Кристијан Ландов

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Српските служби тајно ги „хакале“ телефоните на активисти: БИА инсталирала шпионски софтвер, полицијата вадела податоци преку Cellebrite

Активист од здружението „Крокодил“ открива за БИРН Србија дека при информативен разговор во Безбедносно-информативната агенција (БИА) му било наложено да го остави телефонот пред канцеларијата. Кога по еден час и половина си заминал, на уредот имал известување дека сите негови контакти биле експортирани.Независното вештачење на „Амнести интернешнел“ потврдило дека службите не само што извршиле дигитална форензика, туку и инсталирале spyware – шпионски софтвер за следење.„Две недели гледаа што прави ќерка ми, како се капе, фотографиите што ги споделуваме со родителите. Сè. Страшно“, изјавил активистот, инсистирајќи на анонимност.БИРН разговарал со повеќе активисти кои биле приведени или повикани „на разговор“, а форензичарите на „Амнести“ утврдиле дека нивните телефони биле компромитирани – податоците биле извлечени, а шпионски софтвер тајно инсталиран.Српските служби користеле различни тактики:„покани“ за информативни разговориненадејни приведувањаодземање телефони и пристап без согласностИзвлечените уреди биле поврзувани со Cellebrite – израелска технологија што ја користат безбедносни служби ширум светот за отклучување мобилни телефони.Случајот на Иван Бјелиќ: „Тие буквално знаат сè за мене“Еколошкиот активист Иван Бјелиќ од групата „СвиЧе“ бил приведен на денот на изборите на 17 декември 2023 година и држен два часа во станица, додека полицијата го поврзувала неговиот телефон со Cellebrite систем.Форензичките записи покажуваат дека уредот бил поврзан преку USB околу 17:55 часот, што овозможило извлекување на:лични податоципораки, вклучително и избришанилокациска историјаподатоци од iCloud/Google Driveапликации што корисникот мислел дека се заштитени„Тие знаат кога одам во теретана, што купувам за кучето, кога ги полевам растенијата. Сè“, раскажува Бјелиќ.Што може Cellebrite?Документи и протечени спецификации откриваат дека опремата може:да отклучува телефони, па дури и силно заштитени апликациида извлекува избришани пораки и скриени податоцида чита податоци за Bluetooth и Wi-Fi конекциида мапира движење преку базни станицида користи AI анализа, препознавање лица и визуелизација на мрежи на контактиОвие можности на службите им овозможиле да вметнат spyware и да го следат секое движење и комуникација на активистите.Истражувањето на БИРН и вештачењата на „Амнести интернешнел“ откриваат систематско и незаконско следење на граѓански активисти во Србија, со злоупотреба на технолошки алатки кои вообичаено се користат во борбата против организиран криминал.

Свет | пред 1 месец

media-libraryb43cesgcbroo2rwaIjb

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од избори – ако имаат храброст, нека побараат предвремени уште утре

ВМРО-ДПМНЕ остро возврати на денешното соопштение на СДСМ, нарекувајќи го „доказ за страв од соочување со народот“. Опозициската партија тврди дека СДСМ избегнува избори иако, според нив, анкетите ја позиционираат на четвртото или петтото место по поддршка меѓу граѓаните.„Доколку СДСМ смета дека е подготвен и дека ужива доверба, нека поднесе барање за предвремени парламентарни избори уште утре“, се наведува во реакцијата.„Безидејност и хаос во партијата“Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ се наоѓа во состојба на „тотална безидејност“, а соопштенијата што ги објавуваат – како што тврдат – биле напишани со помош на вештачка интелигенција.„Очигледно е дека вистинска интелигенција одамна нема на Бихаќка. Тонат во жива кал“, стои во реакцијата.Критики до Филипче и ЗаевПартијата смета дека СДСМ мора да спроведе внатрешни реформи и да се дистанцира од, како што ги нарекуваат, „луѓето кои реално ја водат партијата“.„СДСМ треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка со Заев“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.Претходно:

Македонија | пред 1 месец

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

СДСМ: Мицкоски со нови изборни пораки – повторување на „српскиот модел“?

СДСМ реагира дека најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски, во кои повторно говори за можни избори, се „директен сигнал“ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го следи моделот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Во партиското соопштение, Мицкоски е наречен „мали Вучко“, а неговите настапи СДСМ ги оценува како координација со процесите во регионот.Партијата посочува дека симултаното појавување на „лажни анкети“ и најави за избори потсетува на политичките решенија во Србија, каде Вучиќ само неколку часа претходно најавил предвремени парламентарни избори.„Вучиќ модел“ и реконструкција како шминкањеСДСМ наведува дека вчерашната реконструкција на Владата е „обично шминкање“ – практика што долго ја применува Вучиќ, по што следат дополнителни објаснувања и, најчесто, распишување избори.„Овој модел денес го гледаме и во Македонија“, стои во соопштението.Регионални паралели: Орбан – Вучиќ – Груевски – МицкоскиСДСМ потсетува дека на пролет Унгарија оди на избори, каде што владее партијата ФИДЕС на Виктор Орбан – политички сојузник и за Вучиќ и за Груевски. Според СДСМ, оваа „вертикала“ функционира со години, а во таа линија се вметнува и Словачка со премиерот Роберт Фицо.Партијата предупредува дека во овие држави избувнаа масовни протести предизвикани од корупција, а истиот феномен – велат – се чувствува и во Србија, каде граѓаните речиси цела година протестираат поради „катастрофалната корупција“, која, меѓу другото, се поврзува и со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде загинаа 16 луѓе.СДСМ посочува и на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред два дена обвини српска компанија со седиште во Белград – „Roaming Networks“ („Dot Networks“) – дека преку сервери учествувала во вмешување во изборите во САД во 2020 година.Покрај тоа, партијата потсетува дека српските медиуми со години објавуваат делови од „СКАЈ“ преписките добиени преку ЕВРОПОЛ, кои водат до криминални структури во Србија, Црна Гора, па и пошироко. Во Србија се очекува да се открие кој стои зад шифрата „Оскар“.„Кај нас барем е лесно – сите знаеме кој е македонскиот ‘Оскар’. Имаме и мал и голем ‘Оскар’“, порача СДСМ.Посочено е и неодамнешното апсење на поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини поради корупциски истраги поврзани со дијалогот Белград–Приштина.СДСМ оценува дека доколку Србија оди на избори на пролет, истото ќе се случи и во Македонија.„Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим. Тогаш ќе се откријат сите поврзаности, сите приказни“, наведува партијата.Според СДСМ, бегалскиот статус на Груевски директно зависи од исходот на изборите во Унгарија, па затоа „по секоја цена мора да обезбеди власт во Македонија под своја контрола“.СДСМ порача дека Македонија повторно се наоѓа пред фаза на политичко „прочистување“, со алузија на најавите за „катарза“ од страна на Мицкоски.„Изгледа дека соседите ја живеат нашата 2015 година. Не грижете се – ние повторно сме двојно подобри. Верзија 2.0 штотуку почна да работи“, стои во соопштението.Партијата завршува со политичка порака:„Време е за нов лист. Нова сила, нова енергија, нов тим и вистински правец: Европа. Работата не е завршена.“

Македонија | пред 1 месец

media-library71sfi9c85oalcrkZl6Y

Филипче: Ние ги спремивме новите бомби, ја повикуваме европската главна обвинителка да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите

Во пресрет на нови политички тензии, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе биде обелоденет нов скандал кој, како што рече, ги инволвира „членови на владејачката структура“. Според него, опозицијата располага со документи за сериозни злоупотреби.„Ние ги спремивме новите бомби, 2.0. Утре следува нов скандал. За сè имаме документација“, изјави Филипче, алудирајќи на нов бран политички снимки и докази.Филипче со остра реторика ја повика европската главна обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија и да се запознае со, како што тврдеше, малверзациите што ги прави власта со европските фондови, особено со ИПАРД програмата.„СДСМ ја повикува Лаура Ковеши лично да се увери во злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ со европските фондови. Овде се загрозени 130 милиони евра. Наместо одговорност по апсењето на нивниот директор за Финансиска поддршка, гледаме само спинови и префрлање вина врз опозицијата“, рече Филипче.Тој нагласи дека според нивните сознанија, злоупотребите ги вршеле лица блиски до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Очекуваме со ангажман на Ковеши овој скандал конечно да се расчисти. Македонија не е темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ каде може да се игра со европската иднина и парите на граѓаните“, посочи Филипче.Филипче откри дека партијата веќе формирала антикорупциски тим, составен главно од млади активисти и истражувачи.„Овој тим ќе ги обработува скандалите што ги гледаме секојдневно. Ќе анализира документи, ќе поднесуваме пријави до национални и меѓународни институции“, додаде тој.Најави и онлајн платформа каде граѓаните ќе може да пријавуваат сомнежи за корупција.Интересен е и планот за меѓународна соработка: СДСМ ќе иницира контакт со италијанските антикорупциски институции.„Ќе побараме помош од институциите во Италија кои со децении се бореа со Коза ностра. Ако тие успеаја да се справат со најорганизираната мафија во Европа, тогаш и ние можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

netflix

Струење што ќе го смени Холивуд: Netflix влегува во финална рунда за да ги купи WBD и HBO Max

Netflix влезе во ексклузивни преговори за купување на Warner Bros. Discovery (WBD), вклучувајќи ги студиото и стриминг-платформата HBO Max, по жестока трка со Paramount и Comcast.Ако биде постигната зделка, Netflix би ја презел целата филмска и ТВ-библиотека на Warner Bros. и HBO – од „Казабланка“ и „Friends“ до „Game of Thrones“, Batman, Superman и „Harry Potter“ франшизата.Овој потег би претставувал најголемата трансформација во модерната историја на Холивуд, имајќи предвид дека Netflix веќе е најмоќниот играч во индустријата со пазарна вредност од 437 милијарди долари.Зделката, сепак, ќе се соочи со сериозни регулаторни пречки. Режисерската гилда на Америка (DGA) и дел од холивудските таленти веќе предупредија дека ваквата концентрација на моќ може да ја задуши конкуренцијата и да го наруши филмскиот пазар.Netflix и WBD продолжуваат со преговори, но судбината на договорот ќе зависи од политички и регулаторни процени за доминацијата на Netflix во индустријата.

Магазин | пред 1 месец

media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Студент уапсен по барање одговори за пожарот што усмрти 159 лица во Хонг Конг

Студентот Мајлс Кван стана симбол на растечкото незадоволство во Хонг Конг откако беше уапсен веднаш по иницирањето петиција со која се бараа одговори за разорниот пожар во Тај По, трагедија што усмрти најмалку 159 лица и расели илјадници жители. Пожарот го проголта густо населеното стамбено подрачје, а прашањето како пламенот се проширил со толку невидена брзина стана централна тема во јавноста.Кван е уапсен под сомнение за поттикнување побуна, по што е пуштен да се брани од слобода. Полицијата за национална безбедност соопшти дека „секоја постапка се процесира согласно законот и околностите“, а властите предупредија дека одредени групи наводно се обидуваат да ја „искористат трагедијата за загрозување на националната безбедност“.Петицијата што Кван ја отвори собра повеќе од 10.000 потписи за помалку од едно деноноќие, пред да биде избришана. За дел од јавноста, неговото приведување е уште едно предупредување за стеснувањето на просторот за слободно изразување, додека властите инсистираат дека станува збор за „заштита на правниот поредок“ во момент кога градот се соочува со тешка криза.Неколку дена по пожарот, лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, најави формирање независен истражен одбор, ревизија на градежните стандарди, привремен сместувачки капацитети и финансиска помош за погодените семејства – мерки што беа клучни точки во петицијата на Кван.„Зачудувачки е што тој е уапсен за поставување прашања што ги споделуваат илјадници граѓани, а властите потоа ги усвоија“, оцени активистот Семјуел Чу, кој ја репостираше петицијата на друга платформа.Властите тврдат дека одредени формулации од петицијата „имитирале“ протестни слогани од 2019 година и можеле да поттикнат нарушување на јавниот ред, поради што, како што наведуваат, морале да реагираат.Паралелно со притисокот врз активистите, уапсени се и 15 лица – претежно раководители и вработени во градежни компании – под сомнение за убиство од небрежност, поради пропусти што наводно придонеле за брзото ширење на пожарот. До овој момент ниту еден државен функционер не поднел оставка.И покрај повиците за итна парламентарна расправа за трагедијата и работата на службите за итни интервенции, владата го одби предлогот со образложение дека приоритет е целосната истрага. „Да, ова е трагедија и да, потребни се промени. Но мораме сериозно да ги затвориме сите пропусти за да спречиме вакво нешто да се повтори“, изјави Ли.

Свет | пред 1 месец

media-librarysisp98otchut5W5JXCG

(Видео) Ќе се казнува ли возење до 51 км/ч или 52 км/ч со „Сејф сити“?

Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје, во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“ одговори на најчестите дилеми што ги отвори воведувањето на системот „Сејф сити“, особено по реакциите на граѓаните за опомените во тест-периодот, кои ќе бидат казни по активацијата на камерите за возење со 51 или 52 километри на час.Топаловски истакна дека системот функционира согласно европската регулатива, каде прекршок се смета секое надминување на дозволената брзина, без разлика дали станува збор за еден или повеќе километри.„51 км/ч во градска средина, седумдесет во друга средина, и нели ги знаете автопатските делници. И ние мораме да го нивелираме системот со 51 км/ч. Во принцип, ако од сто илјади вчерашни казни, осумдесет илјади беа со 51 км/ч, 52 км/ч. системот самиот ќе ни ја покаже вредноста на која што ние во иднина би можеле да рачунаме да нивелираме согласно европските.Но, ако од сто илјади прекршители вчерашниот ден, ако осумдесет илјади се оние што возеа над седумдесет, за каква нивелација ние зборуваме? Секако дека ќе ги нивелираме границите заедно со граѓаните“, рече Топаловски во „Претрес“.Целиот разговор тука:Тој повтори дека главната цел не е санкционирање по секоја цена, туку намалување на ризикот и спасување човечки животи.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysgjgl5p3se416P4kAgl

Шест часа сама на –20: Австриски алпинист одговара за смртта на својата девојка

Австриски обвинители покренаа постапка против 36-годишен маж од Салцбург, кој се соочува со обвинение за убиство од крајна небрежност, откако во јануари ја оставил својата девојка да се смрзне на Гросглокнер – највисоката планина во Австрија. Двајцата биле само 50 метри под врвот кога 33-годишната жена ја изгубила силата и не можела да продолжи. Наместо да остане со неа, партнерот сам тргнал по помош, оставајќи ја сама во екстремни услови.Обвинението наведува низа пропусти: парот тргнал два часа подоцна од планираното, жената немала соодветна опрема, а мажот – искусен алпинист – ја оставил без заштита и без да ја премести на засолниште од силниот ветер. Во моментот кога ја напуштил, температурата со ефект на ветер се чувствувала како -20 степени.Истрагата открила дека тој не побарал помош навреме, иако веќе околу 20:50 часот биле во неволја. Кога полициски хеликоптер прелетал над нивната зона во 22:50, не дал никаков сигнал. На повици од алпската полиција одговорил дури по полноќ. Дури во 3:30 часот, по повеќе од шест часа разделен од партнерката, конечно ги алармирал спасувачите.Спасувачките екипи стигнале дури следното утро, но можеле само да ја констатираат смртта. Одбраната тврди дека станува збор за „трагична несреќа“, а не за криминална одговорност. Судскиот процес ќе започне на 19 февруари 2026 година во Инсбрук.Случајот потсетува на трагедијата со руската алпинистка Наталија Наговицина, која во август беше прогласена за мртва по две недели заробена на над 7.000 метри во Киргистан, по што дрон со термална камера не детектираше знаци на живот.

Свет | пред 1 месец

Hrvatska-policija

Семејна трагедија и потера во Хрватска: Маж пукал во две жени, полицијата трага по сторителот

Една жена загина, а друга се бори за живот по пукањето што синоќа се случи во ромската населба Ситнице во Мурско Средишќе, Хрватска. Нападот, според полицијата, бил извршен со огнено оружје, а напаѓачот сè уште е во бегство.Портпаролот на Полицијата на Меѓимурската жупанија, Радован Гачал, изјави дека инцидентот се случил околу 21 часот. Обете жртви со тешки повреди биле пренесени во Жупаниската болница во Чаковец, каде што една од нив подоцна им подлегнала на повредите. Втората жена се наоѓа во критична состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот.Според првичните, неофицијални информации од жителите, осомничениот прво пукал кон својата вонбрачна сопруга во семејната куќа, а потоа и кон нејзината сестра на улица.Полицијата соопшти дека интензивно трага по сторителот и дека сите расположливи ресурси се ангажирани во потрагата. Засега не е извршено приведување, а истрагата продолжува.Семејството, пријателите и познаниците на трагично загинатата жена се простуваат од неа преку социјалните мрежи, додека јавноста со загриженост ја следи состојбата на втората жртва.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvb0d0ahug1sq4Nfpofr

(Видео) Евакуации и експлозии: Украински дронови удрија по руска лука и рафинерија

Украинските беспилотни летала синоќа изведоа координирани удари врз клучни руски енергетски објекти, таргетирајќи ја морската лука Темрјук во Краснодарскиот крај и рафинеријата за нафта во Сизран, Самарска област, пренесуваат регионалните власти и руските медиуми, повикувајќи се на „The Kyiv Independent“.Според Оперативниот штаб на Краснодар, во нападот врз Темрјук дошло до пожар и оштетување на делови од пристанишната инфраструктура. Иако официјално не е соопштено кои објекти биле погодени, локални снимки што ги анализираше опозицискиот руски медиум „Астра“ укажуваат дека горел гасен терминал. Сето присутно персонал било евакуирано, а засега нема пријавени жртви.Луката Темрјук е едно од клучните руски енергетски упоришта на Азовското Море, со терминали за извоз на нафта и течен нафтен гас.Во истата ноќ, жители на градот Сизран, околу 700 километри од украинската граница, пријавиле експлозии во локалната рафинерија. На социјалните мрежи се појавија снимки за кои се тврди дека го прикажуваат нападот. Градоначалникот Сергеј Володченков потврди дека бил изведен удар со дрон, но не откри детали за целите.Рафинеријата во Сизран, која работи од 1942 година и е во сопственост на државната „Роснефт“, годишно обработува околу 8,5 милиони тони сурова нафта и претставува важен дел од рускиот енергетски капацитет.Нападите се дел од пошироката украинска стратегија насочена кон руската нафтена индустрија – сектор што е клучен за финансирање на воените операции на Москва. Украинските власти ги нарекуваат ваквите удари „далекуметни санкции“, бидејќи имаат за цел да ја намалат способноста на Русија да обезбеди гориво и средства за војната.

Свет | пред 1 месец

media-library4nfbahhchah75hsgOpL

Филипче вложил 550.000 долари во Дубаи и така добил виза, Заев купувал евтин челик од Русија а вели ја поддржува Украина, напиша Груевски

Експремиерот Никола Груевски, кој живее во Унгарија како азилант, повторно јавно ги нападна Зоран Заев и Венко Филипче, обвинувајќи ги за политичка и лична дволичност.Груевски тврди дека Заев во јавноста се претставува како силен поддржувач на Украина и западните политики, додека во позадина, преку свои фирми, со години купувал евтин челик од Русија и со тоа – според него – индиректно придонесувал за финансирање на руската економија во време на санкции.Тој наведува дека Заев „барал“ испраќање македонски војници во Украина, а приватно водел бизнис-зделки со руски компании за личен профит.Груевски тврди дека Венко Филипче знаел за тие активности и дека добил „златна виза“ во Дубаи не како лекар, туку како инвеститор со вложени најмалку 550.000 долари – средства за кои, како што наведува, „не може да се објасни потеклото“ со лекарска плата.Тој потсетува и на обидот за набавка на вакцини во време на ковид-кризата, за кој вели дека Заев и Филипче сакале приватно да посредуваат преку фирма што тие ја контролирале, со цел да остварат лична заработка.На крај, Груевски вели дека по недели напади од СДСМ „не добил ниту еден суштински демант“ за, како што тврди, нивните „бизнис-интереси, дволичност и нетранспарентни зделки“.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryfagqlthlc88t29Cnrqz

Повредена од „Пулс“ сведочи: Столе ме бодреше во Брзата помош, но не издржа, почина во Белград

Животот на ученичката од четврта година во средно стручно училиште за хемија и технологија бил наидно совршен: првенец на генерација, пијанист, дел од училишниот оркестар, дете на лекари со јасна желба – да стане доктор. Сѐ се движело во вистински правец. До 16 март.„Борба – тоа е она што ни останува. И на преживеаните, и на родителите што ги изгубија децата. Секој од нас носи тежина што мора да ја издржи“, вели 19-годишната Надалина Грозданова, девојка која ја преживеа трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ – денот што засекогаш ќе го носи во срцето и на кожата. Денот што однесе 63 животи.„Беше сабота. Го славевме роденденот на мојата најдобра другарка. Потоа петмина тргнавме на настапот на ДНК. Сѐ изгледаше вообичаено – диџеј, бенд, полна дискотека. Ние стоевме во третиот ред. Се вклучи пиротехниката, но не обрнуваме внимание. А потоа, за неколку минути, пламенот беше насекаде“, раскажува Надалина за „Курир“.„Сите тргнаа кон единствениот излез. 600 луѓе – една врата. Другарките излегоа, јас не. Почнав да паничам и се онесвестив. Последното што го памтам се вресоците и обидите на луѓето да се пробијат. Кога се освестив, беше темно. Не сфатив веднаш што се случило. Можеби умот се обидува да ги избрише најстрашните слики.“Се обидела да се извлече сама. „Не знам како успеав. Како да ме водеше нешто посилно од мене. Се сеќавам само на моментот кога поминав низ вратата. Сѐ околу тоа е избришано.“Својот ужас го раскажа и 26-годишната учителка Санела Давиткова – исто така преживеана.„Бевме точно пред бината, под пиротехниката. На почеток ни изгледаше како дел од настапот, сѐ додека пејачот не извика: ‘Излезете сите!’ Речиси сите мои пријатели излегоа, но ние тројца се заглавивме пред вратата. Од излезот ме делеше еден чекор. Кога го почувствував жешкиот воздух, ги ставив рацете преку лицето“, вели таа. Тој инстинкт ѝ го спасил лицето – рацете, пак, и денес ги носат изгорениците.„Понатаму ништо не памтам. Мислам дека кратко се онесвестив. Кога се разбудив – заглавена. Луѓе врз луѓе, вресоци. На вратата го здогледав моето момче. Го викав, но не ме препозна – сите бевме исчадени. Но ме слушна. Не знам како ме извлече.“Додека таа ја очекувала Итната помош, тој се вратил по неговите другари. „Двајцата ги извадија. Столе, еден од нив, момче што многу го сакавме, беше во амбулантното возило со мене. Беше храбар. Ме бодреше дека сѐ ќе биде добро. А тој… не издржа. Почина во Белград.“Санела се лекувала во Солун, потоа се вратила дома. „Тешко е – лузни, воспомините… но се навикнуваш. Работам. Учениците на почеток ме гледаа поинаку, сега е нормално.“И Надалина минала низ долга терапија во Солун – 75 дена со изгореници на вратот, вилицата и левата рака.„Дојдов до болница, разговарав со родителите, а ништо не памтам. Кога се разбудив од кома, не знаев ни зошто сум таму. На интензивна нега ми кажаа што се случило. Дека загинале луѓе што ги знам. Дека изгубив пријатели“, раскажува таа низ солзи.„Како минува времето, сфаќаш што навистина значи загуба. Не е лесно да се живее со тоа. Но останува борба. Тоа ми е најголемата животна лекција. Сфаќам колку е минливо сè што мислев дека вреди. Сонував за титулата првенец на генерација – и ја добив. Но на интензивна нега, таа титула не вреди ништо. Само сакаш да преживееш. Да се разбудиш. Да ги видиш твоите. Сè друго е помалку важно. Тоа е суштината.“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6pt291aptk477QdyZF

По убиството на Кирк: администрацијата на Трамп ја проширува борбата против „домашен тероризам“

Американската државна обвинителка Пам Бонди им нареди на јавните обвинителства и другите надлежни институции да ги засилат истрагите против антифашистичкото движење Антифа и сродните „екстремистички групи“. Во интерниот документ, до кој дојде Reuters, таа побарала и од ФБИ да изготви список на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со домашен тероризам.Налогот доаѓа неколку месеци по убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, по чие убиство претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Антифа се прогласува за терористичка организација.Во дописот Бонди наведува дека „домашните терористи користат насилство или закани со насилство за да остварат политички цели и да промовираат екстремистички ставови за масовна миграција, радикална родова идеологија, антикапитализам, антихристијанство и антиамериканизам“. Министерството за правда не го коментираше документот.Бонди им наложила на федералните агенции да ги прегледаат своите досиеја и да издвојат разузнавачки податоци за групи поврзани со Антифа, кои потоа ќе им бидат проследени на истражителите.ФБИ, пак, треба да отвори истрага за сите инциденти од изминатите пет години што содржат елементи на домашен тероризам. Откако ќе се состави список на потенцијални актери, следниот чекор е да се подготват нови стратегии за „разградување на мрежите на криминални активности“.Дополнително, се бара подобрување на системот за пријавување инциденти, со цел „сведоците и граѓанските новинари да можат полесно да испраќаат информации за сомнителни дела“. Во документот се повикуваат и федералните канцеларии за грантови да ги приоретизираат државите и градовите што развиле програми за заштита од домашен тероризам.

Свет | пред 1 месец

media-library0ouf3nnh2cc24ZYL5EK

Новозеланѓанец проголта привезок од 20.000 долари – полицијата го врати „природен пат“

Новозеландската полиција објави дека го пронашла дијамантскиот привезок вреден речиси 20.000 долари, кој 32-годишен маж го проголтал во обид да го украде. Скапоценото „Фаберже“ јајце било „извадено“ на природен пат, без потреба од медицинска интервенција, пренесува BBC.Инцидентот се случил пред околу една недела во накитницата Partridge Jewellers во центарот на Окленд. Полицијата го уапсила осомничениот само неколку минути откако, како што се сомнева, го проголтал привезокот за да го сокрие.Украденото парче накит – проценето на 33.585 новозеландски долари – е украсено со 60 бели дијаманти и 15 сини сафири. Според описот на накитницата, минијатурното јајце, именувано „Octopussy“ по култниот филм за Џејмс Бонд, се отвора и открива малечка хоботница изработена од 18-каратно злато.По апсењето, мажот бил под постојан лекарски и полициски надзор.„Како лице во притвор, имаме обврска да го следиме неговиот здравствен статус, со оглед на тоа што се случи“, соопшти полицијата.Осомничениот ќе се појави пред суд на 8 декември. Освен за кражбата на привезокот, тој се товари и за кражба на iPad од истата накитница на 12 ноември, како и за кражба на песок за мачки и средства против болви од приватен дом ден подоцна.Од Partridge Jewellers велат дека привезокот ќе биде вратен кај производителот – легендарната куќа Fabergé, која постои повеќе од два века и е позната по изработката на луксузни „Фаберже“ јајца од благородни метали и скапоцени камења.

Свет | пред 1 месец

media-library7abt8dm27vlkfkiNr6q

Орман денеска без струја од 09 до 13 часот

Денеска без електрична енергија ќе останат жителите на селото Орман, информира Регионалниот центар за управување со кризи, по добиено известување од ЕВН Македонија.Според најавата, прекинот ќе се изврши на 4 декември 2025 година (четврток), во периодот од 09:00 до 13:00 часот и ќе опфати дел од корисниците во селото Орман, општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 месец

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Безбедносен аларм во Ирска: пет дронови блиску до авионот на Зеленски

Околу пет дронови биле забележани во близина на воздушната рута по која се движел авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски при неговото слетување во Ирска во понеделникот, пренесуваат локалните медиуми.Според информации на „Irish Times“, ирската морнарица ги регистрирала дроновите во зоната што се смета за строго чувствителна при безбедносни операции, што предизвикало сериозно предупредување поради можноста за обид за нарушување на безбедносниот коридор на летот.Ирските власти наведуваат дека авионот на Зеленски пристигнал нешто порано од планираното и во ниту еден момент не бил изложен на непосредна опасност.

Свет | пред 1 месец

zemjotres

Серија земјотреси во текот на ноќта во Италија

Во текот на ноќта серија помали земјотреси го погодија подрачјето меѓу Ромања и Тоскана, јавуваат италијанските медиуми.Од 22:38 часот наваму бил регистриран таканаречен „сеизмички рој“ од шест последователни потреси. Најсилниот од нив бил измерен во 03:36 часот со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала, на потегот меѓу Чезена и Арецо, пренесува агенцијата АНСА.Епицентарот се наоѓал меѓу општината Вергерето (Форли–Чезена) во регионот Ромања и тосканската општина Ќузи дела Верна (Арецо).Засега нема информации за евентуални штети или повредени лица.

Свет | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Дожд, снег и зголемени водостои: Македонија под метео-аларм, апел за внимателно возење

Денеска целата земја ќе биде зафатена од интензивни врнежи од дожд. Најобилни врнежи се очекуваат во јужните региони, каде што локално може да паднат над 40 литри дожд за едно деноноќие. На планините над 1700–1800 метри дождот ќе преминува во снег.Ќе дува слаб до умерен ветер од северни и североисточни правци. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремено пообилни врнежи од дожд, а дневната температура ќе достигне околу 9 степени. Во останатиот дел од земјата максималните температури ќе се движат меѓу 4 и 12 степени.Поради интензитетот на врнежите, целата држава е ставена под жолт метео-аларм, додека југоисточните предели се во портокалова фаза. Се очекува ново покачување на водостоите на реките и езерата, особено на југот, каде што постои ризик од локални излевања.Граѓаните, а особено возачите, се повикуваат на зголемена претпазливост и избегнување движење во близина на водотеци, со цел да се спречат несакани последици од можните нови поплавувања.

Македонија | пред 1 месец

media-library77614r3so4gffLZss0S

Судска кочница за Белата куќа: Паѓа планот на Трамп за масовни отпуштања

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи да отпушти околу 250 вработени беше привремено блокирана од федерален суд, нанесувајќи сериозен удар врз планот на претседателот Доналд Трамп за масовно намалување на бројот на државни службеници.Судијката Сузан Илстон од Окружниот суд во Сан Франциско оцени дека аргументите на синдикатите – дека отпуштањата се спротивни на законот кој Конгресот го усвои минатиот месец за да ја прекине 43-дневната блокада на федералната влада – се доволни за привремена мерка. Законот експлицитно забранува отпуштања пред 30 јануари, додека администрацијата на Трамп тврди дека ова ограничување не важи за решенијата најавени пред почетокот на блокадата на 1 октомври.Во тој пакет спаѓаат и околу 1.300 вработени во Стејт департментот чии откази првично беа најавени уште во јули, од кои стотици веќе добија решение за прекин на работниот однос.Синдикатите – Американската федерација на државни службеници и Американското здружение за надворешни работи – тврдат дека Белата куќа го толкува законот спротивно на намерите на Конгресот. Поради тоа побараа судска заштита, која судијката ја уважи, но правната битка продолжува.Ова е дел од поширокиот спор што синдикатите го поведоа во октомври против повеќе федерални агенции, поради плановите да отпуштат околу 4.000 вработени за време на блокадата на владата.Претседателот Трамп одамна најавува дека намалувањето на федералната администрација е клучен дел од неговата реорганизација на државните институции. Дел од најавените отпуштања веќе беше намален, откако десетици илјади службеници прифатија отпремнини или заминаа во предвремена пензија.Но со последната одлука на судот, овој процес доби сериозно предупредување – барем засега.

Свет | пред 1 месец

h_57503169

По предупредувањата на Путин дека е „подготвен за војна со Европа“, НАТО: „Спремни сме за секоја криза“

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, порача дека планираното намалување на бројот на американски војници на континентот нема да ја загрози одбраната на Европа. Во интервју за Politico, тој нагласи дека европските и канадските капацитети се доволни за одговор на секоја потенцијална криза.Изјавата следи по растечките грижи дека администрацијата на Доналд Трамп подготвува преместување на дел од американските сили во Индо-Пацификот. Првиот чекор веќе беше направен – повлекување 800 војници од Романија, потег кој Букурешт побара да биде ревидиран.Загриженоста се поклопува со пошироката дебата за посветеноста на Вашингтон кон НАТО. Трамп често предупредува на потребата Европа да ја засили сопствената одбрана, а европските лидери приватно изразуваат скепса околу неговите намери – особено во контекст на војната во Украина и преговорите со Русија. Францускиот претседател Емануел Макрон дури предупреди дека Вашингтон би можел да ја „издаде“ Украина.Дополнителен немир предизвика и одлуката американскиот државен секретар Марко Рубио да го прескокне состанокот на НАТО министрите, што ретко се случувало од 1949 година. Во исто време, неговиот заменик ги критикувал европските сојузници зад затворени врати поради фокусирање на домашната одбранбена индустрија наместо купување американска опрема.Генералот Гринкевич инсистира дека овие политички тензии не ја нарушуваат оперативната способност на НАТО. Според него, зголемените трошоци за одбрана во Европа ќе го направат сојузот уште посилен во иднина.НАТО се соочува со засилени закани од Русија, чиј претседател Владимир Путин оваа недела изјави дека е „подготвен за војна со Европа“. Американскиот генерал предупреди дека Москва би можела да ја тестира колективната одбрана на НАТО во блиска иднина, а руските хибридни напади – кибернетички, саботажи и дезинформации – веќе се реална закана низ континентот.Тој додаде дека Алијансата размислува и за поофанзивни превентивни мерки: „Ако Русија се обидува да ни создаде дилеми, можеби има начини и ние да создадеме дилеми за нив“, рече без да открие детали.И додека се води дебата кој треба да ја преземе улогата на врховен командант во иднина – позиција која традиционално ја држат Американци – Гринкевич оценува дека политичарите треба да решат. Американскиот амбасадор во НАТО неодамна порача дека се „радува на денот кога Германија ќе преземе водство“.Во момент кога Европа се подготвува за можни долгорочни руски закани, НАТО уверува дека останува подготвен – независно од тоа колку американски трупи физички се присутни на теренот.

Свет | пред 1 месец

putin-medvedev

Москва предупредува дека ќе има војна, ако ЕУ ги користи руските замрзнати средства за финансирање на Украина

Шефот на Руското советодавно безбедносно тело и поранешен претседател Дмитриј Медведев предупреди дека употребата на замрзнатиот руски државен имот во Европската унија за финансирање на Украина може да се смета за повод за војна. Европската комисија разгледува модел со кој средствата замрзнати во Европа би се искористиле како заем за поддршка на Киев, што Москва го толкува како „кражба“ и директен правен и политички удар кон Русија.Брисел наведува дека станува збор за форма на репарациски заем што Украина ќе треба да го врати само ако Русија плати воена отштета. Комисијата предложи користење на готовина од сметките на финансиските институции кои држат замрзната руска имотна, но и алтернативна опција – задолжување на меѓународните пазари без активирање на руските средства. Преку овој модел би се ослободиле околу 90 милијарди евра за покривање дел од проценетиот финансиски јаз на Украина до 2029 година.Прашањето е особено чувствително за Белгија, каде што е лоциран Euroclear – институцијата која држи најголем дел од руските замрзнати резерви. Белгиските власти предупредуваат дека какво било директно користење на имотот може да создаде сериозни правни последици по завршување на војната.За усвојување на заем со ново европско задолжување е потребна едногласна поддршка од членките на ЕУ, но Унгарија цврсто се противи давање дополнителни средства на Украина. Според извори од Унијата, за моделот кој би ја активирал замрзнатата руска имотна би била доволна квалификувана мнозина, што отвора дополнителни политички тензии внатре во ЕУ.

Свет | пред 1 месец

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Расте поддршката за синот на Трам да биде следниот кандидат за претседател на САД, рејтингот на Венс - паѓа

Анкетите во САД покажуваат дека на потпретседателот Џеј Ди Вeнс му опаѓа предноста како можен републикански кандидат за претседателските избори во 2028 година. Истражувањето на McLaughlin & Associates открива дека неговото водство пред Доналд Трамп Џуниор се намалило од 20–28 поени летово, на само 10 поени во ноември.Вeнс долго важеше за природен наследник на политиките на Доналд Трамп, кој поради Уставот не може повторно да се кандидира во 2028 година. Но, падот на рејтингот на актуелната администрација, според аналитичарите, директно се одразува и врз неговата популарност.Паралелно, Трамп се соочува со најнизок рејтинг од враќањето во Белата куќа – само 39% одобрување. Експертите велат дека силната поврзаност меѓу двајцата го влече Вeнс надолу.Сепак, други анкети му даваат значителна предност: YouGov во ноември му мери 42% поддршка, далеку пред Трамп Џуниор со 13%.Како можни кандидати за 2028 се споменуваат и Марко Рубио и Тед Круз, но никој формално не ја најавил трката. Вeнс вели дека фокусот му е на сегашната функција, а Трамп Џуниор жестоко ги негира шпекулациите дека размислува за кандидатура.Јасната слика за републиканската трка ќе се знае дури по меѓуизборите.

Свет | пред 1 месец

media-librarycoqog72st8bf6PG6kFU

(Видео) Пожарот во објектот на Кале е под контрола, МВР влегува да провери како избувнал

Пожарот кој избувна во објект на скопското Кале е ставен под контрола. Противпожарната бригада го изгасна со три противпожарни возила и неколку пожарникари.Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид. Објектот и натаму чади. Се води сметка да се спречи повторно разгорување. Не се знае ниту која била намената на овој објект.

Настани | пред 1 месец

media-libraryepmldkncs0qfextxZiQ

(Видео) Гори објект на скопското Кале

Голем пожар избувна вечерва во близина на „Пивница“ на скопското Кале. Гори објект лоциран веднаш до овој локал.Противпожарните екипи се на терен, а причните за пожарот засега не се познати. Нашиот репортер од терен јавува дека пожарот засега не е под контрола.

Скопје | пред 1 месец

zagadeno-magla-15

Густа магла со видливост до 50 метри на повеќе планински превои

Густа магла утринава ја намали видливоста до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по места по влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања при влез или излез од земјата.Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, приспособена брзина и строго почитување на поставената сигнализација, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде е можна појава на одрони.Опасност од одрони има на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања