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама од Тирана: Западен Балкан не моли, туку покажува дека е подготвен за Европската Унија

Регионалните лидери денес се собраа во Тирана на самит посветен на Планот за раст „Нашиот пат кон ЕУ“, каде што земјите од Западен Балкан заеднички ја нагласија подготвеноста за забрзување на европските интеграции. На настанот присуствува и европската комесарка за проширување Марта Кос, што дополнително ја нагласува тежината на процесот.Во своето обраќање, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека регионот се наоѓа во период на најдлабоки реформи досега – трансформации што, како што нагласи, не се прават за да се добие милост од Брисел, туку за да се креира европски модел на управување дома. Финансискиот пакет од 490 милиони евра, кој ги опфаќа јавните финансии, енергетскиот сектор и други клучни области, е двигател на оваа промена.Рама нагласи дека Балканот не треба да биде спореден набљудувач во европските процеси, туку активен елемент во нивната изградба.„Нашиот регион сака да расте заедно со Европа, а не на нејзина штета. НАТО веќе го препозна значењето на Коридорот 8 како безбедносна артерија, а ние во овој план гледаме можност за уште поголемо поврзување. Западен Балкан одамна требаше да ги искористи шансите за регионална соработка. Премногу пати дозволивме да ни помине возот. Овојпат решени сме да останеме на вистинската траса – кон европскиот пазар и неговите слободи,“ нагласи Рама.Тој посебно се осврна на дигиталниот идентитет, најавувајќи дека од следната година земјите од регионот ќе воведат заедничко дигитално решение, усогласено со идниот систем што ЕУ планира да го активира во 2027 година. Во однос на границите, Рама додаде дека е неопходно забрзување на процедурите за премин, посочувајќи дека „премините мора да престанат да бидат пречки и да станат двигатели на развојот.“Со ова, лидерите од регионот уште еднаш испратија порака дека европскиот пат за Западен Балкан не е акт на молба, туку процес што треба да го потврди сопствениот капацитет за реформи, стабилност и интеграција

Свет | пред 3 месеци

ukraina-tenk-pukanje

Брисел се налути на САД: Планот на Трамп за Украина се толкува како целосна отстапка кон Москва

Европските институции со силно негодување реагираа на најновиот обид на американскиот претседател Доналд Трамп да понуди рамка за запирање на војната во Украина. Во европските дипломатски кругови доминира оцената дека предложените мерки му одат во прилог на Кремљ и дека секое намалување на поддршката за Киев би му дало дополнителен ветер во грб на Владимир Путин.Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, јасно стави до знаење дека документот што циркулира меѓу сојузниците – наведуван како нацрт со 28 точки – не може да опстане без одобрение од украинската страна и без усогласен став на европските партнери. Таа потсети дека мирот не може да се постигне ако наметнатите решенија ја казнуваат државата што е нападната, наместо агресорот.Според информациите објавени во западните медиуми, американскиот предлог вклучува територијални отстапки од страна на Украина, намалување на украинските вооружени капацитети и ограничување на дел од воената опрема. Овие точки предизвикаа остри реакции во Брисел, каде доминира ставот дека Украина не смее да биде принудена да се откаже од сопствениот суверенитет како услов за мир.Калас повтори дека секоја иницијатива за запирање на конфликтот мора да ја зајакне, а не да ја ослаби Киевската влада, нагласувајќи дека притисокот треба да се насочи кон страната што ја започна агресијата, а не кон државата што се брани.

Свет | пред 3 месеци

azir-aliu

Сега се знае точниот број на здравствени работници: Новиот систем ќе ја скрши праксата на хаотични вработувања во здравството

Нов електронски регистар на сите здравствени работници во земјава ќе стане основна алатка при вработување во здравствениот систем, а одлуките за нови кадри повеќе нема да зависат од лична проценка, туку од реалните потреби на терен, најавуваат од Министерството за здравство. Регистарот веќе е објавен на интернет и, како што се најавува, ќе биде задолжителна референтна база – дури ни министерот нема да може да даде позитивно мислење за некој профил, доколку тоа не произлегува од податоците во системот.Министерот за здравство Азир Алиу објаснува дека во одредени делови од системот има натрупување на лекари од поединечни специјалности, додека во други установи исти такви профили недостасуваат.„Имате случаи каде на едно место работат пет лекари од иста област, а според потребите доволни се тројца. Двајца од нив би можеле да бидат ангажирани таму каде што навистина има дефицит“, посочува тој. Законот, сепак, не дозволува насилно прераспоредување на вработен со важечки договор, па во Министерството најавуваат дека ќе се обидат да ги мотивираат префрлањата со посебни стимулации.Преку регистарот, за секоја општина и за секој профил на здравствен кадар е добиена јасна слика за бројот на лекари, медицински сестри и други стручни лица. Анализата покажува дека и понатаму постои недостиг на лекари и сестри, а растот на кадарот во последната деценија е минимален.Податоците за медицинските сестри покажуваат дека од 356 на 100.000 жители пред десет години, бројката во 2020 година е порасната на 440 на 100.000 жители – што, како што укажува Алиу, сè уште е само половина од просекот во Европската Унија. Министерството располага со прецизни бројки колку кардиолози, анестезиолози, медицински сестри и други профили недостигаат во државата, а идните огласи за специјализации, како што најавува министерот, нема да се објавуваат само по барање на одредена општина, туку ќе мора да се вклопат во оваа матрица на потреби.Според најновите податоци, во државата има вкупно 3.779 здравствени установи. Во мрежата на здравствени установи се вклучени 2.942 – од нив 2.830 се приватни, а 112 јавни. Во јавниот сегмент влегуваат 108 јавни здравствени установи и уште четири институции кои обезбедуваат јавни здравствени услуги, како Воениот медицински центар, МАНУ и Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет. Надвор од мрежата функционираат уште 837 здравствени субјекти.Вкупниот број на вработени во здравството, и во јавниот и во приватниот сектор, изнесува 32.383 лица. Од нив 18.536 работат во јавните здравствени установи, а 13.847 во приватните. Во вкупната слика, 9.040 се лекари и членови на тимови во приватното здравство, додека 4.807 се други профили вработени во приватни здравствени установи. На секундарно и терциерно ниво се ангажирани 4.746 здравствени работници, а во јавните установи има 7.003 медицински сестри.Министерството за здравство првпат систематски ја анализирало состојбата со човечките ресурси и во јавниот и во приватниот сектор. Во обработката на податоците биле вклучени информации од повеќе институции: Централниот регистар, Агенцијата за вработување, Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора, Управата за електронско здравство и Фондот за здравствено осигурување. Според ресорот, оваа база треба да стане основа за планирање на кадарот и за порамномерна распределба на здравствените работници низ државата.

Македонија | пред 3 месеци

432224-720x340-1

Избор на нов претседател на ДКСК во Комисијата, Чучуљ најуспешен во селекцијата

Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Утврдувањето Предлог-листа за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата вчера соопшти дека кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, го оценила како најуспешен во постапката за избор.Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК. Тој дал одлични одговори на сите поставени општи и посебни прашања, по што освоил вкупно 96,50 бодови, што го рангира највисоко меѓу кандидатите.Второрангиран е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, кој е актуелен помошник на Главниот ревизор, со освоени 86,33 бодови, а треторангиран е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, кој освоил 81,83 бодови.Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска која поднесе оставка, откако беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Според обвинението, таа на лице обвинето во случајот „Адитив“ му пренесувала информации од предмет кој за него се водел во Антикорупциска. Дополнително, одговара и за фалсификување на сертификат за државна тајна, бидејќи во нејзино име, друг го полагал електронскиот испит.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Вучиќ под лупа на италијанското обвинителство откако новинарот Маргетиќ го поврзува со случајот „Сараево сафари“

Хрватскиот активист и новинар Домагој Маргетиќ повторно го сврти меѓународното внимание кон српскиот претседател Александар Вучиќ, откако во Милано поднел пријава во која тврдењата за негово присуство околу Сараево за време на опсадата добиваат нова тежина, објави британскиот „Гардијан“.Во пријавата, Маргетиќ доставил материјали што неодамна ги објави на социјалните мрежи, а за кои тврди дека го лоцираат тогаш дваесетгодишниот Вучиќ на позиции од кои, според сведочења, странски снајперисти и екстремни српски единици пукале врз цивилното население. Овие наводи се поврзуваат со озлогласениот феномен наречен „Сараево сафари“, каде наводно богати странци плаќале да „учествуваат“ во пукање врз опколениот град.Српскиот претседател засега молчи. И претходно, Вучиќ категорично демантираше дека некогаш употребил оружје во Сараево. Во интервју од 2021 година тој оцени дека овие обвинувања се злоупотреба на неговото минато и рефлексија на политичките тензии во регионот.Италијанските обвинители во Милано веќе отворија истрага за да ги идентификуваат италијанските државјани кои, според пријавите, учествувале во снајперските напади врз цивили за време на опсадата. Тие се гонат за тешко убиство со отежнувачки околности, вклучително и суровост.Постапката во Италија започна врз основа на документите што ги достави писателот Ецио Гавацени од Милано, кој подолго време истражува сведоштва поврзани со овој случај, како и извештајот што до обвинителите го испрати поранешната градоначалничка на Сараево, Бенџамина Кариќ.Гавацени тврди дека наводно биле вмешани повеќе групи од западни земји, Германија, Франција, Англика, не само Италијанци. Според него, луѓе со големи финансиски средства плаќале за да бидат однесени на ридовите околу градот и да пукаат врз цивили — без идеолошка позадина, туку како морбидна форма на „забава“.За време на четиригодишната опсада на Сараево, во која загинаа повеќе од 10.000 лица, снајперистите беа еден од најголемите извори на страв, напаѓајќи минувачи, семејства и деца.

Свет | пред 3 месеци

134

ЦУК: Обилните дождови донесоа излевања, одрони и поплавени објекти во повеќе региони низ земјата

Обилните врнежи во последните 24 часа предизвикаа пораст на водостоите на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи. Најавени се продолжени врнежи, грмежи и силен јужен ветер, а сите надлежни служби се ставени во зголемена готовност.Според податоците од ЦУК, најкритична е состојбата во Битолско, каде реката Шемница се излеала кај селото Лера и поплавила куќа и штали. Во општина Новаци, пак, сообраќајот кон рудникот Брод–Гнеотино е во прекин поради надојдената вода од Црна Река.Во Преспанскиот регион се евидентирани излевања на реки во селата Царев Двор и Дрмени, каде што се поплавени повеќе домови. Постојат индиции за можно излевање и на Голема Река.Во Струмичко нема пријавени штети, но регистрирани се одрони на патот Струмица–Валандово. Слична состојба се бележи и во Велешко, каде на два патни правци има одрони и паднато дрво. Водостојот на Вардар во градот е значително зголемен, со потенцијална опасност за излевање кај автобуската станица.Во Охридско, каде врнежите биле најобилни – со 66 литри на квадратен метар во Претор – водостоите се значително покачени. На повеќе локации има излевања, а екипи интервенираат во Косел, Опеница и околу течението на Сатеска и Скребатска Река. Забележано е и високо ниво на реката Сатеска.Во Скопскиот регион коритата на реките се подигнати, но засега нема излевања. Кумановско, Кратовско и Тетовско поминуваат со зголемени нивоа на водотеци, но без значајни штети. На повеќе места се расчистуваат наноси и одрони.Според УХМР, денес се очекува променливо облачно време со локални поројни врнежи, грмежи и јужен ветер што ќе достигнува над 60 километри на час. Дневните температури ќе се движат од 13 до 19 степени, а во Скопскиот регион до 17.Надлежните институции се веќе активирани и работат на санирање на штетите и превенција од нови излевања. ЦУК апелира граѓаните да се држат подалеку од речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат препораките на службите и да пријават опасност на бесплатниот број 112.Како што истакна директорот на ЦУК, Мухамед Али, сите засегнати служби се навремено известени и работат на заштита на населението и инфраструктурата.

Македонија | пред 3 месеци

sud1d-22974-960x632-1

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија вложува најмногу во правосудството, а добива најмалку резултати

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Македонија процентуално издвојува повеќе средства од Бруто-домашниот производ за функционирање на правосудниот систем во споредба со низа европски држави, но дека резултатите од работата на судовите и обвинителствата, според нив, не соодветствуваат со вложените пари.Повикувајќи се на податоци за буџетското финансирање на судството, партијата наведува дека земјава обезбедува 0,39 отсто од БДП за оваа сфера, што е повисок процент од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), како и од соседна Албанија (0,29%). Според нивните податоци, Македонија вложува повеќе и од Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, и покрај големите издвојувања и законски обезбедените високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува соодветни резултати. Како главни проблеми ги наведуваат долгите судски постапки, одложувањата, нерешените предмети и недовербата кај граѓаните.Паријата дополнително истакнува дека дел од судиите земаат и до три просечни плати, а во одредени случаи и повеќе, но дека ефектите од нивната работа се скромни. Оттаму сметаат дека фокусот не треба да биде само на барањата за зголемување на платите, туку на подобрување на ефикасноста и независноста на правосудството.„Правосудниот систем е созреан за реформи,“ оценуваат од партијата, најавувајќи дека тие се неопходни и, како што велат, неизбежни.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryud6tdojutgsp4NmuVMx

(Видео) Путин информиран за освојување на Купјанск, Украина ги демантира руските тврдења

Шефот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, му соопштил на претседателот Владимир Путин дека руските сили воспоставиле контрола врз украинскиот град Купјанск.Кремљ наведе дека Путин ја посетил командната точка на борбената група „Запад“, каде разговарал со Герасимов и други високи воени лица за актуелните фронтовски состојби.Според официјалното соопштение, Путин бил запознаен со развојот на ситуацијата во Костјантинивка и Краматорск во Донецкиот регион, како и во Купјанск во Харковската област.Герасимов тврдел дека единиците на групата „Запад“ го „ослободиле“ Купјанск и дека продолжуваат да ја разоруваат украинската војска, која, како што навел, е опколена на левиот брег од реката Оскол.Украинските власти веднаш реагираа, категорично отфрлајќи ги руските изјави дека градот е преземен, како и тврдењата дека Москва контролира 70 проценти од Покровск.Купјанск, град со околу 55.000 жители пред почетокот на инвазијата, кратко беше под руска окупација во 2022 година, но украинските сили го вратија во септември истата година.Путин изјавил дека жестоки борби се водат и во Костјантинивка, која ја нарекол клучна позиција на украинската армија во Донецкиот регион. Тој повтори дека целта на руските сили останува „целосно исполнување на задачите на Специјалната воена операција“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Албанската опозиција се распаѓа, тврди ВЛЕН: „НАИ/ДУИ е најголемата политичка заблуда во последните години“

Албанската опозиција се наоѓа во состојба на целосна дезинтеграција, оценуваат од ВЛЕН, според кои денешната ситуација потсетува на „стар шатор што се распарчува при првиот посилен ветер“. Движењето нагласува дека долго време предупредувало дека коалицијата НАИ е нестабилна конструкција, создадена без вистинска политичка основа.Во нивното соопштение се наведува дека НАИ е „најголемата политичка заблуда во последните години“, коалиција составена „со селотејп“, чија цел не била интересот на Албанците, туку исполнување на лични амбиции, маскирани со идејата за референдум.Отворените несогласувања, турбуленциите и повлекувањата од коалицијата, велат од ВЛЕН, се доказ дека проектот бил креиран без стабилна визија. Како пример ги наведуваат заминувањата на Мендух Тачи, Арјанит Хоџа, Кренар Лога, како и одлуката на Зијадин Села да се повлече.„НАИ не успеа ниту еден ден да функционира како вистинска опозиција. Денес структурата се распаѓа буквално пред јавноста, член по член и бројка по бројка. Оваа криза не му штети само на самиот политички субјект, туку и на целиот систем, оставајќи ги граѓаните без кредибилна алтернатива“, наведуваат од ВЛЕН.Во заклучокот се додава дека Албанците заслужуваат стабилни и чесни политички понуди, а не „експерименти што се растураат како недовршени конструкции“.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања