Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-librarylsne7n3te7a6e8FgvRG

Новогодишна желба на Најчевска: Сакам да живеам во Македонија во која судиите не се закачалки за судиските одори

Проф. д-р Мирјана Најчевска на ФБ напиша што посакува во новата 2026 година:Сакам да живеам во Македонија во која на раководни позиции доаѓаат луѓе со интелигенција над собна температура и морал над уличен џепарош.Сакам да живеам во Македонија во која наставниците добиваат највисоко можно образование, плати на ниво на среден менаџмент и поддршка од централната и локалната власт.Сакам да живеам во Македонија во која се стеснуваат улиците а се прошируваат пешачките патеки, во која градскиот превоз е основниот превоз кој го користат луѓето, во која се рушат сите бесправно изградени објекти и на нивно место се градат паркови и игралишта и во која не смее да се промени урбанистичкиот план пред да поминат 5 години од претходната промена.Сакам да живеам во Македонија во која коцкарниците, црквите и џамиите се претвораат во библиотеки.Сакам да живеам во Македонија во која јавото здравство е на повисоко ниво од приватното.Сакам да живеам во Македонија во која заштитата на животната средина е поважна од профитот.Сакам да живеам во Македонија во која не смее да има “продавници“ за пари, брзи кредити и слична лихварска багра.Сакам да живеам во Македонија во која даноците на добивка се најголеми за оние најбогатите и најмали за оние најсиромашните.Сакам да живеам во Македонија во која верската и етничката припадност се дел од личното убедување и се наоѓаат во приватната сфера.Сакам да живеам во Македонија во која патните трошоци на пратениците и сите функционери се на ниво на автобуска/железничка карта од втора класа, а платите се врзани за висината на минималната плата.Сакам да живеам во Македонија во која различноста не е основа за дискриминација.Сакам да живеам во Македонија во која живеат луѓе, а не партиски марионети.Сакам да живеам во Македонија во која вредноста на човекот се мери според знаењето, а не според партиската припадност.Сакам да живеам во Македонија во која судиите се луѓе со знаење и интегритет а не закачалки за судиските одори.Ете јас да си посакам.

Македонија | пред 3 месеци

297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

Косово денеска гласа

Во Косово во 7:00 часот започна гласањето на вторите парламентарни избори оваа година.Изборите се повторуваат откако по гласањето на 9 февруари ниту една политичка опција не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.Иако Движењето Самоопределување, предводено од премиерот Аљбин Курти, освои најмногу гласови, не беше формирана нова влада.Во изборната трка за 120 пратенички места 100 за албанските партии, 10 резервирани за српската заедница и уште 10 за другите малцинства – учествуваат 1.180 кандидати од 24 политички субјекти. Меѓу нив има 18 партии, три коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Право на глас имаат 2.076.290 регистрирани избирачи. Од нив, 1.999.205 ќе гласаат на избирачки места во Косово, додека 77.085 граѓани се регистрирани за гласање по пошта од дијаспората.Изборите ќе го одредат составот на 120-членото Собрание на Косово, кое се избира за четиригодишен мандат. Дваесет од местата се загарантирани за претставници на етничките малцинства – 10 за српската заедница и уште 10 за други малцинства, вклучувајќи Бошњаци, Турци, Роми, Ашкалии, Египќани и Горани.Од исходот на изборите ќе зависи идниот состав на владата и политичката стабилност на Косово, дијалогот со Белград, и односите со меѓународната заедница.

Свет | пред 3 месеци

media-library3e382bepg08a8xLmMqd

Почина Кирил Темков

Денеска во Скопје, на 82 години, почина професорот по филозофија, етика и естетика Кирил Темков.Темков беше познат филозоф и етичар со светско реноме, автор на голем број книги, учебници и научни дела од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката.Се залагаше за воведување на предметот Етика во училиштата.На македонски јазик ги има преведено делата на најзначајните светски филозофи и етичари, а предавал на неколку светски универзитети.За својот придонес беше добитник на повеќе признанија, меѓу кои Наградата на Град Кавадарци, орденот „Академски палми“ на Република Франција и Меѓународната награда „Гоцева мисла“.Автор е на бројни статии од областа на Филозофијата, Етиката, Естетиката и Културологијата, како и на повеќе книги: „Основите на еден нов Универзитет“, „Панорама на естетичките идеи од втората половина на 20-тиот век“, „Отворен Универзитет“.Погребот ќе биде утре од 10.30 на Градските гробишта во Бутел.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5otsji413ifjfBwm7IM

„Среќна небесна Нова година, ангели наши“: Потресно писмо од мајка на жртва од „Пулс“

Во пресрет на новогодишните празници, кога градовите се украсени и владее празнична атмосфера, тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили во трагедијата во дискотеката „Пулс“ станува уште потешка.Мајка на едно од загинатите момчиња преку социјалните мрежи објави потресно писмо посветено на својот син и на неговите пријатели, кои, како што пишува, својата прва Нова година наместо со семејствата, ја дочекуваат „на небото“.Во емотивната порака, таа се присетува дека овие денови требало да бидат исполнети со планови, смеа и договори за новогодишната ноќ. Наместо радост, останале тишината и болката од спомените.„Требаше овде да се слуша вашиот глас, вашата смеа и љубов. Но, наместо тоа, остана само тишина, крик, болка и солзи. Среќна ви прва небесна Нова година, ангели наши“, пишува мајката.Таа нагласува дека најтешката реалност за родителите е празниците да ги минуваат на вечните почивалишта на своите деца, наместо околу заедничка празнична трпеза. Свесна дека повторната средба и прегратка е невозможна, мајката упатува апел за правда.„Имаме уште една желба – правдата да пресуди за вашето прерано заминување. Ако таа се исполни, ќе знаеме дека постои правда“, стои во пораката, која повторно ја отвори болката и го засили јавниот повик за правно и морално разрешување на трагедијата што засекогаш го промени животот на многу семејства.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuiv8saom6amn4Db0m3K

„Распиши победа“-Српските студенти утре ќе собираат потписи за предвремени избори

Студентите во блокада во Србија за утре најавија акција под слоганот „Распиши победа!“. Тие ќе собираат потписи во поддршка на барањето за распишување предвремени парламентарни избори.Апелираат до сите граѓани да ја поддржат иницијативата на повеќе од сто места низ цела Србија.Листата на локации, што редовно се ажурира, е објавена на веб-страницата studenti.org.rs.Според најновите достапни податоци, потписи ќе се собираат на 108 места на 476 штандови.Како што велат студентите вклучени во организацијата на настанот, целта е да се соберат што е можно повеќе потписи за да се знае колку граѓани се за распишување избори.„Дојдете и заедно да прогласиме победа! Потпишете ја одлуката! Бидете контролор. Учествувајте во подигањето на свеста во вашата област. Од недела продолжуваме заедно!“, стои во објавата на студентите.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryknou845sms2b7S84xbq

(Видео) Таткото на загинатата Надица од „Пулс“: Ќе се борам додека не дојде правдата за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати пред јавноста, испраќајќи емотивна порака за загубата на својата ќерка и барањето одговорност за, како што рече, системските пропусти што довеле до трагедијата.Наунов истакна дека маршот е посветен на „ангелите“ кои ги загубија животите, а неговото обраќање дојде еден ден пред 28 декември, датумот кога неговата ќерка Надица требаше да го прослави својот 18-ти роденден.Тој се присети на последните моменти поминати со своето дете, кога семејството заедно ручало и зборувало за подготовките за роденденската прослава – музиката, гостите, фустанот и соништата што Надица ги имала за иднината.„Тоа не беа само планови, тоа беше живот што го очекувавме. Но на 16 март сè згасна“, рече Наунов, додавајќи дека со загубата на ќерката, нивниот дом бил исполнет со тишина која, како што рече, боли повеќе од секој крик.Во своето обраќање, таткото на Надица директно ја посочи корупцијата, немарот и институционалните пропусти како причини за трагедијата, нагласувајќи дека неговата ќерка „не заминала по Божја волја“, туку, како што рече, била „земена од систем што требало да штити, а не да убива“.Наунов истакна дека од денот на трагедијата неговиот живот е борба за правда и дека нема да престане да зборува и да се бори додека одговорните не сносат последици.„Сакам правдата да биде гласна, колку што беше тивка нивната совест“, порача тој, додавајќи дека единствената негова молба е да има сила да го дочека денот кога ќе може да каже дека правдата е задоволена – не само за неговото дете, туку и за сите деца кои ги загубија животите.Маршот за правда продолжува како симбол на барањето одговорност и вистина за трагедијата во Кочани, а семејствата на загинатите најавуваат дека нема да се откажат од својата борба сè додека, како што велат, љубовта кон нивните деца не се претвори во праведна разрешница.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc6e85b2g9adh2RGPLgk

Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство

Во изминатите четири години, вкупно 10.500 државјани на Република Турција поднеле барање за стекнување македонско државјанство по основ на македонско потекло, објави Радио Слободна Европа.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за турски државјани кои во македонските институции треба да докажат дека се иселеници од земјава и дека имаат македонско етничко потекло.Според МВР, значителниот пораст на бројот на барања е резултат на законските измени донесени во 2021 година. Оттаму посочуваат дека токму измените во Законот за државјанство довеле до енормно зголемување на интересот за стекнување македонско државјанство кај иселениците кои живеат во Република Турција.Во меѓувреме, економската соработка меѓу двете земји бележи раст. Според податоците доставени до РСЕ од Македонско-турската стопанска комора МАТТО, во текот на 2024 година биле регистрирани 4.132 фирми со турски капитал, основани од правни и физички лица.Од Комората посочуваат дека зголемениот бизнис-интерес произлегува од блиските и традиционално добри односи меѓу Македонија и Турција.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhdt1ngc49v7g2pJVYQG

Повторно блокади на граничниот премин Евзони

По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.АМСМ информира дека денеска од 11:00 часот ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез.Грчките земјоделци го затворија граничниот премин до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynhfukq0onep2038uIDz

Министерството за правда ги негира тврдењата на КСОМ

Конфедерацијата на синдикални организации реагираа дека Предлог законот за извршување се носи зад затворени врати, задкулисно и без вклучување на јавноста и граѓанските организации.Министерството за правда негира.„Сите закони во Министерството за правда се подготвуваат низ јавен и транспарентен процес, со навремено информирање за нивниот статус. За Предлог законот за извршување беше формирана мултисекторска работна група, а процесот на изготвување на текстот е при крај. По неговата подготовка Предлог законот за извршување ќе биде објавен на ЕНЕР каде сите ќе имаат можност да го разгледаат, да дадат коментари, предлози и сугестии“, велат од Министерството за правда.

Македонија | пред 3 месеци

dui-

ДУИ се жали на Стоилковиќ :Се однесува нехумано кон 76 вработени Албанци

Откако Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, објави видео снимки од канцелариите на 76 вработени кои добија откази на кои се гледаат импровизирани места за одмор, чајници, тостери и папучи, реакција од ДУИ.Партијата најостро го осудува, велат, нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци, кои се повикани на работа и затворени во канцеларии без минимални човечки услови и без никакви работни задачи.,,Сместувањето на десетици жени и мажи во три канцеларии, без столчиња, без работни маси, без компјутери, без елементарни средства и без каков било професионален ангажман, при што се принудени да стојат од 08:00 до 16:00 часот, претставува отворена форма на институционален мобинг и психолошка тортура.Фактот дека овие вработени, за да го преживеат работниот ден, биле принудени да импровизираат седејќи на подот и носејќи ќебиња од дома, претставува државен срам кој го нарушува човечкото достоинство и ги крши сите законски, морални и европски стандарди.Уште потешко е однесувањето по овој чин. Наместо институциите да преземат одговорност за нечовечките услови што ги создале, снимките од оваа состојба беа јавно злоупотребени за морален линч, додека Премиерот отиде дотаму што ги обвини овие вработени за „аморалитет“.Станува збор за Албанки, за мајки, за сестри и сопруги, кои беа понижени од сопствената држава, а потоа и јавно нападнати од страна на првиот човек на Владата. Ова е премината црвена линија и не смее да се релативизира, оправдува или премолчува. Дополнително, во врска со овие настани се напаѓа и ДУИ, иако станува збор за државни службеници, на кои токму државата е должна да им обезбеди достоинствени услови и третман.Премиерот има морална и политичка обврска веднаш јавно да им се извини на овие жени, на нивните семејства и на целата албанска заедница за навредливиот јазик и за легитимирањето на практика која потсетува на најмрачните методи на институционална дискриминација”, велат од ДУИ и бараат целосна политичка и административна одговорност за овој скандал, итен прекин на овој нечовечки третман и враќање на нормални и достоинствени услови за работа за сите вработени.,,Државните институции не смеат да се претворат во простори за колективно казнување врз етничка основа. Човечкото достоинство не е привилегија, туку основно право кое не се преговара”, велат од ДУИ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytl5nseumhdgl7kU3BDo

Напад за време на концерт во „Јане Сандански“ – пријавени закани со остар предмет и употреба на боксирач

На 27 декември 2025 година во 00:20 часот, во СВР Скопје, К.С. (39) од Скопје пријавил дека на 26 декември околу 22:10 часот, за време на концерт во спортскиот центар „Јане Сандански“, бил физички нападнат.Според пријавата, Д.К. му се заканил со остар предмет, додека друго машко лице употребило боксирач.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

J4A3115

Тензии во СДСМ: Јован Деспотовски со отворена порака до Венко Филипче

Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ, со јавно обраќање изрази силно разочарување од одлуките на актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека токму неговата матична партија го оставила „целосно без зборови и коментар“.Во пораката, Деспотовски нагласува дека по три децении политички ангажман најмалку очекувал ваков однос од СДСМ, потенцирајќи дека во сите свои јавни настапи бил умерен и воздржан, дури и во ситуации кога, како што вели, имало основ за остар и директен став.„Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен, дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв, тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме“, наведува Деспотовски.Тој во пораката испраќа и јасна критика кон персонализацијата на партијата, нагласувајќи дека СДСМ низ историјата имала и ќе има многу поголеми личности од кој било актуелен претседател.„СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде“, порачува тој.Во завршницата, Деспотовски директно му се обраќа на актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, со јасна лична порака дека нема да дозволи неговиот долгогодишен ангажман да биде обезвреднет со една политичка одлука.„Со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва“, пишува Деспотовски.Објавата на поранешниот функционер се толкува како уште еден јавно изразен знак за внатрепартиските тензии во СДСМ, во период кога партијата се соочува со сериозни предизвици, внатрешни преиспитувања и пад на довербата кај дел од членството и јавноста.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymp3bktgadqk61PQsqXH

Брутален напад врз Киев: експлозии од хиперсонични и крстосувачки ракети

Русија го нападна Киев и други украински региони со ракети и дронови, пред клучниот состанок на Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој требаше да се договараат за договор за завршување на речиси четиригодишната војна. Русија лансираше неколку хиперсонични проектили „Кинжал“, балистички проектили „Искандер“ и крстосувачки проектили „Калибр“ кон главниот град на Украина.Пред ноќните напади, Зеленски изјави дека неговите разговори на Флорида, кои ќе се одржат утре, ќе се фокусираат на територијата која секоја страна би ја контролирала по прекинот на борбите што започнаа во февруари 2022 година, со инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на помалиот сосед – во најсмртоносниот европски конфликт од Втората светска војна.Во Киев одекнуваа експлозии, активирани беа системите за украинска противвоздушна одбрана, а армијата објави на апликацијата Телеграм дека се распоредуваат ракети. Воздушните сили соопштија дека руските дронови таргетираат не само главниот град, туку и региони на североистокот и југот на земјата.

Свет | пред 3 месеци

media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Не постои никаков координиран напад врз СДСМ, има само координирано откривање дека Заев гради во Дубаи, а Филипче има златна виза

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за наводна координирана кампања против партијата, оценувајќи дека станува збор за обид да се прикрие, како што наведуваат, „координираното откривање на вистината“ за поранешни и актуелни функционери на СДСМ.Од партијата велат дека нема организиран напад врз СДСМ, туку дека во јавноста излегуваат информации дека поранешниот премиер Зоран Заев гради објекти во Дубаи, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, добил таканаречена „златна виза“ во истата држава.„Затоа СДСМ толку многу и координирано пропаѓа“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија додаваат дека одговорите за овие наводи СДСМ треба да ги побара кај Зоран Заев и кај Башановиќ, наместо, како што велат, да конструира приказни за политички прогон и организирани напади.Според ВМРО-ДПМНЕ, јавноста заслужува јасни и конкретни одговори за имотот и привилегиите на поранешните и сегашните функционери на СДСМ, а не, како што посочуваат, „димни завеси со обвинувања без основa“.

Македонија | пред 3 месеци

afrim-gashi

Гаши не сака Собранието да е гласачка машинерија за закони, ќе носи календар за работа

Спикерот Африм Гаши се најде погоден од критиките дека Законодавниот дом е гласачка машинерија за закони.„Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони, вели во интервју за МИА, претседателот на Собранието, Африм Гаши.Според Гаши постои неквалитетна или недобра култура во однос на меѓуинституционалната работа помеѓу ресорите и службите што работат во министерствата како и во Собранието.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryp5mhdaaci8rr8W43mqq

СДСМ: ВМРО спроведува организирана кампања за рушење на СДСМ одвнатре

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана и организирана кампања за уривање на партијата одвнатре, со цел, како што беше посочено, да се замолчи објавувањето на наводни докази за криминал и корупција.На пресот зборуваше Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој рече дека кампањата се интензивирала откако Антикорупцискиот тим на партијата (АКТ) започнал да изнесува сериозни податоци за корупција и сомнителни тендери поврзани со владата на ВМРО.Според Огњеновиќ, станува збор за „целиот еден систем, еден октопод“, кој, како што рече, е инструиран од српската СНС и кој управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ. Тој наведе дека јавноста изминатиот период можела да забележи синхронизирани настапи на поранешни функционери и лица кои повеќе не се дел од СДСМ, а дел од нив, според него, завршиле во ЗНАМ.Како конкретен пример, Огњеновиќ го посочи случајот со Јован Деспотовски, поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на ФИТР и ТИРЗ. Тој тврди дека по објавувањето на текст на Деспотовски во еден релевантен медиум, за помалку од две минути се појавил обемен и, како што рече, однапред подготвен текст на истата тема на порталот на Бранко Героски.„Тоа може да значи само дека текстовите биле однапред координирани или пишувани во директна комуникација“, рече Огњеновиќ, додавајќи дека подоцна истиот портал објавил уште неколку текстови и колумна во одбрана на Деспотовски.Од СДСМ оценуваат дека ваквите активности имаат за цел да ја ослабат партијата и да го запрат објавувањето на информации за наводен криминал на власта.„Нема застанување. Антикорупцискиот тим работи и сè ќе биде објавено. СДСМ нема да се повлече – вистината и правдата ќе победат“, порача Огњеновиќ, додавајќи дека, според партијата, „работата не е завршена“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Додека УЈП собира арач - нема пари за плати има само за тендери

СДСМ обвинува дека во државниот буџет недостигаат околу една милијарда евра, додека Владата предводена од Христијан Мицкоски нема средства за повисоки плати, зголемување на минималната плата, повисоки пензии и навремен поврат на ДДВ.Според опозициската партија, Управата за јавни приходи врши силен притисок врз граѓаните и стопанството за да ги пополни буџетските дупки, додека истовремено власта, како што наведуваат од СДСМ, ги троши јавните пари на сомнителни и криминални тендери.„Владата на Мицкоски и ВМРО нема пари за работниците и пензионерите, но има за милионски тендери. Доделени се 161 тендер на една фирма во износ од 5,3 милиони евра, девет милиони евра на друга фирма со само двајца вработени, како и тендери поврзани со студент на Мицкоски“, обвинуваат од СДСМ.Од партијата посочуваат дека загрозена е и ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, поради, како што велат, криминал и корупција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.СДСМ предупредува дека струјата поскапува, животниот стандард постојано се влошува, а граѓаните живеат сè потешко, додека власта, според нив, се богати преку јавни набавки и тендери.„Одговорност мора да има. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денеска не работи поради силен ветер

Поради силен ветер Жичницата на Водно во Скопје денеска нема да работи.Од Јавното собраќајно претпријатие, во чија надлежност е управувањето со Жичницата, велат во објавата на ФБ дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно.,,Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците”, стои во нивната објава.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryun950ciu3ctm6qZMU3I

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година.Добитници за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје.За авторите на награденото архитектонско дело, црквата „Св. Константин и Св. Елена“ е метафора за македонската колективна меморија и идентитет и ја персонифицира хармонијата меѓу небото и земјата, духовното и световното, традицијата и современоста.Претседателката им честиташе на добитниците, потенцирајќи дека наградата има силна, едукативна и инспиративна вредност за архитектонската фела и за младите архитекти.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес го стресе Охрид

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.Нема информации за повредени и за материјална штета.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypviqogval8rmbUWhsuH

Нов мандат на Зоран Трајчевски, на чело на ААВМУ е од 2014 година

Зоран Трајчевски продолжува да раководи со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години.Оваа одлука ја донесе Советот на Агенцијата, каде Трајчевски ја доби довербата за нов мандат.Трајчевски, како што стои на сајтот на Агенцијата е на функцијата директор на ААВМУ од 2014 година.Трајчевски пред да биде директор на ААВМУ, бил на чело на Агенцијата за електронски комуникации.Магистер е по машински науки и енергетска ефикасност и магистер по економски науки.

Македонија | пред 3 месеци

pat-magla

Возете внимателно:намалена видливост поради магла на Плетвар и во Крушево

Поради магла утринава на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена до 50 метри, а во Крушево до 30 метри, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.Апел од „Македонија пат“ до возачите внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.На другите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, наместа по влажни коловози.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Една година затвор за кавадарчанец кој прегази полицаец при легитимирање

Основниот суд во Кавадарци изрече казна затвор од една година за 46-годишен жител на Кавадарци, кој намерно прегази полициски службеник при обид за легитимирање, соопшти Обвинителството.Инцидентот се случил на 21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи возило „фолксваген“, не запрел на знак од полициски службеници. Откако бил опколен од две полициски возила на една крстосница во градот со цел да биде запрен, тој со возилото се залетал кон полицаец кој излегол од службениот автомобил за да го легитимира.Како што информира Обвинителството, обвинетиот го удрил полицаецот во пределот на стомакот и левата нога, по што удрил и во полициското возило и продолжил да вози. Полицаецот се здобил со повеќе телесни повреди.Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против осомничениот за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот бил лишен од слобода на 25 декември и следниот ден изведен пред суд, каде го признал делото.Со пресудата, судот го огласи обвинетиот за виновен и му изрече казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата му одреди мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што велат, вистинското лице на СДСМ излегува на површина, откако по седумгодишното владеење, кое според партијата било обележано со корупција и уништување на државата и економијата, поранешните функционери ги пренасочиле своите бизниси во една од најбогатите држави во светот – Обединетите Арапски Емирати.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека по долг период на јавно укажување и неколку дена по сведоштвото дека поранешниот премиер Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, стигнала и потврда од претседателот на СДСМ, Венко Филипче.На новинарско прашање дали заедно со Заев гради висококатница во Дубаи, Филипче одговорил дека тој не градел, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува индиректна потврда на нивните тврдења и на сведоштвото на Тома Аврамски дека токму Заев е инвеститорот на 42-катната зграда.„Признанието дека Филипче не гради, не може да се толкува поинаку освен како официјална потврда дека неговиот ментор, Зоран Заев, го проширил својот бизнис и инвестира во градежништвото во Дубаи“, соопштуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче сега треба јавно да одговори како се стекнал со таканаречената златна виза во Дубаи, со оглед дека, како што велат, досега не презентирал докази за најавуваниот работен ангажман во тамошни здравствени установи.„Ако не градел со Заев, на кој начин се стекнал со златна виза?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, отворајќи и дилема дали станот спомнат во сведоштвото на Аврамски е во сопственост на Филипче или истиот бил префрлен на трето лице.Партијата нагласува дека одговори ѝ должи и јавноста и Зоран Заев, кој, според нив, треба јавно да соопшти како дошол до милионите со кои инвестира и гради облакодери во Дубаи.„Апелираме да не се одолговлекува, бидејќи вистината, порано или подоцна, секогаш излегува на виделина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања