„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

odron

По обилните дождови има големи одрони, критично на патот Делчево – Македонска Каменица

По поројните врнежи што започнаа синоќа, на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица се појавија повеќе одрони, што значително го отежна сообраќајот на овој правец.Возачи информираат дека најкритичен е делот по селото Очипала, кај Баткова Чешма, каде на коловозот има наталожена поголема количина кал и камења. На други точки долж трасата се забележуваат помали одрони, кои дополнително го успоруваат сообраќањето.Патната површина е мокра, видливоста снижена, а возењето се одвива со голема претпазливост.Надлежните служби упатуваат апел до сите возачи да ја прилагодат брзината и да бидат внимателни. Екипи веќе се на лице место и работат на расчистување на патот.

Македонија | пред 3 месеци

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Денеска стартува процесот за давање поддршка со потпис за независните кандидати кои ќе се натпреваруваат за градоначалничките функции во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, како и во Центар Жупа, информира Државната изборна комисија.Граѓаните својата поддршка ќе можат да ја потврдат пред службени лица во соодветното подрачно одделение или канцеларија на ДИК, како и кај нотар. Потписите ќе се собираат секој работен ден, во редовниот термин од 8:30 до 16:30 часот, додека на последниот ден – 30 ноември 2025 – постапката ќе биде продолжена до полноќ.Според ДИК, подрачното одделение во Гостивар ќе ги процесира потписите за кандидатите за Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, а канцеларијата во Дебар е одговорна за општината Центар Жупа.Собирањето потписи ќе трае до 30 ноември, по што следува подготовка за повторените избори. Новото гласање во овие четири општини е закажано за 11 јануари 2026 година, бидејќи на локалните избори одржани на 19 октомври 2025 не беше постигнат потребниот цензус и не беа избрани градоначалници.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Зеленски е согласен да разговара за планот на Трамп: „Отворени сме за чесна работа со САД“

Планот за мир во Украина – за кој деновиве се шпекулираше без официјална потврда – конечно доби појасни контури. Киев добил нацрт-документ подготвен од администрацијата на Доналд Трамп, а претседателот Володимир Зеленски порача дека е подготвен да разговара и да работи со Вашингтон на понудената рамка, иако таа носи сериозни отстапки за Украина.Според делови од планот што ги пренесоа американските медиуми, од Украина се бара целосно да се повлече од Донбас, да ја намали армијата на 600.000 војници и да гарантира дека нема да се приклучи на НАТО. Како компензација, во Полска би биле распоредени европски борбени авиони како дел од „цврсти безбедносни гаранции“, а Русија постепено би била реинтегрирана во светската економија преку укинување на санкциите и враќање во Г8.„Американската страна ја изложи својата визија. Ние ги презентиравме нашите принципи. Се договоривме тимовите да продолжат да работат на точките“, изјави Зеленски, додавајќи дека ќе разговара со Доналд Трамп во наредните денови.Белата куќа тврди дека планот не бара „драматични отстапки“ и дека е прифатлив за двете страни, а Москва се обидува да го минимизира значењето на иницијативата, нагласувајќи дека „не се во тек вистински консултации“.Зеленски и неговиот кабинет уверуваат дека Украина ќе учествува во процесот само доколку исходот значи „праведен крај на војната“.

Свет | пред 3 месеци

media-library436r13gjaro926YLSQ9

Гастроентеролози: Една од омилените намирници е најлош избор за здравјето на цревата

Поголемиот дел од возрасните сакаат сирење и го консумираат секојдневно – самостојно или како дел од јадење. Иако често се посочуваат неговите високи количини масти и натриум, стручњаците потсетуваат дека сирењето носи и хранливи придобивки, како протеини и калциум. Храната што ја внесуваме директно влијае врз нашето здравје, а тоа важи и за сирењето: некои видови можат да го оптоварат срцето, додека други влијаат на чувствителната рамнотежа на бактериите во цревата, поврзана со енергијата, редовната дигестија, помалата надуеност и подоброто расположение.Кога станува збор за здравјето на цревата, лекарите јасно предупредуваат дека најлошо влијание имаат високопроцесираните сирења со малку култури и многу сол. „Тука спаѓаат комерцијалните рендани мешавини, ароматизираните парчиња и евтините пица-сирења“, вели гастроентерологот д-р Екта Гупта за списанието Parade. Со тоа се согласува и гастроентерологот д-р Риту Нахар, која истакнува: „Кога станува збор за здравјето на цревата, преработените сирења се меѓу најлошите избори.“Стручњачките објаснуваат зошто: овие сирења содржат многу заситени масти, натриум и емулгатори, а многу малку живи култури. „Можат да го нарушат цревниот микробиом и да придонесат за воспаленија, надуеност и метаболички проблеми ако често се јадат“, предупредува д-р Нахар.Не мора целосно да се отфрли сирењетоД-р Гупта додава дека минималниот број живи култури значи дека овие сирења „не придонесуваат за корисните бактерии“. Таа предупредува и на други можни последици од честа консумација: „Ако се јадат многу често, може да се зголеми ризикот од дисбиоза, влошување на дигестивните симптоми и зголемени метаболички и кардиоваскуларни ризици.“И покрај тоа, гастроентеролозите нагласуваат дека преработеното сирење не е „страшен“ избор ако се консумира повремено и во мали количини. Нема потреба и целосно да се исфрли од исхраната, освен ако постои специфична здравствена причина, како нетолеранција на лактоза или алергија на казеин.Д-р Гупта препорачува избор на традиционално ферментирани и одлежани сирења, бидејќи тие содржат повеќе живи култури, додека д-р Нахар додава: „Природно одлежаните сирења како чедар, швајцарско сирење или гауда и ферментираните варијанти како кефир-сирење можат да ја поддржат разновидноста на цревната микробиота.“Двете лекарки советуваат ваквите сирења да се комбинираат со намирници богати со растителни влакна, за дополнително да се поттикне позитивен ефект врз цревната флора.

Магазин | пред 3 месеци

vjosa-osmani-2

Вјоса Османи ја потпиша одлуката за распуштање на косовскиот парламент, пропадна уште еден обид за формирање влада

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска ја потпиша одлуката за распуштање на Собранието, откако вчера пропадна и вториот обид за формирање влада. Според регионалните медиуми, изборите за нов парламентарен состав би требало да се одржат кон крајот на годината.Расписот следува по неуспехот политичките лидери да постигнат договор за пратениците денеска да гласаат за неколку значајни спогодби, пренесе Радио Слободна Европа.„Во согласност со Уставот на Косово и важечкото законодавство, а по денешното прифаќање на одлуката на Собранието на Косово во врска со неуспехот на вториот мандатар да формира влада, претседателката на Република Косово денеска го распушти деветтиот собраниски состав“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката.Кога ќе се одржат изборите?Претседателот на Демократската партија на Косово, Бедри Хамза, изјави дека на средбата со Османи побарал изборите да се одржат на 21 декември, бидејќи на земјата „итно ѝ се потребни институции“. Како втора опција бил предложен 28 декември.И претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, побара изборите да се одржат на 21 декември, додавајќи дека неговата партија ќе настапи самостојно.Од друга страна, лидерот на партијата Гуксо, Фатон Пеци, истакна дека нивниот предлог е изборите да бидат на 28 декември, „за да има Државната изборна комисија доволно време за подготовка“.Претседателот на Социјалдемократската иницијатива, Фатмир Лимај, оцени дека распишувањето вонредни избори е „лоша вест“. Тој посочи дека партиите девет месеци не успеале да изградат соработка, што, како што рече, покажува „неспособност и незрелост во процесот на градење држава“. Лимај сепак смета дека 21 декември е најсоодветниот термин.Неуспешни обиди за владаСредбата се одржа еден ден откако потпретседателот на движењето „Самоопределување“, Глаук Коњуфца, не успеа да обезбеди потребно мнозинство за формирање нова влада на 19 ноември. Претходно, на 26 октомври, и лидерот на „Самоопределување“ Албин Курти не успеа да формира кабинет.Поради тоа, Косово и понатаму функционира со техничка влада избрана на парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година. Најголемите партии на косовските Албанци не успеаја да постигнат договор за повеќе прашања, меѓу кои и за организацијата на изборниот процес, што доведе до серија одложувања.Според Уставот, доколку влада не формира ниту вториот мандатар, претседателката мора да распише нови избори, кои мора да се одржат во рок од 40 дена од денот на распишувањето. Кабинетот на претседателката сè уште нема дадено информација за точниот датум на распишувањето.

Свет | пред 3 месеци

jlldiz-veaposka-750x430-1

Супервештачењето докажува: На родилката Веапоска ѝ биле извадени три здрави органи поради сериозни пропусти

Судскиот процес за случајот со родилката од Дебар, Васка Веапоска, продолжи со драматичен пресврт – супервештаците утврдија дека во струшката болница биле извадени три здрави органи: бубрег, јајник и матка, и тоа во услови на хеморагичен шок кој настанал поради ненавремено препознаена и недијагностицирана компликација.На рочиштето беше дополнет обвинителниот акт, а судот ги сослуша супервештаците кои недвосмислено го посочија првообвинетиот хирург-гинеколог Мухамед Асани како директно одговорен за кризата што ја довела Веапоска на работ на животот. Тие нагласија дека тој ја водел интервенцијата – царскиот рез – и бил обврзан да ја следи пациентката по операцијата, но не извршил потребна дијагностика, ниту ултразвук, и покрај очигледни знаци на внатрешно крвавење.„Несовесноста се гледа во непреземање дијагностички постапки и неследење на состојбата, при што дошло до критична здравствена состојба која можела да има смртен исход, доколку оштетената не стигнела навреме во скопска урологија“, сведочеше Верица Попоска, специјалист по судска медицина.Супервештаците објаснија и дека второобвинетиот – синот на Асани – како специјализант смеел само да присуствува на операции и нема оперативна одговорност, а третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска воопшто не била присутна при царскиот рез.Случајот Веапоска останува едно од најтешките и најшокантни обвиненија за пропусти во македонското здравство, а судскиот процес продолжува со зголемен интерес на јавноста и очекување за строга одговорност.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Во центарот на Скопје: Амбулантно возило закочило за да избегне судар, пациентот починал, а повредени се две докторки

На 19.11.2025 околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото.Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2024-11-28-at-21.38.06

Новo супервештачење ќе утврдува што се случувало во домот на Илијевска која ги усмрти сопругот и свекоротво

Основниот суд во Куманово одобри барање за дополнително супервештачење од Клиниката за психијатрија во случајот против Вангелица Илијевска – жената обвинета дека минатата година ги усмрти сопругот и свекорот во нивниот дом во Кратово.Одлуката следува по иницијатива на обвинителството, кое смета дека новото стручно мислење треба да ги расчисти сите нејаснотии и разлики што произлегоа од претходните психијатриски вештачења изработени на барање и на обвинителството и на одбраната.Обвинителот Газменд Мехмеди укажа дека досегашните експертизи содржат пропусти и неусогласени заклучоци, поради што е потребно ново, заокружено мислење за психичката состојба на обвинетата во моментот на делото.Одбраната, преку адвокатот Кристијан Георгиевски, истакнува дека и двата досегашни извештаи посочуваат на исто – дека Илијевска живеела во долгогодишен семеен конфликт и чувство на загрозеност, што довело до афективна реакција и уверување дека се брани од опасност по живот.Судијата оцени дека во деталите околу самото извршување на делото постојат противречности, па затоа е потребно дополнително супервештачење со цел да се избегнат различни правни толкувања и евентуални пропусти.Обвинителството ја терети Илијевска за убиство по член 123 од Кривичниот законик, додека одбраната тврди дека таа дејствувала во нужна одбрана.Следното рочиште ќе се одржи во февруари следната година.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9q3igu1tb4e86Rtm9Wj

Крилото на Села преминува во опозиција, Мицкоски порача: Владата нема потреба од нови партнери

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата располага со „стабилно и историски цврсто двотретинско мнозинство“ и дека во овој момент воопшто не се разговара за проширување на коалицијата. Коментарот следи по прашање за тоа дали крилото на Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ би можело да стане дел од извршната власт.Во меѓувреме, крилото на Села соопшти дека излегува од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“. Одлуката, донесена на седница на Претседателството, значи дека четирите пратеници што стојат зад Села отсега ќе делуваат како опозициска група.

Македонија | пред 3 месеци

fudbalska-reprezentacija-na-makedonija

Македонија - Данска во баражот за пласман на Светското првенство

Македонската фудбалска репрезентација го дозна ривалот во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот – жрепката во Нион ни ја донесе селекцијата на Данска.Нашиот национален тим заврши во четвртиот шешир поради поразот од Велс во последното коло, што значеше дека во баражот можевме да добиеме противници од најсилната група: Данска, Украина, Италија или Турција. Среќата – или несреќата – ја одреди Данска како наш следен предизвик.Натпреварот ќе се игра на гостински терен, со оглед на претходно утврдените правила за баражот. Ако Македонија ја победи данска, следен е победникот од дуелот Чешка – Северна Ирска.Полуфиналниот бараж е закажан за 26 март, додека финалниот натпревар ќе се игра на 31 март. Доколку Македонија се избори за финале, домакинството ќе биде одредено со дополнителна ждрепка.

Спорт | пред 3 месеци

pruga-veles

Судир на два воза во јужна Чешка, над 50 повредени, петмина критично

Рано утрово, на железничката делница меѓу станиците Зливи и Дивчице, недалеку од Чешке Будејовице, се случи тежок железнички инцидент во кој повеќе од 50 патници беа повредени, а најмалку петмина се во животна опасност. Според информациите од чешките служби за итна помош, околу 6:20 часот дошло до директен судир помеѓу експресниот воз R 658 и локалниот патнички воз Os 8053, во време кога стотици луѓе патуваат кон работа и училиште.Првичните процени укажуваат дека повредени се околу 57 лица – петмина со тешки повреди се пренесени во болници во регионот, додека останатите примиле медицинска помош на лице место.Железничкиот сообраќај на оваа важна линија е целосно запрен. Чешките железници информираа дека врските помеѓу Чешке Будејовице и Плзењ ќе останат во прекин најмалку до доцните попладневни часови. За патниците кои останаа заглавени на станиците се организираат замени автобуски линии.Човечки фактор - причина за несреќата?Иако истрагата е на самиот почеток, првите изјави од министерот за транспорт, Мартин Купка, упатуваат на можен пропуст од човечки фактор. Според досега собраните податоци, едниот од возовите најверојатно не застанал на стоп-сигнал и влегол на делницата каде што во тој момент се движел другиот патнички состав.Спасувачките екипи на терен го евакуирале целиот возен персонал и патниците од двата воза. Локалните власти потврдија дека меѓу повредените има и деца, но засега нема информации за загинати. Сериозно е оштетена и железничката инфраструктура, што дополнително ќе го забави воспоставувањето на редовниот сообраќај. Националната инспекција за железничка безбедност отвори самостојна истрага, а најавено е и детално проверување на сигнално-сигурносните системи на проблемната делница.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Мицкоски: „Претседатели на судови имаат месечни примања од околу 3.000 евра, не гледам причина за зголемување на платите“

Детално периодот го проучувам овој случај, вклучително и делот со буџетот кој што се одвојува за обвинителството и судството, дури и Венецијанска комисија има забелешки за тој член каде што се определува буџетот за судскиот буџет, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски посочи дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија како држава, одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ.Јас пред неколку дена во едно интервју дадов една анализа во делот на финансирањето на правосудните системи во Европа. И од таа анализа направена и финансирана од европска институција тоа е Советот на Европа, за податоци 2022 објавени во 2024 година дојдовме до заклучок дека Македонија како држава, Владата одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ. Да речеме ние издвојуваме 0,39 проценти од нашиот БДП во 2022, замислете во 2023 и 2024 година БДП многу повеќе порасна отколку во 2022, да речеме Франција е 0,2, Германија е 0,3 проценти од нивниот БДП, просекот европски е отприлика 0,3, медијаната е помала 0,21 проценти, истакна тој и додаде:Јас навистина не гледам потреба зошто овој процес на сила да го буткаме и зошто треба од овие да речеме за судовите се издвојуваат 0,3, другото отпаѓа на обвинителите и доаѓаме до вкупен број од 0,39 проценти. Не гледам како можеме ние да си дозволиме да покачиме на 1,3 проценти, 0,8 за судови, 0,5 за обвинител од БДП, тоа би било некаде отприлика 260 милиони долари годишно, но тие пари ги немаме. А од друга страна се бара од нас фискална консолидација бидејќи претходната влада не направила фискална консолидација, и ние од високи нешто под 5 проценти буџетски дефицит, оваа година се консолидираме на под 4 проценти, а до година се обидуваме да дојдеме и до 3,5 проценти, а зошто да не и под 3 проценти буџетски дефицит. Така што јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или се вкупно 0,35 проценти од нашиот БДП.Ќе повторам има претседатели на судови кои што имаат месечни примања од околу 180.000 денари, отприлика 3.000 евра месечно. Јас како премиер мојата плата заедно со стажот со годините кои што ги имам од претходно е 155.000 денари, значи од прилика 2.500 евра. Не мора да е многу подолу, иста нека биде на претседател на суд. Судиите немаат под 100.000. Судија почетник на пример во Македонија, годишната бруто плата му е околу 19.134 евра, во Словенија 34.000 евра, некаде околу 85 проценти повеќе, во услови кога БДП на Словенија е 350 проценти поголем од нашиот. Значи четири пати повеќе ако ги гледаме овие пропорции.Премиерот Мицкоски рече дека нема да се мешаат во плановите за вработување и унапредување, но како Влада се одговорни за трошењето на секој денар народни пари.Така што ние ќе направиме закон со кој што ќе дозволиме еве плановите за вработувања, плановите за унапредувања да ги определуваат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а нас нека не информираат, ние нема да се мешаме. Еве го буџетот тој ќе биде толку, но од набавка на хигиенски средства, до реконструкција на објекти ќе треба самите да се грижат, а ние како Влада сме одговорни пред граѓаните за што се троши народниот денар, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

101013308-147590

Прилепчанецот што во сообраќајка ја усмрти Михаела Стевановска доби е осуден на две години и девет месеци затвор

Пресудата за сообраќајната несреќа што лани го потресе Прилеп конечно е донесена: 20-годишниот В.М. од Пешталево доби затворска казна од две години и девет месеци. Судот утврди дека тој со неприлагодена брзина го изгубил контролата врз возилото, што довело до смртни последици. Основниот суд Прилеп ја потврди казната, откако предметот претходно бил разгледан и на повисока инстанца во Апелациониот суд во Битола.Трагедијата се случила на 28 август 2023 година околу 22 часот, на делницата Македонски Брод – Прилеп, кај селото Долнени. Автомобилот „фолксваген голф“ излетал од патот и удрил во земјен брег, а од ударот починала 18-годишната Михаела Стевановска, која била сопатничка во возилото. Девојката живеела во странство и летото го поминувала во родниот крај. Другата сопатничка, исто 18 години, се здобила со тешки повреди, како и самиот возач.Обвинителството посочи дека обвинението било поднесено уште во октомври минатата година, а судењето требало да започне оваа пролет.

Македонија | пред 3 месеци

media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Обвинителот Коцевски соопшти детали за новите приведени во акцијата поврзана со случајот „Пулс“

Обвинителството отвори нов сегмент од истрагата поврзана со трагедијата во кочанската дискотека, а фокусот овој пат е насочен кон вработени во Управата за јавни приходи. Како што потврди денеска главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера и денес се спроведуваат интензивни активности, вклучувајќи приведувања и претреси на лица опфатени со кривичната пријава.– „Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата опфатени со кривичната пријава. Во овој момент можам да кажам само дека се работи за вработени во УЈП, а за кривични дела допрва ќе видиме. Првичните сознанија се дека се работи за кривичните дела – злоупотреба на службена положба и овластување, како и примање и давање мито“, рече Коцевски.Обвинителот додаде дека во акцијата се користат и електронски комуникации како доказен материјал:– „Дел од тие комуникации што беа презентирани во јавноста, дел се опфатени. Меѓутоа дадена е изјава Обвинителството дека дел од тие електронски пораки се дадени во Судот. Меѓутоа, тоа беше само дел за тој предмет, а се поврзани и со овие лица. Ова е постапка во врска со предметот за Кочани“, истакна тој.Во моментов, како што нагласи Коцевски, не може да се откријат имињата на приведените.– „Јавноста ќе биде запознаена откако ќе се земат генералиите, а за мерките што ќе бидат предложени против приведените ќе биде донесена одлука откако ќе бидат земени изјавите од приведените“, додаде тој.Истрагата формално се води во Обвинителството во Кочани, бидејќи таму е извршено евентуалното кривично дело.– „Доколку излезе нешто ново, можеби тоа да биде преземено од Обвинителството за организиран криминал. Засега надлежно е Обвинителството во Кочани“, изјави Коцевски.Тој појасни дека овој предмет не може да се спои со истрагата за пожарот во дискотеката, бидејќи се работи за различни кривични дела:– „Се работи за кривични дела за злоупотреба на службена должност и овластување и земање и давање поткуп, односно што нема поврзаност на штетната последица. Се работи за кривични дела што немаат врска со предметот што е во тек за кривичниот настан во дискотеката во Кочани“, рече главниот јавен обвинител.Со ова, истрагата за трагичниот настан добива нова димензија и дополнителни институционални слоеви кои ќе се проверуваат во наредниот период.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

„Ми даде лек што не постоеше во евиденција“: потресно сведочење на пациентка на судењето за „Онкологија 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, а сведочеше пациентка која примала комбинирана хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи ситуација која, како што рече, ѝ оставила длабока дилема. Ѝ била дадена терапија надвор од редовните протоколи и без да биде внесена во регистарот на клиниката.Пациентката сведочеше дека при нејзината деветта посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија, лекарот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во дефицит и дека останале само три шишенца. Според нејзиниот исказ, Васев ѝ рекол дека поради нејзината возраст лекот имал „повисока ефективност“ и дека ќе ѝ даде едно шишенце, но без тоа да биде запишано во службената документација.Таа објасни дека лекот бил аплициран во дневната амбуланта во присуство на медицинските сестри, но отсуството на запис за терапијата ја натерало подоцна, кога разговарала со семејството, да се прашува зошто постапката не била спроведена како при сите претходни циклуси.„Сè беше направено неформално, без вообичаениот упат, без потписите што ги дава и матичниот онколог и директорот. Не ми побараа пари, не ми беше сугерирано ништо. Но тоа што не беше запишано – тоа ми остана прашање до денес“, рече таа.Пациентката истакна дека сама се пријавила да сведочи кога дознала за случајот, бидејќи сметала дека има граѓанска должност да го каже она што го доживеала.Одбраната на Васев реагираше дека ваков настан не се случил и побара обвинителството да се држи до „финансиските аспекти“ на обвинението, а не да навлегува во медицински процедури.

Македонија | пред 3 месеци

ujp

Нов бран апсења за шемите поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани

Истрагата за пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени, влегува во нова фаза. Со проширената акција на МВР се опфаени уште 11 лица – службеници, вработени и раководни кадри од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат.Дел од овие лица веќе се лишени од слобода, а за сите се поднесени кривични пријави за низа сериозни кривични дела. Меѓу нив се злоупотреба на службена положба и овластување, примање поткуп, фалсификување службени исправи, како и постапување спротивно на прописите за безбедност во објекти од ваков тип.Според информациите, 11-те новоосомничени се товарат за различни форми на незаконско постапување кое индиректно придонело за дозволување, одобрување или толерирање на работењето на дискотеката „Пулс“, и покрај очигледните безбедносни и правни пропусти.МВР најавува дека акцијата продолжува, а јавноста ќе биде дополнително информирана по завршувањето на сите оперативни активности.

Македонија | пред 3 месеци

lap-top

СДСМ обвинува за хаос со студентските ваучери: „Неспособноста на власта ги направи младите колатерална штета“

Опозициската СДСМ со ја критикува Владата за начинот на кој се спроведуваше мерката за ваучери за електронска опрема за студентите од прв циклус, оценувајќи дека станува збор за „целосен дебакл на една неспособна власт“.Како што наведуваат од партијата, процесот бил изведен со бројни пропусти: на студентите најпрво им биле издадени ваучери, потоа истите биле поништени, а дел од младите добиле и потврди дека апликациите им се одобрени. Некои веќе успеале да подигнат уред, за подоцна да добијат известување дека ваучерот не важи. Во медиумите, посочуваат од СДСМ, се појавиле и информации дека постдипломци добиле ваучери иако не ги исполнуваат условите.Од СДСМ тврдат дека системите се уриваат веднаш штом ќе се отвори апликацијата, постапката се менува од минута во минута, а критериумите се применуваат хаотично, што создава оправдано сомневање за можни злоупотреби.„Отворени, па затворени пријавувања, испратени па поништени потврди, доделени ваучери без услови – ова е единствениот резултат на неспособноста на ДПМНЕ“, стои во реакцијата.Од партијата алармираат дека студентите кои веќе подигнале уред со одобрениот ваучер сега не знаат каква ќе биде нивната правна положба и дали ќе треба да го враќаат уредот.„Младите не смеат да бидат колатерална штета на неорганизираноста на власта. Македонија заслужува функционална држава, а не систем што се распаѓа на една мерка со една интернет страница“, додава СДСМ, прашувајќи „кој ќе ја преземе одговорноста за хаосот и забуните што ги создаде оваа власт“.

Македонија | пред 3 месеци

ukraina-kiev-1

Територии, руски јазик, руска црква, ограничена армија, што се бара од Украина за „мирот“ на Трамп?

Откажување од делови од источна Украина, вклучително и територии што Киев ги контролира денес.Создавање демилитаризирани појаси, каде украинската војска воопшто нема да смее да влегува.Драстично намалување на армијата и ограничувања за тешко вооружување.Забрана за странски војници на украинска почва.Контроли врз западното оружје за да не стигне до позиции што би можеле да ја погодат Русија.Официјален статус за рускиот јазик на целата украинска територија.Посебна улога за Руската православна црква во државата.Нејасни американски безбедносни гаранции, без дефинирани механизми за заштита.Ова е дел од предлог-документот од 28 точки што се поврзува со тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, односно мировниот план со кој би се ставил крај на војната во Украина.Во неговото подготвување, според сознанија на западни медиуми, учествувале лица со висок политички статус: Стив Виткоф, потпретседателот Ј. Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и Џаред Кушнер. Особено внимание предизвикува фактот што во процесот бил инволвиран и рускиот олигарх Кирил Дмитриев – човек близок до Кремљ и чест учесник во паралелни канали на комуникација меѓу Москва и Западот.Дополнителни прашања отвора и неодамнешната посета на американска делегација, предводена од секретарот за копнени сили Дан Дрискол, на Киев. Таму, според упатените, не се разговарало само за воена помош, туку и за „опции за деескалација“ поврзани со овој документ – што во Украина се толкува како можен притисок врз властите.Критики: План што ѝ го намалува суверенитетот на Украина, а Русија не ја обврзува на ништоУкраина жестоко реагира. Планот го нарекуваат опасен, едностран и длабоко неповолен. Суштината, велат тие, е дека Украина би изгубила територии, би останала речиси разоружена и би морала да толерира зголемено руско влијание врз јазикот, културата и религијата – без јасни гаранции дека Москва ќе ги исполни своите обврски.Западните аналитичари пак забележуваат нешто уште поалармантно: голем број точки речиси буквално се поклопуваат со долгогодишните барања на Русија. Затоа, наместо чекор кон мир, документот им наликува на формула што Украина ја води кон принудни отстапки со малку или без никаква заштита.

Свет | пред 3 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

Малолетници го предизвикале пожарот во „Вјесник“ – загребскиот облакодер можеби ќе мора да се урне

Пожарот што ја зафати деловната зграда „Вјесник“ во Загреб е предизвикан од група малолетници, потврди загребската полиција. Како што дознаваат хрватските медиуми, еден од нив сам се јавил во полиција и детално раскажал што се случувало критичната вечер.Според неговото сведочење, групата млади – на возраст од 16 до 17 години – влегла во напуштените делови од облакодерот со намера да се искачи на покривот. На горните катови не можеле да продолжат поради заклучени врати. Во тој момент, еден од присутните почнал да пали картони, по што огнот се проширил со огромна брзина. Во паника, сите побегнале од објектот.Полицијата потврди дека повеќе млади лица се опфатени со истрагата, а едно лице е уапсено и се наоѓа под истражни мерки. Како што нагласуваат од Полициската управа, приоритет е да се обезбедат сите релевантни информации, а објавувањето на детали во јавноста може да го загрози текот на постапката. Службите ќе ја информираат јавноста штом околностите го дозволат тоа.Статичарите предупредуваат: Облакодерот е сериозно оштетенПаралелно со кривичната истрага, стручните служби на Хрватска продолжуваат со техничките проверки на конструкцијата. Градежниот инженер Марио Урош објаснува дека високите температури предизвикале оштетувања на носивите елементи, особено на катовите каде што се наоѓале архивските простории – преполни со запалив материјал.Видливи пукнатини се веќе регистрирани на неколку столбови, а според инженерите, можно е и невидливо оштетување во внатрешноста на бетонските слоеви. Дополнителен проблем е што конструкцијата се уште се лади и во внатрешните делови има загреани сегменти што мора целосно да се стабилизираат пред да се изврши конечна проценка.„Градбата е небезбедна и постои ризик од делумно уривање“, предупредува Урош. Иако ризикот постепено ќе се намалува со целосното ладење на конструкцијата, сериозноста на пукнатините не смее да се занемари.Можно целосно уривање на симболичниот загребски облакодерПоради обемот на штетите, стручњаците не ја исклучуваат ниту најрадикалната опција – делумно или целосно рушење на култната зграда на „Вјесник“. До донесување на финална одлука, облакодерот останува во ист режим на строги безбедносни мерки и под постојан надзор на надлежните служби.

Свет | пред 3 месеци

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Обилните врнежи направија големи проблеми: Одрони, поплавени подруми и засилени интервенции на терен

Обилните врнежи во изминатото деноноќие предизвикаа повеќе интервенции низ државата, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што информираат од ЦУК, екипите на регионалните центри биле активни на повеќе критични локации, каде се работело на расчистување, обезбедување терен и следење на водотеците.Од ЦУК објаснуваат дека на подрачјето на Битола биле ангажирани јавните претпријатија и водостопанските компании, кои со механизација ги отстранувале наносите и ги зајакнувале насипите на повеќе делови од речните корита. Поради ерозијата на коловозот кон Пелистер и кај село Цапари, бил предложен привремен прекин на сообраќајот на стариот пат Р-106 и негово пренасочување по трасата А-3.Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но без излевања, велат од ЦУК. Најризична точка била кичевската улица Прилепска, каде било побарано општинско интервенирање. Во Охрид, пак, екипите реагирале по пријава за поплавени подруми во населбата Железничка — проблем предизвикан од диво ископани канали кои го пренасочиле текот на водата.Според информациите на ЦУК, во Кумановско реката Пчиња накратко излегла од коритото кај Пелинце – Стрновац, но без евидентирана штета. Во тек е расчистување на мостовите во Коинце и Пелинце од дрвја и отпад, а засега не е утврдена опасност по нивната стабилност.На регионалниот пат Македонски Брод – Скопје, преку НП „Јасен“, голем одрон го блокирал сообраќајот. Како што информираат од ЦУК, трасата е расчистена по една лента, а екипите продолжуваат со обезбедување на патниот правец.Од Центарот наведуваат дека сите регионални тимови остануваат на терен и дека состојбата се следи континуирано, со подготвеност за брза реакција во случај на нови промени во водостоите или дополнителни активирања на земјиштето.

Македонија | пред 3 месеци

lap-top

Хаос со ваучерите: Постдипломци добиле ваучери за лаптоп, иако не им следуваат

Откако Скопје1 објави информации и преписки на социјалните медиуми дека студенти ваучерите за набавка на електронски уред ги продавале за кеш понизок од вредноста на ваучерот, нашата редакција дојде до уште една информација за изигрување на законот.И постдипломци, односно студенти запишани на мастер студии успеале да се пријават за ваучерот од 250 евра и да го добијат, иако тие не ги исполнуваат законските услови да бидат запишани на прв циклус од студиите.Според правилата, државните пари може да ги добие секој студент на прв циклус студии што не е постар од 29 години, без разлика дали е запишан вонредно или редовно.Ваучерот може да го искористи до крајот на годината во точно наведени продавници за електроника.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп попушти и даде зелено светло за отворање на досиејата на Епстајн

Под силен притисок на јавноста Доналд Трамп стави потпис на новиот закон со кој Министерството за правда на САД се обврзува да ги објави сите досиеја и документи поврзани со покојниот финансиер Џефри Епстајн, кој беше обвинет за трговија со малолетни девојки и сексуална злоупотреба.Трамп на социјалните мрежи објави дека ја одобрил мерката иако претходно се обидуваше да ја блокира иницијативата.Со новиот закон, јавноста треба ќе добие увид во записниците од летови, патните записи, договорите за имунитет, како и интерните комуникации во Министерството за правда. Ќе бидат објавени и сите документи поврзани со смртта на Епстајн во затвор во 2019 година, која официјално беше прогласена за самоубиство.Претставничкиот дом гласаше со 427 гласа „за“ и само еден „против“, додека Сенатот го одобри едногласно.Овој потег доаѓа само две недели по поразите на Републиканската партија на локалните и државните избори, што дополнително го зголеми притисокот врз Трамп.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Дијана Хрка повикува голема блокада во Белград: „Ако сакаме правда – мора да застанеме рамо до рамо“

Мајката на Стефан, момчето кое го загуби животот при уривањето на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, Дијана Хрка – која 17 дена штрајкуваше со глад пред Собранието на Србија – сега упатува нов, овојпат многу поостар повик до јавноста.Откако го прекина штрајкот, Хрка останува во протестниот шатор, за кој вели дека „ѝ станал втор дом“, и порача дека нема намера да се повлече додека не види вистинска политичка и институционална одговорност за трагедијата.Охрабрена од одлуката на превозникот Миломир Јаќимовиќ и неговиот син да го прекинат гладниот штрајк, таа јавно го поддржа нивниот предлог за блокада на Белград – повикувајќи ги граѓаните на Нови Сад да излезат и активно да се приклучат.„Верувам дека заедно можеме да направиме многу повеќе отколку секој поединечно. Време е сите групи да седнеме под ист шатор и да се договориме како продолжуваме“, порача Хрка на прес-конференција, додавајќи дека вечерва ќе следуваат разговори за координација на наредните чекори.Како можен прв потег го спомена и 48-часовниот прекин на сообраќајот, но подвлече дека одлуката мора да биде заедничка и јасно усогласена.Хрка повтори дека нејзината борба одамна излегла надвор од рамките на личната трагедија. Сака, како што рече, да ги охрабри граѓаните да се спротивстават на „злото што го гледаме во институциите и во атмосферата во општеството“ – и да покажат дека солидарноста може да стане сила што ќе донесе промени.

Свет | пред 3 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Кој ќе го преземе санкционираниот „Лукоил“? Американските „Ексон“, „Шеврон“ и „Карлајл“ влегоа во трката

Сѐ поголем број американски корпорации се позиционираат за можност да купат делови од глобалните операции на руската „Лукоил“, откако Министерството за финансии на САД даде зелено светло за започнување преговори до 13 декември.Прво, „Ексон Мобил“ ги разгледува своите опции во Казахстан, каде што заедно со „Шеврон“ веќе има долгорочни удели во нафтените полиња Карачаганак и Тенгиз. Според изворите, „Ексон“ ја анализира и можноста да влезе со понуда за ирачкото нафтено поле „Западна Курна 2“, најзначајниот странски имот што го управува „Лукоил“. Американската компанија до минатата година беше оператор на соседниот проект „Западна Курна 1“, што дополнително ја зголемува нејзината стратешка заинтересираност.Паралелно, „Шеврон“ — исто така партнер во казахстанските полиња — води сопствени внатрешни анализи дали би влегол во трка за преземање на одредени сегменти од имотот на рускиот гигант.Во игра е и инвестициската куќа „Карлајл“, која, според информациите, веќе истражува сценарија за купување на дел од странските средства на „Лукоил“.Интересот расте бидејќи компанијата има широко распослан меѓународен портфолио: три рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во Азија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка, како и стотици бензински станици ширум светот — вклучително и на американскиот пазар. Според податоците за 2024 година, странскиот дел од нејзиното производство изнесува околу 0,5% од глобалната понуда на нафта.„Ексон Мобил“ засега не дава официјален коментар, но сигналите од индустријата упатуваат дека трката за преземање на средствата на „Лукоил“ токму што започнува.

Свет | пред 3 месеци

275990230_1003645353594966_2316338568664831150_n

Многу дожд, но високи температури, во Скопје до 17 степени: Снег се очекува од понеделник на повисоките места

Според метеоролозите најмногу дожд вчера наврнало во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.За денеска најавуваат дека времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. В петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања