„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-librarytmg7b0d3qp518VjJyOx

Мамдани и Трамп на средба во Белата куќа: Што ќе се очекува од првиот состанок?

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во петок ќе замине во Белата куќа на првата официјална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот, кој го потврди и самиот Трамп преку својата платформа „Truth Social“, доаѓа само неколку недели по изборите што го свртеа вниманието на целата американска јавност.Трамп, кој пред изборите се закануваше дека ќе ги замрзне федералните средства за Њујорк доколку Мамдани победи, сега објави дека го прифатил барањето за средба. Во свој стил, претседателот повторно го нарече Мамдани „Кваме“, додавајќи дека состанокот ќе се одржи во Овалната соба на 21 ноември.Од тимот на новиот градоначалник нагласуваат дека станува збор за вообичаен чекор во транзицијата на власта. Според портпаролката Дора Пекец, Мамдани ќе ја претстави својата агенда за јавна безбедност, економска сигурност и полесен пристап до основни услуги — теми за кои, како што истакна, гласале повеќе од еден милион жители на Њујорк.Мамдани, кој од политичка сензација прерасна во најмлад градоначалник на Њујорк по убедливата победа над Ендру Куомо, вели дека средбата со Трамп ја гледа како можност да се зборува отворено за реалните проблеми на жителите.Во гостувањето на „All in with Chris Hayes“ тој истакна дека сака да разговара за растечките трошоци за живот — од кириите и сметките за енергија до грижата за деца и јавниот превоз. Според него, економскиот притисок врз граѓаните бил една од причините зошто дел од гласачите се свртеле кон Трамп.Дали средбата во Вашингтон ќе донесе подобра соработка меѓу федералната влада и најголемиот американски град, останува да се види — но очекувањата за отворен и напнат разговор се веќе поставени.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryfua31kk201ubaiNJD2N

Кривични пријави против Рамиз Марко и уште четири лица, се товарат за уривање на спомен куќата на Владо Малески

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против В.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.На 15.10.2025 како инвеститор, спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, првопријавениот на катарстарска парцела во Струга со градежна механизација срушил стара струшка куќа и при правење ископ ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески, која од 2017 година претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. Второпријавената, во својство на архитект – конзерватор во националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, на основниот проект за семејна куќа втиснала службен печат и ставила потпис и одобрила мислење за усогласеност со идеен проект со што свесно постапила спротивно на Законот за заштита на културното наследство, спротивно на планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спротивно на решението за издавање на заштитно конзерваторски услови, издадено од Министерство за култура – Управата за заштита на културно наследство.Третопријавениот, во својство на градоначалник на Струга, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот. Четвртопријавениот, како раководител на Одделението за урбанизам во општина Струга, со пречекорување на службената положба го изготвил одобрението за градење, а го одобрил петтопријавениот како помошник раководител на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина во општина Струга.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvqf6al36ddgofPnwU2B

Продажбата на BYD во Европа нагло порасна, компанијата најави силна експанзија

Кинескиот производител на електрични и хибридни возила BYD планира значително да ја прошири својата продажна мрежа во Европа до крајот на 2026 година, изјави директорката за европскиот пазар Марија Грација Давино.„До крајот на 2025 година ќе имаме 1.000 продажни пунктови во Европа, а следната година тој број ќе го удвоиме“, рече Давино во понеделникот.Таа истакна дека BYD мора да ја засили својата присутност и да им се приближи на европските купувачи: „Во согласност со успешните конкуренти, мора да ја зајакнеме нашата позиција на пазарот“, додаде директорката, која го води работењето на компанијата во германското говорно подрачје, Источна Европа и Скандинавија.Давино потсети дека BYD веќе има долгорочна стратегија за локализација во Европа и дека е присутен во 29 држави.Фабрики во Унгарија и Турција, Шпанија кандидат за трет погон„Ширењето на зрело пазариште како Европа е исклучително важен проект кој бара знаење, посветеност, инвестиции и ресурси“, нагласи Давино.BYD планира европските модели да ги произведува во Унгарија, каде што веќе се гради фабрика во Сегед која треба да започне со работа до крајот на годината.Компанијата има план и за фабрика во Турција, а според извори од октомври, Шпанија е водечки кандидат за локација на трет погон поради релативно ниските трошоци за производство и развиената зелена енергетска мрежа.Во Турција, производството треба да почне во 2026 година, со капацитет од околу 500.000 возила годишно.BYD размислува и за производство на батерии во ЕвропаБидејќи BYD сака да произведува повеќе електрични автомобили за европскиот пазар, во план е и локално производство на батерии, изјави специјалниот советник на BYD, Алфредо Алтавила.На прашањето дали компанијата размислува за градење уште фабрики во Европа, Алтавила посочи дека логично е батериите да се произведуваат локално: „Нема смисла да вложуваме во склопување автомобили во Европа, а батериите да ги увезуваме од Кина“, рече тој на автомобилска конференција во Милано.Компанијата сè уште одлучува дали приоритет ќе биде трет погон за автомобили или фабрика за батерии, бидејќи фокусот моментално е на стартувањето на производството во Унгарија.Продажбата во Европа повеќекратно зголеменаBYD разгледува можни инвестиции во сите европски земји и води разговори со владите, истакна Алтавила.„Изборот на локација го определуваат многу фактори, меѓу кои трошокот за енергија е пресуден, бидејќи и фабриките за автомобили и оние за батерии трошат огромни количини енергија“, објасни тој.Од јануари до септември BYD продал 80.807 возила во Европа – повеќе од тројно зголемување во споредба со истиот период минатата година, откако покрај електричните модели, на европскиот пазар ги вклучи и хибридите.

Свет | пред 3 месеци

kamioni

Конечно се знае зошто камионџиите чуваат тоалетна хартија пред ветробранското стакло

Сигурно сте забележале дека во кабините на камионите, покрај шофершајбната, често стојат ролни тоалетна хартија. Причината за тоа е многу практична.Возачите кои патуваат на долги релации минуваат многу часови во кабината, што доведува до силно замаглување на стаклата. Загревањето на внатрешноста преку ден и наглото ладење навечер го зголемуваат создавањето кондензација. Поради тоа, многумина бараат едноставни решенија, бидејќи подготовките и средствата за одмаглување често одземаат време.Практично решение – тоалетна хартијаВо вакви ситуации, може да помогне метод кој стана многу популарен на социјалните мрежи.Разликата во температурите предизвикува зголемена кондензација и замаглување. Тоалетната хартија ја впива влагата и го намалува замаглувањето на стаклото.Загреаната внатрешност преку ден, а потоа брзото ноќно ладење доведуваат до создавање густа водена пареа на стаклените површини. Оваа влага, во комбинација со зголемената концентрација на јаглерод диоксид во кабината, може значително да ја намали видливоста. Во студено време, пареата дури може и да замрзне и да создаде слој мраз, што уште повеќе ја загрозува безбедноста.Во минатото, возачите мораа рано наутро да ги вклучат греачите на стаклата за да ги исчистат, што одземаше време и го одложуваше поаѓањето.Тоалетната хартија ја апсорбира влагатаПоставена на таблата, тоалетната хартија го впива вишокот влага што преку ноќ се таложи на стаклото. Така се намалува создавањето пареа и видливоста е значително подобрена уште пред почетокот на утринската возење. Бидејќи ролна се суши релативно бавно кога е вклучено греењето, може да се користи повеќе пати.Овој метод се издвојува затоа што го намалува замаглувањето без потреба од дополнителна опрема. Поради својата едноставност и ниска цена, брзо стана омилен меѓу возачите на долги релации, обезбедувајќи побезбедна и покомфорна вожња во студените месеци.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, ама граѓаните нема да плаќаат повеќе

Ќе се воведе ДДВ на сите онлајн-пратки, но без дополнителен трошок за граѓаните. Ова е клучната порака по денешното изгласување на измените и дополнувањата на Законот за ДДВ во Собранието, со кои се укинува досегашното ослободување за пратки со вредност до 22 евра.Од Министерството за финансии објаснуваат дека граѓаните нема да плаќаат поскапо, бидејќи – како што нагласуваат – трошокот за пресметка и наплата на ДДВ не паѓа врз крајните потрошувачи. Тоа значи дека цените на пратките за купувачите треба да останат исти.Целта на измените, велат од Министерството, е зајакнување на домашната економија и пренасочување дел од прометот од странските платформи кон локалните компании.„Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно – колку што во одредени периоди завршуваат кај странските онлајн-платформи – ќе се вратат во домашното стопанство,“ соопштуваат од институцијата.Од Министерството дополнително наведуваат дека мерката треба да донесе поголема конкурентност за локалните бизниси и отворање нови работни места.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryndeu8iq22ien2lP65ya

Филипче: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, не се договара со луѓе што прашуваат колку чинат животите од Кочани

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање категорично ги демантираше шпекулациите за каков било таен  договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во одговорот, тој потенцираше дека е апсолутно невозможно да постои договор со политичари кои поставуваат прашања „колку чинат животите на децата во Кочани“ .„Јасно демантирам - нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што со ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се има договор што со луѓе кои што прашуваат колку чинат животите на децата во Кочани. Не може да има договор со луѓе кои што кажуваат дека сега не е време за реформи, било време на војни. Не може да има договор со луѓе кои што оставија 10.000 семејства во земјоделството без приходи заради корупција. Не може да се  има договор со луѓе кои што ништо не прават во образованието, ги оставија наставниците без зголемени приходи, нема раст на платите. Не може да има договор со луѓе кои ништо не прават во здравството, освен што неколку луѓе мешетараат од клиники и договараат тендери и договорени спецификации“, рече Филипче.Тој додаде дека не може да се има договор со луѓе кои што ја оставија државата на периферија на Европа, додека Албанија, Црна Гора ќе станат земји членки на Европска Унија. При тоа, Филипче порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со решавање на проблемите на државата и граѓаните, а не со СДСМ.„Не знам зошто тие се занимаваат со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, ама пред се со проблемите на граѓаните, кои што силно им тежат на грбот, а не се ни обидуваат да ги решат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Медиасет | пред 3 месеци

kosovo-parlament-2-35wp6vjnb3t34lhe2fy41s

Скандал во косовскиот парламент, заседава без кворум и без опозиција

Состојбата во Парламентот на привремените институции на Косово не се смирува. Само пратениците од движењето Самоопределување се во салата и држат седница која е свикана на нивно барање со цел да се формираат парламентарни одбори и да се разгледа буџетот за 2026 година, како и буџетите за општините Приштина, Гњилане и Зубин Поток.Претседателот на парламентот, Дималj Баsа, и покрај немањето кворум повика на формирање парламентарни комисии задолжени за ратификација на меѓународни договори и за исплата на платите на вработените во јавниот сервис РТК.Препарим Груда, единствениот присутен од Демократската партија на Косово изјави дека седницата е неуставна, дека нема кворум и дека прво требало да се формира Влада па дури потоа да се расправа за комисии.Косовски институт за правда оцени дека вонредната седница на Собранието го загрозува уставниот и правниот поредок.Закажана е за денеска и нова седница на која треба да се разгледа изборот на новата влада на кандидатот Гљаук Коњуфца од Самоопределување. Рокот за ова истекува денес.На оваа седница присуство најавија сите партии, но најголемиот дел од нив веќе кажаа дека нема да гласаат за предложената влада и дека се залагаат за нови вонредни парламентарни избори.Српска листа поднесе жалба за конституирањето на новиот парламентарен состав, бидејќи нивниот кандидат не бил избран за потпретседател. На 26 октомври, кандидатот на Самоопределување, Албин Курти, не доби мнозинство за состав на влада.Според уставот на привремените институции, ако владата не биде избрана и во вториот обид, с

Свет | пред 3 месеци

media-libraryndeu8iq22ien2lP65ya

(Видео) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно.„Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче.Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има.„Ова им го додолжиме на родителите, ова им го додолжиме на сите граѓани, ова го должиме на целото општество. Ова е еден голем тест за зрелоста во нашето општество“, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче посочи дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија, и тоа е причината поради која што пратеничката група на СДСМ побара Анкетна комисија во Собранието.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Родителите на загинатите во Пулс гневни и со болка: Со која совест адвкатите ќе земат крвави пари, се плашиме дека ќе бидеме изманипулирани

На првото судско рочиште за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица владее мачна атмосфера. Родителите и роднини на починатите млади луѓе, со болка и солзи го следат рочиштето.Во нивните души има и многу гнев кон сите, но особено кон газда Деко. Тие бараат правда за да се смират и нивните чеда во вечните почивалишта, а нивната болка велат, е ненадоместлива.За нив доколку се досудат 20 години затворска казна за дел од обвинетите правдата нема да биде задоволена, затоа што ги нема нивните 63 млади деца.Својот гнев и болка ја истурија и врз бранителите и ги прашаа со кое лице и совест ќе се ситат и ќе земаат крвави пари.Кога ги видоа адвокатите прокоментираа дека обвинетите избрале познати адвокати кои имаат свои математики за да ги уништат до крај оштетените.Се гледа стравот кај нив дека повторно ќе бидат изманипулирани, а целиот случај ќе се забошоти, како што се случи со други некои трагедии.Апелираат Министерството за здравство и сите надлежни да преземат мерки и да им помогнат на оние кои преживеаја а се повредени и се опоравуваат.Мајка чие дете го загуби во пожарот на медиумските екипи им понуди подготвено кафе во спомен на нивниот син кој многу сакал кафе.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygi3jblu4e8gae94SMcb

(Фото) По обилните дождови се излеа Пчиња: Две возила заглавија кај Стрновац, пожарникарите ги спасија

По силните врнежи што ја зафатија областа, реката Пчиња утрово се излеа и создаде опасни вирови кај селото Стрновац во општина Старо Нагоричане. Автомобил со две лица останал заглавен во надојдената вода, а пожарникарите од општината успеале навреме да ги извлечат.Интервенцијата била изведена околу 07:35 часот, по повик на бројот 112. Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане реагирала со едно возило и двајца пожарникари, кои безбедно ги спасиле лицата од поплавениот предел.Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење по коритото и бреговите на Пчиња додека трае високиот водостој, и секоја опасна ситуација веднаш да ја пријават на 112.Според УХМР, водостојот на реката кај Пелинце утрово достигнал 120 сантиметри – речиси тројно над ноемврискиот просек од 41 сантиметар. Вчера бил само 18 сантиметри, што значи драстичен раст за неполн ден.ЦУК информира дека во текот на ноќта и утрото пристигнале повеќе пријави за свлечишта и одрони вслед обилните дождови, особено на патните правци Дебар – Струга кај Џепчиште и Кичево – Охрид кај местото Извор. Екипите на „Македонија пат“ веднаш биле активирани и работат на расчистување на теренот за да се обезбеди безбеден сообраќај.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysfmkgf2j6o6q27o89zt

Монструм и парољубец: родителите на загинатите во,, Пулс” со тешки обвинувања за газда Деко

Во судницата во Идризово каде денеска почна судењето за пожарот во дискотеката,,Пулс” на 16 март, кога загинаа 63 лица и повеќе од 200 беа повредени и чие лекување ќе биде макотрпно, присутни се повеќе од 50 родители на загинатите.Родители, роднини и блиски на загинатите од рано утрово дојдоа пред судницата во најголемиот затвор, нетрпеливо чекајќи да почне судењето и барајќи правда за смртта на нивните чеда.Прстот за вина го вперија кон сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, познат како газда Деко и кон неговиот син.Родителите кои го чекаа носењето на Јованов од притвор од Куманово, револтирано и со огромна болка го нарекоа монструм и парољубец.

Македонија | пред 3 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

САД подготвуваат таен мировен план за Украина во 28 точки – наводно усогласен со Русија!

Американскиот портал „Аксиос“ објави дека во Вашингтон интензивно се работи на нов мировен предлог за Украина, кој наводно содржи 28 точки и се подготвува во координација со Русија. Според пишувањето, планот по структура потсетува на претходниот предлог на претседателот Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа.Неименувани американски извори тврдат дека документот опфаќа четири столба: „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи меѓу САД, Русија и Украина“. Нацрт-планот го креира специјалниот претставник Стив Виткоф, кој ги води разговорите со рускиот претставник Кирил Дмитриев и со украинскиот советник за безбедност Рустем Умеров.Според информациите на „Аксиос“, САД веќе почнале дискретно да ги информираат европските партнери за предлогот, кој сè уште не е официјално презентиран. Белата куќа засега не даде коментар за овие наводи.

Свет | пред 3 месеци

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Судот ги спои постапките за пожарот и за агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на агенцијата „Рубикон“, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“.Судот во октомври го одобри дополнителниот обвинителен акт поврзан со пожарот против Александар Нацев – реален сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ ДООЕЛ Скопје.Според обвинението тој се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот.Според обвинението тој има значаен придонес да дојде до оваа трагедија, бидејќи заедно со други обвинети но и непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за заштита, со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и за имотот од големи размери.На трагичниот 16 март, тројца лиценцирани и еден нелиценциран вработен биле задолжени за обезбедување на објектот, без претходна безбедносна проценка на состобата и настанот, без проверка на сигурносните услови, излези и можности за евакуација. Објектот бил преполн, а не бил изготвен ниту доставен План за обезбедување за настан со поголем број посетители.Насев се товари дека агенцијата не извршила проверка на идентитетот и возраста на посетителите со што слободно влегле и малолетни лица по полноќ, спротивно на законот.Агенцијата не спречила ниту внес на пиротехнички средства, што всушност е директна причина за пожарот.По трагедијата во март, Нацев основал нова агенција за обезбедување во Струмица. Ова за обвинителството е обид да ја продолжи дејноста, формално затскривајќи се зад друго одговорно лице.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Судијката Груевска: Правдата за ,,Пулс”ќе дојде можеби за 5 месеци, можеби за 5 години

Судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, на почетокот на судењето нема претстава колку може да трае судскиот процес.Убедена е дека правда ќе има. Бидејќи се работи за сложен судски процес, со многу странки и голем интерес во јавноста, побара дисциплина од вети дека сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана.,,Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сѐ, процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, можеби 5 месеци или можеби 5 години, рече судијката Диана Груевска Илиевска.Судењето со внимание, но и со огромна болка во судницата го следат 50 на родители на загинатите во пожарот и голем број домашни и странски медиуми.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryort2c1tf3b8u0b7KRft

Куче држано две години во мал бокс, без вода, само на сув леб и во неисчистен смет – АХВ и „Лајка“ го одзедоа од сопственикот во критична состојба

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка", спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови.Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба - екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка".На Агенцијата за храна и ветеринарство им упатуваме благодарност за нивната професионалност, навремена реакција и одлучност во заштита на животните од насилство и занемарување.Овој случај силно нè потсетува дека:Држењето животно во нехумани услови е кривично и прекршочно дело, а не „начин на чување".Сопствениците имаат законска и морална обврска да обезбедат соодветна грижа, храна, вода, простор и здравствена заштита.Занемарувањето е исто толку сериозен облик на насилство колку и физичкото малтретирање.Пријавувањето од страна на граѓаните е клучно за спречување на долготрајна злоупотреба и страдање.Ги охрабруваме граѓаните и понатаму активно да пријавува случаи на злоупотреба и занемарување, со цел обезбедување на навремена и ефективна заштита на животните.

Скопје | пред 3 месеци

media-library2bhr9llnj04heZYiCmq

Судијката Диана Груевска-Илиевска: Нулта толеранција за недисциплина на рочиштата за „Пулс“

Судијката Диана Груевска-Илиевска уште на самиот старт на првото рочиште за случајот „Пулс“ стави јасно до знаење дека процесот ќе се води строго, дисциплинирано и без простор за одложувања. Пред полната судница во КП Идризово таа го претстави составот на судечкиот совет – нејзиниот колега Ахмед Идризи како втор судија и четворица поротници, од кои еден резервен – со цел да нема прекини во постапката.Груевска-Илиевска од почеток предупреди дека ќе има нулта толеранција за нарушување на редот на рочиштата и дека сите учесници мора да се придржуваат до правилата.„Прво што ќе бараме е дисциплина. Прво ќе дадеме опомена, а потоа ќе има отстранување од судница, па и парична казна“, порача судијката, најавувајќи дека секое непотребно одлагање ќе биде санкционирано, а лекарските уверенија ќе се проверуваат детално.Таа истакна дека судот ја разбира болката на семејствата, но постапката мора да се води професионално и без притисок. „Со секоја почит кон болката и тагата на родителите и роднините ќе имаме респект за тоа, но ние сме професионалци и ќе дадеме можност на сите да си ја кажат својата теорија и да понудат докази“, рече Груевска-Илиевска, додавајќи дека судот ќе биде транспарентен.Поради ограничениот простор, судијката упати апел семејствата да се организираат така што по еден нивни претставник да присуствува на рочиштата, за да се овозможат елементарни услови за работа на сите учесници.Таа потенцираше дека никој не може да предвиди колку ќе трае постапката, бидејќи, како што нагласи, „секое брзање може да доведе до грешка и пропаѓање на процесот“.По воведните насоки, почна евидентирањето на присутните. Во судницата се присутни десет обвинители, а трае пописот на обвинетите и нивните адвокати.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори... Нема место во судницата во Идризово, почна судењето за „Пулс“

Полициски комбиња едно по друго пристигнаа во кругот на „Идризово“ додека силно полициско обезбедување ги спроведуваше обвинетите до импровизираната судница. Надвор, на дождливото утро, новинари и фоторепортери стоеја подготвени да го документираат моментот кога почнува најмасовното судење во поновата историја на Македонија.Во судницата – преполна до последно место – беа сместени обвинетите, нивните адвокати, претставници на јавноста и медиумите. Салата е целосно исполнета, со редови до крајот на просторијата, а атмосферата е тензична и внимателна. Се гледаат поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори и одговорни лица од фирмите поврзани со ноќниот клуб „Пулс“, сите обвинети за тешки дела против општата сигурност.Вкупно 35 лица и три правни субјекти се товарат за трагедијата што ја потресе земјата – пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Ако бидат прогласени за виновни, максималната предвидена казна е до 20 години затвор.Паралелно со овој судски процес, во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција продолжува посебна истрага за дваесетина полициски службеници за кои се сомнева дека имале улога во пропустите кои довеле до трагичниот исход. Оваа постапка дополнително го засилува интересот на јавноста, која го следи случајот со невидено внимание.Денеска, во КП Идризово, почна процесот што треба да даде одговори – кој, како и зошто дозволил ноќен клуб да работи спротивно на сите безбедносни протоколи и што точно довело до најтешката трагедија во поновата македонска историја.

Македонија | пред 3 месеци

dozd-1

ЦУК: Одрони и поплавени објекти во Битолско, екипите на терен

Состојбата во државата по обилните дождови останува стабилна, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последните податоци од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се движат во рамки на нормалата, со благо зголемување, но без сериозни ризици.На повеќе локации се регистрирани одрони и локални поплави, а надлежните служби веднаш интервенирале. На патниот правец Битола – Прилеп, кај селото Лознани, има појава на одрон, а за случувањето се известени битолската полиција и јавното претпријатие задолжено за одржување на патиштата.Голем камен се одронил и на патот Ресен – Охрид, кај селото Буково, а екипите на МВР и патното претпријатие се упатени на терен. Во Битолско се регистрирани и два поплавени објекти – фарма во селото Породин и визба во урбаниот дел на градот.Одрон од околу 15 метри е пријавен и на патниот правец Близанско – Македонски Брод, каде што е известено надлежното јавно претпријатие.Од ЦУК информираат дека сите служби се усогласени и активно работат на расчистување на теренот и следење на состојбата. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, уверува дека во моментов нема поголеми ризици за населението и инфраструктурата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3mckh03toonnfZSXTLo

Исчезнат маж во Скопје, последен контакт со него на Клиника за Онкологија : семејството Милановски бара помош од јавноста

Андреј Милановски објави на својот Фејсбук профил дека неговиот татко е исчезнат и побара помош од јавноста. Тој замоли сите кои ќе го препознаат од фотографијата или располагаат со каква било информација за неговото движење веднаш да му се јават и да го контактираат.„Исчезнат е татко ми, последен контакт со него е на 18/11/2025 во 12:50 на Клиника за Онкологија "Мајка Тереза" после што му се губи секој траг. Во Скопје е отиден со Nissan Qasqhai бела боја со регистарка ознака КУ-8630-АИ. Доколку имате било каква информација ве молам контактирајте ме на 078-577-598, напиша Андреј во објавата.

Скопје | пред 3 месеци

sela-2

Алијансата на Зијадин Села излегува од ДУИ

Алијансата за Албанците на Зијадин Села од денеска тргнува по свој политички пат. По состанокот на партиското Претседателство, крилото под раководство на Села соопшти дека ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција предводена од ДУИ и дека пратениците на партијата во Собранието ќе формираат независна пратеничка група.Во соопштението се наведува дека изминатите локални избори и начинот на кој завршија биле клучниот момент за ваквиот чекор. Иако коалицијата во која учествуваше АА освои најмногу гласови на национално ниво во советничките листи, партијата тврди дека резултатите во битките за градоначалници биле деформирани од, како што велат, „државен инженеринг“ и координирани дејствија меѓу албанските партии на власт и македонските политички субјекти. Според Села, целта била исполнување на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ за „дефакторизација на Албанците“.„Под ваквите сценарија, најмногу изгубија самите Албанци, кои по централната власт се деградирани и на локално ниво“, стои во текстот потпишан од Села. Партијата нагласува дека, и покрај изборниот исход, останува целосно посветена на националната кауза и на заштитата на правата и рамноправноста на Албанците во државата.Членовите на Претседателството, по долги дискусии, едногласно ја поддржале одлуката за самостојно делување. Во следните денови, пратениците на АА ќе ја формализираат одлуката во Собранието со оформување независна група.Партијата наведува дека ќе продолжи активно да ја критикува политиката на актуелната власт и да соработува со другите субјекти на албанската опозиција. Националната кауза, уставните права и санирањето на, како што велат, „штетите од оваа Влада“ остануваат нивна централна платформа за понатамошно дејствување.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3e8ti2j184vf1YBoZZC

Десет кандидати во трката за Антикорупциска, Дуковски остро реагира: „Ако овие се тие – тешко нас“

Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери се десеттемина кандидати што останаа во трката за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, откако селекциската фаза ги елиминираше останатите пријавени. ПО нивното објавување реагираше адвокатот Сашко Дукоски со остар коментар:„„Значи, случајно гледам кандидати за избор во Антикорупциска комисија. Ако овие се тие… тешко нас!“, напиша тој, додавајќи дека листата, според него, не влева доверба.Собранието спроведува повторен избор за прв човек на Антикорупциската комисија по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykurv0ae65ducaAdrp7c

Јапонија се бори со голем пожар: Едно загинато лице, уништени над 170 домови

Едно лице загина, а цела станбена област е претворена во пепел по силниот ноќен пожар што го зафати јапонскиот град Оита. Телото пронајдено утрово сè уште се идентификува, но полицијата проверува дали станува збор за 76-годишниот маж кој се води како исчезнат.Повеќе од 170 домови се уништени или тешко оштетени во огнената стихија што избувна во пристанишниот дел Саганосеки и за кратко време се прошири низ густо населениот кварт. Пожарот гори повеќе од 12 часа, а пожарникарите и понатаму се борат со жариштата што се шират кон околната пошумена површина.Префектурата Оита побара дополнителна помош за гаснење, бидејќи огнот зафати околу 48.900 квадратни метри – територија еквивалентна на неколку фудбалски игралишта.Градоначалникот Шиња Адачи увери дека, според последните процени, не се очекува пламените јазици да се прошират понатаму, но состојбата останува сериозна. Високиот функционер Шого Фуџикава додаде дека густината на чадот се намалува и дека пожарот се движи кон тоа да биде ставен под контрола, иако е „прерано за конечни проценки“.Јапонската премиерка Санае Такачи порача преку платформата Х дека централната влада ќе обезбеди максимална поддршка и тесно ќе соработува со локалните служби за помош на погодените жители.

Свет | пред 3 месеци

puls-roditeli

Најголемото судење во историјата на Македонија: пред правдата излегуваат 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

Точно во 9.30 денеска почнува најголемото судење во поновата историја на Македонија – процесот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица. Судницата е под засилени безбедносни протоколи, семејствата на жртвите пристигнуваат за да ја слушнат вистината која ја чекаат скоро девет месеци, а правосудниот систем е исправен пред најтешкиот тест досега.Обвинителството ќе треба да докаже вина на вкупно 38 обвинети – од институции до поединци – за низа тешки дела против општата сигурност. Според обвинението, трагедијата не била несреќен сплет на околности, туку последица на години игнорирање на законите, погрешни одлуки и системски пропусти. „Пулс“ работел незаконски уште од 2012 година: без минимално-технички услови, со нерегистрирани реконструкции, без соодветна противпожарна заштита и со крајно небезбедни услови за посетителите.Во документите што ќе ги презентира Обвинителството стои дека повеќе институции издавале лиценци спротивно на законот, не вршеле потребен инспекциски надзор, дозволувале преполнетост на капацитетот и влез на малолетници. Најкритичниот момент настанал кога, за време на настапот на групата „ДНК“, биле активирани пиротехнички средства без дозвола – искра што ја запалила целата трагедија.Јавниот обвинител Љупчо Коцевски уште на прес-конференцијата одржана на 16 јуни јасно порача дека секоја институција имала можност да спречи дел од ризиците, но пропустите се таложеле, создавајќи „ланец што неминовно водел кон катастрофа“.Додека судот го завршува последното техничко тестирање на системите, во зградата се поставени полициски филтри кои ќе контролираат кој влегува и излегува од судницата, а екипи на итната помош се во готовност за медицински интервенции.Со процесот ќе раководи судијката Диана Груевска-Илиевска – со 19 години искуство и долга листа на високо профилирани предмети, меѓу кои и судењата за поранешните премиери Владо Бучковски и Зоран Заев, како и случајот за тешката несреќа кај Ласкарци.Повеќе детали ќе се разјаснуваат во наредните месеци, но едно е јасно уште денес: ова судење ќе биде пресвртна точка за начинот на кој државата се справува со одговорноста, институционалните пропусти и јавната безбедност.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg4teaet1nsla5ZQnHOe

(Видео) Поплава во Козле, по дождовите во Скопје

Дел од скопската населба Козле утрово беше под вода по поројниот дожд што го зафати градот.Според првичните информации, поплавата се случила поради затнати одводи и обилен дожд во краток временски период, што довело до задржување на водата во пониските делови на населбатаата се случила поради затнати одводи и обилен дожд во краток временски период, што довело до задржување на водата во пониските делови на населбата.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Инциденти во Скопје – нападнати мајка и син, малолетник ограбен, младо девојче нападнато

Министерството за внатрешни работи информира за три одделни инциденти пријавени во изминатите два дена на подрачјето на Скопје, во кои бил нарушен јавниот ред и мир, а во еден од случаите нападнат е и малолетник.На 16 ноември 2025 година, околу 12:30 часот, во населбата Илинден, 50-годишната Т.П.П. и нејзиниот син биле нападнати со тврд предмет од лице идентификувано како В.Б.. Случајот е пријавен во СВР Скопје, а полицијата презема мерки за негово расчистување.Следниот ден, на 17 ноември околу 15:00 часот, во Центар, 35-годишниот Т.Д. пријавил дека неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг го физички нападнал. Случајот се истражува.Истиот ден, околу 13:10 часот, во населбата Ѓорче Петров, 74-годишниот Р.И. физички ја нападнал 21-годишната З.И., и двајцата од Скопје. И за овој инцидент се преземаат мерки за расчистување.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања