Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

01102021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_obrakanje-za-novata-akademska-godina_9

Кога нема одговор за скандалите – веднаш Заев и нова измислена афера, вели СДСМ за власта

СДСМ со реакција обвини дека, како што наведуваат, кога нема одговор за актуелните скандали, владејачката партија веднаш отвора нови, според нив, измислени афери и лажни вести со цел дефокус на јавноста.Од партијата посочуваат дека повторното споменување на Зоран Заев, кој веќе пет години не е активен во политиката, претставува обид за пренасочување на вниманието од актуелните прашања. Според СДСМ, во јавниот дискурс се користи идентична реторика, со квалификации за „панична и хистерична реакција“, што, како што велат, укажува на недостаток на аргументи.Во соопштението се наведува дека, кога нема одговор за наводите во странските медиуми во врска со мигрантите, се отвора нова афера, кога се поставува прашањето за состојбата во буџетот и тендерските постапки, се пласираат други теми, а истото се случува и во контекст на случаите поврзани со модуларната болница, канабис-индустријата и други актуелни настани.СДСМ оценува дека во изминатите два месеца во јавноста биле пласирани повеќе различни наративи, кои според нив имаат за цел да создадат конфузија и да го прикријат одговорот на суштинските прашања поврзани со управувањето со државата.Од партијата додаваат дека, како што наведуваат, вистината не може да се надмине со лаги и медиумски конструкции и порачаа дека правдата ќе победи.

Македонија | пред 1 месец

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Три лица приведени по тепачка во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид соопшти дека на 18 февруари 2026 година во 21 часот на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид биле приведени И.Д. (50), Ј.Н. (35) и Ф.Д. (43), сите од Охрид.Полициските службеници постапиле по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, при што, според информациите, Ф.Д. физички го нападнал Б.Д. (21) од Охрид.По целосно документирање на настанот, против инволвираните ќе следува соодветна пријава.

Охрид | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Возач од Струга приведен со 1,61 промили алкохол, му е одземено возилото

Секторот за внатрешни работи Охрид информира дека на 18 февруари 2026 година во 22 часот, на магистралниот пат Струга–Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Т.К. (54) од Струга.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. По преземените мерки било утврдено дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.По насоки на јавен обвинител, лицето било исклучено од сообраќај, возилото му било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување моторно возило“.

Охрид | пред 1 месец

media-libraryau88q70v30a96JugMqo

Сиљановска-Давкова: „Без мајчиниот јазик не сме луѓе“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во организација на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, истакнувајќи дека македонскиот јазик е темел на националниот идентитет, култура и колективна меморија.Таа нагласи дека прогласувањето на 21 февруари од страна на УНЕСКО има за цел подигнување на свеста за значењето на мајчиниот јазик како „матична клетка“ на идентитетот и традицијата. Според претседателката, мајчиниот јазик не е само средство за комуникација, туку духовен дом во кој се чуваат вредностите, спомените и достоинството на еден народ.Сиљановска-Давкова предупреди дека во светот постојат околу 7.000 јазици, од кои многу се соочуваат со притисоци, нерамноправност и закана од исчезнување. „Кога исчезнува некој јазик, згаснува нечиј живот“, порача таа, нагласувајќи дека грижата за јазикот значи грижа за опстанокот на нацијата.Претседателката повика на правилна и доследна употреба на македонскиот јазик во сите државни институции, во образованието и во медиумите, како и на избегнување непотребни странски заемки. Таа се заложи за проширување на мрежата на лекторати, поддршка на научни и образовни проекти, континуирана едукација и вложување во дигиталната присутност на јазикот.Во говорот, таа потсети и на делото на Светите Кирил и Методиј, на Охридската книжевна школа, на Свети Климент и Свети Наум, како и на современата кодификација на македонскиот стандарден јазик. Јазикот, истакна, е и мост кон иднината, во кој се вградени искуствата на минатите генерации и стремежите на идните.Сиљановска-Давкова посочи дека почитувањето на јазичната разновидност во државата ја зајакнува културата на дијалог и толеранција, создавајќи општество во кое различноста се доживува како сила што обединува.„Додека живее јазикот, постои и народот“, порача претседателката, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Македонија | пред 1 месец

media-library0f1861ola06bfUhVzcq

(Видео) Врховен судија сведочи дека бил разрешен откако одбил да го потврди затворот за Јанкуловска за „мерцедесот“

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.Катевеновски посочи дека формално бил разрешен во контекст на случајот „Кочан“, но тврди дека вистинската причина била неговиот став во врска со предметот за набавката на службеното возило „мерцедес“, во кој поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше осудена на затворска казна.Во разговорот во „Претрес“, Катевеновски појасни дека како судија добил предмет од Специјалното јавно обвинителство и дека, според неговата оценка, во конкретниот случај недостасувале клучни елементи за постоење на кривично дело злоупотреба на службена положба.„За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, рече тој.Катевеновски нагласи дека не го потпишал предлогот за потврдување на пресудата и дека пред колегите изнел мислење дека предметот треба да биде укинат. Според неговото тврдење, само еден ден по изнесувањето на таквиот став, бил разрешен, а одлуката за предметот ја донел друг судија.На прашањето дали смета дека по секоја цена морало да се потврди предметот затоа што потекнува од Специјалното јавно обвинителство, Катевеновски одговори дека не се покајал за својата одлука и дека и денес би постапил исто.„Не само за Јанкулоска, туку за било кој – правично судење“, истакна тој, додавајќи дека принципите на правдата не зависат од личноста, туку од доказите.Случајот повторно ги отвори прашањата за притисоци врз судиите и за начинот на одлучување во предмети со висок јавен интерес.Во Претрес ексклузивно слушате за високо профилни случаи меѓу кои и за групата од Грчец:

Македонија | пред 1 месец

media-library2usa516otu319IXcNE8

Легализацијата на дивоградбите продолжена до 2031 година

Собранието денеска по скратена постапка ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои рокот за легализација се продолжува за уште пет години, односно до март 2031 година. Измените се однесуваат исклучиво на објекти изградени до 2011 година за кои веќе е поднесена документација, а не отвораат можност за нови барања.Законот беше донесен со 67 гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, по иницијатива на Управниот одбор на ЗЕЛС, кој побара продолжување на рокот поради незавршени судски и управни постапки. Според парламентарното мнозинство, станува збор за техничко продолжување со цел да не се прекинат илјадници предмети што се во тек, без финансиски импликации и без создавање нови случаи.

Македонија | пред 1 месец

miteva-pres-3

Марија Митева со остра реакција кон Жерновски: „Тужбата е отфрлена, фактите се јасни“

Портпаролката на Владата, Марија Митева, со остра реакција се огласи во врска со изјавите на Андреј Жерновски и партијата СДСМ, оценувајќи дека станува збор за, како што наведе, „панична и хистерична реакција“.Митева посочи дека интегритетот на Жерновски во македонската политика, според неа, е компромитиран, алудирајќи на неговите политички трансфери низ годините. Таа обвини дека неговото позиционирање во партиските тела има единствена цел – создавање негативен наратив и фрлање, како што рече, „кал“ врз политичките противници.Во однос на наводниот „скандал“, Митева истакна дека станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски била отфрлена, а барањето за надомест на штета одбиено како неосновано. „Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста“, наведе таа.Портпаролката нагласи дека, за разлика од СДСМ, никогаш не манипулирала со граѓаните и дека нејзиниот јавен настап се темели на факти и личен интегритет. Според неа, актуелните реакции од опозицијата произлегуваат од страв од одговорност и одговори на, како што посочи, отворени прашања поврзани со криминал и корупција.Митева упати и прашање за случајот со 40 тони марихуана, барајќи одговори кој сè бил инволвиран и каде води постапката. Таа оцени дека јавноста заслужува факти и отчетност, наместо, како што наведе, политички театар.Воедно ги отфрли обвинувањата дека некој управува со судовите, тврдејќи дека таквите практики припаѓаат на минатото. „Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти“, порача Митева, додавајќи дека политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryti58g8i38u11dj9NnjX

(Видео) Портпаролката Митева ја предизвика јавноста да ја оцени дебатата со Жерновски

Портпаролката на Владата, Марија Митева, преку јавна објава повика граѓаните да посветат внимание на актуелните политички дебати. Во видеото кое таа го сподели вели дека ќе се воочи разликата помеѓу политичарите. Таа сподели дел од дебатата со Андреј Жерновски, член на Централниот одбор на СДСМ.„Знам дека многумина од Вас поради вакви дебати одбираат да не следат политика, но верувајте ми дека ова видео го заслужува Вашето внимание... Одвојте време, изгледајте го до крај, за да потврдиме уште еднаш дека со гооодини во Македонија многумина со празни флоскули без суштина и никакво познавање се дел од политичкиот пејсаж и врз основа на тоа се креира генерална перцепција за учество во политиката и градење доверба. Но, наша обврска е да покажеме разлика! *Имам една дилема: дали мојот соговорник му се обрати со "брат" на новинарот на самиот почеток?“, напиша Митева.

Настани | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-14-at-07.41.08

Колку долго полицијата може да го задржи Ендру Маунтбатен-Виндзор?

Ендру Маунтбатен-Виндзор може да биде задржан во полициски притвор најмногу 96 часа, но само доколку полицијата обезбеди повеќекратни последователни одобренија од повисоки службени лица и од судот. Ова за Би-Би-Си Радио 5 Лајв го изјави аналитичарот Дени Шо, објаснувајќи ги процедурите што важат во вакви случаи.Според британската пракса, вообичаено е осомничените лица да бидат задржани 12 или 24 часа, по што се покренува обвинение или се пуштаат на слобода додека истрагата продолжува.Маунтбатен-Виндзор, според достапните информации, се наоѓа во стандардна притворска ќелија опремена со кревет и тоалет, каде што го очекува испрашувањето. Шо нагласи дека во постапката нема да има никаков посебен третман поради неговиот статус.Сè уште не е познато точно кога е извршено апсењето, ниту на која локација се наоѓа во притвор, додека јавноста внимателно го следи развојот на случајот што предизвика силен интерес во Обединетото Кралство.

Свет | пред 1 месец

media-libraryloqjnb1hk6668Wab5DW

Принцот Ендру прв висок член на британското кралско семејство уапсен во модерната историја

Ендру Маунтбатен-Виндзор, познат како војвода од Јорк, е првиот висок член на британското кралско семејство во модерната историја кој е уапсен, што претставува редок и значаен преседан за монархијата.За последното апсење на висок член на британското кралско семејство пред актуелните случувања потребно е да се врати сè до времето на кралот Чарлс Први. Чарлс Први бил уапсен во 1647 година за време на Англиската граѓанска војна од сили лојални на парламентот, вклучително и Новата моделска војска. Тој бил притворен, а потоа му било судено за велепредавство поради одбивањето да прифати ограничување на кралските овластувања, што завршило со негово погубување во 1649 година.Сестрата на Ендру, принцезата Ана, во 2002 година беше прогласена за виновна и парично казнета според Законот за опасни кучиња, откако нејзиното куче каснало две деца, но во тој случај не беше приведена.Полициската акција следуваше по објавувањето на електронска преписка на Министерството за правда на Соединетите Американски Држави, од која произлегува дека поранешниот војвода споделувал извештаи за службени посети на Хонг Конг, Виетнам и Сингапур.Една електронска порака од ноември 2010 година покажува дека Маунтбатен-Виндзор ја препратил пораката само пет минути откако ја примил од тогашниот специјален советник Амир Пател. Друга порака, испратена на Бадник истата година, содржела доверлив извештај за инвестициски можности поврзани со обновата на авганистанската покраина Хелманд, адресиран до Џефри Епстајн.Британските институции засега не соопштуваат дополнителни информации за текот на постапката, додека случајот предизвикува силен одек во јавноста поради историската тежина и симболиката што ја носи.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата.Согласно Мислењето донесено на 2 февруари 2026 година, Комисијата констатирала дека Прекршочната комисија при ДКСК извршила директна дискриминација врз Апасиев по основ на политичка припадност и општествен статус. Постапката била покрената по претставка поднесена од Апасиев во август 2025 година, во која се наведувало дека му било повредено правото на еднаква постапка во врска со решение со кое бил прогласен за одговорен за прекршок и му била изречена глоба.Во документот се наведува дека дискриминацијата произлегува од неуредна и невоедначена достава, како и од ускратување на уставно загарантираното право на правен лек. Комисијата утврдила дека во конкретниот случај имало различен третман во однос на постапувањето и комуникацијата со подносителот.По објавувањето на одлуката, Апасиев јавно реагираше, најавувајќи дополнителна судска постапка за надомест на штета. Тој посочи дека ќе бара одговорност и за објавувањето на решението на веб-страницата на ДКСК, оценувајќи дека институцијата постапила спротивно на законските одредби.Од Државната комисија за спречување на корупцијата засега нема официјална реакција по однос на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydpm0gl23s6806H26AYm

Новинарката Душица Мрѓа: Срамота е кога своите, фелата прави да се срамиш, зашто токму тие не те вреднуваат

Душица Мрѓа, новинарка и уредничка во ТВ24, со лична и силна порака проговори за болката, одговорноста и достоинството на новинарската професија, повикувајќи се на мислата на легендарниот Ѕвездан Георгиевски дека „новинарството боли, но сепак е најубавата професија на светот“.Таа оценува дека токму оваа реченица е најпрецизната дефиниција за професијата што ја слушнала, дополнувајќи дека на неа неизоставно ѝ припаѓаат уште две клучни категории – обврската и одговорноста, кои, како што посочува, сѐ почесто се забораваат.Мрѓа го отвора прашањето за најмалку вреднуваниот сегмент од професијата – дневното новинарство. Според неа, најголемото понижување не доаѓа однадвор, туку од сопствената фела, која недоволно ја препознава тежината на теренската и студиската работа што се одвива под притисок и во екстремни околности.Таа сведочи за известувањата од трагедијата во Кочани, каде новинарите стоеле пред болницата додека родителите дознавале дека ги загубиле своите деца, за часови непрекинати јавувања во живо, за онесвестувања од напор, за голтање солзи и враќање пред камерата по неколку голтки вода. Според неа, тоа значи да се биде професионалец кога човечноста ти се крши пред очи.Потсетува и на известувањата од тетовската модуларна болница, автобуската несреќа во Бугарија, несреќата кај Ласкарци, вооружените судири во Диво Насеље, протестите, политичките кризи, насилствата во Собранието на 27 април, како и на настаните од 2001 година. Мрѓа нагласува дека новинарите често работеле под директна закана, со пукања во позадина, со фрлање камења и молотови коктели, со повреди и болнички интервенции.Таа говори и за историските настани – атентатот врз првиот претседател на државата Киро Глигоров, загинувањето на претседателот Борис Трајковски, како и трагичната смрт на Тоше Проески – моменти кога новинарите биле сведоци и преносители на колективната болка на целата држава.Во својата исповед таа не ги изоставува ниту притисоците – од политичари, обвинители, бизнисмени, судии и други центри на моќ, кои, како што наведува, неретко си дозволуваат јавни навреди и дискредитации. Според неа, тие притисоци се постојани и неизбежни во дневното новинарство.Мрѓа потенцира дека ја почитува и вреднува истражувачката работа, која често доведува до истраги, обвиненија и пресуди, но смета дека влијанието на дневното новинарство врз општествените процеси е подеднакво значајно. Таа наведува конкретни примери на оставки, повлечени тендери и институционални реакции кои, според неа, се случиле токму поради континуираниот медиумски притисок.Нејзината порака е дека сите новинари имаат иста цел – подобра и поправедна држава. „Дневното новинарство е темелот, истражувачкото е покривот“, порачува таа, додавајќи дека едните без другите не можат.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryqrtmc8s5crbndck4486

(ВО ЖИВО) „Претрес“: Како специјалец од ЕБР заглави со дрога и оружје и што кријат пораките за групата „од Грчец“

Дали поранешен специјалец на ЕБР лежи 11 години затвор за дело што не го сторил – или станува збор за сериозна криминална структура што функционирала под радарот на институциите?Во студио:Јасмина Стојаноска – сестра на осудениот Драган Стојаноски.Адвокатот Ристо Катевеновски – со правната анализа на предметот.За првпат ја отвораме и темата како е фатена т.н. „групата од Грчец“, што кријат пораките од апликацијата „Скај“, дали и како се организирале убиства и пренос на дрога?Следете во живо:

Студио | пред 1 месец

hasim-taci-990x556-696x391

Хашим Тачи ги кажа последните зборови пред судот во Хаг

Со завршните зборови на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи пред Специјализираните совети во Хаг заврши оваа фаза од судскиот процес против поранешните лидери на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 1998 и 1999 година во Косово и северна Албанија.Тачи во своето обраќање истакна дека е „целосно невин“ и побара ослободителна пресуда по сите точки од обвинението. Тој нагласи дека обвиненијата не стојат и дека единствениот противник во тоа време бил режимот на Слободан Милошевиќ, кого го обвини за започнување на војната и за план за истребување на Албанците во Косово.Според обвинението, четворицата се товарат дека имале клучна улога во заеднички злосторнички потфат и ефективна контрола врз единиците на теренот, при што во повеќе од 40 притворни центри биле извршени злосторства врз Срби, Роми и Албанци означени како „соработници“. Обвинителството побара секој од обвинетите да биде осуден на по 45 години затвор.Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека вината не е докажана. Весељи изјави дека неговите постапки биле хумани и законити, додека Селими и Красниќи негираа командна одговорност за делата наведени во обвинението.Тачи во својот говор посочи дека во пролетта 1998 година се вратил од Швајцарија во Косово затоа што, како што рече, не можел да остане настрана додека неговото семејство и народ се соочувале со насилство. Тој подвлече дека ОВК не била држава, туку организација која се бранела од агресија, додавајќи дека соработката со НАТО и САД била клучна за исходот на војната и за независноста на Косово.По завршувањето на оваа фаза, предметот е испратен до судискиот совет. Според процедурите, судот има рок од 90 дена да ја донесе пресудата, со можност за продолжување од дополнителни 60 дена, што значи дека конечната одлука се очекува најдоцна до летото 2026 година.

Свет | пред 1 месец

media-libraryiora4ohntq7h0b91CaT

(Видео) Мистериозно се најавува „нешто што нема да биде незабележано“ за девет дена, поврзано со Усје

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска реализираше герила-акција со која најави дека „на 27 февруари, нешто големо се подготвува“.Акцијата се одржа на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Нова Македонија“, каде активистите со транспаренти и диџеј-музика организираа симболична „забава“ на јавен простор, со цел да привлечат внимание кон, како што наведуваат, проблемот со загадувањето.Преку веб-страницата што ја промовираа за време на настанот, од иницијативата ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се приклучат во најавената акција на 27 февруари. Засега не се објавени детали за форматот и содржината на настанот, освен пораката дека станува збор за поголема мобилизација поврзана со нивната кампања.Од иницијативата претходно најавуваа дека ќе продолжат со јавни активности и притисок кон институциите во врска со работењето на цементарницата „Усје“ и мерките за следење на квалитетот на воздухот.Од упавата на „Усје“ пак во повеќе наврати посочија дека постојано прават мерења и дека не се надминати параметрите на загаденост кои се утврдени со законите.

Скопје | пред 1 месец

media-library6acva0gjnm298xoTrIe

(Фото) Ветрот од корен откорна дрво кое падна над автомобили и пешачка патека во Аеродром

Големо дрво паднало пред зграда на булевар „АСНОМ“ број 4, пред влез 1, во населбата Аеродром, во близина на „Три бисери“, информира жителка од овој дел на општината.Според нејзините фотографии, дрвото паднало зад зградата и поради својата големина се протега во два приватни двора, од кои едниот е на приземје од страната кон реката Вардар. Дел од гранките висат и над пешачката патека, што претставува потенцијална опасност за минувачите.Жителите посочуваат дека гранките биле искастрени, но стеблото и останатиот дел од дрвото се оставени пред зградата и во дворовите, без да бидат целосно отстранети.Непознато е дали надлежните можат да постапат, со оглед дка дека тоа е дел од дворот на зградата.

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: СДСМ нека ги вратат украдените пари ако сакаат минимална плата

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, со остри обвинувања реагираше на повиците од СДСМ за обезбедување средства за зголемување на минималната плата, наведувајќи дека парите треба да се обезбедат преку враќање на, како што рече, „испокраденото“ во периодот на нивното седумгодишно владеење.Според Стојаноска, доколку СДСМ самите не ги вратат средствата, тоа ќе се случи преку судски процеси, заедно со, како што посочи, казни затвор. Таа додаде дека, доколку во Буџетот се пронајдат средства за кои опозицијата зборува, тие веднаш би биле пренаменети за хуманитарни цели.Во својата изјава, Стојаноска алудираше дека средствата за минималната плата „може веднаш да се најдат“, наведувајќи локации како делови на Водно, Дубаи и Струмица, со што упати политички обвинувања кон поединци од редовите на СДСМ.Изјавата доаѓа во контекст на засилената политичка дебата околу минималната плата и буџетските приоритети. ССМ бара минималната плата да биде 600 евра.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Обвинет е во болница, па судењето за „Пулс“ утре нема да се одржи

Расправа за предметот со ознака К.бр.1872/25, поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за 19 февруари 2026 година, е одложена поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Г.М., кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани, информираат од Кривичниот суд.Како што соопштуваат од Судот, претседателот на судечкиот совет во текот на денот остварил телефонски контакти со лекарите задолжени за лекувањето на обвинетиот. Тие го известиле дека Г.М. во моментот не е во состојба да присуствува на главната расправа, но изразиле уверување дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и ќе може да продолжи да ја следи постапката.Поради економичност на постапката и со цел да не се предизвикаат дополнителни трошоци, претседателот на советот за одлагањето ги известил бранителите, полномошниците и законските застапници на оштетените, сведоците, како и надлежните казнено-поправни установи и полициски станици.Од Судот додаваат дека сите веќе определени последователни термини за одржување на расправата остануваат во сила.Ова е второ одлагање на рочиште во овој предмет во краток период, откако претходно беше одложена расправата закажана за 14 јануари, бидејќи еден од обвинетите остана без адвокат.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryak0cvuqdm6r841W3u71

Трамп ја менува бојата на Air Force One, за да ја додаде неговата омилена

Американското воено воздухопловство најави нова палета на бои за својата флота за воздушен транспорт, која ќе се применува и на авионите од следната генерација што ќе ја носат ознаката „Air Force One“. Новиот дизајн, покрај црвената, белата и темносината, ќе вклучува и златна боја.Со ова се прави отстапување од актуелната бела и двотонска сина шема што датира од времето на администрацијата на John F. Kennedy. Новиот изглед ја оживува претходната идеја на Donald Trump за понагласена црвено-бело-сина комбинација, која во 2022 година беше отфрлена поради проценки дека потемните бои можат да предизвикаат проблеми со прегревање на леталото.Редизајнот ќе се применува на моделот VC-25B, воена ознака за авионот „Боинг 747-8i“, кој ќе служи како нова генерација претседателски авион. Програмата предвидува пренамена на два авиона 747-8 во специјализирани летала со напредни комуникациски и одбранбени системи. Проектот доцни четири години, а испораката се очекува во 2028 година.Во меѓувреме, во 2025 година Трамп прифати луксузен патнички авион „Боинг 747“ како подарок од Катар, со барање тој да биде што побрзо пренаменет за претседателски потреби.Новата палета ќе се применува и на четири модифицирани авиони „Боинг 757-200“, кои се користат за превоз на потпретседателот, членови на кабинетот, конгресмени и други високи функционери. Засега не се објавени детали како ќе се надминат претходно утврдените топлински предизвици поврзани со потемните бои, поради кои администрацијата на Џо Бајден ја отфрли првичната верзија.Редизајнот доаѓа во контекст на пошироката естетска трансформација што Трамп ја спроведе по враќањето на функцијата, особено во Овалниот кабинет, каде доминираат позлатени елементи. Претседателот повеќепати јавно истакна дека златната боја, според него, симболизира квалитет и престиж, а новиот изглед на „Air Force One“ се вклопува во таа визија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryluf0t1l28kh86stuRTE

Дури шест обиди за измами вчера во Велес и Неготино: се бараат 35.000 евра за наводни операции на роднини

Шест обиди за измами со лажни лекари се пријавени вчера на подрачјето на СВР Велес, од кои пет во Неготино и еден во Велес, информира Министерството за внатрешни работи.Во Велес, 53-годишна жена пријавила дека непознато машко лице му се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди и дека е потребна итна операција, за што требало да донесе пари во болницата во Велес.Останатите пет случаи биле пријавени во ОВР Неготино од лица на возраст од 69 до 78 години. Според пријавите, машко лице им се јавувало и им тврдело дека нивни блиски роднини се повредени и дека за оперативен зафат е потребно да донесат пари. Побараните суми достигнувале и до 35.000 евра.Во дел од случаите, измамникот се претставувал како лекар, а во други како полициски службеник. На некои од оштетените им било кажано парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес.Сите пријавители се посомневале во веродостојноста на повиците, ги контактирале своите блиски и утврдиле дека станува збор за обид за измама.Од СВР Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица и сите сомнителни повици веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица. Полицијата најавува засилени превентивни активности, особено насочени кон повозрасната популација, со цел навремено информирање и едукација за препознавање и спречување на телефонските измами.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb3app3gtnr7tes6kdky

Се отвора патот за редовни летови меѓу Скопје и Саудиска Арабија

Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, со цел воспоставување директни и редовни авиолинии меѓу двете држави.Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека со спогодбата ќе се создаде правна рамка која ќе овозможи регулирање и воспоставување на воздушен сообраќај меѓу Македонија и Саудиска Арабија, со оглед дека досега меѓу двете земји не се одржувале редовни летови.Според Николоски, воспоставувањето директна авиолинија ќе придонесе за продлабочување на билатералните односи, зголемување на економската и трговската соработка, како и за раст на туристичкиот промет и инвестициите.Македонија и Саудиска Арабија, како што беше посочено, негуваат пријателски односи и заемна заложба за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес.Од Министерството најавуваат дека во наредниот период ќе се преземат сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури, во согласност со националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2022-04-17-at-11.15.36

По оставката на владата и неуспешните мандати – Бугарија повторно на избори

Бугарија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 19 април, откако претседателката Илијана Јотова најави дека ќе потпише указ за распишување на изборите и за назначување на привремена влада.„Ќе издадам указ за назначување на вашиот привремен кабинет и ќе ја чекам вашата заклетва пред Народното собрание. Исто така, ќе издадам указ за одржување парламентарни избори на 19 април“, изјави Јотова на прес-конференција.Минатата недела таа го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка, Андреј Ѓуров, за вршител на должноста премиер со задача да предложи состав на техничка влада која ќе ги подготви изборите. Согласно законските одредби, гувернер или заменик-гувернер на централната банка кој ќе ја прифати функцијата премиер мора да поднесе оставка од претходната должност.Новите избори ќе бидат осми парламентарни избори во Бугарија од 2021 година, што дополнително ја нагласува продлабочената политичка нестабилност во земјата-членка на Европската унија и НАТО. Парламентот останува фрагментиран, а повеќекратните обиди за формирање стабилна владина коалиција завршуваа без успех.Претходната влада поднесе оставка на 11 декември, по неколкунеделни улични протести насочени кон нејзините економски политики и, како што наведуваа демонстрантите, неуспехот во борбата против корупцијата.Претседателот Румен Радев спроведе консултации со парламентарните партии и додели три мандати за состав на влада – на коалицијата ГЕРБ-СДС, на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ и на „Алијанса за права и слободи“, но сите мандати беа вратени без договор, што го отвори патот за нови избори.Бугарија, која од 1 јануари се приклучи на еврозоната, се соочува со предизвикот да обезбеди политичка стабилност во услови на економски притисоци и зголемени очекувања од јавноста. Исходот од изборите на 19 април ќе биде клучен за формирање функционална влада по речиси петгодишен период на повторливи изборни циклуси и краткотрајни кабинети.

Свет | пред 1 месец

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Владата најавува засилена борба против сивата економија и мониторинг на цените

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека борбата против неформалната економија е прашање на праведност, доверба во системот и еднакви правила за сите, оценувајќи дека станува збор за процес кој мора да биде системски, а не само инспекциски.Говорејќи на конференција посветена на формализирањето на економијата, тој истакна дека сивата економија претставува изгубен приход за државата, но и изгубена можност за повисоки плати, подобро здравство, поквалитетно образование и посигурни пензии. Според него, неформалните текови создаваат нелојална конкуренција и ја рушат довербата во институциите, додека чесните даночни обврзници се ставаат во нерамноправна положба.„Нашата цел е формалната економија да стане попривлечна од неформалната. Да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално“, нагласи Мицкоски.Тој упати благодарност до министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска за, како што рече, дисциплинираното управување со јавните финансии во услови на глобални економски притисоци и растечки трошоци. Премиерот ја истакна и улогата на Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција во засилените активности за сузбивање на даночните измами и финансискиот криминал.Во рамки на стратегијата за намалување на неформалната економија, Владата најавува дигитализација на процесите преку електронско фактурирање и поврзување на базите на податоци, намалување на административните бариери за регистрација на бизнис, стимулативни мерки за формално вработување и поддршка на микро и мали претпријатија, како и зголемена транспарентност и размена на податоци меѓу институциите.Паралелно со ова, премиерот се осврна и на цените во маркетите, оценувајќи дека глобалните движења и енергетските шокови не смеат да бидат алиби за неоправдани маржи и прекумерни профити.Владата најавува засилен мониторинг на цените на основните прехранбени производи, анализа на трговските маржи, координација со надлежните институции за спречување на евентуални злоупотреби и дијалог со трговците и производителите за стабилизирање на пазарот.„Немаме право да дозволиме нечесноста да биде попрофитабилна од чесноста. Немаме право граѓаните да плаќаат повеќе поради нечии шпекулативни практики“, истакна Мицкоски, додавајќи дека формализирањето на економијата е дел од европскиот пат и модернизацијата на државата.Тој нагласи дека борбата против сивата економија е долгорочен процес, а контролата на цените, според него, претставува заштита на граѓаните, а не популизам. Владата, како што рече, ќе остане цврста кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризи, со цел воспоставување економија со ред и пазар со јасни правила.

Македонија | пред 1 месец

media-library3pjro9l17425fFiZdP1

Отишол во Малта, доживеал мозочно крварење, семејството се труди да го врати дома: се собираат средства за авионски медицински превоз

На социјалните мрежи се споделува апел за помош за лицето Никола Николовски познат како Томба, кој веќе пет месеци се лекува во болница во Малта по доживеано мозочно крварење, предизвикано од руптура на крвен сад.Според објавата, тој заминал во Малта на работа, но по здравствената состојба што му се влошила, останал хоспитализиран. Неговата состојба во моментов е стабилна, но му претстои подолг процес на рехабилитација.Семејството наведува дека за да може закрепнувањето да го продолжи дома, со своите најблиски, потребен е медицински авионски транспорт до Македонија. Трошокот за ваквиот превоз изнесува 27.000 евра, сума која, како што се наведува, семејството не може самостојно да ја обезбеди.Во апелот се посочува дека Томба е дружељубив човек кој секогаш бил подготвен да помогне, а сега нему му е потребна поддршка. Објавен е и број на трансакциска сметка во „Спаркасе банка“ на име Новка Николовска, преку која може да се донираат средства, со најава дека наскоро ќе бидат објавени и телефонски броеви за донации.Семејството апелира до граѓаните да помогнат и да го споделат повикот, со цел да се соберат потребните средства и Томба да се врати дома.

Македонија | пред 1 месец

usije

Дали мерната станица во „Усје“ може да овозможи онлајн пристап до податоците?

Општина Кисела Вода и граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ влегоа во јавна полемика околу функционирањето и транспарентноста на мерната станица поставена во кругот на цементарницата „Титан-Усје“.Од Општината соопштија дека со изненадување ги примиле обвинувањата изнесени на прес-конференција на иницијативата и најостро ги демантираат, оценувајќи ги како клевети и дезинформации. Според нив, грижата за здравјето на граѓаните е приоритет, а мерната станица работи во интерес на јавноста, при што сите измерени вредности се јавно достапни преку официјалната веб-страница.Општината наведува дека техничките карактеристики на станицата во овој момент не дозволуваат директна интеграција во надворешни апликации, поради што податоците се ажурираат рачно и се објавуваат секојдневно. Воедно, посочуваат дека градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска остварила средба со претставници на иницијативата веднаш по нивното барање и дека комуникацијата со општинските служби е континуирана. Од локалната самоуправа упатија и јавен повик до иницијативата, заедно со стручен тим, да извршат увид на лице место во точноста на податоците.Од друга страна, „Стоп за Усје“ ги отфрла квалификациите дека станува збор за лични напади или задни намери, наведувајќи дека нивната цел е единствено институциите да преземат одговорност во борбата против загадениот воздух. Според иницијативата, мерниот уред поставен во 2024 година е модел Aeroqual AQS-1, кој, како што тврдат, според спецификациите поддржува онлајн пренос и API, а мери PM10, PM2.5, SO₂ и NOx.Тие прашуваат што значи тврдењето на Општината дека „во овој момент“ не е возможна интеграција, кога, како што наведуваат, производителот на уредот посочува дека овозможува таква функција. Иницијативата додава дека на средбата со градоначалничката не биле разгледувани детални технички аспекти, освен најавата дека со новите станици ќе може да се овозможи надворешно преземање на податоци, наместо досегашното земање преку УСБ од оџакот на цементарницата.„Стоп за Усје“ потенцира дека постои заради, како што наведуваат, уставно загарантираното право на чист воздух и дека наместо меѓусебни обвинувања, очекуваат конкретни чекори за целосна функционалност и транспарентност на мерната станица.Полемиката се одвива во контекст на пошироката јавна дебата за квалитетот на воздухот во Скопје и потребата од поголема достапност и проверливост на податоците за загадувањето.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања